build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Возен парк (приватни превозници)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 23-Feb-2012 at 12:18

И приватните превозници со нови возила

Од „Слобода превоз“ велат дека до крајот на април возниот парк ќе им биде до 90 проценти обновен

 
 
%20  
По набавката на нови автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие, и приватните превозници го обновуваат својот возен парк со користени но понови автобуси од други земји, кои ќе одговорат на потребите за модерен автобуски превоз по европски стандарди. Целта е да се задржат патниците што ги претпочитаат новите автобуси, кои се поудобни, потопли и повеќе одговараат на изгледот на градот.

- На некои линии приватните автобуси се почести, а сега и поевтини од државните и важно е да има повеќе нови автобуси опремени како и државните со тапацирани седишта, клима, со посебен простор за лица со инвалидски колички и мајки со деца - вели пензионерката Милица Трајкова.

Во овој период на смрзнувачки надворешни температури во некои од приватните автобуси нема ниту греење, што е причина патниците да ги избегнуваат.

- Редовно се возам во приватна „19“ бидејќи ме носи точно пред факултет и кога ќе дојде некоја стара, ако имам време, чекам да дојде понова, затоа што во неа ќе ми биде потопло и поудобно - вели студент од правниот факултет „Јустинијан Први“.

Од приватниот превозник „Слобода превоз“ велат дека секојдневно расте бројката на новоувезени половни автобуси, најмногу од Германија. Со увезувањето на понови автобуси, кои го задоволуваат стандардот еуро 2, значително ќе се намали и нивото на емисија на штетни гасови во воздухот и ќе се поднови релативно стариот возен парк на превозниците.

- Моментално возниот парк на „Слобода превоз“ има околу 70 проценти нови половни автобуси, кои се модерни и го исполнуваат стандардот еуро 2. До крајот на април возниот парк ќе биде до 90 проценти обновен. Цената на возилата се движи од 15 до 25 илјади евра, во зависност од типот на возилото, годината и состојбата. Автобусите што се увезуваат се од 1995 до 2000 година и најчесто се од марките „ман“, „мерцедес“ и „волво“ - ни изјави Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Тој вели дека одлуката на Владата за увоз на половни автобуси и минибуси е донесена во вистински момент, со оглед на кризата. Во вакви кризни моменти многу добро дојде одлуката на Владата за увезување половни автобуси, бидејќи возниот парк беше доста стар, нагласува Јовановски.

И од компанијата „Макекспрес“ велат дека во првиот квартал донеле околу 35 понови половни автобуси и дека увезувањето продолжува и понатаму.

- Во декември и јануари повторно увезовме околу 10-15 нови автобуси и сега возниот парк брои околу педесет нови возила. Возилата се од 1996 до 2000 година и 90 проценти од автобусите се од Германија, од марките „ман“, „мерцедес“ и „неоплан“. Увезувањето ќе продолжи до 30 април за автобуси со стандардот еуро 2 - велат од „Макекспрес“
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=223121029363&id=14&prilog=0&setIzdanie=22513
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 23-Feb-2012 at 15:49

Ипак тоа што го чув у автобус не било првоаприлска шега.

Иначе вчера видов преку 40-тина половни автобуси на паркингот кај сервисот на Хисар у Визбегово, така да конечно можеме да се понадеваме дека барем малку ќе се подобри сликата за целокупниот јавен превоз во Скопје.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 23-Feb-2012 at 19:40
уште барем да се потрудеа и да ги унифицираат, вака имаме бои од секој град во европа...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 23-Feb-2012 at 22:24
барем ќе знеаеме од каде се купени  Big%20smileBig%20smile
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 23-Feb-2012 at 22:37
..новите автобуси, кои се поудобни, потопли и повеќе одговараат на изгледот на градот.

Кој поточно, или има за секого по нешто?

Не знам дали уште вози една 22-ка и дали го промениле тоа, ама на дисплејот стоеше Hauptbahnhof.. Што е апсолутно точно, само малку изгледа како во филмови каде фашистите победиле во Втора Светска
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 24-Feb-2012 at 08:43
А тешко нешто барем да помислат за унифицирање на бојата на возниот парк?
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 24-Feb-2012 at 08:45
ќе почнат да ги унифицираат со тек на време кога еден по еден ќе мора да ги префарбуваат

Edited by sanos_a - 24-Feb-2012 at 08:45
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 19-Mar-2012 at 19:01
Денес видов два автобуси од битолската Хера Турс, мислам така се викаше, на линија 22, со СК таблички. Фин бизнис си направиле ако ја искористиле ситуацијава, за која веќе сите зборат по автобуси, дека приватнициве од април ќе имаат целосно нов возен парк.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 03-Apr-2012 at 00:06
Врвот кај приватниците, а и кај ЈСП, нема крај. Деновиве на линја 23-ка видов санос од ЈСП, од оние кои требаше да одат како старо железо, али изгледа ради забранава за откуп на старо железо, се решиле да им го продадат/позајмат/поклонат на приватнициве. Доста патници беа изненадени што на автобус на ЈСП видоа број 23. Се на се, ќе се изначекаме додека да имаме асален јавен превоз.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 03-Apr-2012 at 01:23
Previous
 
Ако е Санос, може да е од било каде, не мора да е од ЈСП Скопје, освен ако сеуште е истакнат гаражниот број на автобусот од времето кога бил возен во ЈСП Скопје.
 
Дали е сеуште истакнат гаражниот број ?
 
Дали на задната страна на автобусот ја пишува веб адресата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk) ?
 
Ако одговорите на овие две прашања се позитивни, е тогаш секоја им чест, не само на Мишко, туку и на приватњаците што воопшто се обратиле кај него за набавка на автобуси на старо, или уште полошо, доколку Мишко им го понудил тој автобус, тогаш нека им служи на чест на приватњаците бидејќи воопшто ја прифатиле неговата понуда.
 
А бидејќи велиш дека тој автобус е во сообраќај, тоа значи дека можеме само да сонуваме истиот да помине низ процес на рекаросирање, за да заличи на вистински градски автобус, а не на подвижна канта, па по можност да добие и клима уред.
 
Тешко нас наредниве 10 до 30 години додека да следува наредното обновување на возниот парк на ЈСП Скопје со нови возила, најверојатно дури после 30 години ќе се случи тоа, ако не и подоцна, типично македонски.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 03-Apr-2012 at 13:37
Originally posted by Dexter26

Previous
 
Ако е Санос, може да е од било каде, не мора да е од ЈСП Скопје, освен ако сеуште е истакнат гаражниот број на автобусот од времето кога бил возен во ЈСП Скопје.
 
Дали е сеуште истакнат гаражниот број ?
 
Дали на задната страна на автобусот ја пишува веб адресата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk) ?
 
Ако одговорите на овие две прашања се позитивни, е тогаш секоја им чест, не само на Мишко, туку и на приватњаците што воопшто се обратиле кај него за набавка на автобуси на старо, или уште полошо, доколку Мишко им го понудил тој автобус, тогаш нека им служи на чест на приватњаците бидејќи воопшто ја прифатиле неговата понуда.
 
А бидејќи велиш дека тој автобус е во сообраќај, тоа значи дека можеме само да сонуваме истиот да помине низ процес на рекаросирање, за да заличи на вистински градски автобус, а не на подвижна канта, па по можност да добие и клима уред.
 
Тешко нас наредниве 10 до 30 години додека да следува наредното обновување на возниот парк на ЈСП Скопје со нови возила, најверојатно дури после 30 години ќе се случи тоа, ако не и подоцна, типично македонски.

Единствени две работи кои се "потрудиле" да ги променат било префарбување на гаражниот број и веб страната и поставување реклами внатре. Се останато, од боја, врати, делот кај шоферот и карактеристичната распадната дрвена преграда кај мењачот, внатрешните карактеристики и сл беа како нормален санос кој сообраќа на 5-ка рецимо. Малку веројатно ми е дека е овој претходно сопственост на некој возач на приватен автобус, па да се решил идентично да го префарба и ентериерно да го уреди како оние на ЈСП.

23ka.wordpress.com
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 13-Jun-2012 at 19:44
Нова двојна приватна 45-ка, го сликнав денес кога поминував со велосипедот низ булевар Александар Македонски кај семафорите кај Автокоманда.
 

Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 13-Jun-2012 at 22:33
Добро ова германскиве реклами не можеле да ги тргнат??Исто бев пред некоја недела во струмичкиот регион,во едно село имаш автобус сигурно беше стар едно 25-30 г. минимум и на него на германски напишано "100 години се возите со нас".
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 13-Jun-2012 at 22:58
Previous
 
Јас мислам дека е добар слоганот. Rollin
 
На македонски јазик се разбира и да биде поставен на сите автобуси стари повеќе од 15 години, бидејќи македонскиот менталитет го претвора и тоа што е создадено пред само 1 година во нешто што изгледа како да постои барем 10 години.


Edited by Dexter26 - 13-Jun-2012 at 22:59
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3223
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 13-Jun-2012 at 23:25
А зошто да ги тргнат рекламите на германски? Ги обврзува ли некој од градските власти за да ги тргнат? Ги казнува ли полиција или сообраќаен инспекторат? Не, не и не. Кога мене некој ќе ме толерира и јас не би ги тргнал рекламите на странски јазик од автобусот!
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 14-Jun-2012 at 01:21
Да сум власт/полиција, никогаш не би ни помислил дека треба регулатива и мерки за вакво нешто. Би ги вовел дури кога ќе видам (на мое големо изненадување и контра здрав разум) дека автобусите ги оставаат облепени со странскии реклами. Сакам да речам, не е нешто што се подразбира и за кое треба веднаш да критикуваме служби. Ова е сулуда појава што шокира и која не можеле да ја предвидат во правила и казнувања.


Edited by Граѓанин - 14-Jun-2012 at 01:23
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 14-Jun-2012 at 02:52
Ne se problem stranskite reklami. Moze slobodno da reklamiraat svetski brendovi (npr. Coca-Cola). No vo slusajov se raboti za nesto drugo. Jasno e deka avtobusot e kupen na staro od Germanija i sopstvenikot ne se potrudil da gi simne reklamite (pretpostavuvam poradi finansiska pricina). Sepak treba da postoi nekoj "rukovodeki organ" koj pri samiot uvoz na voziloto ke posocuva na korekten nadvoresen izgled.  
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 14-Jun-2012 at 10:32
Да се надеваме дека со унификацијата на системот за наплата ќе воведат и унификација на изгледот меѓу ЈСП и приватниците.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Nemorosus View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Nemorosus Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 09-Jan-2013 at 11:46
Originally posted by Dexter26


Нова двојна приватна 45-ка, го сликнав денес кога поминував со велосипедот низ булевар Александар Македонски кај семафорите кај Автокоманда.  




MAN NG272, треба да се возам во овој, да ја осетам вожњата
Интересно е тоа што ни еден приватњак (со 2-3 макс.) немаат табели на автобусите што им работат (матрикси)...

Патем ме интересира нешто! Има ли еден Ikarus во целава Македонија што вози (унгарски)? Видов еден меѓуградски, али градски ме интересира?

Edited by Nemorosus - 09-Jan-2013 at 11:48
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 11-Mar-2013 at 16:48


Конекто приватна 45-ка, не стигнав подобро да го сликам за жал.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.062 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.