build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 101102103104105>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2041 Posted: 05-Nov-2016 at 10:00
„Имаме доста поплаки дека кога се симнувате од Клиника лево може да се вклучите дури на булеварот "Партизански одреди".“

Ми се чини дека може лево кај НоваМакедонија?
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #2042 Posted: 05-Nov-2016 at 10:11
Може лево кај Нова Македонија. Со овозможување вртење лево ќе се успори тој дел од раскрсницата. Сосема непотребен чекор. Ако некој вози од Клиника, ќе се престрои лево кај Нова Македонија, бидејќи од таму му е поблиску, нема на следната раскрсница да се престрои, што му е подалеку. Од друга страната исто така нема некоја голема потреба за вртење лево, со оглед дека истото може да се направи кај Палома Бјанка.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2043 Posted: 05-Nov-2016 at 23:50
Ако одат кон Ленинова, тогаш е попрактично да се овозможи вртење лево, ама ако повеќето продолжуваат накај Католичка тогаш нема потреба.
Од другата страна исто е можеби добро да се овозможи вртењето лево, затоа што целиот сообраќај од П.О. кој патува кон Рекорд/ДамеГруев во моментов мора да помине низ една лента на крајот од П.О.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7008
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2044 Posted: 06-Nov-2016 at 05:10
а зошто на оваа раскрсница се прават интервенции, кога најголемиот метеж се создава кај Соборна?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2045 Posted: 06-Nov-2016 at 17:42
Во Ѓорче Петров целосно е асфалтирана главната улица...





За сè има вторпат
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 743
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #2046 Posted: 08-Nov-2016 at 01:02
Гужвата кај и околу соборна е поради семафорите на кои чека собраќајот кој транзитира преку центар. Решение е само тунел под центар за да го одвои и забрза овој дел од транзитниот сообраќај чија цел не е центар.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2047 Posted: 21-Nov-2016 at 07:35
НОВА УЛИЦА ЗА ДИРЕКТНА ВРСКА КИСЕЛА ВОДА - АЕРОДРОМ

Кисела Вода и Аеродром ќе се поврзат со директна сообраќајница. Двете општини ќе ги спојува новопроектирана улица, која е именувана како „Есенинова“. Градските власти веќе преземаат активности за проектот да се реализира и на терен. Улицата е предвидена со ГУП, речиси се расчистени имотно-правните односи на дел од земјиштето каде што ќе се гради, а се решаваат и други придружни пречки.

Од Градот објаснуваат дека, всушност, станува збор за нова сообраќајница, продолжение на веќе постојната, која треба да се пробие од булеварот „Борис Трајковски“, 150 метри по зградата во изградба наречена „Пегла“, па се' до „Трета македонска бригада“ кај Транспортниот центар. Оваа улица, практично, треба да претставува скратен пат од Кисела Вода кон Аеродром и обратно. Ќе минува покрај железничката пруга покрај амбулантата „Пролет“, ќе ја сече улицата „Трета македонска бригада“ и ќе се спои со булеварот „Никола Карев“ покрај Транспортниот центар.

„Оваа улица ќе биде скратен пат за поврзување на населбата Кисела Вода со Аеродром. Со тоа, во голема мера ќе се намали метежот на раскрсницата кај Тутунски комбинат. Оваа раскрсница ќе ја користат граѓаните кои ќе се движат кон центарот на градот, додека оние што одат кон Кисела Вода, ќе ја користат новата улица ’Есенинова’“, вели градоначалникот Коце Трајановски.

На презентацијата на нацрт-буџетот за 2017 година тој најави дека за улицата се предвидени 30 милиони денари. Планирано е тендерот за изведувач на новата улица да се распише до средината на идната година.

Инаку, како што објасни Трајановски, најголем проблем за изградба на „Есенинова“ бил резервоар за вода, сопственост на „Империјал-тобако“, кој се наоѓал на трасата. Договорено е резервоарот да се дислоцира, односно на сметка на Град Скопје да бидат изградени подземни бунари со линиски системи. За таа цел, неодамна и Советот на Град Скопје донесе одлука за дислокација на еден резервоар за вода.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0B22CF8FF573E541AE7500F7D963F8EA
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7008
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2048 Posted: 21-Nov-2016 at 18:37

многу, многу утната траса за толку битно поврзување... претпоставувам тука им било најлесно поради имотите и едноставност на теренот... ама ако расксницата од оваа улица се наоѓа на 200 метри од таа кај тутунски, поарно да не ни арчат пари на нејзе, затоа што ќе биде бескорисна а метежот и вака и така ќе остане

метеж нема да има само ако улицава се поврзе со раскрсницта кај тобако 2, или уште подобро, со булевар Авној што и онака треба да се поврзе со Гоце Делчев, што е многу покомплицирано, ама па придобивските се огромни, за разлика од некоја крпеница кај тутунски, што ќе функционира ако се донесе сообраќајно решение за вкрстувањата во тој регион, ама кога ќе видиш, со такво решение нема ни да има потреба од „расчистување на метежот кај тутунски“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2049 Posted: 03-Dec-2016 at 21:39

Шузнам, мислам дека е ок ова решение. Гледај на тоа не само како врска КВ-Аеродром туку и КВ-Чаир/Автокоманда. 

Поврзување со бул. АСНОМ (мислам дека долго време се вика?) ми е нелогично, пошто ја го дека е бул. Србија.. а тобако 2 ок ама само за врска со Аеродром.

Моментално сите кои од Аеродром одат кон Центар и КВ (и обратно) завршуваат кај тутунски, вака ќе се поделат.. башка што треба да се прави и оној голем кружен таму што секако ќе го влоши сообраќајот на одредено време. 

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7008
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2050 Posted: 04-Dec-2016 at 14:03

не велам дека е нешто катастрофално, туку дека треба да биде дел од поголемо сообрќајно решение во овој регион, односно раскрсницата кај тутунски... дали ќе бидат тоа кружни текови, едносмерни улици, клучка или нршто друго, за тоа си постојат стручни луѓе, ама секако во околината треба се што може да се испоруши и да се почне на чисто

инаку уште полошо е ако во едно тесно грло спојуваш неколку населби одеднаш. гледаш на тоа не помислив
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2051 Posted: 18-Jan-2017 at 17:33


За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 618
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2052 Posted: 21-Jan-2017 at 10:46
АЕРОДРОМ И ЌЕРАМИДНИЦА ЌЕ СЕ СПОЈУВААТ СО НОВ МОСТ И ДИРЕКТНА УЛИЦА
Изградба на нов мост и на нова улица која директно ќе ги поврзува Аеродром и Ќерамидница, односно Гази Баба, е еден од капиталните проекти на Град Скопје за реализација оваа година. Практично, ќе започнат подготовки за изведба на овој крупен зафат, кој според градоначалникот Коце Трајановски, ќе му биде предизвик за наредниот мандат. Изградбата на улицата, всушност, ќе претставува нова сообраќајна порта за општина Аеродром кон центарот на градот. Сега се тоа само улиците „Трета македонска бригада“ преку Тутунски комбинат и булевар „Јане Сандански“ преку Транспортен центар.

Проектот предвидува продолжение на булеварот „АСНОМ“. Односно ќе се пробие нова улица зад „Скопски саем“, која ќе води до реката Вардар од каде што преку нов мост ќе излезе на булеварот „АСНОМ“ во близина на спортската сала „Јане Сандански“. Булеварот би почнувал од улицата „Беласица“ кај „Скопски саем“, би поминувал покрај „Каросерија“ на ФАС „11 Октомври“ и преку Вардар би се споил со булеварот „АСНОМ“ кај салата „Јане Сандански“. Од таму ќе води до последна „5“ и улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче. Новиот мост, пак, ќе се гради кај Ќерамидница.

„Новата улица во голема мера ќе го растовари сообраќајот во овој дел и ќе го олесни движењето од Гази Баба кон овој дел на населбата Аеродром. Имаме студија и чекаме Општина Гази Баба да го донесе деталниот урбанистички план за локалитетот кај ’Каросерија’. За реализација на проектот го снимивме теренот и го откупивме земјиштето“, рече Трајановски кога се „кроеше“ тековниот буџет. Во него, за овој проект, има предвидено речиси 350.000 евра. Парите ќе се потрошат за изработка на техничката документација, а по нивна изработка и избор на изведувач, ќе се знаат деталите и конечната вредност за изградба на улицата и мостот.
Трајановски појасни дека проектот е составен од две фази, од кој првата е речиси реализирана. Станува збор за реконструкција и проширување на делот на „АСНОМ“ до последна „5“, односно до првите куќи на „Тодор Чангов“ во Лисиче. Втората фаза е изградбата на улицата и на мостот. (Д.Т.Д.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0A7AD47EB5B6D64B88D8970EB45F45CA

Edited by stef4o - 21-Jan-2017 at 10:47
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7008
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2053 Posted: 21-Jan-2017 at 11:03

вест прочитана по којзнае кој пат... којзнае колку мандати помина овој трагичен проект
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 618
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2054 Posted: 21-Jan-2017 at 11:06
Исто вака со години ја најавуваат и подземната улица кај Рамстор ама незнам дали нешто почнаа.Тој простор е целиот ограден и со години не се прави ништо.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2055 Posted: 22-Feb-2017 at 10:17
ЗАВРШЕНА Е УЛИЦАТА „2“ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ



Завршени се сите градежни работи на улицата „2“, која поминува покрај новата полициска и противпожарна зграда во општината Ѓорче Петров. Улицата е широка 6 и долга 160 метри, со тротоари од двете страни и тоа од страната на полицијата со широчина од 2 метри, а од спротивната која гледа кон паркот, со ширина 1,5 метри.

Истовремено е изградена и нова атмосферска канализација и поставено е и ново улично осветлување.

Дел од оваа улица продолжува до поликлиниката „Ѓорче Петров“ и поштата и се спојува со булеварот „Партизански одреди“, а дел до паркингот кај паркот, што овозможува непречен пристап на жителите. За овој проект Општината Ѓорче Петров од својот буџет обезбеди 4 милиони денари.

http://utrinski.mk/?ItemID=4E75B7D62BA3734FB6AC4A0E8AD563F5
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2056 Posted: 27-Apr-2017 at 09:14
ПРОБИЕНА АЛТЕРНАТИВНА УЛИЦА НА „РАДИШАНСКА“



Општина Бутел го заврши пробивањето на новата улица „50“ во Радишани. Патот веќе е тампониран и има должина од 1.300 и широчина од шест метри.

„Пробиената сообраќајница ќе претставува алтернативна улица на улицата ’Радишанска‘ во услови кога може да биде затворена од најразлични причини. Наскоро ќе следат градежни зафати за нејзино асфалтирање. Ќе можат да ја користат секојдневно околу 3.000 жители“, велат од Бутел.

Средствата за изградба на улицата во висина од 3,2 милиони денари се обезбедени од општинскиот буџет.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=42B71733B64BB740B40A218BCD3E16DA
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2057 Posted: 28-Apr-2017 at 09:13

Каде доаѓа улицава?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2058 Posted: 02-May-2017 at 18:42
Како и секогаш, поради имотно-правни несогласувања нашите булевари на половина ќе бидат притеснети за потоа одново да се прошират.



Инаку, вака треба да си биде.



После куќата од десна страна на првата слика улицата пак си има четири ленти.



Edited by Џоле - 02-May-2017 at 18:48
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2059 Posted: 14-May-2017 at 20:49
Сопиште

За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2060 Posted: 23-Jun-2017 at 14:56
Не ми е јасно што сакаат луѓево? Секое Припорско сокаче да влага на кружен тек?

Она што ме загрижува на овој проект е што не се спомнува спојката со Димо Хаџи Димов. Фали многу малку за поврзувањето, не повеќе од 200м и во тој дел се руши па мислев дека се работи на спојката.

Инаку почна и „реконструкција“ на патот низ Припор накај Сопиште. За жал, ништо од темелната реконструкција, обично гребење на асфалт на што ќе се нанесе нов слој. Патот е во ужасна состојба после изградбата на новата канализација и е комплетно пропаднат на некои места. Без темелна реконструкција ништо не се постигнува.

Дополнително, периодов секојдневно фучат огромни шлепери на Џевахир, изглеа фокусот го носат кон Сончев град. Така и да и тоа што ќе се направи, брзо ќе пропадне.





Жителите на Кисела Вода со жив ѕид против новиот кружен тек

Градоначалникот Коце Трајановски го најави овој кружен тек уште во 2015 година.
Плусинфо  09:42 23 јуни 2017 ● Прочитано 1327

Жителите на улиците Христо Татарчев 1 и 11 во населбата Кисела Вода утрово со жив ѕид ги блокираа градежните работи за изградба на нов кружен тек со кој ќе се спојат Кисела Вода и Аеродром преку булеварот Србија. 

Тие ги повикаа градоначалниците на Град Скопје и на општина Кисела Вода да дојдат и да видат каков проблем имаат ако се изградат најавените ѕидови околу улиците.

Градоначалникот Коце Трајановски го најави овој кружен тек уште во 2015 година. 

- Булеварот Србија ќе се реконструира и проширува на потег со вкупна должина од 868 метри, каде што ќе се оформат четири сообраќајни летни со ширина од 3,5 метри. Новата траса од десната страна ќе има странично зеленило со ширина од 1,5 метри и пешачко-велосипедска патека со ширина од 3 метри, додека од левата страна ќе има пешачка и велосипедска патека со променлива ширина. Новиот булевар ќе има средишно зеленило со ширина од 2 метри. На крајот од новиот булевар ќе има и кружен тек, кој ќе се формира меѓу бул. „Србија“, ул. „Христо Татарчев“ и улицата „ Христо Татарчев крак 2", со дијаметар од 36 метри. Истиот ќе се состои од две сообраќајни летни со ширина од 4,75 метри и пешачка патека. Како дел од изведбата на новиот кружен тек, ќе биде извршена реконструкција и проширување на улиците „Христо Татарчев“ и „Христо Татарчев крак 2“, на деловите каде што ќе влегуваат (се приклучуваат) во новиот кружен тек. Целокупната должина на новиот реконструиран и проширен коловоз со целосната реализација на овој инфраструктурен проект изнесува околу 1.400 метри - рече тогаш градоначалникот Трајановски.



http://www.plusinfo.mk/vest/118661/zitelite-na-kisela-voda-so-ziv-dzid-protiv-noviot-kruzen-tek
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 101102103104105>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.