build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 149150151152>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3001 Posted: 22-Mar-2022 at 15:09
ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВАРШАВСКА

Општина Карпош денеска ја започна завршната фаза од реконструкција на коловозот на ул. Варшавска (од ул. Париска до ул. Лондонска), во населбата Тафталиџе 1. За оваа намена, локалната самоуправа ја ангажираше фирмата „БИТЕМ“ која поставува нов асфалт на коловозот во вкупна должина од 720 метри, широчина од 9, 5 метри, а исто така изврши делумна промена на рабниците во должина од 300 метри.





https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3002 Posted: 27-Mar-2022 at 14:49
бул.Киро Глигоров сеуште се реновира.Делот кон Бриколаж горе-долу го средија но овој дел кон Аеродром премногу се развлече а се чини дека нема ни активности на терен







https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14322
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3003 Posted: 27-Mar-2022 at 17:39


Денес поминав оттука. Катастрофа, што да кажам, башка има некакви пропаднати крпеници поради кои мора да го сопреш возилото и да поминеш во прва брзина, а со тоа и го закочуваш целиот сообраќај.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3004 Posted: 29-Mar-2022 at 06:53
3 години празни ветувања! 500 метри улица во Козле се уште не неасфалтирана



Пред три години за ТВ21 ветија реконструкција на овој пат поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, потоа поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов и поранешниот директор на компанијата „Улици и патишта“ Сенад Смајловиќ, но како што се гледа патот и понатаму е во лоша состојба, а никој не си го одржа зборот.


Ова е првото ветување на поранешниот градоначалник на Карпош за ТВ21. Во неколку наврати се зборуваше дека откако ќе се подобри времето, патот ќе биде саниран, но тоа не се случи.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле на ден доаѓаат околу 100 деца на преглед од цела Македонија. Родителите кои ги носат овде своите деца на преглед постојано се жалат.

„Катастрофа е, што да кажам друго.
Дали мислите дека треба да се реконструира?
Секако, и улицата со коцка не чини.
Да, треба да се реконструира улицата“, велат граѓаните.

Загриженост за оваа улица изразува и директорот на болницата Бесник Зеќири, бидејќи оваа болница во пандемијата функционира и како центар за ковид каде се хоспитализирани заразените деца. Тој вели дека актуелниот градоначалник на Скопје му рекол дека работите ќе почнат во јуни.

-Точно е дека и претходно не прашувавте, претходно сте правеле стории за овој пат и целата оваа приказна само се одложува и нема крај. Ние со претходната власт на Град Скопје и општина Карпош имавме договор со кој требаше да го направат патот пред Нова година, но потоа искомунициравме и ни кажаа, од општина Карпош велат дека ако не го направи тоа до јуни Град Скопје, ќе почнат тие да ја прават улицата, но колку ќе биде ова точно и дали ќе заврши во јуни, останува да видиме, вели Зеќири.
Од Град Скопје за ТВ21 велат:


Природни капки кои луѓето ги користат за лекување на дијабетес?

Болницата Козле е изградена во 2015 година, додека патот што води таму е околу 500 метри, но во лоша состојба и за автомобили и за пешаци.

https://mk.tv21.tv/3-godini-prazni-vetuvana-500-metri-ulitsa-vo-kozle-se-ushte-ne-neasfaltirana/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3005 Posted: 31-Mar-2022 at 10:02
Булеварот „Киро Глигоров“ се прави како патот за Охрид





Булеварот „Киро Глигоров“ од мостот „Близнак“ до крстосницата со улицата „Перо Наков“ почна да се реконструира во јули минатата година и никако да заврши. Оние што возат секојдневно по овој булевар велат дека ги испокршиле своите автомобили, а и движењето на пешаците и велосипедистите е крајно небезбедно.

– Алооо, имаа ли некој, до кога ќе се прави оваа улица!? Најголемата гужва е тука и абер нема никој. Ни со велосипед не можеш асално да стигнеш. Два пати на пешачки ќе ме удреше кола. Да се прекрстиш кога ќе тргнеш и да се молиш да стигнеш – вели Јулијана Петковска.

Магдалена Стојановска надополнува дека движејќи се по улицата, партал го направила браникот на автомобилот. Возачи коментираат дека булеварот „Киро Глигоров“ се прави како патот кон Охрид и нема крај.

Освен што коловозот беше во многу лоша состојба и треба да се реконструира, според плановите на Град Скопје, на оваа сообраќајница се поставува фекална канализација, која ќе биде првата канализација што директно ќе се влева во колекторскиот систем. Канализацијата ќе биде со должина од над еден километар. Покрај тоа, се поставува и атмосферска канализација на истиот потег, со што целосно ќе се реши проблемот кој е повеќедецениски со непостоење на атмосферска и на фекална канализација во овој дел, кој е сериозно индустриски развиен дел во нашиот град.

https://www.vecer.press/булеварот-киро-глигоров-се-прави-к/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3006 Posted: 19-Apr-2022 at 15:32
Од Влада до Собрание, по пат со дупки – среде Скопје целосно уништена улица



https://mk.tv21.tv/od-vlada-do-sobranie-po-pat-so-dupki-srede-skopje-tselosno-unishtena-ulitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3007 Posted: 24-May-2022 at 17:36
Патот кон Матка и оваа година несреден, од општина Сарај без одговор



https://mk.tv21.tv/patot-kon-matka-i-ovaa-godina-nesreden-od-opshtina-saraj-bez-odgovor
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3008 Posted: 25-May-2022 at 17:14
Започнуваме со реконструкција на ул. Ристо Шишков. Следува гребење на стариот асфалт и поставување на 2286 м2 нов асфалтен слој. На улицата која е во должина од 380 метри ќе бидат поставени и нови ивичници на тротоарите.





https://www.facebook.com/gerasimovskig
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3009 Posted: 22-Jul-2022 at 13:05
Започнува реконструкција на улицата „Димо Хаџи Димов“

Следната недела, штом завршат сите правни процедури ќе започне реконструкцијата на улицата „Димо Хаџи Димов“ на потегот од раскрсницата со улицата „Антон Попов“ до улицата „Народни Херои“, во општина Кисела Вода. Воедно, ќе се санира и атмосферската канализација на дел од оваа улица, а, на дел ќе се изгради нова.

Станува збор за реконструкција на улицата во должина од околу 800 метри, како и реконструкција на водоводната мрежа на дел од улицата во должина од над 300 метри, како и изградба на атмосферска канализација по дел од улицата во должина од над 300 метри.

Вредноста на инвестицијата е над 40 милиони денари.

Како што информираат од Град Скопје оваа улица во минатото била често поплавувана при временски неприлики, а граѓаните со години наназад упатувале барања за нејзино нужно обновување.

Оваа реконструкција беше најавена од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како дел од летната градежна и инфраструктурна офанзива пред неколку недели.

https://www.vecer.press/започнува-реконструкција-на-улицата/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3010 Posted: 25-Jul-2022 at 16:51
Започнуваме со реконструкција на улица „Козара“ во Капиштец.
На потегот од улицата „Антон Панов“ до улица „Васил Ѓоргов“, улица „Козара“ ќе биде поставен:
нов асфалт во должина од 1490 м2,

нови рабници со вкупна должина од 940 метри

и ќе бидат нивелирани 23 шахти.





https://www.facebook.com/photo?fbid=437347438405704&set=pcb.437350961738685
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3011 Posted: 29-Jul-2022 at 16:02
Дали булеварот „Киро Глигоров“ конечно ќе заличи на булевар?

Реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров“, која почна во август 2021 година, интензивно се одвива и е во завршна фаза. На терен се изведени обемни работи на реконструкцијата на коловозите, како и изведба на нова атмосферска и фекална канализација, тврдат од Град Скопје.

Извршена беше реконструкција на булеварот во должина од 1.450 метри. Во периодот на интензивирањето на градежните работи, најнапред беше реконструиран коловозот во делот од улицата „Перо Наков“ до „Естекада“ со изградба на фекална канализација на западниот дел, по што се изгради атмосферската канализација на источната страна. При реализацијата на реконструкцијата на булеварот изведена е атмосферска канализација со вкупна должина од 682 метри и нова фекална канализација во должина од 1.218 метри при што потребно е да се поврзе со приклучна шахта од колекторот, кој е инвестиција на Министерството за финансии.

Поради налози за стопирања на работите и покренат судски спор поради несогласувања во фази на изградба, проектот доцнеше со изградба, тврдат од Градот. но со засилен ангажман за надминување на предизвиците конечно се завршуваат работите на санирањето на асфалтот на тој дел на булеварот.

https://nezavisen.mk/dali-bulevarot-kiro-gligorov-konechno-kje-zalichi-na-bulevar/
Carpe diem
Back to Top
Aowek View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #3012 Posted: 29-Jul-2022 at 17:27
Све е излажано во ова. Перо Наков нема мрднато со реконструкција иако беше ветено јули 2022 да се среди улицата.

Цела година дреме така улицата и сега во септ вратени сите од одмори ќе почнат да работат..

Не знам кој ја гласал кметицава ама можеби е најлош градоначалник до сега.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 971
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3013 Posted: 29-Jul-2022 at 17:38
Полека, претходниот кмет постави стандард дека првите 2,5 години не треба ништо да се работи. И тоа со централна власт на негова страна.

И не е за Перо Наков веста.
Back to Top
Aowek View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #3014 Posted: 31-Jul-2022 at 20:58
За двете улици ветија реконструкција немаат пипнато ништо. Не знам зошто го спомнуваш минатион градоначалник, минат е да бил добар ќе бил сегашен. Сегашнава нема да биде идна сигурно ќе е мината како тој пред неа.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 971
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3015 Posted: 01-Aug-2022 at 11:57
1. Коментираш вест за Киро Глигоров и викаш „се е излажано во ова“. Очигледно не, за тој булевар ја има следнава ситуација:

Поради налози за стопирања на работите и покренат судски спор поради несогласувања во фази на изградба, проектот доцнеше со изградба, тврдат од Градот. но со засилен ангажман за надминување на предизвиците конечно се завршуваат работите на санирањето на асфалтот на тој дел на булеварот.

2. Со партиски речник ја квалификуваш „кметицата“ како најлош градоначалник до сега. Па кога веќе правиш споредби, нормално дека претходниот ќе биде спомнат, иако можеш и од 90-та навака да си правиш копаративни анализи. Така да не знам што се вознемируваш кога на твоја констатација извадена од ракав, поготово на вест за проект заглавен од претходниот, добиваш одговор.

3. За 7-8 месеци актуелнава не запре ниту еден проект (па ни БРТ официјално), напротив тераат некако со доста препреки. Спомна и дека цел прстен околу Лимак ќе го работи, што е очекувано и позитивно. Во меѓувреме имаш астрономски цени на гас, горива и струја, што Градот како знае и умее мора да го покрива (да беше стариот градоначалник ќе фрчеаа владини субвенции). Имаш и идиотски опструкции од типот на непружање асистентција од МВР на пајак служба.

4. Така да тие муабети за добар лош, ќе ги правиме на пола мандат. Ти ако сакаш терај си ги уште сега, ама во моментов звучат само на партиска реторика од Бихачка.

5. За Перо Наков нормално, што побрзо треба да се направи. Не знам што е таму по ГУП, ама место само гребење асфалт, добро би легнало булеварско решение или 2х2. За жал тешко таа работа.


Edited by <Fresno> - 01-Aug-2022 at 11:58
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3016 Posted: 07-Aug-2022 at 13:39
Улицата „16. Македонска бригада“ ќе добие натпатник и подземен пешачки премин

Улицата „16. Македонска бригада“ ќе добие нов лик. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за изготвување основен проект со сите фази за нејзина реконструкција, и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот ,,АСНОМ” до пристапната улица за влез во црквата „Свети Архангел Михаил“.

– Со изработката на овој основен проект се предвидува да се дадат проектни решенија за изградба на натпатник, подземен пешачки премин со рампи, сообраќајница, пешачки и велосипедски патеки на коловозот, на потегот за кој се однесува – велат од Град Скопје.

Притоа, додаваат дека со проектните решенија кои би се добиле од јавната набавка, би се овозможила изградбата на наведените сообраќајници, кои би го олесниле протокот на моторниот сообраќај и би се добиле услови за изградба на приклучни сообраќајници, кои гравитираат кон планираниот коридор.

Подетални информации, како што нагласуваат од Град Скопје, би имале по изработката на проектните решенија.

Инаку, проценетата вредност за изработка на основниот проект е 6.000.000 денари без ДДВ.

Сите заинтересирани може да ги достават понудите најдоцна до 5.9.2022 година во 13:00 часот, кога и ќе се одржи нивното јавно отворање.

https://www.vecer.press/улицата-16-македонска-бригада-ќе-доб/
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 424
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #3017 Posted: 07-Aug-2022 at 14:46
Дали ова значи дека конечно ќе се изгради планираниот денивелиран кружен ток со булеварот Александар Македонски?? Со тоа булеварот од автопатската клучка Хиподром па се до клучката со Булевар Крсте Петоков Мисирков, би бил целосно со денивелирани клучки и слободен тек на сообраќајот, без никакво застанување на семафори...

Каде точно се наоѓа таа црква? Барав на мапа ама неможев никаде да ја најдам...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #3018 Posted: 07-Aug-2022 at 15:44

Па според планот овде треба да има клучка со кружен тек, а не обичен натпатник:




А наведениот потег е овој, црквата е горе лево:


Овој проект мислам беше наведен во програмата на Арсовска, а сега добива на приоритет заради изградбата на Ист Гејт. Се надевам ќе се реализира, ама како што треба, затоа што без кружен тек на ниво и уште еден за влез во комплексот Ист Гејт, нема да има некој поголем ефект. А да, и АСНОМ прво да се заврши.


Edited by Théoden - 07-Aug-2022 at 15:56
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15987
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3019 Posted: 26-Aug-2022 at 12:14
„Расипан телефон“ меѓу Град Скопје и Министерството за транспорт за булеварот „Киро Глигоров“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во однос на застојот на процесот на реконструкција на булеварот „Киро Глигоров“ вели дека она што било обврска на Град Скопје е целосно завршена и оти се очекува финализација од страна на Министерството за транспорт и врски за делот којшто е останат. Од Министерството за транспорт и врски, пак, изјавија дека очекуваат официјален допис од Град Скопје во најбрз можен рок за да се финализира проектот.

– Она кое што како проект Град Скопје го имаше кај „Бриколаж“ на булеварот „Кирo Глигоров“ од наша страна е целосно завршено. Секако во овој момент се очекува финалната фаза за реконструкција на делот што е останат од страна на Министерството за транспорт и врски, што е проект финансиран од Светска банка и се надевам дека наскоро ќе почне да се имплементира и верувам во краток период ќе биде завршено, истакна Арсовска на прашање за застојот на реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров.

Од Министерството за транспорт и врски, во пишана изјава за МИА, наведуваат дека не биле информирани од Град Скопје дека можат да започнат со реконструкцијата. Најавуават дека штом ќе добијат официјален допис од Град Скопје ќе се направи увид на терен и ќе се стартува со активностите.

– Министерството за транспорт и врски како инвеститор на реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров“ има избрано изведувач пред цели 13 месеци, односно уште во јули 2021 година, по што бевме информирани од Град Скопје дека не можеме да започнеме со реконструкција, поради извршување на други градежни работи во дел на подземната инсталација на истиот булевар. Очекуваме во најбрз можен рок да добиеме официјален допис со кој Град Скопје ќе не информира за моменталната состојба на терен, по што нашите инженери ќе извршат увид и доколку се создадени услови за почеток на реализација на проектот веднаш ќе се пристапи со механизација на терен, велат од Министерството за транспорт и врски.

Асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ на потегот од мостот Близнак до крстосницата со улица „Перо Наков“ започна во октомври 2021 година, по завршувањето на поставувањето на атмосферската и фекалната канализација што беше почнато во јули истата година.

https://nezavisen.mk/rasipan-telefon-megju-grad-skopje-i-ministerstvoto-za-transport-za-bulevarot-kiro-gligorov/
Carpe diem
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #3020 Posted: 29-Aug-2022 at 02:17



Каква циркуз држава...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 149150151152>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.750 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.