![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7778798081 139> |
Author | ||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
За зимата ама баш воопшто не ги оправдувам ,да беше некоја зима со снегови и студови ајде но за ваква зима се молат сите градежници ,па види Џеваир кулите ги направија овие не мрднаа од место со кружниот тек, а тоа второто е веќе познато ![]() |
||
![]() |
||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 255 |
![]() ![]() |
|
Почнаа да се најавуваат кружните текови на 2 нивоа - ако има некои поконкретни информации за тоа како изгледаат овие сообраќајни решенија - постирајте
______________________ Дневник Датум: 25.03.2013, 17:24 ГРАДСKАТА ВЛАСТ ПОДГОТВЕНА ДА СЕ ФАТИ ВО KОСТЕЦ СО ПОСЛОЖЕНИ ЗАФАТИ Kлучка на две нивоа пред Влада, а и кај НИП „Нова Македонија“ Трите сложени кружни тека ќе служат за потребите на планираните подземни тунели што ќе бидат реализирани во центарот - едниот кај мостот Гоце Делчев, а другите од двете страни на Јужниот булевар Ако изминативе четири години во неколку населби во Скопје беа изградени една турбораскрсница и четири обични, во иднина градоначалникот Kоце Трајановски најави дека ќе се фати во костец со посложени зафати за решавање на метежот што го задушува централното подрачје. На ред е реализација на три кружни тека, ама на двојно ниво, вети тој. Едниот пред Влада за потребите на подземната сообраќајница, која ќе понира пред мостот Гоце Делчев, а ќе излегува кај Народна банка, вториот е замислен да биде кај поранешна НИП „Нова Македонија“, а последниот пред подвозникот за Црниче, односно на почетокот на еднонасочната улица Свети Kирил и Методиј (поранешна М.Х.Јасмин). Последните две се наменети за потребите на подземниот тунел под Јужниот булевар. Двете од три сообраќајни решенија што градската власт ги најави како крупни зафати, поконкретно двете клучки на влез и излез од подземниот тунел зад Музејот на Град Скопје, не се нови. Во урбанистичките планови на Општина Центар се застапени одамна, уште од 2000 година, од времето на градоначалничката Виолета Аларова. Истото се однесува и на замислата за понирање на Јужниот булевар зад Музејот на Град Скопје. Но, и покрај тоа, досега никој сериозно не се нафати да ги реализира. Сега, кога Градот има визија и финансии, со намерата да изведе три клучки всушност ја доловува и сериозноста за решавање на протокот на возила во централното подрачје. Освен што ќе служат за потребите на планираните тунелски движења, според надлежните од Градот, тие значително ќе придонесат и за намалување на протокот на возила на други улици во строгиот центар. Во врска со површината што ќе ја зафаќаат, од градското одделение за односи со јавноста објаснија дека воопшто нема да биде мала имајќи предвид дека не станува збор за обичен кружен тек. На пример, првата ќе ја зафати целата улица пред зградата на Владата сè до мостот Гоце Делчев, а истото се однесува и на онаа што ќе се гради од НИП сè до Водњанска. Според процените, изведбата ќе чини близу 9 милиони евра, а се очекува најбрзо да се реализира клучката кај мостот. Бидејќи за другите две прво мора да привршат работите околу тунелот на Јужен булевар, изјавија одговорните од Градот. Обврската да го изведе тунелот ја има турскиот инвеститор „Лимак“, кој го купи земјиштето зад Музејот на Град Скопје за изградба на хотели и на деловни центри. Во наредните три години треба да почне да ја гради улицата, односно од тоа зависи и реализацијата на клучките на две нивоа. Трајановски во неколку наврати потенцира дека е уверен оти со овие капитални зафати ќе придонесе за помало загадување и помалку бучава, на која најмногу се жалат скопјани. Изминативе четири години градската власт изгради пет кружни тека - кај Kатоличка црква, во Бутел и во Чаир, а во Ѓорче Петров - два. (Ј.И.) |
||
![]() |
||
vladegf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Dec-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 610 |
![]() ![]() |
|
Знае ли некој да каже зошто на повеке скопски сообракајници асфалтот е исечен попречно на улицата во вид на осмоаголници за потоа да бидат залиени со битуменска емулзија. (истото се случува и во Бугарија)
|
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
И мене навистина ме интересира ,бидејќи веќе неколку недели гледам дека улиците по Скопје се кастрат така...
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Потврдувам дека низ цела Европа го има ова. Претпоставувам дека се работи за некаква превенција за настанување на дополнителни штети врз коловозот, но навистина не ми е јасно што е точно! Доколку има некој познавање на темава многу би се радувал да чујам објаснување. |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
kire85 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
![]() ![]() |
|
Еден мој пријател кој работи во телеком ми кажа дека градот набавил од нив GPRS системи и сензори за контрола и регулирање на сообраќајот. Сензорите пак ми кажа дека би биле вградени во самиот асфалт па затоа и го засекувале вака. Како што тој ми објасни овие сензори би ги регистрирале движењата на возилата со што би се регулирало и времетраењето на црвеното односно на зеленото светло на семафорите со кои тие се поврзани. Значи таму каде што би бил регистриран поголем тек на возила и времетраењето на зеленото светло на семафорот би било поголемо. Edited by kire85 - 31-Mar-2013 at 23:37 |
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
фала богу една добра вест
![]() |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12172 |
![]() ![]() |
|
На каков принцип поточно функционираат овие сензори? |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 4885 |
![]() ![]() |
|
Јас единствено сум видел сензори на крстосници каде што главен пат има приклучок од спореден пат, но со епохална фреквенција, па така доколку ниту едно возило не го премине сензорот на некои 3-4 метри од семафорот, тој ќе остане вечно црвен. Нешто како исклучени семафори па предност има секогаш главниот пат, но во случајов нема опасност со жолто трепкачко светло, туку видно е зелено на главниот пат (некогаш и по 2-3 часа значи во зависност од тоа дали поминало возило на споредниот пат).
Не ја знам цената на чинење, па не би можел да кажам дали вреди тоа во однос на тоа во слабите часови едноставно да свети жолто нон-стоп. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
http://en.wikipedia.org/wiki/Induction_loop
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2465 |
![]() ![]() |
|
Апдејт, после улицата Ѓорче Петров и сокакот Македонска Војска, сега и 4-ти Јули стана булевар. Терминот „улица“ дефинитивно исчезна од речникот на власта.
![]() |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1078 |
![]() ![]() |
|
Види, кнап е во Ѓорче, затоа секој ден го шетаат градоначалникот заедно со минимум еден министер. Олку проекти немам слушнато во неговиот осумгодишен мандат. Дури и на моето сокаче помина лично самиот, иако малку касно му текна, осум години нема поминато, ни А од асфалт на уличката, а сега експресно ќе бидело до јуни. А тоа за улица и булевар целосно си во право, очигледно улица не им звучи добро.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
е ако де,ако небиди тој ќе имате кичевчанец за градоначалник.малку и наш глас да се чуе во скопјето
![]() |
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Четврток, 11 Април 2013 18:43
Доаѓањето на пролетта, меѓу другото го означи и почетокот на градежните зафати во општина Карпош.Со подобрување на временските услови, започна градежната динамика, со која се предвидува да бидат опфатени инфраструктурните цели, според планот за урбанизација во општина Карпош. Имено, денес започна изградбата на Новопроектирана улица, од ул. “Петар Чаулев” до ул. “Ацо Шопов” која се наоѓа во УЗ Влае 1. Улицата е со должина од 315 метри, а локалната самоуправа обезбеди 3.580.120 денари за нејзина реализација. Изведувач на градежните работи е “Бетон АД Скопје”. Само пред неколку дена, беа реконструирани три улици. Улицата “Кораб” во должина од 100 метри. Изведбата чини 620.000 денари; ул. “Мокра” со должина од 100 метри, - инвестиција вредна 710.000 денари. Двете улици се наоѓаат во МЗ “Пецо Божиновски - Кочо”. Реконструирана е и улицата “Белчишка” која се наоѓа во населбата Влае
2. Во должина од 270 метри, овој градежен зафат ја чини локалната
самоуправа, точно 1.646.277 денари. Изведувач на градежните работи за
трите улици е фирмата “Ескаватори”. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
ИНТЕРВЈУ: Коце Трајановски – решавање на собраќајните проблеми приоритет за Градот
18/04/2013 Анализите на Градот Скопје покажаа дека подземните сообраќајници во Скопје се вистинско решение за сообраќајниот метеж, за скратување на времето на патување и за зачувување на квалитетот на амбиентниот воздух. Јас и мојот тим во последниве четити години посветено работевме на реализацијата токму на вакви сложени проекти, вели за Економски.мк градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Интервјуто може да го прочитае подолу. Економски: Го добивте вториот мандат како Градоначалник на Град Скопје – веројатно треба повторно да ја оправдате поддршката на скопјани? Трајановски: Кога пред 4 години првпат ја преземав функцијата градоначалник на Градот Скопје нагласив дека таа можност за мене претставува голема чест, но и голема одговорност. И сега го чувствувам истото и сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за укажаната доверба за вториот градоначалнички мандат. Уште еднаш ќе им порачам на моите сограѓани дека ќе продолжам да работам за доброто на Скопје и тоа со исто темпо, не од канцеларија, туку на терен, како и досега. За најгорливите проблеми во Скопје на граѓаните им нудам конкретни решенија. Во Скопје има уште многу да се сработи. И во наредните 4 години, јас и мојот тим, ќе работиме со конкретни рокови за завршување на проектите. И досега така работевме, а проектите се завршуваа навреме, без одолговлекувања и без застој. Убеден сум дека ќе ја оправдам добиената доверба од моите сограѓани. Економски:Кои се приоритетните проекти што ќе ги работите во Градот? Трајановски:Решавањето на сообраќајните проблеми, одржувањето на комуналната хигиена и зазеленувањето на градот ќе бидат приоритет во мојата работа и во наредните 4 години. Но, и покрај тој приоритет, ниту една област од урбаното живеење во градот нема да биде запоставена. Од позначајните проекти ќе ги споменам проектите за изградба на подземна сообраќајница под кејот на реката Вардар и зад Старата железничка станица, проектите за изградба на повеќе кружни текови, проектот за проширување на булеварот Партизански одреди до Ѓорче Петров, проширувањето на улицата 3.Македонска бригада, изградба на водоснабдителен систем за населените места Ченто, Стајковци, Сингелиќ и Инџиково, водовод за Шуто Оризари, изградба на нов Луна-парк, гасификација на Скопје, изградба на ски-патека на Водно и многу други… Економски: Кои се деталите за подземната сообраќајница за таа од мостот „Гоце Делчев“ до комплекс банки и онаа на Јужен булевар? Трајановски:Јавниот повик за избор на изведувач за изградба на подземната сообраќајница што ќе се протега од Комплексот банки до мостот „Гоце Делчев“, под кејот на реката Вардар, е во тек. Според повикот, предмет на изградба ќе биде подземна сообраќајница од булеварот Кузман Јосифовски-Питу со раскрсницата со улицата Никола Карев до булеварот Кочо Рацин; од булеварот Кочо Рацин преку кејот „13-ти Ноември“ и раскрсницата со булеварот Илинден и булеварот ВМРО; и трасата на сообраќајниот коридор до булеварот Партизански одреди преку булеварот ВМРО и дел од булеварот Илинден. Подземната сообраќајница треба да биде долга 1 300 метри, од коишто 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. Во врска со подземната сообраќајница зад Старата железничка станица, Градот Скопје склучи договор со компанијата „Лимак“ од Република Турција со којшто се уредуваат односите за изградба на овој подземен булевар, во согласност со Деталниот урбанистички план за овој дел на градот. Новата сообраќајница ќе се гради на длабочина од 6 метри. Булеварот ќе биде долг 800 метри и ќе има по три коловозни ленти во секоја насока. Компанијата „Лимак“, според договорот, откако ќе ја изгради подземната сообраќајница има обврска да ја предаде во владение на Градот Скопје. Анализите на Градот Скопје покажаа дека подземните сообраќајници во Скопје се вистинско решение за сообраќајниот метеж, за скратување на времето на патување и за зачувување на квалитетот на амбиентниот воздух. Јас и мојот тим во последниве 4 години посветено работевме на реализацијата токму на вакви сложени проекти. Економски:Долго време се најавува трамвај во Скопје- ќе има ли наскоро негово воведување? Трајановски:Градот Скопје не се откажува од идејата за воведување трамвај. Јавниот повик за договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, трансфер и стопанисување со трамвајска линија за превоз на патници во Скопје е во тек. Огласот вклучува изработка на елаборат за заштита на животната средина, изградба на трамвајски станици, депоа и целата потребна инфраструктура. Се надевам дека постапката ќе заврши во најдобар ред. Економски: Дали има проблеми со финансирање на проектите Трајановски:Градот Скопје е подготвен за реализација на планираните проекти. Нивната реализација во дел ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје, а во дел ќе добиеме финансиска поддршка од Владата, како што е проектот за изградба на подземната сообраќајница под кејот на реката Вардар. За проектите за обнова на Луна-паркот и за изградба на ски-патеката на Водно ќе склучиме договор за јавно-приватно партнерство. Јас стојам на ставот дека парите собрани од граѓаните мора да се вратат во заедницата и да се вложат за решавање на нивните конкретни проблеми. http://ekonomski.mk/?p=35866 Се убаво ама некако упорно се избегнува да се каже со каков профил ќе биде подземната улица под кејот 11 октомври. |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9097 |
![]() ![]() |
|
![]() Кејот е 13 Ноември ![]() Во предизборието кажа дека ќе биде 2х2 |
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Исто така никаде не кажа на која длабочина ќе оди таа подземна сообраќајница , иако за таа што треба Лимак да ја гради кажа дека ќе биде 6м под земја.
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Благодарам за исправката. И покрај тоа што кажале сепак се гледа дека некако со половина уста се зборува за профилот на оваа улица, како уште да не е дефинитивно дефинирано. Инаку на друг начин неможам да протолкувам дека за другата подземна улица јасно се кажува веќе поодамна дека ќе е 3х3 додека за 13 ноември тој податок многу срамежливо излегува на површина. |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
И ништо за продолжување на Илинденска, или ја добро не видов.
|
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=5744&mid=482&tabId=1&tabindex=0 http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=5743&mid=482&tabId=1&tabindex=0 Се заангажирале да асфалтираат. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7778798081 139> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |