build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 9899100101102 105>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6996
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1981 Posted: 01-Jul-2015 at 02:59
Originally posted by kultuzin

80 metri ulica ke go resi problemot na graganite i ke ovozmozi soodvetno i bezbedno nivo na odvivanje na motorniot i pesackiot soobrakaj.
да не заборавиме и кој импресивна ширина ја има
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1982 Posted: 01-Jul-2015 at 15:44
УЛИЦАТА ИВАН КОЗАРОВ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ТРОТОАРИ

Општината најавува изградба на тротоари од двете страни на улицата и паркинг простор за паркирање по нејзината должина

Улицата Иван Козаров во Кисела Вода ќе добие тротоари и паркинг-простор за паркирање по нејзината должина. Со ова сред­нош­кол­ци­те од сред­но­то учи­лиш­те "Ва­сил Ан­тев­ски - Дрен" и сту­ден­ти­те од сту­дент­ски­от дом "Пе­ла­го­ни­ја", кои се во бли­зи­на и кои најмногу ја користат оваа улица, како и останатите пешаци веќе нема да мора да се движат по коловозот, а паркираните коли нема да им ги блокираат пешачките патеки.
"Реконструкцијата на тротоарите на улица Иван Козаров е планирано да започне по завршување на тендерската постапка за избор на најповолна фирма.



Со реконструкцијата ќе бидат опфатени тротоарите од двете страни на улицата и, според ДУП, во план е изградба на паркинг-простор", изјавија од Општина Кисела Вода.
Оттаму додаваат дека ули­цата Иван Ко­за­ров е ед­на од нај­ста­ри­те во Скоп­је, а во 2010 е из­вр­ше­на неј­зи­на це­лос­на ре­конс­трук­ци­ја, ста­ри­от ас­фалт бе­ше ком­плет­но за­ме­нет со нов, уреде­ни беа слив­ни­ци­те за ат­мос­фер­ски во­ди и беа сме­не­ти ош­те­тените раб­ни­ци, но тротоари не се изградија.
За изградба на тротоарите Општина Кисела Вода од својот буџет ќе потроши 2. 542 372 денари.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=886A0F6713EA744081E6A112646BF1BE
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1983 Posted: 10-Jul-2015 at 15:47
Во Дебар Маало ќе се вози најмногу до 30 км/ч



Општина Центар започнува со проектот „Зона на мирен сообраќај“ со што се ограничува брзината на движење на автомобилите во реонот на Дебар Маало до 30 километри на час.

Како што се наведува во соопштението од Центар причина за ваквата одлука се зачестените сообраќајни несреќи со човечки жртви, густиот сообраќај, како и зголемената потреба од подигање на нивото на безбедност на на граѓаните во централното градско подрачје.

- Со добивањето на Решението, Центар е првата општина во Република Македонија, која воведува ваква мерка, која е и препорака од Европската унија, соопштуваат од Центар.

http://www.porta3.mk/vo-debar-maalo-kje-se-vozi-najmnogu-do-30-kmch/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1984 Posted: 28-Jul-2015 at 23:52
Се реконструира улицата „Орце Николов“ во Центар

Општина Центар ја започна реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, на потегот од булевар „Климент Охридски“ до улицата „Михаил Цоков“ во должина од околу 520 метри. Од локалната самоуправа денеска известија дека зафатот ќе се одвива во неколку фази. Досега е завршено стругањето на асфалтот, а во тек е нивелирање на шахтите и замена на старите ивичници со нови. Последна фаза е асфалтирање на улицата со ширина од седум метри. Вкупната површина на делот од улицата што се реконструира изнесува 3.600 метри квадратни.



Делот на улицата „Орце Николов“ во централното градско подрачје веќе подолг временски период се наоѓа во лоша состојба, со голем број дупки на коловозот кои што им создаваа проблеми на возачите. „На повеќето средби, кој ги имаше градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на овој дел од Дебар Маало, беше констатирана неопходна реконструкција на овој дел од улицата, поради лошата состојба на завршниот слој на асфалтот, кој оневозможуваше нормално одвивање на сообраќајот“, наведуваат од општина Центар.

Во овој реон во претстојниот период ќе се работи и на реконструкција на улицата „Наум Наумовски – Борче“ и на дел од улицата „Аминта Трети“.

http://www.build.mk/?p=45555
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1754
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1985 Posted: 03-Aug-2015 at 13:52

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ГОРНО ЛИСИЧЕ“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов, на денешната, 30.7.2015 година, заедничка прес-конференција официјално го означија почетокот на реконструкција на една од најголемите улици во Горно Лисиче, „Горно Лисиче“.

Станува збор за проект, кој опфаќа обнова на коловозната конструкција на улицата „Горно Лисиче“ на потегот од „12 Македонска бригада“ до црквата „Св. Петар и Павле“.

Вкупната должина на реконструкцијата што ќе ја опфати улицата „Горно Лисиче“ е околу 1,7 километри. Вкупната инвестиција за оваа улица изнесува околу 14 милиони денари.

Реконструкцијата, исто така, ќе опфати и нивелирање шахти, како и санирање прекопи.

Покрај обновувањето на оваа улица со нов асфалтен слој со широчина од околу седум метри, ќе се обноват и тротоарите со бекатон-плочки.

Минатиот месец во Горно Лисиче, исто така, почна обнова и на коловозната конструкција на улицата „Тодор Чангов“, поточно од „Вардарска“ до „Ернест Телман“ во вкупна должина од околу еден километар и 660 метри.

Со обновувањето на двете улици во Горно Лисиче се очекува значително да се подобрат условите за сообраќај во оваа населба на Општина Аеродром.

 

          30.7.2015

          Општина Аеродром

 



http://aerodrom.gov.mk/vest/67

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1986 Posted: 17-Aug-2015 at 23:30
Пуштена во употреба реконструираната улица „Орце Николов“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска свечено ја пушти во употреба реконструираната улица „Орце Николов“, на потегот од булеварот „Св. Климент Охридски“ до улицата „Михаил Цоков“. Во изминативе три недели беа реконструирани вкупно 3.600 метри квадратни од оваа скопска улица, со вкупна должина од 520 метри. Градежните активности на терен ги реализираше фирмата „Пелагонија“ од Гостивар. Покрај нанесувањето на нов асфалт, долж целата траса се поставени нови шахти и поправени се оштетените ивичници. Реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ се одвива во рамки на проектот „Работно лето 2015“.



Улицата е една од попрометните сообраќајници во населбата Дебар Маало. Цели 18 години овој нејзин сегмент не беше саниран, што резултираше со големи дупки на коловозот. Од општина Центар најавуваат дека следни сообраќајници за реконструкција на овој дел од централното градско подрачје се улиците „Наум Наумовски – Борче“ и „Аминта Трети“.

http://www.build.mk/?p=45748
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1987 Posted: 24-Aug-2015 at 14:41
Изградба на нов кружен тек во населбата Автокоманда.






извор: град Скопје
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1988 Posted: 15-Sep-2015 at 10:39
Конечно! Улицава е во толку лоша состојба, што не постојат зборови да се опише тоа.

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА „ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“

Геодети вршат мерења на градската сообраќајница „Втора македонска бригада“, која ги дели општините Бутел и Чаир. Мерењата се подготовка за изработка на нацрт-план за реконструкција на улицата, која со години само се крпеше, а градските власти ја одминуваа нејзината реконструкција. Сега и официјално од Градот потврдуваат дека е во план реконструкција на оваа сообраќајница. Комплетно ќе се става нов асфалт во должина од 1.300 метри, а ќе го зафати потегот од кружниот тек на улицата „Лазо Трповски“ кај Топанско Поле, до спојувањето со булевар „Христијан Тодоровски- Карпош“.

„Во моментов се изработува проект, а Градот ќе предвиди финансиски средства во буџетот за 2016 година“, велат од канцеларијата за информирање на Град Скопје.

По оваа градска сообраќајница секојдневно има голема фреквенција на возила, бидејќи ги спојува општините Бутел и Чаир со Шуто Оризари. По неа поминуваат и градските автобуски линии на приватна „9“ и на „19“. (Сн.К.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=A9E1ED46BF1B624E8D57DD14FFCFCA78
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10815
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1989 Posted: 23-Sep-2015 at 10:12


Една честитка од советниците на Град Скопје

СКОПЈЕ ОДЛУЧИ: Кејот на Вардар ќе стане улица!
септември 23, 2015

На Кејот 13-ти Ноември ќе се гради пристапна улица со режим на сообраќај. Одлуката ја изгласаа советниците на Град Скопје. Улицата ќе биде наменета за потребите на новите гради на плоштадот Македонија, но и за тие околу плоштадот. Договорот за изградба на улицата Градот Скопје го потпиша со компанијата „Дивелоп груп“.

Според образложението на градот, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот, и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар во декември 2012-та година. Проектот го има изработено “Чакар & Партнерс” верификуван од општина Центар лани, а основниот проектот за изградба на улицата и аза атмосферска канализација е верификуван во мај годинава. Пристапната улица ќе се протега од улицата Филип II до зградата на “Телеком” на плоштад. По овој дел од кејот и сега минуваат возила.

-Друштвото за производство, трговија и услуги Дивелоп Груп Дооел Скопје достави барање од 11.09.2015 година до Град Скопје. Заедно со барањето Инвеститорот достави и проектна документација при што Градот Скопје утврди дека се во согласност со ДУП и проект за инфраструктура за наведената локација. Изградбата и реализацијата на објектот е во надлежност на инвеститорот Друштвото за производство, трговија и услуги Дивелоп Груп Дооел Скопје.
Инвеститорот од член 1 на оваа одлука е должен изградбата да ја изврши на своја сметка, а во име на Град Скопје и по изградбата да го стави во употреба објектот. За реализацијата на овој проект, Градот Скопје нема финансиски импликации во поглед на изградба на пристапната улица од причини што инвеститорот ја превзема обврската на своја сметка да ги изгради, се посочува во образложението на Град Скопје.

Оваа пристапна улица првично требаше да биде подземна. Уште во 2008 година од Градот Скопје изјавија дека во градежната дозвола за објектот на “Телеком”, инвеститорот односно “Дивелоп Груп” беше задолжен за година и пол да ја изгради и пристапната улица.

-Подземната сообраќајница стои во Деталниот план донесен од Општина Центар и е предвидена исклучиво за да може да се стави маркичка на оваа локација. Улицата е неопходна за да има сообраќаен пристап до објектот, без што тој не може да помине на технички прием. Практично, ако инвеститорот не ја направи сообраќајницата, џабе ја гради зградата, ова е ставот на Градот Скопје во ноември 2008 година.

Но потоа следуваа серија измени на ДУП-от Мал Ринг, меѓу кои и таа дека не треба да биде подземна туку надземна пристапна улица, а за изградбата тогаш се обврзаа локалните власти. Сега изградба на пристапната улица е повторно во рацете на “Дивелоп Груп”.

Компанијата Дивелоп Груп освен по изградбата на зградата на Телеком, на јавноста и е позната и како инвеститор на хотелот Мериот што се гради на плоштадот Македонија. Инвестицијата за хотелот е во износ од 37 милиони евра, а хотелот се протега на површина од 20.000 метри квадрати.

http://faktor.mk/2015/09/23/skopje-odluchi-kejot-na-vardar-ke-stane-ulitsa/
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1990 Posted: 23-Sep-2015 at 10:21
Bravo i od mene. Edvaj cekam da vidam kako najubaviot del od kejot se pretvara vo ulica.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1991 Posted: 23-Sep-2015 at 11:00
cirkuzi
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1992 Posted: 23-Sep-2015 at 11:02
Originally posted by Teglarot

Ја разбирам дека се сељачишта и полуписмени речиси сите, ама изборот на бои, мора ли секогаш да е црвено/жолто ?

Многу грдо изгледа...


toa ti e koga sekoja budala saka da si igra arhtekt
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #1993 Posted: 23-Sep-2015 at 14:51
абе кејот и сеа е улица и немам против све дур е само пристапна улица.....а не ко сеа шо се паркираат тие сељачиштата сакати шо ги мрзи да напраат три корака.... ај може коа ќе стане баш улица нема да ги пуштаат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1012
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1994 Posted: 23-Sep-2015 at 16:59
Тргнуваш во глуво доба со првиот превоз од Охрид за Скопје (без попатни застанувања) за да си завршиш навреме работна обврска (во меѓувреме имаш 75 мин. луфта од пристигнување во Ск до работата).
Ама не, ќе закасниш.Оти некој паметен затворил обиколница и милион камиони (освен редовните возила) се влечат со 4 км/ч и патуваш 47 мин. од Ѓ.Петров до Транспортен центар.Истото и на враќање.

БАШ ВАКА!



Edited by Тркало - 23-Sep-2015 at 17:00
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6996
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1995 Posted: 23-Sep-2015 at 17:10

и јас заглавив денес тука... колона имаше од раскрсницата кај комплекс банки, до мостот Гоце Делчев
уствари јас секој ден заглавувам тука, поради стеснувањето на булеварот Гоце Делчев, и без никакви додатни проблеми
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
shrink View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 23-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote shrink Quote  Post ReplyReply #1996 Posted: 23-Sep-2015 at 17:21
Originally posted by Тркало

Тргнуваш во глуво доба со првиот превоз од Охрид за Скопје (без попатни застанувања) за да си завршиш навреме работна обврска (во меѓувреме имаш 75 мин. луфта од пристигнување во Ск до работата).
Ама не, ќе закасниш.Оти некој паметен затворил обиколница и милион камиони (освен редовните возила) се влечат со 4 км/ч и патуваш 47 мин. од Ѓ.Петров до Транспортен центар.Истото и на враќање.

БАШ ВАКА!



Сликата конкретно нема врска со обиколницата што е затворена. На ова место често знае да се заглави вака, поготово сега кога има стеснување.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1754
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1997 Posted: 23-Sep-2015 at 18:38
конкретно за кејот , кејот е улица уште од промена на гупот во 2012 година
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1012
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1998 Posted: 23-Sep-2015 at 20:17
Originally posted by shrink

Сликата конкретно нема врска со обиколницата што е затворена. На ова место често знае да се заглави вака, поготово сега кога има стеснување.


Не баш овде, ама негде од исклучокот за Сарај пред влез во ЃП до САС беше истото.

Edited by Тркало - 23-Sep-2015 at 20:18
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6996
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1999 Posted: 23-Sep-2015 at 20:35
- колку пари кошта да се ископа ров, да се покрие со бетон и да се поврзе со гаражата на објектот на Телеком?
...ако од градот намераваат да изиграваат солидарност кон немошните према објектот кој го изградиле а не размислиле дека треба да има проклета гаража, може и они да фрлат по некој денар, за оне како сопствениците и инвеститорита на објектот, кои немаат нели...
ама полесно е да се подмити некој и да се лупне улица на сред кеј... џабе ќе зборам сега, ова одамна беше преќутено, само конечно се официјализираше откако им текна на сите дека позади лимот и блокираниот кеј поради градилиштата, имаше и пешачка патека
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1141
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2000 Posted: 23-Sep-2015 at 20:57
А јас пред некој ден патував 20 минути од општина Кисела Вода до Билна (900 метри)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 9899100101102 105>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.367 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.