build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 107108109
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11907
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2161 Posted: 06-Oct-2018 at 16:34
Originally posted by stef4o

Реконструкција на ул.Ацо Шопов во Карпош(фотките се од фб профилот на Град Скопје).







Од кружниот тек кај Порта Влае до мостот на Лепенец во Карпош е реконструирана целата улица.



Edited by Џоле - 06-Oct-2018 at 16:34
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2162 Posted: 20-Oct-2018 at 16:51
Асфалтирање на ул.Антон Попов(бивша Огњан Прица) во Кисела Вода(од фб).Се надевам дека нивелацијата на 37-те шахти е успешна.





Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 713
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2163 Posted: 21-Oct-2018 at 19:29

Уште на слика се гледа дека не е успешната мисијата „поставување шахта под прав агол“
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 119
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2164 Posted: 21-Oct-2018 at 22:37
Добро бе, до толку ли се неспособни...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2165 Posted: 22-Oct-2018 at 13:04
Еве уште неколку,(од фб профилот на Град Скопје)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2166 Posted: 24-Oct-2018 at 16:38
Сообраќајна блокда во Бутел, ќе се прави атмосферска канализација кај кружниот тек

Општина Бутел и Град Скопје од денеска ќе почнат со изградба на атмосферска канализација на улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од кружниот тек до улицата „Бутелска“.
Работите ќе се одвиваат во две фази. Како што информираат од Општина Бутел првата фаза ќе ја опфати делницата од кружниот тек до семафорите а работите ќе траат еден месец.

Ќе биде променет режимот на сообраќај. Во наредните 30 денови тој ќе се одвива по улицата „Хо Ши Мин“ преку улицата „Цетинска“ или пак преку новата делница на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Натанаил Кучевишки“.

За граѓаните што гравитираат кон Градските гробишта и Општината Чучер Сандево, сообраќајот ќе се одвива преку улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек и обратно, информираат од Бутел.

Пред два месеци, по пет месеци блокада, беше пуштен во употреба новоизградениот дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел за да се намали огромниот метеж што се создава на кружниот тек во оваа населба. На жителите од овој дел на Скопје им требаа и по 40 минути да го минат само кружниот тек оти тој е единствената врска на градот со Бутел 1, Радишани и околните места.

https://skopjeinfo.mk/soobrakjajna-blokda-vo-butel-kje-se-pravi-atmosferska-kanalizacija-kaj-kruzhniot-tek
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2167 Posted: 27-Oct-2018 at 16:22
Ул.Московска во Карпош(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2168 Posted: 31-Oct-2018 at 08:01
Подготовки за асфалтирање на ул.Ѓуро Ѓоновиќ во Маџир Маало(од фб)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2169 Posted: 31-Oct-2018 at 19:30
Originally posted by stef4o

Еве уште неколку,(од фб профилот на Град Скопје)








Пак раскопале,ги пратиле на поправен да ги средат шахтите(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2170 Posted: 03-Nov-2018 at 16:22
Платоа за смирување на сообраќајот на ул.Козле(од фб профилот на градот)



Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1860
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2171 Posted: 26-Dec-2018 at 15:22
Уште една нова од сагата Трамвај во Скопје

ШИЛЕГОВ ЌЕ ГРАДИ ТРАМВАЈ ВО СКОПЈЕ, ПРВАТА ТРАСА ОД НОВО ЛИСИЧЕ ДО ЃОРЧЕ ЌЕ ЧИНИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА

 2.876
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ)

„Претставници од Загрепски енергетски трамвај изготвија целосна сообраќајна студија со техничко решение за изградба на трамвајот што како документ претставува доволен квалитет за да може да почнеме со изведбата“, вели Шилегов. (Фото: СДК.МК)

Во Скопје ќе се гради трамвај, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот Петре Шилегов.

Во соработка со збратимениот град Загреб од јануари годинава се работело на техничко решение за изградба на првата фаза на трамвајот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Решението е изготвено и како што вели Шилегов догодина очекува да стартува реализацијата на овој капитален проект за Скопје, кој ќе го помогне и Владата.

„Уште при мојата посета на Загреб, во јануари, со градоначалникот Милан Бандиќ разговаравме околу можноста во Скопје да се изгради трамвај. Изминатиов период ги собрав искуствата од Загреб, Виена и Париз, со цел да ги видиме можности за воведување на шински јавен транспорт во Скопје, имајќи предвид дека станува збор за сериозно комплексна работа. Во Град Скопје постои студија која што дава определени показатели од времето кога градоначалник беше Трифун Костовски, но не претставува основ на кој може да вршите изведба. Затоа имајќи ги предвид добрите односи со Загреб, нивните технички и сообраќајни служби заедно со претставници од Загрепски електричен трамвај (ЗЕТ) неколку пати го посетија Скопје, извршија проверка на постојната студија и на трасата каде би се движел трамвајот. Станува збор за првата фаза од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, со изградба на депо. Врз основа на тие податоци изготвена е целосна сообраќајна студија со техничко решение за изградба на трамвајот што како документ претставува доволен квалитет за да може да почнеме со изведбата“, вели Шилегов.

Според првичните проценки изградбата би чинела од 130 до 150 милиони евра. Парите ќе се бараат од европски фондови или од буџетот на Владата. Шилегов вели дека од 130 до 150 милиони евра за изградба на шините, депото и набавка на возила, не е прескапо особено ако се има предвид дека за набавката на двокатните кинески автобуси биле потрошени 80 милиони евра и повторно имаме проблем со јавниот транспорт во Скопје.

„Заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски ги разгледувавме финансиските можности. Во фаза сме да се обратиме до нашите европски партнери да го помогнат развој на Скопје или Владата да одлучи да изврши финансирање. За мене е многу битно дека Градот конечно ги создаде условите да започне со реализација на овој проект, очекувам дека поддршката од Владата како што најави и премиерот Заев ќе биде сестрана и дека во текот на наредната година ќе почнеме со реализација на овој проект. Трамвајот во еден град го менува самиот град, го менува ликот на градот, навиките на граѓаните. Моите очекувања се дека со реализација на овој проект многу брзо јавниот транспорт во Скопје ќе стане финансиски исплатив имајќи предвид дека сега Град Скопје издвојува 9 милиони евра од буџетот за помагање на јавниот транспорт. Ова е едно трајно решение и повеќедецениска желба на скопјани“, вели Шилегов.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shilegov-ke-gradi-tramvaj-vo-skopje-prvata-faza-od-novo-lisiche-do-gorche-ke-chini-150-milioni-evra/?fbclid=IwAR1gzcIpQO0GYdLhGFays-DClR-VzpYzrcv-LSfgDm4tnw_tXEoJSLBWkCA




Edited by daci92 - 26-Dec-2018 at 15:24
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2172 Posted: 26-Dec-2018 at 20:29
Со 150 милиони евра може да го среди сообраќајниот хаос во градот еднаш засекогаш!
А не со по некои смешни проекти за инфраструктура од по 5-10 мил годишно да ни требаат 20 години за поздрава околина.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2173 Posted: 27-Dec-2018 at 23:07
150 милиони можат многу подобро да се искористат. Трамвај уште повеќе би го успорил сообраќајот во Скопје. Нека ги потрошат на приградска железница (ветен проект не исполнуваат, а неветен исполнуваат*?) и 300 автобуси на гас.

_______________________________________________________________

Во веста „„Карпош АД“ ќе го надградува булеварот „Босна и Херцеговина“ (25.9.2018) има грешка: пишува дека првата фаза ќе биде од бул. „Словенија“ до бул. „Хрватска“ (што е, всушност, целата траса на бул. „Босна и Херцеговина“) во должина од 1.366 метри, додека таа должина е од бул. Хрватска до бул. Лазар Трповски:
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2174 Posted: 04-Mar-2019 at 22:03
Znae li nekoj dali e predvideno rekonstrukcija na bul.Aleksandar Makedonski koj e vo ocajna sostojba poln e so krpenici,na nisto ne lici. Pred izvesno vreme slusnav najava za rekonstrukcija na bul.Koco Racin i nekoi drugi ulici no za ovoj nisto. Sepak se raboti za bulevar koj e voedno vlez i izlez od gradot a so godini stoi vo takva sostojba.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1665
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2175 Posted: 11-Mar-2019 at 19:57
Реконструкција на ул.Брадфордска во Карпош





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 107108109

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.390 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.