build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Соб.храм Успение на Пресвета Богородица - Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Addvert View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Location: Sofia, Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Addvert Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 16-Aug-2010 at 07:50
A eve ja otprilika lokacijata od pticja perspektiva...


Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 16-Aug-2010 at 14:21
ApplauseApplauseApplause
Applause
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Addvert View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Location: Sofia, Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Addvert Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Aug-2010 at 07:01
Makedonij, ostarevme chekajki... : ((  Bev dete koga gi postavija temelite... mozebi moite vnuci ke imaat srekja da vlezat vo Hramot... Zalno e... toj "odbor" shto e protiv proektov - treba da se proglasi za personas non grata!!!
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 30-Oct-2010 at 08:38
Една постара вест....2006

Во Струмица ќе се гради најголема црква во земјава


http://star.dnevnik.com.mk/izdanija/2759/9489.jpg

Летово ќе почне изградбата на најголемиот православен храм во земјава. Храмот "Пресвета Богородица" е лоциран е во центарот на Струмица и треба да никне врз темели поставени пред 14 години за тогашната соборна црква. Тоа црковно здание ќе биде високо 30 метри, широко 47 метри и ќе се простира на површина од 1.500 квадратни метри.

- Изградбата на овој велелепен храм ќе претставува голем испит за нашата зрелост, но и потврда за автокефалноста на нашата Црква - рече митрополитот струмички Наум на видеопрезентацијата на новиот храм.

Храмот ќе се гради со пари од бизнисмените и од верниците, а вкупната инвестиција се проценува на околу 6 милиони евра. Покровител на изградбата е градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. Според него, храмот "Пресвета Богородица" ќе биде еден од препознатливите белези на градот под Царевите кули.

- Објектот е многу голем и ќе бара многу инвестирање. Убеден сум дека ќе успееме во нашите намери и заедно со МПЦ и Струмичката епархија, архитектите и стручните луѓе ќе дојдеме до посакуваната цел -изјави градоначалникот Заев. (Р.Т.)


http://star.dnevnik.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 22-Jan-2011 at 19:04
Интензивирање на подготовките за изградба на Соборниот Храм “Пресвета Богородица„ во Струмица

На иницијатива на градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, во просториите на неговиот кабинет, на 17.01.2011 година, понеделник, беше одржана работна средба чиј предмет на работа беше наметнатата потреба од регулирање на сопственичкото право на МПЦ-Струмичка Епархија за локацијата, која според Генералниот План на Струмица е предвидена за Соборниот Храм ,,Пресвета Богородица,, во непосредна близина на зградата на Македонски пошти-подружница Струмица.

Со состанокот координираше градоначалникот на Општина Струмица на кој освен претставникот од МПЦ-Струмичка Епархија, присуствуваа и Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, координаторот на советничката група на СДСМ, Јосиф Христов, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Томе Лазаров, раководителот на Управа за имотни правни односи, одделение Струмица при Министерството за финансии, Благој Чурлинов, раководителот на Агенцијата за катастар на недвижности-Струмица, Христо Митров, Мери Енимитева, Државен Правобранител за регионот на Струмица, раководителот на одделението за урбанизам при ЕЛС Струмица, Мери Андреева и раководителот на одделението за инспекциски надзор при ЕЛС Струмица, Ѓорѓи Бонев.

Со активно вклучување на секој од одговорните лица на општинските и државни институции, од работната средба произлегоа заклучоци со кои ќе се овозможи побрзо решавање на долгогодишниот проблем со кој се соочува Струмичката Епархија при МПЦ.


http://www.strumica.gov.mk

Edited by Makedonij - 22-Jan-2011 at 19:04
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Jan-2011 at 19:08
КОНЕЧНО НЕШТО!
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 01-Feb-2011 at 16:49

Див паркинг наместо најголем храм

Поплавените бетонски темели и издигнатите метални столпчиња 19 години се сведоци дека во строгиот центар на Струмица се наоѓаат осветените темели на црквата „Пресвета Богородица“. Тука требаше да биде изграден најголемиот православен храм во Македонија. Во последните години плацот е претворен во грдотија и во див паркинг за комби-превозниците. Граѓаните реагираат на таквата неубава слика.

- Тоа е грдо место за сите. Лоша слика за градот. Со урбанизирање и изградбата на црквата ќе биде многу поубаво. Не знаеме зошто досега не е изградено нешто повеќе од темелите - велат граѓаните со кои разговаравме.

По поставувањето на темелите за изградба на црквата во 1992 година во неколку наврати МПЦ ветуваше продолжување на изградбата. До пред десетина дена парите беа единствениот проблем, но сега излезе дека нерасчистените имотно-правни односи на парцелата, на која треба да се гради црквата, се најголем проблем за продолжување на изградбата. Од вкупно 14 парцели колку што ги има на плацот, само една ~ припаѓа на МПЦ, додека останатите ги користат многу приватни и јавни претпријатија и институции.

Таквата состојба ја потврдуваат и во Струмичката епархија на МПЦ. Според секретарот и портпарол на епархијата, отец Александар Божинов, со добивањето чист имот за сопственост ќе може непречено да се работи на изнаоѓање донатори, кои би помогнале во изградбата на ова православно светилиште.

Локалната власт, која поведе постапка за отстапување на сопственоста на земјиштето на МПЦ, смета дека за неколку месеци црквата ќе добие имотен лист.

- Очекуваме до крајот на мај годинава да завршиме со сите постапки за да добиеме чист имотен лист на МПЦ, кој претставува основна потреба за да може да разговараме со потенцијални донатори од бизнис-заедницата за продолжување на изградбата - вели градоначалникот Зоран Заев.

Тој беше иницијатор на заеднички состанок на повеќе локални и државни институции за решавање на овој проблем. Струмичкиот градоначалник додава дека на сопствениците на времени објекти, кои се сместени на овој плац, им е наложено во рок од 60 дена да го испразнат просторот околу местото за новата црква.

Изградбата на најголемиот православен храм во земјата, „Пресвета Богородица“, треба да чини околу 6 милиони евра. Тој треба да биде висок 30, широк 47 метри и ќе се простира на површина од 1.500 квадратни метри.

Ристо Тасев

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=329CDC0420C37A48BF7A27CCB69A5B64
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 09-Feb-2011 at 17:09
Во Струмица ќе продолжи изградбата на новата соборна црква

strumica_mala.jpgСтрумица  - Локалната самоуправа во Струмица прави напори за продолжување на работите околу изградбата на новата соборна црква „Успение на пресвета Богородица" чии што темели МПЦ, односно Струмичката епархија ги постави пред повеќе од десетина години.

Поради недостиг на средства, градежните работи беа стопирани веднаш по поставувањето на основата на објектот.

- Иако досега не сакаше да се меша во работата на црквата, Општината поведе ницијатива за продолжување на изградбата на новиот христијански храм, бидејќи тоа ќе биде од огромно значење не само за верниците, туку и за градот воопшто, изјави градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

На последната седница Советот на Општина Струмица донесе одлука за отстапување на просторот на кој сега функционира противпожарната единица, како и за дислоцирање на неколку привремени објекти во непосредна близина на градежниот плац, а истиот потег наскоро треба да го направи и водостопанското претпријатие „Струмичко поле" со отстапување на нивниот дел од земјиштето на црквата.

Откако земјиштето ќе се внесе во катастарот како имот на МПЦ, најверојатно веќе наредната година, со средства од општинскиот буџет, од спонзори, донации и од други извори, подвлече Заев, ќе почнеме со изградбата на црквата до карабина фаза или до прва плоча.

Изградбата на нова црква во Струмица одамна претставува неопходна потреба за православните верници, бидејќи постојните две „Св. Кирил и Методиј" и „Св. Петнаесет" се наоѓаат во горниот, односно во стариот дел од градот, кој во последните триесетина години се прошири во рамничарската зона, каде што нема ниту една православна црква. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2847&Itemid=125
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 10-Feb-2011 at 07:19

Ќе продолжи изградбата на новиот Соборен храм во Струмица

http://www.strumicanet.com/media/k2/items/cache/0dc247c07eee71a72cf9409729fb3455_XL.jpg

Општина Струмица прави напори за продолжување на работите околу изградбата на новиот соборен храм “Успение на пресвета Богородица“ чии темели Струмичката Епархија при Македонската православна црква ги постави уште пред десеттина години.

Но, поради недостаток на средства, и мегаломанските амбиции на дел од спонзорите за подигање на црква што ќе ги надминува димензиите дури и на соборниот храм “Св. Климент Охридски“ во Скопје, градежните работи беа стопирани веднаш по поставувањето на основата на објектот.

“Иако ние како општина досега не сакавме да се мешаме во работата на црквата, деновиве поведовме иницијатива за продолжување на изградбата на новиот христијански храм, бидејќи тоа ќе биде од огромно значење не само за верниците, туку и за градот воопшто. На последната седница Советот на општина Струмица донесе одлука за отстапување на просторот на кој сега функционира Противпожарната единица, како и за дислоцирање на неколку привремени објекти во непосредна близина на градежниот плац, а истиот потег наскоро треба да го направи и јавното водостопанско претпријатие “Струмичко поле“ со отстапување на нивниот дел од земјиштето на црквата. Откако земјиштето ќе се внесе во катастарот како имот на МПЦ, најверојатно веќе наредната година со средства од општинскиот буџет, од спонзори, донации и од други извори ќе почнеме со изградбата на црквата до карабина фаза или до прва плоча“ - изјави за Радио СтрумицаНет градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, кој е и покровител на изградбата на соборниот храм.

Изградбата на нова црква во Струмица оддамна претставува неопходна потреба за православните верници, бидејќи постојните две “Св. Кирил и Методиј“ и “Св. Петнаесет“ се наоѓаат во горниот, односно во стариот дел од градот, кој во последните триесеттина години се прошири во рамничарската зона, каде што нема ниту една православна црква.

Инаку, Проектот за изградба на нов соборен храм посвeтен на “Успението на Пресвета Богородица“ прикажува трикорабна базилика со впишан крст, со петкуполен свод и два странично прилепени параклиси на јужното и северното крило до централното тело. Крстообразноста на соборната црква ја овозможува простран отворен фрескописан двокатен егзонартекс што се надоврзува на традицијата на велелепните ранохристијански цркви. Вкупните димензии на објектот изнесуваат:
49 m /должина х 41 m /ширина х 30 m /висина.

Со реализацијата на овој градежен проект ќе биде издигнат еден од најголемите и најубавите храмови Божји во Македонија.
Проектиран е според правилата и каноните на православната архитектура, согласно православната вера, литургиски потреби и светоотечко градителско Предание. (Р.Ѓ.)

За оние што би сакале да учествуваат како приложници во изградбата на овој соборен храм на “Успението на Пресвета Богородица“, Струмичката Епархија отвори жиро-сметки:

1. денарска жиро-сметка:
Соборен храм “Успение на Пресвета Богородица“ - Струмица
“Охридска банка“ АД - Охрид
број на жиро-сметка: 530-0603005651-49

2. девизна жиро-сметка:
Soboren hram “Uspenie na Presveta Bogorodica” - Strumica
Ohridska banka AD - Ohrid
SWIFT code: OHRDMK22
Bank account: 530-0000000001-76
IBAN: MK07530901000317093

За изградбата на овој храм може да se донира и по 100 денари со еден повик на бројот: 070/143-132.


http://www.strumicanet.com


Edited by Makedonij - 10-Feb-2011 at 07:21
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 30-Mar-2012 at 07:39

По 18 години ќе се гради Соборниот храм во Струмица

По%2018%20години%20ќе%20се%20гради%20Соборниот%20храм%20во%20Струмица

По 18 години од поставувањето на темелите на новиот Соборен храм “Успение на Пресвета Богородица“, планиран на просторот спроти главната пошта во Струмица, ќе започне да се гради еден од најголемите и најубавите Божји храмови во Македонија. Оваа вечерва го најави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, во емисијата “Отворено со градоначалникот“ на ТВ каналот ВИС.

Според Заев, овој проект се заокружува во делот на својата финансиска конструкција и целата организација ќе ја води тој како граѓанин, заедно со бизнисмени, донатори и самите граѓани, бидејќи според Уставот општината не може да финансира изградби на цркви и верски објекти.

“Овде влегувам како Зоран Заев, ниту Заев политичарот, ниту Заев градоначалникот. Самиот проект само по себе значи обединување на сите. Се работи за огромен христијански објект, Божји дом за кој што сите треба да дадеме свој придонес внатре“ – изјави градоначалникот Зоран Заев.

Се работи за проект кој е димензиониран уште од 1994 година, со одобрение за градба, со поставени темели и останато само како желба на струмичани уште од тој период. Овој Соборен храм неслучајно е проектиран на оваа тромеѓе на булеварите во централното градско подрачје, со крајна цел да пушта порака на верата, до Цариград, Белград и Атина.

“Ова година одбележуваме 1650 години од Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици , 100 години од изградбата на Црквата “Свети Кирил и Методиј“ во Струмица. Иако е кризна година, нашиот народ најголемите работи ги правел во време на сиромаштија“ – изјави градоначалникот Заев, надевајќи се дека во оваа изградба ќе се вклучат сите граѓани, без разлика на нивната политичка обоеност или друг вид на поделба која ја имаме во општеството. “Овој храм “Успение на Пресвета Богородица“ е одличен мегдан да се сплотиме, да се обединиме“ – додаде Заев.

Како што изјави градоначалникот Зоран Заев, во вечерашната отворена емисија на ТВ канал ВИС, овој објект е од огромно значење, бидејќи нема да биде само Божји дом, “овој проект со просторот околу него ќе биде и нов плоштад во Струмица“.

Стартот на изградбата на Соборниот храм во Струмица ќе биде официјално најавен на големиот христијански празник Велигден, во недела на 15-ти април во 20:00 часот на плоштадот “Гоце Делчев“ каде ќе се одржи Велигденски хепенинг. Тогаш градоначалникот Зоран Заев, преку 3Д видео презентација ќе го претстави пред струмичани на новиот “лед бим“, поставен на плоштадот. Градежните активности официјално ќе стартуваат после првата недела од Велигден, односно на 23-ти април.

Официјално инвеститор е Македонската Православна Црква – Струмичка Епархија, а градители ќе бидат граѓаните, во рамките на своите можности, кој со колку може ќе учествува во изградбата на Соборниот храм.

“Со Господ напред ќе тргнеме во изградба на еден ваков капитален проект, кој треба да значи дополнителна потврда на Струмица, за вредноста на струмичани кој што егзистира со векови на оваа подрачје“ – заврши градоначалникот Зоран Заев.

http://www.strumicanet.com/europe/item/2531-
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Tiveriopol View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Tiveriopol Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 30-Mar-2012 at 12:36
Овој на сликиве на темата е поновиот проект кога ги намалија димензиите на 36-37 метри и пак беше огромен.
По велигден ќе почне да се гради по стариот проект во кој црквата е огромна 57 метри Глобал бил за споредба 22 метри.
Црквата ќе се гради со пари од граѓаните и бизнис секторот општината според закон нема право да дава пари за верски објекти.

А и да овој на сликиве што ги има на темава е со камен Византиски стил.
Тој што ќе се гради по стариот проект е како тој во Радовиш,Белград или Софија во тој стил.


Edited by Tiveriopol - 30-Mar-2012 at 12:48
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 30-Mar-2012 at 17:55
Имаш ли слики од другиот проект?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 30-Mar-2012 at 18:13
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-Mar-2012 at 18:13
Само ова може да се најде... барем за сега.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Mar-2012 at 18:15
Pa nemi se nogu bendisa Smile, gorniot po fascinanten mi stoi, poveke e unikaten, vakvi ima na sekade, a onoj e edinstven. Question
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Mar-2012 at 18:18
Да, ептен сум согласен со тебе... ама кој плаќа тој ја порачува музиката... Не ми е јасно нешто.. пред неколку години пак имаше официјална презентација на плоштадот во Струмица... пак беше Заев таму, пак беше владиката Наум... но се презентираше новиот проект а не овој сега... чудни игрички...

Back to Top
Tiveriopol View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Tiveriopol Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 30-Mar-2012 at 18:36
Ќе видиме на 15 кога ќе е презентацијата ќе почнело и да се гради велат одма потоа.(но сигурно фалат неколку милиони евра за иzградба но да се почне да се гради постепено нема да е лошо)
Стариот проект како што знам го смени Владиката Наум демек помалку ќе коштал, стариот проект многу бил скап но и за тоа тогаш немаа пари ништо не се почна.Тогаш знам имаше расправии со иницијативниот одбор за промената на проектот.
Стариот проект има и огромни темели удрено пред 19 годиниSmile


Edited by Tiveriopol - 30-Mar-2012 at 18:47
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 31-Mar-2012 at 00:01
Za vakvi hramovi da se izgradat potpolno podrzuvam drzavata da pridonese pari za da se izgradi. Kako sto vo Grcija. Nedostigat gramovi vo mnogu gradovi vo Makedonija.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 31-Mar-2012 at 04:19
Цел сум збунет и незнам сега кој точно ќе се гради.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 31-Mar-2012 at 14:27
Originally posted by anti-modernista1

Za vakvi hramovi da se izgradat potpolno podrzuvam drzavata da pridonese pari za da se izgradi. Kako sto vo Grcija. Nedostigat gramovi vo mnogu gradovi vo Makedonija.
не се дискутира за тоа на форумов, ама државата се знае како е уредена и дека не смее да инвестира во објектите на било која религиозна заедница во земјава... дури и црквава колку што разбрав, ќе биде приватна инвестиција на Заев
единствено државата може да се занимава со реконструкција на објекти како културно наследство, па дури и таму си има што и како, а и ретко кога тие реконструкции се користат со оригиналната намена


Edited by zabegan - 31-Mar-2012 at 14:29
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.