build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (приватни превозници)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 05-May-2010 at 01:17

Приватниците увезоа половни автобуси

Можноста за увоз на стари возила ја искористија приватните превозници во Скопје и го збогатија возниот парк со половни автобуси од европските земји. Приватното претпријатие за јавен градски превоз „Мак експрес“ набави 20 половни автобуси, а уште 10 се очекува да пристигнат деновиве. Тие што пристигнаа веќе се пуштени во сообраќај и возат на линиите 9, 22, 23, 52 и 54.

- Станува збор за возила увезени од Германија, а се од марката „ман“, „мерцедес“ и „неоплан“, со просечна старост од 10 до 13 години. Со ова ние го зголемивме возниот парк за 30 отсто - вели Милорад Димитриевски, еден од основачите на претпријатието.

Според Димитриевски, доколку се продолжи рокот за увоз на стари возила, ова претпријатие ќе го зголеми бројот на автобуси за уште 30 отсто.

Тој тврди дека увезените возила се солидни и имаат мотори евро 2, евро 3 и евро 4. На некои од нив има рампи за пристап на лица со инвалидски колички и на мајки со колички за деца. Едно возило ги чини од 15.000 до 24.000 евра, во зависност од староста и од видот на моторот.

Досега ова претпријатие располагаше со 96 автобуси, чија просечна старост е 24 години.

И второто приватно претпријатие за јавен градски превоз, „Слобода превоз“, најавува дека ќе го обнови возниот парк за 60 отсто, со половни возила од марките „дав“, „сканија“, „волво“ и „мерцедес“, стари од 11 до 14 години. Најголем дел од нив се увезени од Данска, дел од нив од Германија, а два се од Холандија.

- Со стапување во сила на Законот за увозот на половни возила поведовме постапка за увоз на 60 возила. Голем дел од нив се' уште се во постапка на хомологизација - изјави Ленин Стојановски, директор на „Слобода превоз“.

Тој информира дека поголем дел од автобусите би требало да се појават на улиците на Скопје за 15 дена, а пет веќе се пуштени на пробно возење.

Цената на едно возило, според Јовановски, изнесува од 18.000 до 25.000 евра.

Тој истакна и дека преговараат со англиска компанија за набавка на нови автобуси, но додава дека ваква набавка можат да реализираат само ако им се зголеми обемот на работа, односно доколку им се дадат поголем број на линии.

- Во услови какви што се сега, невозможно е да се вложува. Доколку се реши позитивно и се зголеми нашиот обем на работа, што зависи од Градот, тогаш би можеле да набавиме и до 100 нови возила - вели Стојановски.


http://dnevnik.mk/?ItemID=1EABFD1EB772AB45ABAD538E419F0A6E
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 05-May-2010 at 01:38
Што не направија некој закон за возови, барем и таму да се подновевме со старо-нови возови и употребени патнички вагони.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 05-May-2010 at 01:53
Па незнам колку следиш во железница подфорумот веќе има одпочнато процес на либерализација.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 12-May-2010 at 07:12
Нископоден Мерцедес



Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 12-May-2010 at 23:39

Приватниците од „Слобода превоз“ со обновен возен парк

Повеќе од четириесетина речиси нови автобуси ќе пушти „Слобода превоз“ на линиите број „9“, „12“, „22“,„23“ и „45“

Повеќе од четириесетина речиси нови автобуси на приватното претпријатие „Слобода превоз“ набрзо ќе се најдат низ скопските улици и ќе сообраќаат на линиите број „9“, „12“, „22“,„23“ и „45“. Десетина од нив ќе бидат климатизирани, а останатите имаат софистицирани вентилациски системи. Увезените возила, кои биле возени само десетина години, во повеќе европски градови ќе ги заменат старите и дотраени автобуси на приватниците од „Слобода превоз“, со што 40 отсто од возниот парк на претпријатието ќе биде обновен. Одговорните велат дека на ваков чекор морале да се решат со оглед на тоа дека наскоро ќе стигнат и новите автобуси на ЈСП „Скопје“ и затоа и тие мора да бидат конкурентни во јавниот градски превоз. Додаваат дека возниот парк навистина им е доста стар и е редно да го обноват и на скопјани да им понудат поудобен градски превоз.

„Четириесетина автобуси се пристигнати, а очекуваме да бидат увезени уште дваесетина. Во тек е тестирање на пристигнатите возила и завршување на административна постапка, а потоа тие ќе бидат распоредени по линии и пуштени во сообраќај. Летово граѓаните ќе имаат можност да се возат во климатизирани автобуси и во возила со одлична вентилација. Автобусите се од различни производители, но, важно е дека ги исполнуваат еколошките стандарди, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Приватниците објаснуваат дека станува збор за возила со современ изглед и еуро 2 мотора, кои се производство на познатите фабрики „Даф“, „Сканија“ и „Волво“. Сите возила имаат рампи за инвалиди и места за инвалидски колички, односно се градени според европски стандарди и ќе бидат одлична замена за старите и сосема дотраени автобуси. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3E29A8E0EB1DC247B660DEE3CA0D40DE
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 13-May-2010 at 14:28
Од септември и едноподни приватни автобуси

Додека Министерството за транспорт и врски чека да им пристигнат првите едноподни и двокатни автобуси и додека чекаат да заврши тендерот за набавка на 16 нови минибуси, ниту приватните превозници не седат со скрстени раце. Претпријатието „Слобода превоз“, пред еден месец ја почна постапката за набавка на едноподни автобуси, со што значително ќе се обнови нивниот возен парк. Најавено е дека ќе се набават 60 едноподни автобуси од Данска, кои се употребувани од 10 до 13 години, но се уште во добра и во возна состојба. Од „Слобода превоз“, велат и дека автобусите пред да бидат пуштени во употреба ќе се унифицираат и ако има потреба ќе се прави промена и во нивата внатрешност. Новите возила ќе почнат да сообраќаат по скопските улици најдоцна од септември, најави директорот на претпријатието Ленин Јовановски. За унифицирањето на возилата, Јовановски истакна дека ќе се консултираат и со градот, за да го слушнат нивното мислење.

- Автобусите имаат жолто-портокалова боја. Не знаеме во каква боја ќе ги пребојосаме, но сакаме да ги унифицираме за сите да се исти. Освен надворешниот изглед, онаму каде што е потребно ќе се направат промени и во внатрешноста - објасни тој.

Возилата, иако се стари од 10 до 13 години, за да се намали евентуалниот ризик за нивната техничка исправност данската компанија дава гаранција за нив, а по шест месеци од употребата ќе одат и на сервис. Автобусите имаат современ изглед и еуро 2-мотори, плус рампи и места за инвалидски колички. Членовите на превозничките претпријатија што ќе сакаат да купат од новите автобуси ќе треба да платат од 20 до 25.000 евра. Пет илјади е само учеството, а останатите пари ќе можат да ги платат на рати.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=513101033585&id=14&prilog=0&setIzdanie=21982
Back to Top
DamjanS View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DamjanS Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 13-May-2010 at 15:20
http://www.makekspres.mk/xmlGalleryThumbs.html   има слики од тазе увезените бусови ))
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 13-May-2010 at 17:55
Од септември и едноподни приватни автобуси

Додека Министерството за транспорт и врски чека да им пристигнат првите едноподни и двокатни автобуси и ...


ЕДНОПОДНИ зар има и двоподни
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 13-May-2010 at 17:59
Најверојатно писателот заборавил дека се нископодни па од двоспратни по логица си напишал едноподни автобуси. Не му замеравај најверојатно не е он крив, туку тоа така му дошло.


Edited by mirakuliks - 13-May-2010 at 18:01
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 13-May-2010 at 18:02

нископодните станаа едноподни хехе, ако разноликоста во изразувањето не е на одмет!

~

туку ако веќе тераат унифицирање мислам најдорбо е градот сите уште веднаш да ги унифицира, а само со амблем да се разликуваат приватните од државните! не смее сега пак да се протне на мала врата нов компромис! 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 13-May-2010 at 18:48
Еве ги од Макекспрес сликите од нивниот сајт...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 14-May-2010 at 10:13
vcera zboruvase zoran damjanovski gradonacalnikot na kumanovo i najavi deka od septemvri kje pocnat so rabota 15 niskopodni avtobusi kako ovie vo sk sto stignaa sega Cheers
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 14-May-2010 at 16:15
Дали јас добро сфаќам или нешто не е во ред со мене Мак-експрес увезле 30 автобуси(40% од нивни возен парк). Сега гледам имаат линии на 9, 12, 19, 20, 22, 23, 52 и 54

Од друга страна Слобода превоз увезла 40 автобуси, а за нив ништо не знам. Колку е нивниот возен парк, како изгледаат нивните нови автобуси и на кои линии сообраќаат?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 14-May-2010 at 16:23
tuka pisuva deka se 20 a ne 15 kako so pisav ja pogore..

Никако да се реши хаосот во градскиот превоз

 Здружението на приватни авто-превозници од Куманово денеска одржа состанок со градоначалникот, локалната администрација и претставниците од полицијата за да изнајдат решение на повеќегодишниот проблем со нелојалната конкуренција во превозот на патници.

Никако%20да%20се%20реши%20хаосот%20во%20градскиот%20превоз

 Сопствениците на „Јоцо-турс„, „Оли-Травел„, „Штуз„ и останите присутни се пожалија дека најголем проблем за нивното работење претставува одлевањето на патниците кај нерегистрираните таксисти, кои немаат никакви обврска кон државата.

Имплементација на Законите за превоз на патници  е единствениот начин со кој може да се реши ова прашање. Доколку сообраќајната инспекција и полицијата си го завршат нивниот дел од работата и го казнуваат недозволено паркирање на постројка и земање на патници, луѓето нема да се осмелат така лесно да ги кршат законите- вели претседателот Борис Трајковски, сопственик на „Штуз„.   

Сопствениците се пожалија дека полицијата и сообраќајните инспектори не се ефикасни во својата работа и имаат селективен пристап при казнувањето на прекршителите на законот. Тие не се оптимисти дека брзо ќе се реши проблемот и затоа предложија во согласност со законската регулатива сами да се организираат во справување со нелојната конкуренција.

Ако дозволува законот ние ќе ангажираме и ќе плаќаме агенција која ќе ги обезбедува постројќите и ќе ги контролира превозниците. Подготвени сме да финасираме издржан проектот, само да дојдеме до резултати - едногласни се превозниците.

Од полицијата се правдаат дека нивни патроли се постојано на терен и ги покриваат ударните термнини, но поради малиот број на вработени и други сообраќајни активности што ги имаат во текот на денот немаат контрола на целата ситуација. Инспекторот тврди дека тие поднесуваат пријави, но судските постпки трајат долго и не ги даваат очекуваните резултати. Затоа предложи Општината да ангажира сообраќајни редари што е со закон дозволено.

Градоначалникот Зоран Дамјановска им даде целосна подршка на превозниците и вети финансиска помош за инсталирање на систем за видео надзор за средување на хаосот и квалитетно одвивање на градскиот сообраќај.

 Според неофицијални податоци во градот работат над 100 диви превозници и околу 80 меѓуградски, кои секојдневно им ја земаат работа на легалните превозници, кои инвестирале за набавка на нови 20 возила што наскоро треба да ги пшуштат во сообраќајот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/nikako-da-se-resi-haosot-vo-gradskiot-prevoz.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 17-May-2010 at 03:57
Случајно ги уловив овие, изгледа чекаат да поминат низ потребните процедури

1


2

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 17-May-2010 at 22:31


E нели не смееше со 2 врати? Dunno
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 18-May-2010 at 22:06
инаку еден DAF и еден MAN се пуштени на линијата 23, јас се возев во даф-от и е пријатен морам да кажам, нема вибрации, поубаво реагира на шоферот и се разбира, нископоден е со рампа
само не знам дали се работи за навики, ама има многу работи кои ме збунуваат
- се е високо и недофатливо, има рачки, но се во мал број за толкав број на патници
- има малку држачи за кои можеш да се држиш (сметајќи дека сеуште возат компири, а не луѓе)
- има малку простор за седење и седиштата се некако чудно распоредени, а зафаќаат простор и тркалата и има безпотребно огромен простор за инвалиди
- не е климатизирано, а има многу мали отвори на прозорите за проток на воздух, а капаците се вон дофат, внатре е како во печка, топло и загушливо
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 18-May-2010 at 22:34
Originally posted by zabegan

инаку еден DAF и еден MAN се пуштени на линијата 23, јас се возев во даф-от и е пријатен морам да кажам, нема вибрации, поубаво реагира на шоферот и се разбира, нископоден е со рампа
само не знам дали се работи за навики, ама има многу работи кои ме збунуваат
- се е високо и недофатливо, има рачки, но се во мал број за толкав број на патници
- има малку држачи за кои можеш да се држиш (сметајќи дека сеуште возат компири, а не луѓе)
- има малку простор за седење и седиштата се некако чудно распоредени, а зафаќаат простор и тркалата и има безпотребно огромен простор за инвалиди
- не е климатизирано, а има многу мали отвори на прозорите за проток на воздух, а капаците се вон дофат, внатре е како во печка, топло и загушливо


Би одговорил тоа се западните стандарди во споредба со балканските навики. Овие автобуси се преевидени да бидат климатизирани а не да се отвораат сите можни прозорци. Исто сметам дека токму просторот за инвалиди е сосема прикладен па кај нас овие лица не ни можат да се качат во автобус.
Треба да се сменат некои навики и да се внесат нови но очигледно тој процес бавно оди.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 18-May-2010 at 23:17
Забеган дали беше овој ДАФ?

 

А за тоа што ти било недофатливо, тоа можеби зошто е холандски автобус, а холанѓаните се во просек највисок народ во свет.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 23-May-2010 at 23:53
@supervisor
нормално дека се работи за различни навики, едноставно автобусот е создаден за друг народ и друго место
забелешката ми беше баш дека има клима уред, а не беше климатизирано сред пеколен ден, а сепак треба да биде отворено од некаде, па и кога е ладно, да има проток на воздух, сепак таму се возат 20 луѓе кои дишат и се потат
а за инвалидите што и да искоментирам не би било вредно, и тие се луѓе, ама верувам, кај нас дали три пати годишно ќе влезе некој со количка или други помагала во автобус, а простор има за две колички
@La Linea
тој даф беше, а холанѓаните колку и да се високи, сигурно не се преку два метра, јас сум 190 висок, имам дофат, ама џабе ми е кога се истегнувам, а така потешко се држи рамнотежа, има додатни кожни рачки и рачки на седиштата, ама се малку за бројот на луѓе што се возат во автобус




Edited by zabegan - 23-May-2010 at 23:54
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.