Скопски сообраќај (општо) |
Post Reply | Page <1 126127128129130 157> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2541 Posted: 03-Sep-2020 at 10:19 |
Кој е виновен за гужвата во скопскиот сообраќај?
Колку повеќе се зголемува бројот на возилата во Скопје, толку потешко станува движењето низ градот со автомобил. За да бидат работите уште понеподносливи, огромен дел од возачите и самите ги отежнуваат околностите во кои се одвива сообраќајот, непочитувајќи ги сообраќајните правила, на коишто инаку се согласиле во моментот кога ја земале својата возачка дозвола. Јавен превоз Возилата од јавниот превоз (како и возилата на прва помош, возилата на полиција, возилата на противпожарната служба) спаѓаат во посебна категорија на привилегирани возила, на коишто би требало да им се даде предност во движењето. Но, тоа во Скопје не се случува. Ретко кој ги „рецка“ автобусите на ЈСП, како и оние приватните. Ретко кој запира, за да им овозможи да се приклучат во сообраќајот, после нивното застанување. Кога би биле малку повнимателни кон овие возила, многу би го подобриле текот на сообраќајот и би ги скратиле паузите, со кои тој се одвива. Несовесно управување со возилото без користење на трепкачи Трепкачите служат за, на останатите учесници од сообраќајот, да им навестите во која насока планирате да продолжите да се движите, за тие пак соодветно да го прилагодат нивното движење. Кога се движите во пресрет на споредна уличка, кон која планирате да завртите, „дајте жмигавец“, за другите да знаат што имате намера да направите следно. Вашето движење е јавно и нема зошто да не најавите дека планирате да се исклучите од главна улица и да продолжите да се движите по споредна. Плус, со давањето „жмигавец“, помагате околното движење да се адаптира на вас со време, а не во последниот момент. Давањето „жмигавец“ сфатете го како кажување „благодарам“, „здраво“, „чао“… толку е неопходно! Давајте „жмигавец“ кога претекнувате, кога преминувате од една сообраќајна лента во друга, кога застанувате… давајте „жмигавец“ секој пат кога, тоа го налагаат сообраќајните правила. Пешаци, насекаде! Пешаците би требало да ги преминуваат сообраќајниците на специјално означени зони, а не каде што ќе им текне. Зоните се измислени за да се зголеми безбедноста при движењето на пешаците на фреквентните места. Возачите знаат дека треба да внимаваат кога ќе се доближат до означените зони за пешаци, а пешаците знаат дека слободно можат да ја преминат сообраќајницата на тие зони. Нема „ми се брза“, нема „немам време“, нема „ме мрзи“! Ако сакате да видите како изгледа кога ова правило не се почитува, застанете 5 минути на Бит пазар и сè ќе ви стане јасно. Луѓе, како спобудалени трчаат на сите страни. Прескокнуваат тревници, разговараат на сред сообраќајница, се спремаат да скокнат од страничните садници, маневрираат со велосипеди… лудило! Непочитување на сообраќајните знаци и правила Ова е само надоврзување на проблемот со трепкачите. Ако сакаш да учествуваш во сообраќај, мора да ги знаеш правилата на игра. Ја прилагодуваш брзината на соодветните сообраќајни знаци за ограничување на брзината на движење. Не запираш на места на коишто е забрането запирањето. Не паркираш на места на коишто е забрането паркирањето. Не вртиш полукружно на двојна полна линија, зашто тоа би му дошло исто како да вртиш полукружно низ ѕид. Не „претицаш“ каде што „претицањето“ не е дозволено. Не возиш лудачки, по сообраќајница на која често има пешачки зони. Општа нетрпеливост и нервоза Ова веројатно се должи на сè што наведов претходно. Знам дека најчесто е полесно да опцуеш некој на сообраќајница, отколку да му се спротивставиш на шефот, ама дајте луѓе олабавете се! Никој не ви е крив што сте се успале утрово, па ви се брза, ви се ита! Никој не е виновен што не смета дека треба да тргне за време на жолтото светло на семафорот, зашто, ако не сте знаеле, се тргнува на зелено… Никој не сака да ги „крка“ вашите „бедови“. https://skopjeinfo.mk/koj-e-vinoven-za-guzhvata-vo-skopskiot-soobrakjaj |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2542 Posted: 03-Sep-2020 at 11:39 |
Наскоро реконструкција на булеварот „8 Септември
По спроведената тендерска постапка, Градот склучи договор со фабриката „Карпош“ за реконструкција на булеварот „8 Септември“. Ќе се работи на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден“, со крстосницата со улицата „Скупи“, во должина од 800 метри. – На овој дел од булеварот ќе се врши целосна реконструкција со нов асфалт, реконструкција на тротоарите каде има оштетување, нивелирање на шахти и сливници – одговорија од Градот Градежните работи ќе започнат наскоро и треба да завршатво рок од 40 календарски денови, а реконструкцијата ќе чини над 43 милиони денари. https://www.vecer.press/наскоро-реконструкција-на-булеваро/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2543 Posted: 04-Sep-2020 at 12:57 |
ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА И ВТОРАТА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ
Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Лазар Личеноски, на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници. Откако минатата година ја завршивме првата фаза од обновата на оваа улица, од булеварот Гоце Делчев до СРЦ „Кале“, со завршувањето на оваа фаза од реконструкцијата може да кажеме дека целосно е обновена една од двете улици кои околу скопското Кале ги поврзуваат булеварите Гоце Делчев и Никола Карев како едни од најфреквентните во градот. Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици е во полн ек. Само за две недели почнавме реконструкција на 6 постојни и изградба на една нова улица, во неколку општини на територијата на Скопје. Затоа, однапред замолувам за разбирање за сообраќајниот метеж кој се создава како последица на неколкуте активни привремени режими на сообраќај што се воведени заради градежните активности – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. За реализација на проектот за обнова на улицата Лазар Личеноски – втора фаза ќе се одвојат околу 17,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 45 дена. Шилегов додаде дека реконструкциите на градските сообраќајници ќе бидат завршени во рекордно кратки рокови. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #2544 Posted: 04-Sep-2020 at 19:33 |
Покрај постоечкиве, тендерите се завршени и за следниве две улици: (врска тука)
1. Александар Македонски, го поделиле нормално на фази (прва фаза на Вато, втора и трета фаза на Бетон и Гранит се доделени) 2. 8 Септември, делница ул. Скупи-бул. Илинден 3. Македонско-косовска Бригада, делница ул. Втора Македонска Бригада-бул. Никола Карев |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2019 |
Quote Reply #2545 Posted: 05-Sep-2020 at 00:52 |
Каде се кружниот тек кај Хубо? и Клучката МоминПоток? Нема никаква најава за двете, а двете беа дел од програмата и се исклучително потребни за гужвите во овој дел од градот.
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2546 Posted: 05-Sep-2020 at 01:27 |
И ул. Никола Карев (Аеродром) ја има, како и тендер за идејно решение за бул. Александар Македонски од клучка Бит Пазар до ул. 16 Македонска бригада. За ул. Македонско-Косовска бригада нели најавија проширување од бул. Босна и Херцеговина до ул. Џон Кенеди? Тендерот инаку вели.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Semir
Newbie Joined: 16-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
Quote Reply #2547 Posted: 05-Sep-2020 at 11:25 |
Да, на тендерот пишува до 2-ра Македонска Бригада. Инаку од 2-ра Мк бригада до Бул. Босна и Херцеговина има уште само помалку од 300м. А тие 300м моментално се најбитни бидејќи се најтесниот дел и има многу гужва поради Поинт Ретаил и Вива Фреш. За да ги поминеш тие 300м потребни се најмалку 5 минути..
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2548 Posted: 05-Sep-2020 at 12:55 |
Ја вметнале и Васил Ѓоргов(чинам ја немаше во априлските најави)
--------------------------------------------------------------------- Почна градежната офанзива на градските сообраќајници вредна 760 милиони денари До крајот на годината предвидено е да завршат постапките за јавни набавки и да започнат изградбите и реконструкциите на следните сообраќајници: бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бул. Никола Карев (Пластичарска), бул. Киро Глигоров, бул. 11 октомври, ул. Македонско-косовска бригада, ул. Васил Ѓоргов, ул. Благоја Стефковски, ул. Лазар Трповски, ул. Љубљанска (со мост преку Вардар до ул. Скупи, а подоцна до бул. Словенија) и други. Интензивно се работи на втората фаза од изградбата на бул. АСНОМ (мостот преку Вардар), втората фаза од изградбата на булевар Босна и Херцеговина, реконструкцијата на ул. Александар Урдаревски и на улицата Индира Ганди. https://vecer.mk |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2549 Posted: 05-Sep-2020 at 13:03 |
Вака изгледа булеварот Александар Македонски пред почетокот на реконструкцијата. Видеото нека биде за потсетување и споредба со она што денес почнуваме да го правиме на овој булевар, а резултатот ќе го видиме по два месеци.
https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/988873074961000 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2550 Posted: 05-Sep-2020 at 13:05 |
Почна реконструкција на бул. „Александар Македонски“ на источниот влез во Скопје
Град Скопје почна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба во делот на источниот влез во главниот град, откако минатата година беше реконструиран и западниот. Должината е 5,3 километри – од клучката кај Хиподром до крстосницата кај Скопски саем во Автокоманда. -Ова е еден извонреден потег, поголем од пет километри. Ги замолувам граѓаните да имаат трпение, ќе работиме деноноќно со цел источниот влез да го оспособиме што е можно побрзо и да се префрлиме на излезот од Скопје, од другата страна, за да се избегнат гужвите. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години, во добар дел булеварот е во очајна состојба, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Додаде дека во главниот град е во тек градежна офазнива, се работи на 23 улици и зимата, како што рече, ќе ја пречекаме со обновена речиси цела инфраструктура на која се работеше лани и годинава. Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски посочи дека се работи за капитален проект, очекува да заврши од 40 до 60 дена и апелираше до сите учесници во сообраќајот дека може да ги користат и алтерантивните влезови од источната страна на Скопје, како обиколницата и улицата „Благоја Стефковски“ за сообраќајниот метеж да се намали за време на реконструкцијата. -Ова е ќе биде пример како може по 40 години да се направи добра реконструкција, а не со крпење и закрпување како во изминатиот период и решение за влезот од исток еднаш да биде ставено во целосна функција, рече Георгиевски. https://opserver.mk/makedonija/opstini/pochna-rekonstrukcija-na-bul-aleksandar-makedonski-na-istochniot-vlez-vo-skopje/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2551 Posted: 05-Sep-2020 at 13:23 |
БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СЕ РЕКОНСТРУИРА - ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ
Екипите на Град Скопје денеска почнаа градежни активности за реконструкција на булеварот Александар Македонски во Гази Баба, на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат 3 од вкупно 4 фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов. - Градот Скопје почнува со голема реконструкција на булеварот Александар Македонски, односно источниот влез во нашиот град. Во текот на минатата година го завршивме западниот дел, сега ќе го средиме источниот дел, и тоа од крстосницата кај Хиподром до поранешен саем во Автокоманда. Ова е потег поголем од 5 километри, ќе работиме деноноќно и ги замолувам граѓаните да имаат трпение во однос на сообраќајните гужви бидејќи во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и ќе го пречекаме зимото со целосно обновена инфраструктура во изминативе 2 години. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат 3 различни градежни компании, а вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации. Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици се одвива со забрзана динамика. Шилегов упати апел до граѓаните да ги почитуваат воведените привремени сообраќајни режими во повеќе делови во Скопје. . На почетокот на градежните работи за реконструкцијата на булеварот Александар Македонски, присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2552 Posted: 06-Sep-2020 at 09:04 |
Нервозни возачи му свиреа на Шилегов – летото заврши, па почна реконструкцијата на најфрекфентниот булевар
https://tv21.tv/mk/nervozni-vozachi-mu-svirea-na-shilegov-letoto-zavrshi-pa-pochna-rekonstruktsijata-na-najfrekfentniot-bulevar/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2553 Posted: 06-Sep-2020 at 11:47 |
Град Скопје: Користете алтернативни рути додека се реконструира булеварот „Александар Македонски“
Град Скопје информира дека е во тек голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред сè поради големата реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба. -Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров, објаснуваат од Градот. Реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“ е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. -Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов, велат градските власти. Град Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на булеварот каде ќе се работи деноноќно. https://tv21.tv/mk/grad-skopje-koristete-alternativni-ruti-dodeka-se-rekonstruira-bulevarot-aleksandar-makedonski/ |
|
Vasilij
Senior Member Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 325 |
Quote Reply #2554 Posted: 06-Sep-2020 at 12:04 |
Вчера започна реконструкција на источниот влез во Скопје во двата правци односно булеварот Александар Македонски на потегот од Хиподром до Скопски саем во должина од околу 5,5км. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/koristete-ja-obikolnitsata-za-vlez-vo-skopje-koga-se-rekonstruira-ulitsa-normalno-e-da-ima-guzhva-velat-od-grad-skopje/?fbclid=IwAR3BuWmMLnJoZqa9w0BmMz9h5bjERf6iLxrJrkKCWT6PIiEgp86Z2GTbGPE#.X1TAEH5HaoU.facebook
|
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4077 |
Quote Reply #2555 Posted: 06-Sep-2020 at 12:58 |
Мора са се каже дека реконструкцина на особено бул. Александар Македонски и ул. Џон Кенеди се за поздравување.
Edited by my Macedonia - 06-Sep-2020 at 12:58 |
|
Marxentric
Senior Member Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
Quote Reply #2556 Posted: 06-Sep-2020 at 13:18 |
Се надевам ќе го средат и најнебезбедниот пешачки премин во светот, кадешто шансите да те збрише некој со 120 км на саат се 50-50. На тој непрегледен дел, кадешто иако ограничувањето е 50 кмч, сите летаат како ненормални, а од дрвцата едвај се гледа дали има потенцијален пешак е потребно да се изгради подигнат и проширен пешачки премин во вид на лежачки полицаец, мост или да се постави семафор.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2557 Posted: 09-Sep-2020 at 11:10 |
ул.Пролет-Центар уште од првиот ден кога ги наредија коцкиве на раскрсниците кај Анхоч и Феријален дом се појавија проблеми поточно коцките се разместуваа многу често,потоа се појавија и големи вдлабнатини очигледно тампонот не е направен како треба и еве денес сабајле пак ги прередуваат по којзнае кој пат.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2558 Posted: 09-Sep-2020 at 14:44 |
Скутерџии, моторџии и возачи на автомобили секојдневно вршат сообраќаен и звучен терор во населба Железара
Жителите покрај улицата „Филип Филиповиќ“ во населба Железара немаат мир од скутерџии, моторџии и возачи на автомобили кои оваа улица ја користат како полигон за вежбање. Се жалат дека освен што секојдневно трпат звучен терор, повеќе немаат спокој кога децата ги пуштаат да одат безбедно до маркет и наскоро за во училиште. – Улицата „Филип Филиповиќ“ е сервисна улица со умерен сообраќај. Ја дели и спојува населбата по должина на два дела меѓу главните улици „Коце Металец“ и „Гемиџиска“. Како таква се користи од жителите за задоволување на дневните потреби, децата ја користат за пристап до училиштето, централниот парк, спортските терени, а во вечерните часови се користи за прошетки на сите возрасни категории со и без домашните миленици – вели Маријан Калиманоски, жител од оваа улица. Тој потенцира дека оваа идилична слика во пладневните, вечените и раните утрински часови ја расипуваат скутерџии и возачи на мотори и автомобили кои заради неможноста да излезат на главните коловози поради немање на возачка дозвола или возат нерегистрирани возила, вршат своевиден сообраќаен и звучен терор на улицата и околината. – Единствениот влез во училиштето со возила е по таа улица, затоа не е споредна, туку стана главна, а нема ни тротоари како што треба. Сега повеќе нема спокој децата да одат безбедно по неа до училиштето. Треба да бараме влезот со возила во училиштето да биде од улицата „Ѓемиџиска“, како што беше со години наназад, каде што има тротоари од двете страни и каде децата се побезбедни – предлага Тина Каровска. И Ане Менчова Здравковска се присетува дека кога била ученичка по таа улица слободно одела на училиште. – По таа улица одевме слободно на училиште, коли ретко поминуваа, се возеше по „Гемиџиска“ ама на бившиот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски му текна да ја направи прометна. Го затворија влезот на училиштето од каде што се влегуваше со возила, направија многу лошо поврзување, мислам дека ни петиција од граѓаните веќе нема да промени ништо – скептична е Менчова Здравковска. Жителите велат дека дојавите до полицијата немаат ефект заради нивната незаинтересираност поради тоа што немало инциденти. А велат дека немаат ефект и дојавите до Општината Г. Баба за поставување сообраќајни успорувачи на трите поврзувачки приклучоци кои ги користат граѓаните за премин од едната на другата главна улица. (С.Бл.) https://www.vecer.press/скутерџии-моторџии-и-возачи-на-автомо/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2559 Posted: 09-Sep-2020 at 15:28 |
Крава се прошета по скопските булевари (ВИДЕО)
Крава која се движи заедно со автомобилите на една од најпрометните улици во Скопје предицвика низа коментари на социјалните мрежи. Според она што може да се види на видеата кои се споделуваат кравата е снимена прво во близина на ОУ „Лирија“ и трговскиот центар „Чаирчанка“ каде што на сред улица се движи кон Бит пазар. Други снимки ја покажуваат како на сред коловоз се движи на булеварот Крсте Петков Мисирков спроти Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“. https://plusinfo.mk/krava-se-prosheta-po-skopskite-bulevari-video/?fbclid=IwAR3PloWl2-fN-2P6UutcJlzSv7GhH28mFPJefqjJfcLN3h9FWsAgxiReuS0 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2560 Posted: 11-Sep-2020 at 10:33 |
Утринава почнаа со реконструкција на ул.Никола Карев
Edited by stef4o - 11-Sep-2020 at 10:33 |
|
Post Reply | Page <1 126127128129130 157> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |