build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Откупување на дворно место

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Откупување на дворно место
    Posted: 09-Sep-2009 at 14:54

Дворовите ќе се откупуваат по едно евро за квадрат





 

Македонските граѓани ќе можат да го откупуваат дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбените згради по само едно евро или 61 денар за квадратен метар, одлучи Владата

 

 
%20  
Досега за еден квадратен метар дворно земјиште се плаќаше до 13 евра или 800 денари.

- За двор од 500 квадратни метри, во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир, требаше да се плати околу 5.500 до 6.000 евра. Со намалувањето на цената, за истиот двор граѓаните ќе треба да платат само 500 евра или цели 5-6 илјади евра помалку, односно 10 до 12 пати - изјави премиерот Груевски.

Со најновата мерка стотици илјади граѓани засекогаш ќе ја обезбедат сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија, тврдат од Владата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9991020252&id=10&prilog=0&setIzdanie=21783



Кој ќе им ја врати разликата на граѓаните за дворовите?

Само што донесена, една од најновите владини мерки со која цената на дворовите се намали на едно евро за квадратен метар веќе наидува на жестоки реакции и на критики дека е спротивна на Уставот. Имено, дел од граѓаните веќе ги откупија своите дворови за многу повисоки цени, кои важеа во текот на досегашниот период, односно до 13 евра или 800 денари за квадратен метар. Затоа сега експертите и опозицијата со право прашуваат кој ќе им ја врати разликата во цената што ја платиле. Аналитичарите укажуваат дека оваа одлука е неуставна, бидејќи со неа се доведуваат во нееднаква положба граѓаните кои порано платиле повеќе за своите дворни места.

Инаку, Владата завчера соопшти дека македонските граѓани веќе можат да го откупуваат дворното земјиште на своите куќи и станбените згради по само едно евро. „За двор од 500 квадратни метри, до денес, во општините Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир или Аеродром требаше да се плати околу 5,5 - 6,5 илјади евра. Со намалувањето на цената на само едно евро за квадратен метар, за истиот двор граѓанинот во иднина ќе треба да плати само 500 евра“, изјави премиерот Никола Груевски.

По едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постојните објекти за спорт и рекреација, инфраструктурните објекти, објектите за јавни институции. Досега, за еден квадратен метар дворно земјиште се плаќаше до 13 евра. „Одлуката се однесува на земјиштето под објектот и околу објектот, значи дворовите. Било да станува збир за двор на индивидуална куќа, било да станува збор за двор на зграда. Станарите пропорционално би го откупиле дворот на зградата, што ќе им даде можност за доградба и ќе ја елиминираат потребата понатаму да плаќаат под закуп“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставревски.

Во Владата тврдат дека со ова се заокружува процесот на приватизација на земјиштето. Тоа ќе може да се стави во функција и при земање кредит во банка, но и при продажба.

Опозицијата експресно реагираше по оваа одлука на Владата, потсетувајќи дека истата Влада досега ја зголемила цената. „Токму СДСМ ја повикуваше Владата да ги намали цените за откуп на дворното земјиште во сопственост на државата. Да ја потсетиме јавноста дека Владата на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ во изминативе три години два пати ја зголеми цената за откуп на дворовите по квадратен метар“, изјавија во СДСМ. Според нив, премиерот треба да одговори дали ќе им ја надомести разликата на граѓаните што платија поскапо. „Прашуваме дали Никола Груевски од својот џеб или од џебовите на своите министри сега ќе им ја врати разликата во цените на овие граѓани“, реагираа од опозицијата. (Н.Н.Ф.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=082A2C5385379F4A89C297CD518CEB01


Edited by Cloverstack - 09-Sep-2009 at 15:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Sep-2009 at 15:46

Граѓаните бараат враќање на парите за дворовите





 

Оние што веќе платиле по старо, за што се задолжиле со кредити, реагираат дека се за 10-12 пати изиграни и оштетени за разлика од другите

 
 
%20  
Никој не знае колкав е бројот на граѓаните што почитувајќи ја претходната владина одлука се изгореа и платија десетици пати повисока цена за откуп на своите дворни места. Државата овие граѓани буквално ги оштети со по неколку илјади евра за сметка на оние што чекале, не плаќале, и сега се наградени. Со одлука на Владата цената што ќе се плаќа за откуп на дворовите е намалена на едно евро за квадрат. Претходно, во зависност од општината, цените се движеа од 800 денари во Скопје до 300 денари во помалите градови.

- За двор од 500 квадратни метри, во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир, требаше да се плати околу 5.500-6.000 евра. Со намалувањето на цената, за истиот двор граѓаните ќе треба да платат само 500 евра или цели 5.000-6.000 евра помалку, односно 10-12 пати - изјави премиерот Груевски.

Граѓаните реагираат дека со други зборови тоа значи дека оние што досега чесно си ги откупиле дворовите се за 10-12 пати изиграни, во споредба со другите.

Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески смета дека тоа што граѓаните досега не го откупиле земјиштето значи дека се сиромашни.

Тој нагласува дека нема да им се враќаат пари на оние што веќе го купиле земјиштето по повисоки цени.

- Определбата на Владата да понуди ваква цена, историски гледано, е еден од најправедните општествени процеси во овие 18 години. Мнозинството граѓани што го немаат откупено земјиштето се сиромашни и со ова им овозможуваме практично и тие да добијат еден дел од општественото богатство по цена што е пристапна за нив. Тоа треба да им овозможи и на тие што беа губитници во транзицијата да добијат нешто во овој процес наспроти еден мал приватен клуб на капиталисти што во 1990-тите години стекнаа сé- ни изјави Ставрески.

Една наша сограѓанка, која зела кредит за да го плати дворното место, вели дека се чувствува изиграно.

- Кога отидов во општината и прашав дали случајно може да дојде до корекција на цената и поевтинување ми одговорија дека најдобро е да си платам веднаш, бидејќи може да дојде до поскапување, а не до поевтинување. Сега гледам дека ме излажале и во празно фрлив неколку илјади евра, а кредитот за тоа со камата ќе го отплаќам следните неколку години - вели Николина од Скопје. Најновата владина мерка предизвика турканици пред општините. Во општината Карпош вчера се јавиле над 2.000 граѓани со барање за откуп на дворното место. Огромен е и интересот на граѓаните што претходно платиле и сега бараат враќање на парите назад. Во Министерството за финансии велат дека сите барања што се во процедура и за кои нема издадено решенија за откуп на дворното место ќе ги фати новата мерка и ќе платат по едно евро за квадрат. Во неколкуте скопски општини во кои се јавивме тврдат дека интересот за откуп на дворните места бил голем и претходно и сега. Во Ѓорче Петров велат дека граѓаните и пред новата мерка покажувале голем интерес за откуп на дворовите. И во општината Бутел истакнуваат дека особено навалица имало пред Нова година, до кога првично беше рокот за откуп на дворовите, кој потоа се одолжува до 2011 година. По Нова година интересот малку спласна - ни изјавија од општината Бутел.

Сепак, како што дознаваме, и општините не се најсреќни од новата владина мерка, бидејќи таа ќе значи намалување на нивните буџетски приходи. За денес е закажана средба на ЗЕЛС на која ќе се разгледа новонастанатата ситуација. Но мерката за откуп на дворовите не е единствената за стимулирање на неплаќачите. Како дел од антикризните мерки владата предложи и отпис на каматите за досега неплатените даноци и придонеси. Само по оваа основа државната каса до април остана покуса за 10 милиони евра. И овој пат несовесните фирми-неплаќачи беа наградени за сметка на оние што редовно ги уплаќаат давачките кон државата.

Владината задолжителна мерка за патриотските фискални сметки пак падна на Уставен суд. Но двојните трошоци на граѓаните, еднаш за корекција на фискалниот апарат и вторпат за враќање на старо, никој не им ги компензира. Од тезгеџиите исто така се бараше задолжително да регистрираат фирма и да плаќаат данок на државата. Дел од нив тоа и го направија. Потоа власта се пишмани и рече дека до влегувањето во ЕУ тезгеџиите може да егзистираат само со плаќање паушален данок.




Нов урбанистички хаос?

Можноста за доградба, надградба, проширување што ја дава владината мерка за откуп на дворовите може да предизвика урбанистички хаос во земјата, стравуваат експертите. Сега секој може да гради што сака на својата парцела. Надлежните органи, пак, тврдат дека не може да дојде до такво нешто, бидејќи мерката за откуп на дворовите не ги анулира другите законски решенија во однос на градењето.

- За каква било надградба, доградба и слично мора претходно да се добие дозвола за градба од надлежните органи - велат во Министерството за финансии.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9109101429&id=10&prilog=0&setIzdanie=21784



Edited by Cloverstack - 10-Sep-2009 at 15:46
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Sep-2009 at 20:44

Документите поскапи од дворовите

Граѓаните мора да обезбедат една вреќа документи, кои чинат околу 200 евра, за да откупат двор од 200 квадрати

Граѓаните што сакаат да ги откупат своите дворови треба да подготват една вреќа документи кои чинат поскапо од земјиштето што го купуваат. Потребните документи може да чинат и 200 евра, колку што треба да платат граѓаните за двор од 200 квадрати. За да се набави документацијата тие мора да отидат во повеќе институции и да изгубат драгоцено време на разни шалтери. Освен обемноста на документацијата, на граѓаните им е проблем и тоа што постапката за нивното обезбедување трае предолго, а потоа со месеци се чека и решението за откуп.


ДОЛГА И СКАПА ПРОЦЕДУРА

Заинтересираниот граѓанин за откуп на двор во архивата на подрачната единица на Министерството за финансии треба да поднесе: геодетски елаборат, извод од детаљниот урбанистички план, копија од катастарскиот план, уверение за движење на имотот, доказ како е стекнат имотот и фотокопија од лична карта, сето тоа „зачинето“ со таксени марки.

- Геодетскиот елаборат треба да го направи приватен геодет, а чини од 100 до 200 евра. Се добива за еден месец, во зависност од ажурноста на оној што го подготвува. Изводот од урбанистичкиот план треба да се подигне од Општината. Тој чини 550 денари и плус 50 денари за таксена марка. Копијата од катастарски план треба да се извади од Катастарот, а чини 175 денари, уплатени на жиро-сметка и 50 денари таксени марки. Уверението за движење на имотот исто така се вади од Катастар, а чини 400 денари кои треба да се уплатат на жиро-сметка и 50 денари за таксена марка. Понатаму, потребен е договор за купопродажба, за подарок или наследство, како доказ на кој начин потенцијалниот купувач го стекнал земјиштето и писмена изјава од кога тој го владее земјиштето. Потребна е и копија од лична карта - набројуваат од Подрачната единица на Министерството за финансии во Општина Гази Баба.

Оваа сложена постапка ги нервира граѓаните затоа што мора да шетаат низ институциите, каде што службите се неажурни и нерасположени за објаснување на нејаснотиите, а документите скапи.

- За „папирологија“ дадов толку пари, колку што ќе треба да платам за дворот. Постапката за вадење на потребните документи ја почнав уште минатото лето во јуни, а дури во ноември ги предадов документите во Општината Гази Баба. Изгубив пет месеци. Згора на тоа, се' уште чекам да ми биде издадено решението со кое ќе станам сопственик на дворот. Помина речиси цела година, барањето уште не ми е решено - вели С.П. од населбата Ченто.

Од Подрачната единица на надлежното министерство во Карпош велат дека е потребно месец до месец и половина за да се добие решението.

- Тоа зависи од многу работи. Ако документите се комплетни, за месец и половина се издава решение. Најчесто се чека по 15 дена во случај предметот да биде обжален од државниот правобранител - вели Мартин Лазаревски, вработен во архивата во Карпош.

Во Катастар велат дека кај нив веќе се работи поажурно и дека катастарскиот план се добива еден ден по поднесеното барање, а за уверението за движење на имотот се чека по една недела.

- Веќе не е како што беше порано. Ја забрзавме постапката и ги скративме роковите, бидејќи интересот е се' поголем. На шалтерите е постојан метеж, се работи во две смени - велат во Катастарот.


ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ ЗА КУПУВАЊЕ

Откако цената за откуп на дворови беше намалена на едно евро за квадрат, интересот во општините е значително зголемен. Оттаму велат дека во првиот бран доаѓаат граѓани кои се распрашуваат за потребните документи и за процедурата.

- Повеќе од 100 луѓе дневно доаѓаат овде и бараат информации за постапката. Од пет до 10 граѓани дневно доаѓаат со комплетирани документи - велат во Подрачната единица на Министерството за финансии во Општина Карпош.

Слична е ситуацијата и во другите општини. Во Гази Баба велат дека има зголемен интерес, дека луѓето секојдневно доаѓаат и се распрашуваат, а дневно имаат до 15 барања со обезбедени документи.

- Се интересирам, сега со оваа цена можам да си го купам дворот. Освен тоа, сакам да побрзам, страв ми е да не се промени одлуката - вели една жителка од Центар.

За двор од 500 квадратни метри во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир досега требаше да се плати околу 6.000 евра, а со намалувањето истите дворови чинат 500 евра. По едно евро се продава и државното земјиште што се наоѓа под или околу постојните објекти за спорт и рекреација, кај инфраструктурните објекти и кај зградите на јавните институции.

Според податоците од Управата за имотно-правни работи, до 31.12.2008 година биле поднесени вкупно 58.316 барања, од кои се решени 30.162.

Рокот до кога граѓаните може да го откупат дворното земјиште по новата цена е 8 јануари 2011 година.

Анела Петрова



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6E64B6B0EA42B545AF9365434E74B04A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Oct-2009 at 14:10

Поедноставен откуп на дворното земјиште





 

Државата по службена должност ќе си ги обезбедува најзначајните документи, за граѓаните да не мора да трчаат од еден до друг шалтер

 

 
%20  
Постапката за откуп на градежното изградено земјиште ќе се упрости со законските измени што Владата ги прифати на отворената седница, со кои се предлага Управата за имотноправни работи при Министерството за финансии по службена должност да ги собира сите потребни документи, а не граѓаните, како досега. Министерот Зоран Ставрески објасни дека управата ќе ги обезбедува најзначајните документи што се потребни за оваа постапка, како што се копија од катастарски план, извод од урбанистички план и документ за движењето на имотот.

- Досега граѓаните што сакаа да го купат дворното земјиште имаа проблем како да ги обезбедат овие документи - појасни Ставрески.

Тој додаде дека за 30 отсто бил зголемен интересот кај населението за откупот на дворовите откако била објавена владината мерка за тоа да се наплатува по едно евро за квадратен метар.

Со предложените измени се овозможува да откупуваат земјиште и оние што стекнале корисничко право врз него според некој закон од минатото, но тоа не било запишано во катастарот. Ќе бидат изедначени правата на граѓаните и на фирмите, односно сите ќе можат да поднесат документација со извод од секој план што ја утврдува градежната парцела. Новина е и што ќе можат да го откупуваат земјиштето фирми со мешовита сопственост, во кои и државата има удел, исто како што и станарите на колективните згради ќе можат да го откупат имотот под објектот и околу него.

За секое земјиште што нема да се откупи до 1 јануари 2011 година ќе се плаќа закуп.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1013993303&id=10&prilog=0&setIzdanie=21810
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-May-2010 at 19:23
НИ ПО ЕДНА ГОДИНА ИНСТИТУЦИИТЕ НЕ ЈА ОЛЕСНИЈА ПРОЦЕДУРАТА
Хаос во откупот на дворно место


Силвана Јовановска

Откупот на дворовите кој го наметна државата направи хаос кај граѓаните. Постапката за купување на дворното земјиште е долга и комплицирана процедура, а згора на тоа, ниту општинарите ниту геодетите, кои треба да ги измерат дворовите, не се подготвени да ја завршат истата до крај. Поради ова, граѓаните кои сакаат по поволна цена од едно евро да го откупат дворот, удираат во ѕид уште при првиот контакт во Општината. 
- Прво, во Општината ми бараат да поднесам имотен лист за станот што го поседувам, но и за земјиштето на кое е изградена зградата. Па, јас немам имотен лист за целата зграда, ниту верувам дека некој станар таква потврда има од катастар. Потоа, ми велат самиот да платам за упис во катастар на зградата во која живеам и за уписот да им донесам документ. И тоа не е се! Треба да донесам потврда колку квадратни метри изнесува целото градежно земјиште на кое лежи зградата и пресметка од геодетска фирма колку изнесува идеалниот дел на секој стан - вели М. А. од Скопје, со кого разговаравме пред Подрачната единица на Министерството за финансии. 
Од општините велат дека тука граѓаните може само да поднесат барање за откуп на дворното место, но уписот во катастарот на зградата во која живеат и делот кој им припаѓа од целиот двор на кој е изградена зградата го пресметува вешто лице од градежништвото. Ниту еден од вработените во подрачните единици на Министерството за финансии не сакаше да каже каде точно граѓаните да се обратат за помош, дали кај геодет или кај друг стручњак од градежништвото, со изговор дека немаат овластување да дадат информација за тоа. 
Геодетите велат дека граѓаните прво треба да поднесат барање во општините и оттаму да добијат извод од деталниот урбанистички план, од кој може да се види големината и местото на објектот за кој тие сакаат да си го платат дворот. 
- Вршиме проверка дали индивидуалната зграда е впишана во катастарот. Ако не треба да подготвиме документација за упис, што ќе трае околу 20 дена тогаш ја доставуваме и уште месец и половина се чека зградата да биде впишана во катастар. Потоа се чека да се подготви имотниот лист за зградата. Дури откако ќе се обезбеди оваа документација, ние изработуваме елаборат за големината на градежното земјиште на кое е изградена зградата или кој било објект, но не го пресметуваме делот за секој станар што треба да го плати посебно, од причина што не знаеме како да го направиме тоа - велат од геодетска фирма, од скопската општина Кисела Вода. Според вработените во оваа фирма, вработените во Министерството за финансии, од општинските подрачни единици, најдобро знаат како тоа да се пресмета и затоа не треба да ја префрлаат топката кај геодетите. 
Но, тука не запираат танталовите маки на граѓаните. Голем дел од општините немаат донесено детални урбанистички планови, а без нив не може да се види дали е впишан објектот за кој се бара да се купи градежното земјиште, ниту да се измери неговата големина. Неработењето и неажурноста на општините треба да го платат граѓаните, кои сами треба да плаќаат за потврда од катастар, со која треба да докажат дека поседуваат дел од земјиштето. А, што ако зградата не е впишана во катастар? Самите геодети велат дека 99 отсто од граѓаните, кои побарале од нив изработка на елаборат за големината на дворното место, имале проблем што нивниот имот не е заведен во катастар. 
Според постојните законски прописи, само до 25 јануари идната година граѓаните можат да го откупат дворот по едно евро за квадрат. По овој рок, според најавите, ќе се наплаќа месечен надомест за користење на земјиштето, или, откупот ќе се врши по многу повисока цена. Од друга страна, пак, нема да може да се врши купопродажба на стан доколку не е откупено земјиштето под зградата. 


Не се знае бројот на станарите

Досега се реализирани 13.000 барања за откуп на дворното место. Од Министерството за финансии не прецизираат колкав процент претставува оваа бројка од вкупниот број сопственици на станови, бараки и куќи, затоа што се уште не го знаат нивниот точен број. Оттаму објаснуваат дека повеќето сопственици на станови немаат имотен лист за станот, а нема ни катастарски запис за зградата во која живеат.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2022&ArticleID=140825

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-May-2010 at 21:15
ОТКУПОТ НА ДВОРНИ МЕСТА ГИ ЗАТЕЧЕ И КОМПАНИИТЕ
Туѓи дворови на продажба?

Силвана Јовановска

Одлуката на Владата, покрај граѓаните, и фирмите да си ги откупат дворовите е избрзана затоа што се уште не се расчистени имотно-правните односи меѓу сопствениците и земјиштето не е впишано во катастар, сметаат стопанствениците. Според нив, прво треба да се спроведе до крај Законот за денационализација, да се знае кој на колкав имот е сопственик, па тоа земјиште да се внесе во катастарот, па дури потоа сосопствениците на фирмите да можат да го откупат земјиштето на кое е изградена нивната фабрика.
Ваков заплеткан случај е карактеристичен кај сопствениците на компаниите, чиешто седиште е на имотот на поранешната „Железарница“. На овој огромен двор, кој се распростира на 12 квадратни километри, работат десетина фирми, од кои најголем дел од имотот им припаѓа на „Макстил“ и на „Миталстил“. Меѓутоа, проблемот е во тоа што тие имаат само купопродажен договор за откуп, но немаат поседовен лист за тој дел од земјиштето.
- Проблемот е во тоа што во катастар е запишан просторот на кој работела некогашната железарница како една парцела. А сопствениците на сегашните фабрики сакаат врз основа на купопродажниот договор што го имаат со државата да добијат и поседовен лист за дворот на кој е изградена фабриката. Од катастар ни велат дека тоа не е можно. Треба еден во името на сите сопственици на фабриките на ова земјиште да плати на геодетска фирма за да изврши мерење на целата парцела, па потоа врз основа на тој елаборат во општината да се плати за ова дворно земјиште, кое, најверојатно, ќе чини 420.000 евра – велат од „Макстил“.
Маја Стојчевска од катастарот вели дека имотно-правните работи ги води Министерството за финансии и дека сите заинтересирани фирми информации треба да побараат во подрачните единици на ова Министерство. За конкретниов пример, Стојчевска вели дека треба да се види како е запишано земјиштето во катастра, ако е како државно, тогаш прво треба да се изврши приватизација на целото градежно земјиште на кое се изградени фабриките на местото од поранешна „Железарница“, па да се откупи целосно, а дури потоа да се изврши поделба на земјиштето на повеќе парцели .
Сличен проблем имаат и фирмите од „Раде Кончар“. Овие компании работат како друштво со ограничена одговорност и на нивно име се впишани деловните згради и фабрички хали, а сопственоста на земјиштето е на целото акционерско друштво „Раде Кончар“.
- Ангажиравме правна фирма што ќе ги брка работите за да може секој фирма да има свој поседовен лист за земјиштето на кое работи – вели Аце Антевски, директорот во „Раде Кончар“.
Освен нерасчистените имотно-правни работи, превисоката цена на откупот на дворовите за фирмите е посебен проблем за стопанствениците, особено во време на криза. Во зависност од местоположбата, таа се движи до 35 евра за еден квадратен метар.
- Дали е исправно во пазарна економија, едни правила да важат за граѓаните, а други за фирмите. Сметаме дека и на фирмите треба да им се даде можност до јануари в година да ги откупат дворовите за едно евро за еден квадратен метар – вели Антевски, кој прецизира дека ова е став на целата електрометална индустрија.
Според Симон Наумовски, директор во „Витаминка“ од Прилеп, прифатливо би било и цената да се движи од пет до седум евра по квадратен метар.
- Само така ќе можеме да го купиме земјиштето од 40.000 квадратни метри. Инаку, ќе плаќаме висока наемнина, која по јануари 2011 година ќе биде по пазарна цена – вели Наумовски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2025&ArticleID=141074
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Sep-2010 at 17:55

Многу шалтери за откуп на дворот

Граѓаните се незадоволни од сложеноста и долготрајноста на постапката за откуп на дворовите по едно евро за квадратен метар. Владата го продолжи и овој рок - до 27 јануари 2011 година, но оние што ја завршиле работата велат дека во просек им било потребни најмалку една, дури и две години за комплетно да ја завршат постапката. Најмногу време и пари одзема обезбедувањето копија од катастарски план и извод од урбанистички план.

- Одвај ги набавив потребните документи, а за да ја завршам комплетно постапката и да добијам решение и имотен лист во кој стои дека дворот е во моја сопственост ми требаа две години. Постапката ја почнав во јули 2008 година, а комплетно ја завршив пролетта 2010 година - вели С.П., жител на населбата „Ченто“.

Станари бараат да се упрости постапката, дури велат дека би платиле и повеќе од евро за квадратен метар дворна површина само да не се малтретираат по шалтерите.

- Од Катастарот бараат движење на имотот. Во мојот влез од зградата има 37 стана, а зградата има вкупно четири влеза. Тоа значи дека 120 станари треба да висат по шалтерите и да губат време, а тоа може по службена должност да го стори Катастарот. Нека ја поедностават процедурата - вели Зора Србиновска, која живее на улицата Пушкинова во населбата Кисела Вода.



ШТО ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО



Во надлежното Министерство за финансии велат дека постапката е максимално олеснета и упростена во интерес на граѓаните. Владата со рекламна кампања преку медиумите ги повикува граѓаните да си ги откупат дворовите.

- Владината одлука за продажба на државното градежно земјиште на граѓаните по симболична цена од 1 евро за квадратен метар е со цел граѓаните конечно да ги почувствуваат придобивките од трансформацијата на државната во приватна сопственост. На тој начин граѓаните ќе го добијат во сопственост земјиштето под своите куќи, како и тоа од дворовите, ќе можат да го стават во функција при земање кредит во банка, при продажба и слично. Оваа мерка е во насока и на интензивирање на активностите во градежништвото, изградбата и доградбата на куќи и други индивидуални станбени објекти, инфраструктурни и спортски објекти... - потенцираат од Министерството за финансии. По едно евро се продава и земјиштето што се наоѓа под или околу постојните објекти за спорт и рекреација, инфраструктурните и објектите на јавните институции.

Наши читатели се интересираа дали може воопшто и на кој начин да се откупи земјиштето под станбените згради. Од Министерството за финансии објаснуваат дека секој станар може одделно да даде барање за откуп на идеален дел во општинската единица на Управата за имотно-правно работи која функционира во рамките на Министерството, за да се избегнат евентуални несогласувања со соседите со кои не можат да се договорат.

Што се однесува до можноста за откуп на гаражите, од Министерството велат дека земјиштето може да се приватизира ако постои корисничко право врз земјиштето и доколку гаражата е предвидена со Детаљниот урбанистички план. Доколку гаражата е дивоградба, треба да се легализира.

Во однос на државното градежно изградено земјиште, за потребите на правни лица, во април годинава, како дел од антикризните мерки што ги донесе Владата, цената беше намалена за 30 проценти, а дополнителни 35 проценти дисконт се одобруваат за оние што ќе ја извршат исплатата во готово.



НЕКОЛКУ ПОЕВТИНУВАЊА



Постапката за откуп почна во 2003 година. На почетокот, државното земјиште беше поделено во пет зони, а цената на најскапиот квадрат во центарот на Скопје беше 1.500 денари. По последните корекции од февруари 2008, поевтинија на 800 денари за двор во куќа, односно на 500 денари за станбена зграда. По овие цени се вршеше откупот до крајот на јануари 2009 година, кога за двор од 500 квадрати во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир, на пример, граѓаните плаќаа околу 5.500 до 6.000 евра.

На почетокот на септември минатата година Владата донесе одлука цената да се намали на едно евро за квадратен метар земјиште. Сега, според владините пресметки, за ист таков двор во посочените општини граѓаните ќе треба да платат само 500 евра. Новина е дека не постојат зони, туку цената од едно евро за квадрат важи за сите граѓани.

Од 2005 до август годинава, од кога е донесен Законот за приватизација и закуп на државно градежно земјиште, барања поднеле околу 80.000 граѓани. Од нив, речиси 20.000, односно една четвртина од вкупниот број барања се само во периодот по донесување на одлуката на Владата со која цената на откупот на државно градежно земјиште е намалена на едно евро за квадратен метар. Ова се податоците од Министерството за финансии само четири месеци пред истекот на рокот за приватизација на земјиштето. Пред да се донесе оваа мерка, цената на државното градежно земјиште беше и до 13 пати повисока, односно еден квадратен метар дворно земјиште се плаќаше до 13 евра.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E9B51061375BB245842D0B0C78BF33B5
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Oct-2010 at 00:45
Eден метар - едно евро, илјада проблеми



 
Одличната намера на Владата да им помогне на граѓаните да ги откупат своите дворни места по симболична цена заглави во административните лавиринти и во правните недоречености  
 
%20  

Привилегијата да зачекорат на свое тло, што е впрочем и мото на владината кампања за откуп на дворните места, нема да ја почувствуваат сите граѓани во државата. Не затоа што не сакаат да платат по 1 евро за квадрат, туку зашто однапред им е блокирана можноста за откуп. Илјадници граѓани се спречени да учествуваат во трката по сопствен двор поради проблеми во општината, бавност на Катастарот, нерешениот сопственички статус и други административни пречки. По 27 јануари в година сите тие ќе мора да и плаќаат кирија на државата иако, како што велат, прават натчовечки напори, да ги премостат административните бариери, да ја испочитуваат владината кампања и да станат сопственици наместо кираџии.

- Уште во јуни поднесовме барање за извод од катастарската парцела, зашто тој документ е неопходен во постапката за откуп на дворните места. Се работи за катастарска парцела 6125 на улица Анкарска бр. 23, која, како што разбравме, има уште седум подпарцели. Барањето неодамна ни се врати со образложение дека не бил готов урбанистичкиот план. Кога отидовме подетално да се распрашаме во одделот за урбанизам на општината Карпош, ни рекоа дека урбанистичкиот план ќе биде готов за шест месеци - ни изјави Коста Башов, претставник на куќниот совет на зградата.

Вкупно 36 станари од оваа, но и стотиците други од околните згради, стравуваат дека нема да го фатат рокот, до 27 јануари, и дека ќе го изгубат правото за откуп на дворните места. Државата со сила ќе нé направи кираџии, реагираат тие. Станарите се зачудени и како немало урбанистички план кога зградите биле изградени пред повеќе години. Од општината Карпош појаснуваат дека веројатно не се поделени градежните парцели за секоја зграда посебно, туку сите се водат на една градежна парцела.

- Барањето не им е во линија. Не можеме да издадеме произволен извод за нешто што било пред 20 години. Може да добијат извод на целиот план - тврдат од секторот за урбанизам на општината Карпош.

Во незавидна положба во однос на можноста за откуп на дворните места се и огромниот број граѓани што живеат во државни станови како закупци по разни основи, било да се работи за општествени станови, станови за млади брачни двојки итн. Законски тие имаат право да ги откупат становите, но поради различната рочност на договорите за закуп тоа не можат да го сторат. Некои од нив веќе ги отплаќаат становите на рати, за што се задолжиле во банка.

- Иако плаќаме закуп и рати за станот, не можеме да го купиме дворното место по 1 евро бидејќи немаме имотни листови на наше име. Дури ни куќен совет не можеме да регистрираме во Централниот регистар, бидејќи сопственик на становите е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор - вели Горан од Ново Лисиче.
Нашата соговорничка од општината Центар се жали дека не може ниту да ја почне процедурата за откуп на индивидуално дворно место, бидејќи веќе шест месеци е заглавена во Катастарот.

- Еден дел од парцелата испуштиле да внесат и сега фалат 20 квадратни метри, кои се водат како новоформирана парцела. Секој ден се јавуваме по телефон до каде е работата, но или никој не крева слушалка или покажува дека е зафатено. И така веќе неколку месеци - нагласува таа.

Има случаи и на граѓани што претходно покренале постапка за откуп на дворовите, но поради високата цена потоа се откажале. Сега и тие не знаат што да прават. Дали одново да аплицираат или им важат претходното барање и документација.

Мерката за откуп на дворните места ги раскара и станарите од станбените згради. Оние од погорните катови не сакаат да плаќаат за откуп на дворното место што и онака не го користат, бидејќи нивните комшии од приземје го заградиле просторот околу зградите и ги присвоиле како своја летна бавча. Некои дури залепиле и дуќани до својот стан токму во делот на заедничкото дворно место.

За да ги поттикне граѓаните што помасовно да ги откупат своите дворови, Министерството за финансии неодамна покрена и медиумска кампања тешка 250.000 евра. Оттаму велат дека продолжување на рокот нема да има. Во Финансии очекуваат покрај досегашните 80.000 барања, да пристигнат и дополнителни 40.000 барања за откуп на земјиштето. Дворните места досега ги откупиле над 20.000 семејства.

Откуп на општествените станови до крајот на годинава

Граѓаните што имаат општествени станови ќе можат да ги откупат до 31 декември годинава. Тие што до овој датум нема да поднесат барање, ќе продолжат да плаќаат кирии. Во согласност со измените на Законот за домување, се овозможува акумулираните долгови да бидат пресметани во основната главнина за станот. Оние што ќе се решат да го откупат станот во готово, ќе имаат попуст од 70 отсто, а оние што ќе го отплаќаат на рати, тоа ќе може да го сторат во рок од 40 години. Станува збор за околу две илјади станови во државава, а досега за откуп аплицирале околу 400 граѓани, велат од Министерството за транспорт и врски.
Владимир Бахчовановски, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, нагласува дека олеснување на граѓаните е и тоа што процената на станот која досега се плаќаше, ќе биде бесплатна.

80.000 барања за откуп на дворови пристигнале досега
40.000 нови барања се очекуваат
20.000 семејства веќе ги откупиле дворните места

 
   
Автор: Александар С. Димковски


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101510852401&id=10&setIzdanie=22108


Edited by Cloverstack - 16-Oct-2010 at 00:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Dec-2010 at 20:57
Откупот на дворовите заглави кај комшиските односи
 
Голем број дворови нема да се приватизираат во законскиот рок (25 јануари 2011 година) поради општинските лавиринти, нерешените имотноправни спорови, како и лошите соседски односи меѓу станарите во висококатниците поради кои тие не можат да се организираат и да ги откупат дворните места  
 
%20  
Илјадници македонски граѓани по Нова година ќе мораат да и плаќаат кирија на државата за дворовите околу зградите и куќите во кои живеат, затоа што еден куп пречки ја кочат владината акција за откуп на дворното земјиште за едно евро по квадрат. Главни причини поради кои голем број дворови нема да се приватизираат во законскиот рок (25 јануари 2011 година) се општинските лавиринти, нерешените имотноправни спорови и лошите соседски односи поради кои станарите во висококатниците не можат да се организираат и да ги откупат дворните места.

Граѓаните се жалат дека една од најголемите пречки за откуп на дворовите е што во општините нема урбанистички планови. Тие џабе поднесуваат документи за откуп, кога е невозможно да се изврши приватизација без урбанистички план, без кој, пак, не може да се утврдат градежните парцели, нивните граници и површината. За многу општини воопшто нема урбанистички планови или, ако ги има, тие со децении не се спроведуваат поради немоќта на општините. Затоа е нејасно како ќе тече откупот во овие места.

- Живееме во куќа која е на име на дедо ми, но тој нема пари и не е во состојба да ја истера постапката. Моите браќа или не сакаат или немаат пари за тоа. Секој вели, дај ти сега истерај ја работата, па после ние ќе ти дадеме пари. Но и да сакам тоа да го направам пак не можам, бидејќи во општината не знаат што треба и каде да поднесам. Друг проблем е и тоа што делови од дворот се водат на десетина комшии со кои нашите предци си менувале квадрати, со цел дворовите да им добијат соодветен облик и функција. Сега на поседовниот лист има над 15 лица. За ова нема евиденција во општината, па невозможно е да го приватизираме дворот - објаснува Бајрам Ајвази од населбата Сарај.

Тој вели дека сега за сега останува во намерата да си го приватизира земјиштето, но ќе чека од општината да му дадат вистински информации и помош за вадење на потребните документи.

Проблеми има и со откупот што треба да го спроведат оние што поседуваат станови во некоја зграда. Тие треба да го откупат земјиштето под зградата, дворот и другите делови од парцелата на која се води зградата, а се дел од градежната маркичка. Тука влегуваат паркинзите, зеленилото, парковите и другите придружни делови. Законот предвидува секој станар да учествува во откупот на земјиштето со соодветен процент во соодносот на тоа колкав стан има во зградата. Тие треба сите заедно да се договорат и да го купат плацот, по што секому би му припаднал идеален дел. Постои и можност еден од станарите да го откупи по добиена согласност од сите станари. Ова не функционира секаде. Комшиските односи треба да се на пријателско ниво за да профункционира ваквиот договор, меѓутоа постојат многу примери каде што соседите едноставно не комуницираат. Доколку не се откупи дворното земјиште, сопствениците на станови ќе се соочат со проблеми кога ќе сакаат да го продадат станот или, пак, да го стават под хипотека, бидејќи Законот ја врзува сопственоста на станот со земјиштето на кое лежи зградата. Тоа би значело дека иако имате стан на ваше име, тој сé уште не е ваш додека со сите станари заедно не го откупите целиот плац на кој лежи зградата. Во таков случај се предвидува и плаќање кирија на државата, сé додека не се реализира приватизацијата.

- Живеам во зграда во населбата Аеродром и мислам дека откупот на дворното место кај нас нема да се направи од многу причини. Никој од станарите не сака да ја води работата. Луѓето немаат пари за изготвување елаборати и вадење документи, а некои од нив не се ни во државава, а становите им се издадени на кираџии. Некои сопственици на станови се испокараа за парите кои ги собираме на рати за да ги извадиме сите документи, по што работата застана. Ние се откажавме од идејата за приватизација, па што биде нека биде - вели Никола Глигоровски.


Обемна документација и бавна администрација



Практиката покажува дека прибирањето документи за откуп на дворно место трае долго и оди бавно. Потребна е обемна документација за која се потребни неколку месеци да се обезбеди, а мерката е временски ограничена - до 25 јануари 2011 година, до кога ќе може да се поднесуваат барања. Нашите истражувања велат дека потребните документи за куќа може да чинат и до 250 евра, а за зграда многу повеќе. За да се набави документацијата мора да се отиде на шалтерите на подрачната единица на Министерството за финансии, да се направи геодетски елаборат, да се извади извод од урбанистички план, копија од катастарски план, уверение за движење на имот и доказ за стекнување на имотот. Знаејќи како работи нашата администрација, плус фактот дека обемот на работата сега ќе им се зголеми, може само да претпоставиме колку бавно ова ќе оди. Земјиштето за кое има поднесено барање за денационализација нема да може да се приватизира сé додека не заврши процесот.


За некој поскапо, за некој по едно евро



Опозициските партии бараа измени во делот од одредбата на Законот што не дозволува откуп на земјиштето на кое според урбанистичките планови е предвидено да има објекти од јавен интерес, како улици, патишта, болници, градинки. Ова барање не беше прифатено, а заменик-министерот за финансии Недим Рамизи во неколку наврати објаснуваше дека нема логика сега на граѓаните да им се дозволи да го откупат земјиштето за едно евро, а кога ќе дојде време за реализација на урбанистичкиот план за да изгради објект од јавен интерес, државата да го експроприра по пазарна цена. Се предлагаа и измени со кои се бараше издвојување пари од буџетот за обештетување на оние лица што претходно ги купиле дворовите по повисоки цени. Од законодавците и ова барање не беше прифатено. Тоа значи, кој дал пари - дал, попустот од едно евро важи за оние што сега ќе купуваат дворови.

Пред да почне да важи одлуката, на пример, за двор од 500 квадратни метри во општините Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир или Аеродром, требаше да се плати околу 5.000-6.500 евра. Со намалувањето на цената на само едно евро за квадратен метар, за истиот двор граѓанинот сега треба да даде само 500 евра. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека од 2005 до 2010 година се регистрирани над 80.000 барања за купување на дворовите, додека до крајот на годинава се очекуваат 40.000 нови барања. Оваа одлука ќе им овозможи на сопствениците на нелегалните објекти да ги купат дворовите, а потоа и да го легализираат објектот. За да ги информира граѓаните со овие новини, Владата спроведува кампања која чини 250.000 евра.


%20
 
   
Автор: Жарко Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=126101014353&id=10&setIzdanie=22151

Edited by Cloverstack - 06-Dec-2010 at 20:58
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Jan-2011 at 19:23

ЗА ЗЕМЈИШТЕТО ПОД ПРИВАТНИТЕ КУЌИ И ЗГРАДИ ШТО ЌЕ ОС­ТА­НЕ ДРЖАВНО

5% од вредноста на дворот годишна кирија

Согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во др­жав­на сопственост, висината на надоместот за приватизација, закупнина за долготраен закуп и времен закуп на дворно место ќе зависи од сте­пе­нот на комунална уреденост на градежното земјиште

Гра­ѓа­ни­те ќто за три дена нема да го откупат дворното место под згра­ди­те каде што живеат, ќе плаќаат годишна кирија од 5 проценти од ку­поп­ро­даж­на­та вредност на земјиштето. Износот на висината на закупот не е фиксно ут­вр­ден, односно ќе се пресметува поединечно, во зависност од мес­то­по­лож­ба­та на зградата во која живеат граѓаните.
"Сог­лас­но Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во др­жав­на сопственост, допрва ќе се врши поделба на зони во градовите и во на­се­ле­ни места во Македонија. Висината на надоместот за приватизација, за­куп­ни­на за долготраен закуп и времен закуп на дворно место ќе зависи од степенот на комунална уреденост на градежното земјиште", велат од Ми­нис­тер­ството за транспорт и врски.
До четврток граѓаните чии куќи и згради се изградени врз државно зем­јиш­те треба да поднесат барања за приватизација до одделенијата на Уп­ра­ва­та за имотно-правни работи за подрачјето на кое се наоѓа земјиштето.
Од Управата апелираат граѓаните да го искористат законскиот рок и само со лична карта да ја почнат постапката за откуп, а сите останати документи ќе можат да ги достават дополнително.
Во тек се дискусии да се продолжи рокот за поднесување барања за една или две години, поради недовршената денационализација, недонесените де­тал­ни урбанистички планови и многу нерасчистени прашања околу пос­тап­ка­та за приватизација, но засега ништо не е одлучено. (М.Ѓ.-А.А)

Кои документи ви се потребни до крај на постапката

За да го откупите земјиштето под зградата во која живеете, сам или заедно со останатите станари, прво мора да поднесете ба­ра­ње кое се наплаќа 250 денари до Управата за имотно-правни работи во општината ка­де што живеете. Со барањето се приложуваат
- ко­пи­ја од лична карта
-имо­тен лист од станот
-до­го­вор за купопродажба на станот
-до­го­вор за подарок или оставинско решение
-из­ја­ва за непосредно владение на земјиштето.
Си­те до­ку­мен­ти треба да ги доставите во оригинал или копии, за­ве­ре­ни кај нотар. За­вер­ката кај нотар чини 125 денари за првата страница и по 25 денари за секоја на­ред­на страница, исто толку чини и заверката на ко­пи­ја од имотен лист, до­де­ка за заверка на изјавата за не­пос­ред­но владение ќе платите 150 денари.
По­тоа треба да извадите копија од катастарски план на зградата, која чи­ни најмалку 1.200 денари, и из­вод од урбанистички план од општината, за кој се плаќаат 550 денари.
Сле­ден чекор кој треба да го направите е да извадите имотен лист од земјиштето под зградата, за да се види дали земјиштето е из­ло­же­но или не. Доколку земјиштето не е изложено, треба да се почне пос­тап­ка за изложување. Оваа постапка ја водат лиценцирани геодетски фирми, а из­ло­жу­ва­ње­то чини околу 10.000 денари.
По­тоа геодетската фирма тре­ба да подготви елаборат на нумерички по­да­то­ци за целото земјиште. Под­гот­ву­ва­ње­то на ваквиот елаборат трае де­се­ти­на дена, а чини најмалку 7.000 де­на­ри.
На крај, треба да се извади наод и мислење од вешто лице од об­лас­та на градежништвото. Со овој наод, веш­та­кот утврдува колкав дел од зем­јиш­те­то му припаѓа на секој стан, а услугата чи­ни минимум 400 денари од стан. (Љ.С.)

http://vest.com.mk/?ItemID=F39283A5206E2F4692353007108D3EEC
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jan-2011 at 16:43

Заврши откупот на дворовите

Истече рокот за купување дворно земјиште. Синоќа, во 21 часот, Управата за имотноправни работи ги затвори шалтерите на кои се поднесуваа барања за откуп на дворовите. Илјадници граѓани во изминативе денови поднесуваа документи за да им се овозможи да ја искористат поволноста да го откупат дворното место по цена од едно евро за квадратен метар. Само во последниве два-три дена се поднесуваа по повеќе од 10.000 апликации дневно, така што до крајот на законски дадениот рок во Управата биле примени повеќе од 80.000 барања. Министерот за финансии, Зоран Ставрески очекува дека околу100.000 граѓани ќе бараат приватизација на дворовите.

Колку од граѓаните останаа без поднесено барање ќе се утврди дополнително, откако надлежните ќе ја анализираат фактичката состојба. Токму од резултатите од тие анализи, како што рече завчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, ќе зависи дали Владата ќе одлучи, сепак, да го продолжи рокот за поднесување барања. Сите што нема да го купат земјиштето во иднина ќе плаќаат закупнина што ќе изнесува пет проценти од вредноста на земјиштето. Колку точно ќе изнесува киријата ќе зависи од степенот на комунална уреденост на земјиштето. Според надлежните, допрва ќе се прави поделба на зоните во градовите, според кои ќе се вреднува земјиштето.

Пратеничката група на СДСМ вчера во собраниска процедура пушти закон за измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште, со кој предлага рокот за откуп на дворните места по цена од едно евро за квадратен метар да се продолжи до 31 декември годинава. „Ова го правиме со цел да им излеземе во пресрет на сите оние граѓани што заклучно со денешниот ден нема да успеат да поднесат барање за откуп на своите дворни места“, изјави пратеникот Марјанчо Николов. СДСМ се надева дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи овој предлог. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0CCF51124A9DF84FBE6DDF04D7E4D691
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Feb-2011 at 19:25
Продолжување на рокот за откуп на дворно место

На предлог на вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, Владата го продолжи рокот за поднесување барања за откуп на дворно место по едно евро за метар квадратен до 31 декември 2012 година. Анализите укажале на тоа дека голем број граѓани не поднеле барање поради недоволна информираност, како и непостоење на детални урбанистички планови. Одлуката за откуп на дворно место по едно евро за метар квадратен беше донесена во септември 2009 година. До 27 јануари годинава, кога истече првично усвоениот рок, биле поднесени 102.114 барања за откуп, дел од нив со некомплетна документација. Од оваа бројка 100.338 се барања од физички лица, а останатите 1.776 се барања од правни лица или фирми.


http://www.build.mk/?p=6539
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Feb-2011 at 00:21
Оваа вест промакна пред некој ден.

И сега што со оние кои уште во старт сериозно го сфатија процесот и ги прифатија не баш малите трошоци? Како и во многу други случаи, државата започнува некаков процес со одредени строги правила на кои инсистира и не прифаќа забелешки, а потоа на сред процес ги менува и ги олабавува правилата. На таков начин секогаш прави будали од најодговорните и најисполнителните граѓани, а ги наградува оние кои тактизираат, кои се влечкаат и слично.

Лекцијата е јасна. Никогаш не се истрчувај во никаков „бизнис“ со државата. Чекај до последен ден, ќе се олабават правилата, ќе се продолжат роковите... И после се чудиме зошто граѓаните прават редици и невидени гужви во последните денови од роковите, за било каква работа што ја имаат со државата...

Вака никогаш нема да се воведе ред во оваа држава.


За зградите не треба елаборат


 

Управата за имотноправни работи ќе излезе на самото место, ќе го утврди бројот на станови и ќе го подели земјиштето пропорционално на бројот на становите. На тој начин управата ќе го определи и износот што станарите ќе треба да го платат за земјиштето

 

 
%20  

Новини во постапката за откуп на дворовите

Граѓаните што живеат во станбени објекти, а кои сакаат да го приватизираат земјиштето нема да треба да поднесуваат елаборат. Управата за имотноправни работи ќе излезе на самото место, ќе го утврди бројот на станови и ќе го подели земјиштето пропорционално на бројот на становите. На тој начин управата ќе го определи и износот што станарите ќе треба да го платат за земјиштето. Станарите што нема да сакаат да го откупат дворното место, кога ќе истече рокот, ќе плаќаат закуп.

Ова се новините предвидени со втората измена на регулативата за откуп на дворното земјиште што вчера беше промовирана во Министерството за финансии. Таму велат дека станува збор за олеснување на процедурите и намалување на бројот на документите. Граѓаните нема да треба да поднесуваат документација за тоа како го стекнале земјиштето, што во досегашната практика се покажало како проблем. Според измените, ваква документација ќе треба да поднесат само оние граѓани што сакаат целосно бесплатно да го приватизираат земјиштето, односно оние што се поранешни сопственици. Со донесување на законските измени се намалува и бројот на оригинални документи што треба да се поднесат од два на еден оригинал и една копија.

- Претходно се бараа два оригинали на целокупната документација, што претставуваше одреден трошок, заверки на нотари и слично, а сега се бара само еден оригинал и една копија, и тоа е доволно за да можат да постапат службите во рамките на Управата за имотноправни работи - изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Последните податоци покажуваат дека над 107.000 барања се пристигнати во Управата за имотноправни работи за откуп на дворното место по цена од едно евро за квадратен метар. Од нив, 1.815 се барања поднесени од правни лица, а другите 105.000 барања се поднесени од граѓани. Владата неодамна го продолжи рокот за поднесување барања до 31 декември 2012 година.

 
   
Автор: Ж.В.
Back to Top
smajlimcd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Jan-2012
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote smajlimcd Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Jan-2012 at 15:19
Здраво на сите ,
Сакам да ве замолам за коментар на следново дали е во ред.
Се работи за откуп на дворно место по основ на легализација на кука со законот за дивоградби.Имаме кука изградена на земјисте на РМ и сега со законот ја легализиравме.Извадивме имотен лист за куката и сега треба да се поднесе барање за откуп на дворното место.Меѓутоа тука не важи одлуката 1 евро за м2.Се работи за случај во Општина Карпош - населба Козле каде се обративме за откуп и ни кажаа дека цената за откуп на ваков тип на земјиште е 7200 ден по м2 , бидејќи во имотниот лист не сме заведени како корисници на земјиштето и неможе да го бараме со законот за Приватизација на земјиште - 1 еур по м2 , односно не оди преку МИнистерство за Финансии туку директно во Општина Карпош и треба да се поднесе барање за откуп на земјиште по основ на изграден објект со градежно техничка документација кои не поседуваат акт за доделување за користење на земјиштето.Значи за нас не важи 1 еур по м2, туку 7200 ден по м2, а сепак се работи за дворно место не за празен плац.Ве молам за понатамошни иструкции кој знае за вакви случаи што треба да се прави.Во меѓувреме додека траеше откупот на дворното место по 1 еур за м2 до 27 Јануари 2011 год. го запазивме рокот и си поднесовме барање до Министерство за финансии во Општина Карпош( само со лична карта).Ви Благодарам.се надевам на Одговор.Поздрав
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Dec-2014 at 02:23
Привршува рокот за поднесување барања за откуп на државно земјиште



На 15 декември истекува рокот за поднесување барања за приватизација на земјиште што е државна сопственост. Од Министерството за финансии апелираат до граѓаните и фирмите во одделенијата на Агенцијата за катастар на недвижности да го проверат статусот на земјиштето што го користат и ако тоа е сопственост на Република Македонија, со запишано право на користење на нивно име, да поднесат барање за приватизација до подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи во општината на чие подрачје се наоѓа земјиштето.

Право да поднесат барање за приватизација имаа граѓани или фирми што правото на користење на градежното земјиште го имаат стекнато со правна основа (закон, тапија, судска пресуда, договор за купопродажба, решение за наследство, одлука на надлежен државен орган), граѓани или фирми што правото на користење на градежното земјиште го имаат стекнато по основа на сопственост на објект стекнат со правна основа заклучно со септември 2001 година, а не се запишани како корисници на земјиштето во катастарот на недвижности.

Исто така право имаат и граѓани што биле сопственици на земјиштето на денот кога земјиштето е национализирано, граѓани на кои им е пренесено правото на користење на градежното неизградено земјиште во периодот до 15 февруари 1968 година, наследници на поранешните сопственици, граѓани што правото на користење на земјиштето го стекнале врз основа на договор за дар, договор за доживотна издршка и договор за располагање со имот за време на живот, кои договори се склучени меѓу поранешниот сопственик и неговите законски наследници.

Барање може да поднесат и поранешните сопственици на градежното земјиште и физичките и правните лица што за стекнатото право на користење платиле надоместок, а кои со важечките акти за урбанистичко планирање е наменето за добро во општа употреба, а намената во моментот на одлучувањето не е реализирана, како и физички и правни лица корисници на градежно изградено земјиште на кое се изградени станови, деловни простории, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе стана, односно деловни простории.

Сите физички и правни лица што немаат поднесено барање за приватизација, а нема да поднесат ниту до 15 декември годинава, ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина за земјиштето на кое до наведениот рок биле евидентирани како корисници, односно го користеле земјиштето по основа на објект изграден врз него.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E0150541A645BB4A8FA97890F65C7E0B
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.