build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 104105106107108>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11494
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2101 Posted: 07-Jan-2018 at 11:07
Обновените улици Втора Македонска Бригада и Ферид Бајрам меѓу Чаир и Бутел. Асфалтот е обновен, иако на места се чувствуваат нерамнини, а на две места (на ул. Ферид Бајрам) има и мали вдлабнатини. Моментално се работи на тротоарите. Работите се одвиваат со молскавична брзина на полжав.

Вт. Мак. Бригада



Ф. Бајрам



За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2102 Posted: 26-Jan-2018 at 16:14
Еве го моето сообраќајно решение за Скопје, кое во најголем дел се темели на ГУП-от. Веќе имаме 72.11 километри булевари, а предвидувам изградба или проширување на 50.06 километри нови булевари, со што би имале 122.17 километри булевари. Тука се и 46.47 километри секундарни улици, од кои дел се веќе изградени.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2103 Posted: 28-Jan-2018 at 11:13



Јас би додал уште една сообраќајница помеѓу Горно Лисиче и овој најисточниот мост на Вардар што го имаш вцртано. Ја имам доцртано со жолта боја на првата слика. Со таа врска би се оформила трансферзална сообраќајница од Охис па до северната обиколница.

Скопје има голем проблем што огромни реони во источниот дел од градот се речиси изолирани еден од друг, односно нема ниту една трансферзала. Голем дел од населението и уште повеќе индустрија и логистика, како и големи трговски субјекти се наоѓаат во овие реони. Генерираат многу сообраќај и ќе генерираат уште повеќе, а во моментов најкратка врска им е Булевар Србија/Војводина. Овој булевар не само што е премногу западно за да биде ефикасно решение, туку е веќе закрчен и во шпицовите колабира. Не може да се размислува ниту за проширување, затоа што железничкиот надвозник кај Фершпед е огромна пречка за такво нешто. Источна трансферзална сообраќајница е апсолутно неопходна.

Ако навистина се оди и на комплетирање на внатрешниот сообраќаен прстен на Скопје, како што ветува новиот градоначалник, булеварите Србија и Војводина ќе бидат под уште поголем притисок. Треба да се делува на време...

1


2

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2343
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #2104 Posted: 28-Jan-2018 at 12:12
Cloverstalk, ти ако одиш по ветувањата на новиот градоначалник , далеку ќе стигнеш.

Како што тој најави бесплатен превоз за следниот ден, па истиот утредента да го укине во 16 часот, а замисли, јас да сум отишол да планинарам на Јакупица, потоа слегувам до Горно Количани, и оп нема бесплатен превоз, а да викнам такси до Автобуска, ќе ми излезе околу 600 денари, нели? Што ако немам толку пари? Значи, јас однапред треба да мислам дека таткото на град Скопје може да ме измами, и да ми остане единствена опција да одам со такси од Горно Количани до дома во Кумановопо цена од 2000 денари?

Затоа јас никогаш не одат по умот на политичар, а ти го советувам истото и тебе.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2105 Posted: 28-Jan-2018 at 16:14
Еве ги моите замисли за брзи сообраќајници, урбани автопати и автопати во Скопје:

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 777
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #2106 Posted: 29-Jan-2018 at 00:05
Многу е битно да почне да се прави јужен булевар макар и делница по делница бидејќи тоа ќе главната артерија која ќе го превземе сообраќајот од Ѓорче и Карпош према Кисела Вода и Аеродром. То ќе го растерети сообраќајот Во центар, на Партизанска, Јане сандански и Борис Трајковски
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2107 Posted: 29-Jan-2018 at 22:15
Originally posted by phenomenon

Cloverstalk, ти ако одиш по ветувањата на новиот градоначалник , далеку ќе стигнеш.

Како што тој најави бесплатен превоз за следниот ден, па истиот утредента да го укине во 16 часот, а замисли, јас да сум отишол да планинарам на Јакупица, потоа слегувам до Горно Количани, и оп нема бесплатен превоз, а да викнам такси до Автобуска, ќе ми излезе околу 600 денари, нели? Што ако немам толку пари? Значи, јас однапред треба да мислам дека таткото на град Скопје може да ме измами, и да ми остане единствена опција да одам со такси од Горно Количани до дома во Кумановопо цена од 2000 денари?

Затоа јас никогаш не одат по умот на политичар, а ти го советувам истото и тебе.


Без гајле, не сум толку наивен
Не верувам на ветувања, ќе верувам само на вистински градежни работи за изградба на внатрешниот прстен.

Но и без него состојбата на булевар Србија/Војводина е веќе критична. Затоа некаква источна трансферзална сообраќајница е веќе неопходна (а и поради други причини).


Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 351
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #2108 Posted: 29-Jan-2018 at 23:10
Originally posted by mirakuliks

Многу е битно да почне да се прави јужен булевар макар и делница по делница бидејќи тоа ќе главната артерија која ќе го превземе сообраќајот од Ѓорче и Карпош према Кисела Вода и Аеродром. То ќе го растерети сообраќајот Во центар, на Партизанска, Јане сандански и Борис Трајковски
Со оглед на актуелноста на темите како загадување на воздухот во Скопје, сечење на градското зеленило и сл. дури и да се појави политичка волја ќе биде еднакво на политичко самоубиство. Така да, не верувам дека во наредниве 10-тина години нешто на тој план ќе се промени.

Edited by Мартин - 29-Jan-2018 at 23:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2109 Posted: 31-Jan-2018 at 20:31


Попроточен сообраќај, пократки релации, денивелирани вкрстувања, помалку раскрсници и помалку застои, сето тоа ќе придонесе за помало аерозагадување од сообраќајот. Исто така Јужен булевар е важен предуслов за воведување на ефикасен шински јавен превоз во градот и како таков секогаш бил предвиден со простор за двоколосечна пруга со стандардна ширина од 1435mm.

Од друга страна, попроточен сообраќај речиси секогаш долгорочно стимулира повеќе автомобили на улиците и до некаде се поништува ефектот од првичното растоварување, но во контекст на загадувањето и на конгестијата мораме да ги земеме во предвид и новите технологии кои доаѓаат (електрични автомобили, автономни возила, иновации во јавниот превоз и слично) кои секако многу поефикасно ќе функционираат со дооформена примарна сообраќајна мрежа во градот. Јужен булевар и секако булеварот Крушевска република значително ќе го подобрат квалитетот на живеење во Скопје, а ќе имаат и многу позитивни економски ефекти.




Edited by Cloverstack - 31-Jan-2018 at 20:32
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2343
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #2110 Posted: 31-Jan-2018 at 20:41
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2111 Posted: 01-Feb-2018 at 09:17
Тоа го имаше најавено Коце за годинава. Би било паметно Шилегов да реализира. Не е комплицирано да се стави трета лента на тој дел.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Decibel View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Decibel Quote  Post ReplyReply #2112 Posted: 01-Feb-2018 at 11:02
Во Автокоманда не знам како ќе турне и ќе реши 5 do 7 згради на тој простор (во зависност од проектот) покрај пругата, јас тука живеам. ))) Оваа улица е планирана уште пред 40-50 години ама никогаш не се изгради и нема ни да се изгради ))

Edited by Decibel - 01-Feb-2018 at 11:05
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2113 Posted: 01-Feb-2018 at 18:11
И мене многу ме интересира како планира да ја направи спојката...
Ама пак ќе кажам. Џабе е кога и сега има невидена гужва на бул.Србија во правец од Аеродром нагоре.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2114 Posted: 05-Feb-2018 at 22:52
Originally posted by phenomenon

Како и дали ќе се реши ова тесно грло?

https://www.google.com/maps/@42.0037876,21.476173,3a,50y,96.26h,85.12t/data=!3m6!1e1!3m4!1sd4tvwKq3E60BewddShuEWA!2e0!7i13312!8i6656


Ми изгледа дека таму има доволно простор за проширување, но поголем проблем ќе биде кај соседниот надвозник:

https://www.google.mk/maps/@42.003464,21.4743861,3a,75y,232.48h,90.49t/data=!3m6!1e1!3m4!1sPJZSwMEo-21EgwlYd2sIZA!2e0!7i13312!8i6656?hl=en





Originally posted by Decibel

Оваа улица е планирана уште пред 40-50 години ама никогаш не се изгради и нема ни да се изгради ))
Не треба вака да гледаме на работите. Дооформувањето на внатрешниот прстен е од огромна важност. Мора да се најде начин, сили, средства. Ако до сега не се смогнале сили, тоа мора да се смени. Доста веќе тапкаме во место.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2115 Posted: 06-Feb-2018 at 10:06
Точно е, мора. И едвај чекам да видам како.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1013
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2116 Posted: 07-Feb-2018 at 20:08
Во близина на Воен Базен-Општина Аеродром.Најверојатно некаква инсталација за некоја од новите згради,ама безбедност околу дупкава нула.Можеле барем една лента да стават ако ништо друго.Фотката е превземена од фејсбук.

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #2117 Posted: 07-Feb-2018 at 23:16
А и колку професионално е ископано... диви копачи в шума појќе се трудат за организирање на шутот, кај се фрлило таму останало
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #2118 Posted: 01-Mar-2018 at 14:45
GIS мапа на Скопје со изградената и планираната патна мрежа (според ГУП)

http://gdi-sk.maps.arcgis.com/home/webscene/viewer.html?webscene=d7df8381a816424a910282a941d6ff29

 Доста корисно со повеќе опции на менито од десната страна меѓу кои може да се менува основата одздола (мапа, сателитска снимка, ...)


Edited by Blagh - 01-Mar-2018 at 14:52
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2119 Posted: 03-Mar-2018 at 21:28
Добро имаат ли абер на Партизанска и на Цветан Димов да стават завршен слој на асфалт ?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1320
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2120 Posted: 03-Mar-2018 at 23:14
Originally posted by Blagh



GIS мапа на Скопје со изградената и планираната патна мрежа (според ГУП)http://gdi-sk.maps.arcgis.com/home/webscene/viewer.html?webscene=d7df8381a816424a910282a941d6ff29 Доста корисно со повеќе опции на менито од десната страна меѓу кои може да се менува основата одздола (мапа, сателитска снимка, ...)


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 104105106107108>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.375 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.