build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Соб.храм Успение на Пресвета Богородица - Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Соб.храм Успение на Пресвета Богородица - Струмица
    Posted: 09-Apr-2009 at 14:52
Се собираат донации за изградба на катедрална црква во Струмица

http://i1046.photobucket.com/albums/b462/Makedonij/Crkvi/ba-2.jpg

http://www.mpc.org.mk/strumica-donation.asp

Ајде верници да донираме?Smile
Thumbs%20Up



Edited by Makedonij - 05-Aug-2014 at 20:40
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Apr-2009 at 14:57


Знаеш точна локација?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Apr-2009 at 15:16
Makedonij фала за инфото, еве ги рендерите и некое инфо од МПЦ околу црквава....
Проектот за изградба на нов соборен храм посвeтен на Успението на Пресвета Богородица прикажува трикорабна базилика со впишан крст, со петкуполен свод и два странично прилепени параклиси на јужното и северното крило до централното тело. Крстообразноста на соборната црква ја овозможува простран отворен фрескописан двокатен егзонартекс што се надоврзува на традицијата на велелепните ранохристијански цркви.

Вкупните димензии на објектот изнесуваат:
49 m /должина х 41 m /ширина х 30 m /висина.

Покровител на изградбата е градоначалникот на градот Струмица, г-динот Зоран Заев.

Со реализацијата на овој градежен проект ќе биде издигнат еден од најголемите и најубавите храмови Божји во Македонија.

Проектиран е според правилата и каноните на православната архитектура, согласно нашата вера, литургиски потреби и светоотечко градителско Предание.


http://www.mpc.org.mk/strumica-donacija.asp


01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Apr-2009 at 15:31
Lani bev vo Strumica,ima izgradeno pomala crkva do poštenskata zgrada zeleniot krug,na crveniot ima golema teritorija-pesok,mislam deka tamo ke blesne vo sklop so pomala crkva koja veke e izgradena-znači na crveniot krug,no toa e samo moja pretpostavka!





Ovaa e crkvičkata obkruženo zeleno

Edited by Makedonij - 10-Jun-2010 at 14:54
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Apr-2009 at 15:33
Никогаш не сум бил во Струмица, но вака од горе ми изгледа како убава локација
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Apr-2009 at 15:36
Ako prodolžat so vakvi kako šo e Zaev,ke bide nova prilika za razvivanje na jugoistočniot del.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Jun-2010 at 21:27
Ајде да го ставеме и овој, не бива ке почнат да го прават....

Соборен храм во Струмица

Проектот за соборениот храм во Струмица, посветен на Успение на Пресвета Богородица, преставува обид за создавање на простор за вршење богослужба. Имајќи ги предвид каноните на православното градителство како совршена мера и средство, како и нивното правилно користење, се избегнува опасноста од каков било маниризам на старите храмови. На тој начин се доаѓа до оригиналност на делото, која е еден од главните услови тоа да биде живо и вистински убаво. Црковната архитектура не е некаков стил, својствен за одредено место и време. Таа е пред сe обид да пронајде сe што е вистински вредно во сите стилови на таа епоха и на тоа место, и пуштајќи го низ својот метаболизам, да го преобрази и осмисли со вечни вредности.

Местоположбата на овој храм е во централното градско подрачје, каде со својата монументална композиција составена од петкуполно централно решение во впишан крст со странични капели и трем, треба да постане оска околу која ќе гравитираат останатите градби, секогаш сфатени како дел од целината. Корисната површина на објектот е околу 1600м2 со висина од 30м до темето на куполата.
Самиот храм во себе ги содржи главните архетипови, својствени за црковната архитектура на овие простори. Користејќи се со нив се создава една органска целина, која не допушта да биде разгранета на само еден од нив. Квадратот, крстот и сферата се во заемно проникнување и надополнување, преку кои јасно се отсликува единството на Црквата и тајната на нејзиното историско и вечно постоење. Правилното користење на пропорциите на конструктивните елементи, распоредот на светлината и употребата на природните материјали го обликуваат просторот и создаваат Тело во кое Литургијата ќе може непречено да се извршува, како суштина и смисла на секој храм.



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Jun-2010 at 21:28
Koga se raboti za soboren hram sekogaš su voshiten bidejki narodot ja pokažuva svojata verska veličina....no kaj nas toa odi nogu poleka!!


Edited by Makedonij - 10-Jun-2010 at 14:57
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Jun-2010 at 21:31

Во Струмица ќе се гради најголемиот православен храм во земјава

Сузана Тасева Коментари (0)   
14.05.2005 00:00

Најголемиот православен храм во земјава „Пресвета Богородица“, што ќе се гради во Струмица, ќе биде испит за нашата зрелост пред другите цркви и испит во борбата за потврдување на автокефалноста на нашата црква, рече владиката Наум на проекцијата на новиот соборен храм.

„Навистина тоа ќе биде најубав храм во Македонија, според естетика и историско значење. Ги имаме и Плаошник и „Света Софија“ во Охрид, но според убавина и големина, ова ќе биде најубав и најголем храм во Македонија“, изјави г.Наум, митрополит на Струмичката епархија.

Изградбата на храмот ќе чини околу 6 милиони евра, средства што ќе бидат донирани од бизнисмените и верниците.

„Со изградба на еден ваков капитален објект мислам дека ќе има една слика за Струмица, која ќе го измени буквално изгледот на градот“, вели Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица.

Храмот ќе биде висок 30, широк 47 метри, а ќе се простира на површина од 1.500 метри квадратни.

„Употребуваме оние архетипови, прототипови, кои постојат на ова поднебје. Значи, ние изворите ги црпевме од нашата најблиска околина, бидејќи има добар дел од примери на храмови, кои што не ги ископиравме, туку само на еден современ, модерен јазик повторно ги вградивме во овој објект“, рече Александар Ајчевски, архитект.

На местото каде ќе се гради храмот „Пресвета Богородица“ пред 14 години беа поставени темели за изградба на нова црква во Струмица.

http://www.a1.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jun-2010 at 21:32
Струмица
"Мизар" ги собра првите пари за новата црква

Од концертот на групата "Мизар", во саботата се собрани првите пари за изградба на новиот соборен храм "Успение на пресвета Богородица" во Струмица.

- На овој начин сакаме да ги анимираме младите во Струмица дека во нивниот град ќе се гради нов соборен храм. Со палењето свеќа, тие истовремено ги донираат првите 10 денари - изјави струмичкиот митрополит г.Наум.

Изградбата на храмот ќе чини околу 6 милиони евра. Се очекува парите да бидат собрани од верници и од стопанственици. Во соработка со фондацијата "Мобимак за Македонија" е отворена телефонска линија, преку која може со секое јавување да се донираат 100 денари.

Храмот "Успение на пресвета Богородица" ќе биде висок 30, а широк 47 метри, односно ќе биде најголем во земјава. Според митрополитот Наум, "неговата изградба ќе претставува и испит за нашата зрелост во борбата за потврдување на автокефалноста на МПЦ". (Р.Т.)

Број 2853    сабота, 18 март 2006  http://star.dnevnik.com.mk


Edited by Makedonij - 09-Jun-2010 at 21:33
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jun-2010 at 21:34
Новата црква во Струмица внесе раздор меѓу донаторите и владиката Наум

Струмица, 12 јуни (МИА) - Изградбата на новиот соборен храм „Пресвета Богородица“ во центарот на Струмица веќе подолго време внесува раздор и отворен судир меѓу некои донатори и од нив заведени верници, од една, и митрополитот на Струмичката епархија г. Наум од друга страна.

Здружението на граѓани „Православно дело“ се залага за продолжување на изградбата на новата православна црква според првобитниот проект на архитектот Јанко Константинов и се заканува дека ќе почне со собирање потписи за организирање референдум на кој граѓаните на општина Струмица би се изјасниле за нивната поскапа или за поевтината варијанта на овој монументален верски објект предложена од митрополитот Наум.

Изградбата на новиот црковен храм почна пред повеќе од една деценија со донации и со доброволни прилози на верниците, но поради недостиг на средства градежните работи веќе подолго време се стопирани. За изградбата на црквата требаше да бидат потрошени околу 15 милиони евра.

Согледувајќи ги нереалните проекции на поранешниот одбор за изградба на новиот црковен храм, а тргнувајќи од фактот дека само Светиот синод на МПЦ може да даде благослов за изградба на црковни објекти, владиката Наум донесе одлука за ревизија на првичниот проект, што предизвика незадоволство и револт кај дел од донаторите и кај помал број верници. Според оваа одлука, трошоците за изградба на новата црква треба да бидат најмалку преполовени, односно да изнесуваат околу седум милиони евра, а со новите проектни решенија е предвидено и скратување на висината на главната купола од 30 на 15 метри.

Противниците на владиката Наум меѓутоа како одговор на неговите залагања за скратување на трошоците формираа Здружение на граѓани верници кое инсистира изградбата на новиот црковен храм да продолжи според стариот проект, при што не се посочуваат сигурни извори за обезбедување на потребната сума од 15 милиони евра. Во спротивно здружението „Православно дело“ ќе се обиде преку референдум да го добие легитимитетот од верниците и граѓаните за остварување на своите заложби. Новата црква во Струмица, и покрај предвидените скратувања, сепак ќе биде најголем православен верски храм во Македонија.

http://www.idividi.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Jun-2010 at 03:04
@Makedonij Zaludno zal mi e sto niskata ke skapa taka prazna uste 20 godini! Ziveam vo blizina na ova mesto ! Znaes od koga pocna da se gradi ? 1992 koga trgnav prvo oddelenie gi stavija temelite i tolku bese!
od 1992 do sega po 5 kamena da stavaa sekoj mesec ne hram , piramida ke izgradea do sega !
No vo prasanje e kade se parite

Edited by leonid23 - 10-Jun-2010 at 03:05
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Jun-2010 at 20:38
Локацијата е прекрасна... ама 15 години не мрда ништо....
Сега можеби Заев ќе биде ктитор, па ќе тргне некако...
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 12-Jun-2010 at 23:00
@Шпер ne 15 ! toa e 17ta godina veke ! Nema mrdanje , za izgradba na verski objekti e nadlezna MPC , lokalnata samouprava ne .
Mestoto e ubavo ama 17 godini imame krater vo sred grad !
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Jun-2010 at 20:16
Originally posted by leonid23

@Шпер ne 15 ! toa e 17ta godina veke ! Nema mrdanje , za izgradba na verski objekti e nadlezna MPC , lokalnata samouprava ne .
Mestoto e ubavo ama 17 godini imame krater vo sred grad !



Надежта го продолжува страдањето на човекот - Фридрих Ниче

Dunno
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Jun-2010 at 20:24
nesto so objektov ne mi stima, vnatresnite polukruzni svodovi si nemaat vrska so nadvoresniot izgled.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Jun-2010 at 02:46
Originally posted by lupo

nesto so objektov ne mi stima, vnatresnite polukruzni svodovi si nemaat vrska so nadvoresniot izgled.


@lupo црквата требаше да биде со круглест облик , но планот се смени пред 10 години , така да донсоа нов план ете го има поставено на нишкава
Back to Top
nikola49 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Jul-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikola49 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Aug-2010 at 14:05
sto se desava so ovoj proekt do kade se rabotite gledam go ima na sajtot na mpc dali nekoj ima detalni informaci
Струмица најубав град     
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Aug-2010 at 17:55
Drugar site informaciji za objektot gi imaš pogore, dali vo opšto gi čitaš?
So odnos so toa deka si od strumica bi možel da se pozanimaš napraviš nekoja fotka od temelite i ja spodeleš so nas!Cheers
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Addvert View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Location: Sofia, Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Addvert Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Aug-2010 at 07:07
Eve otprilika kako treba da izgleda Hramot vo okolinata gledano od platoto pred Dom Kulture... za goleminata ne sum bash siguren - moze duri i pogolem da e ...


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.