build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 138139140141>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2494
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2781 Posted: 14-Jan-2021 at 21:07
Update
Originally posted by Staro Skopje; Градска инфраструктура; 9.7.18

Еве ја програмата на Шилегов: http://zivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/09/Programa-Skopje-09.pdf

Главните инфраструктурни проекти (поправете доколку сум испуштил или згрешил нешто):

Исполнето (2/28):
Довршување на булевар „Трета Македонска Бригада“ (стр. 32)
+ По изборите најавен и довршен булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

Во тек/делумно исполнето (6/28; +1):
Изградба на нови велосипедски патеки Кисела Вода-Карпош-Ѓорче Петров и Бутел-Чаир-Центар (стр. 17)
Проширување на булеварот „Никола Карев“ и на „Александар Македонски“, т.н. „Северен булевар“. (стр. 17)
Колектор за отпадни води (стр. 19)
Проширување на улица „Босна и Херцеговина“ во булевар (стр. 33)
Пешачки мост Ќерамидница-Аеродром - По изборите најавена изградба на булевар (стр. 34)
+ По изборите најавена и започната изградба на ул. „Есенинова“

Најавено/подготовка/минимално исполнето (13/28; +3):
Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“, со мост над реката Вардар и со тунел
од Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“. (стр. 17)
Пробивање на „Словенечка“ (стр. 18)
Гасификација (стр. 22)
Приоритетна лента за јавен превоз - По изборите најавен БРТ (стр. 24)
Изградба на булевар „Хрватска“ (стр. 34)
Зелен коридор по Лепенец - велосипедска патека и рекреативна зона (стр. 35)
Продолжување на „Љубљанска“ со изградба на мост преку Вардар (стр. 36)
Мал Ринг - пешачка зона (стр. 39)
Затворање за сообраќај на кејот кај ГТЦ (стр. 39)
Ново сообраќајно решение кај Јаја-паша (стр. 40)
Подобрување на пристапот кон Шуто Оризари (стр. 41)
+ По изборите најавено проширување на остатокот од булевар „Борис Трајковски“

Сѐ уште без активност (6/28; -3):
Спуштена раскрсница кај Мавровка (стр. 18)
Надградба на рекреативните содржини на кејот на Вардар (стр. 25)
Натпатник кај Алкалоид (стр. 34)
Кружен тек кај мостот кон Сарај (стр. 35)
Нов железнички надвозник во населбата Даме Груев (стр. 35)
Поврзување на Кисела Вода и Аеродром со врска преку пругата (стр. 37)
Врска Матка-автопат (стр. 38)

Откажано (1/28):
Мост од „Илинденска“ кон Ѓорче Петров (стр. 18)

Градоначалникот е на власт 3 години и 3 месеци
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2782 Posted: 14-Jan-2021 at 21:39
Браво за трудот
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 885
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2783 Posted: 14-Jan-2021 at 22:52
Незнам за вас, ама јас никогаш нема да му удрам штикла "завршено" на булевар Христијан Тодоровски Карпош, се додека не се исправи и доврши клучката Радишани. Таа криина едноставно не смее да остане така трајно, со тој далековод испрчен на сред булевар, со таа кривина и денивелација што се не само естетски него и финкционално закана по безбедноста.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2784 Posted: 14-Jan-2021 at 23:46
Може да се додаде и завршување на кружниот на булевар Србија. А и Никола Карев нема што да се смета како завршена се додека не се реши паркирањето. Вака ефектот е сличен од аспект на проточност.


Слаба реализација во секој случај. За жал и со вакви резултати се добиваат избори бидејќи тоа е понудата и можностите од двете партии.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 885
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2785 Posted: 15-Jan-2021 at 00:18
Булевар Никола Карев (Пластичарска) му фали многу повеќе од само решавање на паркирањето. Тоа не е никаков булеварски профил, туку по нормален свет улици од таков профил 2+2 се нормален профил на собирни улици во приградски населби. ГУП/ДУП и секаков друг X-УП јасно кажуваат кои се тамо потребите, а и јасно е видливо од секојдневната слика дека тамо треба саглам градски автопат како што е зацртан.

Можеби некој ќе протолкува дека сме многу гомнојадци, маанџии и дека многу замераваме, ама едноставно мора некој да ги држи стандардите и да повикува и потсеќа на апсолутно почитување на нормите и да нема отстапувања и компромиси со локална сива-економија, социјални категории поткупливи за гласање, некаков привиден социјален мир, и слични будалаштини и политики, во изградбата на градската инфрсатурктура. Да, можеби толку можеле да направат сега градските власти, што е добро, ама тоа не значи дека ќе признаеме дека работата е завршена.

Да не идеме подалеку, еве да потсетам што напишав пред некој месец и дадов пример од Тирана, каде живее исти табиет народ како и на Пластичарска. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3662&PID=239567#239567

Толку ли е тешко една линија да се испочитува од почеток до крај.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8874
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2786 Posted: 15-Jan-2021 at 18:27
Кога од 4 ленти ќе направиш 3, а имаш тротоар од 3 метри каде може и стаза за пешаци и велосипеди, тогаш ќе добиеш сообраќајно тесно грло(твитер)

Се работи за ул,Никола Карев(кај Транспортен)

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2787 Posted: 15-Jan-2021 at 22:42
Супер е, сите овие во колонава сега се демотивирани да користат кола и од утре со точак ќе одат на работа.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2788 Posted: 16-Jan-2021 at 11:18
Originally posted by <Fresno>

Супер е, сите овие во колонава сега се демотивирани да користат кола и од утре со точак ќе одат на работа.


Не знам дали си саркастичен или не, ама и јас сакав да го коментирам истото вчера.

Сепак, читајќи те, мислам дека коментарот е во најмала рака наивен No offense, полесно е да судам од страна, јас истото го мислев, ама кажано на глас звучи and we both know it (освен секако ако беше сарказам, во тој случај јас сум наивниот).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2789 Posted: 16-Jan-2021 at 12:55
Not Just Bikes

Јас само би го споделил каналов на Јутјуб, во кој на убав начин се прикажани како Амстердам се трансформира и што треба всушност да прави Град Скопје, ако сака да стане град на пешаци и велосипедисти. Обесхрабрувањето на автомобилскиот превоз треба да се прави, секако, на сите можни начини, а тоа во каналот е убаво објаснето. Нормално дека за тоа треба стратегија.

Ова што го гледаме на сликата, не е баш стратегија, туку ПР-пропаганда на Град Скопје, како што воедно помина цел мандат.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2790 Posted: 16-Jan-2021 at 13:22
Originally posted by ehrlich

Not Just Bikes

Јас само би го споделил каналов на Јутјуб, во кој на убав начин се прикажани како Амстердам се трансформира и што треба всушност да прави Град Скопје, ако сака да стане град на пешаци и велосипедисти. Обесхрабрувањето на автомобилскиот превоз треба да се прави, секако, на сите можни начини, а тоа во каналот е убаво објаснето. Нормално дека за тоа треба стратегија.

Ова што го гледаме на сликата, не е баш стратегија, туку ПР-пропаганда на Град Скопје, како што воедно помина цел мандат.



Многу јак Канаѓанецов, го пратам од поодамна. Интересен канал.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2494
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2791 Posted: 16-Jan-2021 at 16:55
Со изградбата на Есенинова улицава ќе мора да се врати на 4 ленти. Има доволно простор и за 4 ленти, и за велосипедски ленти и за тротоар.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 885
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2792 Posted: 16-Jan-2021 at 17:58
Оваа гужва е резултат на несреќно избришаниот крак од булевар 3та Македонска Биргада, делницата од МВР Пролет до Црвен Крст или до Олимписки. Или сега за сега само запоставен, а некогаш во догледна иднина и официјално избришан. Гледам тука има членови кои се повеќе запознати со урбанистичките планови, па ако може да искоментираат. 80% од овие коли на сликата подоле на семафорот вртат према НБРМ. Да го имаше тој крак од МВР Пролет да се пробива некаде на булевар Кочо Рацин, немаше да ја има оваа гужва тука.

Edited by user8642 - 16-Jan-2021 at 17:59
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2494
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2793 Posted: 16-Jan-2021 at 18:21
Честитки до Општина Центар за прегледноста на ДУП-овите. Кај другите општини треба да се изнамачиш да најдеш некој ДУП, ако воопшто го најдеш.

ТМБ треба да се пробие на Кочо Рацин преку дворот на Корчагин:

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 248
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2794 Posted: 16-Jan-2021 at 18:25
Originally posted by user8642

Оваа гужва е резултат на несреќно избришаниот крак од булевар 3та Македонска Биргада, делницата од МВР Пролет до Црвен Крст или до Олимписки. Или сега за сега само запоставен, а некогаш во догледна иднина и официјално избришан. Гледам тука има членови кои се повеќе запознати со урбанистичките планови, па ако може да искоментираат. 80% од овие коли на сликата подоле на семафорот вртат према НБРМ. Да го имаше тој крак од МВР Пролет да се пробива некаде на булевар Кочо Рацин, немаше да ја има оваа гужва тука.


Постоеја два зацртани крака од сегашнот крај на 3-та македонска бригада, едниот кон Олимписки, другиот кон Црвен крст. Кракот кон Црвен крст првично бил замислен како врска со 11 Октомври, со што и самиот булевар 3-та македонска бригада би била негово продолжение, но таа идеја се сменила со времето, па во претходниот ДУП добива малку изменета варијанта (слика 1), а во најновиот е целосно избришен (слика 2). Но вториот крак останува неизменет и треба да се размислува за негова што поскора реализација.





Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 885
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2795 Posted: 16-Jan-2021 at 18:29
Да, баш за тие коридори мислев. Благодарам на брзата асистенција.

Која непроценлива штета се прави со бришење на вакви коридори низ градот. Заради лични интереси на поединци по принципот "Коле вола за кило меса", бришат клучни булевари од развојот на градот за да зацртаат кривуљави зградулиња кои после тоа само ја креваат цената на потенцијалната реализација.

Edited by user8642 - 16-Jan-2021 at 18:30
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2494
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2796 Posted: 16-Jan-2021 at 19:04
Колку што гледам од ДУП-от оваа зграда треба да се сруши за да се пробие Мирче Ацев?


Edited by Staro Skopje - 16-Jan-2021 at 19:04
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2797 Posted: 18-Jan-2021 at 16:52
Originally posted by гитардемон


Не знам дали си саркастичен или не, ама и јас сакав да го коментирам истото вчера.

Сарказам беше . Сме го правеле муабетов, тој процес треба да се одвива на одредени улици, но откако ќе добиеме соодветен јавен превоз.
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #2798 Posted: 23-Jan-2021 at 17:11
Originally posted by Staro Skopje

Колку што гледам од ДУП-от оваа зграда треба да се сруши за да се пробие Мирче Ацев?


Да, но проблем е и Корчагин затоа што ќе остане гимназијата без двор. Имаше обиди да се најде алтернативно место за игралишта, ама просторот тука е многу ограничен.

Инаку левиот крак што одамна е избришан е одлука сосема на место бидејќи по ниедно правило не треба да споиш така две прометни улици на 50 метри пред раскрсницата со Кочо Рацин. Само ќе предизвикаше поголем хаос такво решение.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 571
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2799 Posted: 23-Jan-2021 at 18:05
А што е најголемата иронија моментално... Што баш на местото каде што треба да се пробие улицата низ дворот во Корчагин, баш на тоа место сега се прават два нови терени (за кошарка и фудбал), од кои едниот за кошарка, ако не се лажам, е готов, за тој за фудбал не сум поминал да видам до каде е. А терените мислам дека не се реновирани со децении, ама еве баш сега кога се има план да помине улица таму, БАШ СЕГА се реновираат...

Edited by skopskodete - 23-Jan-2021 at 18:15
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2494
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2800 Posted: 23-Jan-2021 at 22:19
Дворот на Корчагин по ДУП треба да се сели на југ, кај што е паркингот.
Не знам кому му текнало сега кога нема ученици, а во догледна иднина треба да се гради улица, да прави терени. Со години РЈК терените беа две шипки брцнати у бетон, сеа нашле асални да ги праат. Поарно да ја подоправеа салата.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 138139140141>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.967 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.