build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (приватни превозници)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Dec-2008 at 21:20
Еве го оној пробниот автобус на Санос кој се шуња по улиците веќе со години


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 08-Dec-2008 at 22:19
na izgled e super samo bojata me buni malku, no taa e fabrickata. ima duri i na vikipedija makedonskata statija za ovaj s-213 (jas ja napisav) vnatre e okej, vo sekoj slucaj mnogu podobar od ostanatoto gjubre niz gradot

niskopoden e, ne se drveni stolcinjata ama mislam deka nema rampa za pristap za invalidski kolicki. drugoto sepak e na mesto. ima eve i tabla gore informativna (koja se vmetnuva na bilo koj avtobus ako sakaat)

Edited by гитардемон - 08-Dec-2008 at 22:20
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Dec-2008 at 01:13
e vakvo nesto neka zemat ne dvokatni,nesto ednostavno i obicno a fino onaka na izgled.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-Dec-2008 at 01:30
A овој автобус, не е ли ист како оние што отидоа за Белград? Иначе е приватна 45ка вози Ченто-Транспортен Центар. 
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-Aug-2009 at 16:10
Пријатно изненадување од Струга. Нивните приградски автобуси се многу добри, веројатно купени на старо од некоја европска земја, но изгледаат многу подобро од се груго што сум видел во Македонија.









Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 00:54
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 01-Feb-2010 at 00:33
Со половни автобуси ќе го обноват стариот возен парк на приватниците

Шеесетина германски автобуси од пролет ќе сообраќаат по скопските улици

Околу шеесет половни германски автобуси што не се многу користени напролет ќе го освежат возниот парк на приватното претпријатие „Макекспрес“. Тогаш од скопските улици ќе се тргнат раскантаните автобуси, кои имаат врати што не дихтуваат и мотори што ги задушуваат патниците со издувните гасови што се шират во возилата.

За купување на автобусите претпријатието ќе користи кредитни линии од Прокредит банка и од Тутунска банка, а возилата би требало да чинат околу 53.000 евра. Одговорните од „Макекспрес“ велат дека квалитетни германски автобуси произведени во 2004 и 2005 година со поминати 180 до 250 илјади километри ќе добиеле и сега, во јануари, но единствен проблем бил што возилата имале две врати.

„Овие германски нископодни автобуси ќе ги имавме по улиците доколку немаа само по две врати. Станува збор за возила на ’Мерцедес‘, но за жал, не беа во согласност со одлуките на Градот за тоа како треба да изгледаат возилата во јавниот превоз. Сега повторно преговараме со две германски фирми, но не сакаме да набавиме возила од различни производители. Сакаме автобуси со еуро 3 мотори, кои ги задоволуваат предвидените стандарди. Така ќе создадеме унифициран возен парк. А, тоа ќе го олесни и нивното одржување, како и набавката на резервни делови“, вели Милорад Димитриевски, еден од основачите на „Макекспрес“.

Од претпријатието додаваат дека со новите возила на сопствениците на автобусите ќе им се намалат трошоците за одржување што, пак, ќе придонесе и за подобар квалитет на услугите кон патниците. Претпријатието сега располага со околу 95 возила, од кои една третина се навистина многу стари. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=08DFF646820C5C43B5A357F4E723413E

Статијата е прочитана 53 пати.


Edited by La Linea - 01-Feb-2010 at 00:37
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 01-Feb-2010 at 01:08
Се надевам дека не се празни ветувања бидејќи ги имаме слушнато неколку пати. Сега ги фати страв дека ЈСП ќе има нови автобуси и одма да се припремат, исто како кога Трифун го донесе цитарото на некој ден прошетка низ Скопје.

Инаку ме буни еден дел, каде што вика дека не смееле со две врати да бидат... Па добро кога е толку ретардирана процедурата и мора да се влегува само низ предната врата која е разликата дали имал две или 100 врати, застојот на постојки е поради влегувањето не поради излегувањето.

Инаку фирмата има и сајт (значи мора да е legit ) а богами ми се допадна и каква политика и примарни цели имаат (се надевам не е само декларативно).

Еден од најпримарните цели на МАКЕКСПРЕС е да постигне потполно задоволство на своите корисници, преку дефинирање и реализирање на следните цели на квалитет

- Обновување на возниот парк со нови и современи автобуси
- Воведување на современи информатички технологии, во продажбата и напалтата на превозот, одбележување и пратење на правецот на движење на автобусите
- Поедноставување на процесот и елиминирање на активности кои не создаваат доход, за да може во следниов период да бидат помалку од 20 %
- Смалување на грешките во текот на процесот кои создаваат зголемување на трошоците
- Зголемување на задоволството на патниците за 5 % секоја година
- Намалување на времето на циклусот за 10 % во однос на претходната


http://www.makekspres.mk/zanas.php

Ретко која наша компанија воопшто се нафаќа да ги наведе целите и политиката на својот сајт (некои воопшто не ни знаат кон што целат, освен профит се разбира). Јас како менаџер да ви кажам

Викаат пуштаат 100 автобуси на ден, значи не е малку. Ама во галеријата освен крнтии ништо не видов, не ми е јасно од каде 18 години просечна старост?

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Feb-2010 at 01:57
Previous
На сликите прво стои само еден автобус, те. моделот кој им е најнов и можеби најпретставителен а имено СК 227 РВ. Ич нека не лажат дека им била 18 годишна просечната старост, можеби немаат ни најмлад автобус 18 годишен, затоа што јас незнам ниту еден нов приватен автобус во Скопје во последниве 2 децении (освен едниот единствен САНОС со ел. дисплеј). Јас сум неверојатен приврзаник за идејата едно сообраќајно претпријатие за Скопје, без приватници!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 01-Feb-2010 at 03:05
Проверив, два се, го има и SK 795 SU Него шала на страна, и јас не љубам да има секакви будали, ама:

Во моментот е подобро да има и вакви бидејќи очигледно ЈСП не може да ги опслужи сите линии, кога на пола линии им се расипува автобус на секои 10 минути (не дека овие апашите се подобри ама не е исто).

А инаку на долгорочен план, пазарната економија ќе си го направи своето. Ако добие ЈСП нови автобуси, автоматски овие апаши ќе испаднат од игра бидејќи никој нема да сака да се вози со нив на линиите кои ги делат со ЈСП. А линиите каде што возат само приватници (1-2 линии колку што видов на сајтот на ЈСП) ќе опстојат уште некое време ако не си го обновуваат возниот парк, и после тоа ќе ги земе ЈСП.

Ако пак, купат нови автобуси бидејќи конкуренцијата ги притиска, тогаш може да испадне дури и подобро отколку една градска компанија, бидејќи ќе има причини за континуирана обнова на возниот парк (макар што ете 10-тина години има приватници па никој не посакал да го обнови паркот).

Сето тоа погоре, заедно со фактот дека по правило јавниот превоз сака субвенции и обично губи пари ме тера да се прашам од каде овие приватници без државна субвенција вадат толку профит за да им се исплаќа уште да возат по улици. Тоа не ми е јасно. Нема врска стар/нов автобус, за да вади некој пари од јавен транспорт треба сериозно да краде/лаже/пере пари, особено кога скоро никој не го користи.

Тек да го користи 50% од населението, овие ќе отворат и превоз со хеликоптери од толку пари што ќе имаат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Feb-2010 at 03:24
Previous Прво не е така како што велиш 1-2 линии. Тие ги држат едни од најфрекфрентните линии во градов. Еве неколку јас што ги знам (од градските, по редослед): 12(во целост), 19, 20, 21, 22, 23(во целост), да не зборуваме што на тие линиите кон 40, 50 и 60, приватниците скоро се држат. Сега незнам кои посебно, но 45ка што е исклучително фрекфрентна се само крнтии приватни. И знаеш како им се исплати? Влегуваат во промет само кога знаат дека има патници, инаку не есапат ни возен ред ни некое правило. Второ (барем според мене) автобусите на приватниците се далеку под нивото на ЈСП. Сепак ЈСП има околу 60 автобуси кои се на по 13 години и сеуште реално векот не им е поминат (Мислам на оние автобуси кои ги купи ЈСП како дел од одбележувањето на 50 годишнината од претпријатието).

Сума сумарум и едните и другите се за машала, но барем ЈСП колку-толку спазува некаков стандард на возилата и распоредот на линиите. Другиот товар (под дифолт како јавно претпријатие) на ЈСП му е што е приморан да држи и нерентабилни линии, нешто што приватниците немораат.

Решението го гледам во комплетна реформација на ЈСП, комплетно нов возен парк и распоред на линиите, воведување на друг примарен шински превоз во Скопје и забрана за приватниците (и да имаат најмодерни автобуси, некако да се интегрираат во ЈСП, затоа што вака настануваат проблеми во координација, договарање и исполнување на зацртаното).
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Feb-2010 at 03:49
Originally posted by гитардемон

Инаку ме буни еден дел, каде што вика дека не смееле со две врати да бидат... Па добро кога е толку ретардирана процедурата и мора да се влегува само низ предната врата која е разликата дали имал две или 100 врати, застојот на постојки е поради влегувањето не поради излегувањето.
Доколку се земе во предвид колку може да е преполн еден просечен скопски автобус за време на шпиц, тогаш воопшто не е за потценување дали се две или три врати... не е само времето на симнување, туку треба и пробивање до врата. Плус целата таа гужва си има има свои закономерности во движењето како целина, па ќе стане уште погусто доколку се наруши
Претпоставувам дека во гужва, бројот на врати е и битен безбедносен фактор.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 01-Feb-2010 at 10:31
Па не сум против приватници ама доколку работат некоја полу приватно-државна работа. Нека биде со свој автобус, ама под капа на ЈСП и ЈСП директно да го контролира. Или нешто слично како да ЈСП му го рента автобусот, а воедно и го има вработено, така нешто. Очигледно сегашниов систем е неприменлив.

А за оној проблемот што возат само кога има промет, тоа може да се реши само од себе со зголемување на процентот на користеност јавен превоз. Ако некогаш градот реши дека ќе му даде предност на јавниот превоз во сообраќајот, односно ако решпи дека на неговите граѓани би им направил подобори услови за јавен превоз, а полоши за со кола, и еве хипотетички да претпоставиме дека се зголемила користеноста. Автоматски јсп ќе може да пушти згуснати линии што па може да повлече уште нешто повеќе патници. Тука се губи приватникот меѓу десетина јсп автобуси во кои можам и со слободно да се качам или слично.

Друга работа што не ми се допаќа е што има целосно приватни линии, и ЈСП мора баем на тие такви линии да се држи со барем 3-4 автобуси дневно.


Edited by lslcrew - 01-Feb-2010 at 10:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 01-Feb-2010 at 11:03
Originally posted by lslcrew

А за оној проблемот што возат само кога има промет, тоа може да се реши само од себе со зголемување на процентот на користеност јавен превоз. Ако некогаш градот реши дека ќе му даде предност на јавниот превоз во сообраќајот, односно ако решпи дека на неговите граѓани би им направил подобори услови за јавен превоз, а полоши за со кола, и еве хипотетички да претпоставиме дека се зголемила користеноста. Автоматски јсп ќе може да пушти згуснати линии што па може да повлече уште нешто повеќе патници. Тука се губи приватникот меѓу десетина јсп автобуси во кои можам и со слободно да се качам или слично.

Не, тоа може да се реши со еден инспектор и дебели казни, вклучувајќи и одземање на дозволата за вршење на дејноста. Всушност тоа мораше и до сега да биде решено. Возен ред е пресериозна работа за некој да се измотава со него. Всушност ако направиме некоја глобална анализа во кои држави се почитуваат такви работи, а во кои владее „систем “ како нашиот („кога ќе ми прдне“), ќе се најдеме во многу непосакувано друштво.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 01-Feb-2010 at 12:58
Еве што вика сајтот на ЈСП за линиите:


Вид                                 Вк.        Само ЈСП   Само прив.   Мешано
Градски линии             34              27                   3                 4
Приградски линии      41              35                   1                 5
Вк.бр. на линии            75              62                   4                 9

Учество во %               100           82,66             5,34             12


http://jsp.com.mk/kapaciteti.php?idJazik=1

Инаку, да бидам јасен, јас сум целосно за да ги истребат приватниците, ама во нашата држава секогаш има некаков основ за штрајк, за расна и верска дискриминација и каде што ја нема, или што и да е, па нормално не може да им се забрани да работат бидејќи ќе штрајкуваат.

Edited by гитардемон - 01-Feb-2010 at 12:58
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 07-Apr-2010 at 10:04
ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ СО ПОВЕЌЕ ВОЗИЛА
Со половни автобуси се обновува возниот парк Со околу четириесет половни автобуси делумно треба да се обнови возниот парк на приватното сообраќајно претпријатие „Слобода превоз“. Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најавува дека новонабавените автобуси наскоро ќе почнат да ги превезуваат патниците. - До крајот на неделава очекуваме да пристигнат во Скопје првите 10 автобуси. Возилата ги набавуваме од земјите на Европската унија во согласност со препораката за полиберален увоз на половни возила во земјата - вели Јовановски. И од приватното сообраќајно претпријатие „Мак експрес“ велат дека веќе почнале да увезуваат половни автобуси од Германија, со кои ќе го обновуваат нивниот возен парк, без притоа да прецизираат колкав број автобуси планираат да купат. - Финалната бројка во врска со тоа колку автобуси ќе купиме ќе можеме да ја соопштиме во почетокот на мај кога се очекува да завршат сите активности во врска со нивната набавка. Дел од автобусите кои имаме намера да ги купиме се веќе на царина, а за дополнителен број се уште преговараат два наши тима, кои во моментот се наоѓаат во Минхен и во Хановер - велат од „Мак експрес“.                                                                                                                                                                http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1987&ArticleID=137856
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 07-Apr-2010 at 13:54
da ne mislat na cetirinaesetina avtobusi a ne cetirieset.da ne se greska ?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 07-Apr-2010 at 23:17

Приватниците купуваат половни автобуси од Данска

Возилата имаат современ изглед и еуро 2 мотори, а се производство на „Даф“, „Сканија“ и „Волво“

Приватните превозници ќе го подноват учесници во јавниот градски превоз возниот парк со 60 едноподни автобуси. Данска фирма со претставништво во Скопје веќе има увезено десет автобуси кои моментално се наоѓаат на царинските терминали, а уште десет патуваат кон Македонија.

Автобусите биле експлоатирани во јавниот превоз во Данска, но тие не се постари од 10 до најмногу 13 години. Приватниците велат дека станува збор за возила со современ изглед и еуро 2 мотори, кои се производство на познатите фабрики „Даф“, „Сканија“ и „Волво“. Сите возила имаат рампи за инвалиди и места за инвалидски колички, односно се градени според европски стандарди и ќе бидат одлична замена за старите и сосема дотраени возила кои сега ги возат приватните.

Од превозничкото претпријатие „Слобода превоз“ велат дека данската компанија ќе го понесе ризикот за хомологација на возилата, односно за нивната техничката исправност, па во таа смисла и има обезбедено сервис и резервни делови. Членовите на превозничките претпријатија што ќе решат да купат од увезените возила, ќе добијат поволни услови на кредитирање. Во „Слобода превоз“ досега петнаесетина членови се интересирале да купат од увезените автобуси. За нив ќе треба да издвојат од 20 до 25 илјади евра, да уплатат учество од 5 илјади евра, а останатиот дел ќе треба да го отплаќаат на пет години.

„Данската лизинг-компанија ги донесе автобусите, а купувачите ќе добијат технички исправни автобуси и гаранција од шест месеци со обезбеден сервис и резервни делови. Штом автобусите ја поминат хомологацијата, веднаш можат и да се најдат на улиците“, објасни Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. (Сн.К.)                                                                                                                                                  http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6C421CB4F95C5D4AAFB47DDEB3ED3765  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Apr-2010 at 03:08
Со децениско доцнење, приватниците конечно решија да се подноват (макар со стари автобуси, дури и тоа е огромен чекор напред во однос на постојната мизерија). Не дека досега немаше 300 празни најави за слични набавки, ама чим викаат дека веќе се увезуваат автобуси, нема веќе простор за креативни толкувања.

Причината за ваквиот чекор веројатно лежи во новите автобуси на ЈСП кои наскоро ќе се појават на нашите улици. А не би се изненадил ни доколку приватниците конечно ги испразниле европските отпади од модели на Мерцедес и МАН од 60-тите, па еве решиле да направат крупен напредок кон 90-тите години на минатиот век.

Огорчен сум од досегашната бизнис логика на овие превозници, па додека не видам со свои очи дека се набавуваат пристојни возила, ќе останам резервиран. Исто така, тоа што се имаме навикнато на канти стари по 50 години, не значи дека сега треба да им аплаудираме за овој реално голем помак, бидејќи помакот е голем единствено затоа што се трга од екстремно спуштени очекувања.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 09-Apr-2010 at 07:06
vcera slucajno ja nacekav skopska programa i pokazaa del od 10 te avtobusi so se veke uvezeni.ne izgledaat voopsto loso za ovie sto sega se vozat po skopskite ulici se izmisleni
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 27-Apr-2010 at 18:28
pbanks, што ја постираше сликата на автобусот со германска регистрација. (во нишката станбени)


Веќе е во промет на линијата бр 22

Прекрасен автобус иако е купен на старо, каде се гледаат траги и на германските вандали.
Иначе внатре има дисплеј кој се надевам дека ќе проработи, сега работи само исписот за кочење, има прекрасна вентилација и највероватно климетизација, тастери на сите страни за стоп, внатрешни камери, и што е најважно НИСКОПОДЕН мерак за качување.




27-04-2010
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.113 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.