build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3435363738 157>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 21-Jun-2010 at 15:55
Би било добро некој новинар да го постави прашањето за премин овде (42° 0'2.17"N 21°28'53.52"E). Ќе пренасочи голем дел од сообраќајот и преминот подоле кајшто испогина многу народ веќе нема да го има карактерот на импровизирана градска магистрала, туку ќе остане само локален премин. Еден таков премин е една исклучиво мала и ефтина интервенција, а добивката е огромна. Ќе биде од значење и за жителите и за малото и средно стопанство што се развива во тој дел.


Edited by lslcrew - 21-Jun-2010 at 16:05
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 21-Jun-2010 at 22:49
А дали се знае рок на градење на оваа улица? И дали во меѓувреме ќе биде скроз затворена?
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 22-Jun-2010 at 14:44
lslcrew & djole88, одговори имате во оваа вест:

Почна реконструкцијата на улица Благоја Стефковски

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, денеска го означија стартот на градежните работи за реконструкција на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари. Град Скопје под чија надлежност е улицата за овој проект ќе потроши околу 26 милиони денари. Ќе се реконструираат 800 метри на сегментот од булеварот Александар Македонски до улицата Методија Андонов Ченто. Постојниот коловоз ќе се отстрани и ќе се постави нова коловозна конструкција со тампонски слој и нов асфалт со дебелина од 15 сантиметри. Исто така ќе се постави атмосферска канализација со профил од 800 милиметри во должина од 562 метри и ќе се обноват тротоарите кои што ќе се поплочат со бехатон плочки. Работите ги изведува фирмата „Бауер БГ“. Додека траат градежните активности сегментот ќе биде целосно затворен за сообраќај, а Трајановски најави завршница на проектот до септември, како би се искористил периодот на намален сообраќај за време на летниот период. Тој апелираше до граѓаните во меѓувреме да бидат трпеливи. Градоначалникот исто така изрази спремност да се разгледа можноста за реализација на кусиот сегмент кој недостасува за поврзување на улиците Методија Андонов Ченто и XV Корпус со премин под железничките пруги. Со тоа би се добила многу значајна сообраќајна врска која е предвидена со Генералниот урбанистички план.


http://www.build.com.mk/?p=4073




1


2
Еве како изгледа пресекот на коловозот со бетонската основа што беше карактеристична за овој сегмент

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 24-Jun-2010 at 13:56

Наместо семафори, кружен тек кај СП "Планет"

Деновиве е распишан тендерот за избор на фирма која ќе го гради кружниот тек и доколку заврши успешно, годинава ќе стартуваат градежните работи

До крајот на годината, сообраќајот на крстосницата на улицата Ѓорче Петров во истоимената населба, веднаш до маркетот СП "Планет", ќе се регулира со кружен тек. Анализите на секторот за сообраќај во Градот покажале дека на овој потег би имало подобро регулиран сообраќај, доколку на крстосницата меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка, наместо семафори, би имало кружен тек. Со тоа би се намалиле колоните возила кои се создаваат за вртење кон населбата Хром и за приклучување од улицата Радушка на улицата Ѓорче Петров.
"Деновиве е распишан тендерот за избор на фирма која ќе го гради кружниот тек. Доколку изборот заврши успешно, очекуваме годинава да стартуваме со градежните работи. Колку ќе нè чини овој проект, ќе знаеме откако ќе ги добиеме понудите од заинтересираните фирми", велат од Град Скопје.
Кружниот тек е предвидено да го краси споменик на револуционерот Ѓорче Петров, кој ќе го постави Општината. Предвидено е во средината да биде поставен постамент, висок седум метри, а на него споменикот леан во бронза и висок три метри. Споменикот чини 90.000 евра, кои Општина Ѓорче Петров ќе ги добие од Министерството за култура.
За дополнително разубавување на влезот на Општина Ѓорче Петров, на сите четири страни на раскрсницата ќе има фонтани.

http://vest.com.mk/?ItemID=0E39CB9FB990274A9DD9D4C420CFC060
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 25-Jun-2010 at 02:44
Столпчиња наместо жардиниери на „Водњанска“

Жардиниерите на улицата „Водњанска“ ќе бидат заменети со безбедносни столпчиња. Екипи на „Улици и патишта“ ги дислоцираа старите препреки покрај куќата која излегува на улицата и на нивно место ќе постават неколку столпчиња. Целта е да се зголеми безбедноста при одвивањето на сообраќајот преку ден, но и во ноќни услови.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=93776AC0AE4CC14785F64E89E337F359


Алоооо ХИЛТА, не столпчиња, жардињери, огради, зафрканции на среде булевар!


Edited by lslcrew - 25-Jun-2010 at 02:44
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 29-Jun-2010 at 05:30

Наместо кај Католичка, Трајановски ќе гради кружен тек во Ѓорче Петров

Иако лани градоначалникот Трајановски најави изградба на осум кружни раскрсници, годинава ќе прави сосема деветта ваква раскрсница кај „Планет“, во чија средина треба да биде поставен споменикот на револуционерот Ѓорче Петров

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски како свој приоритет за растоварување на сообраќајниот метеж одбра годинава да гради кружен тек на улицата Ѓорче Петров, кај трговскиот центар „Планет“, за чиј средишен дел неговиот колега Сокол Митровски веќе нарача споменик на патронот на општината. Лани Трајановски најави изградба на осум кружни раскрсници во Скопје, како свои сообраќајни приоритети, при што раскрсницата во Ѓорче Петров не беше меѓу нив. Градската власт не објасни по кои критериуми утврдиле дека станало поважно да се гради кружен тек меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка, а не на пример кај црквата „Свети Петар и Павле“ или уште повеќе, кај Католичка црква, каде што владее вистински метеж.

Споменикот на револуционерот Ѓорче Петров, според градоначалникот Митровски, е во фаза на изработка. Се очекува да биде поставен во наредната година, но прво мора да биде навреме завршен кружниот тек кај „Планет“.

- Уште не сме се договориле со Градот кој колку ќе финансира за изградбата на кружниот тек, но јасно е дека ние ќе ги изведуваме сервисните улици - изјави градоначалникот Митровски.

Од Градот информираат дека тие целосно ќе го финансираат овој кружен тек, но негираат дека итноста за негова изградба е поврзана со идејата на Митровски до април в година да го постави споменикот на раскрсницата заедно со фонтани. Градските власти, кои во првиот квартал стојат загрижувачки слабо со приходи, а со неодамнешниот ребаланс одложија многу проекти, не одговорија на прашањето зошто не почнуваат нешто од листата со кружни раскрсница кои Трајановски веќе ги најави, а инвестираат во место што никогаш не било споменато како „црна сообраќајна точка“.

- Ниту еден од капиталните проекти предвидени во буџетот на Град Скопје не е одложен. Турбораскрсницата кај Католичката црква е еден од приоритетните проекти, но нејзината изградба зависи од проширувањето на улицата Теодосиј Гологанов или од изградбата на Јужниот булевар. При проширувањето на „Гологанов“, за кое се надеваме дека ќе почне во наредната година, ќе биде решен и овој проблем кај Католичка црква - изјавија од Одделението за односи со јавноста.

Проширувањето на „Гологанов“ скопскиот градоначалник лани исто така го најави како свој капитален проект. Но, пред некој ден, при ребалансот на Буџетот, не појасни кога има шанса да почне.

- Правиме студија - рече тој.

Лани градската власт за спас од метежот на некои критични точки најави изградба на осум кружни тека и тоа: кај Католичка црква, на раскрсниците меѓу улиците 4 Јули и Партизанска, 16 бригада и Коце Металец, Босна и Херцеговина и Александар Урдаревски, Втора македонска бригада и Лазо Трповски, Втора македонска бригада и Кемал Сејфула, 16 Бригада и улица 808, како и меѓу булеварот Никола Карев и Трета македонска бригада.

- Осумте раскрсници се во фаза на проектирање и никогаш од наша страна не било посочено дека ќе се почне со нивна реализација во текот на оваа година. За нивна реализацијата, Град Скопје редовно ќе ја информира јавноста - рекоа од Градот.

Споменикот на Ѓорче Петров ќе биде висок вкупно 10 метри, од кои три метри ќе биде висината на постаментот. Тој ќе биде претставен како коњаник, излеан од бронза. Избраното решение е на авторот Дамјан Ѓуров, кој до крајот на годината ќе треба да ја изработи фигурата во гипс, по што ќе следува лиењето. Општинарите планираат новиот споменик да биде откриен на 2 април идната година. Според урбанистичкото решение, на аглите од раскрсницата ќе се градат четири фонтани. Споменикот ќе чини околу 82.000 евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B56C0A881229B94D955D7BDD60DAD1E8
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #707 Posted: 29-Jun-2010 at 07:59

Мене ми личи дека единствена причина зошто се прави овој кружен тек е споменикот. Оваа раскрсница си има семафор на кој ама баш никогаш не сум чекал повеќе од 2-3 минути од било која страна. Со профункционирањето на обиколницата и сите нејзини поврзувања со деловите од градот мислам дека оптеретувањето ќе биде и помало.

Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #708 Posted: 29-Jun-2010 at 22:26
Тука треба кружен тек под итно ама и кај Католичка таму е поприоритетно.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #709 Posted: 14-Jul-2010 at 05:23

Проектот готов, се бара изведувач на првиот кружен тек во Карпош

Ротондата ќе го опфати делот каде што се сечат улиците „Париска“ и „Варшавска“, во близина на гимназијата „Георги Димитров“

Наредниот месец ќе почне изградбата на првиот кружен тек на подрачјето на општината Карпош, на раскрсницата кај средното училиште „Георги Димитров“. Општинарите деновиве ќе распишат тендер за избор на изведувач на градежните работи кои очекуваат да ги завршат до почетокот на учебната година. Градоначалник Стевчо Јакимовски информираше дека проектот за кружниот тек е готов и до средината на идната недела планира да го распише тендерот за изведувач.

„Плановите ни течат според зацртаната програма, што значи дека наскоро ќе избереме изведувач и веднаш ќе започнеме со теренски работи за ротондата да биде изградена до 1 септември. Новото сообраќајно решение ќе го опфати делот каде што се сечат улиците ‘Париска‘ и ‘Варшавска‘, непосредно до влезот на гимназијата. Убеден сум дека со изградбата на кружниот тек во голема мера ќе ја зголемиме безбедноста во тој дел на Карпош каде што сообраќајот сега е особено фреквентен поради близината на училиштето“, вели Јакимовски, кој смета дека со изградбата на ротондата ќе се намалат честите сообраќајни незгоди и метеж во близина на училиштето. Проектот ќе се финансира со општински пари, а пред почетокот на изградбата, општинарите планираат целосно да ја реконструираат улицата „Париска“.

Инаку, реализацијата на оваа ротонда, како што најавува Јакимовски, ќе го означи почетокот на изградбата на неколку планирани кружни текови во општината, бидејќи надлежните утврдиле дека токму ваквите сообраќајни решенија се соодветни за зголемување на безбедноста и растоварување на сообраќајот на неколку локации низ Карпош. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=98C6D2DEA715C84A94B2D4873D0C8623


Edited by pbanks - 14-Jul-2010 at 10:47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #710 Posted: 15-Jul-2010 at 16:22
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА КЕМАЛ СЕЈФУЛА

Градот Скопје денеска /15.07.2010 година/ ја почна реконструкцијата на коловозот на улицата Кемал Сејфула, во населбата Чаир. Сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 800 метри и на површина од 12.000 квадратни метри. Стартот на градежните работи го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити.

- Оваа улица сега е целосно руинирана. Со реконструкцијата таа ќе добие нов лик, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Постојниот слој асфалт ќе се изгребе и ќе се нанесе нов слој, во кој ќе се вградат 1.400 тони асфалт. Реконструкцијата на улицата Кемал Сејфула ќе се работи фазно.

Сообраќајот по улицата ќе се одвива според однапред утврден режим и соодветна сообраќајна сигнализација, за што Градот Скопје навреме ќе ги известува граѓаните. Предвидовме оваа реконструкција да се одвива токму во летните месеци, кога е намален интензитетот на сообраќајот во градот. За целосната реконструкција на коловозот на улицата Кемал Сејфула Градот Скопје ќе потроши 11,4 милиони денари – изјави градоначалникот Коце Трајановски.

На обнова на коловозот на улицата Кемал Сејфула ќе работат екипите на градежната компанија АД „Пелагонија – Гостивар“, а градежните работи се очекува да завршат до крајот на август. Надзорот на работите ќе го врши градежниот институт „Македонија“.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3506&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #711 Posted: 16-Jul-2010 at 04:56
Originally posted by UrbanFreak

Мене ми личи дека единствена причина зошто се прави овој кружен тек е споменикот. Оваа раскрсница си има семафор на кој ама баш никогаш не сум чекал повеќе од 2-3 минути од било која страна. Со профункционирањето на обиколницата и сите нејзини поврзувања со деловите од градот мислам дека оптеретувањето ќе биде и помало.



Znae ponekogas da ima guzva,ama i jas ne sum siguren od potrebata za kruzen tek.
A za spomenikov...Malku e smesno sto ke ima 2 spomenika na G.Petrov na koi ke bidat daleku eden od drug 150 metri.Dodusa,edniov ke bide Gjorce konjanik,na vekje postoeckiot Gjorce ne e na konj.
PS Na ovie da im dades da napravat spomenik na Tesla i nego bi go kacile na konj.Magarinja.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #712 Posted: 16-Jul-2010 at 15:58
[quote]

Подземниот коридор пак излезе на површина

Иако постојат неколку студии за подземните сообраќајници во градот, градоначалникот Трајановски, ангажираше шпанска фирма за изработка на нов ваков документ





Последниве дваесетина години една од топ-темите за решавање на сообраќајниот хаос во градот е пробивањето на подземните сообраќајници. Се изработија и неколку студии за нивната оправданост, полезност. И стручњаците од Градежниот факултет и од Битолскиот сообраќаен факултет, имаат подготвувано вакви документи, а последна студија што е депонирана во градот е онаа на фирмата „Чакар и партнерс“. Тимот на „Чакар и партнерс“ својата студија ја изработи и му ја даде на градот во перидот 2002-2004 година. Но знаејќи го ова или не, градоначалникот Коце Трајановси завчера објави дека ќе потпишал договор „тежок“ 199.700 евра за консултантски услуги со шпанската компанија, ИДОМ од Билбао, околу изработка на нова студија. Шпанските консултанти со овој договор ќе треба да ги утврдат и правните постапки за начинот на концесионирање и промоција на подземните сообраќајници. Каде што се веќе старите и готови проекти и студии за подземните решенија за скопскиот сообраќај никој не коментира. Во потрага по вистината и поопширни информации за оваа тема контактиравме професори од Градежниот факултет, но и стручњаци што велат дека само еден километар подземна сообраќајница може да достигне цена и до 25 милиони евра. Доколку оваа бројка се помножи со неколкуте километри од подземните сообраќајници што се планира да се изградат во градот, сумата е навистина екстремно голема. Кој ќе го плати ова сé уште не се знае.

Градоначалникот Трајановски појаснува дека договорот со шпанскиот консултант содржи и обврска тој да најде концесионер што ќе работи и на финансирање на изградбата на сообраќајниците. За други детали ќе мора да се почекаат порачаните студии.

- Проектот е дел од мојата предизборна кампања. Советот на градот со консензус донесе одлука за изнаоѓање на консултант што ќе треба да најде концесионер и за подземните сообраќајници, но и за Луна паркот. По ова се објави меѓународен тендер во реномирано специјализирано списание за јавни огласи, по што е избрана оваа фирма. Целата процедура е многу транспарентно направено, а што се однесува до сумата, според мене таа е ниска за вакви услуги - изјави градоначалникот Трајановски.

Овие сообраќајници важат за доста безбедни и брзи, а воедно и екстремно скапи инвестиции. Кај нас една подземна сообраќајница е предвидена како продолжување на булеварот Свети Климент Охридски, кој завршува кај зградата на Владата и треба да продолжи со мост преку Вардар, па со подземни тунели под Калето, и да излезе некаде кај пластичарската улица. Втората подземна улица ќе се гради како продолжеток на булеварот Партизански одреди, ќе минува под плоштадот, ќе се движи покрај кејот и ќе излезе кај Комплексот банки. Од градот велат дека овие проекти се дефинирани според генералниот урбанистички план и со нив ќе се заокружи планот за „Големиот ринг“.

Експертите од Градежниот факултет велат дека најдобро е во Скопје да се направат подземни улици со плиток ископ, кој ќе биде покриен со бетонска плоча. Единствено тунелски ископ може да се направи под Калето. Иако може да се јават проблеми со надземните објекти што веќе се изградени, а под кои може да поминат сообраќајниците, сепак стручњаците велат дека доколку се употребат правилата и методите на современото градежништво ќе нема проблеми да се оди и под самите објекти, доколку е тоа потребно и доколку се работи за тунелски ископ.

- Иако Скопје има високи подземни води, тоа нема да влијае на изградбата на подземните улици. Сега градежништвото е толку развиено што не е проблем да се направат тунели и низ вода, како оној на Ла Манш, така што и да има подземни води сé се решава, само повисока е цената на чинење- ни изјави професор Дарко Мославац од Градежниот факултет.

Што се однесува на консултантските услуги што се плаќаат за ваква работа, тие варираат и се утврдуваат од проект до проект. Кај нас нема унифицирана тарифа, нема универзална вредност на чинење на ваквите проекти, е ставот на Авторската агенција на Македонија.

Градското раководство е задоволно со цената постигната со ИДОМ. За нив таа е и ниска.

- Добро е што победи ИДОМ. Наша желба е да се најде концесионер што ќе дојде во Скопје и ќе ги изгради овие сообраќајници што се многу значајни за растеретување на сообраќајот. Дополнително консултантот ќе го дефинира тоа дали ќе се плаќа за поминување низ улиците. Триесет проценти од парите што се предвидени за студиите се и за изнаоѓање концесионер. Самата фирма влегува во ризик. Шпанските партнери мора самите да најдат концесионер, за да важи овој договор - вели Трајановски.

Податоците од овие две студии ќе се споредат и со податоците од студијата што се изработува во Министерството за транспорт и врски, за подобрување на сообраќајот во градот и сите заедно ќе се вметнат во проектот за изградба на подземните сообраќајници и изнаоѓањето концесионер што ќе ги гради.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=716101035309&id=14&prilog=0&setIzdanie=22035[quote]
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #713 Posted: 16-Jul-2010 at 15:59

На „Комаров“ ќе се вози во обратен правец

Ако изработката на проектот, што ќе биде доставен до МВР, оди брзо, новиот режим треба да стапи во сила наесен

Еднонасочниот сообраќај на улицата Владимир Комаров, од Железничката станица до раскрсницата со булеварот Јане Сандански, ќе добие нов режим на возење, односно се менува во обратен правец, информираат надлежните во Градот. Еднонасочното возење беше воспоставено лани, но предизвика револт кај граѓаните, кои сметаа дека е лошо осмислен. Во утринските часови, кога граѓаните речиси сите во исто време тргнуваат на работа, мораа преку булеварот да се приклучат на „Крушевска република“ во Маџир маало. Така заглавуваа во метежот, губеа драгоцено време и трошеа бензин, наместо, како што велат, без никакво кружење и нервози, од „Комаров“ директно да излегуваат кај Железничката станица.

Засега, надлежните од Градот изработуваат проектот, што ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи. Тие велат дека менувањето на правецот, кој откако ќе се воведе ќе биде во насока од раскрсницата кон Железничка станица, значително ќе придонесе сообраќајот да се растовари.

- Ако работата оди брзо, новиот режим ќе стапи во сила наесен. Сметаме дека на овој начин ќе има поголем проток - изјавија од Градот.

Граѓани од населбата Острово велат дека одлуката им одговара.

- Добро е што од Градот ја осознале грешката. Метежот е неподнослив, особено во утринските часови. Наутро сите излегуваат речиси во исто време поради училиштата и почетокот на работното време на админсирацијата и се создава метеж што со поголем проток во спротивниот правец по „Комаров“ може да се растовари. Во попладневните часови не се враќаат дома сите во исто време, па не постои опасност од шпиц во обратен правец - вели Стојан М., жител на оваа населба.

Сегашниот режим беше проблем уште од самиот почеток. Најголем проблем сепак беа неинформирани или несовесни возачи кои со возење во обратен правец и со непочитување на сигнализацијата им го доведуваа во опасност животот на многумина други.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=40911003ECCE774A96E3643055F0DD8A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #714 Posted: 17-Jul-2010 at 00:49


Грешката не е во правецот, туку во тоа што оваа улица воопшто се направи еднонасочна. На времето како објаснување беше посочена безбедноста, а сега очигледно таа е уште полоша, што не беше тешко да се претпостави. Но сега заборавија на тогашните објаснувања и излегоа со ново, па ко муви без глави ги менуваат концептите. Океј еве нека се смени правецот, но тоа сигурно многукратно ќе го зголеми напливот на оние кои вртат десно од кај транспортен накај новиот мост ( 41°59'34.55"N  21°26'51.01"E ). Тоа вртење е со право забрането, бидејќи геометријата на кривината е ужасна (да не навлегувам зошто е таква ситуацијата), но никој тоа не го почитува, а со менување на правецот по кој ќе се вози по Владимир Комаров, токму таа траса станува најатрактивна.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #715 Posted: 23-Jul-2010 at 14:15
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ФЕРИД БАЈРАМ



Екипи на Градот Скопје денеска /23.07.2010 година/ ја почнаа реконструкцијата на коловозот на улицата Ферид Бајрам. Сообраќајницата ќе се обнови во должина од 800 метри, а за целосна реконструкција на нејзиниот коловоз Градот Скопје ќе потроши 6,5 милиони денари. Почетокот на градежните работи на улицата Ферид Бајрам го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски.


 
- Коловозот на улицата Ферид Бајрам е дотраен и целосно оштетен. Постојниот асфалт ќе се изгребе и ќе се нанесе нов асфалтен слој. Со реконструкцијата значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел на  градот. Обновата на улицата Ферид Бајрам ќе се одвива во фази. Сообраќајот ќе тече според однапред утврден режим и соодветна сообраќајна сигнализација, за што Градот Скопје навреме ќе ги известува граѓаните. Решивме оваа сообраќајница да се реконструира во летните месеци, кога е намален интензитетот на сообраќај во градот – изјави градоначалникот Трајановски.



На обнова на коловозот на улицата Ферид Бајрам ќе работат екипите на градежната компанија АД „Пелагонија – Гостивар“, а градежните работи се очекува да завршат за еден месец.

http://www.skopje.gov.mk/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #716 Posted: 23-Jul-2010 at 14:19
Оваа улица е една од најискршените во Скопје, а со прилично голем проток за улица од овој профил. Се работи за единствена врска на Газибаба со Бутел и Чаир. Се улицата практично глуми булевар "Хрватска" и само говори за потребата од комплетирање на внтрешиот булеварски прстен околу Скопје. Незнам дали во изјавите се спомнало нешто околу овој булевар, ама се сомневам знаејќи колку се широки познавањата на нашите новинари. Ако не чита некој во следна прилика нека го постави прашањето. Лани на дупка на улицава оставив амортизер, а дискот уште има последици. Реконструкцијава е повеќе од потребна.


Edited by lslcrew - 23-Jul-2010 at 14:22
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #717 Posted: 29-Jul-2010 at 12:52

Улица “Кемал Сејфула“ со нов асфалт
Денес на ден 29.07.2010 год. со почеток во 11,00 часот на свечен начин се пушти во функција (употреба) улицата “Кемал Сејфула“. Иницијативата за асфалтирање на оваа улица ја зема Општина Чаир под раководство на градоначалникот г-дин Изет Меџити, а финансирањето го изврши Градот Скопје, додека работите ги изврши градежното претпријатие “Пелагонија“.
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #718 Posted: 29-Jul-2010 at 13:00

Нов асфалт и нова машина за вележење улици за кратко време драстично на подобро го менуваат изгледот на улициве, а и функционалноста. Поддршка што повеќе стари улици да се пресвлечат.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #719 Posted: 29-Jul-2010 at 14:34
Ќемал Сејфула...





МИА - фото
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #720 Posted: 29-Jul-2010 at 15:02

ama sobrakjajna signalizacija ima.....ko da si rabotele deca

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3435363738 157>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.465 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.