build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 118119120121122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12616
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2381 Posted: 23-Jan-2020 at 09:54
Originally posted by stef4o

СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК ВО ЧАИР, МЕЃУ УЛИЦИТЕ ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА И КЕМАЛ СЕЈФУЛА



https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Оваа вест не е точна, ништо не се гради во моментов таму, а знам зашто живеам на 200 метри од раскрсницата.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2382 Posted: 23-Jan-2020 at 10:14
Вчера имаше едно комбе и еден багер но ништо поконкретно,можеби вчера беше само најверојатно ќе почнат во текот на месецов.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12616
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2383 Posted: 23-Jan-2020 at 11:28
Секој ден поминувам по двапати тука, еднаш кога одам на работа и вторпат кога се враќам. Утрово немаше ни багер ни комбе. И не е толку битно, битна е изјавата „се гради“. Не, не се гради. Нема никакви градежни активности. Така што веста не е точна. И ми личи на предизборен маркетинг.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2384 Posted: 24-Jan-2020 at 08:17

Очигледно изведувач е Жикол,а некаде е поставена и инфо табла за градежните работи но истите сеуште не се започнати ќе видиме кога и дали ќе започнат...





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2385 Posted: 26-Jan-2020 at 10:52
Активности на бул.Босна и Херцеговина(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2386 Posted: 31-Jan-2020 at 14:42
Предолго траат уличните реконструкции




Градежните работи на булеварот Босна и Херцеговина не се завршени ниту до половина, иако почнаа во септември 2018 година. Рокот на изведба на новопроектираниот булевар беше 18 месеци, а на сообраќајницата сѐ уште се работи на поставување инсталации. Улицата што треба да стане булевар е раскопана од двете страни, а тамошните жители веќе втора година газат по земја и калишта. По вадењето на павер-коцките цели речни корита најпрвин се ископаа пред двата локални маркети, со што на граѓаните им беше оневозможено паркирањето. Откако каналите се потрупаа со земја, павер-елементите од паркингот останаа наредени во повеќе купишта. Сега истиот тој простор повторно е ископан, па во еден дел наместо по тротоар граѓаните мораат да се движат по коловозот и да се изложуваат на опасност.

Граѓаните стануваат нервозни од долгите реконструкции на улиците, а особено реагираат на раскопувањата што се вршат неколкукратно, дури и откако работите се сметаат за завршени. Раскопувањето на улиците по неколкупати за поставување различни инсталации е еден од забележливите проблеми со кои се соочуваат скопјани. Не толку одамна, на 30 декември 2019 година, пишувавме за ова, дека раскопани улици и тротоари, нечистотија, прашина или кал се чeста скопска слика. Градските власти тогаш кажаа дека кога ќе се изгради една сообраќајница две години потоа никој не ќе смее да ја раскопува, освен ако не станува збор за дефект на мрежата.
Булеварот Босна и Херцеговина е фреквентен булевар и ги поврзува општините Бутел и Шуто Оризари, а преку улицата Словенечка и општината Карпош. Раскопаната улица многумина од пешаците ја избегнуваат. Некои од граѓаните што ги користат автобуските линии со броевите 35 и 9, наместо на последна станица слегуваат на претпоследната, за да го избегнат калливиот терен. Булеварот Босна и Херцеговина ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри, ќе има по три коловозни ленти во двата правца, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.

Нов градежен фронт сега се отвори и со изградбата на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Ќемал Сејфула во општината Чаир, кај семафорите пред поликлиниката. Ќе се поставуваат и водоводна и канализациска мрежа, 40 нови канделабри со висина од седум метри за да се осветли овој потег. Се очекува градежните работи на новиот кружен тек да завршат за два месеца, ако временските услови дозволат реализацијата да оди според планираното. Тамошни жители велат дека е убаво што се гради, бидејќи овој дел од градот навистина беше инфраструктурно запуштен, но треба да се гради навремено и квалитетно, да не се влечкаат работите. Сега тамошните жители ќе бидат вклештени во сите овие градежни активности од две страни. Во слична ситуација се и жителите од општината Аеродром, каде што веќе четири месеци е раскопан булеварот АСНОМ, па сиот сообраќаен метеж, и автомобилски и автобуски, сега е преселен на булеварот Јане Сандански.
– Четири месеци е раскопано и газиме во кал и прашина. Не се поминува од раскопаната земја, а целиот метеж сега се прави на булеварот Јане Сандански. И автобусите од јавниот градски превоз во еден дел имаат изменети траси, а целата таа навалица на терен секој ден ни ги комплицира како пешачењето така и сообраќањето со автомобили – се пожали жителка на општината Аеродром.

Од градот Скопје велат дека градежните активности за проширување на булеварот Босна и Херцеговина се во тек и, според предвидената динамика, треба да завршат во текот на оваа година. Објаснуваат дека раскопувањето по должината на булеварот е во рамките за поставување соодветни инсталации и дека тие се дел од изградбата на булеварот, но не кажаа за какви инсталации станува збор. За зафатите на булеварот АСНОМ велат дека се при крај, но не прецизираат кога ќе финишираат.

– Во однос на изградбата на првата фаза од булеварот АСНОМ, на потег од крстосницата со булеварот Србија до улицата Васко Карангелески, кај хотелот „Русија“, истата таа е во завршна фаза и треба да биде готова во наредниот период. Паралелно, во моментов трае и рокот за пријавување на јавната набавка за втората фаза, која предвидува продолжување на булеварот до кејот на Вардар, како и изградба на мостот преку реката. Во однос на динамиката, сите овие проекти се реализираат во континуитет, каде што истовремено се работи на повеќе различни аспекти предвидени со проектот, но одреден вид работи се поврзани и со соодветни климатски услови – велат од градот Скопје.

Инаку, булеварот Босна и Херцеговина ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри. Новиот булевар ќе има по три коловозни ленти во двата правци, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/предолго-траат-уличните-реконструкц/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 815
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2387 Posted: 11-Feb-2020 at 19:03
Извадок од вест во Вечер:

За 20 дена почнува изградбата на мостот на булеварот „АСНОМ“, во мај ќе се гради уште еден мост во Карпош 4 кај „Сити мол“. Ќе градиме и висечки мост кај Лепенец, висок 350 метри кој преку Скупи и булевар „Словенија“ ќе го поврзе Волково со остатокот од Градот. Се прави третиот дел од Градски парк во Карпош, следува голема реформа во јавното претпријатие „Комунална хигиена“, покрај онаа што досега се направи – наброја Шилегов.

Избори

Edited by ehrlich - 11-Feb-2020 at 19:03
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2388 Posted: 11-Feb-2020 at 21:45
Za počnuvanje ne e problem,prašanje e kolku vreme ke trae procesot,povtorno ke ima blokiranje na velo i pešačkite pateki pored kejot. Tri godini nemožat da go sredat delot okolu panoramskoto,ova kojznae kolku ke se vleče...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 593
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #2389 Posted: 11-Feb-2020 at 22:05
Originally posted by ehrlich

Извадок од вест во Вечер:

За 20 дена почнува изградбата на мостот на булеварот „АСНОМ“, во мај ќе се гради уште еден мост во Карпош 4 кај „Сити мол“. Ќе градиме и висечки мост кај Лепенец, висок 350 метри кој преку Скупи и булевар „Словенија“ ќе го поврзе Волково со остатокот од Градот. Се прави третиот дел од Градски парк во Карпош, следува голема реформа во јавното претпријатие „Комунална хигиена“, покрај онаа што досега се направи – наброја Шилегов.

Избори


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1579
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2390 Posted: 11-Feb-2020 at 23:23
В И С О К 350 метри?
EDIT: Мостовите кај Саем и Сити Мол се потребни, добри и планирани. А каде е чудовиштево од 350 метри? Освен овие две варијанти, од кои ниедна претходно не сум ја видел во политичка програма или говор, ниту пак во некој сериозен план на властите, не ми текнува друга сообраќајница која би одговарала на описот, ниту пак гледам потреба од таква висина, небаре Босфор ќе го премостуваат. Или е грешка на новинарот или се збркал градскиот татко.


Edited by Staro Skopje - 11-Feb-2020 at 23:33
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Online
Posts: 114
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2391 Posted: 12-Feb-2020 at 00:36

Очигледно сакал да каже долг 350 метри, ама му легнала денес. Се работи за продолжението на „Илинденска“. Мостот мора да биде висечки затоа што преминува преку заштитено подрачје, и отприлика би бил со таа должина. Колку за претстава, мост со таа должина би изгледал вака:


Проблемот е што ова се бесрамни предизборни лажги. За овој мост само еднаш се има спомнато од кога е Шилегов градоначалник и толку. А мостот во продолжение на „Љубљанска“ ако требаше да го почнат во мај досега од уста немаше да го извадат, за оној во Аеродром секој месец има нови известувања.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1579
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2392 Posted: 12-Feb-2020 at 01:02
Нели се откажаа од продолжување на Илинденска поради бунарите? Згора на тоа Илинденска не продолжува по/кај Скупи (ант. град или улицата?) и Словенија, ниту пак оди преку Лепенец.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Online
Posts: 114
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2393 Posted: 12-Feb-2020 at 01:21
Многу откажани проекти ќе се спомнат овие два-три месеца. Инаку „Илинденска“ треба да продолжува покрај Лепенец, сѐ до обиколницата, додека „Љубљанска“ треба да излезе на Скупи (античкиот град) и да се надоврзи на постоечката улица кон Бардовци и планираниот бул. „Словенија“. Шилегов веројатно мисли на улица „Скупи“, која на десната страна на Лепенец, заедно со бул. „Словенија“ би биле главни сообраќајници со кои треба да се вкрсти продолжението на „Илинденска“.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2394 Posted: 12-Feb-2020 at 07:47
Исто така се најавува пробивање на Есенинова,за поврзување на Аеродром со Кисела Вода,но ме интересира која е трасата...каде ќе излегува таа улица во Аеродром на 3-та Македонска бригада??....дали ул.Борис Кидрич која треба да се гради во Мичурин има некаква поврзаност со проектов?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2395 Posted: 12-Feb-2020 at 08:13
Есенинова треба да се поврзува кај ул. Никола Карев.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1579
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2396 Posted: 12-Feb-2020 at 16:59
Трасата на Есенинова во ГУП-от
Дали Градот размислува за пробивање улица или булевар?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2397 Posted: 12-Feb-2020 at 17:19

Најверојатно улица,нема баш многу најави за овој проект прашање е дали навистина ќе се реализира...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Online
Posts: 114
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2398 Posted: 12-Feb-2020 at 17:36
Според ДУП треба да биде улица со 4 ленти. Не би требало да биде проблем да се реализира во овој профил од „Никола Карев“ до „Жил Верн“, каде ќе се почне со работа од нула, но не верувам дека ќе се проширува сегашната улица додека не се изградат сите маркички во тој четврт и не се ослободи простор, што би значело дека дотогаш пробивањето на улицава би имало половичен ефект.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3814
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2399 Posted: 13-Feb-2020 at 16:06
СЕ РЕКОНСТРУИРА ВТОРАТА ФАЗА ОД УЛИЦАТА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа втората фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. Обновата на вториот дел од оваа фреквентна сообраќајница е предвидено да заврши во рок од 50 дена.
Како што ветивме минатата есен кога ја почнавме реконструкцијата на првата фаза од улицата Индира Ганди, оваа пролет ја почнуваме реконструкцијата на втората фаза од оваа улица, и тоа во должина од 800 метри, од улицата Бутелски венец до улицата Нов живот. Ќе биде заменет стариот асфалт кој е целосно уништен, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе бидат реконструирани и тротоарите. Инвестицијата на Градот Скопје во овој проект изнесува околу 13,5 милиони денари со ДДВ - рече градоначалникот Шилегов, на почетокот на градежните работи на улицата Индира Ганди.

Тој нагласи дека во текот на реконструкцијата на оваа делница, во овој дел од градот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

- Ги замолувам граѓаните за разбирање и за почитување на тој привремен сообраќаен режим, се со цел што е можно побрзо да ја завршиме реконструкцијата на оваа улица која повеќе од 30 години не е реконструирана. Градот Скопје вложува во сите делови од градот зашто за нас сите граѓани се исти и имаат исти потреби од добра инфраструктура. На почетокот на оваа пролет, кога ќе почне сезоната за садење, овде ќе подигнеме и нов парк - прв парк што ќе го уреди Градот Скопје во Шуто Оризари за потребите на граѓаните – најави Шилегов.





https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12616
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2400 Posted: 13-Feb-2020 at 18:13
Originally posted by stef4o

СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК ВО ЧАИР, МЕЃУ УЛИЦИТЕ ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА И КЕМАЛ СЕЈФУЛА

https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Само да кажам дека тука почнаа да копаат, едната лента е затворена, има големи гужви.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 118119120121122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.