build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4849505152 137>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #981 Posted: 08-Apr-2011 at 08:14
Originally posted by Tuvok

Најнеопходен кружен тек во Скопје е оној кај Католичка. Кога е планирано да почне да се гради ?


Јас би рекол тој во Ѓорче дека е поприоритетен, иако е на периферија. Таму се вкрстуваат дури 5 правци, додека кај католичка се 3.

Друго место кајшто треба да се размисли за кружен е Палас двете раскрсници. Мислам таму ќе го лекнат сообраќајот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #982 Posted: 08-Apr-2011 at 17:22




БУЛЕВАРОТ МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ-ЈАСМИН ЗА ДВА ДЕНА СО НОВ АСФАЛТ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ги посети екипите што ги изведуваат градежните работи на булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и најави дека асфалтирањето ќе заври најдоцна до вторник идната недела.
 
-       Би сакал да истакнам дека денеска сме овде за да видиме како течат градежните работи на булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, воедно сакам да апелирам до граѓаните за време на овој викенд, да бидат трпеливи, зашто оваа сообраќајница ќе се асфалтира во двата потега од крстосницата булевар „Кочо Рацин“ до улица „Македонија“ и од улица „Македонија“ до булевар „Свети Климент Охридски“. За ова се потребни два дена и затоа булеварот ќе биде затворен за сообраќај. Изведбата на овој проект требаше да трае околу два месеца, но со интензивна работа на екипите на градските претпријатија, во две смени и за време на викендите, овој проект ќе биде завршен за четириесеттина дена. Би сакал и да најавам дека Град Скопје оваа пролет ја почнува најголемата реконструкција на улици во централното градско подрачје во последниве 15 години, рече градоначалникот Трајановски.
 
Град Скопје ги известува граѓаните, дека на ден 09.04.2011/ сабота/ во период од 06:00 до 20:00 часот, ќе се асфалтира дел од булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ од крстосницата булевар „Кочо Рацин“ до улица „Македонија“. А в недела на 10.04.2011, исто така, од 06:00 до 20:00 часот ќе се асфалтира булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, од улица „Македонија“ до булевар „Свети Климент Охридски“.
 
Поради отежнатите услови на сообраќајот возачите и преостанатите учесници во сообраќајот треба во овој период да бидат крајно внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
 
Проектот за реконструкција на сообраќајницата чини 18 милиони денари, а градежните работи на булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ ги изведува фирмата Бауер БГ ДОО- Скопје.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4130&mid=482&tabId=&tabindex=0
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #983 Posted: 08-Apr-2011 at 21:35

Премиерот Груевски заедно со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, денес се во посета на булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин“ каде што се одвиваат градежните работи за негова реконструкција.


Булеварот кој е во должина од скоро еден километар е инвестиција вредна 18 милиони денари и треба да биде пуштен во употреба за околу еден месец

- Од 1 до 10 мај ќе ја почнеме реконструкцијата на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во јуни ќе го прошириме булеварот „Климент Охридски“, во вторник ќе ја почнеме реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“, булеварот „Даме Груев“, а во наредниот период по завршувањето на тендерската постапка ќе се почне со реконструкција на улицата „Крсте Петков Мисирков“. Практично, тоа ќе биде најголемата реконструкција на улици и булевари во последните 15 години, изјави Трајановски, додавајќи дека целокупната инвестиција ќе чини околу 80 милиони денари.

Градоначалникот најави дека од утре ќе почне асфалтирањето на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, поточно од улица „Македонија“ до булеварот „Климент Охридски“ и поради тоа апелираше граѓаните да имаат трпение и да се воздржат да сообраќаат во тој дел кој ќе биде целосно затворен.
____

Само напред, ќе летам по улициве (до 60 km/h се разбира :-) )http://kurir.mk/makedonija/vesti/25517-Trajanovski-Naporno-rabotime-na-rekonstrukcija-na-ulicite

Edited by Observer - 08-Apr-2011 at 21:36
http://www.facebook.com/suvenirimakedonija
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #984 Posted: 08-Apr-2011 at 21:40

Се надевам квалитетот ќе биде подобар од тој на Васил Ѓоргов, со оглед дека се работи за истиот изведувач, и дека грдите кабли од кабловска телевизија ги закопале под земја.

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #985 Posted: 08-Apr-2011 at 22:40
за планираните активности врз булеварите. Но денес со еден другар дојдовме до заклучок дека џабе ни се нови улици, булевари, подземни тунели и сл. Немаме култура. Ај прво што плукаме дека неаме асални улици, ама таман нешто ќе почне да се прави, ние недоправено сакаме да го уништиме. Прееска се најде фраер да се движи по веќе реновираниот дел од мостот на револуцијата. И после друг ни е крив коа после завршување на работите на одделни места има некакви аномалии. Сами сме криви и никој друг. За вакви шофери само испопукани улици.
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #986 Posted: 08-Apr-2011 at 23:24
Само казни, после се ќе си дојде во ред.
http://www.facebook.com/suvenirimakedonija
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #987 Posted: 09-Apr-2011 at 14:55
какво перење на пари е Мито Хаџивасилев ЈАСМИН.

1. улица е, булевар ќе биде кога ќе има бар уште една лента.
2. а истата можеа слободно да ја прошират со уште една коловозна лента. Истата можеа да ја направат од трготекстил до раскрсницата.
3. ова е една од најфрефентните градски улици, и требаше далеку посериозен зафат од само ставање нов асфалт, кој што ќе пропадне после 3-6 месеци.

Edited by Cloverstack - 09-Apr-2011 at 14:57
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #988 Posted: 09-Apr-2011 at 18:02
Cheersza skopskiot tatko, normalno deka kje ima malku haos...
ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО ГРАДЕЖНА ЕУФОРИЈА на улиците
Поправките ќе го парализираат Скопје

Роза Петкова

Дури шест улици во наредните два месеци ќе се раскопаат низ централното градско подрачје за да се реконструираат, за што ќе се потрошат 4,5 милиони евра, најави вчера градоначалникот Коце Трајановски. Градежните работи се уште не се завршени на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин и на „Мостот на револуцијата“, кај МАНУ, кои се две важни сообраќајници во централното подрачје, а градскиот татко веќе најави дека од следната недела ќе се отворат нови градилишта. Со тоа скопјани не само што нема да здивнат од метежот по половина час, што досега ги пречекуваа на овие две локации, туку воопшто пробивањето низ центарот ќе им стане невозможна мисија.
Во вторник почнува реконструкција на Партизанска, на потегот од зградата „Тифани“ до крстосницата со Рузвелтова, потоа на улицата Даме Груев зад Собрание, како и на улицата Васил Аџиларски од Собрание до мостот кај „Холидеј ин“ и оттаму до „Мавровка“. За 15 дена треба да следи реконструкција и на булеварот Крсте Петков-Мисирков од Судска палата до Бит-пазар. Во овие градежни зафати ќе има и два покрупни, а тоа е проширувањето на Митрополит Теодосиј Гологанов, кое Трајановски го најави за први или за 10 мај и реконструкција и проширување на булеварот Св. Климент Охридски во јуни. За Трајановски, ваквото нагло копање улици низ цел центар не е предизборна кампања, туку само редовна работа на локалната власт.
- Не сакам да ме вовлекуваат во предизборна кампања. Ова е работа на локалната власт. Не можеме да го чекаме летото за да почнеме со работа затоа што имаме лошо искуство со асфалтирањето во тој период - рече Трајановски.
Во спротивност на неговите зборови и на вчерашната посета на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин, градоначалникот беше придружуван од премиерот Никола Груевски. На прашањето од новинарите дали сега премиерот ќе се појавува на секоја улица што Градот ќе почне да ја поправа, Трајановски одговори дека тоа што Груевски дошол било само за да види до каде се работите затоа што тоа го интересирало.
Трајановски не даде конкретен одговор ниту како ќе го спречи хаосот во сообраќајот, на кој скопјани веќе се жалат, туку само апелираше граѓаните да имале трпение.
Роза Петкова

Кога работиме, не ги затвораме улиците целосно, туку дел по дел и само таму каде што се работи, што значи изградбата ќе тече под сообраќај. Затоа апелирам до граѓаните да се воздржат за периодот - порача градоначалникот.
Во исто време, наместо да завршат во предвидениот рок, Трајановски рече дека работите на Јасмин малку ќе се одложат, односно ќе траат нешто повеќе од еден месец. Викендов фирмата „Бауер“ ќе почне да го асфалтира потегот од Музејот на град Скопје до крстосницата кај „Нова Македонија“ и овој дел целосно ќе биде затворен.
За оваа улица граѓаните и досега реагираа до градските власти, за тоа што наутро и попладне чекаат по половина час во редица од едниот до другиот крај на улицата, односно од зградата на „Макпетрол“ до поранешната зграда на „Нова Македонија“.
Метеж од почетокот на неделава има и на „Мостот на револуцијата“, каде што во метежот се прави колона од „Црвен крст“ до „Веро“. Тука Градот се уште не почнал да ја поставува новата железна ограда, ниту да ги асфалтира тротоарите, па работите ќе потраат и во наредните месеци.


Свети Климент ќе се шири?


Градоначалникот Трајановски вчера не одговори јасно што подразбира под реконструкција и проширување на булеварот Св. Климент Охридски, иако директно беше прашан дали тоа значи дека улицата ќе се прави со шест ленти. Службите од градот, пак, објаснија дека реконструкција и проширување било исто и дека на улицата ќе се прави тоа што е предвидено. Со ГУП, овој булевар е предвиден со шест ленти, решение кое одамна се зборува, а ниедна градска гарнитура не го реализира. Со тоа решение се предвидува улицата да се прошири со по уште една лента од двете страни на сметка на средишното зеленило, што значи дека ќе мора да се исечат дрвјата. Дали Останува ада се види дали Трајановски ќе го повтори истото од Илинденска, па без најава ќе го соголи и овој булевар.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2285&ArticleID=159092

samo neka prodolzi vaka
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #989 Posted: 09-Apr-2011 at 18:24
Конечно им текна за Васил Аџиларски. Срамота беше пред Холидеј Ин и пред ГТЦ, во строг центар, да има ужасна улица. Мала замерка што вакви зафати треба да се рутина, ама кога секој градски татко го преспива својот мандат, барем овој нека почне колку толку да работи.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #990 Posted: 09-Apr-2011 at 18:25
Edna skicaq:
Vo izgradba
Planirano(rekonstukcija ili prosiruvanje)



Back to Top
Mobile View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mobile Quote  Post ReplyReply #991 Posted: 09-Apr-2011 at 18:25
sredisniot del na kliment ohridski e dovolno golem i za uste po edna lenta i za sredisno zelenilo, nema potreba od sarkazam i sl.  nema da bide nisto porazlicna od partizanska na primer ili aleksandar makedonski. znaci moze samo da znacitelno se dobie, a nisto znacajno ne se gubi. za smetka na drvata od strana koi bi se isekle ke ima sredisno zelenilo, da ne dramatizirame okolku secenjeto na drvata, obicno koga nema sto, vo nedostatok na materijal za kritiziranje i plukanje, od toa se pravi opsta tragedija. normalno nekoi babi ke recat kako im se zema minatoto ili sonceto ili senkata ili .....
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #992 Posted: 09-Apr-2011 at 19:00
Edna rabota shto ja imam primeteno, neznam kolu e stvarno taka planirano ili e nekoja sluchajnost. Starata gradezna linija beshe mnogu popovlechena pred da se zafrkne so korner, arkadija i slichnite stvari. Vo toj sluchaj edniot drvored 1 stanuva sredishno zelenilo za proshiruvanje spored taa gradezna linija, a samo 2 treba da se seche. Deneska e povlechena gradeznata linija i zatoa 2-ta odat. Kako i da e zelenilo e najdole na prioritetnata lista posle infrastruktura taka da site prikazni za zelenilo se samo bezvrska popolnuvanje vreme vo mediumi i eventualno neshto sitno privlekuvanje vnimanie.




Edited by lslcrew - 09-Apr-2011 at 19:02
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #993 Posted: 09-Apr-2011 at 19:19
    Ги жалам возачите што ќе треба да минуваат овде. Ете што се добива, кога се работи без памет. Овие улици требало да се прошират многу, многу поодамна.
    А кога ќе дојде време за проширување и реконструкција на Водњанска и Васил Ѓоргов - иди па вози.
    А дали воопшто некој размислува за копањето и поставувањето на гасоводните цевки?
    Или направи населби со висококатници ( Капиштец, Козле, Кисела Вода), а уличките остави им ги сокачиња. Се чудам на умот на нашите претходници. И после некој ќе рече дека порано било подобро.  Па подобро било, тие креирале проблеми, а ние сега со судни маки ќе ги решаваме.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #994 Posted: 09-Apr-2011 at 19:28


БУЛЕВАРОТ МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ-ЈАСМИН СE АСФАЛТИРА
Денеска почна завршната фаза на комплетната реконструкција на булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Во текот на овој викенд ќе се нанесува основниот слој асфалт.

На 09.04.2011/ сабота/ во период од 06:00 до 20:00 часот, се асфалтира дел од булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до улица „Македонија“.

Утре, на 10.04.2011 /недела/,исто така, од 06:00 до 20:00 часот ќе се асфалтира булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, од улица „Македонија“ до булевар „Свети Климент Охридски“.

Поради отежнатите услови на сообраќајот возачите и преостанатите учесници во сообраќајот треба во овој период да бидат крајно внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

До завршувањето на целосната реконструкција ќе треба да се нанесе уште финалниот слој на фин асфалт и да се изврши обележувањето на коловозот.

Проектот за реконструкција на сообраќајницата чини 18 милиони денари, а градежните работи на булеварот „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ ги изведува фирмата Бауер БГ ДОО- Скопје.

 http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4133&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #995 Posted: 09-Apr-2011 at 21:15
Јас мислам дека во бул. Климент Охридски има и недостаток од пешачки тротоар,не би било лошо да се одвојат по 1 или пола метро од страна.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #996 Posted: 09-Apr-2011 at 21:27
Ме чуди проширувањето на Климент Охридски, со оглед на тоа дека пред само неколку месеци го поставија споменикот на Св. Климент, и тоа не на средина, туку на страна. Што значи треба да се поместува и споменикот.

Дали некој овде планира подолго од следните 2 дена што ќе се гради?
Back to Top
Mobile View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mobile Quote  Post ReplyReply #997 Posted: 10-Apr-2011 at 00:04
Originally posted by krale


Дали некој овде планира подолго од следните 2 дена што ќе се гради?
 
LOL
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #998 Posted: 10-Apr-2011 at 00:22
Originally posted by N23

Конечно им текна за Васил Аџиларски. Срамота беше пред Холидеј Ин и пред ГТЦ, во строг центар, да има ужасна улица. Мала замерка што вакви зафати треба да се рутина, ама кога секој градски татко го преспива својот мандат, барем овој нека почне колку толку да работи.


+1 Добра забелешка за истово коментирав уште лани ама добро ќе се погоди и Партизанска од симпо према Климент Охридски како и делот пред Бит пазар.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #999 Posted: 10-Apr-2011 at 00:59
Originally posted by mitatos

Јас мислам дека во бул. Климент Охридски има и недостаток од пешачки тротоар,не би било лошо да се одвојат по 1 или пола метро од страна.

Паметна забелешка. Да се прошири малку тротоарот затоа што стварно не исполнува критериуми, на делови јас мислам дека е и потесен од 1 метар.
http://www.facebook.com/suvenirimakedonija
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1000 Posted: 10-Apr-2011 at 09:54
Originally posted by Observer

Originally posted by mitatos

Јас мислам дека во бул. Климент Охридски има и недостаток од пешачки тротоар,не би било лошо да се одвојат по 1 или пола метро од страна.

Паметна забелешка. Да се прошири малку тротоарот затоа што стварно не исполнува критериуми, на делови јас мислам дека е и потесен од 1 метар.


Решението за тротоарот е како што е решено со новиот објект до аркадија кај што беше, кој на приземјето е повлечен 3-4 метри. Со тоа се добива покриен тротоар доволно широк за пешаци. Секое друго решение нема да го реши трајно проблемот, само треба да се забрза со урбанизација на преостанатите парцели.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4849505152 137>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.