build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 105>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1159
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопски сообраќај (општо)
    Posted: 04-Nov-2017 at 18:42
Благодарам.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Oct-2017 at 20:25


Originally posted by pbanks

Сообраќаен ГУП на Скопје (~8МБ) 6430x3860

http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg


Ова е претходниот ГУП, но трасата на Јужен булевар не е изменета, а тука е најдетално претставена.


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1159
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Oct-2017 at 15:01
Каде можам да ја најдам целосната траса на Јужен Булевар?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 266
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Oct-2017 at 17:44

кога Градот би можел да истера заедно со Општина Шуто Оризари уште една сервисна улица под Пазарот во Шутка, а таму во таков случај се направи сообраќајниот режим еднонасочно, бар од 8am до 8pm, мислам дека центарот Шутка ќе бидне и повеќе од жив, пред се олеснителна околност за автобусите, но и самите дуќанџии, а и гостите би виделе аир, однсно вака растеретена Шутка би била и попривлечна за пазарење, наместо народ и понатаму да пазари шетајки во страв од аута, најнакрај вака и туристички ќе биде населбата попривлечна ...

има тука една уличка кај Џамијата а има и една поблиску до пазаро, та можеби би ги искористиле и нив привремено, иако по такви автобусите не би можеле да тераат, ајде ептен горе накај последна 19/20-ка, заради што би можело ваква нова улица да оди до крај се до последната постојка, а со тоа и би се отворила можност самиот центар на Шутка да добие поголем и нов простор за дуќани и пазарлук ...

во спротивно ќе останеме можеби единствената средина каде ромите во Европа живејат ко во Азија, што лично од аспект на локален живописен туристички хот-спот, воопшто не ми смета, посекако оптимизмот ако некаде е најприсутен в Скопје тоа е оваа населба, та и шутканци многу нема да се тревожат ако си остане по старо ...


Edited by Zelenikovo - 29-Oct-2017 at 19:11
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Oct-2017 at 21:59
Originally posted by alexsend

Се е тоа супер АМА дури и сега има неверојатна гужва во 1600 часот она булевар србија од цементара до александар македонски. Значи и делот кој го има не е доволен и се чека по 3 пати на еден семафор, а не па со + сообраќај. Чисто информативно.
метежот во сообраќајот во Скопје се должи на тоа што еден куп раскрсници не се добро решени и што булеварите завршуваат слепо и не се надоградуваат еден со друг
со полна мрежа, сообраќајот во Скопје може да биде и дуплиран и пак да функционира
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Oct-2017 at 19:34
Се е тоа супер АМА дури и сега има неверојатна гужва во 1600 часот она булевар србија од цементара до александар македонски. Значи и делот кој го има не е доволен и се чека по 3 пати на еден семафор, а не па со + сообраќај. Чисто информативно.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3658
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Oct-2017 at 17:33
Идеата е супер и за развој. Ако се гради таму клинички има и повеќе простор за градење некаков реонски стил итн. така скопје би се урбанизирал уште. Од владата зборуваа за тенеќе маало што е во бизина, тука се планираат станбени згради. Чаир има голем демографски раст а хаосот уште би се блокирал. Мене лично ми се допаѓа 2 големи проејжкти откако 100 мали без ефект.
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Oct-2017 at 12:16
Да се надоврзам на горниов пост, Шилегов пред изборите на презентација за сообраќајните инфраструктурни проекти доста време посвети на булеварскиот северен секундарен прстен.


Сликата е од видео презентацијата.

Идејата е добра да се направи, поготово во усогласување со таа најавувана градска железница (која по мое мислење треба да се прошири до Куманово, Тетово, Велес), но тешко дека некој од Кисела Вода би се служел со нејзе доколку сака да отиде на Западен излез од градот. Најголемата грижа ми е дека прстенов не поминува низ многу населби и доколку сакаме да биде вистински корисен ќе мора да биде и вертикално поврзан со сите општини, а тоа значи градење на повеќе мостови на Вардар. Тесното грло кај надвозникот во Автокоманда исто така е проблем и ќе мора да му се даде алтернатива на тој мост за оние луѓе кои не би ја возеле таа рута, туку би сакале да стигнат во Центар/Бит Пазар (мостот кај МЗТ сала како најсоодветно решение).

Целото видео е тука:
https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/1852396201756580/

Edited by Blagh - 24-Oct-2017 at 09:36
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Oct-2017 at 22:41

сето ова се проекти кои Коце и секоја дилајла од градоначалник пред него, ги имаат ветено по сто пати, и стоеле и во урбанистички планови... ама баш утепана ми е секаква надеж дека некогаш ќе се резлизираат... но, доколку се случи и тоа (без милијарда импровизации), градов ќе доживее неверојатна сообраќајна ренесанса

ако ништо друго, барем ме радува што за некои проблеми размислуваат рационално, а не егзибиционистички... на пример, користење на железничките коридори за градски превоз за подалечните населби

Edited by zabegan - 22-Oct-2017 at 22:43
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 266
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Oct-2017 at 16:26

ајде Аирлија, кога Коце не успеа иако ги вметна в ГУП, ето добро е да Шилегов сака да ги протурка сообраќајните џокери за скопскиов патен карамбол, пред се' тунелот под Кале ... но без Јужен булевар + клучка наместо кружен тек кај Тутунски, ете север ќе го решат, но југ сеуште ќе нема урбан автопат ... иако се додека не бидне јавниот транспорт бесплатен, а движењето низ центар условено со вињети, метежите и загаденоста в градов уште долго ќе бидат норма ...

ако не сум грешка фали и мостот кај МЗТ односно на бул. АСНОМ за да може да се рече дека ќе се отпуши нешто од нешто скопскиот асфалт од/до Центар, но добро би било на таков мост да се остави простор и за евентуална трам траса во иднина, доколку навистина сконтаат градските власти дека еднонасочен трам е вистинско решение за трасата исток-запад [1][2] иако Шилегов беше дециден дека во негов мандат скотјани нема да видат Трам ни на слика, него ќе се заангажира постојниот скопски железнички прстен да профункционира како алтернатива ...

ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК?

19.10.2017 - Шилегов вети нови булевари, мостови, тунели, надвозници, градски воз...

Новиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов вети сериозни нови сообраќајни решенија за главниот град кои опфаќаат изградба на северен булеварски прстен, централни магистрали, мостови, тунели и нови булевари.



Во изборната програма на Шилегов пишува дека многу брзо ќе почне изградабата на северен секунадарен сообраќаен прстен кој подразбира изградба на 36 километарски булеварски прстен за поврзување на општините Кисела Вода преку булеварот Србија со општините Гази Баба, околу населбата Железара и ново булеварско решение за поврзување на Чаир и Бутел и спојување со булеварот Словенија кој треба да продолжува до Влае, Ѓорче Петров и Волково.

Предвидена е и изградба на мост на реката Вардар и тунел под Кале. Мост ќе се гради и во населбата Карпош 4 за поврзување со булеварот Скупи.



За раскрсницата кај Мавровка новиот градоначалник предвидува нивелација на раскрсницата и непречено одвивање на сообраќајот на оваа „црна точка" за движењето на возилата во Скопје.

„Ние имаме системски пристап за изградба на инфраструктурата во Скопје за растоварен и безбеден сообраќај за современ начин на комуникација и современ јавен превоз", изјавуваше за време на кампањата Шилегов.

Предвидена е изградбата на уште еден тунел за поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода - спојување булеварите „Борис Трајковски" и „Трета македонска бригада".

Шилегов предвидува да го обнови железничкиот прстен околу Скопје (шест железнички станици), воведување на градски воз со кој од Драчево до Скопје Север ќе се дојде со воз за 10 минути, и од тука со автобус или велосипед за кратко си во центарот на градот.

„Сакаме систематско решение. Сакаме коридори што ќе го поврзат градот, што ќе служат на сите подеднакво. Даваме приоритет на транзитните и градските магистрали.

Досегашниот автоцентричен дизајн на улиците целосно го отфрламе, бидејќи улицата не е само коловоз. Секоја идна улица, мост или булевар во Скопје ќе има задолжителен хуманизиран и безбеден простор за пешаци, велосипедисти и јавен превоз", изјави Шилегов и додаде дека овие решенија се однесуваат и на заштитата на животната средина и загадувањето.

http://vecer.mk/skopska/shilegov-veti-novi-bulevari-mostovi-tuneli-nadvoznici-gradski-voz
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Sep-2017 at 14:32
Originally posted by fichot



Тоа е стварно глупо, преку целата ширина на патеката ли одат решетките?


Да, поготово лентата за надоле. И тоа има едно 4-5 решетки една по друга. Крајно опасно. Ќе пробам да сликам деновиве.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Sep-2017 at 20:52
Originally posted by UrbanFreak

Еден сериозен безбедносен пробелм кој го воочив. На велосипедската патека се поставени големи прилично широки решетки за собирање на атмосферската вода. Решетките се подебели од тркало на роуд бајк, а тоа би значело дека велосипедист кој на оваа стрмна улица вози надоле може да му се заглави тркалото и да излета напред. Ова е темпирана бомба за велосипдисти, мислам дека или ќе возат во лентата за автомобили или ќе ризикуваат губење глава надоле.


Тоа е стварно глупо, преку целата ширина на патеката ли одат решетките?

=======

Инаку мислам дека е ова прва улица во градов на која велопатеката продолжува паралелно со коловозот кога се доаѓа до раскрсница, без да скршнува десно кон зебрата. Се надевам ќе продолжи оваа пракса. edit: Ко ќе размислам, ова е уствари прва улица (не-булевар) која воопшто има велопатека на нејзе?



Edited by fichot - 06-Sep-2017 at 20:56
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Sep-2017 at 16:26
Со нетрпение чекам да видам што ново на инфраструктурен план ќе понудат кандидатите за градоначалник на град Скопје. Најголем дел од булеварите се веќе проширени што значи дека сега се на ред големите работи: сообраќаен мост, пробивање нови булевари за преполовување на гужвите... И секако оние 2 кои одсекогаш биле дел од сите програми за кои паметам "трамвај и јужен булевар " би ценел доколку повеќе не ги споменат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Sep-2017 at 03:27
Originally posted by xnx

posto u meguvreme na panorama nikna uste cel grad... kako i da e, trotoarive se mali, patekite za tocaci ke sluzat za parkiranje, a na makedonski ne se vika shkolo tuku ucilishte
сепак не ја гледам потребата од проширување
со години во врат ни се бута идејата дека проширување на улица е решение и дека кружен тек е најдобра крстосница...
тука проблемот беа големиот број на улички што се приклучуваат и фактот дека доколку се движиш низ населбата треба да се исклучиш од една улица, да се вклучиш на оваа, па после 50 метра пак да се уклучиш на друга, проблем што не се решава со додавање на една лента на ваков начин... да не збориме што по цела улица има директни излези од гаража
дури и на самите фотографии се гледа колку се лоши вкрстувањата и дека со скратувањето на тротоарите сега е дури и понепрегледно
а ако се навратам на тоа дека се форсираат проширувања како решение, морам да спомнам дека најголемиот очигледен проблем не е решен, а тоа е Водњанска
џабе е, ако сака нека никне уште еден град на Водно, вака само се залажува проста раја дека живее којзнае каде

и не ми јасно зошто при толкав ремонт на улица, велосипедската патека не е качена на тротоар за да биде комплетно физички одделена од сообраќајот и побезбедна
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Sep-2017 at 18:18
Еден сериозен безбедносен пробелм кој го воочив. На велосипедската патека се поставени големи прилично широки решетки за собирање на атмосферската вода. Решетките се подебели од тркало на роуд бајк, а тоа би значело дека велосипедист кој на оваа стрмна улица вози надоле може да му се заглави тркалото и да излета напред. Ова е темпирана бомба за велосипдисти, мислам дека или ќе возат во лентата за автомобили или ќе ризикуваат губење глава надоле.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1834
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Sep-2017 at 12:57
posto u meguvreme na panorama nikna uste cel grad... kako i da e, trotoarive se mali, patekite za tocaci ke sluzat za parkiranje, a na makedonski ne se vika shkolo tuku ucilishte

Edited by xnx - 03-Sep-2017 at 12:57
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Sep-2017 at 22:47
не ми е јасно која беше потребата од прошитување на улицава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Sep-2017 at 23:42
Ова со велосипедскиве патеки им е полн погодок со оглед на теренот за изградба. Браво!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Sep-2017 at 10:47
Улицава ја прошируваа повеќе од година ипол. Не е во рекорден рок направена, но морам да кажам дека сум задоволен од квалитетот на изведбата.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3658
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Aug-2017 at 18:44
Се надевам дека се гради нешто квалитетно не само на брзина!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 105>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.