build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (приватни превозници)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 25-May-2010 at 13:41
ОСВЕЖЕН ВОЗНИОТ ПАРК НА ПРИВАТНИТЕ ГРАДСКИ ПРЕВОЗНИЦИ
Се подновија со стари автобуси

Елена Вељановска

Патниците што ги користат автобусите на приватните превозници веќе неколку дена имаат можност да се возат во автобуси чијашто просечна старост е од десет до петнаесет години и во споредба со досегашните со кои се вршеше транспортот се значително поудобни и пофункционални. Приватните автобуски превозници за да привлечат што е можно повеќе патници, но и да им обезбедат поудобно и побезбедно возење на граѓаните, донеле одлука да ја искористат можноста за увоз на стари возила затоа што, како што велат, не се финансиски моќни да купат сосема нови автобуси. Кај граѓаните пак постои голема заинтересираност за да патуваат до саканата дестинација со некој од овие автобуси, кои веќе се пуштени во сообраќај. Од приватното претпријатие за јавен градски превоз „Мак експрес“ велат дека досега се набавени околу 20 половни автобуси, а уште десетина се очекува да пристигнат деновиве. Тие што се пристигнати во Скопје веќе се пуштени во сообраќај на некоја од линиите 9, 12, 19, 20, 22, 23, 52 и 54. - Сите автобуси што се пристигнати кај нас се увезени од Германија, а се од марката „ман“, „мерцедес“ и „неоплан“, а се со просечна старост од 10 до 13 години - информира Милорад Димитриевски од „Мак експрес“. И од „Слобода превоз“ велат дека работат на обновувањето на сопствениот возен парк и најавуваат дека во следниот период ќе увезат од 60 до 80 половни автобуси, кои ќе бидат со просечна старост од 11 до 14 години. Најголем дел од нив се увезени од Данска, дел од Германија, а два се од Холандија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=2028&ArticleID=141331
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 25-May-2010 at 13:50
јас секој ден се возам со 23ка и има само еден ДАф пуштен, но не сум успеал да се возам во него. Други од новите јас барем не гледам. Дали некој има приметено на која линија имаат пуштено?

А да ми текна сега и жолтата 22ка сум ја видел
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 25-May-2010 at 22:19
Епа еве ти ја уште еднаш, другпат да не ја забораваш Big%20smile
 
 
Приватниците ги придобија скопјани со новите автобуси
 
 

Граѓаните се пријатно изненадени од возењето со половните автобуси што ги увезоа приватните превозници „Мак експрес“ и „Слобода превоз“, за кое велат дека е пријатно, брзо и тивко

Скопјани се пријатно изненадени од половните автобуси за градски превоз што приватните превозници неодамна ги пуштија во сообраќај. Граѓаните беа толку навикнати на превоз во несигурни и валкани крнтии, во кои нема ниту греење ниту ладење, што не им се верува дека имаат можност побрзо и поудобно да стигнат до саканата дестинација. За половните автобуси на приватниците деновиве има толку позитивни коментари што се доволен показател дека граѓаните масовно би се возеле со јавен превоз доколку тој би бил брз, безбеден и пристоен.

Со набавката на половните автобуси, приватните превозници повторно се чекор пред ЈСП „Скопје“, кое се' уште ги чека ветените од државата украински и кинески автобуси. Украинските едноподни ќе стасаат наесен или до крајот на годината, а првите кинески двокатни автобуси доаѓаат дури в година. Во меѓувреме приватниците ја искористија можноста за увоз на стари возила од европските земји со пониски екостандарди и на скопјани им обезбедија автобуси што се за неколку класи подобри од постојните.

- Јас навистина сум пријатно изненадена од новите автобуси на приватните превозници. Тие се чисти, седиштата им се тапацирани, а вратите, за разлика од она на што сме навикнале, се отвораат и се затвораат бесшумно. Возачот е издвоен како во кабина, а возилата се доволно ниски што во нив влегуваш со еден чекор, наместо по скали, како досега. Тоа е добро за бебешки колички или за инвалидизирани лица. Единствено не ми се допаѓа што автобусот има многу малку прозорци, задушливо е - вели скопјанката Сања М.

Таа забележала и дека возачите сега повеќе внимаваат како возат, за разлика од порано кога ги управуваа старите автобуси.

- Додека порано се тркаа со возилата на ЈСП и ја погодуваа секоја дупка, сега возачите во приватните автобуси возат пополека и внимателно. Дури и ми е смешно колку сега си ги пазат возилата - вели таа.

Нови половни автобуси набавија двете приватни претпријатија за јавен градски превоз „Мак експрес“ и „Слобода превоз“. „Мак експрес“ купи 30 автобуси од Германија, со просечна старост од 10 до 13 години, од типот „мерцедес“, „ман“ и „неоплан“. Засега во сообраќај се пуштени 20 возила на линиите: 9, 19, 22, 23, 52 и 54. Од претпријатието најавуваат дека ќе купат уште автобуси, додека трае можноста за увоз на половни возила. Досега обновиле 30 отсто од возниот парк, односно 70 возила од вкупно 100 стари со кои досега располагаше претпријатието, со просечна старост до 24 години, се' уште сообраќаат.

Од ова претпријатие се задоволни од тоа како реагираат граѓаните на нивните нови автобуси, но се' уште не можат да кажат за колку е зголемен бројот на патници.

- Не можеме се' уште да шпекулираме со бројки, но факт е дека се зголемува бројот на патниците во нашите возила и дека луѓето се задоволни. Посебно младите, пред да се симнат на сакана дестинација велат, ќе ве чекаме повторно на враќање - вели Војо Велевски од „Мак експрес“.

Од „Слобода превоз“ велат дека е рано да се сумираат резултатите, бидејќи мал број автобуси се пуштени во сообраќај. Очекуваат многу поголем број патници кога сите понови возила ќе бидат во оптек.

- Осумдесет возила ќе бидат пуштени во сообраќај до крајот на летото, со што ќе обновине 60 проценти од возниот парк. Засега неколку се пуштени пробно и не можам да коментирам околу зголемување на бројот на патници. Овие автобуси се пред се' од Данска, а дел од Германија. Станува збор за типот „дав“, „сканија“,“волво“ и „мерцедес“, со просечна старост од 11 до 14 години. Тоа се возила со одлични перформанси, дел од нив се со клима-уреди и со мотори еуро 2, 3 и 4. Затоа, логично е да се очекува дека граѓаните постепено ќе се преориентираат кај нас - вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Старите автобуси или ќе се продаваат, ќе се користат за договорен превоз или како резерва. Дел ќе се расходуваат.

Во ЈСП велат дека засега не чувствуваат никакви негативни последици врз прометот поради новите возила на приватниците.

- Ние имаме 80 автобуси што се произведени во 1998 година, кои изгледаат слично на тие што ги имаат приватните превозници. Засега не сме забележале промени, односно опаѓање на бројот на патници - вели Мишо Николов, директор на ЈСП.

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 27-May-2010 at 11:13
Подновени „флотите“ на приватните градски превозници

Јавниот автобуски превоз во Скопје после долго време конечно се подобрува преку осовременување на возниот парк. Приватните первозници решија да ги искористат поволните услови за увоз на половни возила и спремно да ја дочекаат конкуренцијата од новите автобуси на ЈСП кои треба да почнат да пристигнуваат од септември.


„Слобода Превоз“ моментално располага со 203 автобуси од кои веќе една четвртина, односно 46 се новоувезени половни автобуси од реномирани европски производители. Доминира моделот Mercedes O 405 од кој се набавени 24 примероци, потоа DAF/DAB 8 примероци, DAF Berkhof 6 примероци, MAN A21 4 примероци и 4 автобуси кои се призводство на Volvo. Возилата се со година на производство помеѓу 1995 и 1999 и со ценовен распон помеѓу 20.000 и 30.000 евра.


Од „Слобода Превоз“ велат дека на ваков начин планираат комплетно да го променат возниот парк, но дека рокот зависи од понудите за кредитирање. Новите автобуси во целост ги исполниле нивните очекувања, а и реакциите на патниците биле многу позитивни. Како единствена причина која досега ги спречувала да превземат ваков чекор ја наведуваат претходната регулатива која наметнувала крајно неповолни услови за увоз на половни возила.


И „Макекспрес“ ја освежува својота „флота“. Од Германија се набавени 30 половни автобуси од марките Mercedes, MAN и Neoplan и со мотори евро 2, евро 3 и евро 4. Со ова „Макекспрес“ поднови 30 проценти од својот возен парк, а доколку се продолжи рокот за увоз најавуваат дополнителни 30 проценти.


http://www.build.com.mk/?p=3599


Дел од увезените автобуси на „Слобода Превоз“:

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12



Edited by build.mk - 27-May-2010 at 11:14
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 27-May-2010 at 11:24
превземат -> преземат.

Инаку браво за ексклузивноста на фотографиите. Applause Штета што немаат сајт па да ги видевме и таму. Што се однесува до разновидноста, се надевам нема да имаат проблеми со одржувањето, а за шареноликоста се надевам ќе ги офарбаат како што ветија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 27-May-2010 at 12:16
Проверив, листата на автобуси што ја испратила Слободапревоз до редакцијата е токму онаа која фигурира во веста, а на сликите гледам и еден MAN NL202 и еден Neoplan. Хмммм...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 27-May-2010 at 13:08
Неопланот не личи сликан во Македонија, можеби им го сликале таму како предлог, па не го прифатиле. Како и да е, арни се за почеток.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vlatko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jun-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vlatko Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 27-May-2010 at 13:22
Одлично освежување,се надевам ќе се обидат да воведат унификација во однос на боја
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 27-May-2010 at 16:17
Само се најавува а никако да се тргнат страиве од улица. Уште колку време ќе треба, само вести слушаме на улица само чад може да се примети и одма знаеш какви автобуси имаме.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 27-May-2010 at 19:18
@ AndrejLJ & gitardemon

Постовите ги префрлив во сугестии и забелешки, таму ќе пишам и одговор
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 27-May-2010 at 20:11
Originally posted by гитардемон

Неопланот не личи сликан во Македонија, можеби им го сликале таму како предлог, па не го прифатиле. Како и да е, арни се за почеток.
Да во право си личи за некаде вон Македонија, но можеби тој допрва треба да стигне во Македонија и да влезе во онаа „статистика“ Thumbs%20Up
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 01-Jun-2010 at 22:11
јас денес видов го видов мерцедесот со рекламата RSV и изгледа ептен дебилно во Скопје со германска реклама. Меѓу другото мислам дека медиумите само дигаат галама за новите автобуси, а за сега на улиците има само 3-4 пуштено, што според мене е непотребно одложување на добрите работи. Незнам зошто се чека и зошто кога веќе се чекаше толку не се отиде на унификација на автобусите
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 28-Jun-2010 at 18:17
Еве уште една информација со која се потврдува несериозноста во обновата на возниот парк. Се зборува со месеци, а на улиците има само 10тина пуштени. Каде се најавените 60-80 автобуси никој не знае. Во предходната објава имаше бројка од 46 од Слобода Превоз, а денес има бројка од 20. Така да тука нешто не штима

ПРИВАТНИКОТ "СЛОБОДА ПРЕВОЗ" КУПИ 20 ПОЛОВНИ ВОЗИЛА

И стари автобуси се супер за Скопје

Новите возила се од Германија, Данска и од Холандија, и се со броеви 23, 22, 12 и 45

Приватниот градски превоз се поднови со дваесет половни автобуси.
Веќе неколку недели низ улиците во Скопје возат модерни возила со броеви 23, 22, 12 и 45.
За разлика од досегашниве приватни автобуси, новите кои, иако се купени на старо, се климатизирани, со удобни седишта, како и со автоматска рачка при влез и излез. Автобусите се увезени од Германија, Данска и од Холандија каде што веќе подолго време автобускиот превоз е опремен со современи возила од ваков тип.
Директорот на приватното сообраќајно претпријатие "Слобода превоз" Ленин Јовановски набавката на возилата ја објасни како неопходна за опремување на градскиот автобуски превоз, без разлика што станува збор за половни возила.
"Искористувајќи ја законската можност за увоз на половни возила, која трае до први септември, ние набавивме половни автобуси од неколку европски земји. Засега има околу 20, но планираме да набавиме уште. Иако се стари, тие се многу зачувани и современо опремени. Новите се многу скапа инвестиција, па ако се земе предвид дека нема голема разлика од старите, се надевам дека и тие се добри за превоз низ Скопје", вели Јовановски.
Иако бројот на возила е зголемен, режимот на сообраќај не е сменет, односно приватните автобуси во градот возат исто и лете и зиме со 50 отсто намалени возила за викенд и за празници.

http://vest.com.mk/?ItemID=371EDAC3CCF1AD42869ECBF470D828B5


Edited by Djole88 - 29-Jun-2010 at 18:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 28-Jun-2010 at 18:26

Извор на објавава? (URL)
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 29-Jun-2010 at 18:15
средено
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 25-Aug-2010 at 22:12
Абе стварно бавно идеше работава, ама веќе гледам низ град многу вакви автобуси кај приватниците и почиња драстично да се мења сликата за градов. Само многу е све шарено, кој каков автобус купил таков го вози, да им текнеше малце да се унифицираат со боите. Исто треба да унифицираат и некакви натписи и логоа на фирмата иначе вака со автобуси донесени од 300 градови не може лоек да препознае кој е градски автобус
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 27-Aug-2010 at 10:52
Значи автобусчево на постот на џоле се вракам од амстердам пред 10 дена сабајлето се возам со истиот (скроз ист) во амстердам слетувам во скопје и прво нешто што глеам во скопје во автокоманда истиот автобус што се возем сабајлето во амстердам си викам ми избегал мозоков)

Скроз исти се возат низ амстердам и мислам дека овој тип им е најдобар од сите што ги земаа до сеа а и највише ми личи на нов, а и валјда е понов од другите чим Амст. возниот парк им е сочинет само(или 90%) од вакви модели.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 21-Oct-2010 at 16:46

Приватните автобуси во „бенетон“-шема

Автобусите на ЈСП имаат заштитена боја, додека за приватниците нема одлука за унифицирање на боите

Вистинско шаренило од бои и странски натписи ги одвојува „новите“ автобуси на приватните превозници од нивните досегашни стари возила. Бели, сини, жолти, зелени приватни автобуси секојдневно сообраќаат на различни релации во јавниот градски превоз. На нивните дисплеи наместо името на некоја скопска населба, електронски се провлекува име на населба или станица во некој германски или шведски град. Иако се половни, автобусите се во одлична состојба и се неспоредливо подобри не само од претходните што ги возеа приватниците туку и од оние на ЈСП.

Но, нивната нееднаквост често ги збунува скопјани. За шаренилото во јавниот превоз, освен граѓаните, не реагира никој од надлежните. На Градот му се врзани рацете оти без одлука не може да ги обврзе приватниците да ја унифицираат бојата. Оттаму информираат дека автобусите на ЈСП имаат заштитена црвена боја, додека за автобусите на приватните превозници не е предвидено унифицирање на боите. Засега изгледот на автобусите го регулираат групациите на приватни превозници.

Двете приватни претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, исто така, меѓусебно немаат договор за унифицирање на бојата.

Нашата идеја е сите автобуси да бидат портокалови за да се разликуваме од ЈСП. Така и граѓаните полесно ќе не' препознаваат. Досега увезовме педесетина автобуси, а по техничките прегледи, само пет-шест автобуси се пребоени. Електронските написи што одат на дисплеите на автобусите ќе бидат или исклучени или репрограмирани, што ќе се прави дополнително, бидејќи е доста скап процес“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Милорад Димитриевски, еден од основачите на „Мак-експрес“ информира дека нивното претпријатие има над четириесетина увезени автобуси, од кои повеќе од 30 се бели. На некои од нив биле исцртани и реклами. Појаснува дека соработуваат со фирма која ќе им подготви софтвер за панелите на шеесетина автобуси на кои електронски ќе се провлекува бројот и релацијата на која сообраќа автобусот. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=15237855E072724984CB4916237DB749
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 21-Oct-2010 at 16:51


Јас мислам дека ова со унификација на боја поинаква од онаа на ЈСП евентуално може да биде само преодно решение. Крајно решение мора да биде сите превозници да бидат во еден интегриран систем каде ќе важат еднакви услови, еден возен ред, заеднички билети итн. Во таков систем и бојата треба да биде една иста за сите.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 22-Oct-2010 at 08:13
Али у секој случај ова не личи на ништо све ми бое лепо стое. Дур да се направат сите исти со државните знаеме дека дооолго време ќе помине така да засега нека си ги унифицираат приватните и за нив подобро барем ќе им светнат некој од малце постарите увозни аутобуси и стварно подобро ќе личат.

Ако не нега ги офарбаат усте од сега црвени и нека се унифицираат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.