build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 9495969798 139>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1901 Posted: 21-Feb-2015 at 10:18
Овој "зафат" со пренасочување на Рекорд по Даме Груев и претворање на Даме Груев во булевар нема да има ама баш никаква ефикасност, идејата според мене е тотална глупост. Овој евентуален "зафат" нит ќе подобри загадување, нит ќе подобри сообраќај, само ќе го униши еден од најубавите делови и референтни точки, и најурбан симбол на Скопје, односно Градски ѕид и ништо повеќе. Не знам од кај доаѓаат со ретардираниве идеи.

Edited by HugoGoulding - 21-Feb-2015 at 10:30
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1902 Posted: 21-Feb-2015 at 15:18
Нема тука никакво подобрување. Едноставно префрлање од 2 ленти на 2 ленти во правец. ТОЛКУ! Fail
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1903 Posted: 01-Mar-2015 at 17:35


Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1904 Posted: 05-Mar-2015 at 22:42
Еве нешто за Гологанов

http://dnevnik.mk/?ItemID=2E67897FA06BF241AF6AF72F4774831A

Edited by kultuzin - 05-Mar-2015 at 22:42
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1905 Posted: 26-Mar-2015 at 11:51
Градот Скопје ќе инвестира во проширување на улицата Маџари

Градската власт распиша повик за прибирање на понуди за изведба на првата фаза од проектот за проширување на улицата Маџари во скопската општина Гази Баба. Градежните активности најпрво ќе се одвиваат на потегот од крстосницата со улицата Јужноморавски бригади до улицата Палмира Тољати во должина од 666 метри. Улицата Маџари со спроведувањето на проектот ќе добие четири коловозни ленти, при што ќе се реконструира постоечкиот асфалт и ќе се постави атмосферска канализација. Според податоците од веб – страницата на Бирото за јавни набавки, инфраструктурниот проект ќе се реализира во рок од 20 месеци.



За реконструкција и проширување на улицата Маџари е проценето дека ќе се потрошат 63.701.860 денари или околу еден милион евра, без вклучен ДДВ. Понудите ќе се прибираат до 16 април, кога ќе се знае и кој е изведувачот на изведбените работи на терен. Основните проекти за сообраќајна инфраструктура и за атмосферска канализација ги изработи „Давос Инвест“ од Скопје, додека нивната ревизија ја изврши Градежниот факултет. Целосното проширување на улицата Маџари до надвозникот кај автопатот кон Велес ќе се реализира во две фази.

http://www.build.mk/?p=43801
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1906 Posted: 07-Apr-2015 at 17:39
ЖИТЕЛИТЕ НА ТРНОДОЛ СО БАРАЊЕ ДО ГРАД СКОПЈЕ И ДО ОПШТИНА КАРПОШ

ДА НЕ СЕ ГРАДИ ЈУЖНАТА ОБИКОЛНИЦА

Жителите на Трнодол и Жданец се против реализацијата на обиколницата, бидејќи со нејзината изградба ќе се наруши комплетната досегашна функционалност на двете населби од аспект на сообраќајната безбедност и еколошкото загадување

Жителите на населбите Трнодол и Жданец се против изградба на јужната обиколница на местото предвидено во Генералниот урбанистички план. Обиколницата треба да се гради над последниот ред куќи, а над неа, пак, со детален урбанистички план е предвидено да никне нова населба.
"Сите жители на Трнодол и Жданец категорично сме против реализацијата на обиколницата, со која ќе се наруши комплетната досегашна функционалност на двете населби од аспект на сообраќајната безбедност и еколошкото загадување. Покрај сообраќајницата, се предвидува да се градат и нови објекти над двете населби, со што целосно ќе биде уништен овој дел од градот", се вели во писмото од жителите на населбата Трнодол до Општина Карпош.
Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски вели дека реализацијата на јужната обиколница е проектирана од Град Скопје, иако тој е против таа да се гради на предвидената локација.
"И јас се придружувам на иницијативата на граѓаните на Трнодол. Обиколницата требаше да оди многу повисоко, ние инсистиравме на тоа, но стручњаците од Град Скопје што го работеа ГУП-от одлучија таа да се спушти подолу, за да не се шират неговите граници. Им советувам на граѓаните да не се вознемируваат, затоа што таа обиколница ниту ќе се гради ниту за тоа има средства. А кога ќе се прави новиот ГУП, ние како општина ќе настојуваме таа да оди повисоко", вели градоначалникот Стевче Јакимовски.
Од Град Скопје велат дека јужната обиколницата нема да се гради во блиска иднина.
"Јужната обиколница била предвидена и во претходниот, останува како решение и во новиот Генерален урбанистички план. Општина Карпош има обврска при носењето на новите детални планови, да ги внесе сите намени предвидени во генералниот план. Јужната обиколница не претставува приоритет во блиска иднина", велат од Град Скопје. (А.А.)
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=E88C7B24F45C6D4095E1474ADD976527&fb_action_ids=10206220323365236&fb_action_types=og.recommends


Цитирам "Јужната обиколница не претставува приоритет во блиска иднина", велат од Град Скопје."
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4882
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1907 Posted: 07-Apr-2015 at 17:48
Originally posted by жителите на населбата Трнодол


„...со што целосно ќе биде уништен овој дел од градот“.


Градот? Први април помина ало.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1908 Posted: 08-Apr-2015 at 01:24
А која е таа Јужна обиколница? Ја мислев само Јужен булевар постои во плановите, а кој минува доле низ Капиштец/Козле/Д.Нерези.


Edited by fichot - 08-Apr-2015 at 01:24
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1909 Posted: 08-Apr-2015 at 02:09
Некоја уличка кој ја нарекле Јужна обиколнија и која почнува од Припор негде и завршува кај Реплек (Нерези).
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1910 Posted: 08-Apr-2015 at 02:17
Аха, ок. Ја мислев да не е како Севернана што е.
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #1911 Posted: 08-Apr-2015 at 09:54

Јужната обиколница е планирана со вкупно четири ленти, а инече Јужен булевар најверојатно има поголеми шанси да се реализира попрво отколку јужна обиколница. Искрено и не знам како би бил ефектот од обиколницата...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1912 Posted: 16-Apr-2015 at 10:57
ПАТОТ ЗА ДРАЧЕВО РЕШЕТО

Од Градот велат дека во тек е подготовка на документацијата за целосна реконструкција и проширување на булеварот.

Патот за Драчево е изрешетан со дупки кои зјаат на секој чекор. Цела зима се отвораат нови дупки, а никој не ги поправа, се жалат жители на Драчево. Посебно е лоша состојбата на булеварот Борис Трајковски, во делот кај фабриката ОХИС. Драчевци велат дека тука, буквално, си ги кршат колите, бидејќи има неколку дупки кои се многу длабоки, но постојано се полни со вода, па не се гледа дека во нив може да се заглави.

Наспроти жалбите на драчевци, од Град Скопје уверуваат дека улиците редовно се одржуваат.

"Град Скопје, низ програмите за крпење на ударните дупки, редовно ја третира и оваа делница кај фабриката ОХИС, но атмосферските услови и големите количества дожд на подлогата постојано прават оштетувања од сличен вид", изјавија од Град Скопје.

Делницата од булеварот покрај фабриката ОХИС ќе се обнови на ист начин како и претходните две делници од овој булевар. Од Градот велат дека во тек е подготовка на документацијата за целосна реконструкција и проширување на булеварот. (В.З.)

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=1F42F61BC4DE5943831B418EA6EB1F0A
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1913 Posted: 16-Apr-2015 at 16:54
Наводно за патов се испратени документи во странство и се чека некој да финансира-кредитира.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1914 Posted: 16-Apr-2015 at 17:35
Зошто некој од странство би финансирал пат што води до Драчево? Ниту е автопат, ниту е од меѓународно значење. Ако под странство мислиш на некоја странска банка, тогаш можеби и има некаква логика. Инаку, не гледам зошто некоја странска (европска?) институција би трошела пари за локален пат што поврзува една приградска населба со Скопје.
За сè има вторпат
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #1915 Posted: 16-Apr-2015 at 21:49
Originally posted by Џоле

Зошто некој од странство би финансирал пат што води до Драчево? Ниту е автопат, ниту е од меѓународно значење. Ако под странство мислиш на некоја странска банка, тогаш можеби и има некаква логика. Инаку, не гледам зошто некоја странска (европска?) институција би трошела пари за локален пат што поврзува една приградска населба со Скопје.

Точно е тоа, ЕУ донира само автопати до одреден %, и тоа само за оние кој се транзитни за Европа, веројатно вос лучајов се работи за кредит од Европска банка, ако воопшто е точна информацијата.
Interceptor design
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1078
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1916 Posted: 16-Apr-2015 at 22:58
Патот од Драчево се води како регионален пат и за него е надлежна Агенцијата за државни патишта, а не градот, бидејќи Драчево не влегува во ГУП, со што можно е да го искористат овој момент.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1917 Posted: 18-Apr-2015 at 16:57
Мислев за странски финансиски институции како ЕБОР кои ќе кредитираат! Нормално дека град Скопје нема да ја гради со свои средства затоа што ги нема.
Од проектантската куќа документите се предадени во Градот и истоте се препратени на разгледување. А дали е точна информацијата ќе чуете за некој месец на вести кога ќе кажат од кои средства ќе се изработи проектот, т.е.кој ќе го кредитира.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1918 Posted: 18-Apr-2015 at 18:52
Почна да се прошири булеварот цветан димов.
Скопјани ајде на терен 😁😁
Иначе пластичарка ќе се прошири во март 2016 и ќе се инвестираат 3 мил. евра.

Edited by my Macedonia - 18-Apr-2015 at 18:56
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1919 Posted: 18-Apr-2015 at 19:10
Originally posted by my Macedonia

Почна да се прошири булеварот цветан димов.
Скопјани ајде на терен 😁😁
Иначе пластичарка ќе се прошири во март 2016 и ќе се инвестираат 3 мил. евра.


Од каде ти е информацијата?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3906
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1920 Posted: 18-Apr-2015 at 19:19
Општина чаир во фацебоок
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 9495969798 139>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.625 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.