build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 102103104105>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2061 Posted: 28-Jun-2017 at 17:28


Патот за Сончев од неодамна е посипан со песок на почетокот кај спојката со патот до Средно Водно, поради тоа што имаше голем број коли, а сепак сообраќајната инфраструктура не е до крај поставена.

Имам возено со точакот натаму, но камиони немам забележано.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2062 Posted: 19-Jul-2017 at 23:24
денес поставија бариери и означување на делницата на булевар АСНОМ од раскрсницата кај Мајчин дом, до сендвичарите... има некој информација за што се работи?
ми личи како да ќе се реконструира асфалтот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2063 Posted: 20-Jul-2017 at 00:26


Да, ќе се реконструира булеварот:

http://build.mk/naskoro-rekonstruktsija-na-ulitsata-vasko-karangeleski-vo-aerodrom

Иначе нека не те буни името на улицата во веста, има збрка со името на оваа сообраќајница на институционално ниво, некаде фигурира како булевар АВНОЈ, некаде како улица Васко Карангелески (како што беше и во тендерот на Град Скопје). Не ми е јасно како успеале да направат збрка и за вкава работа, ама ете можело и тоа.

Во секој случај треба да се стави крај на брката, а пологично е финално да е Васко Карангелески, бидејќи сегментов природно се надоврзува на улицата со исто име која оди кон бившата воена академија, за разлика од АСНОМ со кој се вкрстува под агол од 90 степени.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2064 Posted: 21-Jul-2017 at 11:40
Конечно! Улицата (беш)е во т.н. „крш“ состојба

Започна реконструкцијата на „Втора македонска бригада“

Започнаа градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата „Втора македонска бригада“.



На почетокот на градежните работи присуствуваa градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски и Претседателот на Советот на Општина Чаир, Заир Бектеши.

– Денеска ја почнуваме реализацијата на овој важен проект, со кој ќе се изврши реконструкција на коловозот на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Христијан Тодоровски Карпош“ до кружниот тек на улицата „Лазо Трповски“. Со овој градежен зафат, во должина од 1 181 метар, ќе биде изгребен стариот и оштетен асфалт и ќе биде нанесен нов асфалт. Покрај коловозот, со овој проект е опфатена реконструкција на велосипедските и на пешачките патеки, комплетна замена на старите рабници, а ќе бидат нивелирани и шахтите и сливниците. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и ќе се зголеми безбедноста при движењето за жителите на општините Чаир и Бутел. Покрај градежните работи, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го обнови зеленилото по должината на оваа сообраќајница, кажа градоначалникот Трајановски.



Реконструкцијата на коловозот ќе ја извршат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, додека реконструкцијата на пешачките и на велосипедските патеки ќе ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

За овој градежен зафат, Градот Скопје ќе издвои 10,6 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за 180 дена.

http://kurir.mk/republika/skopje/zapochna-rekonstruktsijata-na-vtora-makedonska-brigada-infrastrukturen-proekt-od-iskluchitelna-vazhnost-za-graganite/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2065 Posted: 24-Jul-2017 at 11:41
Почна реконструкцијата на улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром

Целосната реконструкција на улицата „Васко Карангелевски" ќе опфати реконструкција на коловозот, промена на целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600 метри. За овој градежен зафат Градот Скопје ќе вложи 7,8 милиони денари, а се очекува градежните работи да завршат до септември.



Градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски на денешната заедничка прес-конференција официјално го најавија почетокот на реконструкцијата на улицата „Васко Карангелевски“, на потегот од раскрсницата со булеварот Јане Сандански до раскрсницата со булеварот АСНОМ (СЦ „Јане Сандански“ и хотел Русија).



Станува збор за целосна реконструкција на коловозот, промена на целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600 метри.

За овој градежен зафат Градот Скопје ќе вложи 7,8 милиони денари, а се очекува градежните работи да завршат до септември.



Реконструкцијата на оваа улица значително ќе ги подобри условите во сообраќајот на оваа сè пофреквентна сообраќајница и ќе им го олесни пристапот на жителите до зградите, а што е најважно ќе придонесе за зголемување на безбедноста, соопштија од општина Аеродром.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/pochna-rekonstrukcijata-na-ulicata-vasko-karangelevski-vo-aerodrom
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2261
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #2066 Posted: 16-Aug-2017 at 16:44
Бесен поради тоа што кога доаѓам од Куманово, симнувајќи се пред црквата Пресвета Богородица, минувајќи по тесната патека на кејот Димитар Влахов и чекајќи да го поминам булеварот Филип Македонски, кој нема семафорска сигнализација ни пред МНР, ни пред Холидеј Ин, ни пред ГТЦ, за разлика од Карпош каде има семафор на секој пешачки премин, дури и на правите делници, ме сретнува карусел кој некој идиот одлучил да го постави баш тука, на најтесниот дел, да не можеш на раат да поминеш, за понатаму да ме сретнат две „улици“ на кеј измеѓу кои се распостелани маси и столови, при што на едната улица се простира бавча на еден од оние очајни обиди за брод, во исчекување и другите квази-бродови да го следат овој пример, на кој се надоврзува и слаломот во лавиринтот помеѓу Т-Хоум и другиот карусел, за да излезам на плоштад, размислував дали може да се исправи барем нешто од тоа што го упропастиле некои инфантилни ликови.

Баш кога се капев, ми текна интересна идеја - да се направи подземен конвеер испод кејот 13. Ноември за дистрибуција (утовар-истовар) на стока за кафулињата, бутиците и другите корисници, кој би се протегал од паркингот Кочо Рацин до Македонска Пошта.

Дали оваа моја идеја е издржана? Дајте аргументи „за“ и „против“.

Edited by phenomenon - 16-Aug-2017 at 16:51
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2067 Posted: 16-Aug-2017 at 19:18
Не знам колку е изводливо тоа со подземната подвижна лента. Посебно поради фактот што чини пари, а пари не сака никој да даде.

Кејот во тој дел е упропастен и се плашам дека треба темелна реорганизација на просторот за да биде повторно во служба на граѓаните, зашто сега им служи само на кафулињата и на тие од Т-Мобиле како бесплатен паркинг.

Edited by Џоле - 16-Aug-2017 at 19:18
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2068 Posted: 25-Aug-2017 at 12:44
Целосно реконструирана улицата Васко Карангелевски

Деновиве заврши реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на улицата Васко Карангелевски во Аеродром.









mkd.mk
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2069 Posted: 25-Aug-2017 at 16:01
Значи можело и за 2 недели!!!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2070 Posted: 31-Aug-2017 at 17:44
Од ФБ профилот на Коце Трајановски:

Проектот за реконструкција и проширување на дел од улицата Тодор Александров е во завршна фаза и неговата целосна реализација ќе биде комплетирана во наредниов период. Истата ја проширивме од ОУ „Кочо Рацин“ до кракот на оваа улица што води кон Панорама, во должина од околу 600 метри.

Покрај нов коловоз, оваа улица доби нови велосипедски патеки на коловозот, нови тротоари, како и нова атмосферска, водоводна и фекална мрежа.

Заради подобрување на безбедноста на учениците во „Кочо Рацин“, на потегот долж училиштето ќе се превземат дополнителни безбедносни мерки, како што е нова ограда, нова хоризонтална и вертикална сообрачајна сигнализација, како и органичување на брзината со сообраќајот до 30 километри на час.




















За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2071 Posted: 31-Aug-2017 at 17:52
Како е можно да си изградат улуци булавари во рекордо време а во чаир со години ништо? Градочалникот треба дефинитивно да си пди! Гуд Бај од октомври
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2072 Posted: 31-Aug-2017 at 18:42


Не знам за кој градоначалник поточно зборуваш, но се ближат избори, па мора да се покаже дека нешто се работи. Освен тоа, веќе не се фрлаат пари за проекти од типот на Ск2014, па може има повеќе пари во касите. Иако ми се чини дека изборите се пресудни за брзината на изведувањето на градежните работи.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2073 Posted: 31-Aug-2017 at 18:44
Се надевам дека се гради нешто квалитетно не само на брзина!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #2074 Posted: 01-Sep-2017 at 10:47
Улицава ја прошируваа повеќе од година ипол. Не е во рекорден рок направена, но морам да кажам дека сум задоволен од квалитетот на изведбата.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 49
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2075 Posted: 01-Sep-2017 at 23:42
Ова со велосипедскиве патеки им е полн погодок со оглед на теренот за изградба. Браво!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2076 Posted: 02-Sep-2017 at 22:47
не ми е јасно која беше потребата од прошитување на улицава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #2077 Posted: 03-Sep-2017 at 12:57
posto u meguvreme na panorama nikna uste cel grad... kako i da e, trotoarive se mali, patekite za tocaci ke sluzat za parkiranje, a na makedonski ne se vika shkolo tuku ucilishte

Edited by xnx - 03-Sep-2017 at 12:57
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #2078 Posted: 03-Sep-2017 at 18:18
Еден сериозен безбедносен пробелм кој го воочив. На велосипедската патека се поставени големи прилично широки решетки за собирање на атмосферската вода. Решетките се подебели од тркало на роуд бајк, а тоа би значело дека велосипедист кој на оваа стрмна улица вози надоле може да му се заглави тркалото и да излета напред. Ова е темпирана бомба за велосипдисти, мислам дека или ќе возат во лентата за автомобили или ќе ризикуваат губење глава надоле.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2079 Posted: 06-Sep-2017 at 03:27
Originally posted by xnx

posto u meguvreme na panorama nikna uste cel grad... kako i da e, trotoarive se mali, patekite za tocaci ke sluzat za parkiranje, a na makedonski ne se vika shkolo tuku ucilishte
сепак не ја гледам потребата од проширување
со години во врат ни се бута идејата дека проширување на улица е решение и дека кружен тек е најдобра крстосница...
тука проблемот беа големиот број на улички што се приклучуваат и фактот дека доколку се движиш низ населбата треба да се исклучиш од една улица, да се вклучиш на оваа, па после 50 метра пак да се уклучиш на друга, проблем што не се решава со додавање на една лента на ваков начин... да не збориме што по цела улица има директни излези од гаража
дури и на самите фотографии се гледа колку се лоши вкрстувањата и дека со скратувањето на тротоарите сега е дури и понепрегледно
а ако се навратам на тоа дека се форсираат проширувања како решение, морам да спомнам дека најголемиот очигледен проблем не е решен, а тоа е Водњанска
џабе е, ако сака нека никне уште еден град на Водно, вака само се залажува проста раја дека живее којзнае каде

и не ми јасно зошто при толкав ремонт на улица, велосипедската патека не е качена на тротоар за да биде комплетно физички одделена од сообраќајот и побезбедна
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2080 Posted: 06-Sep-2017 at 16:26
Со нетрпение чекам да видам што ново на инфраструктурен план ќе понудат кандидатите за градоначалник на град Скопје. Најголем дел од булеварите се веќе проширени што значи дека сега се на ред големите работи: сообраќаен мост, пробивање нови булевари за преполовување на гужвите... И секако оние 2 кои одсекогаш биле дел од сите програми за кои паметам "трамвај и јужен булевар " би ценел доколку повеќе не ги споменат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 102103104105>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.