build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 99100101102103 105>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #2001 Posted: 23-Sep-2015 at 22:03
Размислував на оваа тема. Што мислите дали е возможно некако да се спои подземниот паркинг на ГТЦ со делот зад новата зграда на Телеком (на Дивелоп Груп) и во тој празниот простор кој денес е руиниран да се направи катна гаража?

Во тој дел на ГТЦ колку што се сеќавам има/имаше подземен продажен простор на Техномаркет кој мислам дека е споен со паркингот. На таков начин би се користел постоечкиот влез на гаражата на ГТЦ, и со евентуална катна гаража во тој дел кој и така за друго попаметно не може да се искористи би се добиле и екстра паркинг места и директорчињата од Телеком не би морале да го користат кејот кој патем би останал пешачка зона.

Што мислите за оваа идеја?

Edited by stratus - 23-Sep-2015 at 22:05
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2002 Posted: 24-Sep-2015 at 01:32
мене cut and cover пристапи до гаражите ми звучат многу пологично и поевтино... а таман ќе може и да се среди кејот од нула и без пропусти и крпеници... сепак објектот на телеком си има свој паркинг, кој претпоставувам дека е доволен за нив... објектите околу ГТЦ можат слободно да го користат паркингот на ГТЦ кој е огромен и жалосно неискористен
исто би направил cut and cover пристап до катната гаража кај пошта... само оваа гаража може да опслужи неколку објекти... и конечно да може мал ринг да размислува како целосно пешачки регион, со исклучок на рекорд, кој би било паметно да почека подобри времиња и развој на инфраструктурата на СКопје на генерал план

просторчето меѓу објектите позади Телеком, одамна го мислам... сега за сега најдобро ми звучи да се зазелени и да се креира една мала изолирана пешачка оаза

Edited by zabegan - 24-Sep-2015 at 01:35
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2003 Posted: 24-Sep-2015 at 08:40
Коментар на еден читател на Утрински весник, за улицата на кејот, со кого се согласувам:

Ова е една од врвните, од многуте досегашни глупости што ги предлага градот. Ова е против интересите на граѓаните а во интерес само на еден објект Т-мобиле. Улиците покрај Вардар се претворени во шеталишта уште во 50-тите години од минатиот век а градот денес, кога цел свет централните градски подрачја ги претвораат во пешачки зони, нашите мудреци и она малку пешачки зони што ги има градот ги уништуваат. Скопјани ова не смеат да го дозволат по никоја цена. Господата од Т-мобиле може да ја користат катната гаража која е на 100 м.


http://www.utrinski.mk/?ItemID=D9F6FEA0492D644EBB92CBEB2BEC3ED2
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2004 Posted: 24-Sep-2015 at 08:52
Originally posted by stratus

Размислував на оваа тема. Што мислите дали е возможно некако да се спои подземниот паркинг на ГТЦ со делот зад новата зграда на Телеком (на Дивелоп Груп) и во тој празниот простор кој денес е руиниран да се направи катна гаража?

Во тој дел на ГТЦ колку што се сеќавам има/имаше подземен продажен простор на Техномаркет кој мислам дека е споен со паркингот. На таков начин би се користел постоечкиот влез на гаражата на ГТЦ, и со евентуална катна гаража во тој дел кој и така за друго попаметно не може да се искористи би се добиле и екстра паркинг места и директорчињата од Телеком не би морале да го користат кејот кој патем би останал пешачка зона.

Што мислите за оваа идеја?


Ovaa ideja mu ja ima kazano i Janko Jadi Burek na Koce vo emisija. Rece deka se razmisluvalo levo desno.
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #2005 Posted: 24-Sep-2015 at 12:04
Originally posted by stratus

Размислував на оваа тема. Што мислите дали е возможно некако да се спои подземниот паркинг на ГТЦ со делот зад новата зграда на Телеком (на Дивелоп Груп) и во тој празниот простор кој денес е руиниран да се направи катна гаража?

Во тој дел на ГТЦ колку што се сеќавам има/имаше подземен продажен простор на Техномаркет кој мислам дека е споен со паркингот. На таков начин би се користел постоечкиот влез на гаражата на ГТЦ, и со евентуална катна гаража во тој дел кој и така за друго попаметно не може да се искористи би се добиле и екстра паркинг места и директорчињата од Телеком не би морале да го користат кејот кој патем би останал пешачка зона.

Што мислите за оваа идеја?


одлична идеја!!
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #2006 Posted: 25-Sep-2015 at 02:04
Originally posted by zabegan

објектите околу ГТЦ можат слободно да го користат паркингот на ГТЦ кој е огромен и жалосно неискористен


И ако цените не се променети од пред една година сеуште поевтин него отворените паркинзи.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2007 Posted: 03-Oct-2015 at 10:21
Изгребан е асфалтот на ул. Кемал Сејфула во делот на Скопје Север (од чаирската амбуланта до раскрсницата што води кон Бутел 1). Овој дел на улицата беше во ужасна состојба, полн со крпеници и дупки, така што оваа реконструкција добро ќе дојде. Координати на улицата 42.022766, 21.444438 (делот меѓу ул. Втора мак. бригада и Босна и Херцеговина)



За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2008 Posted: 22-Oct-2015 at 14:13
Градот најави градење на три кружни текови во центарот на Скопје



Градските власти најавија дека се работи на проект за изградба на голем кружен тек кај НИП Нова Македонија и два помали – едниот на семафорите на надвозникот во Црниче кај „Симпо”, на крстосницата меѓу „Павел Шатев” и „Јордан Мијалков”, а другиот кај „Макпетрол”, односно на крстосницата меѓу улиците „Кочо Рацин” и „Св. Кирил и Методиј”.

– Кај НИП-от ќе се гради огромен кружен тек, најголем во градов. Сообраќајниот проект се работеше пет месеци бидејќи на постоечкиот се јави проблем со маркицата кај НЛБ Тутунска банка, каде според првичниот инфраструктурен проект требаше да се навле;е некои пет шест метри во неа. Всушност, маркицата која банката на времето ја добила била зголемена и речиси доаѓа до улицата „Кирил и Методиј”. Затоа, сега треба кружниот тек да се помести во лево. Ова е најдоброто решение кое е врзано и со подземната сообраќајница која треба да ја гради „Лимак”, но не зависи од неа. За сите три посочени кружни текови, готови се сообраќајните проекти и веќе се подготвуваат основните градежни проекти. Ако се оди по планот, очекуваме летото да се распише тендер за изведувач – најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Овие два кружни текови, кај „Симпо“ и кај „Макпетрол” ќе бидат споени со надвозник. Сообраќајните проекти се веќе изработени и во моментов се подготвуваат основните градежни проекти. Ако се оди по планот, следното лето ќе биде распишан тендер за изведувач.

Елипсовидниот кружен тек ќе ги поврзува булеварите: „Св. Климент Охридски”, „Мајка Тереза”, „Јордан Мијалков”, „Св. Кирил и Методиј”, „Митрополит Теодосиј Гологанов”, неизградениот подземен булевар на „Лимак” и улицата „Васил Ѓоргов“. Иако не е прецизирано, овој кружен тек ќе има најмалку шест ленти. „Јордан Мијалков” и „Св. Кирил и Методиј” остануваат едносмерни. Подземниот булевар на „Лимак” ќе биде под мостот каде што ќе се спојат двата кружни тека (кај „Симпо” и „Макпетрол”) и ќе биде спуштен на шест до осум метри под земја. Подземната треба да излегува на турбо кружниот тек кај Католичка црква. Според нашите пресметки проектите за трите кружни тека би требало да бидат готови до средината на следната година. Изградбата ќе се врши по фази, а ако успееме со проектирањето би почнале следното лето, до јули 2016 година, најави градоначалникот Трајановски.

Комплетниот проект ќе чини околу 12 милиони евра, а значителен дел од средствата се планирани и во би требало да се издвојат од градскиот буџет за 2016 година.

http://www.porta3.mk/gradot-najavi-gradenje-na-tri-kruzhni-tekovi-vo-centarot-na-skopje/
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2009 Posted: 28-Oct-2015 at 11:53


Пет главни проекти кои ќе го реконструираат Скопје во 2016 година





















Нацрт-буџетот за 2016 година сe уште не е готов, а кога ќе биде изработен, ќе се најде на седница на Советот на Скопје, но, сепак, начелно, познати се најглавните проекти на кои ќе се потрошат парите наменети за инвестиции.



Според изјавите од надлежните, за в година се зацртани 80 проекти за реализација, кои, според градоначалникот Kоце Трајановски, се водат како приоритети. Меѓу наведените има стари проекти, предвидени во годинашниот буџет, кои не беа започнати, па се префрлени во 2016 година, но има и нови проекти, пренесува Дневник.

- Град Скопје буџетот за 2016 година го носи во две фази. Нацрт-фазата е на дневен ред на наредната седница на Советот, а веднаш потоа ќе биде изработен и предлог-буџетот, кој ќе биде конечен план за финансирање на градските активности во наредната година. Она што е карактеристично, и во новиот буџет ќе доминираат развојната компонента и издвојувањето средства за капитални инвестиции. Имено, рационалното и ефикасното извршување на буџетот и издвојувањето речиси половина средства за капитални инвестиции ќе бидат битна карактеристика и на овој буџет - изјавија од градското одделение за односи со јавност.

Освен проширување улици, тротоари, изградба на булевари, кружни крстосници, планирани се и нови атмосферски канализации и уредување на јавни површини, појаснуваат одговорните. Притоа, потенцираат од таму, се планираат проекти во сите скопски општини, исто како и во изминатите години.

Од улиците што се на ред за проширување се посочени: булеварот Партизански одреди во Ѓорче Петров до црквата „Свети Петар и Павле“ откако ќе се решат имотно-правните односи, улицата Тодор Александров на Водно (поранешна Салвадор Алјенде), „Јордан Мијалков“ во делот на вртењето кон „Рамстор“, Трета македонска бригада кај „Тутунски комбинат“, „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска) во делот на Пинтија, булевар АСНОМ во Аеродром кон куќите, „Александар Македонски“ во Маџари, изградба на четврта коловозна лента на „Никола Kарев“, како и изградба на булеварот Србија од последна „24“ до Цементарницата и улицата Есенинова. Еден од позначајните проекти е продолжувањето на дел од булеварот Kристијан Тодоровски-Kарпош во Бутел, кој треба да се поврзе со обиколницата и проширувањето на истиот булевар на територијата на Чаир.

Во врска со кружните крстосници, планирани се неколку. Една голема кај поранешна НИП „Нова Македонија“, а две помали кај надвозникот кон Црниче и подолу кај „Симпо“ на „Павел Шатев“. Други кружни крстосници кои се предвидени во нацрт-буџетот се кај „Хубо маркет“ на 16. македонска бригада, како и на „Сава Kовачевиќ“ во делот на последната станица на линијата 24 во Kисела Вода. Планиран е уште еден, кој ќе биде на две нивоа кај Судска палата, но за него допрва ќе се знае дали ќе влезе во нацрт-буџетот за в година.

Од Градот наведуваат дека планираат неколку реконструкции: на улицата Сарај, каде што ќе биде поставено и ново улично осветление од Сарај до Глумово, на „Боца Иванова“ во Бутел до влезот во Железара, на „Александар Урдаревски“ во Бутел, како и санација на улици во Шуто Оризари.

Предвидена е и изградба на атмосферски колектор на „Џон Kенеди“ и „Kемал Ататурк“, изградба на водоводна мрежа во Шуто Оризари, два фекални колектора од левата и десната страна на Вардар, и тоа од десната, од булеварот Србија до препумпната станица, а од левата страна на потегот од Ќерамидница до препумпната станица.


ПЕТ ГЛАВНИ ПРОЕKТИ ЗА 2016 ГОДИНА

1. „Трета Македонска Бригада“ - проширување кај „Тутунски комбинат“
2. „Христијан Тодоровски-Kарпош“ - пробивање нов булевар во Бутел
3. „Борис Трајковски“ - проширување и реконструкција во Пинтија
4. „Партизански одреди“ - доизградба до црквата „Свети Петар и Павле“
5. АСНОМ - проширување во Ново Лисиче
http://skopjeinfo.mk/pet-glavni-proekti-koi-kje-go-rekonstruiraat-skopje-vo-2016-godina
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2010 Posted: 08-Nov-2015 at 00:49
Отворена за сообраќај реконструираната улица Кемал Сејфула во Бутел



Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска ја пушти во употреба улицата Кемал Сејфула во општина Бутел, која што во изминатиов период се рехабилитираше на потегот од крстосницата со улицата Ферид Бајрам до крстосницата со улицата Босна и Херцеговина, во должина од 375 метри. Зафатот се состоеше од поставување на нов асфалт на коловозот и ја чинеше градската каса 10 милиони денари. Рехабилитацијата на овој сегмент од улицата Кемал Сејфула претставува втора фаза од целосната реконструкција на оваа значајна сообраќајница, која ги поврзува општините Бутел и Чаир. Градот Скопје во 2010 година ја реализираше реконструкцијата на улицата Кемал Сејфула на потегот од крстосницата со булеварот Џон Кенеди до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Ферид Бајрам.

http://www.build.mk/?p=47119
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2011 Posted: 25-Nov-2015 at 14:21
Крстосница на два ката ќе се гради кај Бит-пазар



Кај Бит-пазар, или поточно помеѓу Судската палата и трговскиот центар „Мавровка“, Град Скопје најави изградба на крстосница на две нивоа, прва од тој тип во Македонија.

- За крстосницата кај Бит пазар беше изработена студија и наредната година ќе се продолжи со изготвување на идејни решенија за идната крстосница. Решенијата со катна крстосници се актуелни за решавање на проточноста, затоа што оваа крстосница е најфреквентна во Скопје и дневно на овој потег минуваат меѓу 75.000 и 90.000 возила - одговорија од Град Скопје за „Слободен печат“, но не појаснија кога да се очекуваат градежените зафати и дали ќе има пренасочување на сообраќајот од таа локација до завршувањето на проектот.

Проектната документација која ќе биде изработена за крстосницата годинава, ќе чини 3 милиони денари.

Инаку, за изградба и реконструкција на улици, патишта, мостови, водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација градската власт планира да обезбеди 850 милиони денари. Од нив, 750 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходи од уредување на градежно земјиште, а останатите 100 милиони од приходи од легализација на дивоградби.

Најголем дел од парите, и тоа повеќе од 818 милиони денари, ќе се потрошат во изградба и реконструкција на улици и патишта.

http://plusinfo.mk/vest/48701/krstosnica-na-dva-kata-kje-se-gradi-kaj-bit-pazar
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2012 Posted: 02-Dec-2015 at 21:13
Кружниот тек во нас. Железара





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2013 Posted: 12-Dec-2015 at 17:29


За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2014 Posted: 12-Dec-2015 at 18:22
не ми е јасно како се случило ова, нема никакви оштетувања на жардиниерата на сликиве што се вртат по интернет
како добил мерцедесов крила?

Edited by zabegan - 12-Dec-2015 at 18:23
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 414
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2015 Posted: 27-Jan-2016 at 10:57
Нов кружен тек во центарот на Скопје

Започнаа подготовките за изградба на нов кружен тек во центарот на Скопје.Градежните работници почнаа да ги уриваат бараките на Бирото за судски вештачења во Скопје кое се наоѓа на улицата Јордан Мијалков.



Овој кружен тек ќе се протега од семафорите на надвозникот во Црниче кај „Симпо“, на крстосницата меѓу „Павел Шатев“ и улицата „Јордан Мијалков“.

Бирото за судски вештачења е преселено во зградата на Македонската телевизија на 19 кат.

Скопје инфо

Не ми е јасно како планираат да го изведат проектов кога подземниот булевар не е ни почнат. А планот е двата нови кружни тека да го премостуваат подземниот на нулто ниво. Нема ваљда раскрсница со постоечкиот јужен да прават.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2016 Posted: 20-May-2016 at 12:04
Општина Аеродром деновиве изгради нова улица покрај реката Вардар на потегот од СЦ „Јане Сандански“ до булеварот „Србија“, поточно покрај булеварот „АСНОМ“.
Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината 6 метри. Пред асфалтирањето на улицата беше изведена комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа.

Улицата, исто така, има тротоари од двете страни од по два метри и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места, така што новата улица не само што ќе овозможи пристап до објектите што се градат покрај реката, туку и ќе им го олесни паркирањето на граѓаните од најблиските згради покрај булеварот „АСНОМ“.

Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.





извор: фејсбук страницата на Општина Аеродром
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2017 Posted: 31-May-2016 at 20:39
ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО АЕРОДРОМ: СРУШЕН „ГИНИСОВИОТ РЕКОРД“ ВО ИЗГРАДБА НА УЛИЦА

Одолговлекување на изградбата на улицата „Руди Чајевац“ во Аеродром, во близина на амбулантата „Јане Сандански“, беше повод за нова урбана, герила акција на активистите. Тие, преку поставување знак со сатирична содржина, известија дека Општината Аеродром влезе во Гинисовата книга на рекорди.





„По неуспешните обиди за најголемо оро на светот и најголемо тенџере со грав Општина Аеродром го обели образот на Македонија. Комитетот на Гинис за поставување светски рекорди, на седницата одржана на 23 мај 2016, ја усвои молбата/барањето на Општина Аеродром за заведување на нов светски рекорд во одолговлекување на изградба на улица.

Под референтен број ref. No/ Guiniis/records007864039567897/sk/mkd комитетот на Гинис потврдува дека улицата „Руди Чаевец“ (по ново „Методиј Шаторов Шарло“) во скопската населба Аеродром, во градот Скопје, во државата Македонија, започната уште далечната 2014 година, не е ни близу до завршување. Со тоа што оваа улица е уште недовршена, за цели 2 месеци го надминала рекордот кој досега го држеше улицата Мсрн Алам од општината Хакм Бага во истоимениот град од Бијафра, која била градена во периодот помеѓу двете светски војни. Свечената церемонија во присуство на претставници на Гинис ќе се одржи на крстосницата на „Р. Чаевец“ со „К. Новаковиќ“ на 32 мај, 2016 година, со почеток во 19 часот. На церемонијата покрај градоначалниците на Аеродром и Скопје свое учество најавија Барак Обама, Папата Бенедикт, Вселенскиот патријарх, Ајтолахот Хомеини, Ники Лауда и Наташа од трето три“, стои на знакот поставен во Стар Аеродром.



http://www.radiomof.mk/gerila-akcija-vo-aerodrom-srushen-ginisoviot-rekord-vo-izgradba-na-ulica/#prettyPhoto
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11022
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2018 Posted: 02-Jul-2016 at 17:48
Од денешното невреме:

Бутел 2



Бутел 1



фото: @malaovca (твитер)
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2019 Posted: 05-Jul-2016 at 18:52
Koce vo jadi burek.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2020 Posted: 07-Jul-2016 at 00:13
Да беше постирано од некој друг, ќе го гледав. Ама постирано од тебе, не морам ни да го отворам, знам точно што ќе изнаслушам.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 99100101102103 105>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.233 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.