build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839 141>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4989
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #721 Posted: 29-Jul-2010 at 16:57
Линиите се навистина криви, но можеби уште не ја усовршиле работата со машината.

Туку Тедико во стадионот? Сигурно и Карфур има хипермаркет во Стад д Франс
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #722 Posted: 29-Jul-2010 at 23:54
Па се работи за деловен простор во населено место и не гледам причина зашто не би бил супер маркет?Dunno
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #723 Posted: 31-Jul-2010 at 16:24

Бизнис-интересите го задушуваат сообраќајот во градот


Ваквите бизнис-зделки работат за големи профити и скапи деловни простори, а градскиот сообраќај е само колатерална штета во играта меѓу градските власти и алчната бизнис-елита

 
 
%20  
Подземните сообраќајници во главниот град повторно станаа актуелни откако градоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе ангажира фирма од Билбао, Шпанија, за консултантски услуги, која ќе донесе и концесионер за изградба на овој коридор. Вакви брзопроточни сообраќајници се неопходни, тие досега можеби требаше и да се изградат, но немањето пари си го направи своето. Уште пред деценија и повеќе, наши стручњаци му пласираа на градот една студија, која предвидува комплетно решавање на средниот ринг, со изградба на подземни сообраќајници. Студијата ја изработи проектантот Лазо Чакаровски, кој вели дека голема штета се направи што уште тогаш не се реши проблемот со скопскиот сообраќај.

- Таа студија никој не ја нарача, ниту па некој ја плати, а ние ја изработивме за да понудиме сообраќајно решение за „Средниот ринг“. Една ваква студија со идејни решенија за централното градско подрачје чини околу 100.000 евра, а ние бесплатно му ја дадовме на Скопје, но џабе. Студијата, за жал, не се официјализира како проект - вели инженер Чакаровски од фирмата „Чакар и партнери“.

Тој појаснува дека бизнис-интересите на лицата што ги нарекува „кртови“ го задушуваат сообраќајот во градот и со децении му нанесуваат непоправлива штета. Токму и затоа неговата студија никогаш не станала официјален проект.

- Студијата е изработена во времето кога градоначалник на Скопје беше Ристо Пенов, но и тој не беше моќен нешто да стори. Баравме само да се официјализира оваа наша студија и да влезе во планската документација на градот. Без една таква сообраќајница Скопје ќе се задуши еден ден, сообраќајот ќе застане. Десната страна на Вардар го има само Јужниот булевар, кој сé уште не е изграден, сé друго е бајпас-решенија. Изработката на оваа студија ја помогна и ФАРЕ-програмата, се испечатија 100 примероци од овој документ како книги и тука се застана. Како проект никогаш не влезе во процедурите на градот. Затоа што во тоа време владееја „кртови“, кои не дозволуваа да се изградат некои сообраќајниците, за да ги задоволат своите бизнис-интереси - ни изјави Чакаровски.

Тој и некои негови колеги истакнуваат дека градот мора да ги реши имотноправните односи со одредени спорни парцели, па потоа да го решава проблемот со сообраќајот и сообраќајниците. Инвеститори и концесионери има, велат нашите соговорници, но тие бараат сигурни, гарантирани инвестиции и чисти имотноправни работи со земјиштето и недвижностите, како и исправна процедура. Мора прво да се направат експопријационите планови пред што било да се иницира, никој не знае колку и кој треба да се обесштети кога би почнале да се градат овие сообраќајници.

- Градот доцни со проектите, но градежната индустрија и бизнисот се побрзи и постојано градат пред за тоа место да има проект - велат експертите кои ги контактиравме.

Тие додаваат дека подземната сообраќајница која како продолжение на булеварот Партизански одреди, треба да помине под зградата „Тифани“, плоштадот „Македонија“ и да излезе кај Комплекс банки е осудена на пропаст. Со изградба на „Тифани“, а сега и со бившата Народна банка на плоштадот, покрај кејот не е можно да се оди со ископ под нив или ако се оди, тоа треба да биде на длабочина од 20, па и 30 метри, што пак е проблем во изведувањето и функционалноста. На должина од еден километар колку што изнесува овој подземен коридор не е можно толку нагло да се оди во длабочина.


%20


Минатата недела градското раководство објави дека ќе се потпише договор „тежок“ 199.700 евра за консултантски услуги со шпанската компанија ИДОМ од Билбао, околу изработка на нова студија за подземните сообраќајници. Шпанските консултанти со овој договор ќе треба да ги утврдат и правните постапки за начинот на концесионирање и промоција на подземните сообраќајници. Оваа информација наиде на „нож“ кај јавноста, пред сé поради трошењето големи пари за решенија што веќе ги има. Дел од нив го оправдуваат потегот со оглед на тоа дека со овој договор шпанската ИДОМ ќе треба да најде и концесионер за изградба на сообраќајниците.

- Потезите што ги прави сегашната власт се добри за да се анимира проектот и да се побараат поголеми инвеститори или концесионери, меѓутоа нема да се постигне целта ако не се направат идејните проекти и проектот за експропријација. Во следната фаза би требало да се обсештетат сопствениците на земјиштето или да почне фаза по фаза да се гради. Како и да е, на Скопје му фали едно вакво решение - појаснува градежниот инженер Лазо Чакаровски.




Тунелот под Кале од 1965 година

Тунелот под Кале е дел од нацрт-верзијата на ДУП како продолжение на булеварот Свети Климент Охридски. Ќе биде долг 180 метри и ќе минува во близина на Калето. Сообраќајницата ќе има четири коловозни ленти, односно 14 метри широчина и плус околу два метра заштитни тротоари, кои

ќе се користат при сервисирањето и одржувањето на коловозите. Движењето на пешаци нема да е дозволено во тунелот. Овој проект е вцртан уште со Генералните урбанистички планови од 1965, а потврден е и во плановите од 1985 и 2002 година. Тој ќе има олеснителна функција во однос на сообраќајниот метеж. Влезот на тунелот би бил во близината на лизгалиштето, а ќе излегува кај Пластичарската улица.




Возила под плоштадот уништена идеја

Втората подземна улица до сега се планираше да се гради како продолжеток на булеварот Партизански одреди, ќе минува под плоштадот, ќе се движи покрај кејот и ќе излезе кај Комплексот банки. Ќе биде долга околу 1.700 метри, но со неколкуте веќе изградени згради над нејзината траса останува прашање дали е возможно да се изведе целиот проект и колку би чинело сето тоа, особено ако се оди со ископ под 30 метри.




Екстремно скапи решенија

Професори од Градежниот факултет во Скопје велат дека само еден километар подземна сообраќајница може да достигне цена на чинење и до 25 милиони евра. Доколку оваа бројка се помножи со неколкуте километри од подземните сообраќајници што се планира да се изградат во градот, сумата ќе биде навистина голема. Пресметките за евентуална експропријација само ќе ја набилдаат вкупната цена на целиот проект. Кој концесионер ќе се нафати на ова останува да видиме.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=73110944479&id=14&prilog=0&setIzdanie=22048
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #724 Posted: 03-Aug-2010 at 14:41
ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ ГРАДОТ





Во текот на месец јули по налог на Градот Скопје за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија 275 заштитни столпчиња на повеќе градски улици и булевари.

Во рамките на акцијата се санирани старите и оштетени столпчиња и се   поставени нови на следниве улици и булевари: Мито Хаџивасилев Јасмин (кај Цветен пазар), Бихачка, Водњанска, улицата кај Царина, кај раскрсницата на булеварот Свети Климент Охридски со улицата Водњанска и улицата Мито Хаџивасилев – Јасмин и на булеварите ВМРО (спроти Поштата) и Кочо Рацин.

Екипите на Градот и во месец август ќе продолжат да работат со истата динамика и според утврдената програма за работа, онаму каде што ќе има потреба, ќе  поставуваат заштитни столпчиња на градските улици и булевари.

http://www.skopje.gov.mk/

Се става ли столбчиња на Водњанска? Па уште сиви, за во темница таман да ги собере некој. Аман решете ја веќе таа куќа!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #725 Posted: 08-Aug-2010 at 22:26

Срџан Адамович


Улица Ферид Бајрами




Edited by FoSsiL - 08-Aug-2010 at 22:26
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #726 Posted: 08-Aug-2010 at 22:30

(Кемал Ататурк)

Едит: Кемал Сејфула

Срџан Адамович



Edited by FoSsiL - 08-Aug-2010 at 23:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #727 Posted: 08-Aug-2010 at 22:39
Originally posted by FoSsiL

Кемал Ататурк



Мислиш Кемал Сејфула
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #728 Posted: 08-Aug-2010 at 22:43

Како и да е. Не се разбирам. Избрзав да ги пуштам, да не ми останат за утре. Можеби на гугл има, ама мрза си е мрза. Така видов од Срџан, кој го знае Скопје ненормално, па се опуштив. Мала грешка де, ништо страшно. Попатно има во Скопје улица Кемал Ататурк.

И што ќе кажете за улициве, јас немав поим дека се прават.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #729 Posted: 08-Aug-2010 at 22:55
Originally posted by FoSsiL

И што ќе кажете за улициве, јас немав поим дека се прават.


Има претходни постови за нив токму на оваа и на претходната страница  Poke





Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #730 Posted: 08-Aug-2010 at 23:06

Добро тотално се изгубив сегаEeek3WallbashShifty. Не ме бива. Деновиве сум тапа. 

Ама сепак не се исти слики. 



Edited by FoSsiL - 08-Aug-2010 at 23:07
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #731 Posted: 08-Aug-2010 at 23:31
Ова улица не е солидно асфалтирана, пред некој ден поминав пак не е равен иако е сосема нов асфалтот. Нешто слично ме потсетува булевар словениа.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1314
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #732 Posted: 10-Aug-2010 at 16:17
Кружните текови кај Католичка и во Ѓорче Петров-приоритет за градската управа

Зголемување на безбедноста, како и проточност на сообраќајот ќе се придонесе со изградбата на осумте кружни текови во главниот град. Од градската управа велат дека колку точно пари ќе бидат потребни за изградба на овие крстосници ќе се знае кога ќе се планира буџетот за 2011 година, како и кога ќе започне изградбата на првиот кружен тек.
„Изготвени се седум идејни решенија за кружни крстосници, а осмата е во финална фаза. За големината на средствата кои се потребни за реализација на овие идејни решенија ќе се знае откако ќе се изработат изведбените проекти. Кога ќе се донесе буџетот за 2011 година ќе може конкретно да се каже дали и колку кружни токови ќе започнат со изградба во текот на следната година. Најблиску до постапка за реализација се кружните крстосници кај Католичката црква и во Ѓорче Петров, кои се и приоритетни“, велат оттаму.
Јован Христовски, пак, раководителот на секторот сообраќај на градската управа, вели дека скопјани не знаат како да возат по кружен тек, бидејќи во сопствениот град немале можност да научат.
„Во Македонија нема кружна крстосница со три сообраќајни ленти и затоа нашите граѓаните тешко се справуваат во сообраќајот кога ќе налетаат на ваков вид на крстосници, кои се тренд во европските метрополи. Проблемот е што во Скопје сега постојат само два кружни тека, и тоа во Дебар маало и како составен дел од клучката кај Континентал на која им беше тешко да се навикнат и да почнат да ја користат и затоа инструкторите младите возачи не можеле да ги обучат како да се снаоѓаат“, вели Христовски.
Според него, изградбата на овој вид крстосници, негативните страни ги претвора во позитивни.
„Позитивна страна на кружните текови е тоа што овозможува проток во сообраќајот, а негативна е тоа што сообраќајот се одвива поспоро, односно со намалена брзина. Но, овој факт кога подетално ќе се разгледа ќе ни покаже дека со намалувањето на брзината на возилата се зголемува безбедноста на пешаците. Најспецифична ќе биде раскрсницата кај Католичка црква, бидејќи ќе биде првата турбо кружна крстосница кај која брзината на движење на возилата нема да биде поголема од 30 километри на час“, додава тој.
Христовски, додава и дека искуствата на европските земји покажуваат дека со изградбата на кружните текови се зголемува безбедноста и затоа кај нив интензивно се градат последниве 10 години.
Кружни текови се планирани да се изградат кај католичката црква, на улицата 4 Јули до булеварот Партизански одреди, на улицата 16 Бригада со Коце Металец, во Бутел на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Александар Урдаревски, два се планирани на булеварот Втора македонска бригада во Чаир, на пресеците со улиците Кемал Сејфула и Лазо Трповски, како и на пресекот на булеварите Никола Карев и Трета македонска бригада, поточно кај Тутунскиот комбинат.


http://makfax.com.mk/#113632
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #733 Posted: 10-Aug-2010 at 22:47
Кружна раскрсница на Босна и Херцеговина и Александар Урдаревски во Бутел 1 ќе биде грешка на деценијата! Таму треба 2 ленти да се додадат на Босна и Херцеговина, од Словенечка до крајот кај Крсте Петков Мисирков...

Кружна раскрсница бе... Ohno
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #734 Posted: 11-Aug-2010 at 20:03
Originally posted by ovaj_stariov

Христовски, додава и дека искуствата на европските земји покажуваат дека со изградбата на кружните текови се зголемува безбедноста и затоа кај нив интензивно се градат последниве 10 години.

Ме интересираат следниве работи:

1. Кои точно сегменти од безбедноста се зголемени?  (има цел куп статистики кои се однесуваат на безбедноста во сообраќајот)
2. Во однос на какво сообраќајно решение е компарацијата?
3. Која статистика стои зад тврдењето дека во последните 10 години во Европа интензивно се граделе кружни текови и што се подразбира под поимот интензивно?


Edited by Cloverstack - 11-Aug-2010 at 20:08
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #735 Posted: 15-Aug-2010 at 01:58
ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ФЕРИД БАЈРАМ

Град Скопје ја заврши целосната реконструкција на коловозот на сообраќајницата Ферид Бајрам, во должина од 800 метри .Реконструиран е целосно потегот од крстосицата на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош /границата меѓу Општините Чаир и Бутел/ па се до населбата Железарница.

Со реконструкцијата на оваа фреквентна сообраќајница значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел на  градот.

Коловозот на улицата Ферид Бајрам беше дотраен и целосно оштетен, па поради тоа постојниот асфалт беше целосно изгребан и нанесен нов асфалтен слој.

Целосната реконструкцијата на улицата Ферид Бајрам беше изведена за помалку од три седмици, работеше градежната компанија АД „Пелагонија – Гостивар“, а за овој реконструкциски зафат од буџетот на Град Скопје беа издвоени 6,5 милиони денари.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3563&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #736 Posted: 17-Aug-2010 at 12:33
РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦА БЕЛГРАДСКА

Град Скопје, деновиве, ја почна реконструкцијата и проширувањето на улицата „Белградска“, што со години преставува тесно грло и проблем за непрекинато одвивање на сообраќајот зад клиничкиот центар во Скопје.

Со овој зафат, ќе биде проширена целата траса на улицата „Белградска“ за 3,5 метри  и ќе се добие коловоз со широчина од 6,5 метри.

Со тоа  се зголемува проточноста на возилата, а се зголемува и безбедноста во сообраќајот на овој потег и се намалува загадувањето на животната средина.

Поширувањето е на целиот потег, од спојот со Водњанска, па се до улицата Димитар Мирчев/ во близина на факултетот за физичка култура/.

Проширувањето и реконструкцијата треба да траат до почетокот на наредниот месец, а работоите ги изведува ЈП Улици и патишта.

 


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3570&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #737 Posted: 18-Aug-2010 at 13:12
Град Скопје во интерес на граѓаните и големиот број корисници на патот кон населеното место Волково и околните места, почна со целосна реконструкција на истоимента улица.


Улицата Волково целосно се реконстриура на потегот од пругата до центарот на населбата Волково, во должина од 1, 5 километри.

Покрај комплетната реконструкција на коловозот, поради зголемената френкфентност, ќе биде проширен коловозот на оваа улица за 1,5 метри по целата должина.

Улицата ќе биде опремена и со нови рабници на местата каде што досега ги немаше, а оштетените ќе бидат заменти со нови.

Град Скопје за реализација на проектот, улица Волково, издвои 17 милиони денари, работите ги изведува ЈП „Улици и патишта“ и се очекува да завршат до крајот на овој месец.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3573&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #738 Posted: 18-Aug-2010 at 13:19
Оваа улица Волково ја возев пред месец и пол на почетокот на јули. Тогаш на некои места беше гребен асфалтот, а не некои малку места и рабници имаше поставено. Реконструкцијава е малку постара работа, изгледа нешто им заглавила, па сега се довршува. Инаку поголемиот дел што всушност не беше почнат да се прави, беше во очајна ситуација, а улицава е пристап и дополнително до неколку села.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #739 Posted: 19-Aug-2010 at 14:11
Улица "Иван Козаров" во Кисела Вода. Ова е на потегот од раскрсницата кај Чешма до средното економско училиште...

01.


02.


03.


04.


05. Некоја активност на една од споредните улички што не ми изгледа дека е нешто поврзана со реконструкцијава на улицата, ама сепак ја сликав. Изгледа се некои цевки.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #740 Posted: 20-Aug-2010 at 02:51
Ѓорче Петров добива уште една улица од градот Скопје

Во тек е асфалтирање на улица Волковска во должина од 1700 метри и широчина од 7 метри. На ул. Волковска (ул. 100) во минатиов период се поставуваше водоводна и канализациона мрежа и поради тие активности беше во лоша состојба. Работите треба да завршат до крајот на месецот.

  

http://www.opstinagpetrov.gov.mk/


Edited by lslcrew - 20-Aug-2010 at 02:52
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839 141>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.844 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.