build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Композиции

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3312
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 10-Jan-2016 at 20:12
Originally posted by ViktorMKD

Една необична и несекојдневна глетка. На чеко е вагон за спиење?!

https://www.youtube.com/watch?v=AIVBNPCE3iU


Кога е фотографирано ова? Вчера имаше излетување на воз кај Согле, и тоа баш било моторна гарнитура. Гледам дека има кран во оваа чудна композиција, па можеби самиот вагон за спиење е кола за вработените што го извлекле возот?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3312
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 02-May-2017 at 18:13
Знам дека овде говориме првенствено за македонски композиции на возови, но во Македонија истите ги нема. Затоа се одлучив да објавам фотографии од моето патување од Закопане до Краков со IC Majewski. Овој интерсити воз патува на релација Закопане-Варшава. На 1 мај попладне се состоеше од шест патнички вагони, што е навистина мала бројка за Полска. Сепак, не треба да заборавиме дека Закопане е последната железничка станица на југот на Полска. Исто така, Полјаците во овој познат зимско-рекреативен центар ќе се одмораат до 3 мај, спојувајќи ги сите празници во петдневен продолжен викенд:





















Edited by BOJAN - 02-May-2017 at 18:26
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3312
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 02-May-2017 at 18:18
Само 20-тина минути порано, од првиот колосек поаѓа ICE Tatry на релација Закопане-Варшава. Патува по идентична рута, но пократко од Malinowski. Вагоните се нови, но непрактични за фотографирање, а и билетот е доста поскап. Во вечерните часови има уште неколку ноќни возови кои патуваат и до Гдањск на северот од Полска.





Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3312
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 02-May-2017 at 18:24
Во продолжение следуваат и фотографии од прекрасни предели од патувањето кое трае три и пол часа, во кое се минуваат околу 140 километри. Главната причина за ваквиот долг пат е менувањето на локомотивата дури три пати. Железничката пруга северно од Закопане се разгранува во различни правци, што е и причина за маневрирањето на локомотивата напред-назад:



















Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3312
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 03-Jul-2017 at 12:28
Железничката станица во Скопје повторно е домаќин на една долга патничка композиција од Турција. Има некои десетина ганц нови турски вагони, не знам дали се туристи или пак од Турската радио-телевизија повторно снимаат некоја емисија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.