build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 127128129130131 137>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2561 Posted: 21-Aug-2020 at 14:52
ПОЧНУВАМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 20 УЛИЦИ НИЗ СКОПЈЕ, НАЈАВИ ШИЛЕГОВ

Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Востаничка во населбата Пржино. Улицата во должина од 1.100 метри ќе добие нов асфалт, нови рабници и тротоари, а 76 домаќинстава нови приклучоци на водоводната мрежа. Реконструкцијата на улицата Востаничка чини околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена.

Градоначалникот Петре Шилегов на стартот на градежните работи кажа дека во наредниот период ќе се реконструираат 20 улици низ Скопје, во сите 10 општини.

„Годинава градежната офанзива за реконструкција на сообраќајниците низ градот ја почнуваме подоцна поради пандемијата на ковид-19. Граѓаните на Скопје ќе добијат нови побезбедни улици, со што ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење. Како и лани кога покажавме еден нов, брз и ефикасен начин на работа и оваа година улиците ќе се реновираат во кус рок, со работа и навечер. Ги замолувам скопјани за малку трпение бидејќи секои градежни работи предизвикуваат пореметување на секојдневието“, рече градоначалникот Шилегов.

Од буџетот на Град Скопје Шилегов за реконструкција на улици се обезбедени околу 12 милиони евра. Во програмата за реновирање оваа сезона се влезени булеварот Александар Македонски од влезот на Скопје кон населбата Автокоманда, улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници, Пластичарска од американска амбасада до Момин Поток, а ќе почне и проширувањето на Македонско-косовска бригада со која треба да се спојат тунелите под Кале. Нов асфалт ќе добијат и булеварите Киро Глигоров, Видое Смилевски-Бато и 8 Септември, како и улиците 11 Октомври, Васил Ѓоргов, Никола Парапунов и Џон Кенеди. Ќе продолжи реконструкцијата на улиците Лазар Личеновски и Благоја Стефковски, кои почнаа да се работат лани.

Вчера Град Скопје почна со пробивање на улицата Есенинова, со која ќе се поврзат населбите Кисела Вода и Аеродром и граѓаните од овие делови на градот го избегнат тесното грло кои се создава кај „Тутунски комбинат“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochnuvame-so-rekonstruktsija-na-20-ulitsi-niz-skopje-najavi-shilegov/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 985
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2562 Posted: 21-Aug-2020 at 21:17
Бидејќи септември е месецот кога се започнуваат реконструкции на улици
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #2563 Posted: 21-Aug-2020 at 22:46
Sega napravija vlada negovite moze da gi dade tenderite na bate i tate. Cesni i odgovrni kadri
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2564 Posted: 22-Aug-2020 at 12:28
ГРАД СКОПЈЕ: ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ НА ГРАДСКИ СООБРАЌАЈНИЦИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД ВРЕДНИ 760 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Градот Скопје започна градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници во вредност од 760 милиони денари, во тековната и наредната година,соопштија од Град Скопје.

Минатите два дена, како што информираат, започна изградбата на улица Есенинова што ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром и Центар и реконструкцијата на улица Востаничка во Кисела Вода.

-Во претстојните месец дена предвидено е да започнат реконструкциите на три булевари и пет улици во неколку скопски општини. Булеварите чиишто реконструкции ќе започнат во следниве месец дена по потпишувањето на договорите со изведувачите се: Александар Македонски (Гази Баба), Видое Смилевски Бато (Аеродром) и 8 септември (Карпош). Во истиот период предвидено е да започнат реконструкциите на улиците: Никола Карев (Центар), Џон Кенеди (Чаир), Никола Парапунов (Карпош), Боца Иванова (Бутел) и Лазар Личеноски (Центар и Чаир), наведуваат од Град Скопје.

До крајот на годината, како што најавуваат, предвидено е да завршат постапките за јавни набавки и да започнат изградбите и реконструкциите на следните сообраќајници: бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бул. Никола Карев (Пластичарска), бул. Киро Глигоров, бул. 11 Октомври, ул. Македонско-косовска бригада, ул. Васил Ѓоргов, ул. Благоја Стефковски, ул. Лазар Трповски, ул. Љубљанска (со мост преку Вардар до ул. Скупи, а подоцна до бул. Словенија) и други.

-Интензивно се работи на втората фаза од изградбата на бул. АСНОМ (мостот преку Вардар), втората фаза од изградбата на булевар Босна и Херцеговина, реконструкцијата на ул. Александар Урдаревски и на улицата Индира Ганди, стои во соопштението.

Градот Скопје, наведуваат, продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите 10 скопски општини. Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки со цел обезбедување на одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.

https://24.mk/details/grad-skopje-gradezhnite-zafati-na-gradski-soobrakjajnici-vo-glavniot-grad-vredni-760-milioni-denari
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2565 Posted: 22-Aug-2020 at 17:54
Која е разликата помеѓу улица и булевар? Љубљанска, Џон Кенеди и Никола Карев (кај железничка) се 2+2 и класифицирани како улици.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2566 Posted: 26-Aug-2020 at 13:16
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО
Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот Видое Смилевски Бато, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата Февруарски поход.
- Во изминатите две години Градот Скопје сериозно вложува во инфраструктурата во општината Аеродром - целосно ја завршивме реконструкцијата на улицата Февруарски поход, како и првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, по што почнавме да го градиме и новиот мост на Вардар, кон Ќерамидница – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2567 Posted: 26-Aug-2020 at 15:35
Босна и Херцеговина + Моди




Edited by Staro Skopje - 26-Aug-2020 at 15:36
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2568 Posted: 26-Aug-2020 at 22:37
Булеварите во неколку балкански града.
Сино = автопат; зелено = булевар; жолто = булевар во изградба или најавен за годинавва; црвено = ветен булевар.

Во Скопје има 94.5km автопати, 70.88km булевари, 3.4km во изградба, 6.03km најавени за годинава и 9.91km очекувани булевари (ветени од локалната власт).




Во Приштина има 28.8km автопати и 25km булевари




Во Подгорица има 40.05km булевари



Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2569 Posted: 27-Aug-2020 at 11:41
Originally posted by stef4o

Завршуваме со реконструкцијата на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, една од најстарите скопски населби.
Покрај новиот асфалт во должина од 2700 метри, се постави нова фекална и атмосферска канализација и се реконструираше целосно водоводната мрежа.



https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik


Типично за сите улици што ги прават,немаат нагиб и шахти или и да ги има се тотално на погрешни места





(од твитер)
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2570 Posted: 27-Aug-2020 at 14:03
ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА УШТЕ ЕДНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА
На улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба од денеска се изведуваат градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Оваа втора фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски ќе го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.
- Минатата година, во првата фаза, го реконструиравме потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков. По завршувањето на втората фаза ќе започнеме со реализација и на третата фаза од реконструкцијата на оваа улица која е предвидено да биде на потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје - Белград, со што главната улица која ги поврзува населбите Маџари и Ченто ќе биде целосно реконструирана – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2571 Posted: 30-Aug-2020 at 22:25
Originally posted by Staro Skopje

Во Скопје има 94.5km автопати, 70.88km булевари, 3.4km во изградба, 6.03km најавени за годинава и 9.91km очекувани булевари (ветени од локалната власт).


Претпоставувам критериум што си го земал за класифицирање како булевар е профил барем 2х2. Ако е така, за Скопје ми текнуваат три надополнувања:

- Бојмија, вклучувајќи ја нејзината напречна врска кон Беласица (кај приградската автобуска станица)

- Кемал Сејфула

- новата сообраќајница покрај касарната Гоце Делчев, до комплексот Џеваир
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2572 Posted: 30-Aug-2020 at 22:36
Да, за булевари ги сметав улиците со барем 2 ленти во насока и ширина од 12 метри (кратки прекини, под 100 метри не регистрирав) или еднонасочните паралелни улици со барем две ленти. Се трудев секаде да применам исти критериуми, ама доста градови се, па нешто сум пропуштил.

Бојмија и првиот дел од Симеон Кавракиров (под железничка) кај нас ги заборавив. За Кемал Сејфула мислев дека е 1+1, веројатно поради паркираните коли.

Еве ги балканските градови кои ги обработив (без поправките од членовите на SSC):

Белград 192.87 булевари, Загреб 139.66, Скопје 74.1km, Тирана 46.24, Подгорица 40.09km, Русе 40.01, Сараево 39.15, Ниш 39.1, Љубљана 34.91, Приштина 25, Патра 24.44, Стара Загора 24.14, Волос 22.96, Крагуевац 18, Суботица 14.1, Бања Лука 12.62, Осијек 10.5, Драч 10.05, Ријека 7.24 и Валона 4.55, + Сплит 36.1km, Задар ~20 и Зеница 19.59. Треба да ги избројам и Нови Сад, Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Солун, Лариса и Атина. Подоцна ќе ги објавам картите.

Белград наскоро оди над 200km, а Скопје со КС, оние кои се градат и оние кои се најавени за годинава ќе достигне 83.53. Доколку градоначалникот ги исполни останатите ветувања (Кале, Хрватска, Словенија, ул. 10), тогаш за 4-5 години ќе имаме 93.44 километри, и ќе фалат остатокот од Словенија и Црна Гора, булевар од последна 5-ка до Маџари и некое проширување (М.Т.Гологанов, Качанички пат) за да престигнеме 100.

Со тоа што некои булевари (4 Јули, Борис Трајковски) може да се вратат во улици поради БРТ и велосипедски ленти.

Edited by Staro Skopje - 30-Aug-2020 at 22:50
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2573 Posted: 30-Aug-2020 at 23:27
Originally posted by stef4o

ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА УШТЕ ЕДНА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА
На улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба од денеска се изведуваат градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Оваа втора фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски ќе го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.


Денес поминав низ Маџари и не видов ама баш ништо што би сугерирало дека нешто се работи.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2574 Posted: 30-Aug-2020 at 23:30
Originally posted by Staro Skopje

Која е разликата помеѓу улица и булевар? Љубљанска, Џон Кенеди и Никола Карев (кај железничка) се 2+2 и класифицирани како улици.


За мене е булевар Партизанска, Јане Сандански, Кочо Рацин и слични на нив.

Гологанов, Борис Трајковски... јок. И мислам дека ги прекрстија од улици во булевари ради помпа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2575 Posted: 31-Aug-2020 at 11:14
СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БОЦА ИВАНОВА, ВО БУТЕЛ
Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Боца Иванова, во општината Бутел, на потегот од кружниот тек до улицата Лазар Трповски.
Оваа улица, заедно со улицата Лазар Трповски, чијашто реконструкција ќе биде изведена исто така до крајот на годинава, се исклучително фреквентни улици. Тоа се улиците кои водат до влезовите на градските гробишта „Бутел“ и кои ги спојуваат општините Бутел и Шуто Оризари, што ја чини потребата од нивна реконструкција повеќе од неопходна.
За потсетување, годинава реконструиравме и дел од улицата Александар Урдаревски која се наоѓа во непосредна близина, а во тек е изградбата на втората фаза од булеварот Босна и Херцеговина. Булеварот Христијан Тодоровски Карпош веќе неколку месеци активно го користат нашите сограѓани од северниот дел на градот кои сега благодарение на овој булевар побргу стигнуваат и до обиколницата и до централното градско подрачје.



https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2576 Posted: 02-Sep-2020 at 12:26
Вака изгледа улицата Џон Кенеди пред почетокот на реконструкција. Фотографијата нека биде за потсетување и споредба со она кое денес почнуваме да го правиме на оваа улица, а резултатот ќе го видиме по месец дена.



https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2577 Posted: 02-Sep-2020 at 12:46
Originally posted by stef4o

Вака изгледа улицата Џон Кенеди пред почетокот на реконструкција. Фотографијата нека биде за потсетување и споредба со она кое денес почнуваме да го правиме на оваа улица, а резултатот ќе го видиме по месец дена.



https://www.facebook.com/p.shilegov


СО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА, УЛИЦАТА ЏОН КЕНЕДИ ЌЕ ДОБИЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ И ОСЛОБОДЕНИ ТРОТОАРИ

Улицата Џон Кенеди, во општината Чаир, за помалку од два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на коловозот на оваа значајна сообраќајница, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош. На оваа делница во наредниот период ќе бидат изградени и велосипедски патеки, ќе се заменат оштетените рабници и ќе се изврши нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од 1.123 метри

о реконструкцијата, улицата Џон Кенеди ќе биде 5-та сообраќајница на подрачјето на Чаир со оформени велосипедски патеки, по улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина

Добиваме позитивни реакции од граѓаните од северниот дел на Скопје, покрај реконструкцијата на улицата Џон Кенеди наредната недела ќе почнеме со обнова и на улицата Македонско-косовска бригада. Веќе е изграден булеварот Христијан Тодоровски Карпош, се гради булеварот Босна и Херцеговина, а изграден е и кружен тек во Чаир – со една цел, како стратегија на градот, да обезбедиме рамномерен развој на инфраструктурата зашто овој дел од Скопје бил надвор од плановите за какво било дејствување. Кога е инфраструктурата во прашање сите граѓани на Скопје треба да имаат исти услови - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Вредноста на проектот за обнова на улицата Џон Кенеди изнесува околу 25,8 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2578 Posted: 02-Sep-2020 at 15:03
Стартува изградбата на Кружниот тек во Волково

Конечно се решава деценискиот сообраќаен проблем на околу 10 000 жители на Волково, 500 на Орман, 1200 на Никиштани, 200 жители на Кучково, а се олеснува комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово.
Рок на изведба на Кружниот тек е 90 дена.





https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2579 Posted: 03-Sep-2020 at 10:19
Кој е виновен за гужвата во скопскиот сообраќај?

Колку повеќе се зголемува бројот на возилата во Скопје, толку потешко станува движењето низ градот со автомобил. За да бидат работите уште понеподносливи, огромен дел од возачите и самите ги отежнуваат околностите во кои се одвива сообраќајот, непочитувајќи ги сообраќајните правила, на коишто инаку се согласиле во моментот кога ја земале својата возачка дозвола.

Јавен превоз
Возилата од јавниот превоз (како и возилата на прва помош, возилата на полиција, возилата на противпожарната служба) спаѓаат во посебна категорија на привилегирани возила, на коишто би требало да им се даде предност во движењето. Но, тоа во Скопје не се случува. Ретко кој ги „рецка“ автобусите на ЈСП, како и оние приватните. Ретко кој запира, за да им овозможи да се приклучат во сообраќајот, после нивното застанување.

Кога би биле малку повнимателни кон овие возила, многу би го подобриле текот на сообраќајот и би ги скратиле паузите, со кои тој се одвива.

Несовесно управување со возилото без користење на трепкачи
Трепкачите служат за, на останатите учесници од сообраќајот, да им навестите во која насока планирате да продолжите да се движите, за тие пак соодветно да го прилагодат нивното движење. Кога се движите во пресрет на споредна уличка, кон која планирате да завртите, „дајте жмигавец“, за другите да знаат што имате намера да направите следно. Вашето движење е јавно и нема зошто да не најавите дека планирате да се исклучите од главна улица и да продолжите да се движите по споредна. Плус, со давањето „жмигавец“, помагате околното движење да се адаптира на вас со време, а не во последниот момент.

Давањето „жмигавец“ сфатете го како кажување „благодарам“, „здраво“, „чао“… толку е неопходно!

Давајте „жмигавец“ кога претекнувате, кога преминувате од една сообраќајна лента во друга, кога застанувате… давајте „жмигавец“ секој пат кога, тоа го налагаат сообраќајните правила.

Пешаци, насекаде!
Пешаците би требало да ги преминуваат сообраќајниците на специјално означени зони, а не каде што ќе им текне. Зоните се измислени за да се зголеми безбедноста при движењето на пешаците на фреквентните места. Возачите знаат дека треба да внимаваат кога ќе се доближат до означените зони за пешаци, а пешаците знаат дека слободно можат да ја преминат сообраќајницата на тие зони.

Нема „ми се брза“, нема „немам време“, нема „ме мрзи“!

Ако сакате да видите како изгледа кога ова правило не се почитува, застанете 5 минути на Бит пазар и сè ќе ви стане јасно. Луѓе, како спобудалени трчаат на сите страни. Прескокнуваат тревници, разговараат на сред сообраќајница, се спремаат да скокнат од страничните садници, маневрираат со велосипеди… лудило!

Непочитување на сообраќајните знаци и правила
Ова е само надоврзување на проблемот со трепкачите.

Ако сакаш да учествуваш во сообраќај, мора да ги знаеш правилата на игра.

Ја прилагодуваш брзината на соодветните сообраќајни знаци за ограничување на брзината на движење.
Не запираш на места на коишто е забрането запирањето.
Не паркираш на места на коишто е забрането паркирањето.
Не вртиш полукружно на двојна полна линија, зашто тоа би му дошло исто како да вртиш полукружно низ ѕид.
Не „претицаш“ каде што „претицањето“ не е дозволено.
Не возиш лудачки, по сообраќајница на која често има пешачки зони.
Општа нетрпеливост и нервоза
Ова веројатно се должи на сè што наведов претходно.

Знам дека најчесто е полесно да опцуеш некој на сообраќајница, отколку да му се спротивставиш на шефот, ама дајте луѓе олабавете се! Никој не ви е крив што сте се успале утрово, па ви се брза, ви се ита! Никој не е виновен што не смета дека треба да тргне за време на жолтото светло на семафорот, зашто, ако не сте знаеле, се тргнува на зелено… Никој не сака да ги „крка“ вашите „бедови“.

https://skopjeinfo.mk/koj-e-vinoven-za-guzhvata-vo-skopskiot-soobrakjaj
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6947
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2580 Posted: 03-Sep-2020 at 11:39
Наскоро реконструкција на булеварот „8 Септември



По спроведената тендерска постапка, Градот склучи договор со фабриката „Карпош“ за реконструкција на булеварот „8 Септември“. Ќе се работи на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден“, со крстосницата со улицата „Скупи“, во должина од 800 метри.

– На овој дел од булеварот ќе се врши целосна реконструкција со нов асфалт, реконструкција на тротоарите каде има оштетување, нивелирање на шахти и сливници – одговорија од Градот

Градежните работи ќе започнат наскоро и треба да завршатво рок од 40 календарски денови, а реконструкцијата ќе чини над 43 милиони денари.

https://www.vecer.press/наскоро-реконструкција-на-булеваро/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 127128129130131 137>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.641 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.