build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Петка - Прилеп (Точила)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 06-Aug-2014 at 21:51
Осветување на црквата Св. Петка во населбата Точила

Иницијативниот одбор за изградба на црквата Св. Петка, ги поканува сите граѓани да присуствуваат на чинот на осветување на црквата во населбата Точила во Прилеп.


 Осветувањето ќе се одржи утре во 17 часот. 

Иницијативата за изградба на црквата произлезе од самите верници, во 2008 година, по што, со помошта која пристигнува од сите страни и преку четирите донаторски конференции, започна нејзината изградба. Според својот изглед таа многу наликува на охридскиот Плаошник и една од најголемите и најубавите цркви во регионот. Малото осветување ќе се изврши на 7- ми август, во предвечеието на празникот “Св. Петка”.

http://10bez10.com/vesti/opshtina/2871-osvetuvanje-na-crkvata-sv-petka-vo-naselbata-tochila





Edited by kultuzin - 06-Aug-2014 at 21:52
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 06-Aug-2014 at 22:12
Applause
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 08-Aug-2014 at 08:19
http://www.prilep.gov.mk/content/news/5098-news_image-img_4033-960x600.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 08-Aug-2014 at 10:01
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-Aug-2014 at 10:57

Мало осветување на новиот црковен храм „Св.Петка“ во населбата Точила во Прилеп

Во предвечерието на големиот христијански празник Св. Петка  се изврши мало осветување на велелепниот  новоизграден  истоимен храм во населбата  Точила во Прилеп.  Воедно се постави и камен –темелник на новата камбанарија  што следно ќе се гради. На осветувањето присуствуваше и поглаварот на Македонската Православна Црква г. г. Стефан, Митрополитот  Преспанско-пелагониски и  Администратор Австралиско –новозеландски г. Петар, Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, Претседателот на Совет  м-р Никола Димески и многу други личности од опшествениот  живот како и голем број на верници кои не ја криеја радоста што после цели  100 годнини  добиваат нов верски храм кој по својата големина е втор во пелагониската епархија. Ова велелепно светилиште кое со својата архитектонска и духовна убавина преставува  своевидна потврда за нашиот библиски код започна да се изградува пред шест години, а со денешното внесување на Светиот Антимис  ја доби и духовната димензија  како верски објект  во кој може да се извршуваат различни верски обреди.  Иницијативниот одбор кој ја покрена и спроведе идејата за изградба на храмот „Св. Петка“  заедно со Локалната самоуправа, Градоначалникот Ристески и МПЦ  ја искористија оваа прилика за да  упатат благодарност до  сите верници,  поединци, фирми и институции кои на различни начини го помагаа нејзиното изградување истакнувајќи дека изградбата продолжува во внатрешноста на црквата каде следи  поставување на мермерниот иконостас, сликање на фрескоживописот,  вградување на подно греење,како и  градење  на  административна  зграда и партено уредување на целиот простор.


http://www.prilep.gov.mk/content/news/2014/08/5098-malo-osvetuvanje-na-noviot-crkoven-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-vo-prilep-960x600-1.jpg

http://www.prilep.gov.mk/content/news/2014/08/5098-malo-osvetuvanje-na-noviot-crkoven-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-vo-prilep-960x600-9.jpg

http://www.prilep.gov.mk/content/news/2014/08/5098-malo-osvetuvanje-na-noviot-crkoven-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-vo-prilep-960x600-29.jpg

http://www.prilep.gov.mk/news/mk/malo-osvetuvanje-na-noviot-crkoven-hram-svpetka-vo-naselbata-tocila-vo-prilep/

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 20-Sep-2014 at 19:30

Фото: Во тек се градежните активности за доизградба на црквата „Св.Петка“

Во  пресрет на големиот христијански празнк  Мала Богородица  градончалникот на општина Прилеп Марјан Ристески ја посети црквата „Св. Петка“ во населбата Точила која неодамна на храмовиот  празник  беше и осветена.

Во црквата моментално во  тек се градежните активности  околу   поставување на подното греење после што ќе следи поставување на гранитните и мермерните плочи со кои ќе биде овој храм поплочен. Во меѓувреме се работи на иконостатсот кој ќе биде иразботен од  најквалитетниот прочуен прилепски бел мермер, а се работи  и на скалишниот простор.

Во  текот на денешниот ден се поставуваше дограмата односно  изрезбарените влезни врати  и  прозорците од оникс кои ќе бидат дел од овој велелепен  храм. Напоредно се работи и на изградба на камбанаријата и средување на дворното место . Градоначалникот Ристески  очекува  следната година на храмовиот празник црквата „Св. Петка“ да биде комплетно завршена  и  во целосна функција за граѓаните и населението од овој крај.

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7416-Copy-720x340.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7415-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7388-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7421-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7419-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7417-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7416-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7409-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/IMG_7413-Copy.jpg

http://setaliste.com.mk
Фото: Златко Андоноски

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 05-Dec-2014 at 13:50
Започнува изработката на иконостасот за црквата „Св. Петка“ во Прилеп

На големиот христијански празник „Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста“ во скоро осветената нова црква „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп во присуство на Владиката Петар, Градоначалникот Ристески, преставниците од иницијативниот одбор за изградба на црквата и авторот, уметникот Трајковски се разгледуваше нацрт-проектот за иконостасот кој ќе биде изработен од најквалитетен бел прилепски мермер со димензии 8,20 на 2,30 метри, а стилски ќе потсеќа на средновековните црковни иконостаси. Уметникот Трајковски образложи дека на иконостатсот обавезно мора да се поставени иконите од Исус Христос Богородица и патронот светец односно Св. Петка со дополнување на уште две икони на светци по избор, а на вратите за влез во олтарот во дрво-резба ќе бидат изгравирани Архангелите Михаил и Гаврил. Се очекува иконостасот да биде завршен до летото односно до црковниот празник, кога и ќе се случи големото осветување на овој велелепен црковен храм кој се градеше од донациите на верниците, бизнис секторот и Локалната самоуправа. Градоначалникот Ристески и во оваа пригода честитајќи им го празникот на православните христијани изрази благодарност до сите граѓани фирми и поединци кои на сесрден начин беа дел од донаторските конференции и ја помогнаа изградбата на оваа црква и најави дека наскоро за предстојниот празник Водици ќе следи уште една донаторска конференција со чии средства се планира да се отпочне изградбата на Камбанаријата. Во меѓувреме ќе се уредува и партерниот простор, а црквата за големото осветување ќе го добие комплетниот изглед кој беше замислен со отпочнувањето на нејзиното градење.







повеќе слики на: http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnuva-izrabotkata-na-ikonostasot-za-crkvata-sv-petka-vo-prilep/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 20-Jan-2015 at 23:04
Во Прилеп се донираше за доизградба на храмот „Св. Петка“



Вчера во Прилеп се оддржа шестата по ред донаторска конференција посветена на изградбата на камбанаријата на новоизградената црква Св. Петка во населбата Точила.
На овој донаторски собир Локалната самоуправа донираше близу 40.000 евра, а градоначалникот Марјан Ристески од името на своето семејство 30.000 денари. Сопственикот на хотелот „Сонце-ГА“ Џорџ Атанасоски, изградбата ја потпомогна со 100.000 денари. Фирмата за мермер „Крин КГ“ со 300.000 денари, а најголемата прилепска текстилна фабрика „Comfy Angel“ од името на вработените донираше 15.000 денари. Многу други прилепски фирми за изградбата донираа градежни материјали и ја ставија на располагање градежната механизација со која располагаат.
За изградбата на камбанаријата, според пресметките на надлежните се потребни 1.500 000 денари.
Изградбата на камбанаријата и партерното уредување се очекува да бидат завршени до храмовиот празник годинава, кога се планира и големото осветување.

http://www.porta3.mk/vo-prilep-se-donirashe-za-doizgradba-na-hramot-sv-petka/
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 18-Jun-2016 at 19:50
Неколку слики од црквава која е веќе во функција.
Додека сликав имаше работници кои работеа на камбанаријата.

1

2

3

4

5

6

7
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 23-Jan-2017 at 09:08





ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 31-Jan-2017 at 19:24
http://www.svpetkaprilep.mk/planirani-aktivnosti-2017

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ 2017



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 466
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 01-Feb-2017 at 00:18
Преубаво, бравос... Се надевам дека во духот на прастарото хеленистичко турбо-фолк православие во фрескоживописот ќе биде претставена и света Јелена Карлеуша.

Ај можда до 2146-та кога ќе ги доковаат и доѕидаат сите бедеми, и кога сите болни ќе исчезнат, а сиромашните ќе се иселат, ќе им текни дека првобитната мисија на црквата беше да дава, не само да зема...

Edited by hcitrS - 01-Feb-2017 at 00:19
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 05-Feb-2017 at 13:28
Previous
Ne se sekiraj nogu, ima gospod i za takvi kako tebe rešenie!
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 466
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 05-Feb-2017 at 15:37
Фала што ми пренесе, поздрави Го ко ќе се слушните следно!
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 109
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 05-Feb-2017 at 17:15
Се додека државата не ги финансира, и не се од типот како онаа во Букурешт од 400 милиони евра, немам проблем со религиозни објекти. Ако имаат пари, нека градат, сепак спаѓа во приватен имот на една организација... Big%20smile
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 05-Feb-2017 at 20:27
Originally posted by hcitrS

Фала што ми пренесе, поздрави Го ко ќе се слушните следно!


За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 13-Aug-2017 at 18:27
Од утринава:









внатре:



За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.