build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Double Tree Hilton - Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 05-Feb-2018 at 11:33
Фонтана?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1670
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 05-Feb-2018 at 12:07
Па да фонтана би требало да е како дел од партерното уредување.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 07-Mar-2018 at 18:32
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 20-Mar-2018 at 18:38
Фасадата во живо изгледа многу фино, баш ми се допаѓа, можеби не се забележува на фотографијава:

За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1887
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 21-Mar-2018 at 11:37
fino deluva fasadava
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 17-Jun-2018 at 20:04
Имам впечаток дека работите не се напреднати нешто многу...



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 09-Sep-2018 at 15:07
Бавно, побавно, најбавно се гради...

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1670
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 09-Sep-2018 at 15:33

Од надвор веќе долг период е вака споредено со претходниот пост само логото го ставиле.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 01-Dec-2018 at 15:51
Мал напредок (натстрешница на влезовите и други ситници, како и уреден двор, можеби не се забележува на сликиве)











За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 21-Dec-2018 at 10:11
Хотелот „Double Tree by Hilton“ ги отвора вратите за гости


Македонскиот главен град добива нов светски бренд на хотели во својата понуда. На крајот од годинава ќе пристигнат првите гости во новиот хотел „Double Tree by Hilton“ во населбата Аеродром. Можноста за резервација на хотелски соби веќе се нуди на Интернет, а во рамките на самиот објект привршуваат последните подготовки за дочек на првите гости. Овој хотел на своите гости ќе им понуди сместување во 170 соби, вклучувајќи и 15 апартмани. Сместувањето со пет ѕвезди е надополнето со центрите „Euphoria Wellness Spa“ и „Life Fitness“, кои со својата површина од 1.400 метри квадратни ќе понудат соби за масажа, парна бања, сауна, турска бања, џакузи и внатрешен базен.







Новиот хотел располага со седум конференциски сали, од кои најголемата ќе има капацитет да прими над 800 гости, фитнес – центар, како и панорамски ресторан на последниот кат од објектот. Обезбеден е сопствен паркинг и сопствен шатл-сервис за превоз на гостите кон центарот на Скопје.







Хотелот „Double Tree by Hilton“ е проектиран од студиото „Метекс Дизајн“ од Турција, кои се специјализирани за проектирање на хотелски капацитети од висока категорија. Објектот започна да се гради во 2013 година, а тогашното ветување беше дека во него ќе се инвестираат 30 милиони евра. Светски познатиот бренд „Хилтон“ тогаш го потпиша договорот за франшиза со „Стоун бриџ хотел“ од Скопје, кои се јавуваат како инвеститор во најновиот скопски хотел со пет ѕвезди.

http://build.mk/hotelot-double-tree-by-hilton-gi-otvora-vratite-za-gosti/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1670
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 29-Dec-2018 at 13:20
ХИЛТОН“ ВО СКОПЈЕ ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ НА 1 ЈАНУАРИ



Македонија доби хотел од највисока, светска категорија. „Хилтон“ ги отвора вратите од 1 јануари 2019 година.

Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот на пет ката со едно подниво зафаќа површина од 22.000 метри квадратни. Станува збор за инвестицијата вредна 50 милиони евра која моментно вработува 100 лица.

Како што беше речено на вечерашниот прием по повод официјалното отворање кое треба да се случи кон крајот на јануари 2019, „Хилтон“ располага со 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски, модерни спа и фитнес центри, традиционална турска бања, пет конференциски сали, три ресторани…

-Реализиравме сериозен проект со кој може да се гордее цела Македонија. Го обезбедивме највисокото ниво во хотелиерството. Го донесовме „Хилтон“ кој досега беше присутен во 120 држави со вкупно 5.500 хотели. Како бизнисмен присутен на македонскиот пазар преку 25 години, горд сум на оваа инвестиција и нејзиното реализирање во полн сјај, рече инвеститорот Ајдован Адемоски.

Тој нагласи дека објектот освен што е импонзантен однадвор, енергетски е ефикасен и има врвно хортикултурно уредување. На проектот, нагласи, се работело интензивно две години.

-Многу сум среќен што Скопје и Македонија добија ваков хотел. Ова значи нов имиџ, но и порака за многу инвеститори дека земјава е надежна дестинација за чие било вложување. Како премиер се гордеам на ваквата инвестиција и сметам дека е одлична најава за 2019-та која ќе биде економска година, потенцира премиерот на Владата Зоран Заев кој беше меѓу присутните на приемот.

Заев подвлече дека токму оваа инвестиција успеала да врати 30 млади луѓе и да им обезбеди вработување.

Генералниот директор на „Хилтон“ Ерџан Ќосе информира дека првиот гостин што треба да пристигне на 1 јануари е Грк.

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=266243&fbclid=IwAR2dpCgyk5Pmrnrn03IFEgMzO-ddl-BoJt-IV_13nECOhejtcoxxHgjR9Eo
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 03-Jan-2019 at 18:35
Налетав на фотографија од внатрешноста на хотелов...



https://twitter.com/MIA_NEWS_en/status/1078637127938859008
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11908
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 09-Feb-2019 at 18:48
Од мојата денешна прошетка.

Ова е од страната кон кејот на Вардар





фронтално



од другата страна









не знам колку се гледа, но целиот хотел е ограден со ниска зелена метална ограда








За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.