build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 157>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 15-Jan-2009 at 05:55

еве како и од кога се влечи раскрсницава и проширувањето на 3МБ, во цитираниот текст има малку и појасна слика за муабетов

Трета македонска бригада ќе се проширува на лето - Вест - 10.10.2005

ГРАДОТ ГО ПРЕТСТАВИ АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ 2008/2009

Во Скопје стартува градежна офанзива - 12.03.2008

Проширување на клучката кај Тутунски комбинат, изградба на клучка Детелина на Бит Пазар, како и проширување на булеварите Гоце Делчев и Илинденска, се четирите проекти, кои според градските власти, се подготвени за изведба. Според Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, за овие објекти е веќе подготвена техничка документација, а во тек е и избор на изведувач.

- Вредноста на клучката Бит Пазар е 40 милиони денари и ова е проект кој е планирано да заврши до 1 септември годинава. Се работи за сообраќајно прекројување на клучката во вид на детелина без семафорско решение. Ново сообраќајно решение ќе има и кај Тутунски комбинат, а овој зафат кој треба да заврши до 1 август, ќе го чини Градот 11 милиони денари. Потоа, проширување на булеварот Гоце Делчев во делот од влезот во Универзитетот до Скопски саем, инвестиција која ќе чини 22 милиони денари и треба да заврши до септември. Најобемен проект е сепак, изградба на втората фаза од булеварот Илинденска, на потегот од фонтаната до крстосницата со улицата "8 септември", во должина од 2,2 километри, за која ќе потрошиме 160 милиони денари, а изградбата треба да заврши до декември годинава, објаснува Шопар.

Според надлежните, проширувањето на крстосницата кај Тутунски комбинат е од огромно значење за градот. Поентата е во тоа што со завршувањето на клучката кај Континентал, целиот сообраќај ќе се пренасочи на новиот мост кај Транспортен центар и од тука кон крстосницата кај Тутунски, каде е всушност тромеѓето меѓу општините Центар, К.Вода и Аеродром. Сообраќајното решение предвидува и проширување на улицата Трета македонска бригада на потегот од амбулантата, до сообраќајна полиција и оформување на 4 сообраќајни ленти од крстосницата пред сообраќајната полиција до крстосницата со Тутунски комбинат и тоа на делот кај училиштето и кај делот на Министерството за образование.

Втората фаза од булеварот Србија, трета фаза од булеварот Илинденска, со мост преку Вардар, како и проширување на Гологанов и Првомајска се проекти кои треба да се реализираат во наредната година.

Даниела ТРАЈКОВСКА - Вечер - 12.03.2008

добро без разлика на се ќе видиме добра и корисна раскрсница, но повторно истиов потег ќе биде блокиран постојано како и до сега само заради раскрницата во продолжение



Edited by Cloverstack - 23-Jan-2009 at 09:32
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 16-Jan-2009 at 12:11
КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ НА ГРАДОТ ПРЕД СТАРТ
Улицата кај Тутунски ќе се проширува кога ќе се стопи мразот
Градежните работи ќе се одвиваат под сообраќај, односно нема да се затвораат улици додека трае проширувањето

Градските власти чекаат да се стопли времето за да почнат со проширување на булевар Трета македонска бригада, од амбулантата "Пролет" до раскрсницата кај Тутунски комбинат. Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање во Градот, вели дека се е подготвено за старт на градежните работи, но дека чекаат да се стопи мразот за да можат да работат. Тој објаснува дека градежните работи ќе ги врши градежното претпријатие "Маврово" и оти оваа сообраќајница ќе добие најмалку уште една сообраќајна лента.
"На делови ќе има само бележење на раскрсниците и нивно дооформување, без да се прошируваат, додека на останатите делови ќе се догради најмалку една сообраќајна лента", вели Шопар.
Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај во Градот, вели дека проширувањето ќе се прави под сообраќај, односно дека нема да има затворање на сообраќајниците.
"Ќе се работи под сообраќај и нема да има затворање на улици или на раскрсници. Проширувањето на улицата меѓу булевар Никола Карев и амбулантата 'Пролет' ќе се врши од десната страна во зеленилото, и тука нема да има ниту стеснување на сообраќајот. Стеснување ќе има кога ќе се проширува улицата која минува покрај Тутунски комбинат. Со МВР веќе договоривме сообраќајната полиција да го регулира сообраќајот кога ќе почнат градежните работи, за да нема поголеми застои и мешаници", вели Христовски.
Проширувањето на улицата кај Тутунски комбинат е еден од четирите капитални проекти кои Градот најави дека ќе ги реализира за да се намали сообраќајниот метеж во Скопје.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162209&idg=9&idb=2575&rubrika=Skopje
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 17-Jan-2009 at 00:36

Градот ќе нарачува проекти за десетина нови сообраќајници

Идејните проекти треба да дадат информации за финансиите потребни за реализација

Сања Наумовска


Продолжување на „Илинденска“ со мост преку Вардар, проширување на „Словенечка“ кон Ѓорче Петров и кон источниот излез на Скопје, ширење на „Првомајска“ кон Драчево, но и во Кисела Вода, како и продолжување на булеварот „Гоце Делчев“ зад Скопски саем во правец на Аеродром, се само дел од сообраќајниците за кои Градот Скопје ќе прави идејни проекти.

Градските власти ја користат зимската сезона за распишување тендери за проектирање на десетина нови или проширување на постојни сообраќајници во повеќе делови на градот. Планирањето се случува во периодот кога активностите на терен за изградбата на булеварот „Гоце Делчев“, клучката кај Бит- пазар и започнувањето на проширувањето на раскрсницата кај Тутунски комбинат се запрени поради снегот. Деновиве, со зголемувањето на температурите, дел од градежните работи ќе продолжат, но во Градот нагласуваат дека главната активност и понатаму ќе биде насочена кон планирањето на идната сообраќајна мрежа во Скопје.

„Станува збор за нарачка на идејни проекти за многу важни сообраќајници, кои се предвидени во Генералниот урбанистички план и кои ќе придонесат за обезбедување одржлив сообраќај во Скопје. Преку идејните проекти ќе имаме увид во многу работи врзани за нивната реализација, како што се финансиите и експропријацијата на земјиштето, со што ќе ни биде олеснето планирањето на главните проекти“, велат во Градот.

Според надлежните, „Словенечка“ треба да претставува второстепена обиколница околу Скопје која ќе биде поврзана од исток кон запад со булеварите „Александар Македонски“, „Хрватска“ и „Босна и Херцеговина“, кон улицата „Црногорска“ во Ѓорче Петров и западниот излез од Скопје. „Илинденска“ со мост преку Вардар, исто така, ќе се спојува со обиколницата и ќе биде трета паралелна опција кон центарот со „Партизанска“ и „Гологанов-Циборовски“.

Еден од најважните проекти, според мислењето на градските власти, е продолжувањето на „Гоце Делчев“ зад Скопски саем со мост преку Вардар кај салата „Јане Сандански“, кон Аеродром. Новата сообраќајница треба да се поврзе со булеварот АСНОМ, кој ќе биде проширен во правец на мостот „Близнак“ и Ново Лисиче заради обезбедување дополнителна лента за трамвајската линија.

Според плановите, треба да се проектира и проширувањето на булеварот „Србија“ од раскрсницата со „Првомајска“ до раскрсницата со „Јане Сандански“, како и на улицата „Трета македонска бригада“ од Тутунскиот комбинат до булеварот „Србија“.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=658F2FA574127848B06827C6A0F8F10B
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 17-Jan-2009 at 01:05
CheersBananaThumbs%20Up
RockBananaCheers
како и продолжување на булеварот „Гоце Делчев“ зад Скопски саем во правец на Аеродром, се само дел од сообраќајниците за кои Градот Скопје ќе прави идејни проекти.



Еден од најважните проекти, според мислењето на градските власти, е продолжувањето на „Гоце Делчев“ зад Скопски саем со мост преку Вардар кај салата „Јане Сандански“, кон Аеродром. Новата сообраќајница треба да се поврзе со булеварот АСНОМ, кој ќе биде проширен во правец на мостот „Близнак“ и Ново Лисиче заради обезбедување дополнителна лента за трамвајската линија.


Ако добро разбрав - ќе го прават тој мостот што ќе го поврзува Гоце Делчев со АСНОМ, т.е. идеен проект за него. Една од најпаметните работи што ги направиле градските власти во последниве 17 години. уште да остварат пола од тоа
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 17-Jan-2009 at 01:17

па дека е паметна работа се согласувам но тајмингот е целосно утнат па истата повеќе ми изгледа малку безврска! инаку се е добро, но што им требало сега ова со продолжувањето на бул Гоце Делчев, прво нека ја средат работата со бул Македонија(јужен) па сетне нека почнуваат други егзибиции кои во случајов со ГД-АСНОМ добро ќе дојдат за растеретување само на семафорите кај железничка и во продолжение кај сок банка, а ова со бул Словенија е супер вест конечно северната артерија ќе профункционира а и село Бардовци ќе добие почист и удобен пристап до СК!

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 17-Jan-2009 at 01:21
ми се свиѓа што се рамислува на поврзување на АСНОМ, со Гоце Делчев, за ова имаме дискутирано,фактички, бидејќи Гоце делчев води кон Партизанска и Илинденска, ќе се поврзат источниот и западниот дел и можеби (но само можеби) некое време ќе нема потреба од тунел за поврзување на К.Ј. Питу со Партизанска , исто така и проширувањето на бул.Србија ме радува, тука има огромни гужви
само текстов не кажува, а уште помалку ветува нешто, па затоа немам некои надежи, и зошто се фаќаат на нови идеи, кога сеуште не ги завршиле старите, пр. што е со Јужен булевар и Крушевска република, и ууште многу други улици?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 23-Jan-2009 at 11:11
И ГОДИНАВА ИСТА НАЈАВА ОД НАДЛЕЖНИТЕ ВО САРАЈ
Стариот мост за пешаци, до него ќе се гради нов

Елена Мачевска

Железниот мост што ги поврзува скопските општини Сарај и Ѓорче Петров нема да се реконструира, туку во негова непосредна близина ќе се гради нов. Поради неговата дотраеност и лошата состојба во која се наоѓа во последните години, стариот мост ќе служи само за поминување на пешаците преку Вардар.
Според надлежните во општината, предвидено е оваа година, на оддалеченост од педесет метри на веќе постојниот Железен мост, да се изгради нов, бетонски, со современ изглед и функционалност. Новиот мост треба да има две коловозни ленти, по една во секоја насока, тротоари од двете страни на коловозот и велосипедска патека. Вкупната широчина треба да биде дванаесет метри.
Градоначалникот на општина Сарај, Беким Фазлиу, кој и на почетокот на минатата година најавуваше ваков градежен зафат, вели дека проектот за изградба на мостот е готов и дека треба да се избере фирма, за што веќе е распишан тендер, која ќе биде заинтересирана да ги изведува работите.
- За изградба на мостот ние како Општина добивме 30 милиони денари од Министерството за транспорт и врски – изјави Фазлиу.
Тендерот за избор на најдобра фирма-понудувач, која е заинтересирана за изградба на новиот бетонски мост, е распишан по вторпат откако првиот беше поништен од Општината. На првиот тендер, кој беше распишан минатата година, се пријавија само две заинтересирани фирми, а беше поништен, како што велат од Општината, поради законската одредба според која еден тендер се смета за неуспешен доколку на истиот се пријават помалку од две фирми-понудувачи.
Градоначалникот на Сарај вели дека, иако се обезбедени средства за изградба на новиот мост, нема да почне неговата изградба некаде до средината на март, односно додека траат изборите за нов градоначалник на општината.
- Најверојатно и ако се избере градежна фирма која ќе ги изведува работите за изградба на мостот, сепак додека траат кампањите, како и самите избори, нема да почне да се гради. Градењето пред избори, не остава добар впечаток кај граѓаните. Веднаш потоа, се надева, дека ќе почне долгоочекувана изградба - вели Фазлиу.
Експертите со години предупредуваат на дотраеноста на Железниот мост и на опасноста преку него да поминуваат товарни возила. Неговата реконструкција, односно изградбата на нов мост се најавува подолго време, но до денес целата работа не мрдна понатаму од тоа.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1604&ArticleID=106130
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 03-Feb-2009 at 20:25
Еден предлог за растеретување на превозот (јавен и приватен) во самиот центар на градот односно на улиците Димитрија Чуповски и Даме Груев. Главен услов за изведба на ова е градењето на катната гаража кај Лотарија на Македонија.


Со ЖОЛТО-ленти за градски транспорт.
Со СИНО-ленти за обични возила.
Со ЛИЛАВО-подземни пешачки премини.
Со ЦРВЕНО-смер на движење на возилата.
Целиот простор да се даде под наем на луѓето кои живеат и работат во зоната на улицата Даме Груев. Со тоа би се тргнале сите коли од тротоари во гаража. Улицата е многу широка, и со решавање на проблемот со пракинг во тој дел, се ослободува голем простор (и тоа од раскрсницата кај ТЦ Палома Бјанка до раскрсницата со ул. Македонија како и од ул. Македонија до Градска Болница). Предлагам 2 ленти за приватни возила и една лента (крајна десна) да биде за градскиот транспорт.




Рекорд може да стане делумно едносмерен. Тоа значи дека би останала само една лента (за градскиот транспорт) во смер од ТЦ Палома Бјанка кон Собрание и 3 ленти (2 за приватни возила и една, крајната десна за градски транспорт за смерот од Собрание кон ТЦ Палома Бјанка). Со изградба на евентуален подземен премин на ул. Македонија кај Рекорд, не би имало смеафори на целиот потег.


 
Со ова би добиле еден голем кружен тек кој ги опфаќа најцентралните улици во градот и го растеретува, забрзува и шири градскиот транспорт. Се намалува чекањето и бројот на семафорите (помалку смерови на движење значи помалку конфликтни ситуации). Освен паркинг-гаражата, другиот дел од планот бара минорни инвестиции.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 03-Feb-2009 at 21:38
Интересна замисла Андреј, со тоа што има тесно грло на раскрсницата Даме Груев - ул. Македонија, каде што едноставно нема простор поради зградите за проширување а друг недостаток е вориот дел од Даме Груев и паркингот на тој потег. Гаражата би била предалеку, а тој простор и онака е загушен и претрпан. Мислам дека сепак најдобро и најисплатлива долгорочна инвестиција е подземниот тунел под плоштад, кој до максимум би ја намалил потребата за транзит низ центарот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 03-Feb-2009 at 21:52
Urban потполно сум на линија со тебе! Вакво решение не захтева никакви ниту минимални градежни зафати. Евентуално може да се вметне како опција чисто делумно да се растерети централното градско подрачје. Сепак најдобра инвестиција во Скопје моментално од сообраќаен аспект е потполно комплетирање на тунелот под плоштад заедно со све кракот према фреш. Никакво решение не може да го замени тунелот!

Андреј уште еднаш, интересно решение. Никогаш не ми паднало на памет вакво нешто слично, а и добар момент во замислата е едната лента резервирана исклучиво за градски сообраќај на рекорд во прваец п.бјанка-собрание! Фукнкционално е во просторот, ама не би сакал ниту едни градски власти да си дадат алиби со вакво некое решение за неизградба на тунелот! Ова е нешто што може да трае кратко, ама сепак растретувањето во центарот треба да се движи во насока на тунелот!


Edited by lslcrew - 03-Feb-2009 at 21:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 03-Feb-2009 at 22:01
Да замислата е интересна, но се плашам дека доколку би се одело на ваква опција уште повеќе ќе се опуштиме во врска со тунелот под плоштад, а немаме повеќе време да го одложуваме...

Инаку андреј не знам колку си запознаен но улицата Димитрија Чуповски (од Палома Бјанка до плоштадчето Пела) во иднина треба да е пешачка зона. 11 Октомври треба да понира некаде кај Пела и да се спои со главниот тунел под плоштад, а Даме Груев да се претвори во 2х2 по целата должина, со што и центарот би добил ефикасно сообраќајно решение, а и би се добил континуитет на пешачките зони.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 03-Feb-2009 at 22:02
@lsl

Теоретски и сега ја имаш таа резервирана лента, затоа е со жолто. Но во пракса единствено нешто за што е резервирана се таксистите на рекорд кои таму си застануваат и прават гужва.

Решението на Андреј има логика но лично мислам дека има и некои слаби точки.

-конфликтна точка на Македонија-Даме Груев. Сообраќајот кој што доаѓа од МХ Јасмин не е голем но со овој план Даме Груев станува прометен правец така да возилата кои ќе пробат да се вклучат ќе претставуваат проблем
-доколку нема добра интервенција на раскрсницата Даме Груев-11 Октомври и таму ќе имаме сериозни проблеми
-подземен пешачки кај Рекорд кој мислам дека е невозможен. Улицата е со премал профил и мислам дека таков премин повеќе би користел како јавно WC отколку за преминување



Edited by pbanks - 03-Feb-2009 at 22:03
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 03-Feb-2009 at 22:08
Како дополнителна замерка.

или би одел со

I. 2 ленти за јавен сообраќај на Рекорд (двосмерно) + 2 ленти за обичен сообраќај (едносмерно) и 3 ленти за обичен сообраќај на Даме Груев (едносмерно).

Или со

II. 1 лента за јавен сообраќај на рекорд (едносмерно) + 3 ленти за обичен (едносмерно) и 1 лента за јавен сообраќај на Даме Груев (едносмерно) + 2 ленти за обичен (едносмерно).

Варијантава за 2 ленти за јавен на рекорд (двосмерно) и 1 лента за јавен на Даме Груев (едносмерно) мислам дека е неиздржана.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 03-Feb-2009 at 22:13
Previous
Јас тунелот под пл. Македонија го сметам за приоритет број еден на следниот градоначалник и силно се залагам за негово завршување во следниот 4 годишен мандат. Но не верувам дека тој целосно би го растеретил строгиот центар на градот. Потоа јас неверувам дека ќе го денивелираат 11 Октомври од кај Пела па да прават подземна клучка на Плоштад па и уште подземна трамвајна станица... Исто така сум против улицата Дилитрие Чуповски да стане пешачка зона. Според мене таа е една од редките во Скопје типично градски улици, заобиколена од двете страни со редови од згради.
На Даме Груев: Знам за пробелмот на раскрсницата со ул. Маједонија и нема друго решение освен повторен премин во 2 ленти. Третиот дел пак на улица Македонија би можел да стане едносмерен во насока кон Стара Железничка. Така би се зголемил протокот на возила од западно Скопје кон Рамстор. Фино може да се обележи една лента за паркирање и две за возење.
Раскрсницата кај Собрание, во секој случај би се реконструирала обемно. Инаку ул. Стив Наумов (и дали воопшто се викаше така?! мислам за онаа под Соравија) може да стане повторно едносмерна кон Мавровка и да е логичен продолжеток на Даме Груев. Мислам дека во Скопје недоволно е искористен потенцијалот на едносмерните улици, особено оние поголемите (по населбите ги има почесто).
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 03-Feb-2009 at 22:18
Пбанкс, јас живеам кај хотел Бристол, на Даме Груев. Тој реон е исклучително густо населен а прва автобуска станица е Рекорд која е оддалечена 10 мин пеш. Мислам дека барем во центарот предност треба да му дадеме на градскиот транспорт како што е секаде во светот. Во некој од нишкиве зборувавме дека треба да се рашири мрежата на ЈСП во смисол на помала концентрираност на линиите на главните булевари. Па зарем неважна улица е Даме Груев што нема автобуси по неа? Дупли ленти за автобуси замислив затоа што на сите кои живеат во Западно Скопје 1) Рекорд им го спојува самиот центар на градот (ГТЦ, Плоштад, ул. Македонија, министерства итн). 2) ул. Даме Груев ги доближува со Рамстор, Ст. Жел. Станица, НЛБ и новите хотели кои се градат позади Рамстор, Беко итн. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 03-Feb-2009 at 22:34
Originally posted by Andrej_LJ

Пбанкс, јас живеам кај хотел Бристол, на Даме Груев. Тој реон е исклучително густо населен а прва автобуска станица е Рекорд која е оддалечена 10 мин пеш. Мислам дека барем во центарот предност треба да му дадеме на градскиот транспорт како што е секаде во светот. Во некој од нишкиве зборувавме дека треба да се рашири мрежата на ЈСП во смисол на помала концентрираност на линиите на главните булевари. Па зарем неважна улица е Даме Груев што нема автобуси по неа? Дупли ленти за автобуси замислив затоа што на сите кои живеат во Западно Скопје 1) Рекорд им го спојува самиот центар на градот (ГТЦ, Плоштад, ул. Македонија, министерства итн). 2) ул. Даме Груев ги доближува со Рамстор, Ст. Жел. Станица, НЛБ и новите хотели кои се градат позади Рамстор, Беко итн. 


Лично сметам дека од Хотел Бристол до Рекорд нема некоја раздалеченост (просечна раздалечина ~250м до внатрешноста на Градски Ѕид и ~300м до надворешноста на Градски Ѕид). Точно е дека е центар на градот но сепак мислам дека линиите треба рационално да се планираат. Бидејќи така се отвараат и други прашања. Кои линии ќе продолжуваат по Рекорд а кои ќе одат по Даме Груев? Зошто само автобуси во еден правец (за жителите кои се кај Даме Груев)? Или пак тие линии што ќе идат по Д. Груев ќе се дистрибуираат во сите правци на раскрсницата со 11 Октомври?

Рамстор, Стара Железничка, НЛБ, Хотелите......... Таму веќе треба паралелен систем, за почеток да ги користи МХ Јасмин и Железничка а во некоја иднина кога тоа ќе биде реално да се концентрира на Јужниот Булевар. Неможе тие делови да ги решиме со автобуска на Даме Груев.



Edited by pbanks - 03-Feb-2009 at 22:36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 03-Feb-2009 at 23:07
Андреј, ако се изгради главната оска на тунелот под плоштад, поврзувањето со 11 Октомври е многу помала работа. Инаку мислам дека е извесно дека тој спој ќе биде со крстосница - имаме правено муабет на темава (мислам со лсл) не знам до каков заклучок дојдовме тогаш, ама клучка таму реално не доаѓа во предвид. Дури и ако ги занемариме трошоците, едноставно нема да може да се набутаат толку ленти. Да земеме минимални опции по 2х2 да доаѓаат и од кај комплекс банки и од 11 октомври, тоа значи 4х4 во еден добар дел од продолжетокот на тунелот што пак значи минимум 3х3 да излегуваат кај партизанска што е исто под знак прашалник (имаме дискутирано и за ова: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=458&PID=16528#16528 ). Мислам дека овие опции се нереални и таму треба да рачунаме на крстосница, не на клучка.

Кај Даме Груев според ДУП-от треба да се руши една зграда како булеварот би се проширил 2х2 по целата должина (мада и тука има прашалници и ова го имам спомнато овде:http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=26926#26926 , во точката бр.3)
BTW, таму ја имам и спомнато и мојата визија за континуирана пешачка зона која ќе завршува со плато пред стара железничка за што подетално има во нишката за пешачки зони.


Edited by Cloverstack - 03-Feb-2009 at 23:09
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 09-Feb-2009 at 04:13

Ни знак дека ќе се реши метежот меѓу Ново Лисиче и Реонски центар

Жителите од населбите Ново Лисиче и Реонски центар во Аеродром со петиција ќе бараат општината и Градот да го решат сообраќајниот метеж, односно да постават знаци на раскрсницата меѓу населбите. Граѓаните се загрижени за безбедноста на учениците што секојдневно одат од едната во другата населба. Реонски центар е нова населба во која до пред три години улицата ги задоволувала критериумите за безбедност и сообраќај, но дека сега ризикот е огромен.

Во општината велат дека Градот е надлежен за регулирање на сообраќајот и за поставување знаци и семафори. Во Генералниот урбанистички план на Скопје е предвидено проширување на булеварот Видое Смилевски-Бато и проширување на улицата на влезот во Реонски центар. Во изградбата на улиците општината учествува со 40, а Градот со 60 отсто. Од Градот велат дека граѓаните со право негодуваат.

- Градот поставува сообраќајна сигнализација на магистрални патишта, а за сервисните е одговорна општината. Таа треба да поднесе барање за поставување знаци, потоа секторот за сообраќај прави проект, кој се доставува до Министерството за внатрешни работи. Откако ќе го одобри тоа, Градот одредува какви сообраќајни знаци се потребни и ги поставува. Значи постапката мора да ја почнат од општината - велат од кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски. Од општина Аеродром известуваат дека тие ја асфалтирале улицата на која од двете страни претходно биле поставени бехатон-плочки на тротоарите. Оваа улица е долга 350, а тротоарите се широки околу два метра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=71E18531B6DC434C9041E2CA97170CB1

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 11-Feb-2009 at 07:14

Конечно падна договор за проширување на Илинденска

Градоначалникот Трифун Костовски и градоначалничката на општината Центар Виолета Аларова на вчерашната средба конечно успеаја да се договорат да почне проширувањето на булеварот Илинден и на раскрсницата кај Тутунскиот комбинат, а улиците Пролет и Трета македонска бригада треба да прераснат во булевари. Проширувањето на булеварот Илинден ќе почне од делот кај фонтаната во Градскиот парк до влезот во градската администрација. Аларова изјави дека Центар ќе почне постапки за издавање одобренија за проширување на сообраќајниците на споменатите локации.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9FFBD2732E5A6A468579BAAE7AFE8245

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 16-Feb-2009 at 19:12
ВО НОВО ЛИСИЧЕ
Ќе се проширува булеварот Видое Смилевски-Бато

Неделава ќе почне проширување на булеварот Видое Смилевски-Бато што ги дели населбите Ново Лисиче и Реонски центар „Аеродром“. Градежните работи ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со булеварот Февруарски поход. Проектот за булеварско решение на оваа сообраќајница предвидува, покрај постојната, изградба на дополнителна сообраќајна лента во должина од 500 метри, како и тротоар и велосипедска патека. На крајот ќе биде поставена сообраќајна сигнализација и соодветно осветлување, додека во втората фаза ќе биде изградена и жардиниера во средишниот дел на булеварот, со хортикултурно уредување по системот капка по капка.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1624&ArticleID=107782
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 157>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.