build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автобуски постојки и терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Автобуски постојки и терминали
    Posted: 11-Sep-2007 at 01:06
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=03D37769B046574BAC7668B8728B6745

Ќе се прават 335 нови автобуски постојки

Наредната година скопјани ќе добијат 335 нови стандардизирани автобуски постојки од неколку типа. Од Одделението за сообраќај во Градот велат дека не само што ја одредиле бројката на постојки на подрачјето на Скопје туку и предвиделе тие да бидат од различен тип, единечни и двојни, а потоа и комбинација од едните и другите со стандардизирани трафики.

Нема повеќе да се толерира узурпирањето на просторот пред нив со тенди, продажни полици и фрижидери за сладолед или пијалаци. Петиот тип постојки ќе бидат наједноставни, само со покривни конструкции, а ќе бидат лоцирани на потесните тротоарни површини. До крајот на септември ќе биде распишан и тендер за избор на фирма што ќе ги изведува работите.

„Го сработивме делот околу стандардизирањето на димензиите на постојките и материјалот од кој ќе бидат изработени.

Останува идната седмица да се искристализираат одредени детали со ЈСП ’Скопје‘. Имаме одредени модели на постојки според европските стандарди и ќе користиме еден од нив. Сигурно е дека наредната година Скопје ќе добие нови постојки“, вели Јован Христовски, раководител на Одделението за сообраќај во Градот. (Сн.К.)



Веројатно по 2375-ти пат се објавува нешто вакво околу постојките. Уште повеќе ме нервира фактот што Трифун пред само некој ден се силеше дека ќе ги донесел Германците од Wall кои меѓу другото бесплатно ќе ни направеле и постојки (во замена за рекламниот простор). Тоа не ни укажува само дека има нула координација меѓу градоначалникот и неговите луѓе, туку дека не се кадарни сериозно да застанат ни зад најситните проекти.

А овој Јован Христовски нешто многу е самоуверен... Баш ме интересира дали е спремен да сноси одговорност ако пропаднат неговиве уверувања и гаранции...


Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 02:46
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Sep-2007 at 01:17
^^
 
одговорот е едноставен. Никој.... А истава вест пак ќе ја прочитаме за 6-7 месеци.
 
Приказнава почнува во далечната '95 некаде со француската фирма Беба Жирод (така бар беше фриленс преводот на нашите медиуми) која сакаше да ги направи автобуските во замена за рекламен простор. Ако не се лажам црвените постојки што ги има на неколку места во градов се примероци од таа фирма.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Sep-2007 at 01:25
Од тоа малку што сум прошетал во животот, нашите црвени постојки ги ставам при дното на листата.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Feb-2008 at 23:03
Вакви вести не ме импресионираат од причина што 100 пати се најавуваат а никогаш не се реализираат... Но ете да ја евидентираме најавава Cheers

СО НОВИТЕ 330 АВТОБУСКИ СТОЈАЛИШТА


Постојките конечно ќе заличат на европски?!


ЈСП во најскоро време ќе распише јавен повик за уредување на 330 постојки на целата територија на градот. Новите постојки ќе бидат снабдени со столчиња, информативна табла со возниот ред и времето на пристигнување на автобусите, а на самите постојки ќе има простор за рекламирање


Голем број на постојките во градот на патниците не им пружаат основни услови за заштита од ветер и дожд додека чекаат автобус. Нема клупи за седење, недостасуваат табли за информирање, па дури и стреите се искршени или воопшто ги нема. Единствен знак кој укажува на тоа дека тука застанува автобус е метална шипка на која некогаш бил закачен возниот ред?! Додека од ЈСП најавуваат уредување на 330 постојки, скопјани реагираат.

- Единствено постојките во централното градско подрачје се колку-толку уредени, иако и тука нема столчиња, информативна табла, или корпа за отпадоци. Останатите постојки распоредени во скопските населби, буквално не личат на ништо, а да не зборуваме за населени места каде автобус се чека и по еден час. А токму таму е неопходна стреа и клупи каде постарите лица би можеле да седнат и да го почекаат автобусот. Ретките информативни табли, пак, или се застарени или воопшто ги нема, така што доколку не се јавите за информации во ЈСП, не можете да знаете кога ќе ви пристигне автобусот, велат револтираните граѓани.

Од ЈСП "Скопје" потврдуваат дека во најскоро време ќе се распише јавен повик за уредување на 330 постојки на целата територија на градот. Понудувачот што ќе се избере ќе мора да ги уреди постојките според Одлуката за јавен градски, приградски и меѓуопштински патнички превоз и согласно европските стандарди, но и да се грижи за нивно одржување.

- Веќе се подготвува техничка документација за распишување на тендерот, а се чека и општините да достават информација за локациите на кои треба да бидат поставени постојки. Новите постојки ќе бидат снабдени со столчиња, информативна табла со возниот ред и времето на пристигнување на автобусите, а на самите постојки ќе има простор за рекламирање. И воведување на системот за автоматска локација на автобусите на кој се работи во Градот, исто така ќе биде во функција на граѓаните и нивно информирање, велат во ЈСП и Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Даниела ТРАЈКОВСКА



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9BB6CD1A378AC44297D79E0F680836D9
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Jul-2008 at 19:35
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9832E8F1F34F3A4F91FAB358869D4E06


Подновувањето на автобуските постојки чека одобрениe

Повеќето општини имаат позитивен став, но во ЈСП пристигнал само одговор од Ѓорче Петров

Сања Наумовска

Опремувањето на автобуските постојки во урбаниот дел на Скопје доцни поради проблеми со доставата на потребните документи. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ пред еден месец побара одобрение од скопските општини за поставување урбана опрема на 330 автобуски постојки во урбаниот дел на градот. Иако поголемиот дел од општините велат дека позитивно одговориле и веќе ги испратиле одобренијата, во ЈСП пристигнал само одговор од Општина Ѓорче Петров.

Одобренијата се важни затоа што без нив не може да почне вториот дел од проектот- распишување тендер за приватен партнер со кој ќе се уредат постојките, велат во ЈСП. Оттаму се задоволни од позитивниот став на општинските власти и се надеваат дека проблемите од административна природа и доцнењето на доставата нема уште долго да ја пролонгираат реализацијата на проектот. Во една боја и со иста опрема ќе се уредат автобуските постојки од Сарај до Драчево и од Шуто Оризари и Радишани до Пржино.

Во Општина Карпош велат дека се задоволни од иницијативата на Градот и на ЈСП за унифицирање на автобуските постојки. Во општината има 40 постојки за кои Карпош позитивно се изјаснил и одобрението веќе е пратено до ЈСП. Истото го тврдат и во Општина Бутел, каде што велат дека веќе се уредени сите улици и тротоари каде што ќе се поставува урбаната опрема. Позитивен став имаат и општинарите од Гази Баба, додека во Аеродром барањето се' уште се разгледува. Во Општина Центар комуналната инспекција е на терен и ја утврдува состојбата на автобуските станици, бидејќи, како што велат во барањето, не е содржан елаборат за идниот изглед и водот на опремата која ќе се поставува на постојките. Заради тоа, општинарите бараат состанок со надлежните во Градот или во ЈСП. Во Чаир, пак, велат дека од ЈСП воопшто не добиле барање за издавање одобрение.

„Предвидена е димензијата и видот на опремата која ќе биде поставена на секоја автобуска постојка и која ќе биде унифицирана за целиот град. Тоа секако ќе бидат настрешниците, информативните табли со карта на градот и сите други информации за превозот, клупа, кошница за отпадоци, а на одредени станици каде што ќе има место и телефонска говорница и некои други урбани елементи“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај. Тој нагласува дека важен дел од секоја постојка ќе биде и просторот за рекламирање, кој всушност ќе му се даде на приватниот партнер на користење, а дел од профитот ќе добива и ЈСП.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Sep-2008 at 09:01
Унифицирани автобуски станици и во Скопје



Автор:  Бојана Стојчевска

Европски автобуски станици ќе се постават во целиот град откако ќе бидат решени бирократските проблеми со кои се предизвикува застој во работата на градската управа, одлучија градските и општинските власти на седницата на координативното тело на градоначалници на скопските општини.

Проблемот се јавува кај градската управа, каде што поради недостиг од луѓе се кочи процесот на издавање стручно мислење, кое е неопходно за општините да можат да почнат да издаваат дозволи за поставување такви автобуски станици.

Градоначалниците што во своите општини имаат и рурални предели информираа дека таму станиците се модернизирани, но не и во нивните урбанизирани делови.

- Во руралните делови во мојата општина имате станици со стреи, клупи, паркчиња, а кога ќе пристигнете во Автокоманда ќе видите дека ништо од тоа нема - изјави Коце Трајанов, градоначалник на Гази Баба.

Градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов, појасни дека од страна на неговата општина работите се завршени и дека веќе четири месеци чекаат одговор од градот.

- Проблемот го гледам во градот. Ние дадовме барање пред четири месеци, а за да поставиме станици е потребно мислење токму од градските власти, зашто ние само издаваме дозволи - рече Арсов.

Трифун Костовски истакна дека очигледно проблемот се наоѓа во бирократскиот систем што се применува.

- Со овој проект треба да се опфатат 330 унифицирани станици во урбаните предели на градот, а јас лично се залагам да се забрза оваа постапка и ќе проверам каде е проблемот. Нашите граѓани мораат да добијат европски станици како што заслужуваат - изјави Костовски.

Градоначалниците беа согласни дека ЈСП мора да направи промена во распоредот на линиите. Тие бараат да се вметнат нови линии или на некои броеви да им се продолжи трасата, како и да бидат почести.

- Како во сите општини така и во Шуто Оризари жителите на месната заедница Горно Оризари имаат проблем со тоа што автобусот со бројот 19, кој се движи во мојата општина, не доаѓа до заедницата и тие се принудени пеш да одат до најблиската станица - изјави Ердуан Исеини, градоначалник на Шуто Оризари.

Петре Латиновски, градоначалникот на Бутел, истакна дека со истиот проблем се соочуваат и жителите на Бутел 2.

- Во населбата Бутел 2 нема никаков возен ред. Тука не поминува автобус. Како предлог можам да дадам бројот 16, кој оди до Железара, да продолжи кон улицата Христијан Тодоровски-Карпош. Не се работи за некоја далечна дестинација, а самото тоа и ќе му донесе профит на ЈСП - додаде Латиновски.

Костовски побара од сите градоначалници најдоцна до крајот на неделата да состават барања за регулирање на возниот ред и да ги достават до градот.

Исто така, Костовски побара од градоначалникот на Аеродром, Кирил Тодоровски, да не ги суспендира проектите што се со заеднички средства.

- Најпрво сакам до господинот Тодоровски да упатам молба да не ги суспендира заедничките проекти, зашто тие се за доброто на жителите. И да истакнам дека мораме пред себе да си поставуваме реални проекти. Јас, најискрено, кога на местото на Голем ринг ќе видам висококатници ќе се прекрстам од Трифун во Муса - изјави Костовски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=195&top=1&ArticleID=8102
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 01-Oct-2008 at 23:15
Автобус ќе се чека со весник и кафе?!


Според надлежните во Градот во непосредна близина на постојките се планира подигање на типизирани киосци во кои би се продавале весници и кафе. Сепак, во Градот признаваат дека реализацијата на овој проект, кој беше одобрен и од градските советници, запна во административната преписка на релација Град - општините


Скопјани наскоро ќе имаат можност автобусите да ги чекаат на постојки кои конечно ќе бидат опремени според европските стандарди. Според надлежните во Градот, патниците кои ќе чекаат на постојките ќе имаат дури и можност да купат весник и кафе, со оглед дека во непосредна близина се планира подигање на типизирани киосци во кои би се продавале весници и кафе. Сепак, во Градот признаваат дека реализацијата на овој проект кој беше одобрен и од градските советници запна во административната преписка на релација Град - општините, поради што и проектот за јавно приватно партнерство во опремувањето на постојките, кое треба да го реализира Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје", доцни.

- Во план е да се заменат стреи на 330 постојки. Тие истовремено ќе бидат целосно снабдени со урбана опрема, односно клупи, корпи за отпадоци, а ќе има и информативни табли со мапа на градот и информации за линии и времето на пристигнување и заминување на автобусите. Постојките ќе бидат типизирани, односно во иста боја и со исти димензии, а во нивна околина се планира да бидат поставени и телефонски говорници, трафики кои исто така ќе бидат унифицирани и во кои ќе се продаваат весници. Дури се планира за потребите на патниците да се изградат и продавнички за самопослужување и кафетерија по принцип на бензински пумпи, вели градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

Додека според градонажалникот, локациите се веќе одредени и се чека на дозвола од општините, оттаму посочуваат дека тие веќе неколку месеци, согласно процедурата која важи за поставување на времени објекти, чекаат мислење од Градот?! Во ЈСП, пак, велат дека веднаш по добивањето на сите согласности, ќе биде распишан и јавен повик за избор на фирма партнер која ќе ги уредува постојките.

- За обновување на автобуските постојки, според нашите проценки, потребни се околу 1,5 милиони евра, средства што претпријатието ги нема. Приватниот партнер, пак, кој би ги презел постојките, би добил 1,3 милиони евра годишно од издавање на рекламен простор, кој исто така би бил составен дел од постојките. Притоа, 15 отсто би биле наменети за ЈСП, во чија сопственост по истекување на договорот кој би се потпишал на неколку години, постојките и целата опрема би останувале во сопственост на ЈСП и Градот.

http://vecer.com.mk/?ItemID=528EAC01BA352B4B8DF0911FF9F78431


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Oct-2008 at 08:51
Се бојадисуваат автобуските станици низ градот


Јавното сообраќајно препријатие деновиве отпочна со редовната активност за бојадисување на постојните автобуски постојки низ градското подрачје. Од претпријатието ни појаснија дека фарбањето на избледените столбови, стреи и трафики се редовна активност на претпријатието, кој во овој дел од годината со нивно префарбување се заштитуваат од претстојните временски непогоди. Прва на удар беше автобуската Тифани, која се наоѓа во центарот на градот на улицата Даме Груев.

http://vecer.com.mk/?ItemID=ED06FCDCF1BCDF49BC2ED6594D431452


Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Jan-2009 at 16:24
ЈСП - Транпортен центар
Ограден простор - терминал

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Feb-2009 at 11:21
Унифицираните автобуски станици зависат од општинските совети



Автор:  Бојана Стојчевска
Скопје
Европските унифицирани автобуски станици ќе се постават во Скопје откога општините ќе ги донесат програмите во кои ќе ги вметнат нивните локации. Александар Бошковиќ, директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, истакна дека биле предвидени 960 станици и тие ќе почнеле да се поставуваат откога општините ќе ги издадат дозволите. Градската управа информира дека донесувањето на програмите било завршната фаза на проектот, кој траел повеќе од година и половина. И во општините велат дека ги привршувале своите обврски, но дека сакале да направат и неколку измени.

ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ПРЕЧКА

Бошковиќ информира дека во почетокот на март општините ќе ги донесат програмите за поставување на автобуските станици.

- Општините ќе одлучуваат по 28 февруари и дотогаш ние не можеме ништо да направиме. Тие треба 960-те стојалишта да ги вметнат во програмите, а потоа да ни издадат дозвола за да можеме да ги поставиме - изјави Бошковиќ.

Градските власти објаснија дека овие програми можат да се донесат пред почетокот на изборната кампања, бидејќи нивната постапка траела нецели две години, а програмите биле само нејзиното затворање.

- Постапката за поставување унифицирани автобуски станици трае нецели две години и, иако се наоѓаме во фаза пред избори, програмите што треба да ги донесат општините се дозволени и тоа нема да се пречи за предизборна кампања. Елаборатите се веќе одамна направени, а ова е само затворање на постапката - истакнаа градските власти.

МАЛИ ИЗМЕНИ ВО ЛОКАЦИИТЕ

Поголем број општини веќе ги имаат донесено програмите за поставување унифицирани автобуски станици со одредени мали корекции. Во некои ќе се зголемува бројот на постојните станици, а на одредени места тие само ќе се поместуваат.

Сашо Димиќ, в.д.градоначалникот на Карпош, соопшти дека програмата ќе биде усвоена на следната седница.

- Планот од ЈСП го добивме пред два дена и сега нашите служби работат на него. На следната седница тој ќе биде на дневен ред и се надевам дека советниците ќе го усвојат - изјави Димиќ.

Тони Чуповски, портпаролот на Кисела Вода, истакна дека во нивната општина постојат одредени дилеми за поставувањето на стојалиштата, но за брзо време тие ќе биле решени.

- Имаме дилеми кога станува збор за нашиот рурален дел. На улицата Првомајска, каде што се наоѓаат Усје и Пинтија, досегашните автобуски станици беа на голема оддалеченост и претставуваат проблем за нашите жители. Затоа сакаме за овој дел да направиме стојалишта на секои 500 метри, а со тоа и нашите граѓани ќе бидат задоволни - истакна Чуповски.

Момо Николовски, портпаролот на Ѓорче Петров, вели дека програмата била донесена уште во мај 2008 година и веќе била доставена до ЈСП.

- Не направивме промена на постојните автобуски станици. Програмата ја поднесовме во ЈСП неколку пати, но бидејќи биле потребни некои корекции, односно не сме дале свое мислење, таа ни беше вратена. А сега повторно им ја доставивме онака како што тие бараа - истакна Николовски.

СЕ ВРАЌА ЛИНИЈАТА 26

Во општината Бутел било направено дополнување на автобуските линии и повторно бил вратен во употреба бројот 26 на кој последната станица му била во населбата Железара.

- Програмата е готова, а во неа имаме направено мали корекции, како што се повторното воведување на автобусот со бројот 26 и поместувањето на автобуската станица кај малата клучка во Бутел. Можно е да се направат и некои корекции во Бутел 2, каде што би требало да се додадат семафори за поголема безбедност на местото каде што поминува автобусот со број 26 - информира Снежана Клинчарова, портпаролката на Бутел.

Авни Калаба, портпаролот на Чаир, истакна дека не се запознаени дека општината имала обврска да донесе програма во која треба да се потврдат постојните автобуски станици.

- Не сме запознаени дека треба да се донесе такво нешто. Не знаеме дека е потребна таква програма. Никој не нè известил - истакна Калаба.

Во општината Центар постапката е во тек, а во Гази Баба дозволата веќе била доставена до ЈСП.

- Измени за автобуските стојалишта нема, а единствено што побаравме беше да се продолжи линијата на автобусот со бројот 55 до Црешево и тој проблем е веќе решен - изјави Неделчо Крстевски, портпаролот на Гази Баба.

Во Аеродром постапката за донесување програма што е побарана од ЈСП е во тек и се надеваат дека навреме ќе ја завршат процедурата.

- По извршениот увид е утврдено дека за да се продолжи процедурата потребно е да се достават решенија за решени имотноправни односи - истакнаа одговорните за односи со јавноста во оваа општина.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=323&top=1&ArticleID=18657
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Mar-2009 at 23:29

Скопјани чекаат нови автобуски постојки

Добро е што има барем натстрешник да не врне, но нема каде да седнат старите лица додека чекаат автобус, вели жител од населбата Ченто, чекајќи на стојалиштето да пристигне автобусот број 65.Ова е само еден од многуте примери за неуредени автобуски постојки во Скопје, без возен ред, па дури и без натстрешници. И центарот не е поштеден иако барем тука се очекува подобра слика за градот. Може да се забележат автобуски постојки со искршени натстрешници и заштитни пластични страни или воопшто без нив, а во ниту една од нив нема клупа каде што би можеле постарите да одморат додека го чекаат автобусот

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ покрена иницијатива да се обноват 330 автобуски стојалишта во урбаните делови на градот, пред се', во центарот, но засега таа не е реализирана. Причината за тоа според раководството на ЈСП е тоа што на нивното известување упатено до сите општини за добивање согласност за реконструкцијата и обновата, позитивно одговорила само Општината Гази Баба. Тоа значи дека за одреден период, скопјани и понатаму ќе мора да бидат изложени на дождот, снегот или на жешкото сонце додека чекаат автобус, а старите изнемоштени лица ќе мора да чекаат стоејќи.

- Според Законот за градба, општините треба во својата програма да ги вметнат автобуските стојалишта како привремени објекти и да се согласат да ни ги отстапат на времено користење и стопанисување - објаснува Александар Бошковиќ, директор на ЈСП.
Тој додава дека им е потребен документ, односно извод од детаљниот урбанистички план со дефинирање на локациите на автобуските стојалишта и нивниот број за да може да почнат со реализирање на проектот.Од друга страна, скопските општини се со спротивно тврдење и велат дека позитивно одговориле на барањето на ЈСП, но дека Градот треба да даде повратен одговор, бидејќи дел од постојките што треба да се уредуваат се на улиците што се во надлежност на Градот.

- Ние одговоривме на писмото од ЈСП со барање претпријатието да дефинира кои и колку постојки ќе се реконструираат во Општината Кисела Вода, бидејќи на нашата територија има вкупно 100 - вели тамошниот портпарол Тони Чуповски. Тој објасни дека тоа го побарале од ЈСП за да може потоа да му издадат извод од ДУП, каде што треба да се вметнати овие постојки за да може да се изведуваат најавените активности, но дека досега од непознати причини немаат одговор.

- Ние одговоривме дека сме заинтересирани за реконструкцијата на автобуските стојалишта, но улиците каде што треба да се реконструираат се надлежност на Градот, па затоа оттаму треба да дадат позитивен сигнал - вели Момо Николовски, портпарол во Општината Ѓорче Петров.. Сличен одговор дадоа и општините Бутел, Карпош и Чаир. Од Градот велат дека активностите за уредување на постојките треба да ги спроведе ЈСП и дека се очекува годинава да бидат издадени сите потребни дозволи за да почне уредувањето.

- Советот на Град Скопје лани донесе Правилник за уредување на автобуските постојки и со него генерално се утврдуваат стандардите на урбаната опрема и привремените објекти што ќе бидат дел од уредувањето на 330 стојалишта. Овој документ претставуваше појдовна основа ЈСП понатаму да ја преземе севкупната активност за регулирање и уредување. Според информациите од ЈСП, постапката за добивање на одобренија од општините е отворена и се очекуваат дозволите за преуредување- велат од Одделението за односи со јавноста во Градот. Граѓаните се најпогодени од препирки меѓу ЈСП, општините и Градот.Според овој проект, автобуските стојалишта треба да бидат унифицирани, со иста боја и димензии и натстрешници, на нив да има истакнато информативни табли со возниот ред и со карта на градот, како и клупа и канта за отпадоци. На некои од нив ќе има место и за телефонски говорници. Ќе биде обезбеден и простор за рекламирање, кој всушност ќе му се даде на приватниот партнер на користење, а дел од профитот ќе добива и ЈСП. Во градот има вкупно 960 автобуски стојалишта, од кои во централното градско подрачје 330.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F85A53368978164A97813199B15B1DD7
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-May-2009 at 12:57
Еве ја новата последна станица и свртница за 5-ка и 15-ка кај Лисиче / Ново Лисиче, што треба да биде пуштена во употреба денеска.
Да се корегирам и за коментарот околку тукашната дива населба, иако нагласив дека обсервацијата ми е од пред некое време.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=634&PID=38079#38079

Значи дивата населба барем тука ја расчистиле, но за жал целата свртница е сеуште опколена со депонија.



1


2


3

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-May-2009 at 17:47
Автобуските постојки се репарираат
Среда, 27 Мај 2009 16:58

postojki%20005

Со реновирањето на улиците „4 ноември" и „Прилепска" голем дел од автобуските постојки останаа без настрешници и клупи. Од општинското одделение за комунални дејности велат дека тие наскоро треба повторно да се постават на локациите каде што се наоѓале.

-Атвобуските постојки таму каде што поставени се дислоцираа и ги држиме во нашите магацини . Имаме предвид новите да ги поставиме во најкраток временски рок репарирани и обновени на местата согласно ДУП - вели Зора Симјановска, одд. за комунални дејности.

postojki%20004

Новите автобуски постојки ќе го имаат стариот изглед затоа што било која промена би претставувала оптеретување за општинскиот биџет.

-Оваа година имаме многу големи проекти и секоја промена и инвестиција би била оптеретување непотребно - додава Симјановска.

Во тек е изработка на нова сообраќајна студија за Битола и врз основа на тоа ќе се видело дали има потреба на некои места да се тргнат постојните автобуски постојки, а на други локации да се овележат и постават нови.

postojki%20002

-Во очекување на изработка на нова сообраќајна студија ќе се предвиди детално секоја автобуска постојка за градски или селски сообраќај - вели Симјановска.

Додека се постават настрешниците и клупите на автобуските постојки, останува граѓаните автобусите да ги чекаат без стреа, на сонце или на дожд. А каде има автобуска постојка, битолчани можат да заклучат по сеќавање, а оние што ќе дојдат од други градови со помош на хоризонталната сигнализација, затоа што вертикално обележување нема.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=8253:2009-05-27-15-00-38&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Jun-2009 at 03:29

Ќе се обноват 330 автобуски постојки со јавно-приватно партнерство

На постојките ќе има електронски информативни табли за возниот ред на автобусите

Во Скопје летово ќе започне обновувањето на 330 автобуски постојки. На нив, освен урбана опрема, ќе има и електронски табли за возниот ред на автобусите, од кои граѓаните во секој момент ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусот. Осовременувањето на стојалиштата ќе биде потпомогнато со приватен капитал на оние кои во замена ќе се согласат да користат автобуски простор за рекламирање. Новите постојки ќе ги спасат скопјани од старите стојалишта со покриви што прокиснуваат или, пак, воопшто ги немаат.

Од Градот велат дека неодамна бил распишан тендер за изработка на елаборат за одредување микролокации на автобуските постојки и информативни панели за патниците за сите 330 постојки низ Скопје.

Од Одделението за односи со јавноста објаснија дека на последното координативно тело на градоначалници локалните татковци постигнале согласност и се договориле по добивањето на елаборатот, да му издадат локациски услови на ЈСП „Скопје“. Веднаш потоа, врз основа на одлука што ќе ја донесат градските советници, ќе започне постапката за реализирање на јавното приватно партнерство. На тој начин, тврдат од Градот, ќе се овозможи влез на приватен капитал за обнова на автобуските постојки во замена за издавање рекламен простор на стојалиштата.

Од Градот информираат дека ќе бидат поставени кратки рокови за реализација на проектот, поради потребата од итна обнова на автобуските постојки. Истовремено, предвидено е покрај поставувањето на информативните табли за патниците, да биде поставена и дополнителна опрема, како инфоточки и можност за приклучување на Интернет.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2A6F11A12871DB43929875F58313F787
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jun-2009 at 11:16
За кој електронски табли, за саносите од '63? Ај можи со gps ќе ги сефтосат Инаку оваа вест ја имавме чуено и пред 6-7 месеци.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Jun-2009 at 17:08
Добро ќе беше оваа вест прв пат да ја имавме слушнато пред само 6-7 месеци. Ниту пак ми е јасно колкав век на преживување очекуваат на електронските табли и другата опрема кај 90% од станиците.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Jun-2009 at 23:25

Затворен влезот на терминалот под Транспортен за приватните автобуси

ЈСП ја спушти рампата, бидејќи приватниците одбивале да плаќаат за терминалот

Снежана Калабакова

Автобусите на приватните превозници од здруженијата „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ вчераутро наидоа на спуштена рампа на терминалот под Железничката станица. Јавното сообраќајно претпријатие им го затворило влезот затоа што претставниците на двете претпријатија одбивале да плаќаат за користење на просторот, за кој ЈСП ги намирува трошоците за одржување на хигиената, за вода, струја... Од ЈСП велат дека Транспортниот центар го добиле на управување од Градот и тие плаќаат за негово одржување, па поради тоа сосем логично е да плаќаат и приватниците кои, исто така, го користат просторот. Но, и покрај двете опомени, приватните здруженија го пропуштиле крајниот рок за потпишување на договорите за користење на терминалот. Тоа, пак, се жалат од ЈСП, јасно кажува дека и натаму сакаат да ја продолжат старата практика да го користат терминалот, а да не плаќаат за тоа ниту денар. Вчера три часа откако „Мак-експрес“ го потпишал договорот, за него рампата беше крената, додека првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, категорично одбива да стави потпис за плаќање месечен надомест за користење на терминалот. Неговото образложение е дека тоа е незаконски, без одлука на градските советници и без знаење на градоначалникот, и дека тоа самоиницијативно го прави директорот на ЈСП.

„Ние го одржуваме просторот и логично е дека за тоа имаме одредени трошоци, кои на годишно ниво изнесуваат 4,5-5 милиони денари. Само стотина евра месечно треба да плаќа ’Мак-експрес‘, зашто користи 1,5 бокс и од 200 до 250 евра ’Слобода превоз‘ за користење на 3,5-4 бокса за автобусите. Тие мора да го намират својот дел за одржување на хигиената, за користење на тоалетите, за чуварските служби... Досега не плаќаа ниту денар, а ние уредно им доставивме договори да потпишат. ’Мак-експрес‘ вчера потпиша и за него ја кренавме рампата“, вели Александар Бошковиќ, генерален директор на ЈСП „Скопје“.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, категоричен е дека однесувањето на првиот човек на ЈСП е самоволно и дека без одлука на Советот им се спуштени рампите. Доставените договори за плаќање месечен надоместок за одржување на терминалот што го користи „Слобода превоз“ се без правна основа, па тој ќе бара разрешница на проблемот во Градот.

Но, од Градот, пак, се категорични дека „Слобода превоз“ ќе мора да си ги намири трошоците ако сака и натаму да го користи терминалот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7794F8CF1BA6C941A7AB101C45D79DA7



Edited by lslcrew - 23-Jun-2009 at 23:26
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Jun-2009 at 11:20

Приватниците ќе плаќаат за Транспортниот центар ако има правна основа


Ако се создаде правна основа, ќе плаќаме за користењето на Транспортниот центар, вели Ленин Јовановски, директорот на здружението на приватни превозници „Слобода превоз“, откако ЈСП завчера кратко време ги спушти рампите на новата приградска автобуска станица, барајќи од приватниците да плаќаат 350 евра месечно за неа. Со тоа „Слобода превоз“ треба да плати 250, а „Макекспрес“ веќе платил 100 евра за месецов

%20
Јовановски додава дека бил готов договорот што треба да го потпишат со ЈСП, но чекале уште допис од градската управа.

- Нашите автобуси вчера поминуваа низ терминалот. Краткиот инцидент на спуштање на рампите за приватните превозници траеше само неколку часа. Ние не бегаме од одговорноста, не е битна сумата на парите, туку само бараме целата постапка да има правен тек на плаќањето на фактурите. Договорот што треба да го потпишеме со ЈСП е доставен до нашите служби, чекаме само зелено светло од градот - објасни Јовановски.

Тој додаде дека е непримерно директор на претпријатието да изразува самоволие преку забрана на влегување во Транспортниот центар, како и дека не може хаотично да се решаваат работите, бидејќи во иднина така ќе може некој да им достави и фактура за користење на семафорите.

Од ЈСП велат дека Транспортниот центар го добиле на управување од градот, како и дека тие го плаќаат неговото одржување, со што логично е тоа да го прават и приватните превозници што исто така го користат тој простор.

Според Александар Бошковиќ, директорот на ЈСП, трошоците за одржување на терминалот на годишно ниво изнесуваат од 4,5 до 5 милиони денари, а „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ заедно треба да платат 350 евра месечно.

Превозниците на „Макекспрес“ завчера го потпишале договорот и ги платиле месечните трошоци од 100 евра, со што рампата за нивните автобуси веднаш била крената.

Од градот се децидни дека ако превозниците на „Слобода превоз“ сакаат и понатаму да го користат просторот на Транспортниот центар, ќе мораат да си ги намират трошоците.

Во изминативе три години на ниту еден начин не било регулирано користењето на Транспортниот центар од приватните превозници.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62591042146&id=14&prilog=0&setIzdanie=21721
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jun-2009 at 13:01
Тие приватници се пирати и примитивци и мора да им се стави крај.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Aug-2009 at 18:44
Не дека беше баш толку добро исчистено таму, ама навистина има битно влошување:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&PID=38310#38310


Терминалот на ЈСП во Ново Лисиче повторно е депонија





 

Градежен шут и друго ѓубре се слева на асфалтот каде што стојат автобусите со број 5 и 15 само три месеци откако целиот терен беше расчистен и станицата беше пуштена во употреба

 
 
%20  
Поминаа само три месеци откако терминалот за автобусите со број 5 и 15 на аголот од населбата Ново Лисиче беше целосно расчистен за градоначалниците Коце Трајановски и Ивица Коневски свечено да го пуштат во употреба, а сега до него има депонија од градежен шут поголема и од целиот круг што служи за паркирање на автобусите. Купишта шут, но и секаков друг отпад, се расфрлани особено на западната страна, а ѓубрето веќе почнало да се слева и на асфалтот.

Оваа станица беше направена за да се тргнат автобусите од пред основното училиште „Лазо Ангеловски“, но жителите на населбата сега се жалат дека местото воопшто не е пријатно за да се чека автобус. Од општината, пак, одговараат дека на местото има многу градежен шут затоа што се пополнувала дупка.

- Многу кратко време откако се отвори терминалот стана депонија на која се шири непријатна миризба. Тоа треба да биде едно од најчистите места во општината, а се фрла се и сешто, особено остатоци од зеленчук и од овошје. А кога на нас, патниците, ни е тешко таму да стоиме десетина минути, како ли издржуваат вработените - велат жителите на Ново Лисиче.

Со одлука на општинскиот совет сите дупки на подрачјето на општината Аеродром што настанале со ископ на градежно земјиште се пополнуваат со градежен шут. Таков бил и случајот кај терминалот, каде што до неодамна имало голема дупка.

- На овој начин се подготвува теренот за целосно да се спроведе деталниот урбанистички план за тоа подрачје. Дупката кај терминалот не е единствената во општината каде што се истура градежен шут за да се пополни. Такви има и во Реонскиот центар и на други места. Некои се целосно затворени, а на други се уште се работи - објаснуваат општинарите.

Оттаму додаваат дека заедно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ направиле неколку акции за расчистување на дивите депонии, иако тоа не било во нивна надлежност.

- Обезбедивме механизација со која ќе му помогнеме на претпријатието да ги исчисти депониите. И таа кај терминалот ќе се уреди според предвидениот план на активности - велат од Аеродром.

Терминалот почна да се гради пред шест години, но долго време беше само асфалтиран и затрупан со ѓубре. Оваа инвестиција беше на работ на пропаѓање се до мај годинава, кога конечно повторно беше расчистен теренот и станицата проработе. Сепак, навиките на околните жители таму да ги празнат приколките со отпад не се сменија.
 
   
Автор: А.М.Д.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81391027521&id=14&prilog=0&setIzdanie=21762
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.