build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 157>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 22-Feb-2009 at 04:51
@ pbanks
Скоро извесно не се работи за Булевар Македонија (Јужен Булевар) туку за заебанција и импровизација во стил на онаа што ја протежира Трифун & Co.
Всушност никаков „булевар“ Митрополит Теодосиј Гологанов не е планиран со ГУП-от туку како што веројатно знаеш тоа треба да е едносмерна колектирска/дистрибуторска улица во функција на Јужен Булевар, а како што кажа и самиот, профилот си е сосема во ред - три ленти.


@ beton
Логиката не е Митрополит Теодосиј Гологанов да има три ленти во секој правец, туку да има денивелиран Јужен Булевар со три ленти во секој правец. Митрополит Теодосиј Гологанов да биде едносмерна колекторска/дистрибуторска улица во правец од центар накај Влае. А Народен Фронт / Јуриј Гагарин (кои исто така го имаат потребниот профил) истата функција, едносмерно во правец кон центар. Јужен Булевар се разбира е планиран помеѓу нив.


Edited by Cloverstack - 22-Feb-2009 at 04:52
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 22-Feb-2009 at 12:42

види логиката ја влечам од изјавата, а дека мора да се оди според насоките на ГУПот тоа мислам досега го имам многу пати образложено не е толку од живот или смрт доколку се изнајде посоодветно решение во однос на реално на терен несоодветните состојби во однос на веќе зацртаните насоки...

инаку ние зборуваме во костец само со последниот ГУП, дај да го ајдеме и стариот па да видиме колку нешта се прецртани или изменети од истиот и дали и колку овие нови "визии" се некое нзс или се чисто нов поглед на старата школа!  (за мотивите може само да нагаѓам) ова мислам на советниците урбанисти во тимовите на скопските градоначалници.    

според некоја моја логика најверојатно целта е сарај бидејќи сега дел од СК да добие булеварско поврзување, а партизанска да биде чаре за кондово, односно нови сообраќајни решенија за кои јасно лани се бараше носење нов ГУП (незаконски) или измини на ГУПот (законски).  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 22-Feb-2009 at 20:05
Originally posted by beTon

а дека мора да се оди според насоките на ГУПот тоа мислам досега го имам многу пати образложено не е толку од живот или смрт доколку се изнајде посоодветно решение во однос на реално на терен несоодветните состојби во однос на веќе зацртаните насоки...
Генерален урбанистички план не е некаков памфлет со кој ќе си го брише газот како кој стигне. Но дури и да го прифатиме твојот став за релативизирање на урбанистичките планови, уште помалку можам да се сложам дека некакво си проширување на Теодосиј Гологанов е посоодветно решение и замена за Јужен Булевар.
Градов нема алтернатива за јужниот булевар. Цената што ќе ја платиме доколку не се реализира е немерлива. Единствено би профитирале разноразните „привремени“ објекти кои се веќе никнати и кои допрва би никнувале по трасата.

Всушност многупати си се залагал за надвозници и клучки за растеретување на сообраќајот. За разлика од некои несоодветни па и невозможни локации кои ги предлагаше за такви сообраќајни решенија, оние планираните по трасата на јужен булевар се сосема логични и исплатливи. Па зошто во овој случај би имал сосема обратен став и би се залагал за мизерна импровизација со четири ленти и без денивелација??? Што има таму толку соодветно???
Наместо тоа, како што е планирано со ГУП-от, можеме да добиеме извонредно решение во секој поглед. А поради речиси чистата траса и други околности, тоа решение можеме да го добием релативно ефтино, дури и исклучително ефтино кога ќе се земат во предвид благодетите што ги носи Јужен Булевар. Трите урбани автопати воопшто се очигледна шанса за огромен импулс во економска и многу други сфери. Ваљда нема да дозволиме таа шанса засекогаш да ја пропуштиме поради нечии чудни игри.



Originally posted by beTon

според некоја моја логика најверојатно целта е сарај бидејќи сега дел од СК да добие булеварско поврзување, а партизанска да биде чаре за кондово, односно нови сообраќајни решенија за кои јасно лани се бараше носење нов ГУП (незаконски) или измини на ГУПот (законски).
Далеку од тоа дека „сообраќајниве решенија“ или нов ГУП се планираат специјално за Сарај и Кондово. А нормално не ни треба да биде така затоа што тие се само дел од целата слика која е многу посложена и решенијата треба да бидат сеопфатни и долгорочни за цел град!

На крајот на краиштата административната поделба од 2003 ниту го зголеми ниту го намали сообраќајот од и накај Сарај и Кондово за тоа да биде некакво објаснување за ова што го велиш.



Edited by Cloverstack - 22-Feb-2009 at 20:22
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 22-Feb-2009 at 20:37

добро  ова мојава констатација е пред се само гласно размислување за можните вакви најави, односно немањето простор(пари)  и време(непопуларно) за целосно стокмување на бул.МКД како што и е предвидено со ГУПот, па затоа и вакви предлози, реално дури и да се најде концесионер ГУПот не е гаранција дека некогаш ќе ги видиме целосно спроведени насоките кои зацртани во истиот, ГУПот не е памфлет но воедно не е и некоја неменлива категорија т.е. измените не се некоја страшна работа како би се нашло решение додека не дојдат поповлни времиња за инвестиција како што е зацртана во постојниот ГУП.

инаку се сложувам дека најидеално би било да не се ремети потегот со некаква импровизација, но подобро импровизација него наредните пет до десет години да имаме иста ситуација како денес на Митрополит Теодосиј Гологанов.   

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 22-Feb-2009 at 21:14
Originally posted by beTon

добро  ова мојава констатација е пред се само гласно размислување за можните вакви најави, односно немањето простор(пари)  и време(непопуларно) за целосно стокмување на бул.МКД како што и е предвидено со ГУПот, па затоа и вакви предлози, реално дури и да се најде концесионер ГУПот не е гаранција дека некогаш ќе ги видиме целосно спроведени насоките кои зацртани во истиот, ГУПот не е памфлет но воедно не е и некоја неменлива категорија т.е. измените не се некоја страшна работа како би се нашло решение додека не дојдат поповлни времиња за инвестиција како што е зацртана во постојниот ГУП.

инаку се сложувам дека најидеално би било да не се ремети потегот со некаква импровизација, но подобро импровизација него наредните пет до десет години да имаме иста ситуација како денес на Митрополит Теодосиј Гологанов.  



Проблемот со таквото размислување го гледам во тоа што кога некоја импровизација ќе се направи, многу тешко се корегира. „Привремените“ решенија кај нас за жал често преминуваат во трајни.
Кога во тој коктел би се уфрлило и рутина за релативизирање на урбанистичките планови, којзнае со што ќе завршиме...

А Јужниот Булевар не е ни толку скап за веќе со децении за својата неодговорност да се правдаме со немање на пари и слично. За проекти со такво огромно значење и исплатливост мора да се најде воља и се друго што е потребно. Тоа во време кога огромни пари ни се одлеваат за контроверзни и непродуктивни проекти станува уште поочигледно!

На крајот на краиштата, јужниот булевар не мора да се изгради целиот одма, туку може да се гради фазно (и во однос на должината на трасата, и во однос на формата во која што би фигурирал). Многу ефтино би можело да се воведе едносмерен сообраќај на неговите веќе постоечки колекторски/дистрибуторски улици доколку се доградат тие кратки сегменти што недостасуваат. Со тоа практично привремено би се добил 2х3 булевар на значителен дел од трасата (дури и подолг од предвиденава заебанција со Гологанов), а таквото решение не би се косело туку би било чекор поблиску до реализација на Јужен Булевар. За разлика од тоа, проширување на Теодосиј Гологанов до 4 ленти, па уште не дај боже и кружни текови не само што се косат со планот, туку е прилично нецелисходно и само по себе.

Но тоа е тема што ја имаме дискутирано во нишката за урбаните автопати во Скопје, а може и треба подетално да ја разглабаме и во иднина.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 16-Mar-2009 at 12:34
И со клучката кај „Континентал“ Ќерамидница нема мир од возила



Скопје
Клучката кај хотелот „Континентал“ е во употреба веќе петти месец, но за директен пристап од Автокоманда кон сајмиштето, мостот кај Транспортниот центар и кон булеварот Гоце Делчев и понатаму масовно се користи тесната и одвај проодна еднонасочна уличка 537 покрај пругата во населбата Ќерамидница. Жителите на овој дел од градот очекуваа дека со новиот и модерен сообраќаен објект ќе се раатисаат од редиците автомобили, бучавата, издувните гасови, иритирачките сирени и од загрозената безбедност, но ништо од тоа.

За изградбата на клучката градот потроши околу три милиони евра. Сепак, најчесто поради навика, скопјани наместо да продолжат право по булеварот Александар Македонски кај семафорите во Автокоманда и да завртат лево кај „Континентал“ кон улицата Беласица, свртуваат кон противпожарната бригада, поминуваат под железничката пруга и по сокачето низ Ќерамидница се упатуваат кон „Санос“ и кон сајмиштето, а оттаму во другите делови од Скопје. Градската управа најавува дека ќе го намали времето на зеленото светло на семафорот за завртување лево за да ги поттикне возачите повеќе да ја користат клучката.

- Иако веќе неколку месеци може да се вози по клучката кај хотелот „Континентал“, нашата улица се уште не е растоварена од сообраќај. И понатаму се случува таа целосно да се блокира и да се направи колона од возила, а тоа особено се случува кога врне дожд. Од едната страна на улицата се наоѓаат куќи, а другиот дел се протега покрај железничката пруга. Таа е маалска уличка и треба да се користи само за жителите од Ќерамидница да возат до центарот на градот без да поминат низ Бит-пазар. Откако почна да се прави клучката кај хотелот „Континентал“ ова уличе стана главна сообраќајница и по него постојано поминуваа товарни возила и автомобили. Од густиот сообраќај немавме мир, ниту пак можевме безбедно да се движиме по крајот на улицата и да влеземе во нашите домови. Очекувавме дека клучката ќе го смени тоа, но се остана исто - вели Александар Костовски, жител на населбата Керамидница.

Тој додава дека улицата нема тротоари и дека куќите излегуваат директно на коловозот, па со тоа се зголемува ризикот некое дете да излета пред автомобилите, кои понекогаш се движат со голема брзина.

Жителите од населбата Автокоманда велат дека постојано поминуваат по тесната улица, иако клучката им нуди побрзо и побезбедно возење. Тие додаваат дека асфалтот на уличката е уништен и раскопан, но дека и понатаму се раководат според старите навики и возат низ тој дел.

- Со клучката е овозможено удобно возење, но јас и понатаму поминувам по тесната уличка кај Керамидница, а тоа го прават многу луѓе. Единствено избегнувам да возам по таа улица кога врне дожд. Тогаш таа е поплавена и ми се случило два часа да стојам во колона, за на крај да почне водата да навлегува во мојот автомобил. Долго време го користевме сокачето за да го избегнеме метежот кај Битпазар, па затоа сега е тешко луѓето да се одвикнат. Сепак треба да се преземе нешто, бидејќи им проаѓаме на жителите пред влезот во нивните куќи. Таа улица е еднонасочна, но сум видела како оние кои што живеат таму ја користат во двата правца, за да не прават цел круг и полесно да влезат во споредните улички или да се паркираат - објаснува Златка Петковска, жителка во населбата Автокоманда.

Од секторот за сообраќај во градот велат дека се запознаени со маката на жителите на Ќерамидница и дека наскоро ќе направат измена на сообраќајниот режим за да ги натераат возачите да ја користат клучката.

- На улицата 537 е утврден еднонасочен сообраќај, но и покрај тоа се случува да се направи метеж како на некоја фреквентна раскрсница во центарот на градот. За таа цел ќе го скратиме времето на зеленото светло на семафорот за свртување во лево од булеварот Александар Македонски кон противпожарната бригада. Со тоа очекуваме да се намали бројот на возила кои ќе поминуваат по тесната уличка и да се растовари сообраќајот во тој дел - вели Јован Христоски, раководителот на секторот за сообраќај во градот.




Низ населбата треба да поминува булевар

Општинарите од Гази Баба, на чие подрачје се наоѓа населбата Ќерамидница, велат дека не можат ништо да направат за да им помогнат на нејзините жители да се намали сообраќајниот метеж.

- Поради големиот број оштетувања на асфалтот таму често крпиме дупки и го поправаме коловозот. Но не сме задолжени да го регулираме сообраќајот на таа улица - додаваат од општината.

Оттаму објаснуваат дека според Генералниот урбанистички план низ оваа населба треба да продолжи булеварот Гоце Делчев, кој потоа со нов мост преку реката Вардар треба да се спои со булеварот АВНОЈ во населбата Аеродром, во близина на спортската сала „Јане Сандански“.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=342&ArticleID=20335
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 16-Mar-2009 at 12:54
Сега праев некои рачуници и мерења. Оваа уличка каква-таква нуди за 600 метри * пократок пат одколку преку клучката. Незнам колку може да се влијае со семафорот и свртувањето кон лево, така само дополнително ќе се закочат и ЈСП и против пожарна и сите тие други фирми што се тука. Како привмремено решение не ми делува нешто посебно паметно, може би некои 10-тина лежечки полицајци би можело да биде поприфатливо. Локалците ќе добијат некоја каква таква безбедност, пошто ете им била проблем, а ќе делува и како демотивирачко за возилата кои само транзитираат.

Инаку треба посериозно да му се пристапи на ГУП-от и да се започене со сите активност за до изградба на булеварот Гоце Делчев до Авној. Така ќе биде најдобро и за градот и за жителите на ќерамидница, а ќе доведе сигурно до урбанизација на ќерамиднице која е ругло на градот. Ако се реализира овој булевар тогаш нема воопшто да биде проблем доколку сообраќајот иде преку булеваров, а не преку клучката. Ете уште кога се цртал ГУП-от за ова било предвидено решение, ама сега кај нас ГУП-пт се касапи и се нудат решенија 600 метри подолги.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 16-Mar-2009 at 14:13
Градот Скопје од среда /18.03.2009 година/ ќе започне со реализација на проектот за реконструкција на улиците и крстосниците кај локалитетот „Тутунски комбинат“. Со овој проект се планира изградба на нови и проширување на постојните коловози и тротоари на дел од сообраќајниците и крстосниците меѓу нив и тоа: булеварот Трета Македонска Бригада, улицата Пролет, улицата Славе Георгиев, улицата 11 Октомври, улицата Иван Козаров и двата крака од булеварот Македонија.

Градежните работи ќе ги изведуваат екипите на „Мавровоинжинеринг“ од Скопје, во времетраење од три месеци, што ќе зависи од временските услови.

Во интерес на безбедноста и проточноста на сообраќајот, Град Скопје ги замолува сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и опрема.

Реконструкцијата на сообраќајниците и крстосниците кај локалитетот „Тутунски комбинат“ претставува четврт капитален сообраќаен проект на Градот Скопје, по изградбата на клучката кај хотелот „Континентал“, клучката „Детелинка“ кај Бит пазар и булеварот Словенија.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2429&mid=24&tabId=1&tabindex=0
p.s. Да ги потсетав градските власт да не забораат да го убацат проектов у анкетата!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 18-Mar-2009 at 12:29
Еве некои слики од миа фото од реконструкцијата на раскрсницата кај тутнски. Барем кога веќе планот им бил пред нос можеле да го сликнат...








Edited by lslcrew - 18-Mar-2009 at 12:29
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 19-Mar-2009 at 01:00

Почна проширувањето на раскрсницата кај Тутунски комбинат

Реализацијата на проектот ќе го растовари сообраќајот за 50 отсто

Со старт на градежните зафати на просторот спроти Полициската станица „Пролет“, вчера градоначалникот Трифун Костовски официјално го најави почетокот на реализацијата на клучката „Тутунски комбинат“. Проектот опфаќа реконструкција на раскрсницата меѓу улиците „11Октомври“, „Пролет“ и еден крак од булеварот „Македонија“. Градежни зафати ќе се изведуваат и на улиците „Пролет“, „Трета македонска бригада“ и „Славе Георгиев“. Предвидена е реконструкција и на раскрсниците меѓу улиците „11 Октомври“, „Иван Козаров“ и еден крак од булевар „Македонија“. Ќе следува и реконструкција на раскрсницата меѓу булеварот „Македонија“ и двата негови крака, а планирано е и проширување на улицата „Трета македонска бригада“ на делот од булеварот „Никола Карев“ до улицата „Пролет“. Потоа ќе се проширува и улицата „Пролет“ на потегот од Тутунскиот комбинат до „Трета македонска бригада“. Улицата „Иван Козаров“ ќе се реконструира во должина од 100 метри, а „Славе Георгиев“ за околу 50 метри. Градежните работи кои ќе траат околу три месеци ќе ги изведува„Маврово инженеринг“. Инвестицијата изнесува 12,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје.

„Денеска ги почнуваме градежните работи за клучката ’Тутунски комбинат‘. Ова е зафат што би требало да го растовари сообраќајот за 50 проценти. Проектот ќе биде корисен за три општини - Центар, Аеродром и Кисела Вода“, рече Костовски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FEF024DB5E313F43A989D983619B6BD2
Улиците и крстосниците околу Тутунски се прошируваат


Во следните 60-тина дена градежни работи ќе се реализираат на дел од булеварот Трета македонска бригада, улиците Пролет, Славе Георгиев, 11 Октомври, Иван Козаров и двата крака од булеварот Македонија


Скопскиот градоначалник Трифун Костовски, вчера, на самиот крај на мандатот го означи стартот на реконструкцијата и проширувањето на сервисните улици и крстосниците околу Тутунски комбинат. Проектот предвидува реконструкција на крстосницата меѓу улиците 11 Октомври, Пролет и кракот од булеварот Македонија; реконструкција на крстосницата меѓу улиците Пролет и Трета македонска бригада и Славе Георгиев; реконструкција на крстосницата меѓу улиците 11 Октомври, Иван Козаров и кракот на булевар Македонија (Јужен булевар); реконструкција на крстосницата меѓу булеварот Македонија и двата негови крака. Исто така ќе се прошири улицата Трета македонска бригада на делот од булеварот Никола Карев до улицата Пролет, ќе се прошири улицата Пролет на делот од Тутунски комбинат до улицата Трета македонска бригада, ќе се прошират и Иван Козаров за околу 100 метри заедно со 50-тина метри од Славе Георгиев.

Проектот чини околу 13 милиони денари, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Градежните работи ќе ги изведуваат екипи на "Мавроинженеринг" од Скопје.
Градоначалникот Костовски истакна дека со оваа акција во голема мера ќе се растовари сообраќајот околу Тутунскиот комбинат кој претставува едно од најтесните сообраќајни грла.
- Станува збор за проект којшто ќе го растовари сообраќајот и ќе биде корисен за трите општини Центар, Аеродром и Кисела Вода. Според изведувачот проектот би требало да заврши некаде за 60-тина дена, но објективно очекувам се да биде готово до крајот на мај, почетокот на јуни - рече Костовски. Тој додаде дека средствата за изградба биле обезбедени уште од минатата година, но реализацијата била одложена поради тоа што 6-7 месеци се чекало на одобрението за сообраќајно решение.

Поради специфичноста на просторот за реконструкција, режимот на сообраќај ќе биде утвдруван на самото место во зависност од потегот на кој се изведуваат градежни работи. Во интерес на безбедноста и проточноста на сообраќајот Град Скопје ги замолува сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и опрема.

http://vecer.com.mk/?ItemID=576F17069A3F954C8DCE63417EAE7430
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 19-Mar-2009 at 01:57
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КРСТОСНИЦИТЕ КАЈ „ТУТУНСКИ КОМБИНАТ“

По изградбата на клучката кај хотелот „Континентал“, клучката „Детелинка“ кај Бит пазар и на булеварот Словенија, Градот Скопје од денеска /18.03.2009 година/ започнува со реализација на четвртиот капитален сообраќаен проект во мандатот на градоначалникот Трифун Костовски – реконструкција на улиците и крстосниците на просторот околу „Тутунски Комбинат“. Градоначалникот Костовски денеска го посети градилиштето кај „Тутунскиот комбинат“ и го означи стартот на реконструкцијата на оваа фреквентна крстосница.

  • Станува збор за многу значаен и сложен проект кој, според предвидувањата, за 50 отсто ќе го растовари сообраќајот во овој дел од градот. Реконструкцијата на неколкуте улици во близината на „Тутунскиот комбинат“ ќе биде особено од полза на жителите на трите општини Центар, Кисела Вода и Аеродром, но и на сите граѓани на Скопје. Финансиската рамка на проектот за реконструкција на улиците и крстосниците изнесува 12,5 милиони денари. Парите се целосно обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2009 година. Претходно, Градот Скопје ја заврши тендерската постапка и сите законски процедури неопходни за започнување на проектот за реконструкција на улиците и на крстосниците на просторот кај „Тутунски комбинат“- изјави денеска градоначалникот Костовски.

Просторот околу „Тутунски комбинат“ од сообраќаен аспект е многу специфичен затоа што во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2002 година, во него се вкрстуваат булеварот Македонија и булеварот Крушевска Република, како сообраќајници од највисок ранг. Но, овие клучни сообраќајници за градот се уште не се изградени, а нивната реализација е неизвесна од една страна, а од друга страна е многу бавна и скапа инвестиција. Од тие причини, до нивната реализација се наметнува потребата од редефинирање на условите и на режимот на сообраќај на постојната околна сообраќајна мрежа и со градежни корекции на поединечни делови од раскрсниците и улиците за да се овозможи разрешување на сообраќајните проблеми во овој дел од градот.

Градежните работи планирани со реконструкцијата опфаќаат:

  • Реконструкција на крстосницата меѓу улиците: 11 Октомври, Пролет и булеварот Македонија (крак);
  • Реконструкција на крстосницата меѓу улиците Пролет, 3-та Македонска бригада и Славе Георгиев;
  • Реконструкција на крстосницата меѓу улиците 11 Октомври, Иван Козаров и булевар Македонија (крак);
  • Реконструкција на крстосницата меѓу изградениот булевар Македонија и двата негови крака;
  • Реконструкција (проширување) на улицата 3-та Македонска бригада на делот од булеварот Никола Карев до улицата Пролет;
  • Реконструкција (проширување) на улицата Пролет на делот од „Тутунски Комбинат“ до улицата 3-та Македонска бригада;
  • Реконструкција (проширување) на улицата Иван Козаров во должина од околу 100 метри; 
  • Реконструкција (проширување) на улицата Славе Георгиев во должина од околу 50 метри;

Градежните работи ќе ги изведуваат екипите на „Мавровоинженеринг“ во рок од деведесет работни дена, во зависност од временските услови.

Поради специфичноста на просторот за реконструкција, условите и режимот на сообраќај ќе бидат утврдувани на лице место во зависност од потегот на кој се изведуваат градежните работи. За сите дополнителни промени, Градот Скопје навремено ќе ги информира граѓаните.

Во интерес на безбедноста и проточноста на сообраќајот, Град Скопје ги замолува сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и опрема.


http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1


Edited by lslcrew - 19-Mar-2009 at 01:58
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 19-Mar-2009 at 02:21
Премногу не ми се јасни имињва на улициве. Иван Козаров е во Кисела Вода кај економското, незнам зашто тука е спомената. Исто така Славе Георгиевски-Шнајдерот е напиашана Геогриев. Уште неможам да укопчам што све ќе се работи!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 20-Mar-2009 at 00:59

Проширување на „Даме Груев“ - спас за метежот во центарот

Ако оваа улица добие уште две ленти, тогаш возилата од „Рекорд“ ќе се префрлат на таа улица, а по неа ќе биде дозволен сообраќај само за јавниот превоз

Не се поминува на „Рекорд“ од возила и автобуси. Порано проблематичен беше само шпицот, околу 15 часот, а сега улицата е затната цел ден. Ако мораш да влезеш во метежот, од Собрание до Домот на градежниците ќе ти требаат половина час за да излезеш. Ќе потрошиш литри бензин, но и нерви од разни несовесни возачи, кои се уфрлуваат во колоните. Никому не му се чека. Страшно е да се вози во тој дел, коментира скопски таксист што секојдневно се пробива низ сообраќајниот хаос во Скопје.

Од Градот велат дека има неколку решенија за метежот во овој реон. За решавање на тесното грло во централното градско подрачје потребна е целосна доизградба на Јужниот булевар, како и на подземната сообраќајница под плоштадот Македонија, која би излегувала кај комплексот банки. Најкорисното решение за решавање на затнувањето на улицата Димитрија Чупоски (кај популарниот „Рекорд“) од возила и автобуси е да се прошири „Даме Груев“ со уште две ленти. Станува збор за улицата што поминува покрај Градскиот ѕид, и тоа од Владата до Собранието. Предвидено е сообраќајницата да прерасне во булевар и да го растовари метежот во центарот. Според пресметките, пет до шест милиона евра се потребни само за овој проект, а сто милиона евра за Јужниот булевар.

- Станува збор за исклучително скап зафат, но тој е многу важен за решавање на метежот на улицата Димитрија Чупоски. Ако се прошири, предвидено е да се забрани каков било сообраќај на таа улица, односно возилата од неа да се префрлат на Даме Груев. Таа ќе биде дозволена само за јавен превоз - објаснува Јани Христовски, раководител на Секторот за сообраќај при Градот.

Профилот на улицата по целата нејзина должина е чист, со исклучок на една зграда. Таа е на аголот на Даме Груев со улицата Македонија и се наоѓа на столбови. Од Градот велат дека, заедно со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), нашле решение за поинаков начин на потпирање на зградата, но дека за тоа ќе требаат повеќе средства од градскиот буџет. Второто решение за сообраќајниот калабалак е да се поделат лентите на „Рекорд“ за возила и за автобуси: една лента од трговскиот центар „Палома Бјанка“ во насока кон Градска болница да биде за јавен превоз, а останатите три да бидат за возила. По нив автомобилите би се движеле во една насока, од Градска болница кон Домот на градежници. За да профункционира ова решение, потребно е и преуредување на крстосницата кај „Палома Бјанка“.

- Мора да се пронајде решение за метежот во центарот на Скопје. Во светот, влезот во центарот се плаќа и тој систем функционира. Кај нас можеби во моментов не е возможно тој да се примени поради скапиот софтвер за наплата, но може да се прошируваат сообраќајници - оцени Христовски. Ставот на градските власти е дека метежот во центарот на Скопје ќе се реши само ако возилата се тргнат од улиците, а не автобусите. Секаде во светот предност има јавниот превоз, а возилата се оставаат дома. Автобуските постојки, како што објасни раководителот Христовски, се добро поставени на територијата на Скопје и не се причинители за сообраќајниот хаос.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F77B6ABE0E1A3E499CDECCE1A569558B

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 20-Mar-2009 at 13:56
проширување е глупо и скоро невозможно решение на улиците во центарот
подобро би било решението да се направи улицата едносмерна, ако веќе нема што друго да бираме
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 20-Mar-2009 at 20:10


Денеска приметив една недореченост во патната мрежа на Скопје, тука е обележана со црвено. Дали одприлика некој од вас знае што е проблемот со оваа ваква аномалија која создава доста гужви во оној тесен пролаз обележан со тегет на сликава. Тука нема простор да се разминат две коли, дури на некои места се гледа калдрмата што ѕирка од под дотраениот асфалт. Често пати оваа точка ја знаеме како црна точка и точка каде што многу луѓе настрадале од судир со воз. Се работи за излезот од станицата маџари а дефакто и излез на депото во Трубарево. Со само еден краток пролаз по пругата и со мали корекции на другиот простор ќе се добие една многу значајна врска која што доста е ја растерети и раскрницата во автокоманда и маџари ќе го растерети од гужвата која му се создава.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 22-Mar-2009 at 01:05
Originally posted by lslcrew


Денеска приметив една недореченост во патната мрежа на Скопје, тука е обележана со црвено. Дали одприлика некој од вас знае што е проблемот со оваа ваква аномалија која создава доста гужви во оној тесен пролаз обележан со тегет на сликава. Тука нема простор да се разминат две коли, дури на некои места се гледа калдрмата што ѕирка од под дотраениот асфалт. Често пати оваа точка ја знаеме како црна точка и точка каде што многу луѓе настрадале од судир со воз. Се работи за излезот од станицата маџари а дефакто и излез на депото во Трубарево. Со само еден краток пролаз по пругата и со мали корекции на другиот простор ќе се добие една многу значајна врска која што доста е ја растерети и раскрницата во автокоманда и маџари ќе го растерети од гужвата која му се создава.

Аномалијата како и обично лежи во недооформената мрежа како што е планиорано според ГУП-от. Врската што ја предлагаш си е планирана, а и кај пругите е планирано сосема подруго решение.
И мене ми има упаднато во очи ова и го сметам за приоритет (тоа што го имаш обележано со црвено) поради тоа што со со навистина мали средства ќе се постигне голем ефект.
Ама кој ни е крив кога така неодговорно се однесуваме спрема плановите кои на крајот на краиштата само сме ги носеле. Каква полза од тоа и најлогичните сообраќајни решениј да останат само на хартија...




Edited by Cloverstack - 22-Mar-2009 at 01:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 22-Mar-2009 at 01:31
Originally posted by zabegan

проширување е глупо и скоро невозможно решение на улиците во центарот
Зависи од случај до случај. Конкретно за Даме Груев не само што е возможно, туку е и апсолутно неопходно за подобра организација на центарот и е во склоп со планот за многу поефикасно решавање на сообраќајот во центарот и во целиот град.
Проширување на Даме Груев не е некаква новоизмислена импровизација, туку нераздвоен дел од еден добро испланиран долгорочен концепт. Според него треба да се водиме и за ова и за многу други работи. Но исто така исклучително  важен е и начинот на реализација! Проширувањето може да се изведе и многу лошо доколку не се пристапи одговорно... Проширувањето произлегува од ГУП-от, нормално е зацртано и во ДУП-овите, ама кај ДУП-овите имам доста прашалници... изгледа општина центар сака ем булевар ем паркинзи на некои места каде што нема простор за обете. Ова го имаме дискутирано во нишката за Голем Ринг. Проблемот пак со зградата која е спомната во текстот и вкрстувањето со улица Македонија го имаме дискутирано во нишката за пешачки зони (муабетот за понирање на Даме Груев и М.Х.Јасмин кои би биле споени со подземна врска и да се оформи голема пешачка зона со плато пред стара железничка).

Инаку не ми се допаѓа идејата Димитрија Чуповски да се зачува како сообраќајна макар и само за градски превоз (што како опција е спомнато во новинарскиот текст). Таму евентуално би прифатил само електрични туристички автобуси.
На крајот на краиштата, доколку се оди на реализација на според ГУП-от планираното (а на тоа се темели целиот концепт на градот, вклучувајќи го и концептот на централното јадро сосе сообраќајните решенија за него), нема да има никаква пречки Димитрија Чуповски да биде 100% пешачка улица.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 25-Mar-2009 at 06:25

Пожарникарите со нов влез кај „Веро“

Противпожарната бригада и паркингот на супермаркетот „Веро“ во Тафталиџе идната недела ќе добијат нов и проширен влез. Ќе бидат поставени и семафори со кои ќе се регулира влезот и излезот на главната улица „Теодосиј Гологанов“, каде што често се случуваат сообраќајни незгоди. Новиот семафор ќе биде синхронизиран со семафорите на раскрсницата со булеварот„ 8 Септември“, за да не настанува застој во сообраќајот, информираат од Градот. На проширувањето деновиве работат екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Досега се премостени неколку подземни кабли и е ставен еден слој тампон на проширувањето. Следната недела, во зависност од временските услови, делот ќе биде асфалтиран. Проектот е заедничка инвестиција на „Веро“ и на Градот Скопје.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CD19C4F76C8FDE4B8BBC4E83A28A367D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 25-Mar-2009 at 11:42
Новиот семафор ќе биде синхронизиран со семафорите на раскрсницата со булеварот„ 8 Септември“, за да не настанува застој во сообраќајот, информираат од Градот.
Колку пати сме слушнале ваква работа, а во пракса се разбира ништо од тоа!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 06-Apr-2009 at 01:03

доброо доколку постојат камери, на секоја раскрсница и на секој пешачки по  главните булевари каде е предвидено да се постават пречкиве, можеби и ќе има ефект од истите, но во таков случај нема да имапотреба од истите.

ова со камерите како опција е и поефтино и пологично и за градот и за полицијата индиректно односно за сообраќајот првенствено! но ваква комбинација ниту ќе видиме наскоро ниту пак некој после фрлените градски пари за  препрекиве лесно ќе реши да ги фрли во бункер и да ги користи исклучиво во посебни случаи...   

инаку многу тешко да се сменат навиките на возачите сами по себе, особено е проблематичен буњаковец  и пазарчето, но се додека не се воведе европскиот систем  на санкционирање  во метрополите, каде казна ти ја лепат доколку и само ти потфатат табличка во кадар при прекршок, мислам дека ќе ја имаме постојано истава ситуација на терен. добро сега и со ова најавите за можно инсталирање на rfid чиповите во регистарските таблички може да се реши овој проблем наједноставно без никој да треба да пази по камерите,туку ќе биде се компјутеризирано маркирање на прекршокот. сепак ова е варијанта која мислам дека нема да ја видиме во догледно време како решение иако веќе опремата е нарачана...

само не ми е јасно зошто толкава неусогласеност со локалната и централната власт, прво со новиот закон и контињерите, а сега и со препрекиве, ајде можеби оваа практика во иднина и ќе се смени. патем 25 евра казна, ова треба да се санкционира (исто и  за не запирање на пешак или не користење појас) со 40 до 50 евра, чисто заради психолошко реоресивениот момент на казната, а јасно заради турбо ефективност мора и редовен надзор од полицијата! 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 157>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.451 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.