build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 124125126127>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2501 Posted: 08-Jun-2020 at 10:34
Originally posted by гитардемон



Да беше 2012 сега ќе разговаравме за тоа чиј споменик во вредност од барем милион евра ќе стои на сред кружниот тек


Ни тогаш 2012, ни сега 2020 нема што да разговараме, мислам дека се знае! Можда веќе е у некоја леарница при крај.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2502 Posted: 09-Jun-2020 at 19:53
Sinkhole во Црниче.

twitter.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2503 Posted: 10-Jun-2020 at 11:18
Бутелска повторно на ремонт



Жителите на населбата Бутел и на населбите што се поврзани со неа веќе не паметат по кој пат се раскопува улицата Бутелска. Но она што знаат е дека не гледаат крај на градежните зафати на оваа сообраќајница. Им се чини дека постојано се раскопува, а никогаш не се доправа. Дворовите и домовите им се наполнија со прашина од сите градежни фронтови што се отворени во општината на сите страни. Жителите велат дека е убаво што конечно нешто се гради и во оваа општина, но некако им се чини дека тоа се прави хаотично и без ред.

Раскопана е улицата Бутелска, а на семафорите пред да се сврти кон поранешната фабрика „Наше дете“, на просторот на поранешните општински бараки, се градат згради. Од градилиштата повторно се креваат облаци прашина. Речиси до скоро имаше градежни зафати на пробивањето на новиот булевар Кристијан Тодоровски-Карпош, а сосема на другиот крај сѐ уште е раскопано и уште се копа, поради изградбата на булеварот Босна и Херцеговина. Уште неисчистена прашината од изградбата на кружниот тек на улицата Втора македонска бригада, пред основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“, сега повторно се крева прашина на Бутелска.

Поплаките што ги упатуваат се однесуваат и на оштетени автомобили од раскопаниот терен. Велат дека им е смачено од сообраќајниот метеж што се случува секојдневно. На Бутелска сега не можат да се разминат ниту автобусите што сообраќаат во овој дел, ниту пак автомобилите, бидејќи целокупниот сообраќај се одвива на половина коловозна лента од улицата, затоа што другата половина е раскопана.

Пред да се изгради булеварот Кристијан Тодоровски-Карпош, оваа сообраќајница беше единствен влез и излез во општината за 36.184 жители, колку што се евидентирани на последниот попис. Но сега, велат бутелчани, во сиот овој хаос со повторното раскопување на Бутелска, пак им се случува сообраќаен метеж, бидејќи токму на кривината кај социјалните згради десно, во правец на Бит-пазар, не можат да се приклучат, па тука настанува хаос. Возилата што доаѓаат од Цетинска мораат да излегуваат на улицата Хо Ши Мин. Во понеделникот, поради зафатите на терен, сега на другата страна на коловозот, автобусите што сообраќале кон центарот на градот вртеле лево, па одоколу преку улицата што поминува кај капелата на градските гробишта, преку улицата Боца Иванова, доаѓале кај кружниот тек во Бутел за да продолжат на следната постојка на Босна и Херцеговина.

Граѓаните велат дека повеќекратното раскопување им го комплицира и инаку горчливото сегашно секојдневие со пандемијата. И не се во прашање само сообраќајните проблеми туку и тоа што се изнаголтаа прашина, а Бутелска пак е по целата должина само крпеници. Улицата последен пат со нов асфалт беше послана во 2006 година, кога градоначалник на Скопје беше Трифун Костовски. Улицата Бутелска, како што многумина ја нарекуваат, всушност е посебната улица Александар Урдаревски, која е во продолжение на Бутелска. Оваа улица се протега од Прокредит банка во Бутел до семафорите кај старите општински бараки, а сега е раскопана од фирмата „Солопром“ до Прокредит банка.

– Минатата среда почна асфалтирањето на дел од улицата Александар Урдаревски во Бутел, кое се врши во рамките на проектот за реконструкција на улицата на потегот од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосувањето со улицата Бутелска. Додека траат градежните работи на терен е воведен привремен сообраќаен режим и апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот – порачаа од Град Скопје.
Оттаму не ни одговорија што остана незавршено и зошто повторно е раскопана оваа сообраќајница, на колкав потег, од каде до каде, ќе има градежни зафати и колку ќе траат.

Но некои од граѓаните тврдат дека и она што е асфалтирано е неквалитетно.
– Во четвртокот со такси се враќав по работа дома, бидејќи брзав да не ме фати полициски час. Кога такси-возилото дојде до новоасфалтираниот дел на Бутелска, подрипна неколкупати, се исплашив да не има некаков проблем автомобилот, но таксистот рече дека тоа било од лошо поставениот асфалт. Се прашувам дали може нешто еднаш и квалитетно да се направи, а не да се копа неколкупати и пак да не чини – коментира жителка од скопската населба Радишани.

Во 2018 година на улицата Бутелска се градеше атмосферска канализација, а проектот беше на Град Скопје и се реализира во соработка со Општината Бутел. Градежните работи, како што тогаш информираа од општината, се изведуваа во две фази. Првата беше на делницата од кружниот тек на влезот во Бутел до семафорите. Втората фаза, пак, на делницата од семафорите кај пазарчето до објектот на Прокредит банка. Градежните работи ги изведуваа вработени од компанијата „Јубај“, а вредноста на проектот изнесуваше 11,8 милиони денари.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/бутелска-повторно-на-ремонт/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2504 Posted: 11-Jun-2020 at 09:33
Проширувањето на ул. Босна и Херцеговина, мала фоторепортажа од утрово:

во насока кон бул. Словенија



во насока кон Бутел 1 и 2



уште сега може да се види за што ќе служат широките тротоари



зградата во изградба право е комплексот Моди-Ливинг и локалната електродистрибуција





стариов тротоар веројатно ќе биде отстранет за старата улица да добие дополнителна лента (според ширината на новиот дел, булеваров ќе има по 3 ленти во секој правец)



моментално се работи на потегот од раскрсницата со бул. Словенија до ракрсницата кај подвозникот за Бутел 2, додека во делот од подвозникот до Т раскрсницата со новопроширениот бул. Х. Т. Карпош има застој и не сум забележал поголеми активности
За сè има вторпат
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #2505 Posted: 11-Jun-2020 at 23:09
Друже, по подвозникот е Бутел 1. Честа грешка е, знам, контраинтуитивно, но поблиску до центар е Бутел 2, а подалеку е Бутел 1.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2506 Posted: 12-Jun-2020 at 08:52
Да, знам, фала за исправката, при пишување сум притиснал погрешна бројка.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2507 Posted: 12-Jun-2020 at 10:50
Уличките околу новите згради во Маџир Маало



Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2508 Posted: 12-Jun-2020 at 13:43
Еве, не сум експерт, ама како може исти улички а 10+ пати повеќе луѓе на истата уличка да живеат?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2509 Posted: 12-Jun-2020 at 15:45
Originally posted by skopskodete

Еве, не сум експерт, ама како може исти улички а 10+ пати повеќе луѓе на истата уличка да живеат?
тоа ми е најодвратното нешто кога се носат планови за изградба на нови објекти... на стар грид се прават далеку помасивни објекти
маџир маало и стар аеродром имаат златен медал за лошо планирање


Edited by zabegan - 12-Jun-2020 at 15:45
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2510 Posted: 13-Jun-2020 at 14:03
ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ БУЛЕВАР БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Екипите на Град Скопје на терен со забрзана динамика изршуваат градежни активности и прават подготовки за асфалтирање на северниот дел од трасата на новиот булевар Босна и Херцеговина кон крајот на следната недела.
Изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина е на потегот од раскрсницата со булеварот Словенија и улицата Македонска косовска бригада, до раскрсницата со улиците Бутелска и Кемал Сејфула. Булеварот ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри и ќе има по 3 коловозни ленти во двата правца, 5 метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.













https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2511 Posted: 16-Jun-2020 at 15:07
Започна поставување на последниот асфалтен слој на улицата „Новопланирана“ 4А, во населеното место „Криви Дол“.

На терен, работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, кои во текот на денешниот ден ќе завршат со реконструкцијата. Улицата е во должина од 370 метри и истата повеќе години беше во руинирана состојба.

Оваа сообраќајница претставува пристап за поголем број на домаќинства и со обновата ќе се зголеми безбедноста за жителите од оваа населба.

Неодамна, во овој реон Општината направи и ново детско игралиште, се поставија и нови клупи за седење, корпи за отпадоци и осветлување. Исто така, значително се раззелени делот околу детската зона.

Општина Карпош продолжува да ги развива периферните делови, кои повеќе години делуваа отсечено од урбаното јадро.





https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2512 Posted: 18-Jun-2020 at 16:08
За да се зголеми безбедноста во сообраќајот, екипите на Град Скопје поставија гумени столпчиња за регулирање на сообраќајните текови на улицата Ќемал Сејфула, на вклучувањето во новиот кружен тек во Чаир.

Обележана е и хоризонталната сигнализација на коловозот на оваа прометна улица.











https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
Vicks View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Vicks Quote  Post ReplyReply #2513 Posted: 19-Jun-2020 at 01:05
Од работа се лета ако касниш 10 минути, не па да оставиш работа вака недовршена.
Толку ли кошта да се удри тенок слој асфалт врз старите ленти? Што е ова на последнава слика? Каде е лентата? Лево, десно? Еве нема толку писмени граѓани, кај да одбере да вози? Фушерај свих фушераја...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2514 Posted: 20-Jun-2020 at 12:30








https://www.facebook.com/regnum.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2515 Posted: 20-Jun-2020 at 14:02
СЕ АСФАЛТИРА ПРВИОТ ДЕЛ ОД НОВИОТ БУЛЕВАР БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА













https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2516 Posted: 22-Jun-2020 at 15:44
Започнуваме со реконструкција на улицата „Петричка“ во центарската населба Маџир Маало.
На површина од 1856 метри квадратни поставуваме нов долен строј, ја уредуваме подлогата и поставуваме нова коловозна лента, во должина од 342 метри.
Наредни за реконструкција во Маџир Маало се улиците „Браќа Кошулчеви“, „Вардарска“, „Светиниколска“, „Охридска“ и улицата „Маџир Маало“.







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2517 Posted: 27-Jun-2020 at 12:25
Проверка на квалитетот на првите два асфалтни слоја, пред денешното и утрешното завршно асфалтирање на новиот скопски булевар Босна и Херцеговина.







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2518 Posted: 27-Jun-2020 at 14:02
Со гребење асфалт Шилегов нема да го реши затнатиот сообраќај во центарот на Скопје

Скопје малку се раздвижи по долгпериод на карантини и полициски часови. И што стана веднаш главната слика на централните улици?

Колони возила, пак чекање во редици на семафор, пак големи количества издувни гасови, пак загубено време и нервози поради тесните сообраќајници…
Посебно е мачно да поминеш на главните и најголемите крстосници: кај Црвен крст, кај парламентот, кај трговските центри „Палома бјанка” и посебно кај „Мавровка”, кај Соборниот храм, на крстосницата кон Водно…

Се се тоа тесни грла кои мораше до сега да се решаваат.
Знаејќи ги овие маки на скопјани, градоначалник Петре Шилегов уште во кампањата пред да стане градски татко ветуваше дека решавање на сообраќајниот метеж
ќе му биде приоритет. Беа наведени и неколку конкретни проекти. Но, еве веќе по три поминати години тоа не се случи. Малку нешта се направени во центарот на Скопје кога е во прашање средувањето на сообраќајот. Единствено нешто што се направи беше гребањето и менувањето на горниот слој на асфалтот на делови од булеварите „Кочо Рацин” и „Крсте Мисирков” и нивното бележење со бела боја. Другите сообраќајници не се нешто поправани ниту, пак, тоа се најавува во брз период. А по требни се проширувања на сообраќајници, правење на нови надвозници, подвозници, нови регулации…
Да, факт е дека се правеа два булевара во вие две години, ама на сосема други делови од Скопје. Зарем со тоа се ќе се заврши? Хаосот во сообраќајот е пред се во центарот на градот.

ЗА ТУНЕЛОТ ПОД КАЛЕ ИМА НАЈАВИ, НЕМА ПОЧЕТОК НА ГРАДБА
– Градоначалникот не исполни ништо од она што го ветуваше. Не верувам дека ќе стаса до крајот на мандатот оти и кога нешто прави многу бавно го прави. Кога нешто се почнува треба брзо да се заврши. Ние во Ѓорче Петров цела година чекавме да се заврши улицата „Борис Сарафов”, а јас кршев кола по неа… Затоа не верувам дека сега ќе се реши сообраќајниот проблем во центарот на градот, ни рече граѓанинот Габриел Мишевски.
Реакцијата на овој граѓанин најмногу се однесува на оние најголеми проекти кои беа ветени, а кои се уште се чекаат. Се уште нема најава дека ќе почне да се гради тунелот под тврдината Кале кој треба да ги спои булеварите „Свети Климент Охридски“ и „Пластичарската”. Со тоа од центар до Бит-пазар ќе се ста сува за неколку минути, побрзо и со помало загадување од илјадниците коли. Лани беше потпишан договор за почеток на правење на главниот проект, беше најавено дека ќе биде готов до крајот на минатата година а сега веќе да е избран изведувачот. Но, од тоа се уште нема ништо. Не се најавува ниту реконструкција на најоптоварената крстосница кај ТЦ „Мавровка” преку која дневно поминуваат меѓу 80.000 и 100.000 возила. Ветувањето беше дека таа ќе биде „спуштена” за да има побрз проток, но таму и натаму е иста состојбата како и до сега – илјадници коли кои чекаат долго на семафорите и загадуваат.
– Ова крстосница за која, колку што сум запознаен,треба да биде кружен тек на повеќе ни воа, треба итно да се направи. Овој булеварот „Гоце Делчев” треба да продолжи кон Аеродром и тука ќе има уште поголем притисок на автомобилите и гужва. Се направи грешка што при сегашната реконструкција на „Пластичарска” уште сега не се направи кружен тек кога веќе се планира таа да се спои со булеварот од тунелот под Кале. Кај нас е проблем што во сообраќајот не работиме системски, смета Неџат Лужа.

УШТЕ СЕ ПРАВАТ СТУДИИ ЗА „ДАМЕ ГРУЕВ“ ПОКРАЈ ГРАДСКИ ЅИД
За годинава беше најавено дека ќе се направи и пешачката зона во центарот – од крстосницата кај парламентот па до трговскиот центар „Палома бјанка”. Низ центарот евентуално би поминувале само возилата на јавниот градски превоз, а главниот сообраќај би се вршел преку проширената улица „Даме Груев” покрај Градскиот ѕид. Но и тој проект уште е во фаза на идејна изработка. Градските власти соопштија дека моментно се работи на две одделни сообраќајни студии за ова подрачје и дека се уште не е определено конечното решение.
– Проектите кои беа ветени мошне му се потребни на централното
градско подрачје. Потребни се и велосипедските и слободни пешачки патеки. Но, многу малку се прави по ова прашање, а јас сметам дека до крајот на мандатот нема да се реализираат ветените проекти за централни сообраќајници, вели скопјанецот Звонко Димовски.
Не се спомнуваат ниту можните решенија со кружните текови на крстосниците кај Тутунски комбинат и кај ресторанот „Кај Злате” кои сега не можат да го овозможат брз проток на сообраќајот. На ред за изградба чека и пробивање на улицата „Есенинова” во Кисела Вода која треба да ги поврзе булеварите „Борис Трајковски” и “Трета македонска бригада” и да ги забрза врските меѓу Аеродром и Кисела Вода.
Практично, сите поважни проекти и проблемите на граѓаните во централното градско подрачје се уште чекаат на решавање. За илјадници возачи кои секојдневно поминуваат тука мала утеха е што се направија булеварите „Карпош“ во Бутел и втората лената на „АСНОМ” во Аеродром.

Алтернатива за булевар покрај Градски ѕид
Граѓанинот Неџат Лужа смета дека подобра варијанта од булеварот покрај Градски ѕид е воведување на еднонасочниот сообраќај.
– Мислам дека добро решение би било да се воведе еднонасочен сообраќај по централната улица „11 Октомври” се до Католичката црква, а во обратна насока од оваа црква преку сообраќајница покрај „Рамстор” кон булеварот „Кочо Рацин”. И улицата „Цветан Димов” треба да стане булевар, како и улицата „Македонско-косовска бригада”. Булеварот „Словенија” треба да се пробие до Ѓорче Петров, а новиот што се гради „БиХ” да се спои со клучката „Дијамант”, „Илинденска” да се пробие до Обиколницата…, предлага овој граѓанин.

https://skopskoeho.mk/so-grebene-asfalt-shilegov-nema-da-go-reshi-zatnatiot-soobrakaj-vo-tsentarot-na-skopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2519 Posted: 28-Jun-2020 at 11:18
Булевар Босна и Херцеговина







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2520 Posted: 02-Jul-2020 at 15:05
Ќе се реконстриура булеварот „Александар Македонски“

Град Скопје ја започна постапката за реконструкција на булеварот „Александар Македонски“, на потегот од клучката кај Бит Пазар до раскрсницата со улицата „16. Македонска бригада“. Веќе е склучен договор со скопска фирма која во рок од 40 дена по давање на налог е должна да го изработи проектот. Изработката на проектот чини 651.360 денари со вклучен ДДВ.

Од Градот не информираа кога би започнале градежните активности на овој дел од булеварот и колку би чинел вкупно овој зафат, со образложение дека јавната набавка е во тек.

– Ова лето градежни активности се предвидени на другите фази на овој булевар, поточно втора и трета фаза од реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ од раскрсницата со улицата „16. Македонска бригада“ до излезот на Скопје – велат од Градот.

Овој голем инфраструктурен проект во април го најави градоначалникот Петре Шилегов во градежната офанзива за обновување и на други булевари и улици.

Втората фаза предвидува рехабилитација на булеварот на потегот почнувајќи по патниот јазол кај „Агро-сервис“ до пред пешачки премин Хиподром, во должина од околу 2.000 метри, додека третата фаза предвидува рехабилитација на булеварот од пред пешачкиот премин во Хиподром до почетокот на патниот јазол Хиподром. Оваа фаза е во должина од околу 1.250 метри. За двете фази се предвидени околу 110 милиони денари.

https://www.vecer.press/ќе-се-реконстриура-булеварот-алекса/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 124125126127>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.451 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.