build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (приватни превозници)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 11-Mar-2013 at 21:59
Originally posted by Nemorosus



MAN NG272, треба да се возам во овој, да ја осетам вожњата
Интересно е тоа што ни еден приватњак (со 2-3 макс.) немаат табели на автобусите што им работат (матрикси)...

Патем ме интересира нешто! Има ли еден Ikarus во целава Македонија што вози (унгарски)? Видов еден меѓуградски, али градски ме интересира?

зарем matrix системот не е замена за нашето мајсторе кочи или на следна постојка се симнувам, односно со притискање на копче стоп кај шоферот светнува сијалица стоп што значи има патници за симнување?
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 12-Mar-2013 at 10:38
Тешко дека има унгарски Икарус како градски автобус, од тој дел на Европа не сме купувале автобуси, а и сепак се работи за автобуси стари неколку децении што не се продаваат лесно на старо.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 29-Apr-2013 at 02:20
ГРАДОТ ПОДГОТВУВА РЕГУЛАТИВА ЗА УНИФИЦИРАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Приватниците ќе возат црвено-бели автобуси


Шарените автобуси на приватните превозници ќе се регулираат наскоро со одлука на Советот на Град Скопје, која мора да се усогласи со новиот Закон за превоз во патниот сообраќај, објаснија од Градот во врска со унифицирањето на овој вид превозници. Со одлуката се очекува возилата да се унифицираат онака како што тоа е случај со јавното претпријатие „Скопје“ (ЈСП).

Патниците, кои се корисници на услугите, се свесни дека ваквата состојба се толерира со години во име на заштеда на трошоците на двете приватни компании, но сепак сметаат дека разнобојните возила го нагрдуваат ликот на градот. Има и друг момент што им пречи на граѓаните - честопати и не можат да препознаат за каков вид автобус станува збор. Ги има во секаква боја - бели, жолти, зелени, па и црвено-бели, а таблите и дисплеите им се испишани на германски, шведски, англиски јазик итн. Ова прашање никогаш и не дојде на дневен ред затоа што компаниите никогаш не изразија волја за негово надминување со градската власт.

Од приватното претпријатие за јавен превоз „Мак експрес“ објаснуваат дека градската одлука од минатата година содржела клаузула, според која, автобусите мора да се бојадисаат со црвена боја до стаклата, а нагоре со бела. Во спротивно сопственикот нема да добие лиценца. - Но во меѓувреме, исто така минатата година, имаше измени на Законот за јавен превоз на патниците. Според тие измени, лиценца можеа да добијат две возила здружени во една фирма наместо како претходно - да се лиценцира само едно возило. Превозниците се побунија и одбија. Нивните автобуси беа под хипотеки бидејќи се земени на кредити и не можеа да направат такво здружување. Банките не можеа да го отстапат возилото да оди во друга фирма. С` на се`, таквите измени не се совпаѓаа со донесената одлука од Градот - објасни Војо Велески, еден од основачите на „Мак експрес“.

Тој истакна дека имале средба со претставници од секторот на Градот и наишле на разбирање за враќање на законот во првобитна верзија од Министерството за транспорт и врски.

- Тоа веќе е прифатено. Само се чека да стивне атмосферата од локалните избори и се надевам дека по летните одмори тоа ќе почне да се применува. Тогаш превозникот ќе мора да го пребојадиса својот автобус ако сака да добие лиценца - информира Велески, додавајќи дека тоа ќе го почитуваат, иако станува збор за трошок од 1.500 евра.

Kако што објаснија од „Мак експрес“, бојадисувањето е над 1.000 евра, а мора да добијат и сертификат за компетентност за управител на фирма. За тој сертификат се посетува настава и се полага. Сето тоа чини 12.000 денари, а возилото мора да помине и на технички преглед, што исто така чини 12.000 денари. Истовремено, како што објасни Велески, цената на лиценцата е околу 7.000 денари.

„Мак експрес“ во моментот располага со 100 автобуси, од кои 90 проценти се обновени откако Владата дозволи увоз на половни возила. Десетина не се, но сепак се во добра состојба, тврдат од компанијата. Преостанатите во најголем дел се купени од Германија, но има и од Шведска. Сите се „мерцедес“, „ман“, „сетра“ и „волво“.

Од второто приватно претпријатие, „Слобода превоз“, потенцираа дека не е проблем возилата да се унифицираат во бараната боја, но според првите луѓе, првин треба да се решат побитни работи.

- Џабе девојката се шминка ако притоа е лошо облечена и со изветвени панталони. Не велам дека не треба. Но, првин треба да се унифицираат картите што ќе ги плаќаат. Граѓаните првин треба да добијат квалитетен, брз и ефикасен превоз, односите во сообраќајот да бидат правно уредени со законска легислатива и да има усогласен возен ред во согласност со потребите на граѓаните и економската оправданост. С` друго е второстепено - искоментира Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

„Слобода превоз“ во моментов располага со 200 автобуси. Од нив, исто така, 90 проценти се обновени. Тие се половни, а купени се од Германија и од Холандија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=374081188A393949845EE314CDB9109B
За сè има вторпат
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 395
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 29-Apr-2013 at 13:53
Фала богу....но тоа што според мене е приоритетно за промена и многу ме иритира е фактот што возачите на автобусите вршат и наплата на билетите што не смее да биде практика од прости причини што, притоа се намалува безбедноста на сите патници во автобусот и при поголем број на патници страшно многу време се губи на овакви глупости кои може многу поелегантно да се решат. Се знае возачот за што е...

Edited by kire85 - 29-Apr-2013 at 13:56
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 29-Apr-2013 at 18:09
Originally posted by kire85

Фала богу....но тоа што според мене е приоритетно за промена и многу ме иритира е фактот што возачите на автобусите вршат и наплата на билетите што не смее да биде практика од прости причини што, притоа се намалува безбедноста на сите патници во автобусот и при поголем број на патници страшно многу време се губи на овакви глупости кои може многу поелегантно да се решат. Се знае возачот за што е...


И јас си го реков истото - фала богу. Посебно ми се лоши кога ќе видам автобус со германски натпис на кој пишува „Превоз на деца“, а превезува патници на градска линија.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 24-Jan-2014 at 20:34


Dejan od Za Se
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 08-Sep-2014 at 11:43
Мерцедес Ситаро најверојатно

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 16-Oct-2014 at 09:01
Министерот Јанакиески зборуваше пред некој ден дека без ЕУРО 2 мотор нема да сообраќаат автобуси во меѓуградскиот превоз. А што правиме со автобусите во градскиот превоз? И пред се` со приватните автобуси. И понатаму се тркалаат крнтии од пред половина век низ Скопје. Дали некој знае кога овие автобуси би се повлекле, односно дали измените во законот ќе ги опфати и нив?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 16-Oct-2014 at 09:24
Originally posted by BOJAN

Министерот Јанакиески зборуваше пред некој ден дека без ЕУРО 2 мотор нема да сообраќаат автобуси во меѓуградскиот превоз. А што правиме со автобусите во градскиот превоз? И пред се` со приватните автобуси. И понатаму се тркалаат крнтии од пред половина век низ Скопје. Дали некој знае кога овие автобуси би се повлекле, односно дали измените во законот ќе ги опфати и нив?


Toa важи за меѓуградски превоз. Инаку , во скопскиот градски и приградските и локалните линии на другите општини низ државава и понатаму ќе сообраќаат Застави Неретви и Ивека, прастари Тамови и Саноси сѐ дури не погинат неколку луѓе во нив поради неисправни кочници и сл.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 16-Oct-2014 at 16:47
Градскиот превоз е ‘под контрола‘ со ЈСП, меѓуградските превозници уште не ...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 17-Oct-2014 at 15:50
Пологично е тие мерки прво да се воведат за градски превоз

Edited by alexsend - 17-Oct-2014 at 15:50
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 17-Oct-2014 at 16:52
Мислам на поинаква контрола.ЈСП е во директна контрола на центарот, а забележливо е како со еуро 2 увозот одредени меѓуградски превозници буквално изникнаа како печурки, за некои важат малку пофлексибилни услови, добиле линии поголем од број на возила итн.
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 19-Oct-2014 at 19:32
автобуси без еуро 2 и после 1 април ке сообракаат, само нема да даваат дозволи (лиценци) за истите. во фирмите за превоз на патници автобусите што се без еуро 2 ке сообракаат се дури не отидат во расход бидејки за истите тие автобуси фирмите имаат извадено лиценци 
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 19-Jan-2016 at 18:04
Од времето кога извезувавме наши автобуси на Блискиот Исток, Кина, СССР, Австрија... Санос 415 (1986 г.), кој е дел од возниот парк и на еден од скопските приватни превозници
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 10-Feb-2016 at 10:23
Не е хумано приватните превозници и понатаму да возат автобуси од 60-ти и 70-ти години по улиците на Скопје. Толку понови автобуси увезоа и повторно се возам со возила стари половина век и повеќе.

Како е можно да има законска регулатива по ова прашање, а Град Скопје и понатаму да дозволува вакви автобуси да сообраќаат низ градот? Навистина нема смисла да плаќаш иста цена на билет, а да се возиш во возила од различен век на производство.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 31-Mar-2016 at 18:54
од твитер
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.092 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.