build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 08-Aug-2010 at 18:12
Автобуска построја во домашна атмосвера. (прекопат општина Карпош)

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 08-Aug-2010 at 19:50
Previous Таму каде што стои фотографот, само малце повисоко треба да погледне (иако најверојатно е видено...) нема еден од панелите поставени од ЈСП со GPS info. Ohno
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 18-Aug-2010 at 11:24

Со концесија до поубави 292 автобуски станици


ЈСП „Скопје“ ќе склучи договор со приватен партнер за проектот вреден 1,5 милион евра

 
 
%20  
Од вкупно 496 градски и 505 приградски автобуски станици, ЈСП „Скопје“ во наредниве две години планира 292 да даде под концесија. Приватниот партнер ќе има обврска од корен да ги уреди овие стојалишта, а 80 од нив ќе добијат и електронски информативни дисплеи. Приватниот партнер кој ќе ги изгради овие стојалишта и ќе стопанисува со нив ќе се избере на 15 септември, кога ќе се отворат понудите што стасаа на јавниот повик за уредување на стојалиштата. Фирмата што ќе го добие овој вносен бизнис ќе треба да му плаќа на ЈСП „Скопје“ и одреден надомест за користење на станиците на годишно ниво. Проектот е вреден 1,5 милион евра, а концесионерот ќе може да заработува и со издавање на рекламниот простор на станиците. На пробниот оглас објавен пролетва за овој бизнис веќе имало 16 заинтересирани фирми.

- Пред да го објавиме официјалниот повик за избор на фирма што ќе ги уреди автобуските станици, организиравме состанок за да го испипаме пулсот на терен и на наше задоволство се јавија 16 заинтересирани фирми за соработка. Ова нé охрабри за да продолжиме и да го реализираме овој бизнис-проект - ни изјави Ана Груевска од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Потребата од подновување или комплетно уредување на автобуските станици е неодложна. Стари искршени и веќе одамна дотраени автобуски станици ве пречекуваат на секој чекор во градот. Досега овој вид урбана опрема претрпе неколку измени. До 80-тите години од дваесеттиот век автобуските станици беа обележувани само со црвена метална прачка во облик на буквата „Г“, на која стоеше табла со бројот на автобусот што вози на таа линија. Потоа дојдоа жолтите пластични чадор-печурки што штитеа од дожд и снег, ама не и од ветар. Тие сé уште го „красат“ урбаниот простор, но за жал се максимално истрошени и амортизирани. Пред десетина години, пак, градот и ЈСП „Скопје“ ги заменија овие зелено-жолти чадори со помодерните црвени кабини. Станици од алуминиумски рамки и плексиглас, канти за отпадоци, клупи за седење и светлечки ѕидови, што служеа како рекламни паноа. Но и овие стојалишта потклекнаа пред налетот на времето. Делови од нив завршија и по приватните дворови, пред сé кантите за отпадоци.

Каква боја ќе бидат новите автобуски станици не се знае, но се знае дека ќе се поставуваат три типа.

- Типот А, е планирано да има натстрешник, клупа, канта за отпадоци, рекламно пано, светилки, информативни табли, како и табла со бројот на автобуси што стојат на станицата. Вакви станици од вкупно 292, што ќе ги добие под концесија приватен партнер, ќе има вкупно 68 на број. Според вториот тип А1 ќе бидат уредени 129 станици. Овој модел ќе ги содржи истите елементи како и првиот, но со мали измени, што засега ќе биде мало изненадување за скопјани. Според третиот тип А-двојна ќе се направат 95 станици. Овој модел ќе биде фактички спојување на двата типа станици, ќе бидат поголеми и пред сé наменети за пофреквентните локации во градот, каде што сообраќаат поголем број автобуси - информираат од ЈСП „Скопје“.

Од приватниот партнер ќе се бара што е можно пократок рок за реализација на договорот. Ќе се вреднува и квалитетот на материјалот од кој ќе се произведат стојалиштата, како и современиот дизајн кој ќе има предност во изборот. Изработката, поставувањето и доведувањето во функционална состојба на 292 автобуски станици, како и на 80 електронски информативни дисплеи е обврска на приватниот партнер, а проценетата вредност на концесијата изнесува 1.500.000 евра. По потпишувањето на договорот, односно по изборот на приватниот партнер, тој ќе има обврска до крајот на 2011 година да постави и 40 електронски информативни дисплеи, а другите во 2012 година.

Во отсуство на закон за јавно приватно партнерство, издавањето на автобуските станици ќе се направи според Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81810103911&id=14&setIzdanie=22062
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 15-Sep-2010 at 22:07

ОТВОРЕН ТЕНДЕРОТ ШТО ГО ОБЈАВИ ЈСП ЗА ИЗБОР НА ПРИВАТЕН ПАРТНЕР


Четири компании во трка за уредување на автобуските постојки


Кераванос Атина, Вија Сигнал, Лазов Груп и М-6 се заинтересирани да инвестираат во стојалиштата, да ги уредат и да стопанисуваат со нив, а за возврат да го користат рекламниот простор


Една грчка компанија и три домашни фирми влегуваат во трка за уредување на автобуските постојки во Град Скопје. Кераванос Атина, Вија Сигнал, Лазов Груп и М-6 учествуваа на меѓународниот тендер што во јули годинава го објави ЈСП Скопје за избор на концесионер којшто е заинтересиран по принципот јавно-приватно партнерство - ЈПП да инвестира во стојалиштата, да ги уреди и да стопанисува со нив, а за возврат да го користи рекламниот простор. Комисијата што ги отвори понудите има задача во следниот период на направи евалуација и по принципот бодување да ја избере најприфатливата понуда. Најмногу поени, вкупно 35 носи, времетраењето на експлоатацијата (за помалку години се даваат повеќе бодови), по 30 бода носат рокот на изработка на постојките и идејното решение со дизајнот, а само 5 бода тежи понудата за месечен надомест што е подготвена фирмата да му го плати на ЈСП. Естетскиот изглед на постојките и за квалитетот на материјали којшто ќе биде употребен за изработка на настрешниците ќе го разгледуваат двајца архитекти.

Најкус рок за стопанисување понуди Вија сигнал, на која ќе и бидат доволни само пет години ЈПП за да си ја поврати инвестицијата. Оваа фирма е согласна за три месеци, по добивањето на сите потребни дозволи, да ги уреди постојките и уште за концесијата да плаќа по 20 илјади евра годишно.

Лазов Груп, пак, е подготвен да инвестира нешто помалку од четири милиони евра во уредување на постојките и понуди три идејни решенија од кои едното има добиено прва награда за дизајн на светско ниво. Кое од трите ќе биде избрано, оставаат да избере ЈСП. Времето што им е потребно за инсталирање на конструкциите е од 4 до 6 месеци, а до 2012 би ги поставиле сигналните табли. Лазов груп ќе плаќа 6.000 евра годишно, а за возврат бараат концесионерство во рок од 25 години.

Грчката Керавнос понуди 18-годишно јавно-приватно партнерство и девет месеци рок за уредување на постојките кое би се реализирало во три фази. Керавнос за концесијата е подготвена да издвојува 4.500 евра годишно.

Понудата на М6 - Светлана д.о.о. важи за 10 години јавно-приватно партнерство, период во којшто се подготвени да плаќаат по 36.000 евра годишно. Тие нудат постојки од сопствено производство кои би ги инсталирале во рок од 12 месеци.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, којшто беше присутен на отаворањето на понудите истакна дека се надева дека уредувањето на стојалиштата ќе се реализира многу бргу, што за скопјани ќе значи чекор напред во подобрувањето на условите во јавниот сообраќај, а истовремено и подобрување на општиот имиџ на градов.

На автобуските станици, покрај стандардните елементи, треба да има и клупи, информативни табли, фонтани, киосци, различни штандови и друга опрема, во зависност од големината на станицата.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 16-Sep-2010 at 00:09

Ај да погодуваме.... 

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 16-Sep-2010 at 00:20

Еве моја анализа... кој би бил фаворит?

Но има некои работи кои треба да се земат во предвид....

0. Не знаеме какви се искуствата на секој пеодинично и дали можат да се споредуваат. Познато ми е Лазов Груп.... ама што има тоа врска... условите се тие

1. Не знаеме како изгледаат.

2. Не знаеме каков квалитет и каква изработка ќе добиеме за рокот кој е предвиден.

3. Не знаеме дали има фаворит и пред да се отвори тендерот (интереси)

4. Валидноста на тендерот (читај корупција)? Се сомневам дека би имало но да се има во предвид. Се надевам дека нема да се поништува по неколку пати

И тоа би било се...

Вија Сигнал е најповолна.



Edited by FoSsiL - 16-Sep-2010 at 00:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 16-Sep-2010 at 02:45
Мене М-6 ми изгледа најповолна. ама според тоа Светлана во името ме асоцира на несериозна човек-ташна-фирма што допрва после тендер станува нешто, а предходно ниакде ги нема. Со Лазов имаме веќе искуство во градот со билборди. Вија ми е некаде измеѓу, а Кераванос воопшто не ми изгледа како поволна понуда. Долг рок на отплата, мал годишен надомест, воопшто не атрактивно. Рокот за инсталација не го земам во предвид, во Македонија тоа не важи, само формалност е, а и не е некој битен фактор.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 16-Sep-2010 at 08:25
Originally posted by lslcrew

Мене М-6 ми изгледа најповолна. ама според тоа Светлана во името ме асоцира на несериозна човек-ташна-фирма што допрва после тендер станува нешто, а предходно ниакде ги нема. Со Лазов имаме веќе искуство во градот со билборди....


Па и „Лазов груп“ како го познавам не ми звучи баш како Allianz или Lloyds, ова не мора ништо да значи. Како и да е, фала богу што се потегна и ова. Се надевам дека нема да биде нападен дизајн (недај боже „барок“) и нема да фаќа 8/9 од тротоарот како што беше случај со неколкуте црвени настрешници од поново време што ги има по центар, само за да се истопори реклама. Може ова ќе потегне и да се размисли за киосците (читај супермаркети и скара на кило) на автобуските станици и нивните гајби извадени на улица...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 16-Sep-2010 at 12:23

„ ....... Иако конкурентите се изјаснија за фер игра, "Лазов груп" смета дека нема конкуренција.
"Јас ги почитувам сите понудувачи, но мислам дека нема јака конкуренција. Ако се земе предвид дека нашата банкарска гаранција е скоро дупло поголема од останатите, може да се види дека нудиме изградба на квалитетни и естетски станици", рече Владимир Лазов, сопственик на групацијата..... "

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 16-Sep-2010 at 14:26
Originally posted by Dave Gahan

[QUOTE=lslcrew] Може ова ќе потегне и да се размисли за киосците (читај супермаркети и скара на кило) на автобуските станици и нивните гајби извадени на улица...


Кај мене на автобуска има адвокат во таква трафика, шнајдер со бутик исто така во таква трафика, такви две супермарктчиња со пуштено лимови, трски и настрашници како "освоена" територија. Само да почне да се прави Првомајска, се ова ќе отиде во историја.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 16-Sep-2010 at 14:31
Инаку оние класичните трафики се од времето на социјализмот од СФРЈ и баш на ССЦ имаше таква тема па очигледно само кај нас останале CrazyCrazy
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
gko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote gko Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 16-Sep-2010 at 16:20
Originally posted by lslcrew

Мене М-6 ми изгледа најповолна. ама според тоа Светлана во името ме асоцира на несериозна човек-ташна-фирма што допрва после тендер станува нешто......


Па не се баш човек фирма зашто Тиквеш е повеќе од 70% нивно + еден куп компании, и ги води Свето Пивара...
Сепак успешноста на проектот не зависи од тоа...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 17-Sep-2010 at 12:19
Originally posted by FoSsiL


Но има некои работи кои треба



Само една мала исправка за почеток, фирмата се вика Керавнос, грешно ја пренеле медиумите.

Што се однесува до понудите, Вија Сигнал е апсолутно најповолен избор. После 5 години ЈСП Скопје ќе ги цица парите од рекламите, кои ќе бидат ненормално големи пари! Годишен надоместок за петте години и да понуделе НУЛА, сепак тоа што после само 5 години ЈСП ќе има право на рекламниот простор... пари за нови автобуси! Што се однесува до квалитетот, ако се обврзани да си ги одржуваат објектите, доколку не чини материјалот, пак фирмата ќе си ги сноси трошоците, не ЈСП.

Edited by гитардемон - 17-Sep-2010 at 12:24
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 23-Dec-2010 at 03:31

Грците со најповолна понуда за автобуските стојалишта

Грчката фирма „Керавнос“ од Атина дала најповолна понуда на меѓународниот тендер, кој го распиша ЈСП „Скопје“ за поставување 292 нови автобуски стојалишта во централното градско подрачје по пат на јавно-приватно партнерство, дознава „Дневник“. Комисијата за јавни набавки поединечно ги разгледала сите четири понуди, но официјалниот избор Управниот одбор ќе го направи на 29 декември.

„Керавнос“ ќе биде должна да ги изработи и постави стојалиштата. Според понудениот договор, таа ќе стопанисува со нив 18 години и во тој период ќе може да издава рекламен простор на автобуските станици. Избраниот концесионер ќе биде должен на постојките да постави уште 80 дисплеи кои ќе го покажуваат времето на доаѓање на автобусот, како и надворешната температура. Засега има само 10 такви дисплеи.

Според понудата, Грците треба да ги постават автобуските постојки во рок од девет месеци од денот на потпишувањето на договорот, и тоа во три фази.

Во првата фаза ќе бидат поставени 100 стојалишта, и тоа во рок од 2,5 месеца, а во ист рок ќе бидат поставени уште толку. Во третата фаза, во рок од четири месеци ќе бидат поставени дисплеите. Оваа фирма понуди 4.500 евра надомест за јавно-приватно партнерство на годишно ниво и исто толкава банкарска гаранција.

На меѓународниот тендер свои понуди имаа уште три, и тоа македонски фирми: „Виа сигнал“, „Лазов груп“ и „М-6 Светлана и останати ДОО“, сите од Скопје.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, вели дека со обновувањето на автобуските постојки градот ќе добие подобар имиџ.

- Идејата е на партнерот да му го отстапиме рекламниот простор, а тој да ни направи современи автобуски постојки. Со пристигнувањето и на новите автобуси ќе заокружиме еден голем проект во јавниот превоз. Ќе остане најголемиот предизвик - регулирањето на односите со приватните превозници и намалувањето на дивите превозници - нагласи Николов.

Од 292 стојалишта,108 од типот А ќе бидат со натстрешник, клупа, канта за отпадоци, рекламно пано, урбани светилки, информативни табли и табла со број на автобуси што стојат на станицата. Од типот А1 ќе бидат 81, со истата опрема, со тоа што ќе немаат клупа. Ќе има и 93 двојни, кои ќе се добијат со спојување на две стојалишта од типот А.http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8AF85CEE7EA87D4F9E423B314F8CFADE

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 23-Dec-2010 at 03:44
Уште не можам да сфатам, зошто би немале клупи, кога клупите се најосновното и најевтиното! Плус обврска на Грците ќе биде да ги менуваат искршените клупи, не на ЈСП.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 23-Dec-2010 at 08:51
Originally posted by гитардемон

Уште не можам да сфатам, зошто би немале клупи, кога клупите се најосновното и најевтиното! Плус обврска на Грците ќе биде да ги менуваат искршените клупи, не на ЈСП.


Не знам ни јас. Кога ќе видиме каде ќе нема клупи можеби ќе знаеме...


На пример ако нема клупи на најударните автобуски, тоа можеби ќе биде така за да има повеќе место „под“ стреата кога врне. Ако пак се на места каде што нема живо пиле, веројатно се плашат од кршење на клупите.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 24-Dec-2010 at 01:10
Да ги разгледаме уште еднаш понудите... Ако нема други критериуми кои не биле соопштени (!?), тогаш по кој основ грците излегоа најповолни??? Еве споредете ги со Вија Сигнал, убедливо се послаби во сите три критериуми. Ако се потврди дека за најповолна понуда е избрана грчката, очекувам „фестивали“, и со право.

Originally posted by FoSsiL

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 24-Dec-2010 at 03:40
Да се Керавнос 1,8 години, би се согласил, ама 18?! На jsp.com.mk нема никаква вест, па може да е некоја глупава шпекулација.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 24-Dec-2010 at 15:16
Според мене има две „објаснувања“

1. Надоместокот кој ќе се исплаќа на оваа компанија е најнизок, 4500еур x 18 години = 81000 еур и после тоа автобуските се на ЈСП.

2. Секогаш странското е „подобро“ од нашето, така беше и за еднокатните автобуси(Украински пред Македонски)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 24-Dec-2010 at 15:24
Нема логика во одлуката. Имаше подобри понуди од оваа. По ништо не е атрактивна понудата. А за ова второто и јас се сложувам со тебе дека кај нас шета многу овој синдорм напониска вредност, само во случајов тоа не е случај. Го имаме правено муабетот и во друга нишка да не го повторуваме, Македонија нема фабрика за автобуси, фабрика има тамо некој приватник што сакаше да не опељуши со наводно пониска цена, а цените врска немаа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.