build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 18-Jan-2009 at 16:24
ЈСП - Транпортен центар
Ограден простор - терминал

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 16-Oct-2008 at 08:51
Се бојадисуваат автобуските станици низ градот


Јавното сообраќајно препријатие деновиве отпочна со редовната активност за бојадисување на постојните автобуски постојки низ градското подрачје. Од претпријатието ни појаснија дека фарбањето на избледените столбови, стреи и трафики се редовна активност на претпријатието, кој во овој дел од годината со нивно префарбување се заштитуваат од претстојните временски непогоди. Прва на удар беше автобуската Тифани, која се наоѓа во центарот на градот на улицата Даме Груев.

http://vecer.com.mk/?ItemID=ED06FCDCF1BCDF49BC2ED6594D431452


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 01-Oct-2008 at 23:15
Автобус ќе се чека со весник и кафе?!


Според надлежните во Градот во непосредна близина на постојките се планира подигање на типизирани киосци во кои би се продавале весници и кафе. Сепак, во Градот признаваат дека реализацијата на овој проект, кој беше одобрен и од градските советници, запна во административната преписка на релација Град - општините


Скопјани наскоро ќе имаат можност автобусите да ги чекаат на постојки кои конечно ќе бидат опремени според европските стандарди. Според надлежните во Градот, патниците кои ќе чекаат на постојките ќе имаат дури и можност да купат весник и кафе, со оглед дека во непосредна близина се планира подигање на типизирани киосци во кои би се продавале весници и кафе. Сепак, во Градот признаваат дека реализацијата на овој проект кој беше одобрен и од градските советници запна во административната преписка на релација Град - општините, поради што и проектот за јавно приватно партнерство во опремувањето на постојките, кое треба да го реализира Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје", доцни.

- Во план е да се заменат стреи на 330 постојки. Тие истовремено ќе бидат целосно снабдени со урбана опрема, односно клупи, корпи за отпадоци, а ќе има и информативни табли со мапа на градот и информации за линии и времето на пристигнување и заминување на автобусите. Постојките ќе бидат типизирани, односно во иста боја и со исти димензии, а во нивна околина се планира да бидат поставени и телефонски говорници, трафики кои исто така ќе бидат унифицирани и во кои ќе се продаваат весници. Дури се планира за потребите на патниците да се изградат и продавнички за самопослужување и кафетерија по принцип на бензински пумпи, вели градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

Додека според градонажалникот, локациите се веќе одредени и се чека на дозвола од општините, оттаму посочуваат дека тие веќе неколку месеци, согласно процедурата која важи за поставување на времени објекти, чекаат мислење од Градот?! Во ЈСП, пак, велат дека веднаш по добивањето на сите согласности, ќе биде распишан и јавен повик за избор на фирма партнер која ќе ги уредува постојките.

- За обновување на автобуските постојки, според нашите проценки, потребни се околу 1,5 милиони евра, средства што претпријатието ги нема. Приватниот партнер, пак, кој би ги презел постојките, би добил 1,3 милиони евра годишно од издавање на рекламен простор, кој исто така би бил составен дел од постојките. Притоа, 15 отсто би биле наменети за ЈСП, во чија сопственост по истекување на договорот кој би се потпишал на неколку години, постојките и целата опрема би останувале во сопственост на ЈСП и Градот.

http://vecer.com.mk/?ItemID=528EAC01BA352B4B8DF0911FF9F78431


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 29-Sep-2008 at 09:01
Унифицирани автобуски станици и во Скопје



Автор:  Бојана Стојчевска

Европски автобуски станици ќе се постават во целиот град откако ќе бидат решени бирократските проблеми со кои се предизвикува застој во работата на градската управа, одлучија градските и општинските власти на седницата на координативното тело на градоначалници на скопските општини.

Проблемот се јавува кај градската управа, каде што поради недостиг од луѓе се кочи процесот на издавање стручно мислење, кое е неопходно за општините да можат да почнат да издаваат дозволи за поставување такви автобуски станици.

Градоначалниците што во своите општини имаат и рурални предели информираа дека таму станиците се модернизирани, но не и во нивните урбанизирани делови.

- Во руралните делови во мојата општина имате станици со стреи, клупи, паркчиња, а кога ќе пристигнете во Автокоманда ќе видите дека ништо од тоа нема - изјави Коце Трајанов, градоначалник на Гази Баба.

Градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов, појасни дека од страна на неговата општина работите се завршени и дека веќе четири месеци чекаат одговор од градот.

- Проблемот го гледам во градот. Ние дадовме барање пред четири месеци, а за да поставиме станици е потребно мислење токму од градските власти, зашто ние само издаваме дозволи - рече Арсов.

Трифун Костовски истакна дека очигледно проблемот се наоѓа во бирократскиот систем што се применува.

- Со овој проект треба да се опфатат 330 унифицирани станици во урбаните предели на градот, а јас лично се залагам да се забрза оваа постапка и ќе проверам каде е проблемот. Нашите граѓани мораат да добијат европски станици како што заслужуваат - изјави Костовски.

Градоначалниците беа согласни дека ЈСП мора да направи промена во распоредот на линиите. Тие бараат да се вметнат нови линии или на некои броеви да им се продолжи трасата, како и да бидат почести.

- Како во сите општини така и во Шуто Оризари жителите на месната заедница Горно Оризари имаат проблем со тоа што автобусот со бројот 19, кој се движи во мојата општина, не доаѓа до заедницата и тие се принудени пеш да одат до најблиската станица - изјави Ердуан Исеини, градоначалник на Шуто Оризари.

Петре Латиновски, градоначалникот на Бутел, истакна дека со истиот проблем се соочуваат и жителите на Бутел 2.

- Во населбата Бутел 2 нема никаков возен ред. Тука не поминува автобус. Како предлог можам да дадам бројот 16, кој оди до Железара, да продолжи кон улицата Христијан Тодоровски-Карпош. Не се работи за некоја далечна дестинација, а самото тоа и ќе му донесе профит на ЈСП - додаде Латиновски.

Костовски побара од сите градоначалници најдоцна до крајот на неделата да состават барања за регулирање на возниот ред и да ги достават до градот.

Исто така, Костовски побара од градоначалникот на Аеродром, Кирил Тодоровски, да не ги суспендира проектите што се со заеднички средства.

- Најпрво сакам до господинот Тодоровски да упатам молба да не ги суспендира заедничките проекти, зашто тие се за доброто на жителите. И да истакнам дека мораме пред себе да си поставуваме реални проекти. Јас, најискрено, кога на местото на Голем ринг ќе видам висококатници ќе се прекрстам од Трифун во Муса - изјави Костовски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=195&top=1&ArticleID=8102
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 28-Jul-2008 at 19:35
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9832E8F1F34F3A4F91FAB358869D4E06


Подновувањето на автобуските постојки чека одобрениe

Повеќето општини имаат позитивен став, но во ЈСП пристигнал само одговор од Ѓорче Петров

Сања Наумовска

Опремувањето на автобуските постојки во урбаниот дел на Скопје доцни поради проблеми со доставата на потребните документи. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ пред еден месец побара одобрение од скопските општини за поставување урбана опрема на 330 автобуски постојки во урбаниот дел на градот. Иако поголемиот дел од општините велат дека позитивно одговориле и веќе ги испратиле одобренијата, во ЈСП пристигнал само одговор од Општина Ѓорче Петров.

Одобренијата се важни затоа што без нив не може да почне вториот дел од проектот- распишување тендер за приватен партнер со кој ќе се уредат постојките, велат во ЈСП. Оттаму се задоволни од позитивниот став на општинските власти и се надеваат дека проблемите од административна природа и доцнењето на доставата нема уште долго да ја пролонгираат реализацијата на проектот. Во една боја и со иста опрема ќе се уредат автобуските постојки од Сарај до Драчево и од Шуто Оризари и Радишани до Пржино.

Во Општина Карпош велат дека се задоволни од иницијативата на Градот и на ЈСП за унифицирање на автобуските постојки. Во општината има 40 постојки за кои Карпош позитивно се изјаснил и одобрението веќе е пратено до ЈСП. Истото го тврдат и во Општина Бутел, каде што велат дека веќе се уредени сите улици и тротоари каде што ќе се поставува урбаната опрема. Позитивен став имаат и општинарите од Гази Баба, додека во Аеродром барањето се' уште се разгледува. Во Општина Центар комуналната инспекција е на терен и ја утврдува состојбата на автобуските станици, бидејќи, како што велат во барањето, не е содржан елаборат за идниот изглед и водот на опремата која ќе се поставува на постојките. Заради тоа, општинарите бараат состанок со надлежните во Градот или во ЈСП. Во Чаир, пак, велат дека од ЈСП воопшто не добиле барање за издавање одобрение.

„Предвидена е димензијата и видот на опремата која ќе биде поставена на секоја автобуска постојка и која ќе биде унифицирана за целиот град. Тоа секако ќе бидат настрешниците, информативните табли со карта на градот и сите други информации за превозот, клупа, кошница за отпадоци, а на одредени станици каде што ќе има место и телефонска говорница и некои други урбани елементи“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај. Тој нагласува дека важен дел од секоја постојка ќе биде и просторот за рекламирање, кој всушност ќе му се даде на приватниот партнер на користење, а дел од профитот ќе добива и ЈСП.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 22-Feb-2008 at 23:03
Вакви вести не ме импресионираат од причина што 100 пати се најавуваат а никогаш не се реализираат... Но ете да ја евидентираме најавава Cheers

СО НОВИТЕ 330 АВТОБУСКИ СТОЈАЛИШТА


Постојките конечно ќе заличат на европски?!


ЈСП во најскоро време ќе распише јавен повик за уредување на 330 постојки на целата територија на градот. Новите постојки ќе бидат снабдени со столчиња, информативна табла со возниот ред и времето на пристигнување на автобусите, а на самите постојки ќе има простор за рекламирање


Голем број на постојките во градот на патниците не им пружаат основни услови за заштита од ветер и дожд додека чекаат автобус. Нема клупи за седење, недостасуваат табли за информирање, па дури и стреите се искршени или воопшто ги нема. Единствен знак кој укажува на тоа дека тука застанува автобус е метална шипка на која некогаш бил закачен возниот ред?! Додека од ЈСП најавуваат уредување на 330 постојки, скопјани реагираат.

- Единствено постојките во централното градско подрачје се колку-толку уредени, иако и тука нема столчиња, информативна табла, или корпа за отпадоци. Останатите постојки распоредени во скопските населби, буквално не личат на ништо, а да не зборуваме за населени места каде автобус се чека и по еден час. А токму таму е неопходна стреа и клупи каде постарите лица би можеле да седнат и да го почекаат автобусот. Ретките информативни табли, пак, или се застарени или воопшто ги нема, така што доколку не се јавите за информации во ЈСП, не можете да знаете кога ќе ви пристигне автобусот, велат револтираните граѓани.

Од ЈСП "Скопје" потврдуваат дека во најскоро време ќе се распише јавен повик за уредување на 330 постојки на целата територија на градот. Понудувачот што ќе се избере ќе мора да ги уреди постојките според Одлуката за јавен градски, приградски и меѓуопштински патнички превоз и согласно европските стандарди, но и да се грижи за нивно одржување.

- Веќе се подготвува техничка документација за распишување на тендерот, а се чека и општините да достават информација за локациите на кои треба да бидат поставени постојки. Новите постојки ќе бидат снабдени со столчиња, информативна табла со возниот ред и времето на пристигнување на автобусите, а на самите постојки ќе има простор за рекламирање. И воведување на системот за автоматска локација на автобусите на кој се работи во Градот, исто така ќе биде во функција на граѓаните и нивно информирање, велат во ЈСП и Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Даниела ТРАЈКОВСКА



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9BB6CD1A378AC44297D79E0F680836D9
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 11-Sep-2007 at 01:25
Од тоа малку што сум прошетал во животот, нашите црвени постојки ги ставам при дното на листата.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 11-Sep-2007 at 01:17
^^
 
одговорот е едноставен. Никој.... А истава вест пак ќе ја прочитаме за 6-7 месеци.
 
Приказнава почнува во далечната '95 некаде со француската фирма Беба Жирод (така бар беше фриленс преводот на нашите медиуми) која сакаше да ги направи автобуските во замена за рекламен простор. Ако не се лажам црвените постојки што ги има на неколку места во градов се примероци од таа фирма.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 11-Sep-2007 at 01:06
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=03D37769B046574BAC7668B8728B6745

Ќе се прават 335 нови автобуски постојки

Наредната година скопјани ќе добијат 335 нови стандардизирани автобуски постојки од неколку типа. Од Одделението за сообраќај во Градот велат дека не само што ја одредиле бројката на постојки на подрачјето на Скопје туку и предвиделе тие да бидат од различен тип, единечни и двојни, а потоа и комбинација од едните и другите со стандардизирани трафики.

Нема повеќе да се толерира узурпирањето на просторот пред нив со тенди, продажни полици и фрижидери за сладолед или пијалаци. Петиот тип постојки ќе бидат наједноставни, само со покривни конструкции, а ќе бидат лоцирани на потесните тротоарни површини. До крајот на септември ќе биде распишан и тендер за избор на фирма што ќе ги изведува работите.

„Го сработивме делот околу стандардизирањето на димензиите на постојките и материјалот од кој ќе бидат изработени.

Останува идната седмица да се искристализираат одредени детали со ЈСП ’Скопје‘. Имаме одредени модели на постојки според европските стандарди и ќе користиме еден од нив. Сигурно е дека наредната година Скопје ќе добие нови постојки“, вели Јован Христовски, раководител на Одделението за сообраќај во Градот. (Сн.К.)



Веројатно по 2375-ти пат се објавува нешто вакво околу постојките. Уште повеќе ме нервира фактот што Трифун пред само некој ден се силеше дека ќе ги донесел Германците од Wall кои меѓу другото бесплатно ќе ни направеле и постојки (во замена за рекламниот простор). Тоа не ни укажува само дека има нула координација меѓу градоначалникот и неговите луѓе, туку дека не се кадарни сериозно да застанат ни зад најситните проекти.

А овој Јован Христовски нешто многу е самоуверен... Баш ме интересира дали е спремен да сноси одговорност ако пропаднат неговиве уверувања и гаранции...


Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 02:46
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.