build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје - отворен или затворен град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 07-Mar-2015 at 00:14
Originally posted by phenomenon

Нека изгради Владата вакви села, па да видиме дали нема да се најдат кандидати за преселба од град в село:

Груијер, Швајцарија

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/57/20020808_gruyeres_01.jpg

Ширакава-го, Јапонија

http://jornadakamoi.com/wp-content/uploads/2014/12/Shirakawa-go_from_Shiroyama.jpg">http://jornadakamoi.com/wp-content/uploads/2014/12/Shirakawa-go_from_Shiroyama.jpg

Санта Мадалена, Италија

http://photos.wikimapia.org/p/00/03/96/50/08_full.jpg



Владата да изгради приватни куќи со прекрасни дворови? Па ај и за мене една....

Јас мислам дека не беше баш така...дане беше КАЗНА ако сам не си го средиш имотот
или закон да НЕ СМЕЕШ да градиш поинаку.


Ова се некако скапи комбинации за наши услови пријателе

Edited by zdravozivo - 07-Mar-2015 at 00:15
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 07-Mar-2015 at 00:43
Не барајте многу од животот на село, едноставен живот е главната модерна мотивација за враќање на населението.
Мене ми е доволно струја (солар) вода (бунар) интернет (ке се собериме со комшиите за една сателитска )
Скоро ништо од државата
И другите поголеми трошоци како возило кое малку троши,ситни намирници од дуќанче кое патем нема ништо зошто ништо не му се троши,а се што ќе порачаш ќе ти донесат, се исто така приватни...
За прва помош можам сам, е болница би сакал да има барем на половина час (многу села го имаат тоа, за жал не и моето посакувано)
Се што е надвор од ова би го сметал за бонус, незадолжително
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 07-Mar-2015 at 10:12

со ова не барајте многу, и мене ме ставаш во контекст, та да поучам дека мојов предлог за ревитализација на стари испустени села не е барање многу туку добивање многу за малку

1. се решава со природно домување и органски лајфстајл иднината на млади брачни парови

2. се отвора простор за селски туризам кој би бил пр. бесплатен за деца, додека со бонуси за пензионери и невработени, со оглед дека ова би биле куќи обновени од државата, на стопаните доволно им е да чуваат клуч од одаи а само за секоја додатна услуга да наплаќаат, нормално за и за домашни и за странци да наплат по официјален ценовник, профитото да го влечат од храна и ракотворби евентуално сапун

3. машинските кругови и сега со 90% од инвестицијата се покриени од државата, колку повеќе за некој што сака да почне живот на село

4. тоа за ИК пошто З-то од зик-от би одел како форма кај реемигрантите е повеќе Идеја како да се помогнат реемигрантите од старт да можат да стигнат до финален производ типичен или плодоносен за специфична област, настрана што и самиот селски туризам а и самите стопани ќе имаат од тоа ќар

5. само ваква политика може да влијае позитивно и на наталитето и на сиромаштијата и на бесперспективноста, убеден сум дека Македонија вака би им понудила алтернатива на граѓаните да не се натиснуваат во Скопје во смог и кладилници, во робијашки квалитет на живот со радост зарабена во четири ѕида

единствено од ова може да има кабает нашиот мултикултурализам, односно дали ваква програма треба да оди по малцински клуч, или треба да се пушти кому иде, лично сметам дека од кому иде нема зијан доколку главниот фокус на земјава е аграризација наместо решавање бесперспективни ситуации, сигурен сум дека народ ќе чека на ред со години, а само заради ова би требало да се припази на малцинскиот праг за да нема ситнопаланечки премерувања

во основа треба рационализација на ваквата идеја, пример за ваква обнова на селата, посекако треба и дрво во изовилство, а кое не би смеело да се набавува поинаку него од јавно претпријатие ко Македонски Шуми односно пилани кои за вакви цели нема да наплаќаат ништо односно сите трошоци би оделе на самото ЈП, евентуално би можело да се оди и со 'државна' столарија, керамиди и олуци - рурален социјализам што да кажам битно нека се создадат услови за младите да видат што е Слобода


Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 07-Mar-2015 at 17:27
Originally posted by beTon


како ги пореди небаре без ова ништо, да знаеш колку народ би скубнал доколку само струја има,а што би се покрило и во најрурални место дал со ветерници или соларни панели


Навистина? Тогаш зошто не скубнат во Ранковце и Гиновци, села кои нудат неверојатно квалитетни услови за живот за македонски прилики?

Ранковце

- општински центар со одлична веб страница што редовно се ажурира http://rankovce.gov.mk/
- водовод
- канализација
- осумгодишно основно училиште
- амбуланта
- ветеринарна станица
- пошта
- во фаза е формирање на Јавно комунално претпријатие и Единица за противпожарна заштита
- има одлична сообраќајна поврзаност со Крива Паланка и Куманово и редовен автобуски превоз

http://rankovce.gov.mk/?p=234

Гиновци

- водовод
- канализација
- одлична сообраќајна поврзаност и редовни автобуски линии кон Крива Паланка и Куманово
- парк со езерце за спортски риболов и мини зоолошка градина http://www.mojataubavagradina.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2007:parkot-ginovce-najubaviot-privaten-park-vo-makedonija&catid=88&Itemid=530
- мотел-ресторан со бензинска пумпа
- 2 километри источно од селово се наоѓа ТИРЗ Ранковце

http://rankovce.gov.mk/?p=202


Покрај овие села ќе поминува и пругата од Коридорот 8.

Селата и населбите од Скопска Блатија што се без канализација, загадени и водоплавни да не се подобри места за живеење?

Па тогаш зошто нема масовно населување во Ранковце и Гиновци, beTon? Какви маани им најдоа. Да не чекаат случајно тапан? Зарем не им требаше само струја, како што викаш ти?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 07-Mar-2015 at 17:38



те поздрави амбиент и архитектура!

~

значи за да полакомиш градски луѓе да шалтаат на село тоа треба да се живописни предели, посекако ридско-планински земи го пример Зрзе или Облаково или Маково итн., ем поентата е да се ревитализираат испустените села, а и селски туризам во Ранковце малку утре ама ај и таму може да се проба сметам дека за вакво нешто да бидне атрактивно треба автентичност

комотно за тертип земи ја од телма репортажава за тоа какви села градби прелагам да се ревиталиираат и во кој контекст

Originally posted by +Protagorist




http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=144237#144237 [1]




Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 07-Mar-2015 at 19:05



квалитетно урбано живеење сега е Казна

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1476&PID=119355#119355

Edited by Џоле - 08-Mar-2015 at 13:09
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 08-May-2020 at 20:19
Дали Скопје треба да има два милиони жители?

Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх.

Што ако се исполнат во целост бројките за максимално предвиден број на жители за секој плански опфат на територијата на град Скопје? Колку жители би имало Скопје? Два милиони? Три милиони? Што е со остатокот од Македонија? Каде е тука рамномерниот развој?

Ваквото сценарио, со ваквите прашања, парафразирани во овој текст, му ги поставив на еден професор по еден од предметите од областа на урбанизмот на Архитектонскиот факултет во Скопје, пред некои 6-7 години. И за овој текст сосема е нерелевантно во каква констелација беа поставени тие прашања, како што се нерелевантни и фантастичните одговори на професорот на тие прашања. Иако текстов првично го замислив и почнав како детален опис на конкретната студентска случка со која се врзуваат прашањата, а од кој опис требаше читателите сами да ги извлечат извесните заклучоци; за потоа неколку пати да го променам концептот на текстот, но оставајќи ги воведните, помалку наивни и детски дилеми слободни сами по себе, сметајќи дека поекспресивно ќе бодат во очите на читателот, поекспресивно ќе ѕвонат во ушите.

(...)

Е во ваквата нерелевантност на застарените податоци не само за бројот на населението туку и за многу други (би рекол и поважни) статистички категории кои се содржани во пописот започнуваат проблемите со нерамномерниот развој во државата. Пописот како најважна статистичка операција е една од клучните подлоги врз кои се базира целиот систем на просторни и урбанистички планови во една држава кои се хиерархиско структурирани и поставени по инклузивен вертикален принцип на субординација. Попросто речено, плановите од понизок степен „се содржат“ во плановите од повисок степен и се усогласуваат сукцесивно сè до највисокиот – Просторниот план на една држава. И ако претпоставиме дека тоа кршење (и/или преќутно одобрување на кршењето) на инклузивниот вертикален принцип на субординација, најчесто тргнува од самата парцела (улога играат и Законот за постапување со бесправно изградени објекти) која крши одредени ограничувања дадени со Деталниот урбанистички план – кои пак веќе отстапиле од ограничувањата дадени со планот хиерархиски над него – Генералниот урбанистички план, кои пак ограничувања веќе отстапиле со ограничувањата во Просторниот план на општината – кој отстапил од Просторниот план за регионот – а тој отстапил од Просторниот план на државата – кој пак веќе истекува и губи на релевантност (а за евентуалната припрема и спремање на некој нов нема нови пописни податоци), сме добиле идеални услови за кршење на членот 57 од Уставот. Од површина за градба, преку парцела, до ДУП, преку ГУП, преку ПП за општина, ПП за регион и конечно до ПП на Републиката – тоа се шест или седум степени на можни (и за жал најчесто силно присутни) прекршувања на инклузивниот вертикален принцип на субординација. Дури и во идеална смисла, да претпоставиме дека не било сè така црно, и да постоеле отстапувања само кај една алка од синџирот на просторни и урбанистички планови, сметам дека и со нив во одредена мера се нарушил императивот за рамномерен регионален развој.

(...)

И ако градот го замислиме како чаша наполнета со 80 отсто вода од својот вкупен волумен, а ние сè уште ја полниме, евентуално ќе дојдеме до точка до која ќе ги исполниме и тие „резервни“, иако нестабилни, 20 отсто. И кога ќе се наближиме до стотиот процент, веќе нема да можеме така лесно да ја носиме чашата во рака и да се движиме со неа. Аналогно, кога инфраструктурата и капацитетите на еден град се исполнети блиску до точката на преливање, тешкотиите со „движењето на преполнетата чаша во рака“, на ниво на град, претставуваат проблеми во сообраќајот, паркирањето, водоснабдувањето, фекалното и атмосферското одведување на водите; проблеми со немање место по градинките; преполнети класови во основните и средните училишта; намалување на парковското зеленило и јавните простори; неефикасниот јавен превоз; нехуманата дистанца помеѓу зградите и губењето на приватност, светло и видик во домовите; блокираното струење на воздухот итн. А кога во чашата, иако веќе полна, продолжуваме да истураме вода – ја преливаме. Таквото преливање е споменатата „фавелизација“ на градот – односно континуираното сукцесивно намалување на квалитетот на живот кое пак најдобро го чувствуваат оние кои биле во чашата и кога била 70 отсто полна. На оние пак, кои „избегале“ од 30-40 отсто исполнета „чаша“ и се преселиле во некоја друга, 90 + % полна (најчесто заради економски мотиви, а поретко заради социолошки) речиси и да не им е важно во какви услови ќе живеат сè додека таквите услови одат рака под рака со овозможување егзистенција.
И кога овие две групи ќе ги спротивстават своите тези и аргументи, а од кои секоја една е точна и легитимна од своето гледиште – доаѓаме до толку познатата поделба на „скопјани“ и „провинцијалци“, поделба која не е тема на овој текст, но силно задира во кохезијата на едно општество. А корените на таквата поделба, гледаме, произлегуваат од лошото просторно и урбанистичко планирање. Произлегуваат од „мртвиот збор на хартија“ во Уставот, според кој Републиката „се грижи“ за рамномерниот регионален развој. За жал реалноста ни кажува дека не е така.

извор
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 08-May-2020 at 22:21
Коментар:

Авторот, сосема нормално, се осврнува на урбаната мафија во Скопје и уништувањето на урбанизмот во последните 30 години. Апсолутно се согласувам дека урбаната мафија, неинвентивните компании, корумпираните, неспособните и безидејните политичари, лошиот јавен сектор и ниското ниво на свест помеѓу народот претворја еден пристоен, но недовршен град, со добра основа за натамошен развој и значително зеленило, во натрупана бетонска фавела. Но, авторот ова во голема мера го поистоветува со самиот развој на градот, не обрнувајќи големо внимание на можноста за значителен, но правилен раст.

Исто така, споменат е и нерамномерниот развој на државава, што исто така е многу валдина поента на чиешто исправање мора да се работи.

Не се согласувам со духот на неговиот текст, кој вели дека Скопје премногу пораснало. Напротив, Скопје се` уште е неисполнет град - по број на жители, а особено по содржините кои ги нуди.

Во насока на правилен развој на Македонија, властите би требало да усвојат стратегија „Северна Македонија 2050 - економски, демографски и просторен развој“, со којашто би се испланирале одредени процеси во државава во наредниве 3 децении - рамномерниот регионален развој и намалувањето на економската нееднаквост, справувањето со урбаниот хаос во градовите и би се направил обид за целење кон демографски развој преку стабилизирање на фертилитетот, ремиграција и имиграција. Овој план би се надополнувал со други, како на пример Новиот зелен договор и Националната транспортна стратегија

Со неа, би се создале нивоа на градови во Македонија, и секој град би напредувал согласно своето ниво:

Alpha (републички центар): Скопје. Треба да целиме кон претворање на Скопје од полу-комплетен и полу-хаотичен град со ~640.000 жители во метро областа, во економски, индустриски и културно силен град од 900.000 луѓе.
Beta+ (регионални центри): Тетово, Охрид, Битола, Велес, Куманово, Штип и Струмица.
Beta- (локални центри): Гостивар, Кичево, Струга, Прилеп, Кавадарци и Кочани.
Gamma+ (микро-локални центри): Дебар, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Делчево и Виница.
Gamma-: Ресен, Пробиштип, Берово, Кратово, Богданци, Крушево и Македонска Каменица.
Delta: Валандово, Македонски Брод, Демир Капија, Пехчево и Демир Хисар.

Понатаму, крајно потребна е ревизија на секој ГУП и ДУП со цел отстранување на урбаниот хаос. Секој план треба детално да се анализира, да се увидат урбанистичките, хуманистичките, еколошките и економските штети кои ги предизвикува и да се пронајдат зградите-натрапници. Во рок од 3 децении, а доколку е нужно и повеќе, да се работи на нивно отстранување и создавање на хумани населби, согласно потребите и типот - блокови по европски терк во Дебар Маало, комиблокови опкружени со зеленило во нов Аеродром и листовно предградие во Петровец.

Државата треба да води одговорна демографска политика за да спречи економски и социјален колапс преку нагло и големо намалување на населението. Покрај зголемување на стапката на фертилитет (1.8 е реалистична и задоволителна бројка), треба да се стремиме кон враќање на дел од емигрантите и Македонците во странство и привлекување имигранти од земји како Венецуела, Иран и Виетнам.

И уште многу други работи, како план за руралните средини, потребата од прераснување на одредени села во градови, влијанието на ЕУ и укинувањето на границите во растот на Скопје во битен град на Балканот...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 09-May-2020 at 01:01

Авторо заборава да ги детектира корените на ваквата урбанистичка касапана [1] урбаната мафија е само нус-ефект од истите ...
1. пред се’ тоа е форсирањето на индустријализација на Скопје во екс-ју, која кога колабира по распадот на Јупиславија придонесе во транзицијата за распашој менталитет кај СкОпЈаНи, едни нагло се збогатија други нагло осиромашија, тоа пак доведе до масовна дивоградба кај вториве, а и првите учејќи од нив не двоеја да затераат така, но ваквиот менталитет си има и постар дифтарски рефлекс [1]

2. никаквата фискална политика на државата при што едвај буџет се крпеше за Чевли во Полиција или Ракавици во Здравство, неретко од Дома си носеа луѓето свои залихи на работа, а не пак за Урбанизам некој да можеше нешто да издвои, што низ разни амплитуди беше стандард се до Фискализацијата пред 10-тина години, доколку му е познато на Архитекто градот немаше ни 50% покриеност со канализациона мрежа претходно, децентрализацијата на општините пак колку и да е вишок некому бар овој проблем почна да го решава, ако мисли дека претходниот централизиран модел е токму зошто ништо на овој план не сториле во екс-ју!? веројатно треба друг поодржлив модел, но ни нагло општините не се осамостоија туку во 2-ве фази одеше децентрализацијата [1][1] та само општините кои веќе ги исполниле европските норми и впрегнале капацитети за независно делување добиваа одврзани раце за фавелизација самоуправност што требаше да го осуетат професорите на Градежен наместо да чекаат на властите сами да глумат урбани естети, најчесто реагирајќи постфестум ...

3. архитектите инжињерите студентите воопшто како локална авангарда, освен на БИМАС што ќе се прошетаа немав видено да прават Трибини Проекти да формираат Невладини кои активно ќе бидат дел од културното ако не социјалното миље, бреј од Виена се крена Македонец тука да впрегне Трибина а колегите професори од Скопје го изигнорираа [1][1][1] конечно можеа бар тука на Билд да земат учество во дискусиите и да помогнат да се крева свеста дека Урбанизмот не е појава која е обврска само на експертите туку сите сме должни низ дебата да го помогнеме неговото штимање!
би можел да редам еден куп фактори кои допринеле чашата да прелева, но факт е дека од постојниве околности нема да се излезе никогаш доколку не почне Систем да се Отвора поозбилно [1] особено не доколку здрма натака светска економска рецесија а која веќе дрма само што сеуште на мнозина не им е јасно дека од 2008-ма истата е вештачки држена под контрола, прашање е дали и овој пат ќе успејат со нови диџитал-мани механизми ко претходно со хиликоптер-мони што би рекла швеѓанката во следното видео урбано урбано само урбано [1][1] да ја одржат на апарати светската економија, но веќе каскаат и за тоа ако репер е превртениот полициски хелиочопер во Петровец, малку шала да фрлам во паранојава, но тамам супер киматична поука добивме дека со никакви QE-a натака нема да може да се спасува кашаталстичката папазјада која до сега беше норма во банкорп секторот низ светот, камо мисли Авторо на текстот дека ние со лесно би се прилагодиле на тие околности и на поарно дека Урбанизам ќе истераме незнам, но дефакто во недостаток од Постојана Јавна еДебата дали по невладини партиски или народни еФоруми она што ќе не дрма натака ќе биде и дамбетер урбанистичка какафонија него постојнава! чинам пак оваа општествена појава ќе дочека транзициони времиња, а сетне кога ќе се насоберат премногу вишоци нормал некој истите утре пак ќе ги легализира, или во однос нив ќе импровизира во урбаниот поредок ...

... не сум паметен да кажам колку брзо ќе не стигнат оние транзициони времиња пак, сепак фокусот ми е дали истите ќе бидат и посклет, тогај само екс-ју колабираше, додека сега на цела светска економија и клецкаат колена, тогаш бар од парите на печалбарите иселениците и шверцерите се подживнуваше, сега прашање е дали и земјоделците мир ќе имаат ко Самоодржливи, тогаш Народ се помагаше како рефлекс од социјализмот та заедно си чистеа снего предпорти, додека сега заради кашатализмов и Човек да крвари му крвари некому пред праг ќе замижи, просто и мала криза да здрма тоа може да предизвика озбилни куршулуци доколу Итно не се Отвори Систем и на ачик не се извади што може повеќе информации за постојните проекти и агенди ем сето тоа да може да се коментира од Народ по Институционални еФоруми за да буквално Сите се Помогнат макар Идејно, кога тоа е на Право Место ем потикнато и со минимум субвенции заради еОпштествена Активност пр. Бесплатно Примарно Здравство, кое сега по дифолт преку никаква заслуга е пружено, чинам Многу Работи и да не се придвижуваат на поарно бар нема да заминат кон полошо во дадени склет околности како економско фијаско од инфлации девалвации стагнации или стагфлации што се’ не од економски ризици, та тоа само струја да поскапи бидејќи сега дистрибутер е австриец а не македонец па ето ти склет кој ќе предизвикува нестабилности на сите нивоа, И оди сетне чуди се на Чоеков што низ розеви очила гледа на Урбанизам како приоритет во моментов, да го прашам каде беше минативе 20 години вклучително и сите оние професори и архитекти кои верглаа на Порта3 да земат во континуитет да премеруваат анализираат и чешлаат состојби и визии ако не тука на овој тогај на некој свој еФорум при ААМ можеби ...

... во секој случај Поентата Му Е На Место некој озбилно закажал и по факултетите и по министерствата и по општините во однос Урбанизам и Просторни Планови ... само знам дека доаѓа време кога пеш наместо по тротоар сред партизанска ќе шета Народ, вистина замислете сценарио во кое комуналниот смет немоит да се однесе до ДРИСЛА!?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 09-May-2020 at 12:23



ова за пешаци по булевари би било некаде за деценија и кусур, а и тогаш оној кој знае сам да произведен биодизел или да истера на етанол, бар ќе подзбрчуе Мотор, фатаморгана која теоретски би ја избегнале доколку имаме електровозила или бар Електро Јавен Превоз пр. Шинобуси во случај дотокот на гас и нафта да се нерентабилни или пак отсечени, Но исто проблем се и emf-оружја па удрија ли и со нив ојдоа во аут сите модерни возила кои не верглаат без Анлансер воопшто без електроника, ќе барате од тракторите и оние првите ладушки на Курбла ... муабетов е што би било кога би било при ww3, што и немора да се случи доколку фокусот како Човештво ни е како да се Помогнеме, но кога тоа не го чиневме при Изобилство на Ресурси и нивна Експлоатација што пак ако рокне светската економија!? зар мадро ќе седи ето во најмала рака индискиот потконтинент!?
во овој контекст, ние и сега во нормални околности едвај нормално функционираме со ~1 Народ со се оние придојдените или на поминување, но збрчи ли светска рецесија, сметајте дека ќе има големи миграции, та замислете ~2 мил. па и повеќе Народ в Скопско Поле што тоа би значело, риск-менаџмент, бреј за вакво нешто мислам немаат ниту проекции ниту подобни решенија ќе извади некоја наша институција, не се само Чиста Вода и Храна во прашање, каде е Безбедност, ќе ги прашам воа самограните Мајки дали и во такви околности би изводеле и се шетале сами без Маж, наместо да си чукнат сите Глаите и да сконтаат колку е саат, Рурална Реемиграција е неопходна и без такви ризици да има на повидок а како би се зауздал постојниот бројлерско-лихварско-извршителски ќорсокак за Многу Сограѓани кои во Град им е Тесно а немаат каде на Село ниту кој како да им подаде рака таму толку се Упорни и Здраво Мотивирани ... [1]
ова желбава "битен град' во вакви околности и те како ќе се исполни, нормално главна рачва при југо на 21 балкански меридијан, спона без која никој неможе да премости геополитички кон босфорот, но без граници нели полесно оит и соработка и миграции но и иселување!
Originally posted by Staro Skopje

влијанието на ЕУ и укинувањето на границите во растот на Скопје во битен град на Балканот...

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 09-May-2020 at 15:34
Состојбата можеби би се подобрила и со укинување на скопските општини и проширување на Град Скопје на целата територија на скопската област. Со тоа би се добила административна целина во скопското метро, а комуналиите би оделе на едно место, со што би се поттикнал раст на периферните населби и изградба на нови.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 09-May-2020 at 17:55
Originally posted by Staro Skopje

Состојбата можеби би се подобрила и со укинување на скопските општини и проширување на Град Скопје на целата територија на скопската област.

навидум би се добил пофункционален Град, а всушност практично ќе почнат да се форсираат скапи а нерентабилни Проекти, за смека на тоа пак прирастот на население (ако не внатре) по периферијата ќе придонесе повторно за фавелизација ... можеби Чаре е да се запне дрско да се регулира Престој во градот, но тоа во кашаталистички околности нема логика!
... можеби попаметно е метро-ареа што ја викаш т.е. урбаното јадро од општини да се слејат под капа на градот, но повторно тоа во однос локалните проблеми ќе значи застој, освен тоа со ЗЕЛС како е протуркана децентрализација тешко дека би се ресетирал со лесно овој процес, ем ова може да е инспирација и други да се дрзнат на централизирање, иако веќе една ваква дочекавме на државно ниво кога се ресетираа многу помали и нерентабилни општини ...

Практично пробавме се’ од основна рамка, останува уште да се експериментира со европски модели на распределба Ингеренции и буџетски средства, а што моит со подзаконски акти да се регулира пр. правно испеглано преку ЗЕЛС во костец Регионална Соработка за Проекти од заеднички интерес што веќе и постои како механизам но кој колку што ми е познато ет нефункционален или пак не е максимално впрегнат, тука лежи и главниот проблем т.е. немањето капацитети за ваквата соработка брзо да види бел ден, што е резултат дали заради немање сенс за просторните планови, дали заради немање кадровски капацитети кои од Заедничка Идеја би дотерале до Здружен Проект ... но и европски модели кај нас нема да доведат до стабилизација заради голема дискрепа(и)нца во стандардот односно приливот на комунални средства следствено и развојот, та нивно копирање повторно е само изгубено време ...

http://www.build.mk/Forum/forum_posts.asp?TID=164&PID=19098#19098


... просто кај нас може и треба да се надеваме претежно на Домашна Инвентивност налик изводливо ноу-хау преку еОпштество при што фантастичните идеи тешките проекти и скапата опрема би ги истерале на свој грб, но што доколку Систем не е Отворен посекако некаде муабетов ќе закаже, пример 1. Планирање во кое ќе учествуваат сите ~ и Експерти и Факултети и Народ преку Невладини 2. Физибилитки кои наши Институти и Факултети ќе ги изработуваат и 3. направии или изведба кои нема да одат тендерски туку строго преку здружена иновативна селекција пр. за вардаровиот колектор можеше и требаше да се стори јавно приватно партнерство за Нова Технологија преку градот МЗТ и македонски Иноватори [1][1][1]

поентата ми е дека и’ 10 милиона Жители може да има Скопје доколку со отворање на системот (бар) се (под)заузда корупцијата непотизмот и потпросечноста, за што ни 100% транспаретност (налик сите Архиви да се на Ачик) не е доволно, туку треба токму секој еден Граѓанин од да дена фела, ем невладините во чиј домен на делување е истата, да можат да им улетуваат неповикани сред идеите проектите и агендите, но на таков начин да мора и нивниот глас да се брои, а за суштни промени да има механизам за Брза Непосредна Демократија преку еРеферендуми, што може делува прекоплицирано, но само вака може да се осигураме дека иднината нема да ни ет килава а онаму каде нештата се искилавени бар Сам Народ да се освести дека треба да Помогни за да одреден проблем се надмини или пак цели се исполнат ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.103 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.