build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Казнено-поправни институции

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Казнено-поправни институции
    Posted: 29-Jul-2009 at 12:05

Затворот Шутка проширен за 170 легла


Коментари (0)   
29.07.2009 12:25
 

 

Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари ставено во функција новото притворско крило. Со новото притворско крило, чија изградба почна на 25 јули минатата година, ќе се зголеми капацитетот на затворот од 140 на 310 лица односно новото крило е со капацитет од 170 лица.

Изградено е и отворено одделение, работни простории за службените лица, реконструирана е кујната, изграден преграден ѕид со контролни кули и обновена фасадата на зградата.

Во ова притворско одделение ќе бидат сместувани лица обвинети за најтешките кривични дела од организираниот криминал и корупцијата, за кои е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Според програмата на Владата за подобрување на состојбите во затворите во периодот од 2008 до 2011 година, предвидени се 14 милиони евра, од кои четири милиони се обезбедени од буџетот. Останатите 10 милиони евра потребни за реализација на оваа програма, донесена во март годинава, ќе бидат обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112034




02.


03.


04.


www.mia.com.mk


Edited by lslcrew - 29-Jul-2009 at 12:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Jul-2009 at 11:19

Бајруш понудил да го реновира затворот

По притворањето на Бајруш Сејдиу од Куманово, тој им предложил на затворските власти да го реновира затворот, се коментираше вчера во кругот на затворот "Скопје". Тој наводно се понудил да даде пари да се подобрат условите во Шутка, бидејќи сe до вчера, во ќелиите имало и по шест и повеќе лица.
Според анегдотата, тој бил сериозен во намерата да донира пари и донацијата не ја условувал со негово ослободување.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=12C5680ACB92F048B18168B9B4BD37A5
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Feb-2010 at 13:40
Што е до мене, ова се премногу пари за оваа намена. Нема потреба да глумиме Скандинавци кога ни недостасуваат финансии за многу поелементарни работи... Во оваа држава изгледа инфраструктурата секогаш е на последно место 

За реконструкција на затворите 56 милиони евра




 
 
 
%20  
Околу 46 милиони евра ќе бидат заем од Банката за развој на Советот на Европа, а другите се буџетски средства.

Целта на проектот е подобрување на условите за осудените, притворените и малолетните лица, како и зголемување на капацитетите. Притоа ќе бидат користени европските стандарди и регулативи, кои предвидуваат најмалку четири квадратни метри затворски простор за секој затвореник во повеќекреветни ќелии или девет кубни метри во поединечна ќелија.

- Првпат, како никогаш досега, во македонските затвори ќе се вложат над 50 милиони евра. Со тоа целосно ќе се создадат услови според европските стандарди, во една ќелија да бидат сместени по две-три лица, а не по 15-20 или повеќе како досега, ќе се смени ликот на затворите, особено во КПД „Идризово“, чии објекти се стари по 70-80 години и ќе се изградат компоненти за сосема нови содржини - истакна Маневски.

Маневски за забелешките на евроамбасадорот Ерван Фуере и народниот правобранител Иџет Мемети по посетата на затворот Идризово, рече дека тие го кажале она што го виделе, но немале информации за планираното реновирање.

- Никогаш не сум рекол дека не виделе како што треба. Тие го кажале тоа што го виделе. Да не беше така, немаше да го вметнеме реновирањето на полуотвореното одделение во програмата, да обезбедиме средства и да почне постапката - рече Маневски.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=215101040346&id=9&prilog=0&setIzdanie=21910

Edited by Cloverstack - 15-Feb-2010 at 13:40
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-May-2010 at 14:04

Реконструкција на затворите со заем од Банката за развој при СЕ

Македонските затвори ќе добијат нов лик со целосната реконструкција која ќе опфаќа обнова, реновирање и изградба на нови објекти во четири установи и тоа во  казнено-поправниот дом Идризово, воспитно-поправниот дом Тетово и затворите Скопје и Куманово.

Проектот ќе се реализира благодарение на заем од Банката за развој на Советот на Европа кој тежи 46 милиони евра, а ќе учествува и Република Македонија со 6 милиони евра. 

- Со Проектот се предвидува проширување на КПД Идризово со изградена површина од 43.000 метри квадратни, а сегашниот капацитет од 900 места ќе се зголеми за 1.510 лица. Ќе се изгради нов воспитно-поправниот дом Тетово со површина од 2.640 метри квадратни со капацитет од 84 малолетни лица, во затворот Скопје ќе се изградат нови објекти со површина од 12.235 метри квадратни, а вкупниот капацитет на установата ќе биде 634 осудени и притворени лица, а ќе се доврши и изградбата на затворот Куманово со објекти од вкупна површина од 5.500 метри квадратни и капацитет од 250 лица, појасни министерот за правда Михајло Маневски.

За министерот Ставрески овој заем е уште една потврда дека реформите во овој сегмент и напорите на Македонија се потврдени од страна на највисокото управувачко тело на банката како и дека европските банки ја изразуваат поддршката на Македонија во процесот на евроинтеграциите.

- Условите под кои се добиени средствата се исклучително поволни. Рокот за отплата на кредитот е до 20 години, со грејс период до пет години. Каматната стапка е исклучително ниска околу 1,2  проценти. Тоа се надобрите можни услови што може да се добијат на пазарот во вакви кризни времиња, рече министерот Ставрески. 

Градежните работи во четирите установи кои се опфатени во проектот ќе започнат во првата половина на 2011 година, а предвидено е да се реализира до 2015.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/rekonstrukcija-na-zatvorite-so-zaem-od-bankata-za-razvoj-pri-se
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Jul-2010 at 15:16

Затворот во Кшање ќе се доградува догодина

 Во Затворот во Кшање, изградбата на потребните објекти ќе започне  наредната година со сретства од Банката за развој на Советот на Европа.

 " Ќе се гради административна зграда, болничкиот одел, кујната, трпезаријата, пералницата, работилниците, магацините, гаражите, спортските терени, енергетскиот блок, безбедносната ограда и на пристапниот пат во должина од 1300 метри. Моментално од овој проект се завршени урбанистичките и идејните проекти, а се подготвува техничка документација за изработка на основен и изведбен проект", соопштуваат  од Управата за извршување санкции.

 Изградбата на новиот затвор во селото Кшање започна на 7 јули 2007 година, а првите лопати ги фрлија министрите за правда Михајло Маневски и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/zatvorot-vo-ksanje-ce-se-dograduva-dogodina.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Jan-2013 at 00:10
Затворот во Шуто Оризари ќе се проширува со нови згради

Дел од дотраените затворски згради во КПУ „Затвор Скопје“ [»мапа] ќе се уриваат, на нивно место ќе се подигнат современи зданија што ги задоволуваат високите европски критериуми за сместување на затворениците, а останатите објекти ќе бидат подложени на реконструкција. Министерството за правда деновиве го објави огласот за избор на архитектонско биро што ќе ја подготви проектната документација за изградба и санирање на објектите во оваа установа. Обемните градежни активности ќе се изведуваат врз објекти со површина од 14.800 метри квадратни, додека архитектонски проект со предложени идејни решенија ќе се изработи за целиот комплекс со вкупна површина од 6,45 хектари.

Извор:%20Министерство%20за%20правда

Покрај архитектонско – урбанистичкиот проект, планирано е да се состават основни проекти за изградба и реконструкција на објектите и за целокупната линиска инфраструктурна градба, технолошки проект за кујна, перална и пекара, проект за набавка на мебел и опрема, проект за рушење и отстранување на градби, елаборат за заштита на животната средина, за гео – механички истражувања и испитување на теренот и за истражувачки работи за користење на подземните води за поставување на топлински пумпи за греење и сообраќајно – безбедносен елаборат. Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми капацитетот на затворот „Шутка“ на речиси 700 осудени и притворени лица, а градежниот зафат треба да заврши најдоцна до 2015 година.

Понудите треба да се достават најдоцна до 18 февруари, при што најповолниот понудувач по склучувањето на договорот ќе има рок од 210 денови за да го подготви проектот. Македонската влада уште пред три години обезбеди финансиски средства од Банката за развој при Советот на Европа и од европските ИПА фондови за темелна реконструкција на затворите. Вкупната инвестиција во сите казнено – поправни установи треба да изнесува 52 милиони евра, а како извор на финансирање за дел од изведбените активности ќе биде и државниот буџет.



#
Објавено на 06.01.2013 во категорија Вести.

Тагови: Геотермални топлотни пумпи, Казнено-поправни институции, Кредити, Реновирање и реконструкција, Скопје, Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=21723
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Aug-2018 at 17:12
Реконструкција на дел од затворот Идризово

















https://www.akademik.mk/foto-novi-objekti-vo-kpu-idrizovo-a-naskoro-vo-protsedura-i-zakonot-za-izvrshuvane-na-sanktsiite/
За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 715
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 31-Aug-2018 at 09:33
Подобро од студентски дом
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.