build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7374757677 129>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1481 Posted: 18-Jul-2012 at 17:20
Требале од Алфа наместо градоначалник на Скопје да го напишат како сељак од Скопје . Баш ме интересира дали после ова ќе го видиме новиот сообраќаен знак.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1482 Posted: 18-Jul-2012 at 17:44

Ама тој сообраќаен знак треба да стои. Незнам што не му е јасно тука.

Секој што што учел да вози, знае дека тој знак претставува препорачана брзина и дека нема потреба од дополнителна табла на која би пишувало "Зелен бран". Од друга страна пак ако го нема овој знак за препорачана брзина а ја има таблата "Зелен бран", тоа е од никаква корист за возачите, бидејќи не им кажува никаква важна информација во врска со возењето.... аха добро, "Зелен бран" и што сега...

Еве за кој знак станува збор, само во случајов препорачана брзина е 70, а на Партизанска е 50... замислете си само на место на 70, замислете си 50...


Уствари еве една слика од Курир каде што се гледа баш знакот поставен на Партизанска:




Edited by FoSsiL - 18-Jul-2012 at 17:48
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1483 Posted: 18-Jul-2012 at 17:58
И да стои зелен бран под знакот не е проблематично (дури и корисна информација е), проблемот е начинот на кој што се изразува.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1484 Posted: 18-Jul-2012 at 19:30
Originally posted by <Fresno>

И да стои зелен бран под знакот не е проблематично (дури и корисна информација е), проблемот е начинот на кој што се изразува.
зошто би стоел знак „зелен бран“ Question  (освен за реклама, да не го заборават)
не е ништо за кое што треба да се предупреди, да се препорача, да се нареди или да се информира и т.н.
очигледно кај нас нема никаква одговорност кон сигнализацијата и кон неа се понашаме како да е нешто произволно и споредно, а не како да е основен и строго изрегулиран систем на сообраќајот...

мене најмалку ми смета јазикот со кој се користи КОце, ја пцујам секој ден, нормално е тоа, проблемот е што на ваква ексклузивна позиција е ставен човек кој нема познавање од сообраќајни правила и како се регулираат... и како капаче на све, се кара и се убедува со оние кои треба да го советуваат и да му го спроведат проектот со нивното познавање во таа област
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1936
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1485 Posted: 19-Jul-2012 at 11:44
Кој знае што си замислува, што направил...зелен бран. Првпат слушаме, мора да биде напишано па да се крстиме пред него. Ццц
Треба да се подразбира тоа дека на сите големи булевари треба да има зелен бран. А дали ќе пишува или не што менува? Ќе стигнам побргу ако прочитам? Чиста реклама ништо повеќе!

А за однесувањето на Коце no comment...ме изненади ептен, сељачиште невидено...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1486 Posted: 19-Jul-2012 at 12:23
znakot 50 treba da e maksimalna dozvolena brzina, ne preporacliva. sekade vo razvieniot svet vo gradsko podracje maksimalna brzina e 50 (na bulevari) i 30 (na pomali ulicki). toa e pravilo za site gradovi, zosto skopje da e isklucok. zatoa i na novive vozila strelkata kaj 30 i 50 e so crveno.

eve i oficjalni brojki da ne kaze nekoj deka izmisluvam:

Possible Maximum Travel Speeds

Type of infrastructure and traffic     Possible travel speed (km/h)

Locations with possible conflicts between pedestrians and cars     30 km/h

Intersections with possible side impacts between cars     50 km/h

Roads with possible frontal impacts between cars, including rural roads[65]     70 km/h

Roads with no possibility of a side impact or frontal impact (only impact with the infrastructure)     100 km/h
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1487 Posted: 30-Jul-2012 at 02:18
Прочитав дека се гради или планират да градат нов булевар со името манапо? Знае некој нешто повеќе??

Edited by my Macedonia - 30-Jul-2012 at 02:21
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1488 Posted: 30-Jul-2012 at 03:01
Originally posted by my Macedonia

Прочитав дека се гради или планират да градат нов булевар со името манапо? Знае некој нешто повеќе??


Веќе од поодамна е решено да се подигне улицата Манапо која е помеѓу Карпош 3 и Скопје Сити Мол од ниво на улица на ниво на булевар.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1936
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1489 Posted: 30-Jul-2012 at 10:39
Originally posted by my Macedonia

Прочитав дека се гради или планират да градат нов булевар со името манапо? Знае некој нешто повеќе??


Не планираат да градат нов булевар, туку проширување на постојна улица со истото име која се наоѓа кај Скопје Сити Мол.

Искрено не гледам потреба за тоа, таа улица 90% ја користат жители од тој реон и истата не служи за транзит од еден кон друг дел на градот, не е улица накоја има застој.
Тие 450 метри ќе вредеа многу повеќе да беа на друго место проширени. Но повторно ќе речам, задоволување на желбите на инвеститорот и ништо повеќе.

Edited by alexsend - 30-Jul-2012 at 10:40
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 609
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #1490 Posted: 30-Jul-2012 at 12:14
Улицата ке се шири по барање на City Mall
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1491 Posted: 30-Jul-2012 at 12:19
Ви благодарам Епа стоеше изградба на булевар наместо проширување Многу добро, се знае дека улицата е тесна а тука има голем шопинг центар и станбени згради, со тоа мислам дека проширување на улицата е добар чекор да се спречи каос а инвеститорите секако дека ќе добиат добар впечаток од градот.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1492 Posted: 31-Jul-2012 at 10:58
Јас повеќе од половина мој живот го имам поминато во Карпош 3 и можам да кажам дека Манапо е улица која исклучително ретко се користи и обично е празна со паркирани возила од страна. Точно е дека со отворање на големиот трговски со оглед дека влезот за катната гаража ќе биде на Манапо таа улица ќе биде претесна за да го прифати тој сообраќај и дефинитивно ќе тербаше да се прошири...ама дали навистина имаше потреба да се подигне не ниво на булевар не сум баш сигурен, особено имајќи на ум дека завршува слепо во партизанска а од другата страна на илинденска нема потенцијал да се продолжува бидејќи се коси со каналот од нерези кој веднаш излегува на вардар.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1493 Posted: 31-Jul-2012 at 11:24
Луѓе, неколку основни работи:

1. Не сметам дека треба да се именува МАНАПО со терминот "булевар", бидејќи според мене тоа значи една доста подолга улица со поголемо значење.

2. МАНАПО чисто се поширува на 4 ленти, исто како што и Лондонска (симетричната улица на МАНАПО од другата страна на Партизанска) има 4 ленти.

3. Сите знаеме дека ако не беше Сити Мол, тешко дека ќе им текнеше на градските власти на оваа улица уште долго време.

4. И без разлика дали се работи за "улижување кон инвеститорот" или за свесна навремена одлука за да се избегнат неподносливи гужви околу Сити Мол, јас ја поздравувам оваа акција.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1494 Posted: 31-Jul-2012 at 12:33
Кога нешто е добро, добро е незнам зошто се има толку проблем со тоа дека се гради улицата за потребите на инвеститорот. Логично е дека со самата изградба на молот ќе има поинтензивен сообраќај во тој дел кој ќе треба некако да се абсорбира. МАНАПО како и проширувањето на Илинденска се одлични проекти кои покрај другото се и во функција на трговскиот. Истото важи и за големите стамбени парцели кои се градат во Скопје , пред се милам на 40 катниците со кои сообраќајот во тој дел на Скопје драстично ќе се зголеми и логично е градскитевласти да размислуват за инфраструктурно решение , иако мислам дека Булеварот Србија и Јане Сандански се добра основа.  
Back to Top
makedon4e View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Jul-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote makedon4e Quote  Post ReplyReply #1495 Posted: 31-Jul-2012 at 14:41
Дечки да ве прашам, зошто некои раскрсници во Скопје наместо со асфалт се поплочени со бехатон плочки?
Која е смислата да возиш по асфалт, а кога ќе наидеш на раскрсница таа да биде од плочки?
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1496 Posted: 31-Jul-2012 at 14:45
Каде си го сретнал тоа?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1497 Posted: 31-Jul-2012 at 14:48
ЈАс колку што знам тоа се примени за прв пат при реконструкцијата на ул. Пролет (која мислам дека сеуште не е завршена официјално).

Објаснувањето беше дека „павер зоните“, кои се малку испакнати ќе ги принудуваат возачите да успорат.

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1498 Posted: 31-Jul-2012 at 15:41
Лаик сум, меѓутоа мене тоа ми изгледа опасно глупаво.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #1499 Posted: 31-Jul-2012 at 17:12
Јас тоа го сретнав тука првпат, во Полска, во Торун. Има на 3-4 улички кои поминуваат пред студентски домови и болници, големо издигнување од неколку сантиметри кои е со павер елементи. Кога возиш 20 скоро и да не осеќаш, ама ако се зезнеш и не го приметиш тоа опасно е за колата. Незнам кај нас колку ќе е тоа издигнување, ама ако е некоја нормала е многу попаметно отколку лежечки полицаец
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1500 Posted: 31-Jul-2012 at 18:48
Во Германија ги има често особено во централните градски подрачја не се секогаш испакнати но симболизират движење на пешаци и побаво возење. Е сега на што ќе ги асоцира поплочувањето на нашите возачи незнам. Но знам кога ги изфарбаа рабниците жолто и црно за подобро да се гледат на некој ги асоцираше на формула 1 патека. 

Edited by kultuzin - 31-Jul-2012 at 18:48
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7374757677 129>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.500 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.