Скопски сообраќај (општо) |
Post Reply | Page <1 114115116117118 157> |
Author | ||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15040 |
Quote Reply #2301 Posted: 08-Nov-2019 at 10:55 | |
Една улица не знаеме да направиме Новиот асфалт на Бихаќка е дефектен – цело езеро среде улица Првиот ситен дожд ги покажа слабостите на новиот асфалт на крстосницата на Јордан Мијалков со улицата Бихаќка, која беше асфалтирана минатиот викенд после повеќе од 40 дена откако беше раскопана. Пред семафорите е формирано езерце со вода и на секое поминување на возилата, особено во средната коловозна лента, се креваат високи бранови со вода кои ги прскаат другите возила, но досегаат и до тротоарите. https://plusinfo.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b0%d1%81%d1%84%d0%b0%d0%bb%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d1%85%d0%b0%d1%9c%d0%ba%d0%b0-%d0%b5-%d0%b4%d0%b5%d1%84%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d1%86%d0%b5/ |
||
За сè има вторпат
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2302 Posted: 08-Nov-2019 at 11:30 | |
Незнам кои улици ги избраа за приоритетни летово кога реконструираа но изгледа не ги опфатија тие кои се поважни според мене бидејќи често се движам на релација кон Мавровка слободно може да се каже дека и при најмал дожд веднаш се полнат со вода добар дел околу пешачките острови кај МАНУ и кај семафорите кај Судска Палата а исто и кај Нова Железничка автобусите имаат направено огромни вдлабнатини кои се полнат со вода. За тротоарот поред МАНУ и судовите не вреди да се коментира откако е направен не е фрлен грам асфалт за санација.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2303 Posted: 11-Nov-2019 at 13:57 | |
Хаос на „Рекорд“ во Скопје – Принцот го нема, остана само коњот!
https://www.ubavinaizdravje.mk/ekstra/foto/haos-na-rekord-vo-skopje-printsot-go-nema-ostana-samo-konot/ |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2304 Posted: 14-Nov-2019 at 14:14 | |
Во дел од Бутел како во Среден век
Ова е улица во срцето на урбаниот дел на општина Бутел. Улица Бутелска 35, ископана од Водовод и оставена така веќе подолг период. Живееме како во Среден век.“ - напишаа бутелчани на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од состојбата во која живеат овие жители. Граѓаните се жалат велејки дека улицата е едноставно непроодна дури и опасна за движење. https://skopjeinfo.mk/vo-del-od-butel-kako-vo-sreden-vek |
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #2305 Posted: 14-Nov-2019 at 16:44 | |
Добро бе, за месец и пол сме 2020 г., а се' уште се користи боја што за помалку од недела избледува. Се прашувам до кога ќе го тераат истото...
Зарем е толку тешко секоја улица во градот да е убаво (и трајно) обележана? |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2306 Posted: 25-Nov-2019 at 15:44 | |
Пластичарска ќе се проширува, ама тајна е кога
Улицата Никола Карев или позната како пластичарска улица ќе се проширува и тоа во неколку фази. Како што најавуваат од градот, првата фаза на реконструкцијата ќе започне наредниов период, но оттаму не дефинираат ниту датум, ниту месец од кога ќе почнат работите. Иако поставивме конкретни прашања што предвидува проектот за проширување на оваа сообраќајница, во колкава должина и ширина ќе се прошири, од кога ќе започнат активностите и до кога ќе траат, од градот – молк. Не ни кажаа ниту колку ќе чини проширувањето. Проектот за проширување на улицата Никола Карев ќе се одвива фазно, а во моментот кога ќе започнат активностите тие ќе бидат презентирани во јавноста. Во наредниов период ќе започне првата фаза на проектот, која ќе се одвива до клучката Детелина во близината на Бит-пазар, до касарната „Илинден“ – само кратко ни одговорија од градот. Во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, јавно кажа дека утредента по неговото гостување, односно во четвртокот, треба да почне електронската лицитација за изведувач на проширувањето на пластичарската улица. Тоа значи дека се веќе познати деталите за тоа какви промени ќе претрпи оваа сообраќајница. Но ако реконструкцијата на оваа улица беше проект на поранешниот градоначалник Коце Трајановски и истиот тој има претрпено измени, од градот не ни одговорија ниту за тоа во што се состојат измените на проектот и дали тој сега чини помалку или повеќе од претходно. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/пластичарска-ќе-се-проширува-ама-тајн/ Edited by stef4o - 25-Nov-2019 at 15:45 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2307 Posted: 05-Dec-2019 at 07:37 | |
Пластичарска улица ќе добие канализација, а напролет проширување
Од Градот информираат дека со овој проект е предвидено целосна реконструкција на коловозот и негово проширување, промена на електричните инсталации, како и реконструкција на канализациониот систем на овој потег Скопскиот градоначалник го најави почетокот на реконструкцијата и проширувањето на улицата „Никола Карев“, или позната како Пластичарска улица. Тој информираше дека тендерот за избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи е завршен, но не обелодени која е таа и колку ќе чини реализирањето на овој проект, со образложение дека е меѓу период кога сè уште не е истечен рокот за жалби по тендерската постапка, по што и официјално ќе се склучи договорот со фирмата, кога и ќе биде обелоденето сè. Од Градот одговорија дека се во завршна фаза постапките за почеток на реконструкцијата и проширувањето на улицата „Никола Карев“, на потегот од клучката „Детелина“ во близина на Бит-пазар, до касарната „Илинден“. Во моментов се работи на проектите за сообраќајни режими и очекуваме градежните работи на терен да започнат во текот на овој месец – истакнаа градските власти. Првата фаза од проектот опфаќа поголем број на сегменти. – Со истиот се опфатени целосна реконструкција и проширување на коловозот на потег од клучката „Детелинка“ до улицата кај влезот на касарната „Илинден“, во вкупна должина од 1.440 метри. На овој потег ќе се добијат четири сообраќајни летни, пешачки и велосипедски патеки, а на делови и разделно зеленило -објаснија градските власти. Освен тоа, булеварот ќе довие ново осветлување со канделабри во висина од 9 метри, а ќе се дислоцираат електричните и телекомуникациските инсталации. Предвидено е и поставување на нова атмосферска канализација со променлив профил, во вкупна должина од 2.162 метри, како и водоводна мрежа на двата крака, во вкупна должина од 2552 метри. Како што информираше Шилегов прво ќе се работи на поставување на канализационата мрежа, па од мај наредната година ќе се работи на проширување на улицата. Проширување на улицата „Никола Карев“ за уште една сообраќајна лента најавуваше и претходниот градоначалник Коце Трајановски уште во 2013 година. (А.П.) https://www.vecer.press/пластичарска-улица-ќе-добие-канализа/ |
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 533 |
Quote Reply #2308 Posted: 05-Dec-2019 at 15:50 | |
И сето тоа во неверојатни 20 метри! Алал.
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1112 |
Quote Reply #2309 Posted: 05-Dec-2019 at 19:49 | |
Без одвоени насоки (не мора зеленило), столпчиња и места за привремено паркирање ефектот ќе биде 0.
|
||
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #2310 Posted: 05-Dec-2019 at 21:50 | |
На мелење празна слама ми личи ова...
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2311 Posted: 12-Dec-2019 at 17:36 | |
Зошто новиот булевар Чаир – обиколница со години чека бел ден?
На скопјани никако не им е јасно кој е виновен што новиот булевар – кој треба да значи директен излез од Чаир на обиколницата, без да се влегува во Бутел, со години не се завршува и стои онаму каде што застана кога се промени власта. – Уште само малку остана, а никако да го завршат. Кога прашуваме во општината Бутел ни велат оти градоначалникот на Скопје е одговорен и тука завршува приказната, вели за „Скопско ехо“ Соња М. жител на Чаир. – А што да се каже, кога кај нас има се уште населби кои немаат канализација, немаат вода за пиење, немаат асфалт… кога вака набројуваме, булеварот му доаѓа како луксуз, ни вели нејзиниот сограѓанин Исмаил Р. кој живее на улицата Џон Кенеди. Медиумите бараат одговори од Петре Шилегов, односно тоа го бара и од неговиот претходник. Имено Коце Трајановски го обвинува Шилегов дека требал да заврши нешто што било речиси 90 проценти готово. Барем така најави Трајановски своевремено кога почна со градењето 2015 година, па вети дека за 13 месеци ќе биде готово. Сега сме 2019 година, а булеварот не е мрднат понатаму. Актуелниот градоначалник доцнењето го образложи со тоа дека ако проектот се реализира како што е предвиден, пола Скопје ќе остане без вода и електрична енергија. Алтернатива, не даде. Булеварот требаше да го реши хаосот што се создава во сообраќајот во овој дел од Скопје. Дали ќе види бел ден или ќе остане желба до некаде остварена, па заборавена во политичките пресметки? https://skopskoeho.mk/zoshto-noviot-bulevar-chair-obikolnitsa-so-godini-cheka-bel-den/?fbclid=IwAR0tQw38EFrbThSssNCHzoMNLrG8oxFjUZSOU9PeCfKyr-fP6R10ebsAF0g |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2312 Posted: 12-Dec-2019 at 17:40 | |
Почна реконструкцијата и проширувањето на Пластичарската улица
Град Скопје започна со првата фаза од реконструкцијата и проширување на булеварот „Никола Карев“ или попозната како Пластичарска улица. Ова може да се види од фотографиите што на фејсбук ги објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Како што информираат од Градот, предвидена е целосна реконструкција и проширување на коловозот на потег од клучката „Детелинка“ до улицата кај влезот на касарната „Илинден“, во вкупна должина од 1.440 метри. На овој потег ќе се добијат четири сообраќајни летни, пешачки и велосипедски патеки, а на делови и разделно зеленило. Булеварот ќе добие ново осветлување со канделабри во висина од 9 метри, како и дислокација на електрични и телекомуникациски инсталации. Со овој проект е предвидена и поставување на нова атмосферска канализација со променлив профил, во вкупна должина од 2.162 метри, како и водоводна мрежа на двата крака, во вкупна должина од 2.552 метри. (А.П.) https://www.vecer.press/почна-реконструкцијата-и-проширувањ/ |
||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4077 |
Quote Reply #2313 Posted: 12-Dec-2019 at 17:43 | |
Конечно!!! Особено нема веќе кабли да висат а истотака ќе добие булеварот нов лик. Да #чекор по чекор!
|
||
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 456 |
Quote Reply #2314 Posted: 12-Dec-2019 at 21:12 | |
Mn biten proekt se i tunelite na kale. Tie bi oformile kruzen tok nad semaforite koi sega postojat, pa taka ako ne se lazam od kasarnata do avtokomanda ke imame bulevar na nivo na urban avtopat, bez semafori i pesacki. Se razbira se ova paga vo voda ako divjaci parkiraat po vtorata lenta. Toj haos neznam kako kje go resat samo inace super e ova i treba da se razmisluva za prosiruvanje se do obikolnicata i avtopatot prema Kosovo.
|
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 992 |
Quote Reply #2315 Posted: 13-Dec-2019 at 09:41 | |
За жал таквите ко тебе од провинција и го уништија Скопје... Како за почеток разгледај го проектот за тунели под Кале и што тоа ќе значи за зелените површини во делот кај Градски Парк. |
||
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #2316 Posted: 13-Dec-2019 at 11:55 | |
Инаку ако провинцијалците оставеа се во рацете на вистинските, исконски, антички Скопјани, Скопје ќе беше Лондон на Балканот. Ах тие проклети провинцијалци! А толку малку фалеше...
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #2317 Posted: 13-Dec-2019 at 12:41 | |
Нема поголеми провинцијалци од старите скопјани. Они би го замрзнале Скопје во време и не би примале никого. Големината на еден град е меѓу другото и разноликоста на луѓето.
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15040 |
Quote Reply #2318 Posted: 20-Dec-2019 at 23:09 | |
извор: фејсбук страницата на Борис Георгиевски (градоначалник на Општина Гази Баба) |
||
За сè има вторпат
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19698 |
Quote Reply #2319 Posted: 24-Dec-2019 at 17:30 | |
Ќе има кружен тек, но не се знае кога
Кружен тек со надвозник кај Судска палата е решението што може да го растовари сообраќајниот метеж на оваа семафорска раскрсница, низ која се спојуваат Бит-пазар и градот и која е главниот излез на Скопје кон север и југ од Македонија. Градските власти сега прават анализи каков би бил пристапот со кој ќе се интервенира на семафорската раскрсница меѓу Судската палата, ТЦ „Мавровка“, Националната библиотека и универзитетот „Кирил и Методиј“. За потребите на проектот се вршеа мерења колкава фреквенција на возила има сега, а бројките достигнаа до рекордни 180 илјади за едно деноноќие. Сообраќајните експерти се едногласни дека оваа крстосница е една од најоптоварените, ако не и најоптоварена во градот. Експертите сметаат дека не на сите семафорски раскрсници кружните текови би биле најсоодветното решение и затоа претходно треба да се направат анализи. Освен кружните текови, потребно е проширување на дел од скопските булевари. Преку тие зафати треба да се растовари сообраќајот и да го олесни секојдневието на возачите што постојано се заглавени во колоните од возила на многу сообраќајници низ градов. – Градот Скопје презема големи активности за растоварување на сообраќајниот метеж. Раскрсницата кај Судска палата е најфреквентната, каде што дневно поминуваат помеѓу 70 и 80 илјади возила. Пред неколку седмици од страна на Центарот за управување и контрола на сообраќајот се евидентирани рекордни 180.000 возила во текот на 24 часа. Во моментов се прават анализи за конкретната сообраќајница и пристапот кон кој би се интервенирало на неа. Паралелно со ова, градот Скопје работи на повеќе проекти што директно треба да го намалат сообраќајниот метеж во оваа конкретна точка, преку зголемување на капацитетите на постојните сообраќајници, како и изградба на нови сообраќајни алтернативи. Како најважен во овој сегмент можеме да го наведеме проектот за мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале и кружен тек што ќе го поврзува булеварот Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-косовска бригада. Еден од главните бенефиции со реализацијата на овој проект е токму намалување на метежот на раскрсницата кај „ТЦ Мавровка“ преку давање сообраќајна алтернатива за возилата што доаѓаат од центарот од Бутел и Чаир. Тука, секако, е и проектот за проширување на булеварот Никола Карев, таканаречената Пластичарска улица, кој започна со реализација изминатиов период и значително ќе го зголеми протокот на возила и директно ќе влијае на намалување на бројот на возила што сообраќаат на крстосницата – објаснуваат од градот Скопје. Сообраќајни експерти велат дека кружниот тек со надвозник кај Судска палата е веќе вцртан во Генералниот урбанистички план на Скопје и тој, секако, ќе се реализира, а целта е сообраќајно да се олесни овој дел од градот. – Мерењата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот покажаа дека оваа семафорска раскрсница е преоптоварена. Кружен тек со надвозник ќе биде идеално решение. Но не може секојпат кружниот тек да биде решение. Мора да се направат сериозни анализи за да се проектира конечно решение – објаснува Николче Спасовски, дипломиран сообраќаен инженер и проектант. Во насока на растоварување на сообраќајниот метеж е изградбата на булеварот Босна и Херцеговина, како и втората фаза од проектот за изградба на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, на потегот од улицата Натанаил Кучевишки до скопската обиколница. Но и сега, наместо по обиколницата, многу товарни возила поминуваат по градските сообраќајници и создаваат дополнителен метеж. Кружен тек беше планиран и на крстосницата кај поранешна НИП „Нова Македонија“, а, според планираното, тој требаше да е најголем од сите што се изградени досега. Тој би ги поврзал булеварите Kлимент Охридски, Мајка Тереза, Јордан Мијалков, Свети Kирил и Методиј, Митрополит Теодосиј Гологанов, сѐ уште незавршениот подземен булевар на фирмата „Лимак“ и улицата Васил Ѓоргов. Кога ќе биде готово тоа, никој не може да каже со сигурност. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ќе-има-кружен-тек-но-не-се-знае-кога/?fbclid=IwAR183tIbv0XxCv4GKkadZYakiZDbeI33-nUpZqPpVuDJmJt1lrHPFgPbuvQ |
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #2320 Posted: 24-Dec-2019 at 18:12 | |
Кружен тек со подземна улица долу е решение, само кружен тек е жива глупост.
|
||
Post Reply | Page <1 114115116117118 157> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |