build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 142>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 01-Oct-2010 at 15:20

Види проширувањето на Теодосиј Гологанов не е импровизација. Теодосиј Гологанов е предвиден 2+1 и како една паралела улица со Јужен Булевар. Правата импровизација ќе се јави доколку речат се прошири улицава и не е потребен Јужен Булевар. А не од нејзиното проширување како проект кој е предвиден во ГУП. Е сега треба да се знае исто се надевам дека трасата ќе остане чиста иако овие "времени" објекти станаа со темели ама се надевам дека ќе им останат привремените дозволи се на се дека нема да се ескивира од урбаниот Јужен автопат или обиколница која според мене е најголем и најзахтевен сообраќаен проект во Скопје.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 01-Oct-2010 at 15:41
sega ne e e vekje 3 lenti Gologanov ili 2 se ? ako odat na 3ta togas ok e.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 01-Oct-2010 at 16:17
Импровизација си е импровизација, никогаш не е долгорочно решение. Секогаш само привремено може да придонесе. Но од аспект на тоа што цената на ваква интервенција е капка во море во споредба со Јужен Булевар може да се сложиме дека би било привремено прифатливо делумно решение. Не се работи за нешто што ја загрозува трасата на јужен, впрочем и Теодосиј Гологанов е де факто дел од таа траса со улога на колекторска улица. Не треба да се сваќа проектов како да некој ставил на кантар Јужен Булевар и проширување на Теодосиј Гологанов па се избрало ова а Јужен се отфрил, ситуацијата воопшто не е таква.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12254
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 01-Oct-2010 at 19:38
Како што кажа G.I.Joe, Теодосиј Гологанов веќе има коловоз со ширина за три ленти. Они со овој проект сакаат да го прават булевар 2х2. Очигледно не се работи за реализација како што е предвидено според ГУП, туку токму напротив, се оди против ГУП-от.

А тоа дека градските власти во експлицитна форма не спомнуваат баталување на Јужен Булевар, тоа не значи ама баш ништо. Проектов проширување на Теодосиј Гологанов доволно кажува за нивната (не)посветеност на Јужниот Булевар и за тоа какви им се плановите. Ми останува само да се надевам дека проблемот не задира уште подлабоко, односно матни игри со сопствениците на „времени објекти“ долж трасата на Јужен Булевар и обид тој да се маргинализира, бескрајно да се одложува, да се избрише...


Edited by Cloverstack - 01-Oct-2010 at 19:39
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 02-Oct-2010 at 00:56
vo dubai se prat soobrakjajnici , avtopati srede pustina pa potoa se razviva naselbata  . tuka neznam so treba da se stori za da pocnat da go gradat juzen bulevar .  praznata povrsina mu se gleda primamliva za izdavanje  ... nekoj treba da profitira izgleda , ne vodejki smetka za interesite na gradot i gragjanite ... nie makedoncinja ko makedoncinja , ke go prajme bulevarot koga site drugi alternativi ke bidat iscedeni i koga soobrakjajot vo gradot ke bidi pred kolabiranje se razbira 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3912
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 02-Oct-2010 at 11:17
НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ПОСТАВЕНИ НОВИ КЛУПИ, НО НЕ И УШТЕ ДВЕ ЛЕНТИ
Градот молчи за ширењето на булеварот

Роза Петкова

Проширувањето на булеварот Свети Климент Охридски, кој според Генералниот урбанистички план на Скопје треба да биде изграден со шест сообраќајни ленти, наместо со сегашните четири и натаму останува табу-тема за градските власти. Оваа сообраќајница, која поради слабата проточност веднаш се полни со возила, стои нечепната со години затоа што властите не знаат каде ќе најдат простор за да ја шират. Проблемот постои и за возачите, кои нервозно тапкаат во место во сообраќајниот метеж, но и за пешаците кои наизменично треба да се префрлаат од пешачките патеки во зеленилото, затоа што на места тротоарите се претесни, па не може ни двајца да се разминат. Поради планот за проширување на улицата, не се поправаат тротоарите кои се испокршени и преполни со дупки, не се средува средишниот појас, кој е своевидно шеталиште со ширина од 12 метри и дрвореди со огромни крошни, а единствено се интервенира, доколку има некоја пукнатина на коловозот. Во последниот период, градските власти направија минимални интервенции, па почнаа да поставуваат заштитни столпчиња за да ги ослободат пешачките патеки од паркирани возила, а деновиве поставија нови дрвени клупи за минувачите во средишниот булеварски простор. Сепак, паѓа во очи тоа што клупите се ставени во уништените патеки, а околу нив наместо трева зјаат празни земјени површини, па така бледнее и првичната намера на Градот да го разубави просторот. Згора на тоа, и дрворедот не се одржува, па некаде може да се видат празни места каде останале само трупци од исечените дрвја. - Поставувањето на клупите за седење во средишното зеленило на булеварот Св. Климент Охридски е дел од поширок проект на Град Скопје за уредување на овој простор. Покрај обновувањето на урбаната опрема, наскоро ќе бидат поставени заштитни столпчиња и ќе се изврши хортикултурно уредување на земјените површини - велат од Одделението за односи со јавност. На прашањето кој е планот за булеварот и дали тој ќе се проширува за сметка на средишниот појас во Градот, не добивме одговор. Во програмата на градоначалникот Коце Трајановски е наведено дека ќе се разгледа можноста за проширување на булеварот, со додавање на уште по една лента во двете насоки, но и во втората година од неговиот мандат нема повеќе информации околу ова предизборно ветување. Идејата за Св. Климент Охридски како сообраќајница со шест ленти датира од Генералниот план за градот изработен веднаш по земјотресот. Оттогаш, речиси 50 години, се одложува решавањето на булеварот. Сообраќајните инженери коментираат дека тој е предвиден со два коловоза, кои ќе имаат по три сообраќајни ленти од секоја страна, а регулациона линија на булеварот била зградата во која се наоѓа Сојузот на возачите. Тоа значи дека сите објекти кои се изградени понапред, односно поблиску до улицата треба да се рушат. Во ГУП се задржува раскошното средишно зеленило со сегашните 12 метри ширина, а плус се предвидени велосипедска патеки од двете страни, зеленило и пешачки патеки. Сето тоа сега е загубено, затоа што просторот е видоизменет и изграден, па како единствена варијанта останува да се узурпира средишниот појас. Во последната верзија на деталниот урбанистички план „Дебар маало 2“ на Општина Центар, Св. Климент Охридски е исцртан со шест ленти, со ширина од 3,5 метри и средиштен зелен појас со ширина од пет метри. На двете страни од булеварот се предвидуваат по една лента зеленило со ширина од еден метар, велосипедски патеки од два метра и тротоари со широчина од четири метри.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2135&ArticleID=149438
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 02-Oct-2010 at 11:28
Ќе дојде време исто како на Илинденска прво ќе се отстраната старите дрвја па да оди проширување.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12254
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 03-Oct-2010 at 13:06
Мене концептот на булевар Климент Охридски никогаш не ми бил јасен. Кој би се шетал и кој би седел на клупа во парк кој е помеѓу коловозите на еден фреквентен булевар? Средишно зеленило, дрвроед, тоа да... ама парк?!?

Со оглед на тоа, за „паркот“ нема да ми биде воопшто жал, ама сепак ми е криво што големината на средишниот простор се злоупотреби за булеварот да се реобмисли така што се поместија градежните линии за да никнуваат објекти од типот на Аркадија и Корнер... Во секој случај, крајно време е Климент Охридски да добие трета лента. Проектот не би бил воопшто скап, а би имал огромен ефект. Само ќе треба да се воведе ред, да нема паркирање на коловоз, појава која е раширена дури и со сегашниов профил на булеварот.


Edited by Cloverstack - 03-Oct-2010 at 13:07
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 03-Oct-2010 at 23:05
Кловер имам едно важно прашање за тебе во однос на Теодосиј Гологанов и неговата улога како колектор на Јужната тангента (патем насекаде во светот овие градски магистрали се нарекуваат тангенти, поимот булевар сосема не одговара). Моите набљудувања говорат дека овие колекторски улици, странично од и паралелно со главната магистрала, се едносмерни. Веројатно и затоа се работи за 3 летни, не за 4 на Теодосиј. Дали во нашиот план, оваа улица би требало да е едносмерна? Според мене, ова е правиланат формула, каде што 2 летни би можеле да се користат за сообраќај, а третата за паркинг, освен пред и по раскрсниците/клучките.

Мислам дека ме разбравте, но еве што имам в предвид и сликовито:





Бул. Климент Охридски е чиста проектантска утка! Итно треба да се превземе зафат и тоа кон стеснување на средишниот дел, до нивото кое е стандардно за нашиот град (сепак сметам дека би требало да има простор барем за средно-високи дрвца). Додавање на трета лента, но и поместување на целосниот коловоз, со што би се добил нормален тротоар, кој особено е дефицитарен во делот помеѓу бул. Партизански Одреди и бул. Чуповски. Треба целосно просторот да се збрише и да се трасира наново на целосниот потег од Владата до НИП. Сметам дека ова би било многу долготрајно доколку се работи фазно, односно без целосното затворање на булеварот. Затоа најоптимално би било доколку го затворат во периодот од 10 Јуни до 1 Септември и работат 24 часа во деноноќието. Навистина ќе се случи транспортен колапс, но трај бабо за убавина, друг начин нема.


Што се однесува до најавеното проширување на Гологанов, јасно е дека станува збор за тешка импровизација, со цел да се одолговлечи решавањето на вистинскиот проблем, односно да си мислиме дека проблемот е решен, а всушност станува збор за негово замачкување. Во глобала ги поздравувам проектите на Градот за решавање на проблемите во сообраќајот со проширување на неколку улици, но навистина Скопје е преголемо и проблемите се веќе предлабоки, за да може да се реши метежот со вакви неколку-милионски евра вредни дејства. Крајно време е да дојде градоначалник со одлични позванања и визија и да се започне со решавање на проблемите на сите фронтови, но координирано и на повеќе нивоа. Како што сме дискутирале, мислам дека Јужен во делот од бул. 8ми Септември, до Кисела Вода, тунелот под пл. Македонија и воведување на рапиден и делумно-независен шински систем со поголем превозен капацитет се дел од ургентно потребните решенија. Паралелно со тоа би било пожелно да се реформира целосно автобускиот сообраќај во Скопје (актуализација на линиите и распоредот, реформација на автобускиот сообраќај во насока на довозен кон идните ЛРТ линнии), правење на мрежа П+Р паркинзи (паркирај и се вози), воспоставување на приградска железничка мрежа на постоечката железничка инфраструктура, офанзива во изградбата на нови вело-алеи, како и поважното-чистење на постоечките од другите учесници во движењето, итн итн. Во урбанизмот има една поговорка која гласи дека колку и ленти да се додаваат, сите ќе бидат закрчени со возила. Треба да се работи кон популаризација на алтернативниот превоз (велосипеди и јавен транспорт). Всушност треба да се најде добриот баланс помеѓу удобно и брзо возење со автомобил и принуда/привлекување на патници кон јавниот траснпорт.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 04-Oct-2010 at 00:56

Па во право си. Затоа се предвидени со 3 ленти во случајов за примерот на Јужнатата тангента во делот на Карпош, улиците Теодосиј Гологанов и Јуриј Гагарин. Со тоа сообраќајот правилно се усмерува и не доаѓа до загушување првенствено поради тоа што самите паралелни собирни улици се близу до автопатот. И затоа не треба да се меша 2+1 ленти за Теодосиј Гологанов бидејќи така се мисли дека е двонасочна ниту пак примитивно и привремено решение 2+2 со што полека но сигурно се турка идејата за Јужен Булевар.
Имај на ум дека уште од времето кога е донесен планот за Јужен, Теодосиј Гологанов е дименизониран за три ленти само што сега се користат две за по една во двете насоки. За надоле према центар и Кисела Вода не постојат собирни улици освен поголемите клучки кај Нова Македонија, Тутунски и со булевар Србија.
----
И за крај се ова што го кажа цврсто ти го поддржувам во поглед на транспорт алтернативен превоз и долгорочни сообраќајни решенија. АМА имај на ум дека менталитетот, културата и немањето средства нема да не оддалечат туку нема толку брзо да не приближат до ЛРТ до велосипеди како јавен превоз, тунел под плоштад и Јужен Булевар. Едноставно сето тоа е премногу и сите знаеме дека иако се гледа светла иднина и иако градов во последно време се заложи за големи проекти сепак треба да бидеме реални!


Edited by Supervisor - 04-Oct-2010 at 01:01
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 04-Oct-2010 at 15:24
НОВ АСФАЛТ ЗА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА 4.ЈУЛИ







Улицата 4.Јули во општина Ѓорче Петров деновиве добива нов асфалт на потегот од објектот на Геријатрија во насока кон црквата „Свети Петар и Павле“. Оваа сообраќајница се реконструира во должина од 220 метри. Коловозот е широк 9 метри.

Оштетениот и дотраен асфалт е изгребен и се нанесува нов асфалтен слој. За обнова на овој потег од улицата 4.Јули ќе се потрошат околу 270 тони асфалт.

На терен работат екипите на градежната компанија „Пелагонија -Гостивар“.

Обновата на оваа сообраќајница е опфатена со Програмата за одржување, реконструкција и заштита на магистралните и собирните улици во градот што во февруари годинава ја усвои Советот на Градот Скопје. Со оваа програма се предвидува да се реконструираат повеќе улици во Скопје.

НОВ АСФАЛТ ЗА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА 4.ЈУЛИ       

Улицата 4.Јули во општина Ѓорче Петров деновиве добива нов асфалт на потегот од објектот на Геријатрија во насока кон црквата „Свети Петар и Павле“. Оваа сообраќајница се реконструира во должина од 220 метри. Коловозот е широк 9 метри.

Оштетениот и дотраен асфалт е изгребен и се нанесува нов асфалтен слој. За обнова на овој потег од улицата 4.Јули ќе се потрошат околу 270 тони асфалт.

На терен работат екипите на градежната компанија „Пелагонија -Гостивар“.

Обновата на оваа сообраќајница е опфатена со Програмата за одржување, реконструкција и заштита на магистралните и собирните улици во градот што во февруари годинава ја усвои Советот на Градот Скопје. Со оваа програма се предвидува да се реконструираат повеќе улици во Скопје.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3686&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12254
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 06-Oct-2010 at 01:52
Андреј, апсолутно да, колекторските улици на Јужен се планирани како едносмерни.

За мене највчудоневидувачки во целава ситуација е што во голема мерка се веќе изградени, но на надлежните не им слуша дека доколку ги доградиме, ќе имаме спремен булевар 2х3 кој ќе биде и одлично преодно решение до комплетирањето на јужен булевар со сите нишани, и плус реализација на еден негов дел кој што дел при изградба на јужен пак би морале да го изградиме кога тогаш. Наместо тоа, си играат со Теодосиј Гологанов... еве едно згодно новинарско прашање за Коце:
Што точно значи проширувањето на Гологанов во контекст на Јужен булевар?
Некој конечно треба да го праша господинот градоначалник нешто што вака суштински ја тангира долгорочната иднина на градот, по можност пред камери и да не се повлече по веројатното добивање на магловит одговор.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 06-Oct-2010 at 14:12

Почна изградбата на кружниот тек во Ѓорче Петров


http://sitel.com.mk/video/makedonija/pochna-izgradbata-na-kruzniot-tek-vo-gjorche-petrov

Edited by Plugger - 06-Oct-2010 at 14:13
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 06-Oct-2010 at 15:09

Градот и Центар се збратимија за поправка на улицата Васил Ѓоргов

Иако градежната сезона завршува за нешто повеќе од еден месец, градот и општината Центар дури сега склучија договор за инвестирање во заеднички проекти


Повод за ова своевидно збратимување се реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов и покривање на отворениот канал на улицата Салвадор Аљенде. А повод за овие зафати се поплаките на жителите од Водно и од Капиштец, кои неколку години бараат да се поправи оштетениот коловоз на улицата Васил Ѓоргов, како и да се покрие отворениот водњански канал, опасен и за пешаците и за возачите.

- Се работи за повеќегодишна практика за склучување договори помеѓу градот и општината Центар. Со градските власти работиме на заеднички проекти, што се битни за жителите на општината Центар - ни објасни портпаролот на општината Центар, Јовица Ацковски.

И од градот велат дека ваквата соработка е за доброто на сите скопјани.

- Финансирањето на овие два проекти е пола-пола, а изборот на овие две улици е направен по приоритет. Коловозот на улицата Васил Ѓоргов навистина беше руиниран - изјавуваат од секторот за информирање од Градот.

За дваесетина дена ќе завршат работите на улицата Васил Ѓоргов. Оние што возат по оваа фреквентна сообраќајница велат дека ги испокршиле автомобилите од ударните дупки по коловозот. А пешаците, пак, ќе се спасат оти по секој поголем дожд, коловозот по должината на тротоарите бил полн со вода, слично на езерца.

- Улицава летово требаше да ја направат, а не сега. Метежот е неподнослив и покрај забраната за сообраќај, особено за викендите сите возат по раскопаниот коловоз. Сега и ќе се расипе времето ќе почне да врне па наместо 15 дена, улицата ќе биде готова до Нова година - ни изјави Благоја Јованов, жител на Капиштец.

Екипи на фирмата „Беграмо“ завршија со поставувањето на атмосферската канализација во должина од 300 метри, на потегот од крстосницата со булеварот Водњанска до трговскиот центар „Зебра“. Во тек е реконструкција на 770 метри коловоз, за што се задолжени екипите на фирмата „Бауер“, поточно на потегот од булеварот Водњанска до стариот трговски центар „Капиштец“.

- Ќе се реконструираат и тротоарите со павер-елементи во должина од 370 метри. За поправка на Васил Ѓоргов ќе се потрошат шест милиони денари, по три од општината и од градот - вели Јовица Ацковски, портпарол на Центар.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=106101034335&id=14&prilog=0&setIzdanie=22101
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 06-Oct-2010 at 17:07
Старт на изградбата на кружен тек кај „СП Планет“ во Ѓорче Петров

Кружен тек со две коловозни ленти широки по 3,5 метри ќе се оформи на вкрстувањето на улиците Ѓорче Петров, Радушка и Воин Драшковиќ, непосредно до трговско-деловниот центар „СП Планет“. За потребите на новото сообраќајно решение ќе се раскопа постојниот асфалт и ќе се дислоцираат сообраќајните знаци и осветлувањето. По должината на новоформираниот коловоз ќе се постават рабници, а површината ќе се тампонира и ќе се покрие со нов асфалтен слој со дебелина од 19 сантиметри. Во рамките на проектот ќе се уредат и прошират влезовите во трите улици и ќе се уредат нови пешачки и велосипедски патеки.

Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски. Изведувач на проектот е „Пелагонија Гостивар“, а вредноста на инвестицијата е нешто над 130 илјади евра, средства од буџетот на Град Скопје. Веќе подолго се најавува изградба на кружни текови и на поголем број други локации низ градот.



http://www.build.com.mk/?p=5137


Edited by build.mk - 06-Oct-2010 at 17:08
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 06-Oct-2010 at 21:17
Добра пристапна локација за мониторинг...









http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3692&mid=482&tabId=1&tabindex=0




http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pochna-izgradbata-na-kruzniot-tek-vo-gjorche-petrov


Edited by lslcrew - 06-Oct-2010 at 21:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 14-Oct-2010 at 23:37
ЈП "УЛИЦИ И ПАТИШТА"

Ќе се асфалтира дел од делницата Маџари


Од ЈП "Улици и патишта" информираат дека патот од делницата Маџари кон коњаничкиот клуб Хиподром" во должина од 1.110 метри ќе биде затворен за сообраќај, поради изведба на интензивно асфалтирање од страна на екипите од ЈП "Улици и патишта" - Скопје во периодот од 8 до 16 часот во наредните четири дена.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=020ED73423B4774993BAE9DA9BF53626
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 17-Oct-2010 at 21:30

Васил Ѓоргов уште 10 дена затворена за сообраќај

Затворената улица веќе требаше да биде пуштена, но ќе доцни десет дена поради лошите временски услови, што значи продолжен метеж на Рузвелтова и Гологанов од автобусот „57“ и од пренасочените автомобили

Не знам зошто улицава не ја правеа летоска кога немаше толку возила низ градот и луѓето беа по одмори. Ги гледам работнициве, си работат само една смена, наместо да забрзаат за што поскоро да завршат, вели револтиран граѓанин од населбата Козле поради одолжувањето на градежните работи на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, која веќе две недели е затворена за сообраќај. Обновена и со нов коловоз, требаше да биде пуштена во саботата, како што беше најавено на 1 октомври, на почетокот на градежните работи, но тоа нема да се случи, информираат од Општина Центар.

Според објаснувањата од општинарите градежните работи се одолжиле поради лошите временски услови.

- Градежните работи се очекува комплетно да завршат за околу 10 дена. Причината зошто се оддолжи асфалтирањето се лошите временски услови - велат од Општина Центар, кои се инвеститори заедно со Градот.

Асфалтот е изгребан, а изградбата на атмосферската канализација се' уште трае. Одвреме навреме може да се забележат работници како работат на потегот од Заводот за вработување до раскрсницата со Водњанска, но сликата веќе десетина дена е иста.

Автобусот „57“, кој сообраќа на Васил Ѓоргов, од почеток е пренасочен на улицата Рузвелтова и на Теодосиј Гологанов, што создава дополнителен метеж, заедно со другите автомобили што алтернативно се движат по овие улици кон центарот на градот.

Граѓаните сметаат дека градежните работи траат премногу долго ако се земе предвид дека оваа улица е важна артерија за движење кон центар, но и Кисела Вода и Аеродром.

- Секојдневно се возам со автобусот број „57“, кој го чекам во Капиштец на привремена постојка. Возењето трае предолго поради диви таксисти, кои на Рузвелтова се паркираат каде што сакаат, а следува патешествие од половина час на Гологанов каде што има невиден метеж - вели Тања Василевска од населба Трнодол.

Вкупната сума за сите активности, односно изградба на атмосферска канализација и асфалтирањето, чинат околу шест милиони денари. Општината и Градот Скопје ги делат во сооднос 50 спрема 50, односно по три милиони евра. Сепак, грижата за градежните работи е на товар на Центар, изјавија од Градот.

- Најпрвин беше изградена атмосферска канализација во должина од 300 метри, и тоа од раскрсницата со Водњанска до поранешната дирекција на „Жито лукс“. Сега е во тек реконструкција на коловоз на улицата, во должина од 770 метри, а потоа ќе бидат обновени и тротоарите, односно поплочени со павер-елементи - објасни портпаролот на Центар, Јовица Ацкоски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=99B5ADD4D95B2F4094E778981DC5B1D2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 19-Oct-2010 at 19:26
ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА 4.ЈУЛИ







Екипите на Градот Скопје го асфалтираа делот од улицата 4.Јули во општината Ѓорче Петров, на потегот од објектот на Геријатрија во насока кон црквата „Свети Петар и Павле“. Делот од сообраќајницата се реконструираше во должина од 240 метри. Коловозот е широк 9 метри.

Оштетениот и дотраен асфалт е изгребен на длабочина од 5 сантиметри и е нанесен нов асфалтен слој. За обнова на овој потег од улицата 4.Јули се потрошени околу 270 тони асфалт. Реконструирана е и крстосницата пред објектот на Геријатрија.

На реконструкција на коловозот на дел од улицата 4.Јули работеа екипите на градежната компанија „Пелагонија -Гостивар“.

Обновата на оваа сообраќајница е опфатена со Програмата за одржување, реконструкција и заштита на магистралните и собирните улици во градот што во февруари ја усвои Советот на Градот Скопје. Со оваа програма се предвидува да се реконструираат повеќе улици во Скопје.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3712&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 25-Oct-2010 at 17:47

ЦЕНТАРОТ В ГОДИНА БЕЗ ДУПКИ

Нов асфалт пред Рамстор

Сите дупки на Мито Хаџи Василев-Јасмин, почнувајќи од семафорите кај дирекцијата на "Макпетрол", преку Цветен пазар, сè до зградата на Нова Македонија ќе се пополнат, а нов асфалт ќе добијат и тротоарите

Улицата пред Рамстор в година ќе добие нов асфлат. Сите дупки до една, почнувајќи од семафорите кај дирекцијата на "Макпетрол", преку Цветен пазар, сè до зградата на Нова Македонија ќе се закрпат темелно.
Според плановите на Градот, улицата Мито Хаџи Василев-Јасмин прво ќе се раскопа, па откако ќе се среди инсталацијата под неа, комплетно ќе се покрие со асфалт.
Освен дупките на коловозот, ќе се поплнат и оние по тротоарите.
Со оглед на тоа што тие се помалку оштетени, таму е планирано да се средат само најкритичните делови.
Комплетното асфалтирање на центарот на Градот е проект кој се планира во буџетот за следната година.
"Санацијата на дупките по улиците во централното градско подрачје е приоритет за наредната година. Во моментов се прават последните пресметки за тоа колку пари ќе бидат потребни за нов асфалт, па за неколку месци ќе почнеме со работа", велат од Град Скопје.
Улицата пред Рамстор повеќе од 20 години не е санирана. Само површно се крпат дупките кои се отвораат скоро секој втор ден, а комплетна обнова досега немало.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=C54FC55427528B4FA8B36CB1B72669B0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 142>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.656 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.