build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 100101102103104 105>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1436
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2021 Posted: 07-Jul-2016 at 09:35
Па не кажа ништо ново и спектакуларно. Ниту еден од големите проекти за сообраќај не се спомна (мост кај саем-мзт), а оние кои се спомнаа се објаснија дека нема да се прават во догледно време (подземна сообраќајница кај плоштад и мост на Илинденска).
Само проширувања за кои веќе знаеме и ништо ново.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2022 Posted: 12-Jul-2016 at 18:38
НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО СКОПЈЕ
                      
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денеска /12.07.2016 година, вторник/ официјално го пуштија во употреба новиот кружен тек меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец.

Ова ново сообраќајно решение придонесе да се зголеми безбедноста во сообраќајот од Автокоманда кон Железара, а просторот доби целосно нов и уреден лик.





На кружениот тек е поставено и ново улично осветлување, со 35 столба со висина од 8 метри и 39 светилки со моќност од 250 вати.

Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња, а уредувањето на зелените површини го извршија екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек меѓу улиците 16. Македонска бригада и Коце Металец изнесува околу 53,6 милиони денари.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=9050&mid=482&tabId=1
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2023 Posted: 10-Oct-2016 at 15:29
КАЈ ЛОКАЛИТЕТОТ ИНДУСТРИСКА ЗОНА
Изградена нова улица во Аеродром



Општина Аеродром неодамна изгради нова улица „Новопроектирана 4" меѓу новите згради во локалитетот Индустриска зона

Станува збор за собирна улица во должина од околу 500 метри и широчина од 16 метри.

Улицата е составена од две сообраќајни ленти од по 6 метри, како и тротоари од двете страни на улицата од по два метри.

Претходно на оваа локација беше изведена целосно нова фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, а исто така се предвидени и нови линии за јавно осветлување, така што овој дел од населбата ќе добие целосно нов и поурбан лик, а жителите на новите згради современи услови за живот.

http://vecer.mk/skopska/izgradena-nova-ulica-vo-aerodrom
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2024 Posted: 10-Oct-2016 at 23:07
Се реконструира и проширува патот кон Теферич

Течат градежните активности за реконструкција и проширување на дел од пристапниот пат кој води кон рекреативниот центар Теферич. Овој проект e од значење и за општина Кисела Вода, но и за општина Сопиште, бидејќи локалниот пат Теферич ги поврзува овие две општини минувајќи низ нивните локалитети. Сообраќајното значење е уште понагласено бидејќи истиот служи и за поврзување на централното градско подрачје со регионалниот пат Козјак, со што се вклучува во сообраќајните текови ширум регионот и државата.



Реконструкцијата се одвива на улиците „Мариовска“ и дел од улицата „Христо Татарчев“, се до спојот на реконструираната улица кај црквата Теферич. На овој потег ќе биде поставен нов асфалт, ќе се изработат тротоари кои ќе бидат поплочени со бехатон плочи, ќе се прошири патот, а потоа ќе биде поставено и осветлување. Градежните работи треба да завршат до крај на годината.



Носител на проектот кој е инициран од општина Кисела Вода е Центарот за развој на Скопски плански регион, а како партнери освен општина Кисела Вода, се и градот Скопје и општината Сопиште.

http://www.porta3.mk/se-rekonstruira-i-proshiruva-patot-kon-teferich/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2025 Posted: 21-Oct-2016 at 09:59
Нова епизода од шпанската серија „Проширување на Даме Груев“...

___________________________________________

„ДАМЕ ГРУЕВ“ ЌЕ СЕ ШИРИ В ГОДИНА

Проширувањето на улицата „Даме Груев“ ќе почне дури в година. Градските власти се' уште ја обезбедуваат потребната документација, а допрва треба да одлучат и како ќе го решат проблемот со зградата на „Макотекс“, чии делови пречат за непречено ширење на улицата. Откако ќе се изработи основниот проект ќе се знае и како и колку ќе се урива од зградата која се наоѓа на трасата на булеварот.

„За улицата ‘Даме Груев‘ се изработува инфраструктурен проект кој е веќе готов, па сега следува само добивање согласност за него. Сообраќајниот проект се' уште не е изготвен, а по неговото изготвување ќе се пристапи кон изработка на основен проект, по што ќе се знаат сите детали околу изградбата, чинењето и други архитектонски решенија“, информираат од Град Скопје.

Оттаму пред половина година распишаа оглас за изработка на проект за инфраструктура со сите фази за улицата „Даме Груев“, од раскрсницата со улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „ВМРО“ до улицата „11 Октомври“ и улицата „Филип Втори Македонски“. Од Градот проценија дека за тој ангажман ќе платат околу 5.000 евра.

Истовремено, надлежните во неколку наврати информираа дека Градот заедно со ИЗЗИС ја разгледува варијантата да бидат урнати само приземјето и првиот кат од крајната вертикала на зградата, па да се постават потпорни столбови и булеварот да минува под зградата. Но, потоа било утврдено дека зградата не е доволно цврста, па затоа сега постои и варијанта да се урнат сите четири ката.

Независно што дилемата се' уште не е решена, по барање на градоначалникот Коце Трајановски, Советот на Град Скопје пред извесно време донесе одлука за размена на деловен простор со фирмата „Центро“. За деловниот простор во приземјето на зградата, каде што некогаш беше „Рубин кармин“ и првиот кат, сопственикот доби деловен простор во градската катна гаража „Тодор Александров“.

Инаку, идејата за булеварско решение на улицата „Даме Груев“ е стара повеќе години. Тоа е едно од неопходните сообраќајни решенија за растоварување на сообраќајниот метеж во „Мал ринг“. Урбанистичкиот план предвидува булеварско решение за потегот од ТЦ „Палома бјанка“, па се' до Собрание. Неколку пати беше напоменато дека по ширењето на оваа улица, ќе се измени сообраќајниот режим во делови од централното подрачје. Во план е „Димитрие Чуповски“ да се претвори во пешачка зона.

http://utrinski.mk/?ItemID=9DD8760984A740408F83C621B64A9867
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2262
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #2026 Posted: 21-Oct-2016 at 11:37


Не се четири ката, туку пет без приземјето. Да речеме, да го направат тоа и да ја урнат зградата.

Прво прашање: Kaко ќе се влегува и излегува во и од оваа зграда? Директно преку коловоз, нели?

https://www.google.com/maps/@41.9925128,21.4295669,3a,49.2y,317.65h,87.06t/data=!3m6!1e1!3m4!1sloIe50IXBdDC1X1aqB5IrA!2e0!7i13312!8i6656

Второ прашање: Истово прашање и за оваа зграда.

https://www.google.com/maps/@41.9926222,21.4292381,3a,51.6y,339.51h,86.66t/data=!3m6!1e1!3m4!1s_FtXjOvps4QeGZcgl00Bgg!2e0!7i13312!8i6656

Tрето прашање: Kaде ќе ги направат автобуските постојки на улицава, а да не направат тесно грло?

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2027 Posted: 21-Oct-2016 at 20:17
тоа е, кога немаш мозочни капацитети за организација на градскиот сообраќај, тогаш проширувај улици како манијак...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #2028 Posted: 22-Oct-2016 at 08:19
Автобуски постојки нема да се направат, бидејќи автобусите ќе продолжат да се движат по Димитрија Чуповски. Инаку за другите 2 прашања, проблематичен е влезот на тие возила, ама тоа се неколку паркинг места колку што гледам од сликите, така што не би требало да е огромен проблем за безбедноста на сообраќајот.Проектов не ми се верува дека ќе се случи во блиска иднина. Премногу комплициран е за наши услови.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2029 Posted: 22-Oct-2016 at 21:15
треба да се сотре огромен пешачки простор, преценет паркинг простор и зеленило, и да се отстрани половина објект, а нема скоро никакви придобивки од крајниот резултат
како што е дискутирано и претходно, најдобра опиција е Чуповски и Даме Груев да функционираат како еден коридор во два правци привремено, додека да се среди инфраструктурата на глобално ниво

моментално гужвата се создава на рекорд поради тоа што еден куп булеварски поврзувања во градов фалат и затоа што на делницата на рекорд има еден куп пешачки премини и автобуски постојки што опслужуваат премногу линии, кои може да сообраќаат и преку други улици
мислам дека многу полесен зафат би бил да се реши преминот на рекорд и да се запне да се реформира ЈСП, отколку да изигруваме глупости во празно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2030 Posted: 25-Oct-2016 at 19:36




Автомомобил со предното тркало пропадна во шахта на раскрсница на улица Јордан Мијалков (Железничка) во близина на трговскиот ценар Рамстор.

Има видлива штета на автомобилот.

Изненадениот и гневен возач несреќата ја пријавил во полиција и сега се чека екипа на полицијата да изврши увид.

Не е позната зошто капакот на шахтата пропаднал додека над него поминувал автомобилот.

http://plusinfo.mk/vest/90688/avtomobil-zavrshi-vo-shahta-na-ulica-zeleznicka
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2031 Posted: 30-Oct-2016 at 17:56
Патот од етно селото (Македонско село, по ново) до средно Водно е целосно обновен и обележан со бели линии по краевите. Навистина сега возењето е поудобно и целиот впечаток е подобар.

















За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2032 Posted: 30-Oct-2016 at 22:09
Oooo nice.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4675
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2033 Posted: 30-Oct-2016 at 23:12
Нешто конечно што и јас можам да пофалам.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2034 Posted: 31-Oct-2016 at 02:05
а нели беше целосно преасфалтиран патов пред некоја година? или јас нешто сум помешал лончиња?

инаку, имаше слики баш од патов, каде што белите линии се цртани преку лисјата паднати од дрвата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2035 Posted: 31-Oct-2016 at 09:43
Ова е прва целосна обнова на патот, веројатно во последниве 10-20 години, ако не и повеќе (крпењето не го сметам за обнова).
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2036 Posted: 31-Oct-2016 at 10:32
Патот душа дал за со велосипед. Но познавајќи ги нашите возачи кои со голема веројатност ќе го користат како рели патека не сум баш сигурен дека е безбедно со велосипед да се движите.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2037 Posted: 31-Oct-2016 at 17:52
Originally posted by Џоле

Ова е прва целосна обнова на патот, веројатно во последниве 10-20 години, ако не и повеќе (крпењето не го сметам за обнова).
затоа викам да не сум помешал лончиња... затоа што памтам на патов имаше огромни кратери, па ги закрпиле... сега целосно е комплетиран патот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2038 Posted: 31-Oct-2016 at 21:41
Originally posted by kultuzin

Патот душа дал за со велосипед. Но познавајќи ги нашите возачи кои со голема веројатност ќе го користат како рели патека не сум баш сигурен дека е безбедно со велосипед да се движите.


Единствена предност за нас велодистите од отворањето на „Македонско село“ е ова, кога веќе ни го уништија одењето кон Пантелејмон (единственото понормално качување до Средно Водно по асфалт), иако си потполно во право.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2039 Posted: 03-Nov-2016 at 14:51
Од „Св. Климент Охридски“ лево кон Центар

Повеќе години откако правилата на една од најфреквентните раскрсници во Центар беа сменети со цел да се избегнат дополнителни гужви и честите сообраќајни несреќи, локалните власти ги враќаат по старо. Имено на крстосницата каде се вркрстуваат булеварите „Св.Климент Охридски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ во случај да се движите по „Св. Клименто Хридски“ во насока кон Водно, не можете да завртите лево кон Центар. 3-те лентни на сега веќе проширениот булевар овозможуваат движење право, кон Водно или десно, односно да се приклучите кон булеваорот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.



Забраната за завртување лево на крстосницата важи и за оние кои се движат во обратна насока по истиот булевар. Значи од страната на „Театар Комедија“. Промената на правилата доѓа откако Град Скопје се реши да го прошири булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов, во делот околу Клубот на пратеници.

"Само овој дел од 'Теодосиј Гологанов' остана т.н. тесно грло. Во договори сме со Општина Центар да се интервенира и на овој потег, односно и тој да добие четири коловозни ленти. Со тоа ќе се овозможи движење во сите насоки на крстосницата. Сегашниот сообраќаен режим не го дозволува тоа што за мене е непрактично. Имаме доста поплаки дека кога се симнувате од Клиника лево може да се вклучите дури на булеварот "Партизански одреди". Сето тоа го зголемува метежот во овој дел", изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Тој исто така најави дека наредната година ќе се работи проектот за реконструкцијата, а реално е да се очекува Центар да добие проширен булевар веќе истата година. За цената на проектот ќе се знае откако ќе биде одбран изведувачот.

http://www.skopjeinfo.mk/od-sv-kliment-ohridski-levo-kon-centar

Edited by jyvation - 03-Nov-2016 at 14:52
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 596
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2040 Posted: 03-Nov-2016 at 16:22
ПРЕКУ "ЕСЕНИНОВА", ДИРЕКТНО ОД КИСЕЛА ВОДА ДО АЕРОДРОМ

Новата улица "Есенинова" ќе почнува од булеварот "Борис Трајковски", 150 метри по зградата "Пегла", ќе минува покрај железничката пруга, кај амбулантата "Пролет", ќе ја пресече "Трета македонска бригада" и ќе се спои со булеварот "Никола Карев", покрај Транспортниот центар

Кисела Вода и Аеродром ќе се поврзат со нова улица. Град Скопје в година ќе стартува со реализација на проектот за пробивање и изградба на сообраќајницата, која треба да го растовари сообраќајот околу Тутунскиот комбинат. Новата улица "Есенинова" ќе почнува од булеварот "Борис Трајковски", 150 метри по зградата "Пегла", ќе минува покрај железничката пруга, кај амбулантата "Пролет", ќе ја пресече "Трета македонска бригада" и ќе се спои со булеварот Никола Карев покрај Транспортниот центар.
"Оваа улица ќе биде скратен пат за поврзување на населбата Кисела Вода со Аеродром. Со тоа, во голема мера ќе се намали метежот на крстосницата кај Тутунски комбинат. Оваа раскрсница ќе ја користат граѓаните што ќе се движат кон центарот на градот, додека оние што одат кон Кисела Вода ќе ја користат новата улица 'Есенинова'", вели градоначалникот Коце Трајановски.
За изградба на улицата веќе се расчистени имотно-правните односи на трасата. Како што објаснува градоначалникот Трајановски, најголем проблем за изградба на "Есенинова" бил резервоар за вода, сопственост на "Империјал-тобако", кој се наоѓал на трасата. Постојниот резервоар за вода ќе се дислоцира, односно на сметка на Град Скопје ќе бидат изградени подземни бунари со линиски системи.
Тендерот за изведувач на новата улица ќе се распише в година, а за овој проект, во буџетот за 2017 година предвидени се 30 милиони денари. (А.А.)

http://www.vest.mk/?ItemID=29E204DB878C2644818794B100048616
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 100101102103104 105>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.