build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 103104105
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2081 Posted: 06-Sep-2017 at 20:52
Originally posted by UrbanFreak

Еден сериозен безбедносен пробелм кој го воочив. На велосипедската патека се поставени големи прилично широки решетки за собирање на атмосферската вода. Решетките се подебели од тркало на роуд бајк, а тоа би значело дека велосипедист кој на оваа стрмна улица вози надоле може да му се заглави тркалото и да излета напред. Ова е темпирана бомба за велосипдисти, мислам дека или ќе возат во лентата за автомобили или ќе ризикуваат губење глава надоле.


Тоа е стварно глупо, преку целата ширина на патеката ли одат решетките?

=======

Инаку мислам дека е ова прва улица во градов на која велопатеката продолжува паралелно со коловозот кога се доаѓа до раскрсница, без да скршнува десно кон зебрата. Се надевам ќе продолжи оваа пракса. edit: Ко ќе размислам, ова е уствари прва улица (не-булевар) која воопшто има велопатека на нејзе?



Edited by fichot - 06-Sep-2017 at 20:56
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #2082 Posted: 11-Sep-2017 at 14:32
Originally posted by fichot



Тоа е стварно глупо, преку целата ширина на патеката ли одат решетките?


Да, поготово лентата за надоле. И тоа има едно 4-5 решетки една по друга. Крајно опасно. Ќе пробам да сликам деновиве.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2083 Posted: 21-Oct-2017 at 16:26

ајде Аирлија, кога Коце не успеа иако ги вметна в ГУП, ето добро е да Шилегов сака да ги протурка сообраќајните џокери за скопскиов патен карамбол, пред се' тунелот под Кале ... но без Јужен булевар + клучка наместо кружен тек кај Тутунски, ете север ќе го решат, но југ сеуште ќе нема урбан автопат ... иако се додека не бидне јавниот транспорт бесплатен, а движењето низ центар условено со вињети, метежите и загаденоста в градов уште долго ќе бидат норма ...

ако не сум грешка фали и мостот кај МЗТ односно на бул. АСНОМ за да може да се рече дека ќе се отпуши нешто од нешто скопскиот асфалт од/до Центар, но добро би било на таков мост да се остави простор и за евентуална трам траса во иднина, доколку навистина сконтаат градските власти дека еднонасочен трам е вистинско решение за трасата исток-запад [1][2] иако Шилегов беше дециден дека во негов мандат скотјани нема да видат Трам ни на слика, него ќе се заангажира постојниот скопски железнички прстен да профункционира како алтернатива ...

ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК?

19.10.2017 - Шилегов вети нови булевари, мостови, тунели, надвозници, градски воз...

Новиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов вети сериозни нови сообраќајни решенија за главниот град кои опфаќаат изградба на северен булеварски прстен, централни магистрали, мостови, тунели и нови булевари.



Во изборната програма на Шилегов пишува дека многу брзо ќе почне изградабата на северен секунадарен сообраќаен прстен кој подразбира изградба на 36 километарски булеварски прстен за поврзување на општините Кисела Вода преку булеварот Србија со општините Гази Баба, околу населбата Железара и ново булеварско решение за поврзување на Чаир и Бутел и спојување со булеварот Словенија кој треба да продолжува до Влае, Ѓорче Петров и Волково.

Предвидена е и изградба на мост на реката Вардар и тунел под Кале. Мост ќе се гради и во населбата Карпош 4 за поврзување со булеварот Скупи.



За раскрсницата кај Мавровка новиот градоначалник предвидува нивелација на раскрсницата и непречено одвивање на сообраќајот на оваа „црна точка" за движењето на возилата во Скопје.

„Ние имаме системски пристап за изградба на инфраструктурата во Скопје за растоварен и безбеден сообраќај за современ начин на комуникација и современ јавен превоз", изјавуваше за време на кампањата Шилегов.

Предвидена е изградбата на уште еден тунел за поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода - спојување булеварите „Борис Трајковски" и „Трета македонска бригада".

Шилегов предвидува да го обнови железничкиот прстен околу Скопје (шест железнички станици), воведување на градски воз со кој од Драчево до Скопје Север ќе се дојде со воз за 10 минути, и од тука со автобус или велосипед за кратко си во центарот на градот.

„Сакаме систематско решение. Сакаме коридори што ќе го поврзат градот, што ќе служат на сите подеднакво. Даваме приоритет на транзитните и градските магистрали.

Досегашниот автоцентричен дизајн на улиците целосно го отфрламе, бидејќи улицата не е само коловоз. Секоја идна улица, мост или булевар во Скопје ќе има задолжителен хуманизиран и безбеден простор за пешаци, велосипедисти и јавен превоз", изјави Шилегов и додаде дека овие решенија се однесуваат и на заштитата на животната средина и загадувањето.

http://vecer.mk/skopska/shilegov-veti-novi-bulevari-mostovi-tuneli-nadvoznici-gradski-voz
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7004
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2084 Posted: Yesterday at 22:41

сето ова се проекти кои Коце и секоја дилајла од градоначалник пред него, ги имаат ветено по сто пати, и стоеле и во урбанистички планови... ама баш утепана ми е секаква надеж дека некогаш ќе се резлизираат... но, доколку се случи и тоа (без милијарда импровизации), градов ќе доживее неверојатна сообраќајна ренесанса

ако ништо друго, барем ме радува што за некои проблеми размислуваат рационално, а не егзибиционистички... на пример, користење на железничките коридори за градски превоз за подалечните населби

Edited by zabegan - Yesterday at 22:43
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 103104105

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.249 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.