build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 157>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 03-Jul-2009 at 14:29
Originally posted by pbanks

...
Незнам зошто се зезаат со делумна реконструкција, оваа улица е како roller coaster веќе со години мислам дека и треба една потемелна реконструкција а оглед на тоа како убаво се изгради во последниве години тоа и го заслужува.

Затоа во Тафталиџе комплетно се реконструира улица Applause


2009-07-02
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 06-Jul-2009 at 02:59

Трајановски ќе почека додека ја пресече првата лента

Големите градски проекти како детелината на Битпазар, раскрсниците кај Тутунскиот комбинат и булеварот Видое Смилевски Бато ги пробија роковите, а од градската управа сметаат дека причина за тоа се пречките што не може да се предвидат во проектирањето

%20
Трите отворени градилишта што започнаа да се реализираат кон крајот на мандатот на поранешниот градоначалник Трифун Костовски ги пробија роковите за изградба. На новиот градоначалник Коце Трајановски му остана да ги догради клучката „Детелина“ кај Бит-пазар, булеварот Видое Смилевски-Бато во Ново Лисиче и да го доврши градежниот зафат на раскрсниците кај Тутунскиот комбинат бидејќи за сите беа обезбедени пари во градскиот буџет. Иако на одредени периоди имаше мали застои во работата на градилиштата, градската управа тоа го правдаше со менувањето на градоначалничките функции по локалните избори во март, како и со лошите временски услови. Сепак, сé уште нема најави кој објект кога ќе заврши и каде новиот градоначалник ќе ја пресече првата лента.


ПОДЗЕМНИОТ КАТАСТАР - СТАР ПРОБЛЕМ


На теренот се гледа дека градежните работи ни оддалеку не се пред крајот, освен на булеварот Видое Смилевски-Бато, каде што треба да се стави уште завршниот слој на асфалт. На „Детелина“ кај Бит-пазар работниците забрзано работат на последниот крак од клучката, а се прави и тротоарот на раскрсниците пред Тутунскиот комбинат.

Од градот сметаат дека во добар дел проектите не излегуваат до предвидените рокови, но дека нивната реализација е отежната поради пречките што не можат да се предвидат при проектирањето, а кои се последица на непостоење на подземен катастар.

- Градоначалникот Коце Трајановски успешно го реши проблемот со дислокација на подземните електроинсталации, а во неговата програма има предвидено и изработка на подземен катастар, со што во иднина трајно би се решил проблемот со непречена реализација на сите градежни проекти - објаснуваат од одделението за односи со јавноста во градот.


ПОСЛЕДНИ КРАЦИ НА ДЕТЕЛИНАТА


Клучката „Детелина“ кај Бит-пазар почна да се гради на 7 ноември минатата година, а според најавите се очекуваше да се заврши за 120 дена. Но проблемот со преместувањето на подземните инсталации беше главната причина за одложување на градежните работи. Со овој проект градот ќе ја добие првата сообраќајна детелина, форма на клучка, која е многу употребувана во светот и со која се овозможува директен пристап во сите насоки без семафори. Во изминатиот период се работи на изведбата на третиот крак од страната на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска улица. Се работи на асфалтирање на лакот и на изградба на сообраќајните острови. Од градот истакнуваат дека поради лошата состојба на делницата што ги поврзува улицата Цветан Димов со мостот и со делот кон пазарот ќе се врши гребење на асфалтот и подготовка за фино асфалтирање. Оттаму додаваат дека по завршувањето на третиот крак ќе се асфалтира и изгребаниот дел на булеварот Никола Карев за да се создадат услови за обележување на клучката и за поставување на сообраќајна сигнализација. Клучката ја гради фирмата „Гранит“, а за неа се обезбедени 40 милиони денари.


ЗАВРШЕН АСФАЛТ ВО НОВО ЛИСИЧЕ


Булеварот Видое Смилевски-Бато почна да се пробива во февруари, а се планираше градежните работи да завршат за три месеци, односно до мај. Едниот крак од овој булевар е направен уште кога се изградила населбата Ново Лисиче, но досега никој не се нафатил да го доврши овој заборавен проект и со тоа да се намалат гужвите и сообраќајните несреќи во тој дел. Се работи на финалното двослојно асфалтирање, од кои првиот слој со дебелина од шест сантиметри се нанесува деновиве, а потоа ќе се нанесе вториот од четири сантиметри. Со проектот коловозот ќе биде долг 510 метри и широк 23,5 метри. За сето тоа се издвоени 30 милиони денари.


РАСКРСНИЦИТЕ КАЈ ТУТУНСКИ СЕ НАЈСЛОЖЕНИ


Проектот за проширување на раскрсниците околу Тутунскиот комбинат е сложен градежен зафат, кој опфаќа четири крстосници и десетина сообраќајници. Градежните работи започнаа на 19 март, а за три месеци се најавуваше дека ќе се прошири ова тесно сообраќајно грло, со што за околу 50 отсто ќе се намали метежот на возила. Од градската управа соопштуваат дека во изминатиот период се работи на поставување на бехатон-плочки на тротоарите на делницата од основното училиште „11 октомври “ во насока кон населбата Пролет. На терен може да се забележи дека за финиширање на проектот има уште работа, особено на делот кај влезот на Тутунскиот комбинат, како и на проширувањето на делницата што води кон амбулантата „Пролет“. Реализирањето на овој проект, како што велат од градот, е сложена процедура, особено поради перманентното оптоварување на сообраќајот и дислокацијата на подземната инфраструктура, која се наоѓа на дел од трасите. Изведувач на работите е претпријатието „Маврово инженеринг“, а за проектот се издвоени 12,5 милиони денари од градскиот буџет. Реконструкција на овој простор се најавуваше повеќе од една година, но работите не можеа да започнат поради административно-правни проблеми со одобренија за градба, сообраќајни решенија, усогласувања на деталниот урбанистички план со генералниот и со друга документација.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=749941196&id=14&prilog=0&setIzdanie=21729
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 06-Jul-2009 at 17:21
како може да не се предвидат пречки во проектирањето Question
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 06-Jul-2009 at 17:54
Реално земено ова се 3 минорни проекти господа! Вакво доцнење веќе не може да се објасни со ништо освен со зашеметувачка неспособност!



Проектот за проширување на раскрсниците околу Тутунскиот комбинат е сложен градежен зафат, кој опфаќа четири крстосници и десетина сообраќајници.

Crazy  Stern%20Smile  Nuts  Eeek3  Clown  Crazy  Doh

Абе остај, вистински мега проект! Слушнав na Discovery Channel ќе имало документарец за проектов.


Не знам како сте ја направиле рачуницава  Bash
Ама секој што поминал од таму можел да види за каков проект се работи. Не мора ни да се поминува, се гледа на фотките постирани на форумов.
Да бевме нормална средина тоа ќе се завршеше за една недела и немаше ни да биде спомнувано по медиумите. А кај нас некои мислат дека можат и да се кочоперат со ова фијаско.


Edited by Cloverstack - 06-Jul-2009 at 17:58
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 06-Jul-2009 at 18:04
Мене ме зачудува, односно незнам дали ме засмејува или којзнае што ми прави, кога ќе слушнам оправдување за пробиен рок. Ама тоа така безобразно се дешава или да се потцени паметот на луѓето со степен да не ми се верува што слушам од релевантните, или па да се извади некој аргумент, некое оправдување од релевантните, притоа себезадоволно и елоквентно, неприметувајчи да си пукаат во нога,а притоа упте поголема трагедија е што тоа останува медуимски незабележано. Еве конкретен случај, подземниот касастар е во надлежност на градот, а градот тоа го користи како аргумент за доцнење на многу проекти. Подобро воопшто да не го спомнуваат пошто само не постсетуваат дека освен што доцнат со конкеетните задоцнети проекти, туку доцнат плус и со подземниот катастар.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 10-Jul-2009 at 00:08

Саниран стариот Качанички пат

Општина Бутел ја заврши санацијата на стариот Качанички пат во населеното место Визбегово. Обновен е најруинираниот дел од патот во должина од 500 метри. Од Општина Бутел велат дека стариот Качанички пат е главна сообраќајница во индустриската зона на Визбегово и исклучително значајна за нормалното функционирање на стопанските објекти, кои се лоцирани по целата негова должина. Надлежните информираат дека десно од Качанички пат е пробиен и тампониран нов пат во должина од еден километар, покрај кој минува делницата на новиот водовод, што деновиве беше завршен во Визбегово.

Од Општината најавуваат дека на десната страна од стариот Качанички пат наскоро ќе се реконструира и постојниот селски пат, а се планира да му се даде статус на локален пат. Тој ќе биде еден од петте во Општината и ќе ја поврзува индустриската зона со селото, а воедно и Општина Бутел со Шуто Оризари и Чучер-Сандево.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4AA45105129438468DC06530A119498A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 10-Jul-2009 at 20:47
ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО

Градот Скопје ги информира граѓаните дека од 13.07.2009 година /понеделник/ ќе почне реконструкцијата на дел од булеварот Видое Смилевски Бато. Проектот ќе опфати гребење на површинскиот слој од асфалтот на средната сообраќајна лента на јужниот коловоз од булеварот Видое Смилевски Бато, почнувајќи од булеварот Србија до првата раскрсница со улицата со исто име како и булеварот Видое Смилевски Бато.
Овој потег ќе се асфалтира и ќе се постават семафори на раскрсницата.
Градежните работи на булеварот ќе ги изведува Конструктор Инженеринг д.д Сплит, подружница Скопје во наредните 20 дена.
Работите на теренот ќе зависат од временските услови.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставената патна сигнализација.

http://www.skopje.gov.mk/


Edited by lslcrew - 10-Jul-2009 at 20:47
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 13-Jul-2009 at 12:51
На раскрсницата кај Тутунски изгледа стартува "фаза 2" Nuts

Прават нова лента покрај училиштето 11 Октомври во правец кон Лисиче.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 13-Jul-2009 at 23:22

По улицата „Владимир Комаров“, конечно, ќе се вози во една насока

Новиот режим на сообраќај е предвидено да профункционира до крајот на месецов

По улицата „Владимир Комаров“ во Аеродром, конечно, ќе се вози во една насока, односно од Железничката станица во правец на булеварот „Јане Сандански“ најавуваат градските власти. Во ЈП „Улици и патишта“ ги подготвуваат сообраќајните знаци што ќе информираат за новиот режим на сообраќај кој е планирано да профункционира за две недели. Од Градот Скопје не можат да потврдат дали во една насока ќе се вози само на „Владимир Комаров“ или и на околните улички, проект кој градските власти го подготвуваа речиси две години. Оттогаш и зачестија барањата на Општина Аеродром, особено на граѓаните за воведување еднонасочно возење по оваа улица заради нејзината преоптовареност откако во употреба се пушти новиот мост кај Транспортен центар.

Стартот на проектот досега неколкупати се најавуваше, но не се реализираше заради неколкумесечни анализи на терен, изготвување на сообраќајните решенија и обезбедување средства за негова изведба.

Инаку, сообраќајот на улицата „Владимир Комаров“ се интензивираше по изградбата на новиот мост, при што во одредени периоди од денот сообраќајницата станува критично и небезбедно место за минување. Особено за учениците од осмолетката „Браќа Миладиновци“, чиј главен влез е на самата улица. Во меѓувреме, на улицата Општината превентивно постави неколку легнати полицајци, кои, според реакциите на жителите, не се покажале како решение за подигнување на безбедноста на повисоко ниво.

Од Градот пред една година објаснуваа дека освен за „Владимир Комаров“ постои и проект за возење во една насока на уште неколку улички зад Трговскиот центар „Скопјанка“, што би се реализирал во две фази. Првата, со која ќе се воведе еднонасочен сообраќај на „Владимир Комаров“ во насока од Железничката станица кон населбата, односно кон булеварот „Јане Сандански“. Во втората фаза, пак, се предвидува воведување систем на еднонасочни улици зад „Скопјанка“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9F370A0BC6EE804A8389C226311D54A6
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 14-Jul-2009 at 11:43
Во објавава фали информација на кој сегмент Владимир Комаров ќе биде еднонасочна. Но има две „логични“ можности кои доаѓаат во предвид, а и двете горе долу резултираат со сличен неповолен резултат.

Делот во написот каде овој чекор пред се се објаснува со потребата од зголемување на безбедноста воопшто не ми е јасен.

Вистина, со еднонасочниов сообраќај Владимир Комаров значително ќе се растовари (иако мислам дека и до сега не беше критично преоптоварена, особено во споредба со општата ситуација низ градов), но ако главната цел била зголемување на безбедноста, тогаш според мене се работи за тотално промашена работа која ќе има спротивен ефект. На двонасочна улица се вози побавно и воглавно подефанзивно. На еднонасочна може да очекуваме само побрзо возење и повеќе акробации!

Инаку системот еднонасочни улици би правел логика (од друг аспект) кога другата улица што се спомнува (позади „Скопјанка“) би била навистина  компатибилна со Владимир Комаров. Но тоа не е случај... Добивам впечаток дека повторно се прави нешто само колку да се направи, без вистински да се анализира и без вистински да се разберат сите ефекти што ќе произлезат.

Во целава ситуација многу е чудно и тоа што на крстосницата со ул. Никола Карев (накај новиот мост) кога се оди во правецот што сега се укинува, вртење десно е ионака забрането (претпоставувам највеќе поради лошата геометрија на крстосницата која произлегува од импровизаторското решение кое се надеваме е привремено). Епа господа, во правец на вашите дискутабилни замисли, доволно ќе беше навистина да се спроведува таа забрана на терен (сите ја игнорраат, а никогаш не сум видел некој да биде санкциониран) и ќе се постигнеа најголем дел од ефектите што ги барате, а со помалку нусефекти.


На крајот на краиштата кој ја потегнал и одобрил работава?
зачестија барањата на Општина Аеродром, особено на граѓаните за воведување еднонасочно возење по оваа улица
Епа сега општината или граѓаните? Или заедно сме посилни (во глупоста)
„Граѓаните“ можат да бараат што сакаат, ама не значи дека се во право. Ниту треба да се очекува дека една поголема нехомогена група има вистинско разбирање на проблемот. Ниту треба да се очекува дека голем дел од нив општите интереси би ги ставиле пред маалските (не дека во случајов ќе се офајдат, баш напротив). И конечно што значи тоа „граѓаните“? Можеби на секој „граѓанин-сообраќаен експерт“ што наводно барал вакво решение, има по пет граѓани кои тоа не го сакаат. Значи приказната со граѓаните веднаш отпаѓа и нема никаков легитимитет.
А ако општината стои зад проектов, баш ме интересира какви кадри дале таква препорака, дали подготвиле некаков елаборат и ако евентуално постои таква работа, кој е неговиот квалитет. Бидејќи ова што се прави е очигледно чекор на дезорјентирани луѓе кои не разбираат што е проблемот, а камо ли како да го решат.


Ако господата (и од општината и од градот) сакаат вистинско решение, нека се зафатат со пробивање на врската помеѓу булеварите Гоце Делчев и АВНОЈ. Покрај бројните проблеми што таа врска ќе ги реши, ќе ја реши и ситуацијата на Владимир Комаров која повторно ќе биде мирна локална улица.


За крај морам да ги прокоментирам и лежечките полицајци кај осмолетката „Браќа Миладиновци“. Не ми е јасно од каде тврдењето дека не си ја вршеле функцијата. Тие се нестандардни и крајно груби, па сообраќајот таму буквално се влече. Ама ако сметаат дека не си ја вршат работата, нека повелат нека ги тргнат, барем да не кршат луѓето коли без потреба нели.


Се на се целава работа ми мириса како вообичаена неспособност и неразбирање на работите, а „решението“ за проблемот е првата паушална импровизаторска заебанција на која се сетиле надлежните, пливајќи изгубени и во простор и во време. Демек еве мислиме, работиме... Ништо ново, класика...

Wallbash


Edited by Cloverstack - 14-Jul-2009 at 12:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 17-Jul-2009 at 15:08

ОД НЕДЕЛА ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ ПО УЛИЦАТА „ВЛАДИМИР КОМАРОВ“ КОН АЕРОДРОМ

Од недела се воведува еднонасочен сообраќај по улицата „Владимир Комаров“ само кон населбата Аеродром, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Со измената на сообраќајниот режим на улица „Владимир Комаров“, сообраќајот ќе се одвива во насока од Транспортен Центар кон булеварот „Јане Сандански“, односно кон населбата Аеродром.

Сообраќајот од Аеродром кон Центарот на градот ќе се одвива по булеварот „Јане Сандански“ под новата железничка станица и понатаму во сите други насоки.

Град Скопје за потребите на новиот сообраќаен режим ја прошири крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со „Владимир Комаров“, додека ЈП „Улици и патишта“ поставија соодветна сообраќајна сигнализација.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=AD431D2B16DAA54A9F05083F1CA2A4D4
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 17-Jul-2009 at 18:03
Originally posted by lslcrew

Град Скопје за потребите на новиот сообраќаен режим ја прошири крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со „Владимир Комаров“
Всушност тоа што го направија е безначајно и несуштинско кратење на неколку метри квадратни од средишното зеленило кои сега ги асфалтираа во вид на тумба, ваљда за тие што не знаат да го заобиколат „проширувањево“ да си ја истестираат амортизацијата.

Doh
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 18-Jul-2009 at 17:08
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ЌЕ ГО ОЗНАЧИ СТАРТОТ НА ЕДНОНАСОЧНИОТ СООБРАЌАЈ ПО ВЛАДИМИР КОМАРОВ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски утре /19.07.2009 година/ во 12 часот на крстосницата на улицата Владимир Комаров со Булевар Јане Сандански ќе го означат стартот на еднонасочниот сообраќај по улицата Владимир Комаров.
Со измената на сообраќајниот режим на улица Владимир Комаров, сообраќајот ќе се одвива во насока од Транспортен Центар кон булеварот Јане Сандански, односно кон населбата Аеродром.
Сообраќајот од Аеродром кон Центарот на градот ќе се одвива по булеварот Јане Сандански под новата железничка станица и понатаму во сите други насоки.
Град Скопје за потребите на новиот сообраќаен режим ја прошири крстосницата на булеварот Јане Сандански со Владимир Комаров, додека ЈП Улици и патишта поставија соодветна сообраќајна сигнализација.
Се молат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат кон новиот режим на сообраќај.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2758&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Не ми се веруе до кое дереџе сме се дотерале да треба двајца градоначалници со помпа да пуштаат еднонасочен сообраќај! Да ги потсетам да не го заборават архиепископот, фуере и филипини!

Crazy   Crazy   Crazy   Crazy   Crazy




Edited by lslcrew - 18-Jul-2009 at 17:09
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 21-Jul-2009 at 16:23
Ленинова ќе биде еднонасочна

Општина Центар нарачала проект за еднонасочен сообраќај од Илинденска до Иво Рибар Лола и од булевар Климент Охридски до улицата Рузвелтова, со кој треба да се дефинира и новиот режим за Ленинова

Општина Центар ќе бара од Градот улицата Ленинова да стане еднонасочна. Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Центар, вели дека нарачале проект за нов сообраќаен режим на Ленинова и околните улици. Тој објаснува дека одлучил да побара еднонасочен сообраќај на оваа улица, бидејќи по неа не е безбедно да се помине ниту пеш ниту пак со возила, поради хоасот што е направен од паркираните коли на тротоарите и коловозот, како и од летните тераси, кои скоро целосно ја зафаќаат пешачката површина на Ленинова.
"Порачавме проект за еднонасочен сообраќај, кој планираме да зафаќа малку пошироко подрачје, но во прво време тоа да биде улицата Ленинова. Планираме еднонасочен сообраќај да се воведе од булевар Климент Охридски до улицата Рузвелтова, како и од Илинденска сe до улицата Иво Рибар Лола", рече Тодоровиќ.
Проектот, како што кажа градоначалникот на Центар, треба да биде готов до крајот на месецот, по што Општината ќе даде и официјален предлог до Градот.
"Со еднонасочниот сообраќај сакаме да овозможиме паркирање на коловозот, но не и на тротоарите. А откако ќе го решиме проблемот со колите, полесно ќе се справиме и со кафеанџиите да го почитуваат она што им е дозволено за летни тераси", рече Тодоровиќ.
Градските власти велат дека кај нив со уште не стигнал предлог од Центар да се вози еднонасочно по улицата Ленинова, и дека откако ќе го добијат барањето ќе го разгледаат и ќе одлучат дали ќе го прифатат.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=9A8BAC39EB2F624D880F8B3C727D43A9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 22-Jul-2009 at 23:08

Еднонасочноста за градските власти не е решение за метежот

Еднонасочниот сообраќај на „Владимир Комаров“ ќе биде едно од ретките сообраќајни решенија

Градските власти нема да воведуваат еднонасочен сообраќај за да се растоварат пофреквентните улици и покрај препораките од стручњаците. И покрај откажувањето на поголем број сообраќајни проекти во име на штедењето, градските власти не одлучуваат да се насочат кон поедноставно решение за сообраќајниот метеж.

Според препораките на сообраќајните инженери, растоварување на метежот со еднонасочен сообраќај, освен на делот на „Илинденска“, од Владата до фонтаната „Лотос“ и во спротивен правец на улицата „Орце Николов“, можно е да се постигне и на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Капиштец. Еднонасочниот сообраќај би бил решение и за хаосот во Дебар маало, како и зад трговскиот центар „Буњаковец“, велат стручњаците.

Моментно поради финансиски причини е стопирано проширувањето на „Илинденска“, за која Генералниот план предвидува да продолжи со мост преку Вардар, проширувањето на „Гологанов“ како продолжение на Јужен булевар, кружниот тек кај Католичка црква, булеварот „Србија“ и други најавени капитални проекти.

Според информациите од градските власти, на градоначалникот Коце Трајановски во план му е изградба на нови улици или проширување на постојната сообраќајна мрежа. Еднонасочниот сообраќај ќе се применува само по исклучок, како што е улицата „Владимир Комаров“ каде што од неделава има нов режим на сообраќај. Сепак, возењето во еден правец нема да се применува и на други сообраќајници каде што има можности за ваков режим.

„Градоначалникот Коце Трајановски, во својата програма, решението на проблемот на сообраќајниот метеж го конципира преку проширување и изградба на нови сообраќајни решенија. Значи ’Владимир Комаров“ ќе биде едно од ретките сообраќајни решенија со кои ќе се регулираат сообраќајните текови со еднонасочен сообраќај“, информираат од Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D30DABFA9DA96445AC318F06964CD112
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 25-Jul-2009 at 02:13

Се проширува дел од булеварот „Трета македонска бригада“

Проектот за проширување на раскрсницата ќе чини 12 милиони денари

Реконструкцијата на раскрсницата кај Тутунски комбинат продолжува со проширување на булеварот „Трета македонска бригада“, во делот кај основното училиште „11 Октомври“. Моментно екипите на градежното претпријатие „Маврово инженеринг“ работат на тампонирање на проширениот дел, каде што се поставуваат и нови рабници. По завршувањето на тампонскиот слој сообраќајницата ќе се подготвува за асфалтирање. Во меѓувреме, информираат градските власти, се очекува ЕВН да изврши санација на електричните кабли во близина на трафостаницата на потегот кој се реконструира. Проектот, кој Градот Скопје ќе го чини 12 милиони денари, ќе се реализира во фази, за да се избегне попречувањето на редовното одвивање на сообраќајот. Проширувањето, по асфалтирањето, ќе продолжи и од другата страна на булеварот, во правец од Центар кон Мичурин.

Проширувањето на раскрсницата кај Тутунски комбинат е услов за реализација на Јужен булевар и „Крушевска република“, кои се зацртани во Генералниот урбанистички план на Скопје. Како што информираат од Градот Скопје, неизвесно е кога и како ќе бидат изградени овие сообраќајници, а дополнителен проблем претставува и немањето детален план за овој дел од градот. Заради тоа, велат од Градот, за обезбедување на полесно одвивање на сообраќајот на овој потег се наметна потребата од проширување на раскрсницата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D30643303C60F54DBF9052C12BE18361
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 25-Jul-2009 at 02:17
Најраскопаните скопски улици се на елитното Водно!


Одговорните од општината велат дека допрва ќе изработуваат проект за санација на посочените улици, но не прецизираат кога ќе почнат градежните активности


Жителите на улиците Славејко Арсов и Салвадор Аљенде на Водно уште долго ќе живеат како сред село. Иако во елитниот дел на метрополата и на само два километра од строгиот центар, тие и натаму ќе минуваат низ раскопани улици на кои се издигнати опасни шахти, преку купишта градежни материјали, без тротоари, бидејќи Општина Центар и покрај нивните упорни настојувања, не планира многу скоро да им го реши проблемот.

Одговорните од Оштината велат дека допрва ќе се изработува проект за санација на посочените улици, но не прецизираат кога ќе почнат градежните активности.
- За улицата Славејко Арсов во тек е изработка на градежно техничка документација за атмосферска канализациска мрежа и реконструкција на коловозот и тротоари. За коловозот на улицата Салвадор Аљенде предвидена е санација на ударните дупки, која работа ќе биде извршена во наредниов период - информираат од Општина Центар. Пред еден месец, на прашање на Вечер за градежниот шут и скелињата кои се среде улицата Салвадоре Аљенде, одговорија дека "ќе испратат комунална инспекција која треба да ги согледа проблемите по што веднаш ќе интервенира". Но и ова ветување е уште едно од серијата неисполнети ветувања, се жалат жителите. Тие велат дека дека и претходно многупати самоиницијативно се собирале и во Месната заедница, поднеле петиција до Општината со потписи на сите жители, а барале и средба со градоначалникот Владимир Тодоровиќ за лично да му го објаснат проблемот. Засега, ниту еден обид не бил успешен и не ги иницирал инспекциските служби да реагираат.

Овие две улици се типичен пример за грубо нарушување на законските прописи што се однесуваат на изведба на нови градежни објекти кои што предизвикаа нарушување на животот во целокупната урбана зона.

Вечер веќе пишуваше дека овие улици се единствени и по новоградбата на која еден од терасите со поглед на метрополата е изграден околу постоечкиот електричен столб од тротоарот!?

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=408B00937E3DFA46819AC3FF8B34F532
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 25-Jul-2009 at 09:29
Проширувањето на раскрсницата кај Тутунски комбинат е услов за реализација на Јужен булевар и „Крушевска република“, кои се зацртани во Генералниот урбанистички план на Скопје.


Crazy
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 30-Jul-2009 at 17:12
ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА ПРОШИРЕНИОТ БУЛЕВАР ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски утре /31.07.2009 година/ на крстосницата во Ново Лисиче во 10 часот официјално ќе го пушти во употреба проширениот булевар Видое Смилевски Бато.
На настанот ќе присуствува и Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

http://www.skopje.gov.mk/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 31-Jul-2009 at 13:33
ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ ПРОШИРЕНИОТ БУЛЕВАР ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, денеска /31.07.2009 година/ свечено го отворија за сообраќај проширениот булевар Видое Смилевски Бато, во населбата Ново Лисиче.
- Булеварот Видое Смилевски Бато е проширен во должина од 510 метри на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со булеварот Февруарски поход. За градежните работи беа потрошени 30 милиони денари, а се градеше пет месеци. Ова е модерно булеварско решение, со вградена атмосферска канализација и штедливи светилки. Очекуваме сообраќајот во овој дел од градот значитечно да се растовари, а граѓаните да го скратат времето на патување – изјави денеска градоначалникот Трајановски.
Со проширувањето на десната лента од булеварот Видое Смилевски Бато се доби булевар широк 23,5 метри. Коловозните ленти се широки 10,5 метри, а пред раскрниците ширината изнесува 14 метри. Зелениот појас е широк 6,5 метри, а велосипедските патеки ќе зафаќаат 2,5 метри. Тротоарите ќе бидат широки 4 метри.
Одведувањето на атмосферските води е решено со секундарна атмосферска мрежа на сливници со вкупна должина од 400 метри.
По должината на трасата на Видое Смилевски Бато е поставено и ново осветлување со нови штедливи светилки.
Градежните работи за проширувањето на булеварот Видое Смилевски Бато ги изведуваа екипи на компанијата „Конструктор“.







www.skopje.gov.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 157>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.379 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.