build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (приватни превозници)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 28-Apr-2010 at 21:16
DAF беа во игра за набавка на автобуси за Скопје пред да почне целата лакрдија со двокатните.

Инаку феноменални вести, изгледа потсвесно сум мислел дека приватниците никогаш нема да се откажат од своите канти и ова ми доаѓа како многу пријатно изненадување
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 28-Apr-2010 at 22:39


Серијата на автобусите ја видов и ја заборавив...ќе се изедам живOhno. Инаку ја би рекол дека беа нешто помеѓу оние Citaro нови автобуси и овој прикажан на фоткава.
Не беа нови, од око им давам старост од бар 10 години, ама не повеќе од 20 годиниBig%20smile!




Edited by BOJAN - 28-Apr-2010 at 22:41
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 28-Apr-2010 at 22:41
Чекајте сега луѓе. Сакате да кажете дека видовте и ДАФови и Мерцедеси? Banana
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 28-Apr-2010 at 22:43
Да, да со свои очи видов 3 автобуси, одеа заедно, се гледаше дека ги носат некаде и имаа машини за куцање како автобусов на сликава, изгледаат користено, али се Мерцедес.

Се надевам дека не се за некој друг град.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 28-Apr-2010 at 23:03
Очигледно дека мерката за увоз на возила доста позитивно ќе се одрази на јавниот превоз, а кога се воведуваше пред некој месец не ни помислувавме дека и тука ќе има ефект туку повеќе се насочи јавноста кон автомобилите. Всушност ниеден приватник не е будала да вози стар автобус неколку децении што троши дупло него овие десетгодишњаците и што захтева сервис секој ден. Е сега веќе ЈСП треба сериозно да се замисли зашто веќе приватниците го поместуваат прагот.

п.с. Нели во април требаше да дојде првиот од Украина?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 28-Apr-2010 at 23:08
И официјално Banana

„Макекспрес“ со автобуси „мерцедес“


Претпријатието не е заинтересирано за автобусите што ги увезува „Слобода превоз“

Приватните превозници од „Макекспрес“, учесници во јавниот градски превоз, ќе го обноват возниот парк со триесетина германски автобуси од познатите производители „Мерцедес“ и „Неоплан“. Тие не биле заинтересирани за автобусите на „Даф“, „Сканија“ и „Волво“ што ги увезува данска фирма за превозниците од „Слобода превоз“ . 

За своите потреби „Макекспрес“ набавува автобуси кои не се возени повеќе од десетина години во неколку германски градови. Дваесет автобуси веќе се пристигнати, а уште десетина во конвој ќе тргнат од Минхен до крајов на неделава. Дел од пристигнатите се' уште се на Царина, а дел чекаат регистарски таблички. Еден автобус веќе сообраќа на линијата број „52“ од Транспортен центар до селото ‘Ржаничино. Неделава би требало да биде вклучен во сообраќај уште еден автобус и тоа на линијата број „19“. Германски автобуси ќе сообраќаат и на линиите „9“, „22“ и на „23“ откако ќе бидат повлечени старите возила. 

„Нашите членови повеќе беа за германски автобуси отколку за оние што ги набавува ’Слобода превоз‘. Овие автобуси не се постари од една деценија и извадени се дирекно од линиите на градскиот превоз на неколку германски градови, Хановер, Келн, Минхен. Имаат мотори ’еуро 2’, ’еуро 3‘ и ’еуро 4‘. Германците не ги сакаат поради електрониката, бидејќи слабо ја познаваат, а изработена е од полски ’Соларис‘. Кога им се појавува проблем, тие не сакаат да губат време, чекајќи мајстори од Полска, па ги продаваат возилата“, вели Војо Велевски, еден од основачите на „Макекспрес“.

Автобусите чинат помеѓу 15 и 30 илјади евра, а нивното купување „Макекспрес“ ќе го реализира преку кредитна линија од Прокредит банка со отплата на пет години.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F9A9EE41E19E6042A01261E58F024380


Edited by pbanks - 28-Apr-2010 at 23:08
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 28-Apr-2010 at 23:13
Супер вести. Редно е кантиве полека да се менуваат. Па уште како се стопли времево чадот од крнтииве веднаш се осеќа.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 28-Apr-2010 at 23:16
Значи ќе изначекаме мајстори од Полска. LOL
Back to Top
zokidac View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2009
Location: MKD
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote zokidac Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 28-Apr-2010 at 23:19
Originally posted by lslcrew

Значи ќе изначекаме мајстори од Полска. LOL



haha si imame nie majstori za se i seshto taka da i da ne se bash struchni vo ova pole za kratko vreme ke se "ostruchat"
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 28-Apr-2010 at 23:43
Факт е дека ова е круциален чекор напред за нас. Обнова на возниот парк од западни производители и модели произведени околу почетокот на 2000 година (значи нископодни, може и климатизирани, иако во Скопје и да ја има не верувам дека би ја пуштиле, електронски табли, како внатре, така и надвор). Мислам штом ги имаат овие автобуси, овие екстри, навистина жалосно и некадарно ќе биде да не се употребуваат.

Факт според мене е исто така, дека споредбено со западните земји, ние сепак ќе добиеме доста стари, иако одржани возила. Ова беше трендот во Словенија и Бугарија од 2000 година, до пред 3-4 години, откога почнаа да купуваат сосема нови возила од највисока категорија. Се надевам дека нашиот следен круциален чекор, после 4-5 години ќе биде купување на сосема нови најдобри можни возила. Не треба да забораваме, дека овие возила се користени веќе една декада и многу брзо ќе остарат, особено со нашиот начин на одржување! Сеедно, засега ова е навистина голем чекор напред за Скопје! Дури мислам дека ЈСП пак остана малку зафркнато, затоа што нивните автобуси иако нови, ќе бидат со послаб квалитет сопред мене (како ЛАЗовите, така и Чајните).

СЕГА Е НАЈВАЖНО ДА ГИ ПАЗИМЕ И ЧУВАМЕ! ОТИ И НАЈНОВОТО И НАЈУБАВО СО НАШИОТ ОДНОС МНОГУ БРЗО ПРОГРЕСИРА КОН БУНИШТЕ!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 28-Apr-2010 at 23:57
Како што еве со овој потег се покажува дека возниот парк е минлива категорија и не е вечно тој истиот така се реформира и односот и оддржувањето.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 29-Apr-2010 at 00:18
Ама од еднаш не станува традиција, нели знаеш? Мене лично многу ме плаши дека следната генерална поднова ќе биде за повеќе од 10 години. Иако засега треба да сме задоволни со подновата, сепак треба да се бара уште многу. Второ мене овие возила ми личат повеќе на МАН НЛ 202 или на Мерцедес Бенц О405. И двата многу личат на неквалитетните САНОСи кои ги добивме во рамките на 50 години ЈСП. Првите престануваат да се произведуваат во 1998, а вторите во 2001 година. Значи и да се од последните серии произведени во фабриките, со сигурност ќе бидат барем 10 години стари, со што се објаснува цената од 15-10 илјади евра на парче. Нели се сеќавате дека причината што ја дава Војо, а имено: Германците не ги сакаат поради електрониката, бидејќи слабо ја познаваат, а изработена е од полски ’Соларис‘ - не е баш сосема или единствено точна...

МАН НЛ 202:





Mercedes Benz )405:

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 29-Apr-2010 at 02:09
Па јас лично очекувам дека и ЈСП меѓудругите јавни претпријатија ќе се одлепат од рецидивната матрица инвестирањето да им биде со инекции и со импровизации и дека веќе конечно ќе воведат систем на тековна обнова на возниот парк. Воопшто не ми изгледа до толку да е битна унификација во однос на моделите што ќе се развозуваат, но сепак да не биде некое шаренило во интерес за кога ќе подостарат да има голема флексибилност и маневарски простор за санација и сервис на автобусите. На кратко, очекувам дека ќе биде некоја редовна пракса на максимум 3,4,5 години да се набавуваат по дваесетина-триесетина автобуси и дека конечно некој ќе почне да размислува и пазарно и воедно сервисерски према граќаните во тоа јавно претпријатие. Сигурен неможам да кажам дека сум, но сега за сега ми изгледа дека оваа за набавка нема будала во влада што така ќе му ги остави на претпријатие што е црна дупка по сите параметри.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 29-Apr-2010 at 09:50
Проблем е што кај нас нема одлучно градско раководство, кое што ќе ги укине сите оние превозници чиишто автобуси не ги задоволуваат минималните услови за еколошки и безбеден превоз, а тоа се пред се, приватните превозници.

Истиве превозници почнаа да работат со автобуси стари 15-20 години и сега продолжуваат со истата работа.

Инаку, помеѓу стар Мерцедел или ДАФ и нов ЛАЗ, сигурно би го одбрал ЛАЗ! Џабе се лажеме, ново си е ново, а тоа посебно ќе го почуствуваат вработените во ЈСП!

Во однос на загубите на ЈСП, нормално е да се случуваат, поради тоа што ЈСП со овие цени прави загуби. Причина за тоа е што има нормална автобаза, сербисен центар, вработени за заштита при работа, синдикат... наспроти приватниците коишто имаат два шофери-мајстори на еден автобус и ништо друго!!!

Тоа е причината зошто ЈСП работи со загуби, а да сме нормална држава вакви приватници не би ни имале.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 29-Apr-2010 at 11:33
само едно прашање, не ми е јасен делот од текстов

„Приватните превозници од „Макекспрес“, учесници во јавниот градски превоз, ќе го обноват возниот парк со триесетина германски автобуси од познатите производители „Мерцедес“ и „Неоплан“. Тие не биле заинтересирани за автобусите на „Даф“, „Сканија“ и „Волво“ што ги увезува данска фирма за превозниците од „Слобода превоз“ “

Макекспрес и Слобода превоз? првите Германски, вторите Дански? Што е разликата меѓу овие две фирми? Не сум баш информиран за организирањето на приватниците. Имаат две посебни компании и двете се подновуваат?
Back to Top
ел_ченто View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ел_ченто Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 29-Apr-2010 at 13:52
Originally posted by pbanks

Чекајте сега луѓе. Сакате да кажете дека видовте и ДАФови и Мерцедеси? Banana

И MAN неколку парчиња. Еден е пуштен во употреба на линија 52, го гледам низ градов недела дена веќе.
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 01-May-2010 at 08:20
@ djole88

da dvete se podnovuvaat. inace na vremeto kolku sto pamtam bea i tri a sega ne znam. i ne znam dali se kompanii ili zdruzenija bas ama najbitno se podnovuvaat redno bese Banana
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 01-May-2010 at 08:22

zaboraviv da kazam, zavcera vidov eden prilicno socuvan dvoen avtobus MAN (zolt) kako shiba kaj skopjanka
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 02-May-2010 at 17:23
i vo kumanovo treba da stignat 3 mercedes avtobusi vo najbrzo vreme.koga kje sliknam i kje postiram da vidite za so se raboti
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 05-May-2010 at 01:01
ВЛАДАТА ГО УДОВОЛИ БАРАЊЕТО НА ТРАНСПОРТЕРИТЕ И ПРЕВОЗНИЦИТЕ

Увоз на стари автобуси и камиони до крајот на септември

Првобитно дадениот рок од само три месеци истече вчера, а тој беше оценет од транспортерите како прекраток за реализација на планираните набавки на вакви возила, поради што тие бараа негово продолжување. Од Царинската управа велат дека од 13 март до 30 април годинава во земјава биле увезени 529 возила за превоз на стоки и 151 автобус за превоз на над 10 патници.



Транспортерите што имаат намера да увезат половни автобуси и камиони, можат тоа да го сторат до 30 септември годинава. На барање на транспортните фирми, Владата го задолжи Министерството за економија да го продолжи овој рок за уште пет месеци, кој, онака како што беше даден во почетокот на годината, од страна на транспортерите беше оценет како прекраток за реализација на планираните набавки на вакви возила. Првобитно дадениот рок од три месеци за увоз на половни автобуси и камиони истекува денеска.
Со Правилникот за единечно одобрување на возило, освен патничките се опфатени и возилата од категориите: М (за превоз на патници), Н (за превоз на стоки) и О (приколки), што значи тука се и автобусите и камионите. Кога станува збор за старосната граница за увоз на половни автобуси и камиони, таа е дозволена од 1995 година наваму, и тоа за возила со ЕУРО 2 стандарди. Притоа, за увоз на камиони и автобуси не се наплаќа акциза, туку само ДДВ и царина. Од Царинската управа велат дека од 13 март до 30 април годинава во земјава биле увезени 529 возила за превоз на стоки и 151 автобус за превоз на над 10 патници.
Во почетокот на годинава, кога се носеа овие прописи, немаше корекција кај царината за товарни возила, зашто таа и онака е ниска, при што за увоз на камиони и автобуси од ЕУ се движи од 1,5 до 2 проценти, а од следната година оваа стапка ќе се сведе на 0, според Договорот за стабилизација и асоцијација.
Златко Кочовски, управител на СИЗ "Македонија сообраќај" АМЕРИТ, вели дека зашто во земјава има многу товарни возила, набавени уште од периодот на ембаргото од меѓународната заедница кон Србија, кога беше дозволен нивен интервентен увоз. Оттогаш се внесени дури 800 возила со највисоки Еуро 4 и 5 стандарди.
За автобусите, пак, е друга приказната, затоа што тука имаме многу стар возен парк, поради што се смета дека кај нив уредбата на Владата за увоз на половни возила ќе биде од полза. Особено, кај оние за внатрешниот сообраќај, за домашните меѓуградски линии, како и за потребите на образованието и одбраната, односно за превози на ученици, или на воени лица, каде што едноставно превозниците не можат да им излезат во пресрет на барањата за превоз со квалитетни превозни средства.

Светлана БЛАЖЕВСКА
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.108 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.