Скопски сообраќај (општо) |
Post Reply | Page <1 120121122123124 157> |
Author | ||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #2421 Posted: 12-May-2020 at 00:26 | |
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #2422 Posted: 12-May-2020 at 07:25 | |
УШТЕ ЕДЕН НОВ БУЛЕВАР ВО СКОПЈЕ - СЕ ГРАДИ ВТОРАТА ФАЗА ОД БУЛЕВАРОТ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Екипите на Град Скопје почнаа со изведба на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, на потегот од крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски Карпош до крстосницата со улиците Ќемал Сејфула и Бутелска. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски. - Очекуваме во наредните десетина месеци да дојде до спојување со трасата на булеварот Босна и Херцеговина што веќе се работи. Граѓаните на Бутел, Чаир, Шуто Оризари и на Железара ќе имаат целосно булеварско решение со кое се спојуваат булеварот Словенија, Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош. Со тоа го реализираме она што го зборувавме со граѓаните во текот на кампањата, да почне да се формира северниот секундарен прстен околу градот. Градот Скопје нема алтернатива освен да гради добра инфраструктура за да го подобри развојот. Овде станува збор за нови 1.700 метри булевар, со ширина од 40 метри, со шест коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки и централно и странично зеленило што ќе овозможи развој на градот во наредните триесетина години - рече денеска градоначалникот Шилегов. https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 535 |
Quote Reply #2423 Posted: 12-May-2020 at 13:09 | |
Јас би рекол дека е можеби поприоритетно по завршувањето на „Босна и Херцеговина“ (жолто) да се продолжи со комплетирање на овој сообраќаен прстен од западната страна, осносно место со „Хрватска“ (розево) да се продолжи со завршување на „Словенија“ и „Црна Гора“ (зелено). Оваа серија булевари би го преземала сиот сообраќај кој се влева во Скопје од неговата западна страна, овозможувајќи директна врска со северниот дел на градот, а воедно и за сообраќајот насочен кон остатокот од градот, со излез на „Партизански одреди“ преку „Лука Геров“, додека сообраќајот кон Ѓорче Петров и Сарај би се одвивал преку постоечкиот бул. „Ѓорче Петров“. Планираните клучки би можеле привремено да бидат кружни текови или обични раскрсници како поекономично решение. Со оглед на попроблематичната експропријација што ќе треба да ѝ
претходи на изградбата на бул. „Хрватска“ (потребно е да се рушат дваесетина објекти, од кои две-три се станбени згради), можеби овој проект иако двојно подолг на крај и не би чинел многу повеќе, а би решил повеќе проблеми и тоа на долгорочен план. Edited by Théoden - 12-May-2020 at 13:10 |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2424 Posted: 12-May-2020 at 14:13 | |
Внатрешната обиколница е од круцијално значење и треба да биде во фокусот во 2021 и 2022. Дали некој знае до каде се проектите? Во програмата на Град Скопје за мај-декември 2020 не е спомената.
Не вклучувајќи ги проширувањата, по завршувањето на фаза 2 од ХТ Карпош, Градот премина на изградба на фаза 2 сосе мостот на АСНОМ, а за годинава најавена е изградба на фаза 3 и на мостот кај Сити Мол. Се надевам дека со завршувањето на проширувањата кои се во тек или планирани за годинава (а со тоа и почетокот на идната) и напредувањето на АСНОМ, Град Скопје ќе започне и со првите фази од обиколницата. Булевар Хрватска, поради експропријацијата и малку поголемата сложеност на теренот, би можел да се гради во 3 фази: Фаза 1 (темно зелено; ~0.69km) од бул. Киро Глигоров до Кружниот тек во автокоманда, каде треба да се изнајде соодветно сообраќајно решение. 4 објекти со сигурност ќе треба да се рушат, а уште два може да преставуваат проблем; Фаза 2 (зелено; ~1.32km) од кружниот тек до границата Железара-Бутел 2, со изградба на нова улица до ул. Ферид Бајрам. Потребно е рушење на група објекти близу градинката (?) во Железара; Фаза 3 (светло зелено; ~1km) од границата до бул. Босна и Херцеговина. За да се избегне рушење на голем број куќи во Бутел 2, а со тоа и повисока цена на проектот и нарушување на квалитетот на живот во населбата, со тунел или надвозник булеварот треба да ја премине пругата и да влезе во кругот на фабриката, а на свиокот кон Скопје Север да се врати назад. Edited by Staro Skopje - 12-May-2020 at 14:19 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2425 Posted: 12-May-2020 at 15:00 | |
Западниот неизграден дел е прилично подолг, па бара и повеќе фази, од кои првите 3 се поприоритетни и речиси без објекти за рушење, а фаза 4 (која може да се подели во 2) не е итна:
Фаза 1 (кафено; ~2km) од бул. Словенија до ул. Скупи, за која е најавено прераснување во Булевар и поврзување со бул. Илинденска и Љубљанска од другата страна на Вардар; Фаза 2 (светло кафено; ~1.8km) од ул. Скупи до ул. Марк Твен. Во блиска иднина пожелно би било проширување на Марк Твен во булевар, за на среден рок истиот да се спои со бул. Илинденска (проект кој во моментов е паузиран поради потребата од вијадукт долг 600 метри); Фаза 3 (црвено; ~0.88km) од ул. Марк Твен до ул. Лука Геров; Фаза 4 (портокалово; ~2.71km) од ул. Лука Геров до Обиколница со изградба на клучка која ќе ги интегрира и улицата од Сарај и бул. Ѓорче Петров. Тука би било потребно рушење на неколку објекти, а моменталната потреба од инфраструктурата предвидена со оваа фаза е помала од онаа на другите фази и од западниот и од источниот дел на внатрешната обиколница, па јас би ја оставил за крај; во употреба да се пушти заедно со идната државна болница (најавено е фазно пуштање во употреба во наредните 7 години, што, имајќи го предвид минатото, како и актуелната криза е извесно дека ќе се пролонгира). Со изградбата на овој прстен, драстично би се подобрила инфраструктурата во градот Скопје, побрзо би се поврзале западните, северните и источните делови на градот и би се намалил метежот во центарот и во јужниот дел од Скопје. Би се отворила можност и за забрзан развој на северот. Јас приоритет би ѝ дал на фаза 1 од западниот дел, особено доколку се започне со изградба на мостот кај Сити Мол. Со неа би започнало приближување на западно и северно Скопје, а Чаир и Карпош би биле значително подобро поврзани. По неа би следела фаза 1 од источниот дел, со што би се подобрила конекцијата на Железара и Автокоманда со Аеродром и Кисела Вода, како и фаза 2 од западниот дел. Потоа би следеле фаза 3 од ЗД и фаза 2 од ИД, па фаза 4 (или 4 и 5) од ЗД и фаза 3 од ИД, со што прстенот би бил целосно изграден. Со зелено се означени постоечките булевари и улиците кои моментално се прошируваат, а со жолто булеварите чијашто изградба е официјално планирана, но во моментов е без активност на терен и без, колку што знам, завршени формалности. |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #2426 Posted: 12-May-2020 at 16:24 | |
На ул.Христо Татарчев,се надевам набргу ќе го санираат...
https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија-313588822516630/?ref=br_rs |
||
FiLo
Senior Member Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 124 |
Quote Reply #2427 Posted: 13-May-2020 at 07:23 | |
Булевар Србија е ова, на само 50-100 метри од кружниот тек на последна 24 во Кисела Вода
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #2428 Posted: 14-May-2020 at 12:09 | |
Шилегов забрзано ги поврзува север и југ на Скопје (Галерија)
Заклучување поради корона вирусот и полицискиот час им помогна на градежниците речиси непречено да изведуваат големи зафати. Обновоени се повеќе булевари, се пробиваат нови, се гради и нов широк мост Двата месеци на речиси запрен сообраќај во Скопје поради корона кризата и полицискиот час градоначалникот Петри Шилегов ги искористи максимално за да отвори голем фронт за реконструкција и пробивање на нови булевари. Некои забележуваат дека тоа било несоодветно за кризата во која се најдовме поради опасноста од инфекции, но од Градот Скопје велат оваа ситуација била одлична за изведување на големи градежни зафати затоа што можело да се работи речеиси непречено. И со тоа забрзано да се остваруваат капиталните инвестиции во македонскиот главен град. Втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, на потегот од крстосницата со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ до крстосницата со улиците „Ќемал Сејфула“ и „Бутелска“, почна во понеделникот, а со тоа ќе се формира секундарниот северен прстен околу градот. За реализацијата на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ во должина од 1.700 метри и широчина од 40 метри, од буџетот на Град Скопје се издвоени околу 100 милиони денари. Ова е еден од последните проекти на Градот за проширување и рекострукција на булеварите во Скопје, откако претходно во употреба беа пуштени булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) и „Христијан Тодоровски Карпош“. „Градежните работи и динамиката на капиталните проекти кои се финансирани од страна на Градот Скопје се одвиваат во зависност од условите на терен, можностите и фазата во кои се наоѓа проектот. Деновиве беа реализирани финалните асфалтирања на проектите кои беа во завршна фаза, поточно на проектите кои генерално беа подготвени за оваа постапка веќе подолг период, но се чекаа поволни временски услови за нивна реализација. Овие неколку недели започнаа финалните асфалтирања на втората фаза од проектот за изградба на бул. ‘Христијан Тодоровски Карпош’, проширувањето на бул. ‘Никола Карев’ (Пластичарска), како и првата фаза од проектот за изградба на бул. ‘АСНОМ’“, велат од Градот за „Независен“. За реализацијата на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ во должина од 1.700 метри и широчина од 40 метри, од буџетот на Град Скопје се издвоени околу 100 милиони денари. Ова е еден од последните проекти на Градот за проширување и рекострукција на булеварите во Скопје, откако претходно во употреба беа пуштени булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) и „Христијан Тодоровски Карпош“. „Градежните работи и динамиката на капиталните проекти кои се финансирани од страна на Градот Скопје се одвиваат во зависност од условите на терен, можностите и фазата во кои се наоѓа проектот. Деновиве беа реализирани финалните асфалтирања на проектите кои беа во завршна фаза, поточно на проектите кои генерално беа подготвени за оваа постапка веќе подолг период, но се чекаа поволни временски услови за нивна реализација. Овие неколку недели започнаа финалните асфалтирања на втората фаза од проектот за изградба на бул. ‘Христијан Тодоровски Карпош’, проширувањето на бул. ‘Никола Карев’ (Пластичарска), како и првата фаза од проектот за изградба на бул. ‘АСНОМ’“, велат од Градот за „Независен“. Дополнително, Градот веќе подолго време работи на изградба на мост преку Вардар во Општина Аеродром и дополнително проширување на булеварот „АСНОМ“. Имено, изградбата на мостот почна на почетокот на март, а има за цел да ги поврзе трите скопски општини, Аеродром, Гази Баба и Центар и да го олесни одвивањето на сообраќајот во градот. Планот е изградбата на мостот да биде готова за помалку од две години. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со шест коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Вредноста на договорот за изведба на оваа фаза изнесува 365,6 милиони денари, а се предвидува да се заврши во рок од 550 дена. По овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж. Засега, Општина Аеродром, која има најмногу жители во Скопје, со Гази Баба е поврзана само со еден мост за моторен сообраќај, мостот „Близнак“. Градот Скопје продолжува да гради по план изнаоѓајќи сообраќајни решенија кои ќе обезбедат одржлива урбана мобилност за граѓаните, а тоа ќе значи побрз, поефикасен, побезбеден и поеколошки сообраќај во Скопје, смета градоначалникот. (Б.Б.) https://nezavisen.mk/shilegov-zabrzano-gi-povrzuva-sever-i-jug-na-skopje/ Фотки од горниов линк ул.Кемал Сејфула(кружен тек) бул.Босна и Херцеговина ул.Индира Ганди(Шуто Оризари) |
||
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #2429 Posted: 14-May-2020 at 18:30 | |
Конечно дојдовме во ситуација да останат само храбри и тешки проекти за во иднина
Речиси сите проширувања и полесни сегменти се направени. После мостот во Аеродром остануваат уште (од најтешките): ***Мост кај Влада и Тунел под Кале **Булевар Хрватска **Продолжување на Словенија **Мост на Љубљанска **Есенинова *Проширување на Никола Карев до Хубо и Словенија *Проширување на Македонско-Ксовска Бригада И сеуште нема инфо за поврзувањето на Булевар Македонија кај Нова Македонија...... |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 992 |
Quote Reply #2430 Posted: 14-May-2020 at 21:57 | |
Ова се веќе застарени проекти ако се суди по тоа што пример сега во Карпош на кеј кај карпата се гради нов парк, на место кое е зацртано да биде булевар и нов мост... |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2431 Posted: 14-May-2020 at 22:25 | |
Местото на кое е планиран новиот булевар, кој патем е најавен за годинава, си е празно.
Идеите се од 1965 но не би ги нарекол застарени. Некои делови од ГУП-овите базирани на автоцентричноста од 60тите денес баш и немаат смисла, некаде треба нови решенија, некаде сосема нови проекти, ама оние кои се изградени, се градат, ќе се градат или се реалистично изводливи му се апсолутно потребни на градот поради растеретување на гужвата, поврзување на различни населби, зголемување на мрежата на пешачки и велосипедски патеки и јавен превоз и изградба на празните делови од Скопје. Знам дека и ти се противиш на урбаниот хаос и урбаната мафија, но тоа не значи дека Скопје треба да биде село без булевари и згради. Зелената линија е новиот булевар, жолтото можниот простор кој би можел да го заземе, а зеленото новиот парк. Сите цртежи се претпоставки базирани на ГУП-ови, изјави и актуелната состојба. Edited by Staro Skopje - 14-May-2020 at 22:26 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #2432 Posted: 15-May-2020 at 00:31 | |
постземјотресните инфраструктурани планови се многу повеќе од колку што мислат некои луѓе, тие се зацртани да се "кичмата" на градот, базирани на многу студии и проценки проектирани кон иднината
се останато во инфраструктурата на градот е споредно еве да речеме и дека концептот на урбани авотпати е преголем залак за нас, битни се барем линиите кои ги зафаќаат и начинот на кој го поврзуваат градот стварно е жалосно град со помалку од два милиони жители, што се протега на некои 20-30 километри квадратни и чии најоддалечени урбани зони се некои 15-тина километри, да ги возиш по саат време, со 20 милијарди раскрсници и пешачки премини по пат за споредба, од наплатна рампа на Скопје до Куманово, има некои 20-тина минути возење (што е неспоредливо бидејќи е автопат, ама ми ја сфаќате поентата) |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #2433 Posted: 15-May-2020 at 11:19 | |
Кружен тек кај Поликлиника Чаир
www.facebook.com/petreshilegov |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2434 Posted: 15-May-2020 at 12:03 | |
Северниот и Јужниот булевар, нивните поврзувања, надворешната и внатрешната обиколница и градските артерии се столб на градов. Прашање е колку од нив се изводливи денес, пред сѐ Јужен Булевар во неговата целост и Крушевска Република, но нивните супститути (МТ Гологанов, КП Мисирков и сл.) во отстуство на „оригиналите“ се и те како битни. На Скопје му е потребно довршување на главните инфраструктурни проекти за да може да функционира како развиен град. Треба да се справи и со урбаната мафија и урбаниот хаос, ама тоа е потешко и поскапо. Отприлика ова е примарната мрежа сообраќајници кои го држат Скопје. Од дебело темно сино до тенко розово: надворешна обиколница-автопат, градски автопати/булевари, внатрешна обиколница-булевар, примарни градски булевари: |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19705 |
Quote Reply #2435 Posted: 15-May-2020 at 16:18 | |
Нови коридори за алтернативен сообраќај. На сите нови градски булевари.
Булевар Босна и Херцеговина. Велосипедски патеки. Тротоари. https://www.facebook.com/petreshilegov |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2436 Posted: 15-May-2020 at 18:10 | |
@kiriOK, ја додадов и (отприлика) секундарната мрежа булевари.
Кои траси не ти се допаѓаат, а каде би вовел нови? |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #2437 Posted: 15-May-2020 at 22:53 | |
се е возможно да се направи, тунели и мостови не се квантна физика, ама само во средина каде што немаш ситуација каде урбаниот развој на еден главен град се базира на лични интереси повеќе од 50 години |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2438 Posted: 16-May-2020 at 14:33 | |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2439 Posted: 16-May-2020 at 23:27 | |
Гледано чисто од аспект на сообраќајни потреби, мислам дека сепак оформувањето на полупрстенот од источната страна (булевар Хрватска) е поприоритетно. Од западната страна, во светло на проектот за БРТ, мислам дека со толкав приоритет е единствено изведбата на булевар Црна Гора до улицата Лука Геров и добро спојување со Партизанска. Со тоа ќе се растовари од транзитен сообраќај улицата Ѓорче Петров и ќе се овозможи БРТ да функционира без проблеми и по одвоени ленти по оваа сообраќајница кон која гравитира доста население. Мислам дека БРТ кој не би го опфатил Ѓорче Петров не е воопшто добро решение. Но еве да објаснам зошто мислам дека источната страна на полупрстенот е поприоритетна од западната, поточно зошто булевар Хрватска во моментов е попотребен од продолжување на булевар Словенија. 1. Западните делови од градот се неадекватно поврзани со северните, но источните делови се уште полошо поврзани. Постоечкиот сегмент од булевар Словенија веќе овозможува пристојна врска кон улицата Скупи и кон булевар 8 септември, а со оглед на тоа што веќе се наѕира проширување на булеварот Никола Карев на потегот помеѓу Момин поток и Словенечка (со клучка кај Момин поток), оваа врска ќе стане многу поатрактивна. Се најавува и продолжување на Љубљанска кон север со изградба на мост, што повторно оди во прилог на истиов муабет. Исто така, крајните западни делови од градот можат да ја користат северната автопатска обиколница како врска до северните делови на градот, а сега со веќе завршениот булевар Х.Т.Карпош, ваквата употребливост на обиколницата значително се зголеми. Од друга страна, за голем дел од општина Аеродром, општина Кисела Вода, како и за целата југоисточна околина на Скопје автопатската обиколница е неупотреблива. За овие реони, најдиректна врска кон северот на градот е низ серија слабо проточни улици во Автокоманда, Железара и Бутел 2. Истовремено целиот тој транзитен сообраќај прави гужва и проблеми низ овие зони кои се практично целосно наменети за домување. Изградба на булевар Хрватска е единственото решение во овој случај. Друго решение за жал не постои, не постои дури ни такво кое барем делумно би ги ублажило проблемите. 2. Со несреќната одлука новиот клинички центар да не се гради некаде јужно од Бардовци, туку да се гради над Кондово, отпадна и неопходноста за продолжување на булевар Словенија за оваа конкретна потреба. Со тоа отпадна и голем дел од неговата приоритетност. Edited by Cloverstack - 16-May-2020 at 23:35 |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2440 Posted: 17-May-2020 at 01:14 | |
Освен рушењето на згради, кои се другите проблеми на бул. Хрватска, па немањето на алтернатива да биде жално?
Со проблематичната одлука КЦ да се гради на Велебрдо наместо Бардовци/Злокуќани ќе треба поприлично големо вложување во инфраструктурата таму. Локацијата во Бардовци (под претпоставка дека би се довршиле Љубљанска и Словенија) беше многу, многу поповолна. Edited by Cloverstack - 19-May-2020 at 00:10 |
||
Post Reply | Page <1 120121122123124 157> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |