build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 105106107108109>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2121 Posted: 28-Mar-2018 at 08:28
Ќе се изготвуваат проекти за нов булевар „Хрватска“ и продолжување на „Љубљанска“ кон Злокуќани

Градот Скопје денеска распиша два одвоени тендери за изработка на значајна проектна документација за нови сообраќајници, со кои би се извела паралелна транзитна рута на скопската обиколница од општина Гази Баба до општина Карпош. Ќе се изготвува инфраструктурен проект, основен градежен проект и сообраќаен проект за булеварот „Хрватска“, на потегот од булеварот „Босна и Херцеговина“ во Чаир до булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, вклучувајќи ја и новопланираната собирна улица 3. Подготовката на проектната документација е проценето дека ќе чини околу 7,4 милиони денари, а заинтересираните фирми ќе имаат рок до 17 април за да ги достават своите понуди до Град Скопје.

Со вториот тендер се предвидува изработка на инфраструктурен проект, основен градежен проект и сообраќаен проект за продолжување на улицата „Љубљанска“ од крстосницата со булевар „Илинден“, со мост преку реката Вардар, во правец кон Злокуќани, и поврзување со булевар „Словенија“. За изготвување на оваа документација би се издвоиле околу 4,2 милиони денари од буџетот на Град Скопје. Проектантските бироа имаат рок до 16 април за да ги поднесат понудите за учество во тендерската постапка.

http://build.mk/ke-se-izgotvuvaat-proekti-za-nov-bulevar-hrvatska-i-prodolzhuvane-na-lublanska-kon-zlokukani/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1612
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2122 Posted: 28-Mar-2018 at 16:46


За 3 дена имаме најави за 3 нови булевари и два нови сообраќајни моста во Скопје! Што може повеќе да се посака - да се започнат што порано и да се завршат
Многу храбро...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2123 Posted: 29-Mar-2018 at 18:32
Патот од Сопиште до Центар преку Водно во употреба до крајот на јуни

Регионалниот пат од Сопиште преку Водно до центар е комплетно завршен и се очекува да биде пуштен во употреба на крајот од првата половина на годинава, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на прашање од пратеникот Далибор Богдановски од СДСМ.

Во врска со рехабилитацијата на патните правци министерот рече дека во 2017 година таа е извршена на делниците Припор до Сопиште и Сопиште до Говрлево.

На делницата од Сопиште до Долно Соње не е извршена рехабилитација поради изградбата на водоводната мрежа, рече Сугарески и појасни дека по нејзиното завршување ЈП за државни патишта ќе предвиди средства за тој регионален пат.

– Во однос на изградбата на Сончев град проектот за изградбата на населбата е во надлежност на општината Сопиште – додаде министерот Сугарески.

https://plusinfo.mk/%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%BE-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%83-%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1291
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2124 Posted: 30-Mar-2018 at 07:33
Почнала реконструкцијата на ул.Коста Новаковиќ-превземено од фб



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1291
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2125 Posted: 05-Apr-2018 at 18:34

На улицава турбо работат-превземено од фејсбук

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2126 Posted: 09-Apr-2018 at 19:14
Втора Македонска бригада иако е обновена ,насекаде каде што копаа попреку за да пуштат нови линии за сливниците улицата е пропадната (иако стоеше со месеци додека да ја порамнат и асфалтираат).
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #2127 Posted: 11-Apr-2018 at 17:19
Поврзување на Рузвелтова со Џон Кенеди?

Знам дека идејава е малку радикална, но ја имам веќе некое време, па решив да ја споделам. Поврзувањето на овие две улици ми изгледа сосема нормално урбано надоврзување, па сметам дека треба да влезе во ГУП-от на градот. Таков мост би оформил целина на поширокото централно подрачје од северо-западната страна (заедно со завршувањето на Голем Ринг преку градење на мостот и тунел под Кале).

На овој дел од градот дури и после најавеното и планирано комплетирање на Голем Ринг би останале без мост точно 2.5 км по должината на Вардар (од Жабар до Александар Палас). Толкава должина во централно подрачје без патна врска мислам дека е недозволиво за севкупниот развој на Скопје. Овој мост би го поделил тоа растојание на пола.



(сликата е само визуелизација не е нешто прецизно нацртано Smile)


Ова поврзување досега не било планирано во ГУП-от на градот, но за тоа виновни се веројатно две главни причини:

1. Касарна Илинден: т.е. проценката дека ова стратешко место требало да се изолира и што е можно повеќе да биде потешко пристапно;

2. Урбаното планирање на Градскиот парк: односно делот изграден од 1970+ година (од салата на КК Работнички до Александар Палас). Овој дел од паркот со неговата локација според мене е тотална утка и Скопје сноси многу урбанистички последици од него: дополнително одвојување на левата и десната страна на градот, поттикнува несразмерно хоризонтално ширење кон Ѓорче итн... но за тоа во некоја друга прилика. Да би го правел јас тогаш, овој дел од паркот би го сместил на сосема друга локација, пример на местото кај сегашен Капиштец, но сега е касно.

Бидејќи касарната ќе бидне расформирана, она што претставува како препрека во моментов е градскиот парк и би требало да се најде начин како во иднина да се помине низ него. Тунел би било најсовршено, но и можеби комбинација од тунел и канал како во Parc du Cinquantenaire во Брисел. Интересно е дека од овие канали скоро и воопшто да нема звучно загадување, а визуелно се поприлично изолирани со дрвореди или висока жива ограда. Треба навистина да се доближиш до оградата за да увидиш дека доле се одвива сообраќај.



Знам дека идејава не е приоритет, но сметам дека е вредна за размислување за вметнување во новиот ГУП во 2022. Локациите кој ваков мост би ги поврзал: касарната и областа околу неа се реално многу блиску до центарот на градот и би ги направил многу атрактивни за домување. Но мостот би ги приближил и северните населби со центарот и западно од него: делови од Чаир, Шуто Оризари, Визбегово. Би помогнал во растеретување на тесните грла во градот и би дал повеќе смисла на постоењето на секундарниот булеварски прстен (конкретно булевар Словенија)





Edited by Blagh - 30-Aug-2018 at 10:54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8955
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2128 Posted: 12-Apr-2018 at 11:23


Интересна идеја, одавна сме немале вакво тип постови на форумот.

Исто така никогаш не сум размислувал за дистанцата меѓу Гоце Делчев и мостот кај Александар Палас, и немањето можност за преоѓање преку реката помеѓу нив.

Сепак, ниту под разно не би одел со сценариото кое го спомнуваш во Брисел туку исклучиво со тунел (кој нема потреба да биде длабок).

Сепак Брисел има еден куп други паркови а нас градскиот парк ни е се.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2129 Posted: 12-Apr-2018 at 11:44
Интересен предлог, ако ништо друго оригинален. Според мене, можеби би требало да се направи врската на улиците Џон Кенеди со Никола Карев низ касарната „Илинден“, но не и да се гради нова траса кон југ. Градските власти во иднина треба да поработат на Момин Поток, што сметам дека е сосема доволно како врска за Чаир и Бутел со Ѓорче и Карпош во блиска иднина.

Поврзување на „Џон Кенеди“ директно со „Рузвелтова“ за мене е многу проблематично. Улицата ќе го подели единствениот урбан парк во Скопје на два дела - стар и нов дел. Зоолошката градина ќе треба да се дислоцира, а од двете страни на една ваква сообраќајница, тоа значи во самиот Градски парк, веднаш ќе почнат да никнуваат нови објекти. На тој начин, ќе се уништи и поголем дел од овој парк.
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #2130 Posted: 12-Apr-2018 at 20:01
Originally posted by BOJAN


Поврзување на „Џон Кенеди“ директно со „Рузвелтова“ за мене е многу проблематично. Улицата ќе го подели единствениот урбан парк во Скопје на два дела - стар и нов дел. Зоолошката градина ќе треба да се дислоцира, а од двете страни на една ваква сообраќајница, тоа значи во самиот Градски парк, веднаш ќе почнат да никнуваат нови објекти. На тој начин, ќе се уништи и поголем дел од овој парк.


Да се дообјаснам малку Smile Никако не сум за делење на паркот за низ него да поминува улица. Туку како што напишав претходно исклучиво ова да би се реализирало како тунел под земја кој би понирал пред зоолошката градина. Идејата со бриселските канали е повеќе да се заштити максимално паркот за моментите кога улицата би требало да излегува кон мост кај Вардар. Тој мост би бил лоциран отприлика на 150-200 метри западно од сегашниот пешачки мост што е таму.



Големата слика позади ова поврзување е што со него гледам можност за додавање на уште еден прстен во градот. А ова е веројатно главната алка за тоа да се случи. Па покрај планираните 4 (Обиколница, Секундарен Булеварски, Голем Ринг, Мал Ринг), да добиеме уште еден. Но за тие замисли ќе пишувам подоцна.


Edited by Blagh - 12-Apr-2018 at 20:16
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2131 Posted: 12-Apr-2018 at 22:50
Интересна идеја... мада Рузвелтова као маалска собирна улица (или кој и да е терминот) мислам дека би колабирала при ваква ситуација.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 783
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #2132 Posted: 13-Apr-2018 at 06:18
Добар аргумент, но мислам дека не е до толку трагично бидејќи сепак рузвелтова е полн 2+2 профил и ако комплетно се забрани сопирање и паркирање ќе биде многу попроточна и ќе може да го прими сообраќајот. Сепак имај на ум дека само дел од сообраќајот од север према карпош и центар ќе се пренасочи а не цел. Е сега колку навистина се исплати потфатот за дадениот обем на сообраќај е дискутабилно. Во основа за сегажните потреби ова би било алтернативе на мостот со тунел од бул ‘Климент Охридски‘.
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #2133 Posted: 13-Apr-2018 at 13:33
Previous Да, да секако дека приоритет прво на тунелите под Кале и мостот за заокружување на Голем Ринг. Тие си се впишани во ГУП-от и од нив нема мрдање ниту алтернатива.

Кога сме веќе кај тунелите под Кале ова е денешна вест:

Шилегов вели дека наредниот месец ќе се распише тендер за изработка на проект за двата тунели, во кој ќе биде опфатено и испитувањето на земјиштето за пробивање на новата сообраќајница.

„Очекувам дека наредната година ова време ќе го избереме изведувачот на градежните работи и ќе започнеме со реализација на проектот кој предвидува двата тунели да бидат во должина од 250 метри. Нивната изградба нема да ги наруши археолошките ископини бидејќи копањето за  тунелите ќе биде многу подолу“, вели Шилегов.

Извор: https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-kal-virovi-baroknata-vlada-novata-filharmonija/


Многу битно! Thumbs%20UpThumbs%20Up Само и делот на средување на Пластичарска кај што треба да избијат тунеливе да оди паралелно инаку ништо не правиме.




Edited by Blagh - 13-Apr-2018 at 13:50
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1359
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2134 Posted: 13-Apr-2018 at 15:34
Добра идеја. Бидејќи во моментов не е приоритет, мислам дека би требало да почекаме 3-4 децении за оваа сообраќајница. А изградбата на оваа врска би потегнала и поврзување на Џон Кенеди со Беласица (планирано и со ГУП-от).

Интересно што овој булевар би ги поврзувал Рузвелт и Кенеди. По хронолошка линија, пола може да се вика Труман, пола Ајзенхауер. А може и Линколн или Вашингтон.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2135 Posted: 13-Apr-2018 at 17:59
Originally posted by daci92

Добро имаат ли абер на Партизанска и на Цветан Димов да стават завршен слој на асфалт ?



На Цветан Димов е ставен завршен слој асфалт, сега шахтите се израмнети со коловозот, нема веќе да ги кршиме колите. Хоризонтална сигнализација уште нема. Здравје, догодина.
За сè има вторпат
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 783
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #2136 Posted: 16-Apr-2018 at 03:06
Originally posted by Staro Skopje



Интересно што овој булевар би ги поврзувал Рузвелт и Кенеди.



И тоа е булевар што поминува непосредно до америчка амбасада......одлична причина да почнат теориите на заговор за масонските здруженија

Edited by mirakuliks - 16-Apr-2018 at 03:06
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #2137 Posted: 16-Apr-2018 at 09:09
Originally posted by mirakuliks

Originally posted by Staro Skopje



Интересно што овој булевар би ги поврзувал Рузвелт и Кенеди.



И тоа е булевар што поминува непосредно до америчка амбасада......одлична причина да почнат теориите на заговор за масонските здруженија


Барем за финансирњето на проектот лесно ќе биде. Еден грант од нив и готово Big%20smileBig%20smile
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1291
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2138 Posted: 13-May-2018 at 16:43
Булевар низ Керамидница ќе никне за да отвори пат за градење згради



Некои од жителите на ова маало велат дека откако слушнале за најавите за изградба на мост и булевар низ нивната населба, никој не дошол подетално да ги информира. ВЕЧЕР побара одговори од Град Скопје, како носител на овој голем проект и оттаму не информираа дека во тек се процедурите за изработка на инфраструктурен план, а деновиве ќе почне постапката за изработка на изведбен план кој ќе пропише три фази на реализација на проектот
Информациите за инфраструктурни зафати во еден дел на населбата Керамидница што пред два месеци ги најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги возбуди духовите во ова поранешно скопско маало кое е густо населено, каде има и голем број нови и модерни градби, но се уште има и многу чисто маалски елементи, стари објекти, трошни куќи и маалски живот. Некои од жителите на ова маало велат дека откако слушнале за најавите за изградба на мост што ќе ги поврзе со населбата Аеродром, како и на булевар кој ќе минува низ централниот дел на Кераминица, како и тоа дека ќе се градат згради од по 11 ката, училишта, дека тука ќе минува голем сообраќај, а ќе има и автобуски линии, практично од почетокот на годинава секој разговор им почнува и завршува со оваа тема. Засега отсуствуваат прецизни информации што и како ќе се гради, каде ќе минува трасата на булеварот, каде би се граделе некои од најавените објекти, наводно згради зад фабриките Санос и Комуна. Освен некои екипи од Град Скопје кои пред извесно време правеа увид низ населбата, никој друг не не посетил, да поразговара со нас, да одржи собир со граѓаните во месната заедница и подетално да не информира – ни рече еден жител на Керамидница.
ВЕЧЕР побара одговори од Град Скопје, како носител на овој голем инфраструктурен проект и оттаму не информираа дека во тек се процедурите за изработка на инфраструктурен план, а деновиве ќе почне постапката за изработка на изведбен план кој ќе пропише три фази на реализација на проектот. Меѓутоа, од Град Скопје не прецизираа што ќе биде опфатено во секоја од трите фази. Тоа ги зголемува стравувањата од евентуални нарушувања на не многу комотниот живот во населбата која има купишта урбанистички и комунални проблеми. Многумина од тукашните жители не ги завршиле постапките околу приватизацијата на земјата од своите дворови и легализацијата на куќите во кои живеат и на помошните објекти што ги користат, а кои им беа наметнати согласно новите законски прописи по 2010 година.
Стравувањата се зголемуваат, вели нашиот соговорник, со евидентното присуство на разни емисари, па и мешетари од бизнис и партиски провиниенции кои веќе имале средби со одредени жители чии имоти, пак, се на самата траса на булеварот.
Се слуша дека во зависност од нивните најави за изградба на вакви или онакви објекти, станбени згради и слично, трасата на булеварот што треба да се пробие се менува постојано, секако засега само во маалските муабети – ни изјави тој.
Меѓу прашањата што ги мачат жителите на Керамидница се и за тоа колкави ќе бидат цените на квадратен метар земја и на станбен квадрат за обесштетување на жителите за земјиштето од над 120 куќи и дворови, а што ќе им биде одземено само за потребите на новиот булевар.
Малку смирувачки делуваат некои информации што засега неофицијално доаѓаат од разно разни информатори дека до крајот на оваа и во наредната деценија токму Керамидница ќе биде едно од централните подрачја во градот каде ќе се врши интензивна изградба – вели овој жител на Керамидница.
А, колку таа, меѓу другото ќе биде сообразена и со потребите на жителите на оваа населба, кои, велат, веќе се присутни тука и со петтата генерација, по оние нивни предци што се населиле овде најчесто во 50-те и 60-те години на минатиот век, е прашањето на кое засега никој од одговорните се уште не дава конкретен одговор, што инаку го очекуваат од најповиканите за тоа во Градот Скопје и секако во Општина Гази Баба.
Од Град Скопје за ВЕЧЕР информираат дека интензивно се работи на овој проект. Комуникацијата меѓу стручните служби на Градот и општините поврзани во овој проект е секојдневна, а координативно тело на градоначалниците се оддржа на трети овој месец.

– Обемот на експропријацијата на имоти на трасите ќе биде конечно уточнета со правењето на финалните плански решенија. Град Скопје ќе работи и на овој проблем паралелно со изработката на проектната документација и нема да се случи, како што имаме примери од претходно, да се остават нерешени имотно-правни проблеми пред почетокот на изградбата на овој инфраструктурен мегапроект – одговорија од Град Скопје.

(С.Блажевска)
Од Ново Лисиче до Саем со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути
Кон крајот на март годинава градоначалникот Шилегов на прес-конференција го најави новиот инфраструктурен проект за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар. Новиот мост ќе го поврзува булевар АСНОМ кај хотелот Русија, преку Вардар, и ќе минува низ населбата Ќерамидница се до раскрсницата кај скопското сајмиште.
Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2.170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз. Пробивањето на овој сообраќаен коридор ќе даде исклучителна развојна компонента на градот и истиот ќе овозможи да патуваме побрзо и побезбедно. Од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ Бисер со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути. Времето на движење за велосипедистите и пешаците, исто така, ќе биде драстично намалено – велат од Град Скопје.
Проектот е предвиден во ГУП од 1965-та година, а досега за него никој во Градот ја немаше изготвено основната планска документација. Градбата на овој коридор со мост се ќе чини 16 милиони евра од кои 8 милиони за градежни работи а 8 милиони за експропријација и се очекува да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните работи.

https://vecer.press/булевар-низ-керамидница-ќе-никне-за-да/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1612
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2139 Posted: 18-May-2018 at 17:12
Многу глуп и пристрасен наслов.
Не!
Булеварот ќе се гради за да се растерети градот и речиси милион жители од хаос. Можеле и така да почнат. Да сакале.

Edited by alexsend - 18-May-2018 at 17:12
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #2140 Posted: 19-May-2018 at 10:50
Originally posted by alexsend

Многу глуп и пристрасен наслов.
Не!
Булеварот ќе се гради за да се растерети градот и речиси милион жители од хаос. Можеле и така да почнат. Да сакале.


Можеле, но ако погледнеш колку сообраќај опслужуваат полубулевари и тесни улици како што се Беласица, Водњанска, Васил Ѓоргов, Димо Хаџи Димов, Антон Попов, Перо Наков и Александар Македонски кој на влезот и излезот кај Автокоманда се стеснува на само две ленти, зошто мислиш дека поголемо внимание ќе посветат да изградат широк и проточен булевар, а не на ќумезарници какви што се градат во Маџир Маало?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 105106107108109>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.