build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 113114115116117>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2281 Posted: 21-Aug-2019 at 16:33
Реконструкција на бул.Крсте Мисирков(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2282 Posted: 22-Aug-2019 at 14:03
Денес асфалтирале(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2283 Posted: 23-Aug-2019 at 12:15
Завршена реконструкција на бул.Крсте Мисирков во насока Центар-Чаир(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2284 Posted: 23-Aug-2019 at 12:32
Денес во Аеродром отпочна реконструкција на дел од ул.23 Октомври(по старо Владимир Комаров)-од фб



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2285 Posted: 23-Aug-2019 at 16:31

Започна реконструкцијата на улицата Владимир Комаров во Аеродром

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска ја почнаа реконструкцијата на улицата 23 Октомври (поранешната улица Владимир Комаров) во општината Аеродром. Оваа сообраќајница ќе се обнови на должина од 800 метри, на потегот од Транспортниот центар до крстосницата со булеварот Јане Сандански.

- Градежните работи на оваа улица очекуваме да завршат за околу една недела. Скопјани заслужуваат многу подобра инфраструктура, а за мене како градоначалник тоа е императив – нагласи Градоначалникот Шилегов.

https://skopjeinfo.mk/zapochna-rekonstrukcijata-na-ulicata-vladimir-komarov-vo-aerodrom


Од фб на градот







Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2286 Posted: 26-Aug-2019 at 12:44
Неколку денешни од бул.Кочо Рацин во пределот кон Веро Џамбо.На овој дел работите малку се ископмликуваа поради градилиштето кое пред неколку месеци се оформи поред булеварот каде треба да се гради зграда но при ископ наидоа на цевки од парно па веќе 20-тина дена прават нивно преместување или што и дае....прилично е хаотично.Инаку во другата насока веќе една лента е асфалтирана веројатно до следниов викенд ќе завршат.







Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2287 Posted: 26-Aug-2019 at 16:27

Проширување? Или така ми се чини?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2288 Posted: 26-Aug-2019 at 16:51

Не е проширување туку само гребење на асфалтот и ставање нов.Можеби така делува од фотките бидејќи во овој дел како што веќе споменав се прават дополнителни прекопи заради инсталацијата за парно.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2289 Posted: 26-Aug-2019 at 19:28
Да не се случајно гасоводни цевки, а не парно? Бидејќи пред некој ден имаше изјава од Сугаревски дека се работело на гасоводната мрежа низ Скопје, а на форумов досега ништо не се спомна околу тоа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2290 Posted: 26-Aug-2019 at 20:43

Mislam deka e parno,ekipite na teren se od BEG a i problemot fakticki potteknuva od gradilisteto da ne pocnea tamu da kopaat za zgrada verojatno nemase ni da dojde do vakva intervencija. Inaku sto se odnesuva do cevki za gas pred nekoe vreme kopaa niz Karpos okolu voena bolnica no na drugo mesto nemam primeteno.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2291 Posted: 27-Aug-2019 at 12:38
Денес на булеварот Кочо Рацин беше невиден хаос во насока од Веро Џамбо кон раскрсницата со бул.11-ти Октомври на овој правец поставен е нов асфалт но голем дел од механизацијата стоеше на една од лентите и колоните беа километарски.Незнам зошто толку одолговлекуваа со асфалтирањето веќе месец дена стои раскопано.Веројатно наскоро ќе се асфалтира и спротивниот правец.

Edited by stef4o - 27-Aug-2019 at 12:39
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2292 Posted: 27-Aug-2019 at 16:28
По 4 дена од почетокот веќе асфалтираат-ул.23 Октомври-Аеродром(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2293 Posted: 29-Aug-2019 at 11:55
Улицата Васил Ѓоргов опасна за пешаците, сега и за учениците

На улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец граѓаните дури и на пешачки премин тешко можат да поминат од едната на другата страна, бидејќи се вози со преголема брзина. Малкумина се оние што оддалеку ја намалуваат брзината пред да застанат да ги пропуштат пешаците. Често се слуша чкрипење на сопирачките, непосредно до пешачките премини, а најфреквентно е секогаш кај катната гаража „Зебра“. Граѓаните на оваа скопска сообраќајница постојано се изложени на опасност, бидејќи тротоарите, наместо за пешаците, како да служат за автомобилите, кои постојано се паркирани лево или десно од улицата. Наместо по тротоар, принудени се да пешачат по коловозот, каде што повторно се изложуваат на опасност и мора да внимаваат на брзината на автомобилите. Брзото возење по оваа сообраќајница сега особено ги загрижува родителите чии деца ќе мора да поминуваат преку Васил Ѓорѓов за да стигнат до новото училиште во Капиштец, со капацитет за 500 ученици. На оваа улица нема сообраќајна сигнализација, која ќе овозможи поголема безбедност, а досега веќе требаше да биде поставена. Останаа само уште четири дена пред почетокот на новата учебна година, а градот допрва на совет ќе носи одлука за тоа колку финансиски средства да одвои за основен проект за сообраќајна сигнализација. Токму поради тоа ќе помине многу време додека се реализира идејата. А дотогаш учениците ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат кога ќе преминуваат преку улица, иако влезот на новото училиште Киро Глигоров не е на оваа сообраќајница. Токму поради тоа што сега и децата ќе бидат изложени на опасност, граѓаните сметаат дека надлежните ќе мора да се погрижат што поскоро да направат сѐ за да ја зголемат безбедноста на учениците, и тоа пред сите училишта каде што се вози брзо.

– Најмногу се плашам сега за децата што ќе одат во новото училиште. Иако влезот е од другата страна, сепак децата се деца и можеби ќе поминуваат од другата страна на улицата Васил Ѓоргов. Се вози лудо и брзо и затоа мора да се направи нешто за нашите најмали – вели загрижена баба, жителка на Капиштец.

Пред неколку години жена го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Васил Ѓоргов, во близината на ТЦ „Зебра“. Автомобилот што ја прегази се движел со недозволена брзина и заврши во излозите на блиската фризерница, качувајќи се дури по скалилата што водат до неа. Лани во сообраќајна несреќа на оваа улица исто така беше повредена жена, која заврши со тешки повреди во Ургентниот центар, а годинава само пред неколку месеци исто така се случи несреќа на оваа улица, кога при судир меѓу мотоцикл и автомобил, мотоциклистот доби повреди и исто така заврши во болница. Ова се само дел од сообраќајните несреќи на улицата Васил Ѓорѓов, кои потврдуваат дека оваа улица претставува една од поопасните во Скопје. Градот веќе најави издвојување финансиски средства за основен проект за сообраќајна сигнализација на оваа сообраќајница, за што советниците треба да одлучуваат на наредната седница на советот. Но до финалната реализација на проектот ќе помине многу време, а и учебната година ќе почне.

Главната грижа на родителите е како децата да бидат безбедни во сообраќајниот метеж кога ќе одат на училиште. Во врска со овој проблем не се чувствуваат опуштено ниту родителите на децата што одат во основните училиште Димитар Миладинов, спроти зеленото пазарче, ниту пак оние чии деца се ученици во ОУ „Блаже Коневски“ во Аеродром, како и во кое било друго каде што е во прашање безбедноста на децата. Дополнителна сообраќајна сигнализација веројатно многу повеќе ќе ја зголеми безбедноста на децата, која, како што велат родителите, треба да им биде приоритет на градските власти.

Градот Скопје во соработка со општината Центар периодов предвидува поставување сообраќајна сигнализација на улиците, чија цел е да ја намалат брзината на сообраќајот. Дел од причината за поставување сигнализација е да се намали брзината на сообраќајот на овие улици за да се овозможи побезбеден пристап до училиштата што се наоѓаат на територијата на градот Скопје. Како дел од овој проект за забавување на сообраќајот се улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкиевиќ. Но, според последните информации, во процес е изработка на основен сообраќаен проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот на овие улици и поставување сообраќајна сигнализација на улиците во согласност со основниот сообраќаен проект, кој треба да се најде на дневен ред пред градските советници.

Градот Скопје не ни одговори на прашањето кога би можело да се види новата сообраќајна сигнализација. Од друга страна, пак, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека учесниците во сообраќајот секојдневно се сведоци на голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот. Тие велат дека не се почитуваат сообраќајните правила и прописи, сообраќајната сигнализација, а има и ниско ниво на култура, етика, толеранција, како и ниско ниво на меѓусебно почитување помеѓу учесниците во сообраќајот. Ваквата состојба резултира со голем број сообраќајки и голем број загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи. Анкетите на РСБСП покажуваат дека околу 50 отсто од возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација. Но ова не смее да се случува на улиците по кои сега ќе се движат деца.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/улицата-васил-ѓоргов-опасна-за-пешаци/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2294 Posted: 31-Aug-2019 at 18:29
Завршува реконструкцијата на бул.Крсте Мисирков(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2295 Posted: 03-Sep-2019 at 11:58
Денес доста хаотично,беше затворена едната страна од бул.Кочо Рацин и околните улички беа преполни со возила.Веројатно се нанесуваше последен слој асфалт еве неколку денешни



Во другата насока кон Верото се одвиваше сообраќајот



Веројатно тука ќе има уште еден пешачки бидејќи искршија дел од средишната жардињера и денес асфалтираа

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2296 Posted: 03-Sep-2019 at 13:25
Доцни реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“

Иако реконструкцијата на првата фаза од улицата „Индира Ганди“ започна на 18 јули, а беше најавено дека таа ќе биде завршена за 30 дена, сè уште не е готова. Како што истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов, имало проблем со населението.

– Не се почитува сообраќајниот режим од страна на населението, па екипите не се во можност да работат. Привршува првата фаза од реконструкцијата. Од моментот кога ќе ја завршиме првата фаза ќе почне втората. Во завршна фаза е тендерот за втората фаза – одговори Шилегов.

Тој потенцираше дека оваа улица не е реконструирана повеќе од 50 години.

– Минатата година се работеше на канализацијата на улицата „Индира Ганди“. Ја изработивме во целост канализацијата во Шуто Оризари – информираше Шилегов.

Оваа значајна сообраќајница треба да се обнови на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Словенија“ до улицата „Бутелски венец“.

По повеќе децении се реконструираaт коловозот и дел од тротоарите на улицата „Индира Ганди“, со цел да се обезбеди добра инфраструктура за граѓаните, особено во општината во којашто живеат најголем број социјално загрозени лица.

За овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 16 милиони денари.

– Скопје заслужува многу подобра инфраструктура од онаа што ја затекнав кога дојдов за градоначалник и на тоа перманентно ќе работиме. Скопјани заслужуваат многу повисоки стандарди за живеење – изјави градоначалникот Шилегов, на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Индира Ганди“.

Тој упати апел граѓаните секојдневно да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Градоначалникот замоли за разбирање додека траат градежните работи за обнова на улиците зашто крајната цел е Скопје да добие функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните.

(А.П.)

https://www.vecer.press/доцни-реконструкцијата-на-улицата-и/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2297 Posted: 05-Sep-2019 at 12:42
Завршена е реконструкцијата на ул.Индира Ганди во Шуто Оризари и бул.Кочо Рацин во Центар(од фб)





----------------------------------------------------------







+ неколку мои од булеварот,има оставено дополнителна трака поред тротоарот веројатно наменета за велосипеди но од денешната тура може да се види дека се користи за застанување и паркирање на возила
Инаку го имаат поместено пешачкиот,но со стариот премин треба нешто да направат,да постават некаква ограда...












Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2298 Posted: 05-Sep-2019 at 16:23
Треба одма столпчиња да се постават покрај велосипедската патека.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2299 Posted: 05-Sep-2019 at 16:29
Ако мислиш на оние металните тешко поред коловозна лента дека ќе наредат такви,можно е пак да одат на варијанта со оние ниски гумени како на бул.Климент Охридски кои се покажаа како недоволни да го спречат паркирањето на возила.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2300 Posted: 05-Sep-2019 at 19:42
Originally posted by stef4o

Ако мислиш на оние металните тешко поред коловозна лента дека ќе наредат такви,можно е пак да одат на варијанта со оние ниски гумени како на бул.Климент Охридски кои се покажаа како недоволни да го спречат паркирањето на возила.

Да, мислев на тие гумените.
Точно e дека се покажаа како не баш ефикасни, но мислам дека е тоа подобро решение отколку никакво.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 113114115116117>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.324 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.