build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 137>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 12-Sep-2008 at 13:31
За која раскрсница точно зборуваме? За онаа кај Хубо Маркет или за онаа издеформираната каде почнува качанички пат?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 12-Sep-2008 at 14:29
Originally posted by lslcrew

Треба да се размислува за изградба на клучката што е планирана тука. Или па клучката ќе ја стават како последна точка од автопатот па ќе биде дел од тендерот?
Тендерот не се однесува на овој дел, туку делницата почнува од вкрстувањето со обиколницата, па понатака на север. Од Момин Поток до Стенковец тоа е дел од Северен Булевар.


Originally posted by pbanks

За која раскрсница точно зборуваме? За онаа кај Хубо Маркет или за онаа издеформираната каде почнува качанички пат?
За издеформираната се збори. Кај Хубо не е више Никола Карев туку Скупи.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 12-Sep-2008 at 15:22
Дај некој на гоогле мап нека постира ако знае за која раскрсница се работи оти и мене ми прави збунки хехе
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 12-Sep-2008 at 15:23
Абе координати ќе ти свршат работа Smile

42° 0'57.79"N  21°24'41.16"E

(пастирај во "Fly to" и кликни ентер)


Edited by Cloverstack - 12-Sep-2008 at 15:25
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 12-Sep-2008 at 15:27
Да бе Скупи се викаше таа накај Хубо.

Па ова е дефинитивно одлична вест. Тоа е убедливо најдеформираната раскрсница во градов и срамота е што воопшто се дозволи да биде во таква состојба. Но дефинитивно и нејзиното проширување е добредојдено. Се надевам на барем 2 ленти за вртење накај качанички пат од 8 Септември.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 15-Sep-2008 at 01:06

Се реконструира раскрсницата кај „Никола Карев“ и „8 Септември“

Утре ќе почне реконструкција на раскрсницата на булеварите Никола Карев и 8 Септември, кај локалитетот Момин Поток, соопштуваат градските власти. Поради тоа се предвидува привремен сообраќаен режим само по една коловозна лента, кој ќе почне да се применува од утре изутрина. Секторот за сообраќај при Градот повикува учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената информативна и сообраќајна патна сигнализација. Поради очекуваниот намален проток поради одвивање на сообраќајот само по една коловозна лента, на учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја одбегнат зоната на изведување на градежните работи и да користат алтернативни сообраќајни правци. Со градежните работи е предвидено проширување во насока кон булеварот 8 Септември и на самата раскрсница и регулирање на семафорите, во согласност со новата сообраќајна мрежа.Предвидено е проширувањето на раскрсницата да заврши за 30 дена.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=21252DE4D9EC9D419024833D039450DE



ОД УТРЕ


Проширување на крстосницата кај Момин поток


Крстосницата помеѓу булеварите Никола Карев и 8-ми Септември, кај локалитетот Момин Поток, од утре ќе почне да се реконструира. Предвидено е проширување на правецот кон булеварот 8-ми Септември и на самата крстосница, како и регулирање на семафорите. Од секторот за сообраќај на Град Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација за времен сообраќаен режим.

-Доколку се во можност, поради очекуваната намалена проточност и одвивање на сообраќајот само по една коловозна лента, се препорачува возачите да ги користат алтернативните сообраќајни правци, велат во Градот. Градежните работи на крстосницата би требало да завршат за 30 дена.

http://vecer.com.mk/?ItemID=53A45404CF1CD44C97064124E025BB1D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 18-Sep-2008 at 19:09
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ГРАДИЛИШТАТА

Градоначалникот Трифун Костовски, вчера, со најблиските соработници, посети повеќе градилишта на кои се во тек работите за изградба на големи капитални инфраструктурни инвестиции на Град Скопје. Со посетата беа опфатени сообраќајницата во изградба- Македонска Војска, проширувањето на булеварот Гоце Делчев, изградбата на клучката кај хотелот Континентал, како и пробивањето на булеварот Србија.

Градоначалникот беше запознаен со текот на активностите, реализацијата на динамичните планови за изградба, проблемите со кои се соочуваат градежиците и со очекувањата сите овие проекти да се завршат до крајот на оваа календарска година.

Градоначалникот Костовски побара од одговорните во градската администрација, проектите да завршат во предвидените рокови, независно од околностите, и да се реализираат сите преостанати сообраќајници, онака како што е предвидено со годинешниот акционен план. Што значи дека треба да започнат со изградба проширувањето на крстосницата кај Тутунскиот комбинат и клучката Детелинка кај Бит пазар.

Особено плени изгледот на досегашната изградба на клучката кај Континентал со квалитетот на изведбата на сообраќајниците, осветлувањето, хортикултурното уредување, како и со бетонските жардиниери кои се во изградба. Жардиниерите ќе бидат облагородени со зеленило, за што е нарачан проект.

Покрај деловите на кои се градат нови сообраќајници, Градот изведува и нови атмосферски канализации со поголем профил за зафаќање на дождови, а се санира и дел од коловозот.

 

 

 

 

 

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2075&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 23-Sep-2008 at 08:46


Македонија

Реконструкција на клучката „Момин Поток”

Скопје, 23.09.2008 08:13


Градежни работи за реконструкција на клучката „Момин Поток” на автопатот кон преминот Блаце ќе започнат денеска, соопшти Министерството за транспорт и врски.

На свеченоста по тој повод, најавени се обраќања на премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт Миле Јанакиески и на генералот на НАТО-штабот во Скопје Стојан Генков./макфакс/




Copyright © MAKFAX 2001-2008



 Crazy Повторно дигање џева, за едно мочано коше! Им фалат Трифун, Архиепископот и Фуере!!!

Покана - 22.9.2008

Почитувани,

 

Министерството за транспорт и врски Ве информира дека утре, 23. септември 2008 година, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи свеченост по повод отпочнувањето на активностите за реконструкција на клучката „Момин Поток“ во Скопје.

 

На свеченоста, која ќе се одржи на локацијата каде се изведуваат градежните работи пред присутните ќе се обратат Претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Генералот на НАТО-штабот во Скопје Стојан Генков.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да присуствуваат на настанот, со цел непосредно информирање на пошироката јавност.

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски


Јанакиевски: Владата постојано подржува проекти за развој на патната инфраструктура

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, денеска на започнувањето на градежните работи за обнова на крстосницата „Момин Поток“, истакна дека владата постојано иницира и подржува нови проекти кои се однесуваат на подобрувањето, развојот и рехабилитацијата на патната инфраструктура во земјава со цел овозможување на побрз проток на патници и добра во рамките на патниот превоз, а преку самото тоа и зголемување на можностите за поголем економски развој.

“Согледувајќи ја потребата за реконструкција, односно ревитализација на крстосницата „Момин Поток“ во градот Скопје, Владата во соработка со НАТО, преку Министерството за транспорт и врски ги презеде работите за проширување и обновување на булеварот „8 Септември“ во Скопје преку обновување на целокупната инфраструктура, како што се пешачките острови и подземната инсталација, за што се обезбедени средства од Буџетот на Република Македонија за 2008 година“, изјави Јанакиевски.

Тој истакна дека е предвидено работните активности до целосно завршување и доведување до функционална употреба на крстосницата Момин Поток да завршат во период од четириесетина дена.

“Ние ќе работиме и понатаму за изградба на патиштата, за рамномерен регионален развој на сите делови од нашата држава, за економски развој и за влез на странски инвестиции, преку кои ќе се овозможи отворање на нови работни места“, додаде министерот.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40544&kategorija=1

Изгледа се работи и за реконструкција на булеварот 8-ми септември. Значи не се работи за изградба на клучка, него замо за реконструкција на раскрсницата. Wallbash Изградбата има прилично амбициозен рок од 40 дена. (ова 40 дена како парастос ми звучи) Така кажал Јанакиески во обраќањето.



Edited by lslcrew - 23-Sep-2008 at 13:14
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 23-Sep-2008 at 14:55


Абе од почеток беше јасно дека не станува збор за конечно градење на предвидената клучка, туку за обнова на крстосницата. Одамна е јасно дека на нашите новинари, па дури и на институции како министерство за транспорт, тоа све им е исто - клучка, крстосница, што има везе, битно нешто да се пишува...    Crazy


Edited by Cloverstack - 23-Sep-2008 at 14:56
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 24-Sep-2008 at 05:20
 

проект на владата, нато и на градот скопЈе

Се проширува клучката кај Момин Поток

Работите ќе траат 40 дена, а ќе се скратат пешачките острови заради поголем проток на возила


Со поставувањето камен-темелник, вчера симболично беше означен почетокот на реконструкцијата на раскрсницата

Со поставувањето камен-темелник, вчера симболично беше означен почетокот на реконструкцијата на клучката кај Момин Поток . Станува збор за делумно проширување на клучката од страната на булеварот 8 Септември кон касарната „Илинден“, почнувајќи од раскрсницата со влез кон Момин Поток. За изведба на работите, од буџетот на Министерството за транспорт и врски се издвоени 7 милиони денари, НАТО ќе учествува со 180.000 евра, а Градот Скопје ќе учествува со комплетно поставување семафори и со надзор над изведувањето на работите, за што е ангажирана и контролна лабораторија ГИМ. Клучката се проширува за да се олесни и да се растовари отежнатиот сообраќај во овој дел на градот. Целта е да се скратат пешачките острови заради поголем проток на возила на раскрсницата. Во меѓувреме, внатре ќе се заштитат инсталациите, ќе се постават нови и ќе се изврши нов распоред на столбовите за семафори.

- Ќе се постават портални столбови, нов уред и лантерни за семафорите, а ќе се изведат и нови рабници. Исто така, се предвидува да се смени оградата на постојниот мост, а истиот ќе се прошири за да се добијат побезбедни ленти - рече Бранко Андонов, советник во Секторот за уредување во Градот. Работите нема да го попречуваат одвивањето на сообраќајот и ќе траат 40 дена, до крајот на октомври годинава. Проектот го изработи „Балкан консалтинг“, а градежните зафати ќе ги изведува АД „Гранит“.

- Владата и понатаму ќе работи на изградба на патиштата заради рамномерен регионален развој на сите делови од нашата земја, за економски развој и за влез на странски инвестиции, преку кои ќе се овозможи отворање нови работни места - истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Тој потенцираше дека за завршување на овој проект се поставени кратки рокови, заради големата фреквенција во овој дел од патната мрежа во Скопје.

Владата, во соработка со НАТО, ги презеде работите за проширување и на булеварот 8 Септември, преку обновување на севкупната инфраструктура, пешачките мостови и на подземната инсталација, за што се обезбедени средства од Буџетот на Република Македонија. Како што изјави бригадниот генерал на НАТО во Скопје, Генков, реконструкцијата на оваа раскрсница е уште еден пример на добрата соработка меѓу НАТО, Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.

- Во изминатите неколку години ние постигнавме значајни резултати од нашето партнерство. Ги поправивме раскрсниците во Автокоманда и кај касарната „Илинден“. Убеден сум дека ќе ја продолжиме оваа одлична традиција и ќе имаме резултати токму тука, на оваа раскрсница, на која и' треба сериозна поправка - истакна бригадниот генерал на НАТО во Скопје, Стојан Генков.

Тој го спомена и проектот на НАТО и на Министерството за транспорт и врски за подобрување на патната инфраструктура во земјава, вреден 35 милиони евра, кој е во својата завршна втора фаза, а третата се очекува да стартува на почетокот на 2009 година.

Анела Петрова

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 24-Sep-2008 at 11:03
Проектов е реално банален но навистина ме радува, не само што асфалтот таму изгледаше ужасно туку и навистина беше безбедносна закана. Јас еднашка го поткачив долниот дел од колата на еден од тие наборите. 
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 24-Sep-2008 at 14:41
Definitivno...

Mislam deka vo zivotot ne sum videl po deformiran asfalt. Ama ne samo toj kaj kluckata da se sredi, treba i dobar del od asfaltot na Nikola Karev da se sredi, zatoa sto i toj e vo ocajna sostojba. Taman sega grad Skopje podnovi del od asfaltot na Aleksandar Makedonski pred PMF, taman ja gradi kluckata tamu, so site nisani, ke ja sreduva raskrsnicata kaj Momin Potok, i saka da ja preuredi kluckata kaj Bit Pazar, pa mislam deka ke bide red da se obnovi kolovozot na Nikola Karev, za da se dobie edna fina celina...

Inaku vladata ja podrzuvam za site napori da se gradi i se toa (bidejki setete se pred da dojdat oni kolku nisto ne se gradese u drzavava i u Skopje, samo se kradese, se propagjase) ama volku pompezno da se najavuva edna obnova i prosiruvanje na raskrsnica nekako mi e, neznam, pomalku smesno... da, pozeri se, sakaat da se slikaat, imaat i losi momenti, ama vo sekoj slucaj mnogu, mnogu se podobri od se prethodno sto bilo na vlast ovde
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 24-Sep-2008 at 18:39
Јас мислам дека тој дел кој што се стигнува до момин поток треба целосно да се поднови со асфалт и да се додаде уште една лента која е многу потребна.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 24-Sep-2008 at 21:07
Inaku vladata ja podrzuvam za site napori da se gradi i se toa (bidejki setete se pred da dojdat oni kolku nisto ne se gradese u drzavava i u Skopje, samo se kradese, se propagjase) ama volku pompezno da se najavuva edna obnova i prosiruvanje na raskrsnica nekako mi e, neznam, pomalku smesno... da, pozeri se, sakaat da se slikaat, imaat i losi momenti, ama vo sekoj slucaj mnogu, mnogu se podobri od se prethodno sto bilo na vlast ovde


Pa mnogu jasno da ne beshe taka ovoj sajt ne bi postoel.

Mislam deka vo narednive 2 godini mnogu raboti ke se smenat, ke vleguvaat poveke investitori taka da ke mora da se gradi za da imaat po dobri uslovi na rabota.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 02-Oct-2008 at 23:02

На раскрсницата кај Тутунски комбинат ќе има кружен тек

Градските власти моментно не прецизираат датум кога ќе започне изградбата

Раскрсницата на улиците „Пролет“ и „Трета македонска бригада“, кај Тутунскиот комбинат, ќе се прошири за уште една лента во сите правци, заради обезбедување полесен проток на возила, планираат градските власти. Една лента за вртење десно ќе се додаде покрај основното училиште, која ќе продолжи по улицата „Пролет“ до спојувањето со булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“. Проширување ќе има и во спротивниот правец кон Аеродром. На тој начин, практично, ќе се изедначат сите правци кои сега ќе имаат по две ленти, со што ќе се намали застојот во движењето на оваа раскрсница, сметаат во Градот.

Истовремено, спроти раскрсницата, триаголникот со мали дуќанчиња каде што се наоѓа и ресторанот „Ив“, во иднина ќе има улога на своевиден кружен тек. Имено, движењето на возилата ќе биде регулирано на тој начин да нема пресечување на правците на движење на автомобилите, како што е случајот во моментов. Според планот на градските власти, движењето лево ќе се избегнува, а возилата ќе се движат десно околу триаголникот.

Во моментов, соопштуваат во Градот, се подготвува сообраќајното решение за привремено пренасочување на сообраќајот додека траат градежните работи, а се очекува и одобрението за реконструкција. Иако беше најавено дека проектот ќе почне во јуни, а ќе заврши на 1 август, градските власти во моментов не прецизираат датум кога ќе започне изградбата. Реализацијата на проектот ќе го чини Градот Скопје 11 милиони денари, а ќе ја изведе „Маврово - Ингра“. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FDFC904F956E1D4C885A9910ABAD7E6D

Во некои страни поназад имам направено некоја скица како би треба да изгледа кружниот тек кој се збореше оддамна, ама изгледа нема да се работи по тој.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 02-Oct-2008 at 23:05
Кловер ќе го стрефи срце Laugh
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 02-Oct-2008 at 23:09
. У право е Кловер што ќе се нервира, и ја се нервирам. Како може тоа тесно уличе од јужен према кисела вода да служи за кружен ток. Тамо има нон-стоп паркирано камиони и што све не, па ќе крахне сообраќајот одма. И не е само тоа проблемот, како може да се изводи тука кружен ток?! Епа све е катастрофа, дај више нека дојдат избори у курац, ама што па пак исти ташаци ќе се појават. Мене стварно не ми е јасно, зашто мора да се отстапува од ГУП и ДУП кога веќе однапред е планирано што и како треба. Што кур сега Џорџе и Трифка изводат нешто?!

Edited by lslcrew - 02-Oct-2008 at 23:14
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 03-Oct-2008 at 17:25
Можеби токму овој раскрсница ја сметаат за алтернатива на булеварот кај Народна банка со градењето на трамвајот. Се сложувам дека овој дел е слепо црево, но и јас не се сложувам со кружен тек на малата улица кај Ив.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 03-Oct-2008 at 18:19
Чекајте сега... Каде е тоа Ив?

ЛСЛ, да не си ги побркал крстосниците?

Колку што можам да сватам од текстот, се работи за онаа крстосница кај полициската станица и тие гостилниците. Од она што читам (барем колку што можам да сватам) се ми изгледа ок (освен импровизацијата со триаголникот која и не е толку страшна како привремено решение кое ништо не ремети). Така да нема да ме стрефи срце ако добро сум го прочитал текстов Laugh


Edited by Cloverstack - 03-Oct-2008 at 18:20
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 03-Oct-2008 at 18:39


Јас мислам дека ти веќе само на спомнување на 'кружен тек' добиваш тахикардија


Edited by pbanks - 03-Oct-2008 at 18:39
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 137>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.