build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 27-Jan-2018 at 17:25
Sto bidna so objektov ima li nekoja promena??
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 23-Feb-2018 at 00:15
Дали новиот градоначалник досега има кажано нешто за оваа грозотија, и дали има можност за кривична одговорност за инволвираните во изградбата затоа што објектов воопшто не се совпаѓа со прикажаното на рендерот? Колку пари чини и дали ќе се промени неговата фасада, па и конструкција за да личи на планираното?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 23-Feb-2018 at 19:50
Originally posted by Staro Skopje

Дали новиот градоначалник досега има кажано нешто за оваа грозотија, и дали има можност за кривична одговорност за инволвираните во изградбата затоа што објектов воопшто не се совпаѓа со прикажаното на рендерот? Колку пари чини и дали ќе се промени неговата фасада, па и конструкција за да личи на планираното?


Haha, a ti mislese ke izleze kako na renderot? Big%20smile

Renderot e samo za prodazba i pravnenje "budjet" za izvedba se koristi pomalce od polovina budjet, taka da dobivas nekoja kvazi izvedba ...  za sreka moze da se pokrie so stiropor Roll%20eyes


Edited by iGi_PoP - 23-Feb-2018 at 19:50
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 24-Nov-2019 at 16:34
Да се потсетиме...



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 24-Nov-2019 at 19:48
Niskava bi mozela da se oznaci za stopirana bidejki tuka veke so godini nema aktivnost a ocigledno deka nema ni da ima vo dogledno vreme,za ovoj objekt nikoj nisto ne spomnuva,prasanje e uste kolku vreme ke stoi vaka...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1362
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 25-Nov-2019 at 19:18
Исто како за несудената зграда на Општина Ѓорче Петров
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 16-Oct-2020 at 09:46
Едно од понудените конкурсни решенија за објектов









https://www.filipmarjanovic.com
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 14-Jan-2021 at 15:08
БОГОЕВ ТРИ ГОДИНИ НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ПРАВИ СО НЕДОВРШЕНАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА НА КАРПОШ ЗА КОЈА ЈАКИМОВСКИ ГО УТНА ПРОЕКТОТ



Три години нема никакви градежни работи на административната зграда на Општина Карпош, ниту е најдено решение како да се продолжи реализацијата на овој проект. Откако во 2017 на градоначалничката функција на местото на Стевчо Јакимовски дојде Стефан Богоев, беше кажано дека зградата не може да се доврши оти е утнат проектот. Она што досега е изградено во голема мера отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба, па зградата нема да може да добие употребна дозвола.

Ниту изминативе три години за ова не е најдено решение, па зградата и понатаму зјае недовршена иако во голема мера е изградена, поставена е фасада и прозорци.

„Државниот завод за ревизија во својот редовен извештај за материјално-финансиското работење на Општина Карпош констатираше дека новата општинска зграда е изградена спротивно на избраниот проект и одобрението за градење. Како Опшина формиравме работна група од стручните служби од Секторот за урбанизам, кои во моментов прават проверка на целата документација во врска со општинската зграда, со цел можно откочување на процесот“, велат од кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

Зградата на Општина Карпош почна да се гради во октомври 2012 година и тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски најави дека ќе биде готова за осум месеци. Во текот на градбата Општината промени неколку фирми изведувачи, а за зградата беше земен кредит во висина од 1,4 милиони евра.

Градоначалникот Богоев по стапување на функцијата кажа дека досега ништо за зградата не е платено. Наменскиот кредит кој бил подигнат се користел за други цели наместо да се исплаќаат фирмите изведувачи.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bogoev-tri-godini-ne-znae-shto-da-pravi-so-nedovrshenata-opshtinska-zgrada-na-karposh-za-koja-jakimovski-go-utna-proektot/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 14-Jan-2021 at 16:06
Багер, што друго? И за 1955 ова е ѓубре.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 14-Jan-2021 at 17:29
Нека ја продаде, па нека направат нова на друга локација, ако воопшто остана некоја парцела за градење.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 14-Jan-2021 at 17:33
Мислам дека со надворешна стаклена лесно се решава. Да се енкапсулира ова со уште еден слој, во стилот на double skin facade.

Е сега за подобноста на внатрешните простории не би можел да коментирам. Мислам дека не ни стануваше збор за фасадата искрено, мислам дека ентериерот е тотално несоодветен за општинска зграда, туку сигурно е граден како канцелариски простор.








Edited by гитардемон - 14-Jan-2021 at 17:34
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1760
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 14-Jan-2021 at 17:43
Какви рендери излегуваа кога се планираше ова, а излезе торта никаква, најбезвезна у свет. Ако општината не остава пример, што понатаму за другите субјекти.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 14-Jan-2021 at 18:14

Со дополнителни трошоци, овој проблем, барем во делот на каква-таква функционалност на оваа зграда можеби донекаде и ќе се реши...

Но има тука многу поголем проблем, системски. Додека нема последици за ваков однос кон јавни функции и кон јавни пари, постојано ќе имаме репризи на вакви ситуации!


Спомнати се вакви работи:

- Она што досега е изградено во голема мера отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба.

- Наменскиот кредит кој бил подигнат се користел за други цели наместо да се исплаќаат фирмите изведувачи.

Епа колку криминал треба да се направи, за луѓе да завршат во затвор, а надоместок на материјалната штета да се направи преку конфискација на имоти? Со непокренување на кривични пријави Стефан Богоев станува СОУЧЕСНИК, а не маченик кој замислете три години правел „проверка на целата документација во врска со општинската зграда, со цел можно откочување на процесот“.



Edited by Cloverstack - 14-Jan-2021 at 18:30
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 15-Jul-2021 at 15:36
Ова остана вака недовршено,веќе се забележува и одредено оштетување на фасадата од атмосферски влијанија(од твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 09-Nov-2021 at 10:52
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово направи увид во новата општинска зграда чија изградба беше стопирана во изминатите четири години.
Јакимовски најави дека ќе побара од советот на општината во буџетот за следната година, да се обезбедат средства за довршување на изградбата за да може во текот на 2022 година да биде пуштена во функција.
-
Утрово дојдов да ја видам општинската зграда. За жал забележав дека некаде прокиснува. Така е кога нема луѓе во некој објект, тој пропаѓа. Ќе се потрудам на седница на совет со новиот буџет да обезбедиме средства за оваа зграда и наредната година да ја пуштиме во функција, рече градоначалникот Јакимовски.



https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 09-Nov-2021 at 17:52
Како Јакимовски ќе ја доврши новата општинска зграда кога изграденото досега отстапува од проектот?

Новиот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави дека ќе побара од општинскиот Совет во буџетот за следната година да се обезбедат пари за довршување на изградбата на новата општинска зграда за да може во текот на 2022 година објектот да биде пуштен во употреба.

-Утрово дојдов да ја видам општинската зграда. За жал забележав дека некаде прокиснува. Така е кога нема луѓе во некој објект, тој пропаѓа. Ќе се потрудам на седница на Совет со новиот буџет да обезбедиме средства за оваа зграда и наредната година да ја пуштиме во функција – рече Јакимовски.

Но, како што е познато, проблемот со доизградба на овој објект не беа парите, туку фактот дека она што досега е изградено отстапува од проектот.

-Сакаме да ве информираме дека во тек е постапка за измени во тек на градба, што е согласно законите – одговараат кусо од Општина Карпош на прашањето од „Слободен печат“ како планира градоначалникот Јакимовски да ја доврши новата општинска зграда кога изградбата е запрена затоа што објектот отстапува од проектот.

Претходното раководство, на чело со градоначалникот Стефан Богоев четири години се обидуваше да најде решение како да се доизгради новата зграда каде требаше да биде сместена општинската администрација, затоа што она што е веќе изградено отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба. Со цел да се надминат пречките и да се дојде до решение со кое би се откочил процесот на изградба, во Општината беше формирана работна група која требаше да ја провери целата документација во врска со новата општинската зграда.

Во септември годинава од Карпош информираа дека работната група, составена од стручните служби на општинскиот Секторот за урбанизам направиле увид и ја провериле целокупната документација.

-Со оглед на тоа што веќе постоечкиот објект (новата општинска зграда) отстапува од основниот проект, во тек е постапка за изработка на нов проект. Откако стручните лица ќе го изработат проектот, за него ќе биде поднесено барање до Министерството за транспорт и врски, со цел завршување на општинската зграда – тврдеа тогаш во Карпош.

Дали во меѓувреме е изработен нов проект и доставен до надлежното Министерство, нема конкретен одговор од Општина Карпош.

https://www.slobodenpecat.mk/kako-jakimovski-kje-ja-dovrshi-novata-opshtinska-zgrada-koga-izgradenoto-dosega-otstapuva-od-proektot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 02-Feb-2022 at 17:44
Јакимовски на мускули бутка да се доврши општинската зграда



Не се знае дали недоизградената општинска зграда на Карпош ќе се пушти во употреба годинава, иако градоначалникот Стевчо Јакимовски во ноември минатата година, кога го започна мандатот, најави дека ќе побара од советниците во буџетот за следната година да се обезбедат средства за нејзино довршување. Во изјава за весникот ВЕЧЕР, Јакимовски истакна дека за годинава, со буџетот на Општина Карпош не се предвидени средства за доизградба на општинската зграда.

Со ребалансот на буџетот, ќе се обидам да издејствувам средства за доизградба на општинската зграда. И тоа на тој начин што ќе ги конвертираме долговите во обврзници. Располагаме со 470 милиони денари, кога ќе се издвојат за плати, за други давачки, нема да остане ништо. Освен тоа, предвидени се 20 милиони денари за замена на покриви и на лифтови. И да имаме приходи поголеми од 470 милиони денари, не можам да ги трошам, бидејќи морам да оставам за наредната година – вели Јакимовски.

Општинската зграда почна да се гради во претходниот мандат на Јакимовски, но Стефан Богоев кој го наследи, ја стопираше натамошната изградба. Јакимовски вели дека неговиот претходник, Богоев, не можел да ја доврши оти го утнал проектот. Објаснува дека она што било изградено, во голема мера отстапувало од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба, па зградата нема да може да добие употребна дозвола.

Зградата на Општина Карпош почна да се гради во октомври 2012 година и Јакимовски, како тогашен градоначалник, најави дека ќе биде готова за осум месеци. Во текот на градбата, Општината промени неколку фирми изведувачи, а за зградата беше земен кредит во висина од 1,4 милиони евра.

И Општина Ѓорче Петров нема средства за продолжување на изградбата на општинската зграда. Оттаму велат дека работите ќе продолжат штом ќе се овозможат услови.

– Во моментов, не е во фокусот довршување на општинската зграда, поради ограничените буџетски средства. Инаку, градежните работи околу овој објект се речиси 90 проценти готови – истакнаа од локалната самоуправа.

https://www.vecer.press/јакимовски-на-мускули-бутка-да-се-довр/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.074 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.