build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Продажба на автомобили во МК

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 05-Apr-2011 at 10:06

Продажбата на нови автомобили во Македонија бележи постојан пад

Продолжува негативниот тренд во продажбата на нови автомобили. За 13 % е намалена продажбата на нови моторни возила, во јануари и февруари годинава во однос на истиот период лани.

За првите два месеци од годинава купени се само 1075 автомобили. Разликата во продажбата е огромна во однос на 2008 година кога имаше рекордна продажба на нови автомобили.

-Разликата во продажбата е повеќе од 60%, сега во однос на 2008, но во услови на изострена криза предизвиците кои се јавуваат ќе ги натераат самите компании да бараат нови начини на продажба, еден голем дел од нашата продажба се темели на лизинг и добри 40 % од вкупната продажба одат преку лизинг изјави Златко Муцунски, директор на Порше Македонија.

Продажбата драстично се намали како резултат на кризата и дозволениот увоз на половни возила. И покрај падот во продажбата дел од компаниите се надеваат на добри резултати до крајот на годината.

-Не можам да кажам ништо, во изборна година може да има застрој, но се надеваме дека нема да имаме падови кои што беа и лани, барем да се стабилизира на бројките од минатата година, изјави Марко Јовановски, директор на продажба во Мак ауто стар.

Од Здружението на импортери велат дека со цел стабилизирање на пазарот и зголемување на продажбата ги подобруваат услугите и ги зголемуваат инвестициите.

Љупка Камчева
04.04.2011, 17:29

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=73420
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 05-Apr-2011 at 10:59

Луксузните автомобили одат како алва

понеделник, 04 април 2011, 16:54

Барани и во криза. Иако најскапи, продажбата на луксузни возила оди добро, тврдат импортерите. Возилата од највисоката класа, за кои просечниот македонски граѓанин може само да сонува, одолеаа на економската криза и законските измени со кои се овозможи увоз и на постари и поевтини возила од странство.

- Во моментов кај нас продажбата е на стабилно ниво исто како минатата година, меѓутоа очекуваме со промоција на новите модели интересот и продажбата да се зголемат, изјави Марко Јовановски - Мерцедес

За разлика од луксузните, продажбата на останатите автомобили продолжува со негативен тренд. Според податоците добиени од импортерите продажбата на нови возила во првите два месеци од година споредено со лани бележи пад од 13 проценти а во споредба со рекордната 2008 дури 59 отсто.

- Имаме пад на продажбата од 20 до 25 % во моментов споредено со минатата година, изјави Златко Муцунски - Порше Макеодонија
- Оваа година сите очекувања се дека ќе биде најслаба до сега. Две причини за тоа. Увозот на половни автомобили и намалената куповна моќ на луѓето, изјави Дарко Димовски - Ми-Да Моторс

Освен кај новите возила, пад на продажбата има и кај половните. Импортерите на стари коли велат дека пазарот е презаситен и дека се потешко наоѓаат купувачи и за возилата до 3000 евра. Сепак според податоците на царината, увозот на половни возила е за пет пати поголем во споредба со новите.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=35621
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 28-Apr-2011 at 12:10

Увезени над 63 илјади половни возила од стартот на мерката

28.04.2011 | Автор: Сител
Увезени%20над%2063%20илјади%20половни%20возила%20од%20стартот%20на%20мерката

Мерката за увоз на половни автомобили го поднови возниот парк на Македонија. Бројките на Царинската управа покажуваат огромен интерес на граѓаните за замена на стариот со понов автомобил изминативе петнаесет месеци.



Над 73 илјади возила се увезени од почетокот на 2010-та година заклучно со март годинава. Од нив над 63 илјади се половни.
Најзастапени се автомобилите. Од стартот на мерката се увезле близу 60 илјади автомобили.

Се подновил и возниот парк на транспортерите. Увезени се над 2.800 половни товарни возила и над 590 автобуси и минибуси.

http://daily.mk/cluster3/889ffd5851478b0bbd69c36b515f2d2e/705411
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 19-Jul-2011 at 06:03

ИНТЕРЕСОТ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНИ ВОЗИЛА НЕ СТИВНУВА


Од септември лани увезени 38.463 возила со Еуро 2


Од нив најмногу се патнички автомобили и тоа 31.072 употребувани и 5.390 нови, потоа 1.253 половни товарни возила и 660 нови, како и 187 користени автобуси и само 53 нови


Интересот кај македонските граѓани за набавка на употребувани возила од Европската унија не стивнува. Според податоците што ги објавува Царинската управа на Македонија во првата половина од годинава во земјава се увезени вкупно 21.257 возила, од кои 16.964 се половни патнички автомобили, а само 3.214 се нови, околу илјада се товарни моторни возила, а стотина се автобуси и минибуси.

Минатата година во првите шест месеци биле увезени 29.491 возила, од кои 25.060 биле половни, а 4.431 нови. Речиси 90 проценти од увезените возила во првото полугодие од 2010 година се употребувани, со што е јасно дека владината мерка за олеснување на увозот на половни возила од март 2010 година ги дава очекуваните ефекти.

Од септември 2010 година во земјава можат да се увезуваат само возила со стандард Еуро 2, кој дозволува само увоз на возила до 16 години старост, но со подобри перформанси во однос на возилата со Еуро 1 стандардот. Според податоците на Царината заклучно со јуни годинава во земјава влегле вкупно 38.463 возила со Еуро 2 стандард. Од нив најмногу се патнички автомобили и тоа 31.072 употребувани и 5.390 нови, потоа 1.253 половни товарни возила и 660 нови, како и 187 користени автобуси и само 53 нови. Од бројките на Царината може да се забележи дека до септември лани интересот за увоз на товарни возила и автобуси со Еуро 1 стандард бил поголем отколку по забрана досега кога во земјава влегувале во просек по десет користени возила месечно, додека воопшто немало интерес за увоз на нови со повисок стандард. И кај увозот на автомобилите состојбата е горе-доле слична, односно има преполовување на влезот на користени патнички возила со Еуро 2 стандард. Од статистиката се гледа дека пред септември 2010 се увезувале во просек околу шест илјади користени возила со Еуро 1 стандард, а потоа увозот двојно опаѓа.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=95E6CE7909930F44BACBFC07AACE32AE
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 01-Aug-2011 at 08:51
Не се купуваат ни стари ни нови коли



Плацовите се преполни со стари возила, автосалоните со нови, а речиси нема купувачи

Маја Томиќ

Се засити ли пазарот од половни автомобили или беспарицата и годишните одмори се причина за застојот во продажбата? Но, не само за старите автомобили, туку драстично е намалена и побарувачката за нови возила, а за употребуваните коли речиси и нема интерес кај граѓаните. Така се жалат и импортерите и дилерите на половни возила, велејќи дека во јули замрела побарувачката. И едните и другите во изминатиот период ги намалија маржите, како и крајните цени само за да го спречат натамошното опаѓање на побарувачката, но без позначајни резултати.

„Лани ова време беше ’топ‘. Имаше голем интерес и се продаваа многу возила. Годинава се чувствува застој, особено во текот на јули. Сите продажни плацови се преполни со стари возила, а нема купувачи. Изгледа дека пазарот се засити. Ако продолжи ваквата состојба, за кратко време ќе престанам со овој бизнис“, вели еден дилер на половни автомобили и додава дека во последниве месеци набавува возила од странство исклучиво по нарачка, а не како лани. Потврдува дека и покрај тоа што повеќето дилери ги намалија цените, нема навалица за стари возила како порано. Најбарана марка лани беше ’опел- корса‘ (од ’98 или ’99 година) и чинеше околу 3.000 евра, а во последно време се продава по 2.500 евра. ’Голф 4‘, пак, чија цена минатата година беше и до 5.500 евра, падна на 4.500 евра.

Истовремено, речиси и сите импортери се жалат на намалена побарувачка за повеќе од 20 отсто на новите коли, притоа не посочувајќи ги точните бројки на продадени автомобили во изминативе месеци. Велат дека како и досега, така и во иднина ќе имаат кампањи и попусти на цените за одредени модели на возила, во зависност од однесувањето на конкуренцијата на пазарот. Од „Автомакедонија“ велат дека имаат стагнација во продажбата во споредба со лани, како и со годината претходно. „Се чувствува голем пад во побарувачката. Само во јануари годинава имавме благ пораст и толку“, посочуваат одговорните во оваа компанија. Од „Аутомобиле Ск“, исто така, велат дека им е намалена продажбата и нагласуваат дека веќе имаат сезонски намалувања на цените на одредени марки, а и во иднина ќе продолжат со тоа, пред се', поради драстичното опаѓање на продажбата, но дека нема простор за некакви позначајни попусти.

Продажбата на нови коли значително се намали откако лани во март Владата направи законски измени со кои ги намали акцизите за увезени половни возила. Лани сите навалија на старите возила, бидејќи можеше да се купи добар автомобил за неколку илјади евра. Дополнително, од 1 јануари годинава падна на еден отсто царината за увоз на возила од ЕУ. Токму затоа во текот на минатата година нагло порасна побарувачката за половни автомобили. Но, во првите шест месеци од годинава се почувствува застој и кај продажбата на овие возила. Податоците од Царина го потврдуваат тоа. Од почетокот на јануари до крајот на мај годинава се увезени 3.214 нови возила, а 16.964 стари. Во цела 2010 година, пак, увезени се 51.399 половни автомобили и 7.183 нови. Во 2009 година биле увезени дури 10.574 нови возила, што значи дека продажбата на нови автомобили сега е за 30 отсто помала од онаа од пред две години.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E6D047AC5BFBB84F9735B7B5B4F397E0
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 26-Aug-2011 at 05:39

Над 15.000 половни возила чекаат купувачи

Причина за опаднатиот интерес за користени возила е неконтролираниот увоз, кој го блокира малиот македонски пазар и сега има огромна понуда, но нема купувачи

Македонскиот пазар е преплавен со увезени половни автомобили. Официјалните бројки велат дека повеќе од 15.000 увезени стари возила чекаат купувачи на автоплацовите што никнаа низ државава. Според Царинската управа, до 1 август годинава се увезени 25.057 употребувани возила. Сопствениците на автоплацовите за половни возила велат дека последниве неколку месеци драстично е опаднат интересот на граѓаните за да купат стар автомобил. Причина за малиот интерес е неконтролираниот увоз, кој го блокира малиот македонски пазар. Сега има огромна понуда, но нема купувачи. Најмногу се бараат автомобили со италијански таблички, а втори на листата се возила од Германија и од Холандија. Најмалку се бараат автомобили од Словенија и од Бугарија.
- Секој ден цариниме по неколку возила, најчесто донесени од Словенија. Крајната цена до регистрација е од две до четири илјади евра во зависност од состојбата на возилото и од годината на производство - велат во една скопска шпедиција. Во шпедициите велат дека најчесто како увозници се јавуваат граѓани, кои потоа автомобилите ги оставаат за препродажба на автоплац.
Екипа на „Дневник“ посети некои од автоплацовите низ Скопје. Она што можеше да се види на нив се возила од средна категорија од типот на „пежо 206“, „опел корса“, „фиат пунто“ и понекоја „сеат ибица“.
Во Царинската управа велат дека годинава, за разлика од лани, се влезени помалку возила.
- Во јули годинава увезени се речиси 3.800 половни возила, за разлика од лани истиот месец кога влегле три пати повеќе - велат во Управата.
Сопствениците на плацови за половни автомобили велат дека побарувачката е преполовена за разлика од почетокот на годинава.
- Конкуренцијата си го направи своето. Сега граѓаните имаат избор и бараат исклучиво сервисирани половни возила, по можност со сервисна книшка. Вакви може да се увезат само од Италија или евентуално од Германија каде што има регистрирани салони за половни автомобили - вели еден сопственик на плац за половни возила.
Според него, многу малку се продаваат старите возила од Словенија и од Бугарија.
- Тоа се најчесто возила кои од европските држави се увезени во Словенија или Бугарија, а потоа оттаму завршуваат кај нас. Најчесто се со километража која не е оригинална - велат на автоплацовите.
Освен половни автомобили, се увезуваат и половни минибуси, автобуси и камиони. Но и кај нив, како и кај автомобилите, опаднати се и увозот и пласманот. За разлика од лани кога се увезле 2.483 товарни возила, главно камиони од повисока класа, годинава увезени се едвај 700 употребувани камиони. Кај автобусите разликата е драстична. Лани биле увезени 734 автобуси за разлика од годинава кога до август во земјава влегле само 79 половни автобуси.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74E8E1E2BEBE7E4B872ADB5BE2155581
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 28-Sep-2011 at 11:31

Увезени над 90.000 возила


Од вкупниот број увезени возила во изминатава година и пол, 78.382 се употребувани, а 12.788 се нови возила

 
 
%20  
Точно 91.170 возила биле увезени во земјава од јануари 2010 до август годинава, а од вкупниот увоз, дури 78.382 се употребувани возила. Големиот број увезени возила се должи на владината одлука од март минатата година, со која беше зголемена старосната граница за увоз на половни возила и се дозволи увоз на возила стари и повеќе од 15 години. Воедно, Владата ги коригира акцизите и царините. Така, акцизата се пресметува врз основа на вредноста на возилото, а не според зафатнината на моторот, како што беше дотогаш. Дополнително од јануари годинава беше укината царината за увоз на возила со европско потекло.

Статистичките податоци покажуваат дека зголемениот увоз на возила се одрази врз состојбата со возниот парк во земјава. Така, ако во 2009 година во Македонија биле регистрирани околу 282.000 патнички автомобили, во текот на 2010 година оваа бројка пораснала на 310.000 автомобили.

Инаку, ваквото поевтинувањето на увозот на употребувани возила значително ја намали продажбата на нови возила.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9281192287&id=9&prilog=0&setIzdanie=22392
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 25-Oct-2011 at 08:29
Македонскиот џеб доволно длабок само за стар автомобил!


Според Царинската управа на Македонија до крајот на септември увезени се 25.803 употребувани возила, а само 4.675 нови автомобили


Преполовена е продажбата на стари и нови возила во земјава, бидејќи до септември годинава увезени се вкупно 32.113 возила, од коишто 4.675 нови автомобили, 25.803 употребувани автомобили, товарни моторни возила 1.569 (стари-нови) и автобуси 266 (стари-нови). Увозниците сметаат дека бројките се должат на актуелната светска криза што се рефлектира и во земјава, а поради несигурноста и нискиот стандард поголем број на граѓани се одлучуваат да купат возило за коешто ќе дадат помалку пари.

Како што вели Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, 2011 година е една од најслабите години во однос на продажбата на нови автомобили во земјава.
- Годинава забележавме пад од 9 % на увозот на нови возила во споредба со лани, иако реално за купувачите имаше бројни поволности што ги нудеа увозниците - вели Калеников. Според него тоа се должи на последиците од светската криза, но и зголемениот увоз на стари возила, иако голем број на граѓани согледале дека погрешиле при изборот.

Калеников појаснува дека многу од старите возила при техничките прегледи во сервисите се покажале во многу полоша состојба отколку што очекувале купувачите.
Тој потсети дека рено" и дачија" имаат акција за еколошки возила "старо за ново", но сепак, прогнозите за периодот до Нова година не се толку оптимистички.

Од Царинската управа на РМ, каде што имаат преглед на увозот на возила по месеци, утврдиле дека надобар месец годинава бил март кога во земјава се увезени и најмногу нови и најмногу стари возила. Бројот на стари возила достигнал 3.100, а на нови 608. Во пролетните месеци март, април и мај се купувале и употребувани товарни моторни возила и тоа во просек нешто повеќе од стотина.

Рекорден увоз од 107 нови автобуси е регистриран годинава во август, кога се обнови значително возниот парк на ЈСП со автобусите од Украина и двокатните од Кина.
Според табеларниот приказ на Царината, конечната бројка на увезени возила лани достигнала 62.519, од коишто 51.399 стари автомобили, 7.183 нови автомобили, товарни моторни возила 3.357 и 580 автобуси, од коишто речиси сите се нови.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4C07C119FD0D444191C7CCFE3377AB42
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 10-Nov-2011 at 12:10

Продажбата на автомобили во пазарна депресија

Силвана Жежова
Продажбата%20на%20автомобили%20во%20пазарна%20депресија

Менаџерите на салоните за нови автомобили во земјава веќе не зборуваат за надолна линија во продажбата на возила туку за “пазарна депресија“. Кризата која ја зафати оваа гранка во 2008 година кулминира годинава со пад на продажбата од дури 59,8% за три години. Во однос на минатата година, падот изнесува 13,5%.

Според податоците од Комората на автоимпортери, годинава најмногу се продавале возилата од компакт класата (37%) и малите возила (25%), а значително помалку возилата од средна или повисока класа, моноволуменските и теренските. Од поскапите модели, најпродавани се “БМВ 520d“ и класите Ц и Е од Мерцедес.

 Пазарот на нови автомобили годинава бележи пад од 13,5% во однос на минатата година. Во споредба, пак, со 2008 година, падот е значителни 59,8%

“Кај моделите на БМВ падот на продажбата во однос на истиот период лани е 10%, но вкупниот пазар на нови возила е паднат за 14%. Ова е трета година по ред да паѓа пазарот на нови возила“, вели Мирослав Вранeшевиќ, директор на Маккар, увозник на БМВ и Ленд Ровер.

Дарко Димовски, генералниот директор на Ми-Да моторс, овластен импортер, дистрибутер, продавач и сервисер на Форд, Волво и Лада во Македонија, смета дека од март 2010 година до денес тешко може да стане збор за “бизнис“ кога се новите возила во прашање. Според него, иако постоеле повеќе проблеми за бизнисот во изминатите 2-3 години, сепак увозот на половни автомобили бил најголемиот удар.

“Според официјалните извештаи од институциите, во Македонија се увезени нешто помалку од 100.000 половни возила. Доколку тоа се спореди со фактот дека во една година во Македонија се продаваат 6.000-7.000 нови возила, импортерите на нови возила си поставуваат многу прашања за и околу логиката на постоењето на бизнисот. Феноменот на намалена ликвидност, скапите кредити од домашните банки и присуството на должничко-доверителската криза ги оттргнува и компаниите кои логично во европските држави и во нашето соседство се клиенти на автомобилските компании. Продажбата на нови автомобили ќе се зголеми кога ќе се подобри општиот стандард на граѓаните“, вели Димовски.

МакАутоСтар за да го ублажи падот на продажбата презема дополнителни активности и вложувања. Кредитирање со ниска каматна стапка од само 1,25% и низок процент на учество, според нив, е олеснување за купувачите.

“Автомобилскиот бизнис во светот постепено се стабилизира и веќе бележи раст во продажбата. Би било убаво овој тренд да се пренесе и кај нас. Но, постојат и други фактори кои ја намалуваат продажбата. Увозот на стари возила има голем удел во падот на продажбата на нови, а треба да се истакне и падот на продажбата и кај старите автомобили“, вели Владица Кокаловиќ, маркетинг и ПР-менаџер во МакАутоСтар.

Најпродавани модели кај брендот Пежо се 207, 308, 508 и “партнер“, велат од Еуроимпекс. Според директорот Даниел Воиновски, трета година по ред купувачот во Македонија е ценовно ориентиран.

“Во процесот на прибирање информации, потенцијалните купувачи пред сè се интересираат за цената и дали би можеле да се договорат за евентуално намалување, а потоа искажуваат интерес за возилото т.е. за моторот, опремата итн. Бројот на купувачи на модели од мала и средна класа е осетно намален. Промената не се чувствува само во бројките, туку и ликот на потенцијалните купувачи и во нивната структура“, објаснува Воиновски.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75962/prodazhbata_na_avtomobili_vo_pazarna_depresija.aspx?iId=2441
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 06-Dec-2011 at 14:53
интересен податок

Македонија со најмалку автомобили во Европа по бројот на жители


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/12/06/car-sales.jpg

Во Македонија има само 138 автомобили на илјади жители, во Србија 230, во Хрватска 347, а Словенија, пак е на шесто место на целиот европски континент со 521 автомобил на илјада жители, што е повеќе и од седмопласираната Германија која има 509 автомобили на илјада жители, јавува „Еуростат.“


Податоци нема единствено за Црна Гора и Албанија, а Македонија може да се смета и за претпоследна ако предвид се земе и Турција која има само 99 автомобили на 1.000 жители.


Од земјите членки на еврозоната, најмногу автомобили има Луксембруг со 672 автомобили, што значи дека две третини од 450-те илјади граѓани на оваа мала монархија поседува автомобил.


На второ место е Италија со 606 автомобили, а на трето Кипар со 579 автомобили на илјада жители.


Од 2004 до 2009 година, сите членки на еврозоната го имаат зголемено бројот на автомобили на улиците освен Германија и Велика Британија. Најголем раст е забележан во Полска и Летонија. Полска со 314 возила во 2004, се искачи на 433 автомобили што претставува раст од 38 отсто, а Летонија забележи раст од 35 отсто и бројот на автомобили таму за пет години порасна од 296 на 400 на илјада жители.


Земја со најмал број автомобили во ЕУ е Романија (197), а претпоследна е Словачка со 294 автомобили на илјада жители.


Од земјите кои не се членки на ЕУ, апсолутен рекордер е Лихтенштајн со 728 автомобили на илјада жители.


Овие податоци се од 2009 година, така што бројката на автомобили во земјава е поголема денес со оглед на воведената можност за купување на постари возила.

http://www.plusinfo.mk/vest/25471/Makedonija-so-najmalku-avtomobili-vo-Evropa-po-brojot-na-zhiteli


Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 06-Dec-2011 at 20:39
Според ваквиот податок во Македонија има 290 илјади возила. Уште пред донесување на законот за увоз на половни возила, во мкедонија имаше приближно 400 илјади регистрирани возила. Ваквиот податок мисла дека е целосно неточен, а и податоците на плусинфо не знам од кај им се

Edited by stratus - 06-Dec-2011 at 20:39
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 06-Dec-2011 at 20:51
stratus грешиш пред донесување на законот за увоз на половни автомобили имаше регистрирано околу 300 илјади сега се некаде околу 400 си помешал нешто LOL
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 06-Dec-2011 at 21:06
плус оние нерегистрирани што ги има на секој агол
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 07-Dec-2011 at 14:38


http://www.stat.gov.mk/Publikacii/8.4.11.03_700.pdf
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 07-Dec-2011 at 15:46

Пак сме најслаби. И со новите 100.000 да речеме дека имаме 410.000 автомобили, во сооднос на 1000 жители тоа би дошло 205 автомобили.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 07-Dec-2011 at 16:23


Невозможно е да имаме над 400.000 регистрирани возила. Според објавата во медиумите од јануари до септември оваа година биле увезени околу 32.000 автомобили (стари + нови). Бидејќи интересот за купување е опаднат, а имајќи в предвид и дека некои од регистрираните возила од 2010 нема да се регистрираат оваа година, вкупниот број на автомобили заклучно со 2011 нема да ја надмине бројката од 350.000. Според тоа, во Македонија ќе има околу 175 возила на 1000 жители.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.128 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.