build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 141>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 11-Oct-2008 at 02:58
Originally posted by beTon

гледам онаму кај си бележел, тоа е Дуќанџик!
Не знам дали тоа се вика Дуќанџик, ама ти дефинитивно не гледаш каде што сум одбележал од само тебе познати причини. Трасата поминува на добар половина километар од полициската станица и од театарот на народностите, а не како што тврдиш:
Originally posted by beTon

колку што гледам ова поминува некаде зад театар на народностите и полициска бит пазар
Ти можеби ги знаеш имињата на некои стари маала кои јас не ги знам, ама јас ваљда знам да уклучам google earth па да измерам и да проверам дали е вистина тоа што го тврдиш.

Трасата е коренот на целата работа и донекаде е безпредметно понатамошно објаснување доколку не разбираш или се правиш дека не разбереш каде поминува, но понатаму изнесуваш многу проблематични тврдења па сепак ќе продолжам со одговоров.


Originally posted by beTon

баш таму освен аквадуктот (кој во тој случај ќе биде експониран доколку минува од таму таква траса) нема ништо археолошко бидејќи сондите имаат покажано дека само зад зајчев рид и во правец спроти аквадуктот спрема Бардовци и Злокуќани и Визбегово се простира Скупи.
Многу интересно како го релативизираш аквадуктот, само затоа што не ти оди во прилог на тезата...

А дали има нешто друго на тој простор не знам, можеби навистина нема, но со резерва го земам твоето тврдење зашто искрено веќе се навикнав на дезинформации од твоја страна. Во секој случај, не може да стане збор дека имало темелно макар само сондирање на цел тој огромен простор од кое би можеле да се извлечат конечни заклучоци. Особено кога тоа ќе го ставам во контекст со тунелот за кој многу побргу може да се утврди дали има нешто археолошки вредно таму и ако има добро да се истражи пред да се гради.


Originally posted by beTon

пак ќе кажам размисли дали за десет години аи за понатака со оправање т.е. дооформување на како што велиш примарната сообраќајна мрежа ќе се направи непречен проток низ Скопје, само ќе се отворат повеќе правци и ништо повеќе, а додека со надвозници и подвозници ќе се обезбеди постојан проток без застој од илјада семафори и џандари!
Токму затоа и се вика мрежа - го покрива цел град и обезбедува ефикасно движење во разни правци. Надвозници, подвозници и клучки си се планирани таму каде што треба, а не каде што некои сакаат од ракав да ги истресат. Особено не такви „инвентивни клучки“ каква што ти промовираш за кај судска палата.

Токму комплетирањето на примарната сообраќајна мрежа е предуслов за ефикасен проток во сообраќајот низ целиот град. Тоа што очигледно не го разбираш е дека и постојната мрежа што ти би ја крпел и „засилувал“ со импровизаторски интервенции е дел од таа примарна мрежа, ама само сегменти од нејзе, на кои многу често им фалат клучни врски. Затоа се ствараат „деформации“ во сообраќајните текови и преоптоварување на многу места. Иронично е тоа што токму тоа што го предлагаш ќе ги зацементира деформациите и ќе го влоши проблемот.


Originally posted by beTon

а за упадот сме на различна фреквенција, гупот не е устав ниту партија па посекако доколку се процени дека нешто треба да се промени тоа нешто треба и да се промени бидејќи проекциите се или правени преамбициозно или од луѓе што во секој случај немале поим од фрактален урбанизам (fractal urbanism)
Евентуални измени би требало да бидат издржани и легитимни. ГУП-от како што кажа ЛСЛ, секако не е ни флаер, па да може да го менува секој кратковид импровизатор како Трифун или некакви играчи на урбаната мафија како Аларова (со криминални интереси во вториов случај) или други индивидуи слични на нив. Токму заради тоа, во овој момент флексибилноста кон промени во ГУП-от ми е уште помала. Сигурно не би донеле подобрувања, туку напротив, може да го осакатат градов. Веќе имаме искуство како помина работата со малиот ринг и сега таму единствена надеж е дека ќе падне на уставен суд. А ГУП-от ми е помил дури и од Мал Ринг!

А тој фрактален урбанизам чувај го токму за фавелите во Рио. Не за Скопје кое доживеа земјотрес и почна да се гради по еден современ и ефикасен сообраќаен план. Планот е многу малку реализиран, тоа е проблемот, а не дека луѓето што го носеле немале појма од фрактален урбанизам. Во секој случај подобро да немале појма од фрактален урбанизам, отколку да немале појма од урбанизам воопшто какви што луѓе сега се обидуваат да го превртат цел град наопаку!

btw за "fractal urbanism" кога го пребарував како поим (во наводници) гугл ми враќа тачно 37 резултати. Па човече стварно не бива вака да линкаш све на што ќе налеташ по нет и тука на форумов (необразложено и прилично офтопик) да го претставуваш како којзнае какво достигнување, само за да ги поткрепиш твоите ставови.


Originally posted by beTon

а тунелот најверојатно е исто толку преамбициозен колку что бече идејата да поминува булевар низ чаршија покрај хотел арка и да излезе на стив наумов кај мнт и универзитетска, абе халуцинации за во вртелешка! но она што е mission impossible кај мојот предлог е што нема кој да се нафати на таков зафат сепак ќе го изедат и новинарите а и ќе заглави околу роковите бидејќи се ќе се гради едно по едно па ќе имаме ситуација на константно градилиште како што е случајот со клучката континентал. и ако некој го почне тој тунел јас верувам дека никогаш нема да го дочекам тоа, најверојатно ќе бидам некаде далеку од овој свет!
Прво, на таа релација што ја спомнуваш кај чаршијата не е проектиран булевар туку обична улица и не е низ чаршијата туку покрај чаршијата. Така да халуцинациите побарај си ги кај себе и аман веќе со неточниве информации.

Важечкиот сообраќаен ГУП, не е преамбициозен, туку долгорочен концепт кој гарантира ефикасно функционирање и оформување на градот на долги рокови. Проблемот со неговата мала реализација не е во планот, туку во тоа што ние сме шупаци неодговорни кон самите себе. Очигледно моментално имаме пари за секакви будалаштини (за кои ти лично даваш огромна подршка без исклучок), ама цела низа на децении никако да почнеме сериозно да одвојуваме за реализација на ГУП-от, работа која ќе ни донесе огромен економски поврат  ...за разлика од веќе спомнатите будалаштини кои само ни ги цицаат ограничените средства со кои располагаме како општество.

Од друга страна твојот предлог нема таков луксуз дури ни да биде преамбициозен, каков што би бил доколку би бил изводлив. Но дури и доколку би бил изводлив а „не толку преамбициозен“ како ГУП-от, останува фактот дека е тотално паушален и импровизаторски и автоматски крајно лош.


Edited by Cloverstack - 11-Oct-2008 at 05:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 11-Oct-2008 at 03:07
Originally posted by beTon

тешко дека со аналогни методи може да се процени точниот развој на градот од сите аспекти, а уште ќе биде потешко кога решенијата од комунизмот и луѓето што растеле во него ќе станат главен двигател на современото демократско општество каде доколку влеземе во нато дефинитивно како мала земја ќе имаме економски бум па така и голем прилив на народ од надвор како и потреба да не постојат семафори и во таков случај пак ќе се држиме до гупот од 19 век?


Неверојатно! Дури и на ГУП-от му даде идеолошка димензија... Па уште ем од 19-век ем комунистички... Ова мора да е некој ранокомунистички ГУП Nuts

beton, сообраќајниот ГУП произлегува од оргиналниот план на Кензо Танге, а на негово дооформување работеле и многу други признати експерти. Кензо Танге колку што сум запознаен не бил комунист, туку врвен светски архитект и урбан планер. Сигурно многу постручен од тебе, од Аларова, од Пенов...

А теоријава дека нашето влегувањето во Нато ќе ни наметнело „потреба да не постојат семафори“ конечно ме остави без зборови... Малце допир со реалноста не ќе е на одмет...
Roll%20eyes





Edited by Cloverstack - 11-Oct-2008 at 03:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 11-Oct-2008 at 03:33
Originally posted by evolutionary

Ne sum slusnal deka e planirano kasarnata Ilinden veke da ne bide tamu. Dali nekoj ima informacija koja naznacuva deka takvo nesto ke se sluci?


Во нишката за урбанистички планови се постирани неколку вести кога што биле објавени, а и 2-3 пати ние форумашите сме размениле по некој збор на таа тема: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 11-Oct-2008 at 14:00
ќе почнам од позади кло со репликите колку заради контра муабет, но дефинитивно нема воопшто туѓите визии и идеи да ги изедначувам со аутизам напротив само ќе додадам сол на моите, иако ти застапуваш идеја потпрена на посткомунистички рамења од архитекти кои имале инвентивност за скопскиот урбанизам колку што имале и биволите за орање!
реалноста е таа што кензо како прво воопшто не го замислувал скопје како место во кое ќе живее еден милион народ, туку место каде ќе функционираат само 250 илјади луѓе, но комунистичката ни врхушка од Варшава со одобрение на тито го масакрира урбанистичкиот план на Скопје и заедно со грчката фирма доксијадис тотално го карикираат планот на Кензо, на што и самиот тој бил прилично незадоволен! па така денес место функционалниот проект на “Танге“ имаме попрво грчко-варшавски квази урбанистички план на кого се надоврзуваат денешниве реликти од урбани архитекти, од кои не сум воопшто постручен но сигурно пофлексибилен! затоа и велам дека планот е од 19 век кога се прекројувале границите низ светот со моливче и филџан кафе, без воопшто да се размислува за можните последици, кои во нашиов случај не држат сеуште во лер, ако не не фрлиле и во рикверц (гледано долгорочно)...

кога сме кај надвозниците и подвозниците јас никаде нереков дека таа идеја е ултимативна туку дека држи вода, инаку за истата како против аргумент имаш само дека е “тотално паушален и импровизаторски и автоматски крајно лош“, ок можеби и подобар контра аргумент нема да најдеш. сепак пробај прво малку мери па сетне сечи, најди што тоа ќе биде неизводливо во таков проект, за кој јас сметам дека нема да наиде на општа подршка што заради фабрикантите по весниците, што заради сигурната спора изведба на проектите. а што е до тој гуп за кого се држиш толку цврсто мое мислење е дека дефинитивно треба да се ревидира од корен, ако ништо друго заради комунистичкиот упад што бил извршен во него уште на самиот почеток, па може да се применат нови методологии како фракталниот урбанизам за кои ти веднаш наоѓаш капаче без да разгледаш и подистражиш нешто на нет за истиот, за кој можам да ти кажам дека не е воопшто нешто ново ниту ми е само нафрлен од нет, еве ти нешто инфо: по+четокот е во фракталните науки кои пополека се издеференцираат, па така денес имаме и фракталната архитектура и фрактален урбанизам кој се јавува во 2000 со идеите на Edward Soja во неговата книга Postmetropolis, за веќе денес на големо да се користат различни методологии на фрактелен урбанизам како алатки за точно и прецизно пресметување и проектирање на развојот на урбаните средини, а го постирав примерот на Maurits како едноставен и доста разбирлив на кој се надоврзува линкот Algorithmic Architecture , сепак на ова поле има доста трудови кои може да се и теориска оснава или правец како што се:
- Using fractal dimensions for characterizing intra-urban diversity: the example of Brussels
- The application of fractal analysis and spatial technologies for urban analysis
- Fractals in urban geography : a theoretical outline and an empirical example
- Emergent Urbanism - A demonstration of complexity in London
- Comparing the morphology of urban patterns in Europe a fractal approach

Substrate, Jared Tarbell

кога сме веќе кај урбанизмот еве го сајтот каде најпрво го посочив FU , интересен блог http://predesign.wordpress.com/category/urbanism/

доколку сметаш дека овој гуп е идеален и дека мораме да се тресеме пред него тогаш држи до тоа но не се тревожи доколку друг таквиот став го смета за кусоглед да неречам затупен, сепак вреди да се проба кога веќе и е донесен па да видиме дали и колку тоа ќе го растерети скопје!? иако владата се труди преку разно разни дисперзирања на институциите и економијата да го одвлече хаосот од СК сепак тоа е далеку од едноставна работа, па така мое мислење е дека само нов земјотрес но пред се експертски може да ја оправи ситуацијата на терен, а доколку остане на овие комунистички решенија од 19 век работата ќе биде клај приклај закрпи...

што е до улицата во чаршија да нема да биде бул. но ќе биде со четири ленти и истата ќе минува баш низ чаршија т.е. долниот дел од чаршијата почнувајќи од салонот на космофон па покрај хотел арка ќе избие меѓу мавровка и стоковната илинден, така да во право си нема да мине низ чаршија но од чаршијата ќе направи east down town Clown. а за трасата под кале времето ќе си го каже своето, додека за предлогот на revolutionary стојам и понатака со оглед дека ќе се помести нешто подоле и ќе минува низ новата населба што ќе никне кај касарната! сепак главна деформација во градов се семафорите кои ги има на секои 100m па затоа и цела мрежа да се комплетира како што е по планот предвидено за десет години истата ќе биде повторно нефункционална, абе низ скопје се движиме како да сме во истамбул или њујорк а нека како да сме град со пола милион народ, а допрва ќе имаме сообраќај како низ њу делхи или рио! 

ќе додам само уште дека ако треба некаде да се бара вина тоа е во малкуте јавни дебати кои се ограничија на: добро е вака дај да не си отвараме работа и живи рани па доколку дојде до хаос тогаш ќе му ја мислиме, сепак на овој форум може само клечки да кршиме и ништо повеќе, па така еве и јас ќе ја подржам твојата иницијатива за ефективно спроведување на гупот но тоа нема да не куртули од инфраструктурен колапс, можеби се лажам но времето ќе си го каже своето, сепак има добар простор и за интервенции и корекции но и за разгледување на преамбициозни идеи како онаа мојата, па макар е истата и не реална и неиздржана! не дека некој ќе загине доколку се бараат решенија само може да се дојде до некое нзс а и да се развие дискусија за тоа што се и како се може да се интервенира во урбаниот развој на Скопје!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 11-Oct-2008 at 16:13
Бетон може би ферманов беше упатен до кловер, но со оглед на тоа што форумот е отворен за сите, ќе си земам за право да ти реплицирам на некои коментари.

1. Види вака. Ти се залагаш за промена на ГУП-ор пред се поради идеолошка причина и тоа само зашто бил донесен во едно друго време, и поради тоа што биле вклучени грци. Ова не да не ти држи вода, ама ич.

2. Може би патиш од желбата која ти прешла во комплекс. а може би и си премногу инспириран од фрактален урбанизам и сега мислиш дека по секоја цена треба да се примени врз Скопје. Нешто слично како Трифка со трамвајот. И покрај тоа што знае дека нема пари нема реални услови, булеварите не се комплетно пробиени, он со сите сили ќе го наметне трамот врз Скопје, па уште и перверзно сака да го задолжи следниот градоначалник. Јас искрено се плашам кога доаѓаат избори, да не дојде некој кадар со размислувања како твоите па да го осакати градов. Тоа што еден будала ќе расипе, сто паметни неможат да го опраат. Скопје веќе има зацртан концепт и мора сите да се придржуваме кон тој концепт без разлика колку ни се свиѓа, едноставно доколку тој концепт се реализира докарј Скопје ќе биде максимално растеретено.

3. Незнам зашто ги сатанизираш семафорите на главните раскрсници. Па тоа не е случај само у Скопје. Скопје има отприлика 100 семафоризирани раскрсници, што и не е многу. Сега пак треба да се вратам на 2. Ако се реализира ГУП-от ќе има уште многу нови клучки тамо каде што треба да има.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 11-Oct-2008 at 16:34
лслне се криви грците варшавците и сите останати за нашата никаква експертиза на ова поле, нив ги посочив како одговор на кло дека планот бил на танге и дека воопшто не бил комунистички! инаку скопје ниту имал концепт ниту ќе има ако вака се продолжи работите под тепих да се оставаат, а што е до семафорите тие сега го имаат заглавено скопје а тек за едно десет години дефинитивно ќе треба да соработуваме со љу делхи и да купуваме искуства од нив како да се справуваме со блокираните улици!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 11-Oct-2008 at 16:35
Добро бетон ја сеуште неможам да заклучам што е ставено под тепих.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 11-Oct-2008 at 16:51

Originally posted by lslcrew

Добро бетон ја сеуште неможам да заклучам што е ставено под тепих.

еве нешто...

1 АРХИТЕКТИТЕ СТРАВУВААТ ОД УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН НА ГРАДОТ

2 Живописниот рељеф на нашите улици и патишта

3 Деталните планови за атрактивните локации ќе се донесуваат експресно

... има уште многу други работи под тепих, само кога ќе излезат на видело сосе последиците веќе ќе биде касно...!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 11-Oct-2008 at 17:01
1. Гледам си ми го посочил текстов, а не си го прочитал!! Убаво си пушува дека треба да се почитува, а ти си против тоа. Јасно пишува дека проблеми се појавуваат каде што се градело надвор од планот. Јасно пишува дека кртични моменти се доградба на зградите во трговски и 100-катници. За зградите во трговски се слагам, а за стокатниците е само оној неоснован страв од земјотресот. Нормално тука се и паушалните барања како она на општина центар. Знаеме дека со општина центар располага мафија, а не екперти така да зсакаат да зграбат што е можно повеќе градешно земјиште.

2. Рељефот е поради немање пари и редовно одрржување. А немањето пари не е долговековен процес. Тоа е нешто што ќе се смени за 5, 10 години. Тоа нешто што се мења за краток период, а ГУП-от има поголема временска вредност од стандардот на јп улици и патишта.

3. Потполна поддржка за идејата за носење дупови.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 11-Oct-2008 at 17:30
првото се однесува за бришењето на крушевска, а второто се однесува дека не е само да се трасираат улиците и да се пополнат со неквалитетен асфалт, денес постојат и квалитетни еластични асфалти какови што има по европа и со каков е помината новата А1 хрватска магистрала покрај море, но тоа значи кеш за што ние и не сме баш расположени многу, а за дуповите се е ок само што нема сеопфатна јавна дебата, туку само еднодневен митинг за поплаки! значи не дека нешто треба или не треба да се направи но тие нешта што се прават треба да се доволно транспарентни и воопшто да не се штеди на анализи и експертски соочувања, нешто што би довело да има редовни форуми како скопје 2008 за секоја интервенција или идејно решение...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 11-Oct-2008 at 17:59
beton, ЛСЛ ти одговори на многу работи, па јас само за неколку...

Прво со сила го изместуваше тунелот за да вкопи во твојата теза, сега па упорно ја претставуваш таа улица покрај чаршијата де како булевар, де како „улица со 4 ленти“. Ова едноставно кажано е невистина. Ете ти го ГУП-от, според профилот на вцртаната улица јасно е дека се планирани две ленти. И јасно е од каде поминува - покрај чаршијата, а не низ. Тоа е сигурно многу подобро решение за снабдување на чаршијата отколку влегување во нејзе, па макар било и регулирано и контролирано.
И сега како да водиме добра дискусија кога ги извртуваш и очигледните факти??? Ohno

Семафори има насекаде во светот и ете многу понапредни од нас не успеале да се отарасат од нив. Бетон, не може да има клучки насекаде (иако е многу проблематична твојата дефиниција на клучка, не сум сигурен дали уште стоиш на решението што го предложи прееска). Крстосниците се неопходни и од тоа нема бегање. Но во целата таа приказна има уште еден многу важен факт - семафорите во иднина ќе имаат сосема поинакво функционирање од семафорите во минатото. Компјутеризација и централно следење на крстосниците носи цела една низа на поволности во најразлични ситуации и за најразлични примени, така да тоа може да биде само чекор напред. „Паметни семафори“ со сензори и со обработка на податоците можат автоматизирано многу ефикасно да управуваат со сообраќајот низ целата мрежа. По потреба во одредени ситуации исто така е пожелно директно да се вклучи човечки фактор, ама не сообраќаец како што замислуваш, туку оператор што ја прати ситуацијата од контролна соба. Не бива тоа да го споредуваш со сегашнава катастрофална и раштимана состојба на крстосниците и семафорите во Скопје.

Инаку немам ништо против тој фрактален урбанизам, само го оспорив тоа што ти се обиде да го протнеш како некаков си револуционерен лек што ги лечи сите болести. Гледам на какви места има примена... (хаотични градови или нивни такви делови). Во Скопје таков пристап дефинитивно нема место. Уклучи Google Earth, погледни го Скопје и би требало да ти стане јасно зошто е така.

А твоето идеолошко-политичко толкување на ГУП-от, на кое го посвети најголемиот дел од постот, не вреди ни да се коментира... Само можам да заклучам дека токму тоа е работата што не ти дава мир, па сега ГУП-от мораш да го искасапиш тотално, само колку да се „исчисти“ од наводните непожелни комунистички влијанија.
Ама ваков деструктивен идеолошки пристап не е ништо ново од твоја страна, памтам дека сакаше да рушиш и други „комунистички творевини“ како Аеродром, Капиштец, Градски Ѕид... Мислам дека тоа доволно зборува за твојот концепт и визија што ја имаш за градов. Изгледа живееме во различни реалности па нема шанса да си влијаеме на меѓусебното мислење, ама барем другите форумаши кои се заинтересирани за оваа тема можат да си извлечат свои заклучоци.

Јас само би апелирал до тебе да престанеш да ја разводнуваш дискусијата до толку - зборевме за сообраќаен ГУП, а ти си "all over the place", од идеологија, преку геополитика стигна до видови на асфалт и хрватскиот А1... Ти се испукуваш со се што ти лежи на срце за кое немаш друго место каде да го кажеш, ама патем ја упропастуваш дискусијата.



Edited by Cloverstack - 11-Oct-2008 at 18:02
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 11-Oct-2008 at 18:56

Thumbs%20Up дека сум се истурил тоа е вистина, дали е беспотребно времето нека каже зошто секоја споделена информација која во секој случај е во контекст на дополнување и образложување или несогласување на и со напишаното за тунелот, идејата на evo и решението со подвозници и надвозници е повеќе од добредојдена, негледам никаде разводнување освен во постојаните ??? зошто некој да има поинаков point of view... што е до синхронизацијата на семафорите само ќе речам камо машините да можат да излезат на крај со каубојскиот начин на функционирање на скопјани, и фракталниот урбанизам од овој аспект е дискутабилен доколку не му се вметне и функција “преполно слободна волја и административно и граѓански“, но вреди да се проба! а за досегашните несогласувања со изгледот на скопје само ми пара очи матка1 како појава, ниту капиштец, ниту аеродром ниту Градски ѕид, изгледа ме имаш нешто помешано со некого или ептен ти делувам негаторски расположен кон СК па и ме етикетираш како таков, сепак немам проблем многу со тоа освен што имам само чувство дека ептен си накурчен на мене, гледај само да не ми скршиш кичма Ouch ако се сретнеме, сепак тука сме за муабет!!!

но може има и нешто вистина околу разводнувањето, во право си може треба само сеир да фаќам и да си бркам работа, сепак тука сум гостин, но понекогаш кога ќе ме повлече некоја дискусија се залетувам да одговорам на секоја дилема што се отвора. можеби тоа е резултат на преголемото слободно време или пак на тврдокорната дебата што се развива, но најверојатно највеќе од се е можноста да се осмелувам од нешто подруг агол да им приоѓам на муабетите и сигурно на прв поглед делува дилетантски, но дефинитивно е едукативен момент, било во позитев или негативен контекст за останатите форумџии...



Edited by beTon - 11-Oct-2008 at 19:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 12-Oct-2008 at 20:41
Капиталните проекти ќе бидат употребливи за месец и половина

Клучката “Континентал“, првата фаза од булеварското решение на Македонски војски во населбата Ѓорче Петров, проширувањето на булеварот Србија, како и изведбата на уште една лента на булеварот Гоце Делчев, ќе бидат готови најмногу за еден и пол месец. Ова го најави градоначалникот Трифун Костовски, кој беше лично да се увери како се одвиваат активностите на овие градилишта. Екипите на “Гранит“ интензивно работат на трасирање на улицата, односно на изведбата на првата фаза од булеварското решение за Македонски војски. На проширениот дел, пак, на булеварот Србија, на кој од неодамна и се сообраќа, екипите на “Водовод и канализација“ работат на решавање на проблемот со атмосферските води, со што практично ќе се заврши целиот проект. Привршува и проширувањето на булеварот Гоце Делчев, додека на клучката “Континентал“ екипи на ЈП “Паркови и зеленило“ хортикултурно го уредуваат просторот. Деновиве таму ќе се изведе и неопходниот кружен тек, кој е проценето дека ќе биде готов за најмногу дваесет дена. “И покрај обезбедените пари проектите доцнеа поради бирократски причини. Сепак, среќен сум што нивната изведба е при крај, бидејќи тие во нашата програма за работа се водат како капитални проекти што им ги ветивме на граѓаните“, вели Костовски.

Градоначалникот најавува и дека во ребалансот на буџетот, за кој Советот треба да се изјасни за десетина дена, се предвидени дополнителни средства за неколку други поголеми проекти. “Доколку Советот на Скопје даде зелено светло, од градската каса ќе се издвојат пари за уредување на двете страни на коритото на Вардар, согласно со прифатениот проект на студентите од Архитектонскиот факултет. Ребалансот предвидува и пари за поставување жардиниери по должината на целиот булевар Партизански одреди и 8 Септември“, вели Костовски.

За проширувањето на булеварот Илинден, Костовски рече дека се уште не се надминати имотноправните проблеми, иако Градот е подготвен да ги обесштети сопствениците, но за реални суми.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1020&Itemid=54


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 14-Oct-2008 at 00:28

Градот блокиран од градежни зафати

Скопјание вчера доцнеа и по еден час на своите работни места поради проширување на неколку улици во Градот, но и поради седумте утрински сообраќајки


Најмалку две недели ќе траат поправките на Мостот Гоце Делчев

Скопјани вчера доцнеа и по еден час на своите работни места поради градежните активности за проширување на неколку улици во Градот. Сообраќајот беше дополнително отежнат и од седумте сообраќајни незгоди што вчера биле регистрирани на големите раскрсници.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека екипи од сообраќајната полиција веднаш биле вклучени да помогнат во расчистувањето на метежот, но, за жал, граѓаните мораа да чекаат во автомобилите и во автобусите, оти сообраќајните незгоди се случиле на многу фреквентни сообраќајници.

- За застојот во сообраќајот се „виновни“ реконструкциите на раскрсницата на булеварот Никола Карев и улицата Скупи, на Мостот Гоце Делчев, каде што од три, работи само една коловозна лента. Се поправа и сообраќајницата на потегот помеѓу булеварите Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Голаганов. Освен тоа, до 11 часот во централното градско подрачје се случија седум сообраќајни незгоди. Овој сплет на околности придонесе за застојот во сообраќајот - велат од СВР Скопје.Инфраструктурата во градот каска во однос на растечкиот број на возилата во градот. Според локалните власти, Градот не може да одговори со умни и брзи решенија, со оглед на буџетот што го има.

Проблемот кулминира во сообраќаен колапс и поради големиот број градежни зафати на скопските сообраќајници последниве месеци.

Според градските власти, најмалку две недели ќе траат поправките на Мостот Гоце Делчев и на раскрсницата кај Момин Поток. Иако требало да почнат во август, поради проблем со конкурсите, задоцнила неколку месеци. Градоначалник Трифун Костовски вчера им се извини на скопјани за дополнителната нервоза со градежните работи, но вети дека до крајот на годината тие ќе го почувствуваат благодатот од овие проекти.

- Очекувам дека за 15 до 20 дена ќе биде пуштена во функција обновената и проширена раскрсница кај Момин Поток, а клучката кај хотелот „Континентал“ ќе биде завршена до 13 ноември. Имаме проблеми со дел од партнерите со фабриката „Карпош“, која ги произведува бетонските елементи за хортикултурно средување на средишното зеленило и поради тоа има и мал застој во реконструкцијата на булеварот Александар Македонски, што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот. Улицата Гоце Делчев, исто така, ќе заврши брзо. Треба да почнат и работите на т.н. детелинка, односно надвозникот кај Бит-пазар, за кој се надеваме дека ќе биде готов до крајот на годината. Потоа ќе почне и хортикултурното уредување помеѓу Судската палата и Бит-пазар - најави Костовски.

Анела Петрова,Марија Тасев
Фото Слободан Ѓуриќ

СТАВ
Што правевте летоска?!

Градоначалникот Трифун Костовски им се извини на скопјани за вчерашното доцнење на работното место, но не кажа дали ќе им ја надомести изгубената дневница поради сообраќајниот колапс во центарот на градот. Образложението на градските власти дека метежот се создава поради огромниот број возила на скопските тесни улици веќе не држи. Оваа гарнитура беше избрана токму и поради ветувањата дека ќе го решат сообраќајниот хаос. Точно е дека без застој не може да течат градежните работи наменети токму за растоварување на постојаниот шпиц. Но, зошто сево ова не се направи во текот на летните одмори, кога градот е поиспразнет? Оправдувањето со доцнењето на конкурсите е проѕирно. Веќе сме доволно искусни со нашите политичари. Знаеме дека сите реконструкции во градовите и општините ги оставаат за пред изборите. Иако не знаеме колку рејтинг-поени ќе добијат од нервозните возачи.

Марија Тасев

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7AC0638071CD6341B49B03BAEF364F88

Еден мост го закрчи целиот град


Градежните работи за санација на попуштените фуги на мостот Гоце Делчев вчера предизвикаа сообраќаен хаос во цело Скопје. Во утринските часови движењето на возилата беше отежнато, а на некои места во централното градско подрачје и речиси целосно запрено и по дваесетина минути, а автобусите беа пренасочувани по други улици.

-Иако имаше мал пропуст во комуникација со сообраќајната полиција, така што гаснењето на семафорите и регулирањето на сообраќајот од нивна страна беше направено околу еден час подоцна отколку што беше потребно, сепак главните виновници се самите возачи кои воопшто не ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. На мостот една лента е затворена но движењето се врши по другите две. Во случајов не се даваше никаква предност на автобусите, а возачите се префрлаа од една во друга лента. Затоа сметаме дека е неопходно присуство на сообраќајната полиција на мостот, особено во време на сообраќајните шпицеви, велат во Градот.
Според надлежните од секторот за комунални работи на Град Скопје, пак велат дека се работи за вообичаено сервисирање на мостот, односно за санација на дилатационите фуги, односно спојот меѓу мостот и насипот од страна на објектот на Владата.

-Овие градежни работи кои се вообичаени кај мостовите, не би требало да траат повеќе од еден месец, меѓутоа се зависи од временските услови, но ќе се работи и во саботите и неделите, велат од Секторот.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A49C648F1479AB4F872EDF1983D3F6C9


Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 14-Oct-2008 at 14:32

Градот вчера беше катастрофа!
Ми требаа околу 15 минути (со кола)* да го поминам булеварот МХ Јасмин од Музејот па до Нова Македонија и тоа во 5:30 попладне!
Ај што бил блокиран заради градежни работи, ама не ми е јасно од каде толку коли низ градот и до кога е работното време по ново?
Ако не се лажам до 4:30.

* нормално дека не возев јас

Edited by maestro13 - 14-Oct-2008 at 14:33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 20-Oct-2008 at 23:12
Пречистен текст....
Во Скопје ударнички се градат улици, сообраќајот во колапс


Изградба на клучката „Континентал“

Од вчера се затворени неколку приоди кон раскрсницата на Бит-пазар, која вообичаено е многу фреквентна локација. Приодите се санираат, по што ќе биде изведен надвозник - детелинка. На булеварот „Крсте Мисирков“ во тек е и изградба на жардиниера во средишното зеленило, а Општина Чаир најавува дека наскоро ќе ја реализира идејата за натпатник на булеварот, меѓу пазарот и другата страна на улицата. И за тоа ќе треба нов режим на сообраќај. Од минатиот викенд се затворени и приодите кон раскрсницата кај Момин Поток заради нејзина реконструкција и проширување заедно со делови од булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ и улицата „Скупи“.


Замена на металните спојки на мостот „Гоце Делчев“ со улицата


Изградба на трета лента на булеварот „Гоце Делчев“

Наскоро ќе почне и проширувањето на улиците околу раскрсницата кај Тутунскиот комбинат, за што се чека привременото решение за сообраќајниот режим. Во Градот најавуваат дека набрзо ќе стартува и реализацијата на булеварот „Илинденска“, за што се чека да се добие дозвола од Општина Центар.

„Ќе наложам изведувачите да работат ако треба и 24 часа и да го користат ’мртвото време‘ во ноќните часови кога нема сообраќај на улиците, особено кога се работи за помали градежни зафати за кои го ангажираме градското јавно претпријатие ’Улици и патишта’“, нагласи Костовски, образложувајќи дека летната градежна сезона Градот не ја пропуштил, туку е во прашање бирократскиот однос на општините кои ги издаваат дозволите за градежните зафати. Пролонгирањето на роковите за изведба, пак, е вина и на градежните фирми поради нивни внатрешни проблеми, најчесто неисплатени плати на работниците, иако Градот во некои случаи плаќал и предвреме.


Реконструкција и проширување на раскрсницата Момин Поток заедно со делови од булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ и улицата „Скупи“

„Ниту нас ниту граѓаните ги интересираат проблемите на фирмите. Градот навреме ги намирува своите обврски и поради тоа во иднина и во тендерите ќе бидат поставени рокови како услов и ќе се бара работење 24 часа и во викенди и на празници“, вели Костовски и нагласува дека во Скопје огромен проблем е немањето подземен катастар, што пред секој зафат ги компликува работите и го одложува почетокот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=3AD95A04794E0746A76ADA8D31518581


Немогуче, 24 саата ќе работеле!!!


Edited by lslcrew - 20-Oct-2008 at 23:16
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 21-Oct-2008 at 00:12
Ќути и 36 ке проработат, ама на крајот на мандатот нема големо фајде да има. Требаше овие "новини" да ги воведе уште пред 3 год. Нејсе.
Многу ме радува што почнаа да прават барем нешто ама ова треба да се минорни и постојани зафати. На Скопје му требаат големи инвестиции во тунели и градски автопати. Мислам дека со крпење ни нема спас. Сепак раздвижувањето е за поздравување!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 03-Nov-2008 at 01:46
Еве ви неколку слики од реконструкцијата на Момин Поток

1

2

3

4


Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 03-Nov-2008 at 20:31
Ne gleam rabotnici na slikive ama citam sto zbori kirilicniot Trifka: „Ниту нас ниту граѓаните ги интересираат проблемите на фирмите. Градот навреме ги намирува своите обврски и поради тоа во иднина и во тендерите ќе бидат поставени рокови како услов и ќе се бара работење 24 часа и во викенди и на празници“


Edited by evolutionary - 03-Nov-2008 at 20:36
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 03-Nov-2008 at 20:33
Originally posted by evolutionary

Ne gleam rabotnici na slikive ama citam sto zbori kirilicniot Trifka: „Ниту нас ниту граѓаните ги интересираат проблемите на фирмите. Градот навреме ги намирува своите обврски и поради тоа во иднина и во тендерите ќе бидат поставени рокови како услов и ќе се бара работење 24 часа и во викенди и на празници“


Види поубаво (сл. 2)... чепркаа нешто.


Edited by pbanks - 03-Nov-2008 at 20:34
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 141>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.